Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Screenshot_2

(ВИДЕО) Не знаеме да цениме: Боледува од неизлечлива болест, докторите одамна и кажале дека ќе умре, а таа одржа лекција во хрватско шоу

19-годишната Стела од Германија, учествуваше во хрватското шоу „Суперталент“, каде се претстави со авторска песна и нејзина изведба. Стела боледува од мускулна дистрофија, болест која не е излечива.Докторите ја испратиле дома и и рекле дека за нејзината болест нема лек. По изведбата на нејзината песна, таа ја раскажа цела приказна.„Кога луѓето се во една релација и кога едниот ќе умре... Мене исто ми рекоа дека многу рано ќе умрам, но некако сепак преживувам.. Не е најлошо да умреш, туку кога животот ќе ти стане толку тежок што..“, рече Стела по изведбата на комопзицијата.Целиот нејзин настап тука: 

Магазин | пред 6 години

w_55664211

ВИДЕО: За време на протестите во Ирак убиени осум луѓе

Најмалку осум луѓе се убиени денеска на протестот во Насирија, на југот на Ирак, каде безбедносните сили отвориле оган за да ги растераат собраните демонстранти. Повикувајќи се на болнички извори „Ројтерс“ објави дека се ранети 22 лица. Инцидентот се случил неколку часа пред зори.Во градот Наџаф демонстрантите го запалиле иранскиот конзулат, а бил убиен еден демонстрант.„Во светиот шиитски град Наџаф е убиен еден демонстрант, а најмалку 35 се повредени кога безбедносните сили употребиле боева муниција за да ги спречат демонстрантите да влезат во иранскиот конзулат“, соопштиле од полицијата.Демонстрантите го извадиле иранското знаме од зградата и го замениле со ирачко.Вработените во конзулатот не се повредени и успеале да избегаат од зградата.

Свет | пред 6 години

27112019_VRSM_strucni_timovi_prva_pomos_Albanija-8

Нови бројки: Се искачува бројот за загинати во Албанија, но и на спасени

Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 35 лица, јави синоќа весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци. Бројот на повредени е над 650 граѓани.Според податоците на весникот, досега од под урнатините на зградите се извадени приближно 45 преживеани лица.Операциите на потрага и спасување се уште се во тек, пренесе БТА.Земјотресот со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најсилно настрадани се реоните на Драч и Тирана.Владата вчерашниот ден, 27 ноември, го прогласи за Ден на национална жалост.

Свет | пред 6 години

svinja

(ВИДЕО) Свиња нападнала грчки новинар при вклучување на линк во живо, еве како изгледала брканицата

Грчкиот новинар Лазос Мантикос известуваше од поплавено подрачје недалеку од Атина кога непоканет гостин - свиња , го нападна среде јавувањето.Свињата, за која се верува дека побегнала од фармата во близина, прво почнала да му ги душка нозете, потоа почнала да го прогонува и да го гризе репортерот кој безуспешно се обидувал да побегне.За работата да биде полоша, се се случило за време на јавување во живо за емисијата Добро утро Грција, а неговите колеги во студиото не можеле да дојдат при себе од смеење.Јавувањето на крајот морало да се прекине, бидејќи несреќниот репортер никако не можел да се ослободи од својот прогонувач.

Свет | пред 6 години

taci-izjava

(ВИДЕО) Земјотресот од 5,3 степени ја прекина изјавата на Тачи во Албанија, настана општ хаос

Додека претседателот на Косово, Хашим Тачи, даваше изјава во Туман, Албанија, земјата ја погоди уште еден силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Потресот се случи во моментот кога тој дваше изјава за медиумите.Тачи во тој момент прекина да зборува и настана паника, а на видеото може да се слушне и врескање.Потресот се случи во 15 и 45 часот, а беше почувствуван и во нашата земја.

Свет | пред 6 години

DSC_0970

Општина Кисела Вода во соработка со Владата на РСМ го намалува загадувањето на воздухот

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски беше во посета на објектите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“, лоцирани во населбата Драчево.Целта на посетата беше целосното заменување на начинот на греење во градинката, со кое ќе се постигне големо намалување на аерозагадувањето.Неефикасниот начин за греење со согорување на цврсти и фосилни горива, кој во моментов го користат објектите на градинката заменет е со 8 нови инвертери.Имено, за ова Општина Кисела Вода неодамна аплицираше на јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија, за интервенции во образовните установи за целосно заменување на системите за греење.Општина Кисела Вода работејќи во насока на намалување на загадувањето на воздухот, досегашната успешна соработка со централната власт ќе ја продолжи и во иднина.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Повредено младо момче пронајдено во тоалет на црква во Бутел

Момче од Скопје се обидело да се убие, вчера во црква во населбата Бутел, дознава 24 Инфо.Инцидентот го потврдија од МВР од каде информираат дека станува збор за И.Д.(22), кој бил пренсен на Ургентиот центар на Клиникта „Мајка Тереза“.Според очевидци, немилиот настан се случил пред 17 часот во еден од тоалетите во новата црква „Раѓање на Свети Јован Крстител“, кој беше отворена минатиот месец.Момчето кое имало нож влегло во тоалетот по што почнало да се боде по вратот и да си ги сече вените на рацете. Луѓето што биле во црквата виделе што се случува и повикале полиција.Кога дошле полицајците го затекнале момчето целото облеано во крв, по што веднаш со возило на Итната помош било пренесено во болница.Засега нема информаии за здравствената состојба на момчето, ниту за мотивите да псегне по својот живот.ИЗВОР: 24ИНФО

Скопје | пред 6 години

27112019_ZPVRSM_Shekerinska_pres_budget_2020-3

Шекеринска: Одбранбениот буџет за 2020 година е буџет на земја – членка на НАТО,

Министерството за одбрана е предводник во реформските активности кои што беа неопходни за нашето членство во НАТО и за трансформирањето на нашата стратешка цел број еден во државен успех број еден – членството во најмоќната воено политичка Алијанса на денешнината. Одбраната во 2020 година влегува со зголемен буџет во износ од над 10 милијарди денари, што е зголемување за 22 проценти, со повеќе пари за модернизација и набавка на борбени возила, за набавка на инженериски машини, за комуникациски системи, но и повеќе средства за развој на човечките ресурси, за кои беа направени круцијални чекори напред – зголемување на платите на сите припадници на Армијата за 16 проценти, воведување на дополнителен месечен надоместок за 7.000 денари за сите воени и цивилни лица во служба на Армијата. Буџетот за 2020 година предвидува и значителни средства за реконструкција на објектите на Армијата кои долго време беа оставени на забот на времето.Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција детално информираше за ставките во буџетот на одбраната за следната година, за, кој, посочи, е одбранбен буџет на земја – членка на најмоќниот воено – политички сојуз на денешнината, НАТО.„Износот на буџетите во одбраната е во нагорна линија во последните три години, а во 2020 е двојно зголемен во споредба со 2017. Ова ни покажува дека успеавме за релативно кус временски период од финансирање под еден отсто да преминеме на финансирање  во 2020 со 1,4 проценти од БДП и на овој начин можеме и да ја зајакнеме Армијата, можеме да го вратиме достоинството во Армијата“, рече министерката. Шекеринска додаде дека зголемувањето од 22 проценти во однос на 2019 година е наменето за реформи во одбраната, за квалитативно и квантитативно зголемување на персоналот, за опремување на Армијата согласно стандардите на НАТО и подобрувањето на условите за работа.Клучната промена во буџетот, подвлече министерката, е во делот на капиталните расходи, односно модернизацијата, каде за прв пат, во 2020 година се одвоени 20 проценти од одбранбениот буџет, што претставува зголемување за 56 проценти во големината на средствата наменети за нова опрема за Армијата.„Еден повеќегодишен договор е во тек, тоа е повеќегодишниот договор за финансирање на набавката на инженерските машини од кои еден дел се веќе испорачани, вториот голем проект е набавката на борбени возила кој што е приоритет број еден според Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, опрема за комуникациски системи и сајбер – опрема и друга приоритетна опрема предвидена во Долгорочниот план. Фокусот се декларираните единици, фокусот е модернизација на Армијата и вложување во опрема“, рече министерката.Шекеринска истакна дека приоритет за министерството е и развојот, привлекувањето и задржувањето на кадрите во одбраната, што може да се види преку зголемувањето на платите за 16 проценти, месечниот надоместок од 7.000 денари за секој припадник на Армијата кој ги исполнува законските услови.„Ако во 2017 година со изборот на новата Влада, професионален војник примал 20.000 денари месечна плата, само со покачувањата, тој износ беше зголемен за 16 проценти, а заедно со месечната станарина која е во износ од 7.000 денари, сега веќе месечно тој или таа ќе добиваат 30.200 денари, што е практично 50 проценти зголемување на месечниот приход“, истакна министерката. Тоа се 120.000 денари повеќе во годишниот семеен буџет, односно за повисоките чинови, при примања од 40.000 денари, тоа се 160.000 денари годишно повеќе во семејството.Зголемување има и во делот на логистичката поддршка, зголемените школувања, обуки и вежби, но и зголемување во надоместокот кој го примаат учесниците во мировните мисии.Значаен дел од одбранбениот буџет за 2020 година претставува и вложувањето во реконструкцијата на објектите на Армијата – објекти во кумановската касарна наменети за главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа, објекти во касарната „Илинден“ во Скопје, пристапната точка за НАТО – класифицирани информации, објекти на Воената академија.„Армијата во НАТО ќе влезе со плати покачени за 16 проценти, со дополнителни приходи на месечно ниво, со нова опрема, лична, меѓутоа и опрема од тип на механизација, со континуирано насочено внимание од државата кон секој наш војник и офицер како што заслужува“, заклучи министерката Шекеринска и додаде дека тие пари се наменети за Армијата, за доброто на сите армиски припадници, и за безбедна, сигурна и економски попросперитетна држава.  

Македонија | пред 6 години

helikopteri-mvr

(ВИДЕО) 50 години постоење на Хеликоптерската единица

Посебна чест и задоволство ми причинува можноста, како министер за внатрешни работи, да бидам дел од чествувањето на овој извонредно голем јубилеј – пет децении постоење на Хеликоптерската единица при МВР, организациона единица која што по своето значење, улогата и функцијата претставува стожер  во полициското делување, особено кога станува збор за сложени и крајно специфични полициски активности и операции, рече министерот Оливер Спасовски во обраќањето на свеченото одбележување на 50 години на Хеликоптерската единица за полициски намени.„Во петдеценискиот развој и работата на Хеликоптерската единица, таа - заедно со сите нејзини припадници - бележи континуиран напредок, како технички, така и кадровски, израснувајќи во максимално респектабилен фактор, неопходен за секојдневното функционирање на министерството. Сето ова е осведочено низ мноштвото ангажмани на единицата, вклучително и мисиите со крајно благороден, спасувачки карактер. Оттаму, сакам и овде, уште еднаш да ја потенцирам нашата решеност - мојата и на актуелното раководство на МВР - да продолжиме со конкретно инвестирање, пред сè техничко, професионално и стручно, во натамошното унапредување на единицата којашто веќе ги достигна високите полициски стандарди на работење, согласно стратешките потреби на нашето министерство, истовремено сообразувајќи се во целост со сличните вакви единици на полициите од земјите на ЕУ“, рече министерот Спасовски.Во оваа насока, рече Спасовски, со задоволство ќе нагласам дека во претходниов период го реновиравме стариот хангар, и тоа за првпат откако е изграден, а успеавме да обезбедиме ремонт за две летала, и тоа: „Бел 212“, на кое досега не можевме да сметаме и на „206“. Со  модернизација на инструментариумот и вградување на специјална опрема за работа со јажиња, „Бел 212“ ќе се оспособи за животоспасувачки акции, со што двојно ќе биде зголемен капацитетот за извршување на овие благородни мисии.Пред околу една година ги ремонтиравме двете летала М-171, а во рамки на сеопфатните активности за материјално обезбедување и опремување на припадниците на полицијата, набавивме и летечки униформи за персоналот и делови од опрема за припадниците на хеликоптерската единица, нешто што не беше направено долго време претходно.„Ве уверувам дека имаме зацртано да сториме сè што е во наша моќ, да ги употребиме сите расположиви - пред сè финансиски можности, во насока на натамошно развивање на единицата. Тоа е наша должност, но и обврска! Не само поради докажаната вредност на единицата, туку и заради сите досегашни генерации нејзини припадници, кои што го вложиле своето професионално знаење и стремеж во развојот и трансформирањето на единицата во она што таа денес претставува“, рече Спасовски.На свеченоста по повод 50 годишниот јубилеј свое обраќање имаше и началникот на одделот  за воздухопловни единици Ненад Алексовски кој  поздравувајќи ги присутните гости нагласи дека ,, Ретки се но и бесценети овие моменти во професионалната кариера на секој од нас, кога човек може да биде сведок на одбележување на еден ваков убав јубилеј што претставува дополнителна мотивација но и обврска да продолжиме со работа и заеднички да изградиме уште подобар систем што ќе се грижи за безбедноста на нашите граѓани. Овој значаен јубилеј претставува можност да погледнеме наназад во минатото да се осврнеме на почетоците, да оддадеме признание на сите достигнувања и да го поставиме патот за иден раст и развој на единицата,,.,, Единицата за своето 50 годишно постоење се докажа како значаен елемент во служба на голем број организациони единици на министерството за внатрешни работи почнувајки од специјалните единици, телекомуникации, гранична полиција, крим полиција, сообракјајна полиција, јавен ред и мир, ВИП превоз и многу други служби,, истакна Алексовски.,,Со ова ја продолжуваме успешната приказна што започна во далечната 1969 година и трае  до ден денес, а наша должност е да ја направиме уште поубава и поуспешна до следниот јубилеј ,, заклучи на крајот началникот Алексовски.   

Македонија | пред 6 години

27112019_VRSM_strucni_timovi_prva_pomos_Albanija-4

Два нови силни земјотреси во Албанија, тлото не престанува да се треси

Нови силни земјотреси со епицентар во Јадранското море, во близина на Албанија  предмалку. Истите ги почувствуваа и граѓаните во Македонија. Едниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала  во 15:45 а само  осум минути после него уште еден со јачина од 3,1 степен според Рихтер.Инаку тлото во Албанија не престанува да се треси. Од вчерашниот силен земјотрес што ја погоди Албанија, досега на тој простор се регистрирани 524 земјотреси. Информациите се објавени од Сеизмолошкиот оддел при Институтот за наука во Тирана.фото: Архива 

Свет | пред 6 години

zaliv_na_koskite

СДК: Наколната населба кај Градиште била постара 2.400 години од она што се претпоставуваше

Швајцарските експерти кои пред една година ја проучуваа наколната населба кај Градиште ни кажаа дека таа е постара 2.400 години од она што ние го претпоставуваме, вели археологот Паско Кузман, на чија иницијатива беше реконструирана оваа праисториска населба, објави Сакам да кажам.мк. „Кога ја откривме, обелоденивме дека таа потекнува од периодот од 1200 до 700 година пред нашата ера. Швајцарците ни рекоа дека потекнува од 3600 година пред нашата ера“, кажа Кузман, за Сакам да кажам.мк.Тој додава дека на дното на езерото биле откриени над 6.000 стари колја.Во 1977 година беа извршени првите подводни археолошки истражувања во Македонија на локалитетот Плоча Миќов Град, во Заливот на Коските, покрај јужниот брег на полуостровот Градиште, близу селото Пештани.На длабочина од три до пет метри беа откриени многубројни дрвени колци закачени во езероското дно и многуброен движен археолошки материјал со хронолошка припадност на крајот од бронзеното и почетокот на железното време, односно, од 1200 година п.н.е. до 700 година н.е. Се претпоставува дека оваа и другите слични населби на Охридското Езеро припаѓаат на времето кога почнале да се профилираат првите племенски популации, односно, на времето на егзистирање на Бригите, најстарата племенска заедница од овие краишта, која е, всушност, составен елемент на старомакедонскиот етнички супстрат.Истражувачите на дното од езерото евидентираа 6000 дрвени колци во истражувачките кампањи изведувани повремено од 1997 до 2005 година. Текстот во целост на: Сакам да кажам.мк 

Македонија | пред 6 години

DSC09333

Изграден нов павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче,  официјално го отвори новоизградениот дел на Психијатриската болница Демир Хисар. Станува збор за комплетно нов машки павилјон за чија изградба средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата болница.- Оваа здравствена установа претставува значаен центар за лекување на пациентите со нарушено ментално здравје. Од основањето на болницата пред 63 години, не беше направена ниту една посериозна интервенција на постојните капацитети. Новиот павилјон, кој го изградивме во партнерство со американската влада е голем исчекор во унапредувањето на оваа установа и здравствениот третман на пациентите, кои се лекуваат овде. Наша цел, како Министерство за здравство, е на сите пациенти да им овозможиме медицинска нега и квалитетни здравствени услуги соодветни на нивните потреби, изјави министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.Новоизградениот машки павилјон е со површина од 510м2, на кои се сместени болнички и административен дел. Внатрешното уредување на павилјонот е направено со сопствени средства на болницата и согласно стандардите за ваков тип установи.-Објектот поседува 36 болнички кревети, санитарен и административен дел. Во целост објектот нуди подобри услови за престој на пациентите, но и многу подобри услови за работа на персоналот. Сето ова значи и повисок квалитет на здравствена услуга. Благодарност до сите учесници вклучени во проектот. Ваквите добри услови во иднина нè обврзуваат да бидеме уште подобри, изјави м-р Татјана Лозановска, директорка на Психијатриската болница Демир Хисар.На отворањето на новиот павилјон присуствуваше и мајор Даниел Маједа, шеф на канцеларијата за одбранбена соработка при Американската амбасада, кој истакна дека ова е само еден дел од програмата за хуманитарна помош финансирана од Европската Команда на војската на САД. Преку оваа програма досега се реализирани над 30 проекти во областа на здравството, образованието, кризниот менаџмент и справување со кризи. Продолжуваме и понатаму да реализираме проекти коишто ќе ги подобруваат основните потреби на локалното население, а во партнерство со соодветните министерства, институции или општини.

Македонија | пред 6 години

silegov

(ВИДЕО) Нов обид за демолирање на зелениот покрив на ГТЦ - сторителите фатени

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку социјлната мрежа Фејсбук информираше дека ноќеска имало нов обид за демолирање на зелениот покрив на ГТЦ. За среќа сторителите биле фатени.„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст, напиша Шилегов на ФБ.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3070545086503402/3070542423170335/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3070545086503402/3070542439837000/?type=3&theaterфото и видео: ФБ Петре Шилегов

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: МВР ги има снимките од дивеењето во МНТ, го знае и идентитетот на хулиганите, зошто никој не е приведен?

Навивачката група „Шверцери“ во петокот дивееше во новиот објект на МНТ. Спасовски и одговорните во ресорот култура три дена молчеа и го прикриваа вандалскиот чин се додека во јавноста не излегоа снимки од хулиганите. Срамно потценување на јавноста е изјавата на Заев дека после пет дена ќе формирал комисија која што ќе ја испитувала одговорноста, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.МВР ги има снимките од дивеењето во театарот. МВР го знае и идентитетот на хулиганите. Зошто во овие пет дена никој не е приведен, ниту пријавен? Каде е одговорноста на Оливер Спасовски? Кој даде наредба на специјалците да ги пуштат вандалите да си одат дома?Зоран Заев да не си поигрува со граѓаните и нивната интелигенција. Наместо да чека извештаи, кои еве по петти ден по настанот се уште ги нема да понесе одговорност за вандалскиот чин на настанот на „Шверцери“ за кој што знаел.Зоран Заев и Оливер Спасовски да одговорат кој досега ги крие тие што дивееја во МНТ?Власта доколку сакаше да го заштити имотот на МНТ и да го зачува  јавниот ред и мир, можеше уште во петокот вечерта да даде команда на специјалните единици кои беа во близина на театарот да направат обрач и да ги приведат сите инволвирани во овој настан.Самиот факт што немаше акција на специјалците од МВР и што настанот се криеше од јавноста три дена, кажува дека власта сакала свесно да го сокрие овој вандализам. Исто како што ги крие и тие што го одобрија ова вандалско дело.Директна одговорност има во хиерархијата од директорот на МНТ, во заменик министерот за култура, министерот за култура, но пред се најголемата одговорност е во Оливер Спасовски и во Зоран Заев.Дали амнестирањето на тие што не постапија со активирање на специјалните единици е со цел да не се стигне до Оливер Спасовски и Зоран Заев лично!?Одговорност за настанот во МНТ мора да има, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Арсовски: Во СЈО си делеле пари и додатоци за дејствија кои по закон морале да ги преземаат

СЈО цели три години функционирало како злосторничко здружение. Во моментов ја гледаме аферата „Кеш“ од милионски размери проневерени пари помеѓу обвинителите и функционерите на СДСМ од касата и буџетот на СЈО, односно проневерени пари на граѓаните.   Не само што се злоупотребувале овластувањата и законите за рекет и уцени, туку организирано се ограбувал буџетот на институцијата, односно се ограбувале милиони евра на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Без никаква основа и без никакви критериуми стотици илјади евра се делеле секој месец на лица блиски до Зоран Заев и Катица Јанева, односно на лица кои што треба да му прибават било каква корист на Зоран Заев.Си делеле пари и додатоци за дејствија кои по закон морале да ги преземаат, согласно описот на работно место каде што функционираат лицата.Нема поголема иронија кога Фатиме Фетаи се обидува да се оправда за стотиците илјади евра, повикувајќи се на патните трошоци кои пратениците во собранието ги земале, а за истите тие патни трошоци, истата таа Фатиме Фетаи отвараше кривична истрага.Истрага за криминалното разграбување на парите на граѓаните мора да има и таа мора да заврши со изведување пред лицето на правдата на сите оние кои го злоупотребувале буџетот и лично профитирале, а на крај парите на граѓаните мора да бидат вратени во буџетот.Почитувани,СЈО се користело единствено за рекетирање, уцени, притисоци и испумпување на народните пари.СЈО е дувло на непотизам и дувло за испумпување на парите на граѓаните.Замислете, институцијата што требаше да гони висока корупција и криминал, злоупотреба на службена должност и државни пари, го направи истото но во неколку пати поголеми размери. Кој сега ќе ги истражува нив?Вработените во СЈО и функционерите на СДСМ си делеле меѓу себе милиони евра.Обвинителите во СЈО земале за 4 години помеѓу 200.000 и 400.000 евра и згора на се и тие пари им биле малку, па продолжија да рекетираат, гледајќи ги целата јавност сите оние случаи на рекетирање.Замислете, не само што си делеле пари меѓу себе обвинтиелите, тие делеле пари и на други владини функционери. На пример Арафат Ештреф Муареми директорот на финансова полиција, освен редовната плата, од СЈО земал 26,000 евра хонорар за нешто што му е работа по службена должност. За што ги земал овие пари? Дали ова доделување на пари на директорот на финансова полиција од страна на СЈО е по законски пат, и дали е законски? Дали ги земал парите за да изврши дејствија кои му следат согласно работниот опис на функцијата, како директор на финансова полиција?Малку му биле тие пари, па неговата сопруга Премтиме Муареми исто така земала од СЈО илјадници евра надоместоци, односно земала пари од парите на граѓаните.Буџетот на државата и граѓаните е оштетен од страна на вработените во СЈО, од страна на СДСМ, преку кој се злоупотребени милионски суми.Додека граѓаните немаат леб да јадат, додека докторите земаат плата по 400 евра, додека полицајци ни гинат за 500 евра плата, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и сите останати обвинители, вработени во СЈО, и сите функционери од СДСМ земале стотици илјади евра само затоа што ги извршувале политичките нарачки на Зоран Заев.За ова некој мора да одговара и мора да сноси одговорност. Ова е класична злоупотреба на службена должност, класична злоупотреба на јавни финансии и организирано цедење на државниот буџет и буџетот на граѓаните. Ова е класично злосторничко здружување, и за ова мора да одговараат сите оние кои што се офајдиле на овој начин од државниот буџет и од парите на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ploca

(ФОТО) На Антички во Охрид поставена спомен-плоча за Горан Стефановски

На Античкиот театар во Охрид поставена е спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.Од Лајонс-клубот „Лихнидос“ што беше иницијатор на поставувањето на плочата за сеќавање на големиот Стефановски, соопштија дека за откривањето била планирана и соодветна свечена церемонија, но тоа е откажано во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија.

Македонија | пред 6 години

17121903_10209138543996016_1818608272_o

Охрид поднесе тужби за узурпаторите на плажи

Општина Охрид понесе 4 тужби  за стекнување на земјиште без основ. Со ова локалната бара од 4 та концесионери да исплатат средства кои биле предвидени за закупнина според стариот ценовник. Општината соработува и со останатите институции од кои побарала да им кажат кои други правни лица кои обавуваат дејност се пријавени, на која адреса и дали имаа активен договор. Што значи тужбите нема да завршат тука, туку општината ќе ги тужи и останатите.Инаку за потсетување на крајот од месец август Антикорупциската комисија започна со проверка дали физички и правни лица на диво ги узурпираат плажите по должина на охридското и струшкото крајбрежје, со што компании и поединци беа осомничени дек узурпираат плажи без да плаќаат давачки кон општината. Тие побараа од Општина Охрид и Струга да им ја достават целокупната документација за јавното наддавање при доделување на концесиите.Проблемот со плажите оваа летна сезона посебно беше нагласен што по медиумите што граѓаните на социјалните мрежи. Тие се жалеа дека на некои охридски плажи се наплаќал дури и влез.Се начна и тамата дека концесионерите на Охридско–струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори, со што никој не ги контролираше некогашните закупци, а тие пак тријат раеја и измислуваат начини да соберат што повеќе пари.Инаку плажите во Охрид беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60 % од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок.Но, веќе одамна ни ова правило не се почитува. Лежалку не само што има поставени на целата површина, туку се толку блиску една до друга што буквално некој ти дише во врат.фото: TripAdvisor 

Македонија | пред 6 години

27112019_VRSM_strucni_timovi_prva_pomos_Albanija-2

(ФОТО и ВИДЕО) Македонски тимови извлекуваат настрадани граѓани во Драч

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.Досега тимовите лоцираа и извадија од урнатните две починати лица на две локации во срушените згради.Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.  фото: Влада

Македонија | пред 6 години

2albanija-zemjotres

Град Скопје издвои три милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари.- Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во Драч. Едната екипа е составена од 4 пожарникари,  додека втората екипа е составена од технички лица кои управуваат со термалните дронови и со термалните камери. Оваа одлука е во износ кој традиционално го доделува Град Скопје во вакви случаи, а тоа е 3 милиони денари - кажа градоначалникот Шилегов на седницата. Покрај оваа точка, Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за поголем број на извештаи, одлуки и информации, меѓу кои: Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, за периодот од 01.01 до 30.09.2019 година; Одлука за прием на движни ствари на трајно користење; Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за продажба на простории со комерцијална намена–деловни простори во Катната гаража „БЕКО“; Одлука за пристапување кон изработка на Генерален урбанистички план на Град Скопје; Одлука за пренесување на правото на трајно користење на електрични машини за чистење; Одлука за изменување на Одлуката за уредување на начинот на плаќање на продадениот удел на Градот Скопје во изградбата на Повеќенаменска спорска сала Борис Трајковски; Програма за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање; Одлука за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање;  Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање; Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Инвестиционата програма на ЈП Водовод и канализација-Скопје за 2019 година; Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Водовод и канализација - Скопје за период  од 01.01.2019 до 30.09.2019 година споредбено со 01.01.2018 до 30.09.2018 година; Одлука за давање согласност на Oдлуката за утврдување на вредноста на висината на бодот за пресметување на плати на вработените во ЈП Комунална хигиена – Скопје за 2020 година; Одлука за давање согласност на Годишната оперативна програма за подигање и одржување на зеленило на подрачјето на Град Скопје за 2020 година; Програма за повластено користење на јавниот градски превоз, од лица со посебни потреби, во 2020 година; Развоен план за одржување и реконструкција на магистрални и собирни улици на подрачјето на град Скопје за период 2020-2022 година; Информација за квалитетот на воздухот на подрачјето на град Скопје за 2018 година; Информација за квалитетот на водите на подрачјето на град Скопје за 2018 година; Информација за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, со посебен осврт врз децата; Информација за радиоактивност на животната средина на подрачјето на град Скопје во 2018/2019 година; Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците, како и Одлука за разрешување и именување претставник на Градот Скопје во  Училишниот одбор на АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје.фото:Архива 

Скопје | пред 6 години

vlatko

АА ги откажа сите активности планирани за 28 ноември, дел од младите од Алијансата заминаа да помагаат во Албанија

Сакаме да ја известиме јавноста дека Алијансата за Албанците ги откажа сите празнични активности планирани за 28 ноември.Алијансата, исто така, привремено ги прекина партиските активности за да се солидаризираме со нашите браќа погодени од земјотресот со трагични последици.Лидерот Зијадин Села, исто така, ја прекина дневната политичка агенда и откажа неколку претходно закажани јавни настапи, се вели во соопштенјето од Алијанса за Албанците.Општините предводени од кадарот на Алијансата, како што се Гостивар, Боговиње и Врапчиште, ги откажаа сите празнични активности планирани за 28 ноември.Алијансата за Албанците ги стави сите свои човечки и материјални ресурси во служба на луѓето погодени од земјотресот, при што екипа од одделот за здравство при Алијанса за Албанците, како и неколку млади од Младинскиот Форум на АА веќе стигнаа во Албанија за да им помогнат на  погодените од природната непогода, се вели во соопштенјето од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

shverceri-2

Единствена Македонија: Дивјаштвото во тетарот е уште една потврда дека законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Поминаат пет дена од вандализмот и дивеењето на албанска навивачка група во театарот на државна сметка, а јавноста со неверување гледа како надлежните органи се плашат да го расчистат овој немил настан во кој се познати инспираторите, организаторите и извршителите.Марионетската влада е збунета и уплашена и формира некаква комисија за испитување на демолирањето на театарот, со што, директно гази по законите во државата, наместо органите на прогонот да го расчистат случајот по службена должност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што на отворена сцена не фермаат Устав и закони и едноставно со наменски соопштенија на навивачката група дури и се заебаваат со надлежните органи, со што продолжуваат со опасни провокации, а државните органи сето тоа само немо го посматраат.Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред,се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Влошено здравјето на Боки 13 - хоспитализиран во 8 ми септември

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 e задржан на интензивна нега во болницата „8-ми Септември“. Како што информираат од болницата тој е хоспитализиран заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази, објави А1 ОН.„Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, информира Доц. д-р Христијан Костов.Текстот во целост: А1 ОН

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џафери: Првиот сигнал за техничка влада ќе го имаме на 30 декември, доколку знаеме кој ќе биде технички премиер

Ако до 30 или 31 декември нема сигнали кои ќе бидат функционерите на техничката влада, ќе биде јасно дека изборите нема да се оддржат на 12. април, вели претседателот на Собранието Талат Џафери. Според него тоа е најасниот сигнал, дали на 12. април ќе се одржат изборите, оти на 3. јануари ќе треба да биде изборот на техничката влада. Како што налага Пржинскиот договор, техничката влада  да се избере 100 дена пред парламентарните избири, рече  Џафери  на денешниот брифинг за новинарите.Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не е вистинскиот момент за промена на изборниот модел. Според него, тоа не треба да се прави на неколку пред изборите.Мислам дека тоа не треба да се прави без општ консензус и да се влезе на неколку месеци пред крајот на работата на Собранието.  Не навлегувам во гласањето, но лично мислам дека за изборен законик потребно е да има општ конзенсус. Мислам дека во таков покрет за измена на изборен модел не се влегува на еден месец пред истекот на мандатот на оној состав. Не е само гласањето туку е сложена операција , нагласи  Џафери.

Македонија | пред 6 години

pari-pecati

Компанијата која печати пари за 140 држави е пред банкрот

Англиската компанија Де Ла Руе, кој печати пари за вкупно 140 земји во светот, соопшти дека е на раб на колапс. Раководството на компанијата потврди дека активирала план за санација на работењето кој не ги дава очекуваните резултати.Компанијата, со околу 2.500 вработени, печати пари за 140 централни банки низ целиот свет, вклучувајќи ја и Британската централна банка (БоЕ).Во последните шест месеци компанијата имала загуба од 9,2 милиони фунти (10,7 милиони евра), а долгот на компанијата во втората половина од годинава се зголеми на 170,7 милиони фунти (199 милиони евра).По соопштението, акциите на Де Ла Руе на берзите изгубиле 20,6 проценти од вредноста.Де Ла Руе почнала да печати банкноти уште во 1860 година, кога тоа го правела само за Мавританија, а една третина од парите кои моментално се во оптек во светот, излегуваат од печатачите на компанија.Фирмата печати и пасоши за 40 држави.фото: The East African 

Свет | пред 6 години

manceski

Администрацијата ќе го одработи 2 јануари на 14 ти декмври со чистење на јавни површини - над 40.000 лица ќе чистат на повеќе локации

Повеќе од 40.000 лица, вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, на 14-ти декември, ќе организираат акција, во која што ќе се исчистат голем број на локации во градот Скопје и околината, како и во останатите градови во земјава. На овој начин покрај тоа што ќе се ислисти, и ќе се одработи 2 ри јануари.Здравствените работници, наставниците, вработените во градинките како и оние кои не можат да отсуствуваат ќе го чистат кругот на установите.- На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме на свеста на граѓаните и локациите ќе останат чисти, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес- конференција во Владата.Локациите каде што ќе се чисти ќе бидат дополнително објавени, а ќе биде обезбеден соодветен алат.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања