Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: Дали е точно дека камионите на „Јавор шпед“ – бизнис партнер на Заеви возат за Дрисла?

Зоран Заев и СДСМ се фатија во сопствената лага во врска со скандалот со медицински отпад во Дрисла. Вистината за скандалот во Дрисла полека излегува на површина дека всушност главната вина  за целиот скандал лежи  во СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Член на надзорен одбор и со огромна моќ на одлучување во Дрисла изминатите 2 години додека отпадот завршувал во Дрисла е членот на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев, тоа е Драги Давчевски.Каква одговорност ќе сноси Драги Давчевски и дали е повикан на распит во обвинителството бидејќи како што знаеме отворен е случај за овој скандал?Заменик директор во Дрисла до пред 6 месеци беше близок пријател и соработник на Зоран Заев од Струмица.Каква одговорност ќе сноси овој човек и дали и тој е повикан на распит во обвинителството?Прашуваме, дали е вистина дека во Дрисла возат камионите на бизнис партнерот на фамилијата Заеви и близок соработник на Заев и брат му Вице Заев, сопственикот на фирмата Јавор Шпед, Горан Крстев?Фирмата ЕКО КЛУБ е јасно во каква бизнис релација е со СДСМ и со Зоран Заев. Над 130 милиони денари од над 60 тендери во само една година добила оваа фирма од страна на државата и институциите.СДСМ и Заев се фатија во сопствената лага.Се виде кому не му е важно здравјето на граѓаните и кој нема никаков проблем ниту пак грам совест да ги труе скопјани, а воедно лицемерно да лаже на прес конференции дека тоа всшност го правело ВМРО-ДПМНЕ.Како се ближат изборите се повеќе трокира пи ар машинеријата на СДСМ и Заев и се повеќе се фаќаат во сопствените лаги.Очекуваме брза разрешница за целиот овој случај од Јавното обвинителство и очекуваме одговорност од сите инволвирани и тоа веднаш да не се одолговлекува овој случај, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за гевгеличанец за „измама“,„измама во обид“ и „злоупотреба на лични податоци“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.П.(40) од Гевгелија, поради постоење основи на сомение за сторени 46 кривични дела, од кои 16 „измама“, 12 „измама во обид“ и 18 „злоупотреба на лични податоци“.Пријавениот, во периодот од 28.10.2019 до 02.02.2020, во вкупно 28 наврати довел во заблуда вкупно 18 физички лица, на тој начин што лажно се претставувал дека е вработен како службено лице во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, како и во други државни институции и приватни правни субјекти кои вршат дејност од јавен интерес (банки, извршители итн.). Пријавениот ги убедувал оштетените лица дека за да се стекнат со парични средства по разни основи од сметката на Фондот и други државни институции, треба да уплаќаат дополнителни парични средства на негово име на различни начини (електронски, по пошта или давање парични средства на рака преку трети лица).На тој начин, И.П. се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 54.650 денари. Од страна на Основен суд Гевгелија на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Скандалозно е третирањето на МВР и обвинителството како приватна фирма на Мицкоски и Заев

Единствена Македонија е згрозена од јавното лицитирање и договарање меѓу Мицкоски и Заев колку началнички места добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во МВР, па кој да го предлага јавниот обвинител иако се работи за клучните државни институции, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат МВР и обвинителството и изборот на кадри во овие органи да го вршат по партиска линија.Заев и Мицкоски  директно газат по законите во државата и ја поразија правната држава оти знаат или би требало да знаат дека МВР и обвинителството не може да се третира како партиска забава туку, треба да се базираат на оглас според знаење, способност и достигнување.Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на МВР и обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Jovan-1-1

Митрески: Да се поддржи Законот за ЈО, без скриени амнестии обезбедуваме правда и одговорност за сите

Законот за јавно обвинителство од денеска е повторно во собраниска процедура. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е уверено дека е постигната доволно добра основа, ова законско решение да добие поддршка од најмалку 80 пратенички гласови, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство. Овој Закон тоа го овозможува.Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер, и базирани на докази.Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство ќе значи огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.Сега имаме уште еден силен аргумент пред високите претставници на Европската Унија кога ќе ги носат идните позитивни одлуки за Република Северна Македонија.Она што е најважно за нашите граѓани е дека со законот ги овозможуваме неопходните услови за создавање правна држава, владеење на правото, неселективна правда и конечно – одговорност за сите кои сториле кривични дела.Не успееја обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го одбрани криминалот, а криминалците да ги спаси од одговорност.Неуспешни беа нивните обиди за блокади, за опструкции со кои нанесуваа штета врз правната држава.ВМРО-ДПМНЕ до крај остана деструктивна и конфликтна во процесот за носење на законот. Цела година имаа шанса да демонстрираат конструктивност, но нивната одговорност како парламентарна партија се претвори во пазар за заштита на криминалците.Предлозите од парламентарните партии и независната пратеничка група се вградени со што се изнајде решение со кое ќе функционира принципот на владеење на правото согласно европските вредности.Тоа значи дека ќе се создадат услови за еднаквост на странките во судските постапки, а со крајна цел да имаме правда за сите.Како пратеници им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во подготовката на законот, како Европската Унија и САД, така и експертската и политичката јавност, но и на пратениците кои ги надминаа личните и партиските интереси и застанаа зад промоцијата на правната држава и уште еднаш потврдија дека се залагаат за европската интеграција на Република Северна Македонија.Очекуваме дека сите пратеници ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе се стават во функција на правната држава и овој Закон ќе биде донесен со потребното мнозинство, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.фото:СДСМ

Македонија | пред 6 години

IMG_0426

Милевски: Со ИПА II градиме добрососедски односи преку меѓуграничната соработка со Албанија

Девет реализирани проекти и пет нови кои почнуваат од 2020 година е резултатот на Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020 како дел од претпристапна помош поточно ИПА фондови.Програмата ИПА II ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграција кон Унијата и унапредување на социоекономскиот развој, потврди министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Оваа Програма за прекугранична соработка го покрива периодот 2014-2020 година и е поврзана со финансиска перспектива на Европската заедница.- Пограничната област меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија е окарактеризирана како една од помалку развиените области и една од областите со најнеповолни можности и услови за социо-економски развој на целиот европски континент поради руралниот, планинскиот карактер на областа за прекуграничка соработка. Дополнително, тековниот развој на областа, опфатена со Програмата, потекнува од група историски, демографски, политички, географски и економски фактори, коишто не можат да се надминат во краток временски период, рече Милевски.Според него од реална гледна точна, не може да се очекува областа опфатена со Програмата брзо да расте, иако се стреми кон побалансиран, инклузивен и одржлив социоекономски развој преку тестирање на нови инструменти и решенија, учење од другите региони и мобилизација и експлоатација на ендогениот потенцијал. Ова може да доведе до повисок животен стандард, самодоверба и до социјална сигурност.- Програмата се фокусира на три тематски приоритети од Регулативата за ИПА II, коишто произлегуваат од анализа за потребите и можностите. Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите и заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик. Програмата за прекугранична соработка вклучува и приоритет за техничка помош, додаде Милевски.Техничката помош ќе обезбеди добро управување со Програмата за време на нејзиното спроведување и развој на капацитетите на релевантните засегнати страни. Распределувањето на финансиите за овој приоритет изнесува 10% од буџетот на Програмата.- Индикативна распределба на буџетот за тематските приоритети претставува консензус меѓу начелото за фокусирање комбинирано со балансирана дистрибуција на средствата. Исто така, се обрна внимание на капиталниот интензитет на веројатните проекти и фактичкото рангирање на тематски приоритет каде туризмот, културното и природното наследство беа најпретпочитани теми за поддршка, рече Милевски.Од 2014 до 2020 година се издоени средства од ЕУ во висина од  11 900 000 евра за Операции тематски приоритети - 10 710 000 евра, 85% од ЕУ останатите од Министерство за локална самоуправа, Техничка помош изнесува во износ од 1 190 000 евра која 100% ја покрива ЕУ.Во рамки на овој проект Пелагонискиот регион опфаќа 9 општини : Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен; Полошкиот регион опфаќа 9 општини: Боговиње, Брвеница, Гостивар, Јегуновце, Маврово и Ростуша, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино;Југозападниот регион опфаќа 9 општини: Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Плашница, Струга и Вевчани.Во Република Албанија пак ги опфаќа Регионот Дибра, Булкиза, Бурели, потоа Регионот Елбасан, Церику ,Грамши, Либражди и Пеќини, Регионот Корча ги вклучува областите Деволи, Колонја и Поградец.Заеднички комитет за мониторинг е телото кое ги донесува одлуките за Програмата за прекугранична соработка и е одговорно за следење на ефективноста и квалитетот на спроведувањето на неа.Министерството за локална самоуправа освен со Албанија, меѓуграничка соработка има и со Грција, Косово и Бугарија.фото: Министерство за локална самоуправа МЛС

пред 6 години

Foto-2-1

Пендаровски се сретна со Паола Северино, Специјален претставник на Претседавачот на ОБСЕ за борба против корупцијата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Паола Северино, Специјален претставник на Претседавачот на ОБСЕ за борба против корупцијата.На средбата претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени долгорочната плодна соработка со ОБСЕ, како и поддршката и помошта што државата ја добива во нејзините напори за подобрување во владеењето на правото, судскиот систем, изборните реформи, меѓуетничките односи и процесот на децентрализација.Претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на државата да ја продолжи соработката со ОБСЕ, во согласност со националните приоритети, особено во однос на спроведувањето на националните стратегии и акциони планови, преку обезбедување експертиза и законодавни совети.Истакнувајќи ја важноста за системско справување со корупцијата, претседателот Пендаровски го посочи донесувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) како важен чекор кон намалување на можностите за корупција и обезбедување на јавната доверба кон вршењето на власта со јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во сите сектори во општеството. Претседателот Пендаровски ја реафирмираше потребата за скорешно усвојување на стратегијата во Собранието.На средбата беше посочена важноста од донесување на Законот за јавно обвинителство.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Камион излетал од патот пред с.Ростуше, возачот со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 09.02.2020 во 12.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар - Маврови Анови, пред крстосница за с.Ростуше, товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(56) од с.Стримница, општина Желино, излетало од патот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

brza-pomos-2

Скопјанка, повредена во сообраќајна несреќа

На 09.02.2020 во 19.50 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од Скопје, удрило во пешак Т.С.(48) од Скопје. Во незгодата, Т.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

policija-123

Албански државјани непријавено престојувале во земјава

На 09.02.2020 околу 19.50 часот на влезот во с.Шемшово, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода албанските државјани А.Д.(57) и А.Б.(35), кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово, по што биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај три лица од Скопје, полицијата пронашла ножеви

На 09.02.2020 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Есперанто“, при извршен преглед кај В.М.(23), Д.С.(26) и А.Т.(27), сите од Скопје, пронашле три ножеви. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

nake-kulev

Чулев: Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалната мрежа ФБ објави  рекација за изгласаниот законот за Јавно обвинителство на владина седница. Тој пишува дека е законот е изгласан на насилен начин и спротивно на уставот.-Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог текст на Законот за јавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот кој беше направен во последните три години.Во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие вечерва се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење на системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група на луѓе, напиша Чулев на ФБ.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/127469678779835

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мизрахи го крши Уставот и дрско лаже, таа е олицетворение на груевизмот која работи против ЕУ и НАТО по налог на Мицкоски

Граѓаните на дело гледаат што значи враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски. Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже, се вели во соопштението од СДСМ.Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.Таа по налог на Мицкоски и Груевски свесно го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.Тоа е единствена цел на извршителот Мицкоски, државата да се врати во изолација, во режим, да биде надовр од НАТО и ЕУ.Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.Затоа на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики повторно ќе бидат поразени, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Власта на шеверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија

Власта на шеверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија кои се спротивни на интересите на македонските граѓани. Гласот на пратениците и граѓаните кои ги претставуваат е злоупотребен, правото и правдата се на распродажба, а се повторуваат сите оние немили сцени кога се купуваа, уценуваа и притискаа пратениците, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Аболицираниот криминалец Зоран Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда преку новото законско решение за законот за обвинителство се обидуваат по секоја цена да издејствуваат амнестија за криминалите кои тој и неговата банда ги сторија изминатите 3 години.Новиот закон кој на сила власта сака да го донесе, ќе ги амнестира фунцкионерите кои се богатеа на грбот на граѓаните, преку криминални тендери и грантови. Ќе ги амнестира сите оние зделки во 4 очи, зделки при кои беа злоупотребени парите на граѓаните.Зоран Заев е свесен дека по 12 април неговата политичка кариера е завршена. Тој се плаши од реформирано и професионално обвинителство кое ќе ги процесуира сите негови криминали, поткупи, рекети, закани и злоупотреби.ВМРО-ДПМНЕ апелира новото законско решние да го креираат експерти бидејќи само така во Македонија може да се врати правдата и да завладее правото. Само закон позади кој стојат експертите и правната фела може да ја доближи нашата држава до Европската Унија и да обезбеди подобро утре за сите нас.После 12 април нема веќе амнестија за криминалот. Со обновата на Македонија, почнува одговорноста за стореното и еднаквоста пред законите.Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Крадци на дрва бегале од полицијата, возилото го фрлиле во провалија

На 08.02.2020 во 21,20 часот на ул.“1523“ полициски службеници од СВР Скопје, вршејќи редовна служба, се обиделе да запрат патничко моторно возило „Даеву Нексија“ без регистарски таблички, во кое имало две лица, а возилото било натоварено со огревно дрво.Возачот на дадениот знак не застанал и со голема брзина се упатил по бул.„Борис Трајковски“, а потоа кон с.Батинци и с.Елово. Полициските службеници се упатиле по возилото и го пресретнале во атар на место викано „Црвена“. Од возилото излегле двете лица и истото го турнале во провалија, по што го напуштиле местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04022020_VRSM_6_sednica_na_Vlada3

Владата поништи 89 решенија на Наќе Чулев за распоредување во МВР

Поништени се решенијата за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година, информираше Владата.Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на синоќешната седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари годинава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Денеска продолжува „Рекет“, обвинителството ќе презентира нови докази против Јанева и Боки 13

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи обвинителството да ги презентира доказите во случајот „Рекет“ во кој обвинети се бојан Јовановски Боки и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Станува збор за снимки на кои се прикажани Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски -Кичеец и Камчев, што беа објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми, само што истиот настан беше прикажан од повеќе агли односно од други камери.Беше пуштена и снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија.Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

10-Progressive-encephalomyelitis-with-rigidity-and-myoclonus-PERM

Ги запознаваме ретките болести: Прогресивен енцефаломиелитис со ригидитет и миоклонус

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Прогресивен енцефаломиелитис со ригидитет и миоклонус (ПЕРМ)ПоимПрогресивниот енцефаломиелитис со ригидитет и миоклонус (ПЕРМ) е редок и тежок невролошки синдром кој се карактеризира со мускулна вкочанетост, спазам, грчеви, како и дисфункција на мозочното стебло и автономниот нервен систем.СимптомиAвтономна дисфункција, болни грчеви, хиперрефлексија, проблеми со дишењето, амнезија, дискинезија (неволна мускулна активност која може да се изрази во вид на тикови или стереотипни движења). Симптомите се јавуваат поради нарушување во преносот на глицинот (глицинот е инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем) во синапсите, особено во ‘рбетниот мозок и мозочното стебло.ЕпидемиологијаКласичниот ПЕРМ ги зафаќа жените два до три пати почесто од мажите. Предложени се неколку класификации за СПС според сериозноста или распределбата на вкочанетоста и сродните невролошки наоди.ПатогенезаГолем чекор напред во разбирањето на патогенезата на ПЕРМ се случи во 1988 година, кога асоцијацијата помеѓу анти-GAD антитела и ПЕРМ за прв пат е проучена. Антителата против GAD (глутамат декарбоскилаза) се 80% позитивни кај пациенти со ПЕРМ. Други антитела, како што се Н-метил-Д-аспартат (NMDA) антитела, се поврзани со различните подединици од рецепторот NMDA. Пријавени се абнормалности и во други мозочни области, како што е корпус калозум или мозочното стебло. Нешто повеќе од половина од пациентите имаат асоциран тумор, најчесто тератом на јајниците што може да се помеша со бенигна циста. Откривање на тумор пак е ретко кај машки пациенти со ПЕРМ. Други видови на тумори во изолирани случаи вклучуваат тератом на медијастинумот, карцином на белите дробови, Хоџкин лимфом, невробластом, карцином на дојка и тумор на тестисите. Многу интересно, анти-LGI1 антитела при оваа болест се причина за влошување на меморијата, епилептични напади, ментални нарушувања и хипонатремија. Хипонатремијата е карактеристична карактеристика на анти-LGI1 AE, а 60 до 88% од таквите пациенти имаат отпорна хипонатремија. Патогениот механизам, најверојатно, е поврзан со синдромот на несоодветно лачење на антидиуретичен хормон. Комбинацијата на антитела кои се присутни при ова заболување се претпоставува дека може да биде одговорна за прогресивниот карактер на истата.ДијагнозаТешко е да се постави дијагнозата на ПЕРМ. ЕМГ, антитела во серумот и цереброспиналната течност може да помогнат да се потврди дијагнозата. Почетната клиничка презентација може да биде многу неспецифична и невообичаена. Се забележува и високо ниво на Д. Ова го објаснува постојниот ризик од тромбоемболизам. Во меѓувреме, вообичаени диференцијални дијагнози на ПЕРМ синдром се паранеопластичен синдром и останати невромускулни заболувања.ТерапијаИмунотерапијата, плазмаферезата, интравенските имуноглобулин (IVIG), кортикостероиди и ритуксимабот се пријавени како успешни во поединечни случаи, иако ефикасноста на овие агенси не е утврдена. Покрај тоа, некои извештаи ја демонстрираат ефикасноста на долгорочниот третман со азатиоприн. Сепак, ПЕРМ останува клинички ентитет кој постојано се збогатува со нови симптоми и антитела. Циклусите на плазмафереза и IVIG не покажуваат значителен терапевтски напредок.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!фото: Ретки болести

Македонија | пред 6 години

09022020_VRSM_8_Sednica_na_Vlada1

Владата го усвои законот за ЈО, сега влегува во собраниска процедура

Владата на Република Северна Македонија на својата 8-ма редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието на Северна Македонија по скратена постапка.Утврдениот Предлог-закон е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.Решението на Предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.Новина во Предлог-законот е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Советот ќе го именува кандидатот кој што ќе освои најмногу гласови од листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите согласно овој закон.Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон.На оваа 8-ма седница е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој исто така на Собранието на Северна Македонија му се предлага да биде усвоен по скратена постапка.Целта на предложените измени и дополнувања е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинителисо посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување.Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на оваа седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

vreme-10-ti

Денеска сончево со мала до умерена облачност, од утре дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен југозападен ветер.За утре пак метеоролозите најавуваат Променливо облачно време, во западните и северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер.извор: УХМР

Македонија | пред 6 години

oskari

„Медена земја“ не доби Оскар, на годинешната манифестација доминираше корејскиот „Паразит“

Оскарот за Најдобар филм на 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот Долби во Лос Анџелес го доби јужнокорејскиот филм „Parasite“. Филмот раскажува приказна за сиромашно семејство кое со измами успева да се вовлече во домот на своите богати сограѓани, односно, за класните разлики во јужнокорејското општество.Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозерецот на соседот“, за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивид“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“.Три оскари  доби воената драма „1917“и тоа за најдобри звук, кинематографија и визуални ефекти.Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за филмот „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.Најпосакуваната статуетка за најдобра машка главна улога замина во рацете на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, додека  во женска наградата  ја освои Рене Зелвегер за „Џуди“.Популарниот Бред Пит доби оскар за најдобра машка споредна улога. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн.Детскиот „Приказана за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“.Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио  оскарот отиде кај Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“.Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“.Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“.фото: ФБ 

Магазин | пред 6 години

samir

(ВИДЕО) Снимателот на „Медена земја“ направи летна манџа пред да оди на Оскарите

Македонскиот хит „Медена земја’“ вечерва претендира за две награди на доделувањето на Оскарите – Најдобар документарец и Најдобар странски филм.Медените подготвени за спектакуларниот настан. Еден од кинематографите Самир Љума – објави кратко видео на Facebook во кое релаксирано си подготвува вечера и порача:„Припрема за Оскари. Ајде чао, се гледамо вечер на црвен тепих“.https://www.facebook.com/samir.ljuma/videos/10157664977500520/видео: ФБ Самир Љума 

Магазин | пред 6 години

berl-cad

(ФОТО) Дескоска симболично преку фотографија на ФБ најави дека Власта обезбеди мнозинство за Законот за ЈО

Mинистерката за правда, Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави фотографија од бел чад, повлекувајќи паралела со изборот на Папа во Ватикан, кога белиот чад се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква.Телевизија Телма објави дека Власта обезбеди 80 гласови за законот за јавно обвинителство, повикувајќи се на информации од владини извори.Седницата е закажана за вечерва во 22 часот. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2606276779651426&set=a.1428625117416604&type=3&theaterфото: ФБ Рената Дескоска

Македонија | пред 6 години

14012020_VRSM_3_sednica_na_Vlada3

Владата на Северна Македонија редовната 7 седница ќе ја одржи во Охрид

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 7 седница ќе ја одржи во Охрид како петта од серијата седници што се одржуваат во 10 региони во земјата.Централна точка на дневниот ред на оваа седница е информацијата за состојбите и извршените посети во општинитe Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца.Во рамките на оваа точка градоначалниците на овие општини ќе презентираат информации од интерес на граѓаните и ќе информираат за одредени прашања и проекти од плановите за работа на локалните заедници, и согласно тоа, на седницата ќе се дадат насоки за политики и одлуки за проекти кои можат да се реализираат во соработка меѓу локалната и централната власт.На седницата во Охрид ќе биде разгледаната и информацијата за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршен инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за превземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.На оваа седница, амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ пред министрите на Владата ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе ги посети фабриките ЛТХ Леарница Охрид (14:45) и Братство Инокс (15:30).Средби и други теренски активности во текот на денот во регионот ќе имаат и заменичката претседателка во Владата задолжена за економските ресори Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министрите без ресор задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска и Елвир Хасан, како и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.Пред почетокот на седницата на Владата која што е предвидено да започне во 17:30 часот, во салата за седници на Општина Охрид, изјава за медиумите ќе даде претседателот на Владата Оливер Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

MACE2410-1

Царовска: Вредноста на нашето владеење е социјален дијалог, слобода и демократија

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска попладнево како дел од конференцијата „Еден Балкан кон ЕУ“, учествуваше на панел дискусијата посветена на искуствата и предизвиците од ЕУ интеграцијата.„Сметам дека како социјал демократи  покажавме дека вредноста со којашто владееме е социјалниот дијалог, слободата и демократијата”, рече Царовска.Осврнувајќи се на промените коишто беа направени изминатиот период и се во интерес на граѓаните и напредокот на земјата, Царовска истакна дека сите одлуки се носени во широка консултација со сите засегнати страни, а тоа е постигнато со почитување на Глобал Диал што го потпишавме како прва земја од регионот. Царовска истакна дека до потпишувањето се обврзавме сите значајни одлуки да ги носиме преку дијалог.“Како поранешна министерка за труд и социјална политика би кажала неколку искуства од значајни промени што ги направивме, а беа во интерес на граѓаните и беа донесени со постигнување на договор“.Една од нив којашто ја направивме на само три месеци од доаѓањето на власт е зголемувањето на минималната плата за 50 евра. Минималната изнесуваше 150 евра а работниците ни се продаваа како евтина работна сила. Со договор успеавме да ја подигнеме на 200 евра и при тоа да нема отпуштања ид работа. Но не запираме овде, неодамна имаше уште едно зголемување на минималната плата од 12.000 на 14.500 денари, што значи за период од две и пол години минималната плата порасна за околу 100 евра и тоа во договор со работодавачите и со синдикатите.„Сега и од позиција на вицепремиерка најавувам дека платите ќе продолжат да растат за што како влада обезбедивме субвенции”, рече Царовска.Царовска истакна дека со економско социјален дијалог се креира и Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.„Со вистинско усогласување на потребите на пазарот на трудот како влада работиме на намалување на невработеноста”, рече Царовска.Царовска истакна дека во следен мандат останува предизвикот да се донесе целосно нов Закон за работни односи.„Следниот мандат ќе треба да го донесеме новиот ЗРО. Првиот драфт на текстот го усогласивме сите заедно со дијалог во којшто беа вклучени синдикатите, работодавачите, стопанските комори, граѓанските организации и науката.““Навистина ми е драго што успеавме да го донесеме Законот за недискриминација. Не беше лесно да се дискутира за ова прашање. Но со вклучување на повеќе страни успеавме да подготвиме добар европски закон“, рече Царовска.видео и фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

20200207_121849

Детектор: Мнозинството граѓани смета дека во Македонија постои родова еднаквост – жените се уште се чувствуваат дискриминирани

Мажите и жените во Македонија се еднакви и имаат еднакви шанси за професионален напредок.Повеќе од половина од граѓаните анкетирани во последното истражување на јавното мислењеспроведено од Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 54% од граѓаните се настав дека мажите и жените се рамноправни и имаат еднакви можности за професионаленнапредок, додека 32% имаат спротивно мислење.Анализата на одговорите и нивната родовата структура покажуваат дека кај жените ставовите сеподелени односно, 44,5% мислат дека жените и мажите се рамноправни додека 41,6% имаатспротивно мислење. Кај мажите ставовите се значително подиференцирани. 65,7% мажи сметаатдека во земјава постои родова рамноправност кој овозможува еднакви права за професионаленнапредок додека 22,1% имаат спротивно мислење.49,5% од анкетираните сметаат дека има родова дискриминација при вработување, додека 40,6%мислат дека нема. Кај младите до 29 години ситуацијата е поразлична. Меѓу нив, 64,9% сметаатдека постои родова дискриминација при вработување, додека само 28,1% имаат спротивномислење.Точно половина од анкетираните сметаат дека во Македонија, мажите и жените на исто работноместо земаат иста плата. 30,8% сметаат дека мажите се платени повеќе, додека само 4,6% сметаатдека повеќе пари земаат жените. 57,8% од мажите и 42,4% од жените сметаат дека во земјавамажите и жените на исти работни места земаат иста плата. 38,4% жени и 23,1% мажи се на ставдека мажите земаат повеќе плата за исто работно место, додека само 5,6% мажи и 3,6% женимислат дека за исто работно место повеќе се патени жените.49% од анкетираните сметаат дека мажите и жените се рамноправни во јавниот сектор додека34,1% го тврдат спротивното.61,1% од граѓаните се на ставот дека жените почесто се жртви на мобинг, а само 7,1% мислат декамажите почесто се соочуваат со овој проблем. 31,8% од анкетираните немаат одговор на овапрашање.61,2% од анкетираните велат дека при интервју за работа ниту тие ниту некоја женска личност која ја познаваат не биле прашани дали планираат да имаат деца. За разлика од нив, 26,5% оданкетираните велат дека ова прашање сепак им било поставено. 69,6% од анкетираните велатдека не познаваат некој кој бил отпуштен од работа поради бременост, иако има 18,5% одграѓаните кои сепак познаваат некоја жена која останала без работа поради бременоста.58,8% од анкетираните сметаат дека е фер и во интерес на детето, праксата во случај на разводстарателството да го добие мајката, додека 23,6% го мислат спротивното.Дури 71,5% жени сметаат дека е во интерес на детето старателството да го добие мајката, а со тоасе согласуваат 45,8% од анкетираните мажи. Во спротивното се убедени 32,2% мажи и само 14,4%жени.45,9% од анкетираните сметаат дека во политиката треба да има позитивна дискриминација за дасе зголеми бројот на жени, додека 36,7% се против позитивната дискриминација.Мнозинството анкетирани или 46,7% сметаат дека во политиката и сега има доволно жени,додека 41,7% се на ставот дека нивниот број треба да се зголеми.Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувањаСкопје врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници во периодот од 28 до 31 јануаригодинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања