Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

shukovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Собраните јаболка од Ресен нека ги распоредат во хуманитарната акција по институциите

Со денешното доаѓање, ако и воопшто дојде, на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, после многу обиди и повици за негово доаѓање, тој собра храброст да ги посети овоштарите во Ресен и Преспа.Денеска се организира и хуманитарна акција за собирање и донација на јаболка, па затоа покрај министерот Николовски ја повикуваме и министерката Мила Царовска да дојде и собраните јаболка во хуманитарната акција да ги распореди по институциите каде што има потреба. Затоа што истата таа министерка, кога и јаболкопроизводителите ќе станат социјални случаи, ќе треба со некоја слична мерка да им помогне и на нив, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.Дел од собраните јаболка во хуманитарната акција можеме да ги испратиме и во Австралија, па градоначалникот на Општина Ресен да ги подели по нашите иселеници.Господинот Николовски денеска на најавената средба со земјоделците, без ниту еден писмен документ ќе дава некои ветувања, иако знаеме дека е предизборен период и не може да врши исплата. Во претходниот период во повеќе наврати министерот Николовски беше прозван да одговори на голем број барања од страна на Иницијативниот одбор кој ги претставува сите земјоделци од Преспа, но се уште се чека на неговиот одговор по однос на барањата.Господине министер дали преспанските јаболкопроизводители се нешто поразлични од лозарите во кавадаречко па не можете да им помогнете, како што ги помогнавте во случајот „Повардарие“? Дали планирате да ги исплатите штетите за 2016-тата и дел од 2017-тата? Дали планирате да ги исплатите неисплатените субвенции и многу други барања и ветувања како што се најавуваните пазари од кои што нема ни трага ни глас, а вашата колешка Ленче Николовска како што претходно најавивме во еден од пресовите никогаш повеќе не се ни појави во Ресен и Преспа.Засрамете се, немојте да манипулирате со чувствата и емоциите на земјоделците и ако имате некакво конкретно решение решете го проблемот и помогнете им на јаболкопроизводителите, бидејќи се сомневаме дека ќе излезете со конкретно решение за решавање на овај проблем. Ова ќе биде уште една голема предизборна лага, бидејќи знаеме дека сега е предизборен период и не можете ништо конкретно да им помогнете на земјоделците.Ситуацијата во Преспа никогаш не била полоша и поочајна, така што некои од министерствата, како што се Министерството за земјоделие, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, труд и социјала и други ќе треба исклучиво да работат во Преспа, бидејќи ни претстои голема еколошка, социјална, економска катастрофа поради фактот што голем дел од јаболката нема да бидат продадени, истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.

Македонија | пред 7 години

mickoski-riker-1

(ВИДЕО) Мицкоски му се пожали на Рикер дека власта спроведува злоупотреба на институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси.Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

ojo

ОЈО Донесе наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица.За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. Имено, по спроведената предистрага, на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање. 

пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа

Граѓаните го отфрлаат груевизмот присутен во ВМРО ДПМНЕ, граѓаните ќе го изберат Стево за вистински претседател што ќе води државата кон ЕУ и НАТО Матрицата  на груевизмот, што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, а државата ја држеше во изолација и неизвесност, се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.Од партијата додаваат: Тоа се гледа и од начинот на делување но и од речникот на ВМРО-ДПМНЕ полн со црнила, крв, обесчестувања...мракови.Не е добро тоа што професорката Силјановска му се поклонува на таквиот начин на делување и таквиот речник на комуникација но тоа граѓаните го отфрлаат.Од една страна се демократските и прогресивни сили во државата предводени од СДСМ кои работат на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО.  Од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ со нивните црнила, против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.Затоа, на престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат напредок и ќе ги поразат остатоците од груевизмот.Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

carina-2

Откриена дрога, запленети девизи, автомобил со бункер, автоделови, облека и цигари

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.Девизи - 18.500 евра, откриени при контрола на албански автомобил и личен претрес на тројца албански државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. На совозачкото седиште на возилото и во џебови од облеката на патниците биле пронајдени вкупно 20.010 евра и 30.000 долари. Согласно законските прописи на секој од патниците им биле вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, а 18.500 евра биле привремено задржани. Против возачот, кој ја преземал одговорноста за непријавените девизи, ќе биде поведена  прекршочна постапка.- 6.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин кој, со српски автомобил и во придружба на уште еден српски државјанин, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека се себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во мала торбичка што ја носел на рамо биле пронајдени уште 6.000 евра, за кои не поседувал потврда за пријавени девизни средства издадена од царински орган при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи непријавените девизни средства се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.Автомобил со бункер и автоделови - еден албански автомобил, марка Mercedes 200 E, во кој мобилните царински тимови откриле дополнително вграден резервоар за гориво позади задното седиште,поврзан со фабричкиот резервоар. Возачот на возилото, албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, изјавил дека дополнителниот резервоар собира околу 180 литри гориво. Возилото е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 11 резервни делови за моторни возила, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.2/3Во првиот случај, во багажниот простор и на задното седиште на автомобилот биле пронајдени 3 нови фарови за камиони, додека во вториот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 парчиња резервни автоделови (замајци, потисни плочи, ламели и хидраулични лагери).Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.Облека- 7 бунди со вредност од околу 108 илјади денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.Непријавените бунди, пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 8 парчиња шушкавци, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Истовремено поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.ДрогаЦаринските службеници од граничниот премин Табановце автопат, во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на хероин и кокаин. На граничниот премин за излез од државата се пријавил македонски автобус кој сообраќал на релација Струга – Белград. При контролата, извршена со помош на полициско куче за откривање дрога, во делот за рачен багаж во патникиот дел на автобусот, била пронајдена една торбичка за која ниту еден патник не се пријавил како сопственик. Во внатрешноста на торбата, во навлака од перница, биле пронајдени околу 350 грама кафеава прашкаста материја и околу 60 грама бела прашкаста материја. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. торбата управуван од македонски државјанин.Цигари- 25 штеки цигари Rodeo со македонски акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Дебар – Копер, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во просторот за вентилација на автобусот, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19-годишна девојка се породила дома и побарала помош од лакар, бебе нема?

На 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко. По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила. Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полициски службеници извршиле разговор со родителите на девојката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

lovecka-puska

Кривична пријава против Битолчанец, од ловечка пушка испукал куршум и повредил 66 год Кичевцанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Од страна на судија на претходна постапка на Д.С. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. На 27.02.2019 година околу 18.10 часот во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, пријавениот од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево.

Македонија | пред 7 години

drva-1

Откриени и приведени 4 лица кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва

Секторот за внатрешни работи Струмица, Полициска станица од општа надлежност Радовиш на 02.03.2019 година во времето од 03:00 до 09:00 часот на планина „Плачковица“ спроведе активности за откривање на сторители кои вршат бесправна сеча на огревни дрва. На место викано „Илиница“ атар на планина Плачковица се затекнати лицата Ш.А.(35), Н.Б.(34), Е.К.(35) и С.А.(29), сите од Радовиш кои во моторните возила имале натоварено бесправно исечени огревни дрва. Сторителите се лишени од слобода и приведени во Полициска станица Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

krazba

Тешка кражба во штаб на политичка партија

На 03.03.2019 во 12.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“ во село Мирковци, скопско, непознат сторител извршил тешка кражба во штаб на политичка партија. Според пријавеното, сторителот одзел телевизор и компјутер. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

Физички нападнати сопружници пред комплексот клиники, и малолетник на улица

На 03.03.2019 во 15.45 часот во СВР Скопје, Б.К.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот, пред главниот пункт за наплата на паркинг во комплексот клиники „Мајка Тереза“, тој и неговата сопруга О.К.(32) биле физички нападнати од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 03.03.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје, И.М.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот на улица „Мите Богоевски“  неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од соседот Т.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

fotografii-ucena

Малолетници од Кавадарци уценувале девојче дека ќе објават компромитирачки фотографии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,уцена“. Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче.После тоа, пријавените, со закана дека ќе објават компромитирачки фотографии го принудиле девојчето да им даде пари.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кај Охриѓанец пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.02.2019 година на булевар „Туристичка“ во Охрид и во село Орман, охридско, полициски службеници извршиле претрес во дом и викенд-куќа на пријавениот, при што пронашле и одзеле околу 830 грама марихуана.

Македонија | пред 7 години

trener-1

Посебно прознание на хуманиот тренер кој работи со децата со посебни потреби

На годинешното доделување на наградите за најдобри спортисти за 2018 година, Сојузот на спортови му додели посебно признание на тренерот Мико Голубовиќ, за одржување на тренинзи за кошарка на децата со посебни потреби. Децата посебно се израдуваа на ова признание за нивниот тренер и посакаа заеднички да го споделат успехот.Секој вторник и четврток, од 17.30-18.30 часот во спортската сала на О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, децата со посебни потреби изведуваат спортски активности, но пред се и се дружат заедно.На овие деца, спортските активности, од кои најмногу е застапена кошарката, под водство на тренерот Мико Голубовиќ, им носат радост веќе неколку месеци и децата со нетрпение чекаат да дојде следниот час.Иницијативата за спортските активности на децата со посебни потреби беше поддржана од локалната самоуправа, која ги обезбеди средствата за да може два пати неделно да се одржуваат часовите. Спортските активности се наменети за сите деца со посебни потреби, без разлика на возраста, а секој следен час нивниот број се повеќе расте.Ова е уште една од низата заложби на локалната самоуправа за вклучување и социјализација на децата со посебни потреби, а Сојузот на спортови ја препозна оваа хумана активност и го награди тренерот со плакета.Вакви признанија во вид на плакети им беа доделени на битолчани кои дадоа придонес во развој на спортот во градот.

Скопје | пред 7 години

filipce-za-bremenost-1

Филипче: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Собранието на Република Северна Македонија на 22. седница на Комисијата за здравство, учествуваше и се обрати на јавната расправа за Предлог-законот за прекинување на бременоста.„Мајчинството е ексклузивно право на жената, на бројот на деца, доколку таа сака. Тоа не е работа на судии, попови, оџи, лекари, а најмалку на политиката да одлучува за ова право на жената. Наша задача е да обезбедиме услови тоа право жената да си го добие, а државата да обезбеди институции и експертиза за тоа квалитетно и стручно да се заврши“, истакна министерот доц. д-р Венко Филипче,.Тој додаде дека жената ќе го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста.„Приватноста на жената е заштитена, таа има слобода да одлучува, да се советува, да има пристап до безбедна и квалитетна интервенција и примена на препорачаните методи на прекин на бременоста. Исто така, ќе и бидат овозможени комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата, што може да се очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето на постапката, за методите на контрацепција пред и по спроведувањето на прекинување на бременоста на начин разбирлив за жената за да може да донесе одлука и да даде изјава за согласност“, посочи министерот Филипче.Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно да одлучува бремената жена, се заснова на дадена согласност свесно, без принуда од било кого и врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата. Прекинување на бременоста како и досега ќе се врши во болничка здравствена установа која во својот состав има гинеколошко акушерско одделение.Првпат воведовме можност за прекинување на бременоста до деветтaта гестациска недела со медикаментозен метод и во здравствена установа од примарна здравствена заштита.Предлогот на Законот предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела со писмена согласност од бремената жена. Ако бремената жена е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.Прекинот на бременоста може да се изврши по барање и со писмена согласност од бремената жена и по истекот на дванаесеттата гестациска недела, во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.Прекинувањето на бременоста од дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела од бременоста по писмено барање од бремената жена односно од родителот, односно старателот ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност може да се изврши при што пред прекинување на бременоста докторот може да побара мислење од друг доктор специјалист од соодветна гранка на медицината.По дваесет и втората гестациска недела за прекинување на бременоста одлучува првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста во здравствена установа составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство и еден социјален работник. Доколку жената не се согласува од одлуката на првостепената комисија има право на приговор до второстепената комисија составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по детска хирургија, психолог и еден член со најмалку пет години работно искуство во областа на родовата еднаквост.„Успеавме да направиме закон со којшто го враќаме правото на избор на жената, таа да одлучува самата за себе. Нивниот глас се слушна преку пораката - Мое тело, мој избор. Со овој закон конечно се става крај на рестриктивните политики за абортусот и жената го добива своето право назад. Очекуваме ваквиот пристап да придонесе кон унапредување на статусот на жената во општеството и кон постигнување на родовата еднаквост.“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

riker-angusev-1

Вицепремиерите Анѓушев и Османи на средба со Филип Рикер

Вицепремиерите за економски и за европски прашања, д-р Кочо Анѓушев и д-р Бујар Османи се сретнаа со Н.Е. Филип Рикер, идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, кој во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на воените сили на САД, а во период од 2008-2011 година ја извршуваше функцијата на Амбасадор на САД во Скопје.На средбата беа отворени темите за актуелниот политички контекст во кој се наоѓа Република Северна Македонија, особено по успешното имплементирање на Договорот од Преспа, како и останатиот напредок на земјата во отстранувањето на пречките за напредок во европските и евроатлантските интеграции, со особен фокус на економските перспективи на земјата.„За само 20 месеци успеавме да ги затвориме практично сите отворени прашања со соседите, да го финализираме легислативниот дел од Охридскиот рамковен договор, притоа, во ниту еден момент не напуштајќи ја и реформската агенда за враќање на земјата на европскиот пат“, истакна Османи на средбата, презентирајќи ги притоа резултатите од имплементацијата на реформите од Планот 18, во пресрет на претстојниот извештај на Европската Комисија, како и на јунските самити на Европскиот Совет.„Протоколот од НАТО го отвори патот за нашето членство во евроатланската  алијанса, и согласно динамиката на ратификацијата, јас сум оптимист дека до крајот на годината Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на алијансата“, истакна Османи, потенцирајќи дека сличен напредок очекува и во европските интеграции, почнувајќи ги преговорите за полноправно членство со ЕУ оваа година.Вицепремиерот Анѓушев говореше за потенцијалите на земјава од овој политички напредок, правејќи осврт и врз потенцијалите на т.н. „Конективити“ агенда на Берлинскиот процес, очекуваниот инфраструктурен инвестициски бран, како и потенцијалите од најавените странски инвестиции.„Перспективното отворање на преговори со ЕУ, а особено членството на Република Северна Македонија во НАТО, даваат стабилност и сигурност на  земјата, што е силно охрабрување за домашните и странски инвеститори. Во 2018 година, сведоци сме на рекордно ниво на странски директни инвестиции од над 624 милиони евра, додека Владата дополнително овозможи поддршка на околу 250 компании преку мерките од Планот за економски раст. Тоа значи дека станавме атрактивна дестинација за реномираните странски компании, но и за проширување на деловните активности на домашните компании, а позитивниот политички контекст ни дава за право да веруваме дека и во наредните години резултатите ќе бидат позитивни. Работиме на создавање на стабилни партнерства со соседните земји, преку меѓусебно инфраструктурно поврзување. Поддршката од САД е особено значајна, и на политичко и на економско ниво. Станува збор за земја-стратешки партнер на Северна Македонија, која даде недвосмислена поддршка за реформите, за што сме вистински благодарни“, кажа вицепремиерот за време на средбата со Рикер.Рикер ги поздрави реформските процеси во Република Северна Македонија, притоа нагласи дека со потпишување на договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Република Бугарија, се надминуваат сите отворени политички прашања за земјата и дека со тоа се фаќа вистински правец за реализација на евро-атлантските аспирации.

Македонија | пред 7 години

riker

Рикер: Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ

Историјата е училиште, а не затвор. Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ, а трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Идниот американски помошник државен секретар Филип Рикер во Скопје ја истакна поддршка за земјава, но и за регионот кој и натаму се соочува со големи предизвици, во свет полн со турбуленции.-Пресреќен сум што сум тука. Особено сега кога Северна Македонија направи огромен чекор напред кон нејзиното место во Европа и во НАТО… Цели 27 години меѓусебната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот напред, изјави Рикер во Скопје.Рикер упати пораки до сите земји во регионот дека се соочуваат со опасности и од геополитички, но и од внатрешен аспект.-Европа денес без одрекување е центар на геополитичко натпреварување. Во последните години Москва се обидуваше насилно да ги прецрта границите во Европа, ги малтретираше нејзините соседи, лансираше дезинформирачки и дестабилизирачки кампањи против Западот и воено се засилуваше на нејзините граници. До каде ќе оди во нејзиното малигно влијание беше јасно по обидот да го спречи членството на Црна Гора во НАТО, каде што отиде толку далеку што поддржа пропаднат обид за насилно менување на владата во Подгорица“, рече Рикер. Според него Кина, со платформата 16+1 и инцицијативата за градење патишта и други проекти сака да го прошири своето глобално присуство и, како Русија, да ја намали солидарноста на Западот. САД и Европа, заклучи тој, мораат да работат заедно за да осигураат дека Западот останува најатрактивниот модел за модерни и слободни општества.-Трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Европската унија е еден од нашите најблиски партнери во голем број меѓународни напори. Додека другите можеби сакаат да го свртат вниманието на нашите разлики, во реалноста ние се согласуваме многу повеќе отколку што не се согласуваме. САД остануваат железно посветени на Членот 5 од договорот за НАТО, кој значи дека напад врз секоја земја членка е напад врз сите членки – рече поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер.Рикер се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров кој му посака успех во извршувањето на новата функција помошник државен секрета и со кого разменија мислења за новата реалност во земјава. Попладнево ќе има средба и со премиерот Заев. Ова е прва посета на Рикер на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која во почетокот на годинава се повлече Вес Мичел. 

Македонија | пред 7 години

minare-tetovo

(ВИДЕО) Урнато минарето во селото Дебрече од Тетово, за да се изгради ново

Вчера, во селото Дебарце, Тетово, во организација на Советот на џамија, беше срушено минарето на селската џамија со минирење. Акцијата била со цел да се изгради ново минаре, за кое финансиски средства собреле жителите од селото.Акцијата поминала според планот. Минарето се урна во неизграден простор и не предизвика никаква штета.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во една ноќ откриени 177 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Во текот на ноќта на 02/03.03.2019 година на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи во Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што контролирани се над 1,300 возачи. Кај 177 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани. На територија на СВР Скопје - 39, СВР Тетово - 15, СВР Велес - 18, СВР Битола - 25, СВР Куманово - 27, СВР Струмица - 17, СВР Охрид - 11 и СВР Штип - 25.При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци.Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 7 години

rankovce

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Демолирани просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце

Зоран Заев и СДСМ се во паника. Демолирањето на просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка, страв од револтот на граѓаните кој е резултат на погубните политики на власта, истакна Даниел Павловски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ранковце.Тој додаде: Власта стравот од соочување со граѓаните го покажа во моментот кога не ги прифати предвремените парламентарни избори, а со последните постапки, притисоци врз партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, апсења, приведувања, демолирање само уште еднаш потврди колку многу се плаши од сопствениот народ.МВР може да врти глава и да ги штити криминалците, но наближува денот кога сите ќе бидат откриени и соочени со правдата.Поразот ќе ги стигне. Зоран Заев и СДСМ не можат вечно да бегаат, не можат вечно да бегаат од соочување со волјата на граѓаните, од нивниот револт кој од ден на ден е се поголем. Поразот на претседателските избори ќе ја најави зората, граѓаните со својот глас против Зоран Заев и неговиот пиун Пендаровски ќе го најават крајот на оваа криминална и одродена власт.По поразот на претседателските избори, предвремените парламентарни избори ќе бидат повеќе од извесни, кои ќе значат крај за политичката кариера на Зоран Заев, истакна Павловски.

Македонија | пред 7 години

HDEElogo

Франшизата „Хелен Дорон“ која е застапена и во Македонија прогласена за најдобар светски бренд за едукација на деца

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво од престижниот Global Franchise Magazine, со што се препознава како докажан светски бренд кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави, на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.-Среќни сме што можеме да го споделиме чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи, изјавија од „Хелен Дорон“ – Македонија. Франшизата „Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани и задоволни ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава. „Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално - одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.

Магазин | пред 7 години

14

Донација од СР Германија за Министерството за внатрешни работи

“Во сите овие години наназад, практично од осамостојувањето на нашата земја до денес, Сојузна Република Германија беше една од оние земји кои што без нималку задршка или двоумење, даде огромен придонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество подготвено да стане рамноправен член на евро-атланските асоцијации“ рече денеска, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод врачувањето на вредната донација на германското сојузно министерство за внатрешни работи во возила и опрема наменети за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР на Република Северна Македонија.На врачувањето на донацијата на која што присуствуваше и германскиот амбасадор во Република Северна Македонија,Томас Герберих, како и директорот при Федералната полиција на Германија, генералот Грегор Пелцл, министерот Спасовски рече дека оваа помош е повеќе од добредојдена. “Но, она што е уште поважно, суштинско, како што впрочем констатиравме и во разговорот со г-динот Пелцл и со амбасадорот Герберих, е фактот дека Сојузна Република Германија останува доследен поддржувач и близок соработник на Република Северна Македонија во нашата решеност за спроведување на реформите и патот кон членство во Европската унија“, потенцираше министерот Спасовски.Донацијата се состои од 20 возила “Дачија дастер“, вредни околу 323.000 евра како и 351 пар чизми. Практично, во рамки на богатата, повеќегодишна билатерална соработка меѓу двете министерства во делот на донациите ова е трета германска донација за потребите на полициските единици при МВР, чија што вкупна вредност ја надминува цифрата од 660.000 евра. Во низата досега потпишани билатерални акти, договори и меморандуми за соработка, во моментов во тек е меѓусебното експертско ускладување на билатералниот договор меѓу владите на Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот што се очекува во скоро време да биде потпишан.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски : Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка

„На Македонија и требаат нови лица во политиката кои што ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова почитувани, ова се зборовите на Стево Пендаровски, за време на кампањата во 2014 година, кога катастрофално беше поразен од граѓаните!Дали сега Стево Пендаровски во Гостивар и Врапчиште, каде што ги имаше кажано овие зборови повторно ќе се претставува како ново лице? Ќе ја повтори ли оценката за криминалот и безбедноста, кои што сега за жал се во многу полоша состојба? Ќе даде ли оценка за „подобноста“ за вработувањата во администрацијата, или пак за добивање стипендии од 40.000 долари?Ова т.н. „новото лице“ на Пендаровски, истата година во Крива Паланка порача дека ако станел претседател: „Немам намера да потпишувам закони кои што важат за една група на граѓани“!Колку групи граѓани разликува Пендаровски? За која група на граѓани тој го гласаше законот за двојазичност? Останува ли на поделбата на групи: оние кои што тој ги нарекува стока во трло и оние кои се негови блиски?Почитувани, заевизмот на власт повторно ви нуди стари истрошени ликови, претставувајќи ги како нови. Всушност, заевизмот и го нуди Пендаровски како докажан послушник, поддржувач и извршувач на заевизмот.Пендаровски е докажан, еднаш легитимираше криминални крвави избори, што ли сега е способен да легитимира за партиски цели?Почитувани, граѓаните го препознаа заевизмот, власта тоне, но во своето тонење се најопасни. Не смее да се дозволи Македонија целосно да падне во рацете на заевизмот. Заедно ќе го турнеме овој деспотски режим кој што повторно во обланда наречена Стево Пендаровски нуди обесчестување на државата и на македонскиот народ!Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Победник и нов претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска Давкова, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Александар Кирацовски ќе го води Изборниот штаб на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности, велат од СДСМ и додаваат:.Политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори. На фер и демократски избори ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани.Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата, велат од СДСМ.    

Македонија | пред 7 години

zelki

На аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки

Филипинската полиција на аеродром во Манила запленила повеќе од 1.500 живи желки завиткани со селотејп.Како што пренесе Би-Би-Си, желките биле пронајдени во четири куфери и можеле да се продадат за четири милиони пезоси (еден американски долар изнесува 51,80 филипински пезоси).Полиција наведува дека желките биле оставени на аеродромот откако шверцерите дознале колкава е казната за незаконска трговија со диви животни. Доколку беа фатени, можеа да добијат казна затвор во траење од две години, и парична казна од 200.000 пезоси. 

Свет | пред 7 години

prodidzi

Фронтменот на „Продиџи“ утрово е пронајден мртов

Кит Флинт фронтменот на најпознатата британска електронска сензација „Продиџи“ утрово е пронајден мртов во својот дом во Есекс, Велика Британија.Како што јавуваат британските медиуми полицијата се уште не ги открива причините за смртта, но вели дека на телото на 49 годишниот Флинт не се забележани знаци на насилство.Кит Флинт стана икона на британската музичка сцена  со своите енергични настапи во живо, необичната фризура и мноштвото тетоважи.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања