Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

policija-leptokarija

23-годишен скопјанец натепал полицајци во Карпош

На 27.11.2019 околу 23.00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода В.К.(23) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.В.К. бил приведен во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

policija-ohrid

Охриѓанец заработи кривична: Нелегално ставил маси и столици пред објект, Општината му рекла да ги тргне - тој одбил

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(71) од Охрид, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“.На 26.06.2019 од општински комунален инспектор на пријавениот, кој бил управител и сопственик на фирмата и без поседување одобрение за поставување урбана опрема маси и столици на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид, поставил урбана опрема, му бил изготвен записник за извршен надзор и било донесено решение за отстранување на урбаната опрема од пред угостителскиот објект.Но, од пријавениот не било постапено по решението и тој продолжил да работи и да остварува нелегални приходи на државен имот.

Македонија | пред 6 години

jovevski-janeva

Секретарката на Јанева земала повеќе плата од претседателот на државата, Јовевски негодува

Сомнително е тоа што додатоците на плати во СЈО се третирале како класифицирани информации а се работи за трошење на јавни пари за што граѓаните треба да имаат увид. Ова е еден од аспектите кои ги истражува обвинителството во предистрагата за бонусите, вели државниот обвинител Љубомир Јовески. Друго проблематично според Јовески е тоа што според првичните согледувања два пати се земале пари по ист основ – доверливост.Сите обвинители имаат право на додатоци на плата до 35 отсто по три основи меѓу кои и доверливост, па Јовески прашува ако се земал таков додаток на плата зошто е потребата од класифициран договор за доверливост.Проблемот е повеќе тоа што го истакна, дека според првичните согледувања по ист основ се зема два пати плата и ако видите апсурдите до каде се однесени, еден секретар има повеќе плата од претседателеот на државата, но со ова не ја прејудицирам постапката, вели Јовески.Дополнитлено Јовески смета дека доверливоста е составен дел на јавнообивнителската функција. Но не сака да прејудицира каква одлука ќе донесе обвинителството за организиран криминал, кое пред неколку дена со двајца истражители влезе во СЈО за да ја подигне финаиската документација.Повеќе на Телма.мк

Македонија | пред 6 години

death-toll-in-minibus-truck-collision-in-russian-chuvashia-rises-to-13-medics-1004x620

Бугарски камион со 25 мигранти меѓу кои и деца, се преврте во Македонија

Камион со бугарски таблички се преврте на патот Свети Николе - Куманово.Во камионот патувале 25 лица, од кои 15 Авганистанци, деветмина Пакистанци и еден Ирачанец. Седуммина од мигрантите биле деца. Поврфедените биле транспортирани во болницата во Куманово.Не е позната националноста на возачот на бугарскиот камион , ниту пак причината за настанување на несреќата.

Македонија | пред 6 години

skopje1-reakcija

Јавно извинување до Благлес ДООЕЛ Скопје за погрешно објавена фотографија

Денеска, со цел навремено информирање на јавнсота, на порталот „Скопје1.мк“ (www.skopje1.mk) беше објавена вест „Бугарски камион со 25 мигранти меѓу кои и деца, се преврте во Македонија - линк: “, со фотографија превземена од сервисот „Гугл“ (www.google.com). Истата беше искористена за илустрација, а во ниту еден момент не е наведено дека станува збор за превртениот камион со мигранти.Во текот на денот, до нашата редакција пристигна барање од адвокат Александар Петрески застапник на фирмата Благлес ДООЕЛ Охрид за повлекување на фотографијата, што е сторено. Притоа, упатуваме јавно извинување, за како што вели адвокатското друштво, направената штета. Барањето го пренесуваме во целост:„На ден 28.11.2019 година сте објавиле вест со наслов дека:,„Бугарски камион со 25 мигранти меѓу кои и деца, се преврте во Македонија - линк: “Притоа во прилог на дописот неовластено сте објавиле фотографија на која се гледа оштетен ТМВ сопственост на правниот субјект БЛАГЛЕС ДООЕЛ Охрид, кое возило нема никаква врска со вашата објава, а поради што предизвикувате штета на правниот субјект.Со оглед на наведеното бараме од ваша страна веднаш да биде корегиран дописот, на начин што ќе биде отстранета објавената фотографија, а воедно бараме и писмено и ЈАВНО извинување од ваша страна за направената штета.Доколку не постапите по ова наше барање ќе бидеме приморани да превземиме законски дејствија за заштита на правата на нашата странка БЛАГЛЕС ДООЕЛ Охрид“, се наведува во барањето. 

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_398791

ВИДЕО: Богатите плаќаат стотици милиони за да го преживеат „крајот на светот“

Некои од најбогатите луѓе во САД , милијардери од Силиконската долина, Њујорк и пошироко - се подготвуваат за да го преживеат крајот на светот или апокалипсата.Вооружен стражар стои на влезот од проектот „Survival Condo Project“, поранешен ракетен силос северно од Вичита, Канзас, кој е претворен во луксузни апартмани за луѓе кои се загрижени за уништувањето на цивилизацијата.Стив Хафман, триесет и тригодишен ко-основач и Ц.Е.О. на Редит, кој е вреден шестотини милиони долари во 2015 , направи ласерска операција на окото. Тој беше подложен на постапката не заради подобрување на видот , туку од причина за која не се зборува многу: се надева дека ќе ги подобри своите шанси за да ја преживее катастрофата, без оглед дали е природна или предизвикана од човек. „Ако светот заврши , ќе имам проблеми со набавување контактни леќи или очила “, изјави милионерот неодамна.,,Поседувам неколку мотоцикли. Имам еден куп пиштоли и муниција. Храна. Сфаќам дека, со тоа, можам да опстанам во мојата куќа некое време “.Опстанокот, практиката на подготовка за крајот на цивилизацијата, последниве години се шири во побогатите квартови, вкоренувајќи се во Силиконската долина и Њујорк, меѓу директори за технологија, менаџери на фондови и други раководни лица во нивната економска група.Минатата пролет, Антонио Гарсија Мартинез, четириесетгодишен поранешен менаџер на производи на Фејсбук, кој живее во Сан Франциско, купи пет акри на остров на северозападниот дел на Пацификот и донесе генератори, соларни панели и илјадници парчиња муниција. „Кога општеството изгуби здрав дух за постоење , тоа се претвора во хаос“, изјави милијардерот. Мартинез сакал прибежиште што би било далеку од градовите, но не и целосно изолирано. „Сите тие мислат дека еден човек сам може некако да издржи пред распаѓањеето на толпата“, рече тој. „Не, ќе треба да формирате локална милиција. Само треба многу работи за да ја надминете апокалипсата. “Откако почна да им кажува на врсниците во Заливот за неговиот„ мал островски проект “, тие почнаа со своите подготовки, рече тој. Во приватните групи на Фејсбук, богатите преживувачи ги разменуваат советите за гас маски, бункери и локации безбедни од ефектите од климатските промени. Еден член, шеф на инвестициска фирма, ми рече: „Јас постојано го одржувам вклучен хеликоптерот и имам подземен бункер со систем за филтрирање на воздухот“. Тој рече дека неговите подготовки веројатно одат во „крајност“ .Тим Чанг, четириесет и четиригодишен управен директор во фондот Мејфилд, фирма за вложување капитал, изјави за ,,Њујоркер”: „Има еден куп од нас во Долината. Се среќаваме на вечери за финансиско хакирање и зборуваме за резервните планови што ги прават луѓето. Има многу луѓе што размислуваат како да добијат втор пасош доколку им е потребен, да имаат домови за одмор во други земји што би можеле да бидат бегалски засолништа. Тој и неговата сопруга, која е технолог, чуваат сет кеси спакувани за себе и за нивната четиригодишна ќерка. ,,Доколку има граѓанска војна или огромен земјотрес што ќе ја распарчи Калифорнија, ние сакаме да бидеме подготвени“. “Кога Марвин Лиао, поранешен извршен директор на „Јаху“, а сега партнер на 500 стартапи, почна со подготовките, одлучи дека неговите залихи вода и храна не се доволни. „Што ако некој дојде и ми ги земе?“ За да ги заштити сопругата и ќерката, тој рече: „Немам оружје, но имам многу други оружја. Поминав часови по стрелаштво “.

Магазин | пред 6 години

dff04f88-resize-820x0x100

Германците очајни: Нудат почетна плата 2.800 евра и бонус до 9.000 евра за работа како негувател

Недостатокот на квалификувана работна сила ги присили германските работодавци на крајно екстремни мерки! Здружението на болници во Берлин “Вивантес“ одлучи на негувателите да им понуди премија во висина од 9.000 евра, пишува вработување.ком.мкКако што пренесува Билд, таа сума се нуди за работа во болницата “Спандау“, а веста за оваа невообичаена понуда беше објавена на постери низ целиот Берлин.Од Здружението на својата официјална веб страна објаснија и како ќе се распредели горенаведената премија.Имено, негувателите-почетници кои работат во секторот за општа здравствена заштита ќе добијат по 3.000 евра. 5.000 евра ќе добијат тие со двегодишно работно искуство, а доколку се одлучат за дополнително доусовршување во единиците за интензивна нега, и двете групи ќе добијат бонус од 9.000 евра.Според информациите од “Вивантес“, почетната плата за работа како негувател е 2.800 евра (не е појаснето дали износот е нето или бруто) и предвиден е годишен одмор од 38 дена.За да се заштитат од луѓе кои би се вработиле само за да ја земат премијата и потоа да дадат отказ, “Вивантес“ сумата ќе ја исплаќа на рати, односно по одредена сума секој месец. Тие планираат да го исплатат целиот бонус помеѓу 6, 12 и 18 месеци.Одтаму велат велат дека никогаш порано не исплатиле толку висока премија и дека ова е посебна мерка затоа што итно им се потребни медицински кадри.

Магазин | пред 6 години

iseluvanje-700x540

Некој ќе го изгасне светлото: Алармантна бројка на иселени и азиланти од Македонија

Миграциска „треска“ во Западен Балкан. Дури 3 милиони жители во последните 10 години заминале во некоја од земјите од ЕУ, покажува најновата анализа на Институтот за европска политика на Косово.Најголемото „раздвижување“ е регистрирано во 2015 и 2018 година.3 милиони жители од западен Балкан во ЕУ.Податоците за Македонија покажуваат дека во периодот од 2008 до 2018 година заминале 258.020 жители. Првиот сериозен бран на заминување е регистриран 2015-та кога земјава ја напуштиле околу 27.500 жители. Рекордот е направен лани кога во ЕУ мигрирале 33,337 жители.61,3 отсто од македонските државјани побарале дозвола за престој во ЕУ, 16,7 отсто нелегално заминале во еврозонатам а скоро 22 проценти побарале азил.За поранешниот директор на Статистика Дончо Герасимовски бројката на иселени во ЕУ последнава деценија е загрижувачка. Но, вели, бројот е далеку од реален бидејќи луѓето заминуваат и во прекуокенаските земји.„Рачунајте дека тоа се 24-25 илјади се само во 2018 година во земјите на ЕУ кои што се регистрирани. Меѓутоа, колку наши граѓани се заминати со бугарски пасоши и се пријавуваат како бугарски државјани е друго прашање. Колку наши се заминати надвор од земјите на Европската унија?“ изјави Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС.Најгорливиот проблем останува иселувањето на младиот и високобразован кадар. Подобар живот, подобро школување и можност за унапредување се причините поради кои се повеќе млади се одлучуваат за билет во еден правец.„Ниту една институција нема официјален податок колку точно луѓе ги напуштиле границите на Македонија. Затоа демографите и натаму апелираат што побрзо да се спроведе пописот кој ќе ја даде точната слика за демографските процеси во земјава.Албанија е лидер во регионот по бројот на иселени лица, за 10 години се иселиле речиси 1.250.000 луѓе. Најмалку, пак, од Црна Гора, 36 илјади жители.

Македонија | пред 6 години

3albanija-zemjotres

Македонија солидарна со Албанија: Преку телефонски донации собрани над 2 милиони денари за настраданите

Пејачката, Туна Сејди и дел од музичката естрада одржаа прес-конференција во врска со заедничката иницијатива за донации за помош и поддршка на настраданите од земјотресот во Албанија.На прес-конференцијата беше соопштено дека заклучно со 9 часот денеска, преку телефонските бореви за донации 143-400, биле собрани 2.467.000 денари.Исто така беше упатен апел до сите граѓани и компании во државата да донираат и продукти, но пред сѐ парични средства бидејќи, како што беше речено, важен е процесот на рехабилитација на настраданите во земјотресите во Албанија, а тоа најдобро се прави со парична помош.На прес-конфернецијата говореа генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, бизнисменот Енвер Малиќи, пејачката Туна Сејди и други естрадни уметници кои исто така донираа финансиски средства за настраданите.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_399085

ВИДЕО: Уште еден град на Сицилија продава куќи за 1 евро

Голем број стари гратчиња во Италија веќе се натпреваруваат кој ќе продаде повеќе куќи за само 1 евро.Последно такво одредиште е гратчето Бивона на Сицилија, каде на сите заинтересирани им се нудат даночни олеснувања за сите кои сакаат да купат куќи . Причината за продажбата за цена пониска отколку за едно еспресо , е да се спречи целосното изумирање на овие места.Како и другите мали градови и села во Италија кои не нудат скоро ништо, Бивона е напуштена од младите луѓе во потрага по подобар живот и можност во поголемите градови.„Во последните 40 години, нашето население се преполови, сега имаме само 3800 жители“, рече Ангела Канизаро, консултант за култура во Бивона. Таа, исто така, рече дека планот е да се врати благосостојбата во градот , кој потекнува од 16 век.„Ние сакаме да ја вратиме изгубената величественост на нашето најзначајно време во историјата, уште од ренесансата кога 8000 луѓе живееја во Бивона, а тоа беше процутот на феудалното војводство благословено од императорот Карло V“, рече Канизаро.Како што е вообичаено во вакви аранжмани, се очекува купувачите да инвестираат во обновување и поправка на имотот. Даночните олеснувања во Бивона се наменети за купувачи кои сакаат да вложат и да живеат таму.Главната причина за да се доселат, освен привлечноста на местото, е тоа што ќе биде многу поевтино и полесно да се живее на долг рок во Бивона, смета Анџела Канизаро.Другите градови, вклучувајќи ги и сицилијанските заедници Мусомели и Камарата, бараат од домашните купувачи на куќи за 1 евро да платат и  5500 евра како аванс , а доколку новиот сопственик не започне со реновирање во рок од три години, парите му се враќаат.Во Бивона се малку поблаги. Локалните власти бараат обврзница од 2750 евра и го продолжуваат периодот на задолжителна обнова на четири години.

Магазин | пред 6 години

acevski

ВИДЕО: Пратеник на СДСМ демантира дека си ја тепал сопругата

Пратеникот од СДСМ, Костадин Ацевски, ги демантира наводите во медиумите дека ја натепал сопругата. Тој рече дека најодговорно тврди дека се нема случено никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство од негова страна врз неговата сопруга.„Објавените информации денеска за наводно семејно насилство во мојот дом се кулминација на серијата лажни вести и невистини што одредени медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги пласираат за мене и моето семејство. Најостро и целосно ги демантирам и ги отфрлам и осудувам пласираните невистини за наводно семејно насилство во мојот дом или предизвикано од мене. Ова го квалификувам како бесрамна лага, манипулација и злоупотреба на малолетни деца, семејни односи и недоразбирања во дневно политички цели. Најодговорно тврдам дека се нема случено никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство од моја страна врз мојата сопруга“, рече Ацевски.Според него, нападите врз него и, како што рече, пласираните невистини биле изведени синхронизирано од медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ и рече дека никој не побарал негов став.„Насилството не е и никогаш нема да биде мој начин на решавање на недоразбирањата. Како одговорна личност, ги повикувам сите надлежни институции уште еднаш да го проверат случајот и да ја информираат јавноста. Ако има вина за какво било постапување, веднаш сум подготвен да поднесам оставка од функцијата и ќе преземам целосна одговорност“, рече Ацевски.Тој апелира до медиумите невистините да ги заменат со вистини, конструкциите со факти и да престанат да злоупотребуваат лични човечки судбини.„Ито така, апелирам колешката Благица Ласоска да ги провери фактите и по проверка на истите да упати јавно извинување за дадената денешна изјава, во спротивно ќе сметам дека и она е дел од конструкцијата и пласирањето на лажни вести и невистини“, рече Ацевски.

Македонија | пред 6 години

76996295_3020510781312257_2992168664171544576_o

Отворена Али Пашина џамија во Охрид

Со свечена ценермонија која се одвива во моментов, во Охрид од денес и свечено е отворена „Али Пашина џамија“ во центарот на градот.Церемонијата на свеченото отворање ја организира „Исламска верска заедница“, присутни се бројни верници, а по улиците е видливо зголемено полициско присуство.Џамијата е уркасена со знамиња на Република Турција, од каде беа дадени средствата за обнова на објектот и минарето.

Македонија | пред 6 години

zaev-janeva

Заев ќе го воскреснува дигнитетот на СЈО

Нема да дозволам нарушување на дигнитетот на институциите на системот, без разлика дали некој поединец го нарушил угледот на одредена институција и од тука да се извлекуваат еднакви заклучоци за целта, капацитетите и сите обвинители, истакна премиерот, Зоран Заев, во одговор на пратеничко прашање во Собранието.„Специјалното јавно обвинителство е орган создаден со консензуално гласање на Парламентот. СЈО ако институција е целосна служба и капацитет на оваа држава. Сето тоа што е јавно објавено како податоци за работењето на СЈО, е објавено од оваа Влада, транспарентно, до крај, и тоа е убавината и вредностите што оваа нова власт ги донесе“, рече премиерот Заев додавајќи дека постојат органи кои ќе потврдат дали некој работи законски, а кој незаконски.Тој повтори дека не може да поминат обвинувањата и тезите дека не постоеле случаите за злоупотреба на парламентарните избори што ги отвори и што ги води СЈО, дополнително набројувајќи дека се очигледни индициите на незаконско рушење на „Космос“, за недоследностите при градењето на делницата од кинеските градители, за закани од позиција на моќ, за злоупотреба на службени овластувања.„Таму каде што нема докази, секој е слободен граѓанин. Но, поради тоа што оваа Влада одлучила да ги објави сите податоци на финансиски трансакции од 2010 година до сега да извлекувате заклучоци и да го деградирате СЈО, како систем основан од сите во државата, заради тоа што не функционирало државното обвинителство, тоа не смееме да го дозволиме“, порача премиерот Заев, нагласувајќи дека поединечна одговорност треба да постои и дека низ судска постапка, таму каде што ќе се утврдат незаконски постапувања, треба да се одговара.Тој подвлече дека Парламентот има поголема надлежност во однос на правосудните реформи, ги носи Законите во областа на правосудството, а судиите и обвинителите се тие коишто носат одлуки во судски постапки.„Треба да биде јасно и гласно, овој период нема ни три отсто нови судии од вкупниот број на судии. Нема ни три отсто нови обвинители од вкупниот број на обвинители во државата. Неколку поединци ја рушат правната држава и правосудниот систем. Во моментот Антикорупциска комисија проверува имот, пари, на семејства и на сите министри во Владата и на премиерот, и тоа е добро. Но, треба да ги провери и имотите на сите судии и обвинители, на адвокатите поврзани со нив“, оцени премиерот, подвлекувајќи дека политичарите се должни да ги обезбедат условите за обезбедување на вистинските реформи на правосудството.

Македонија | пред 6 години

ubistvo-avstralija

Ја убил сопругата , ја ставил во замрзнивач, па со децата избегал во Кина

Властите во кинеската провинција Сечуан уапсија маж кој ја напуштил Австралија и заминал за Кина еден ден пред да биде најдено телото на неговата сопруга во замрзнувач во неговиот стан.36-годишниот маж отпатувал во Кина со своите два сина на  4 и 6 години, во вторникот. Помалку од 24 часа подоцна, во средата наутро, полицијата го пронашла женското тело во замрзнувач во нивниот стан во предградие на Сиднеј.https://twitter.com/7NewsAustralia/status/1199859703150333952?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1199859703150333952&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kanal5.com.mk%2Farticles%2F399177%2Favstralijanec-si-ja-ubil-soprugata-ja-stavil-vo-frizer-pa-so-decata-izbegal-vo-kinaПолицијата на Нов Јужен Велс официјално не ја идентификувала мртвата жена, но соработник на Си-Ен-Ен изјави дека е со кинеско потекло во доцните 30-ти години, за која се верува дека е сопруга на притворениот маж.Медиумите јавуваат дека телото неколку дена било во замрзнувач.Полицијата во денешното соопштение информира дека вчера добиле извештај од сосед кој бил загрижен за членовите на семејството и дека го пронашле телото на жената откако влегле во станот. Засега не е познато што ја предизвикало нејзината смрт.Обдукцијата е во тек.

Свет | пред 6 години

sverceri

Близу 4 илјади евра е штетата во МНТ направена од навивачите „Шверцери“

Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека проценетата штетат од минатонеделната прослава на навивачката група „Шверцери“ во МНТ е 3.965 евра.Одговарајќи на пратеничко прашање, тој рече дека веќе е направен записник од работна група за утврдување на одоворноста, но не успеал да го види и само ги кажа штетите што се веќе утврдени.-Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари.  Вкупната штета  е 39.65 евра, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

dete

ВИДЕО: Дете поради ќотек од родителите, останало без нозе

Паула Хаџел (52) , мајка на осум деца и нејзиниот сопруг Марк го посвоија петгодишниот Тони , кој уште како бебе бил толку многу тепан , што докторите морале да му ги ампутираат двете нозе.И двајцата родители сега се во затвор на издржување казна од десет години. Но, Паула и Марк не се задоволни од ова, тие водат кампања за построги казни во Велика Британија за злоупотреба на деца и веќе го претставија таканаречениот „Закон за Тони“ во парламентот, пренесува Скај њуз.https://twitter.com/DWPscumbags/status/965614718042943488„Во 2015 година, социјален работник ме праша дали ќе може да посетам четиримесечно бебе во болница со скршени екстремитети. Мислев: „Тоа не е проблем, фрактурите се лекуваат“. Кога дојдов во болница и го видов тоа мало бебе, медицинската сестра ми ја покажа неговата медицинска историја и ми рече дека ќе му треба доживотна нега “, рече таа.„Таа ми кажа дека во текот на  период од пет недели, на детето му биле скршени сите екстремитети, дека му се дислоцирани глуждовите и прстите, дека има повеќе скршеници и дека десет дена не добил лекарска помош“, додаде таа.„Тој добил сепса, неговите внатрешни органи почнале да пропаѓаат и тој завршил на интензивна нега. Ако лекарите не работеа толку напорно, тој немаше да преживее. Го одведовме дома. За една недела почна да се смее “, изјави Паула.Хаџгел објасни дека е незадоволна од казната што ја добиле неговите биолошки родители, и затоа започнала да ја промовира идејата за зголемување на казната во случај на злоупотреба на деца.Рече дека таа и нејзиниот сопруг отишле во парламентот оваа година, каде нивниот пратеник доставил 12.000 потписи за кампањата во која се повикува на построги казни.„Досега се сретнавме со различни адвокати, со канцеларијата на окружниот правобранител. Немаме намера да се откажеме. “, рече таа.

Магазин | пред 6 години

zgrada-drac

ШОКАНТНО ВИДЕО: Снимен моментот кога се урива зграда во Албанија по земјотресот

Објавени е шокантна снимка од пропаѓањето на станови во градот Драч.Видео го покажува моментот кога се урна четирикатница поради постојаните сеизмички осцилации во некогашната мочуришна област во Драч, каде под урнатините останале многу лица од семејството Лала од Дебар во североисточна Албанија.На видеото се гледа како зградата првично била полупропадна, но поради постојаните сеизмички осцилации пропаднала целосно.

Свет | пред 6 години

nova-vlada

„Невините“ од ДПМНЕ-то бегаат од докажувањето на „невиноста“

Пишува: Темелко Ристески, универзитетски професорВиноста или невиноста на лица за сторени кривични дела се утврдуваат во судска постапка.Читам: рочиштето за „Космос“ и денес е одложено. Причина: болест на една од обвинетите. Проверувам во историјатот на ова рочиште. Гледам бројни одлагања: не дошол адвокат, не дошол обвинет, немало решение од Врховен за изземање на судија, откажување на полномошно на адвокат Македонец и давање на друг – Албанец, барање на превод на документацијата на целиот предмет и што уште не.Рочиштето за предметот „Траекторија“ поради бројни одлагање од исти или слични причини се влечкало скоро две години и предметот уште не е пресуден. Конечно: гонењето против обвинетиот Груевски (сега „бегалка“ кај „брат му“ Орбан) во тој предмет застарува. Обвинителот кривичното делото го квалификувал со поблага квалификација во однос на делата на другите сообвинети. Обвинението против него поради основано сомнение дека со извршувањето на кривичното дело си инкасирал петнаесет милиони евра паѓа во вода.Не само овие предмети, туку и другите предмети по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство се влечкаат непресудени по судовите или во истрага кај обвинителството. Причина: бројни одлагања на рочиштата или дејствијата во истрагата поради марифетлуци на обвинетите и нивните адвокати, опструкции и саботажи од „сваровски“ судиите и „зврле“ обвинителите и што уште не.Судската психологија теориски, а искуството емпириски докажале дека сите обвинети кои себе си се сметаат за невини и се сигурни во тоа, молат и преколнуваат судските постапки што побрзо да се завршат за да си ја „симнат бељата од главата“ и мирно да си живеат. Така се однесуваат и голем број обвинети за лесни кривични дела. Тие ја признаваат вината и често се спогодуваат со правосудните органи за висината на казната. Ако пак не се спогодат, тие бараат постапката што побрзо да се заврши и, по правосилноста на пресудата, да си ја издржат казната или да го платат одредениот износ (кај паричните казни) и да си бидат спокојни.Обвинетите за тешки кривични дела, во најголем број случаи, изјавуваат дека се невини за стореното и, ако се во власта, блиски до неа, или пак се параллии, упорно се обидуваат да ја „докажат“ читај: да ја купат нивната „невиност.“„Невините“ од ДПМНЕ-вскта булумента со помош на нивните масно платени адвокати измислуваат и прават безброј марифетлуци за да ги одолговекуваат постапките и да го избегнат докажувањето на „невиноста“ за арамилакот со кој ја олеснија државава и нас граѓаните со пет и кусур милијарди евра. Во тоа им помагаат нивните верни слуги од „сваровски“ судскиот и „зврле“ обвинителскиот потсистем имплантирани во македонското правосудство во текот на единаесет годишното владеење на ДПМНЕ-то. Се надеваат дека ќе ја „докажат“ нивната „невиност“ ако на претстојните предвремени парламентарни избори победи ДПМНЕ-то и дека повторно ќе се качат на пиратскиот брод на арамиската власт за да можат, злоупотребувајќи ја неа, да продолжат да не ограбуваат. Пуста надеж. Таа последна умира, па дури и арамиска да е. Но народот рекол: „Правдата е од бога дадена“. Таа е бавна, но достижна. Ќе ги достигне и арамиите од ДПМНЕ-вската врхушка и нивните слуги. Нејзиниот меч ќе ја пресече нивната „невиност“ за мега грабежот во текот на единаесет годишното владеење - ограбување.

Коментари | пред 6 години

1albanija-zemjotres

ВО ЖИВО: Семејства се вадат од под урнатините во Албанија

Шестчленото семејство Лала останало заробено под урнатините на четирикатната зграда во Драч по силниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот. Спасувачите успеале да го извадат телото на жената, но не можеле да ги пронајдат преостанатите пет члена, меѓу кои близнаци и уште едно дете. Албанските спасувачи успеале да го лоцираат и да го извлечат телото на жената, но нејзиниот идентитет сè уште не е познат, јавуваат медиумите. Тие додаваат дека таа е една од шесте членови на семејството Лала кои биле затрупани по уривањето на зградата во земјотресот.Според вклучувањата во живо на албанските медиуми, цели семејства се вадат од под урнатините. Операцијата за спасување во Драч продолжува.Според досегашните податоци на Црвен крст, во земјотресот загина 31 лице, а стотици се повредени. Ова е најсилниот земјотрес по потресот од 1979 година, во кој животот го загубија 120 лица. Околу 2.500 луѓе се сместени во импровизирани кампови, додека други најдоа привремено прибежиште на фудбалскиот стадион во Драч. Тие добиле храна и вода, но проблем им е студеното време.За земја која има најнизок бруто-домашен производ по жител во Европа, оваа ситуација се заканува да ги остави погодените од земјотресот во тешка ситуација.Сведоштва на жителите, проследете тука:

Свет | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_399127

Ужасна приказна од Албанија: Мајка почина од тага по нејзината шестгодишна ќерка која загина во земјоресот

Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија,загинаа најмалку 35 лица. Спасувачките служби сè уште се обидуваат да најдат преживеани под урнатините на зградите.Според последните информации, спасени се 45 лица.Улиците на Драч се полни со урнатини од станбени згради, а бројот на загинатите постојано расте, додека во јавноста доаѓаат трагични приказни за несреќни семејства.Меѓу нив е приказната за жена која го загубила сопругот пред неколку години и сега ја загуби шестгодишната ќеркичка во земјотресот.Спасувачите ја пронајдоа Диена Мекај Каранџа (30) со нејзината ќерка под урнатините на шесткатница во Драч. И двете се здобиле со сериозни повреди и биле пренесени во болница.Два часа подоцна, пристигна вест дека нејзината ќеркичка починала од повредите. Диена почина истата ноќ, на 26 ноември, а медиумите јавуваат дека починала „од тага“.Семејството Каранџа ја доживеа првата трагедија во 2015 година кога Диена го загуби сопругот. Потоа напиша тажна порака на Фејсбук.„Отсекогаш мислев дека Бог ми даде многу среќа затоа што имам пријател и сопруг како мојот Дорис, но животот е вистински тест. Ми недостига толку многу“, напишала таа.

Свет | пред 6 години

BeFunky-collage-4

Ново лудило: Заев зборувал со лажна Грета Тунберг

Пред неколку дена, разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што беше злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг, објави денес Марјан Забрчанец, ПР советник на премиерот Заев во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество.Тој во своето излагање соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.„Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба”, додаде Забрчанец.Според него, овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможила да биде разоткриен и разобличен.Забрчанец во своето излагање уште додаде дека ваквите софистицирани хибридни напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества, но дека македонската влада нема намера да отстапи од отвореноста и транспарентноста за која се залага.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Државата го остави Охрид сам да се бори за УНЕСКО статусот

Охрид сè уште е град на УНЕСКО, но со регистрирани 1.097 дивоградби, од кои 409 се во заштитениот појас на Езерото, се најде на листата на светско наследство во опасност што го доведува во прашање статусот – град на УНЕСКО. Откако Комитетот на УНЕСКО на седницата одржана на 5 јуни годинава во Баку, Азербејџан ѝ даде рок на Општина Охрид до февруари наредната година да ги урне дивоградбите и да прогласи мораториум на секакви урбани трансформации, беше усвоен Акциски план за постапување по препораките.Четири месеци по ултиматумот на УНЕСКО, на терен се забележува отстранување само на дивите платформи на кафулињата кои се изградени во езерото. Симболот на урбаното дивеење, хотелот во Лагадин, за кој инвеститорот има прекршено 19 закони, стои нечепнат. Има решение за уривање, но не се постапува бидејќи сопственикот поднесел тужба до Управен суд, во која ја спори одлуката со која му беше поништено одобрението за градба.Повеќе на СДК.мк

Македонија | пред 6 години

Screenshot_3

ВИДЕО: Пукање во Њујорк, меѓу ранетите и деца

Пет лица, меѓу кои две деца се повредени околу 16 часот по локално време во средата во Бронкс.На снимката направена од надзорните камери може да се види како вооружено лице трча кон еден човек и почнува да пука. Сопственик на локална продавница за американските медиуми изјави дека неколку ранети лица влегле во неговиот локал барајќи помош.„Њујорк Тајмс“ пренесува дека во вооружениот напад се ранети две деца на возраст од 10 и 14 години, како и една 19-годишна девојка.Ранетите веднаш биле пренесени во болница и според последните информации, никој не е во животна опасност. Американската полиција е во потрага по напаѓачот.

Свет | пред 6 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Ахмети тврди дека „шверцерите“ се „злато“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по првичните снимки од прославата на јубилејот на „Шверцерите“ помислил дека МНТ не е соодветно место за навивачка група, но пота видел дека немало вандализам.– Кога ги видов првите информации во медиумите прво помислив дека местото не е соодветно, но отпосле видов дека на ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и сметам дека нема ништо спорно – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Македонија | пред 6 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Сопственикот на „Дурмотурс“ пуштен од затвор, оди во куќен притвор

Првообвинетиот во судењето за трагедијата кај Ласкарци, сопственикот на Дурмотурс, Дурмиш Белули е пуштен на домашен притвор со гаранција. Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед. Мерката најверојатно е изречена минатата недела.Судењето продолжува и денеска. На денешното рочиште треба да сведочи вештак од ФЕИТ.Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.За автобуската несреќа во која на 13 февруари загинаа 16 луѓе, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања