Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

krazbi

Фатени крадците кои ограбуваа викенд куќи во „Лагадин“ и „Елешец“

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид како и против К.А.(38), од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“. Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги сторил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор.Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот К.А. ги транспортирал и сокривал во својот дом. Судија на претходна постапка, на С.Ѓ. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП:ДУИ и ВМРО ДПМНЕ е главни виновници за тоа што немаме попис во Македонија

ВМРО-Народна партија ја следи иницијативата на ДУИ за промена на изборните граници по изборни единици. Сакаме да потенцираме дека ДУИ нема ниту морално ниту политичко право по два основи да го поставува ова прашање, се вели во соопштението од ВМРО НП.Најпрвин, како што се сеќаваме, заедно со ВМРО-ДПМНЕ се главни виновници за тоа што немаме попис во Македонија, а без попис можеме само од око да цениме која изборна единица е поголема, а која помала.Второ, ДУИ беше најголемиот противник на иницијативата Македонија да биде една изборна единица.ВМРО-Народна партија тогаш јасно ги повикуваше албанците дека во тој случај тие најмногу ќе добијат со тоа, затоа што ќе се корегираат сите неправилности кои произлегуваат од бројот на гласачите по изборните единици.Така што за оваа иницијатива беспредметно е да се разговара особено поради фактот дека не е исполнет основниот услов по кој би можеле да се прекројуваат изборните единици, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Боки 13 го молел Заев да го прими, а тој му вратил: „Ги видов доказите, ова е чист рекет“

На денешното рочише „Рекет“ обелоденета комуникацијата на Боки13 со Зоран Заев.Сум го покажал многу пати. Од мене никогаш нема да слушнеш дека сум го злоупотребил твоето име. Кога сум имал нешто прво сум ти кажал тебе. Нашиот однос зависи од тебе. Те молам размисли да се видиме. Јас сум ти пријател”, пишува во принт скринот испратен од Јовановски кон неговата мајка Јасминка Јовановска, од комуникација преку телекомуникациска апликација а каде стои името “Зоран Заев”.„Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. Извини, но грозно е“, пишува во принт скринот каде се гледа името „Зоран Заев“, а која Јовановски ја препратил кај неговата мајка Јасминка Јовановска.„Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име. Ве молам да ме примите“, пишува повторно Јовановски до Заев.„Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас морам да постапам“, повторно пишува во принт скринот каде е прибележано името на Зоран Заев, а кој Јовановски го испраќал на својата мајка.Според досега презентираната документација, не се знае дали по овие пораки Заев се сретнал со Јовановски во врска со неговите барања во случајот „Рекет“ за кој беше отворена истрага во почетокот на мај минатата година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

medena-1

Владата за „Медена земја“ издвои 3 милиони денари

На оваа своја седницата, Владата донесе одлука, во знак на признание на меѓународниот успех, на екипата на документарниот филм „Медена земја“, да им биде доделена награда во висина од 3 милиони денари.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

11022020_VRSM_7_sednica_na_Vlada1

Владата поништи решенија од техничката министерка за труд и социјлна политика

Владата на Република Северна Македонија, на 7-та седница што се одржа во Охрид донесе одлука за поништување на решенијата донесени во периодот од 21 до 31 јануари од министерката за труд и социјална политика, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Zgrada-Opstina

Во Битола ќе се гради пречистителна станица за отпадни води

На седницата на Влада усвоена е информацијата за склучување на билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија за ко-финансирање на големиот инвестициски проект за отпадни води во агломерацијата на Битола, со што во оваа општина за прв пат ќе започне изградбата на пречистителна станица за отпадни води.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

11022020_VRSM_7_sednica_na_Vlada2

Владата ја усвои информацијата за работата на мониторинг мисијата на УНЕСКО за Охридскиот регион

На редовната 7-ма седница што се одржа во Охрид, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што во рок од 10 дена треба да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.Во врска со оваа точка Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за Катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).Како дел од заклучоците во однос на оваа точка, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија доби задолжение да формира работна група од претставници на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за култура, која што во рок од 10 дена треба да изработи техничка спецификација за анализа на потенцијалната алтернативна железничка рута, предложена во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.На оваа седница беше разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за наведените подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Северна МакедонијаВладата не го прифати приложениот извештај на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и го задолжи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти во јадрото на Старата Скопска Чаршија.Во врска со оваа точка, Владата ја задолжи Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

agencija-za-film

Поднесено обвинение за злоупотреба во Агенцијата за филм

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата се товари дека како службено лице – директор на Агенцијата за филм, во периодот од 21.01.2016 до 14.06.2017 година, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на службеното овластување, за правното лице Јадран Филм ДООЕЛ Скопје прибавила значителна имотна корист од 68.000.000 денари.Имено, спротивно на член 18 од Законот за филмска дејност, таа незаконито раководела со постапката за избор, исплата на одобрени парични средства и надзор над производството на филмски проект – играна серија од 4 сезони со наслов „Македонија“.По објавен конкурс за финансирање проекти од национален интерес, на 21.01.2016 година, обвинетата дала предлог за избор на проектот „Македонија“, а ваквиот предлог бил прифатен од Управниот одбор на Агенцијата за филм. На 10.02.2016 година таа склучила Договор со правното лице Јадран Филм ДООЕЛ Скопје за финансирање на проектот во износ од 283.000.000 денари без да обезбеди банкарска гаранција во висина од 25% од износот на одобрени средства.Притоа, не биле приложени ниту потврда за обезбедени сопствени парични средства на Јадран Филм ДООЕЛ Скопје во износ од 17.988.750 денари, детален буџетски приказ со спецификација на планирани средства за реализација на секоја ставка по цена, количина и број, разработен план за снимање на серијата со наведено времетраење и локација, а не постоел ниту доказ за успешност, односно претходно продуцирани филмови од наведеното правно лице. Договорот бил склучен само врз основа на приложен концепт за серија наместо изготвено сценарио.На 26.10.2016 година обвинетата склучила анекс-договор со кој го намалила бројот на епизоди во првата сезона од 25 на 14. На 27.10.2016 година, без претходно одобрение од Управниот одбор, склучила втор анекс-договор со кој дозволила однапред да се изврши исплатата на одобрени средства за првите две фази од првата сезона на проектот во износ од 68.000.000 денари, иако била обврзана исплатата да ја врши за секоја фаза одделно врз основа на претходно доставен и одобрен извештај за наменски потрошени средства со доказ за извршени исплати.На 23.11.2016 година обвинетата наложила исплата на износот, иако знаела дека Јадран Филм ДООЕЛ Скопје не постапил по Договорот, односно воопшто не ја спровел првата фаза од проектот – развој и подготовка, не создал услови за отпочнување на снимањето, не ангажирал директор на фотографија, актери, монтажер, костимограф, сценограф, опрема за снимање и камермани.На 14.06.2017 година, при постоење на истите околности, по претходна одлука на Управниот одбор, обвинетата склучила трет анекс-договор со кој го продолжила времетраењето за производството на првата сезона и со тоа и нанела значителна имотна штета на Агенцијата за филм.Истражната постапка во овој предмет најпрвин ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но во текот на постапката се утврди дека станува збор за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 од Кривичниот законик, па предметот беше доставен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. По приемот на предметот, надлежниот јавен обвинител презеде и дополнителни истражни дејствија, а по нејзино барање изврши и дополнителен распит на осомничената, по што до Основниот кривичен суд Скопје беше поднесен Обвинителен акт. За обвинетата на сила се претходно определени мерки на претпазливост.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев бара амнестија за себе и своите послушници

СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце. Не ги почитуваа ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев  предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда.Со овој закон Заев сака и понатаму  да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка.Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата.На сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон.По 12 Април ќе следува одговорност за се.Правда мора да има. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Не успеа мисијата на Мицкоски да го одбрани криминалот на својот шеф Груевски

Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.  И покрај сите блокади, кочења, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот, се вели во соопштението од СДСМ.Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура.Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.Пратениците во Собранието треба да се стават на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаат за ова законско решение, да се постигне потребното мнозинство во Собранието.Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Преживување

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.  Да се одржи квалитетна, стабилна и хармонична љубовна врска стана исклучително тешка мисија, бидејќи разните искушенија, опаѓањето на моралните вредности, подложноста на ниските страсти и отсуството на срамсе повеќе стануваат наше секојдневие. Чесниот, искрен и посветен поединец не знае што може да го снајде во доменот на љубовта, посебно ако оствари љубовен однос со неморален, манипулативен и некомпатибилен партнер/ка. Едно од најголемите прашања кои го окупираат современиот човек е како да постигне мир, среќа и хармонија и да изгради врска со позитивна, стабилна, духовно изградена и емоционално посветена личност?Копнежот да бидеме со „најдобриот/најдобрата“ неретко создава големи разочарувања, немири и страдања, зашто со желбата сé да биде идеално пропуштаме да ги согледаме вистинските доблести и слабости на партнерот. Идеализацијата на другиот и стремежот кон совршенство е главната причина за создавање проблематични и неуспешни љубовни односи. Не е добро кога параноично се однесуваме и сметаме дека ќе бидеме искористени, изманипулирани и изневерени, но не е добро ѝако непромислено и безрезервно веруваме во зборовите на лицето со кое започнуваме врска. Довербата треба да се заслужи, а посветеноста да биде резултат на заемна љубов, вложување и надополнување.Што треба да направиме за да го пресечеме јазот што води кон пропаст, отуѓување и разочарување?За да бидеме среќни, неопходно е да станеме храбри, решителни и подготвени да воведеме коренити промени во својот живот. Одржувањето однос во кој се чувствуваме несреќни, незадоволни и фрустрирани е сигурен показател дека страдањето, неуспехот и стагнацијата уште долго време ќе бидат наше секојдневие. Преокупираноста со настаните од минатото не е добра одлука, туку јалова работа која создава лоша енергија и страв од перспективите на иднината. Нештата кои не можеме да ги промениме, најдобро е постепено да ги разрешиме, да ги заборавиме и да се отвориме за позитивните можности во животот. Прифаќањето е клучниот аспект на разрешувањето и себе ослободувањето од штетните обрасци на однесување.Расчистувањето со лошите искуства од минатото е првиот знак дека се отвораме за перспективите на иднината. Осознавањето на грешките, работењето на личниот развој, будењето на оптимизмот и преземањето одговорност за сопствениот живот се основни вредности што овозможуваат напредок, успех и уживање во мигот на сегашноста.Врз основа на научената животна лекција ние ја градиме суштината на личноста, осознаваме колку вредиме и сфаќаме што треба да преземеме за поретко да сретнуваме проблематични лица и доживуваме тешки љубовни разочарувања.Останувањето во токсичен однос максимално ја дисхармонизира нашата психофизичка состојба и ги уништува шансите за напредување и доживување нешто ново и поубаво во животот. Самопочитувањето, актуализирањето на сопствените вредности и нé дозволувањето другиот да ја управува и потценува нашата личност се главните фактори за постигнување мир со себе и напредок во љубовта. Секој е должен да ја препознае својата посебност, да го истакне и даде најдоброто од себе, без да стравува од судот на јавноста. Фокусот кон сопствените вредности, борбениот дух и независноста се силна брана пред налетите на „дежурните“ критичари. Кога зрачиме со позитивизам, шириме мир и создаваме добри дела, воопшто не е битно дали завидливците и негативците ќе најдат начин да го критикуваат нашето однесување.Некои лица се научени постојано да земаат, а со ништо добро да нé возвратат. Една од најголемите илузии е да се надеваме дека таквите поединци ќе нé прифатат, почитуваат и третираат како значајна личност во нивниот живот. Треба да знаеме дека постојат многу неблагодарни и себични индивидуи, така што е неопходно да внимаваме на емоциите и да преиспитаме кому се отвораме и како ја трошиме својата психофизичка енергија. Мудро ќе постапиме ако ги избегнуваме единките кои определиле постојано да се жалат, да критикуваат и песимистички да размислуваат.„Кој не ме сака, не ме ни заслужува“ е максима на лицата кои држат до себе и веруваат во сопствените вредности. Опсесивната потреба некој постојано да нé сака, почитува и вреднува може да ни создаде тага, несигурност и дисхармонија.Поединците кои не се сакаат и вреднуваат самите себеси, многу ретко ќе биде задоволни, исполнети и среќни во љубовта. Колку ѝ да ги даруваме со нежност и внимание, тоа за нив ќе биде недоволно, зашто тие живеат со страв и убедување дека целата таа љубов еден ден ќе исчезне.Не постои човек кој може постојано да ја пополнува нашата емоционална празнина, да нéизбави од стравот и води по патот на мирот, среќата и хармонијата, ако притоа ние самите не го направиме првиот чекор и веруваме дека ќеоствариме животна полнота.Кога грижливо, внимателно и позитивно се однесуваме кон сопствената личност, тогаш осознаваме дека мирот во душата исклучиво зависи од личната ангажираност и посветеност. Постојаното исчекување другите да нé разберат, засакаат и да ни помогнат да се извлечеме од проблемите, може да ни создаде уште поголеми разочарувања. За да ги избегнеме таквите ситуации, неопходно е да работиме на подигнување на сопствените вредности, да го зајакнеме духот, да го пронајдеме доброто во себе и да сфатиме дека никој не е совршен во сé.Тагувањето за партнер кој/а со своето неморално и неубаво однесување ја повредил нашата личност е знак за ниско ниво на самопочитување и за подложност на психолошки мазохизам. Не треба да ги задржуваме лицата кои одлучиле да изневеруваат или лошо да постапуваат, животот е премногу краток за да се разјадуваме, страдаме и фрустираме поради поединци кои не се искрени, чесни и емпатични. Наместо да преживуваме и да ѝ се радуваме на секоја трошка што ја добиваме,треба да направиме сé што е во нашата моќ за вистински да живееме и напредуваме во доброто. Пуштањето подразбира физичко дистанцирање, ментално заборавање и емоционално ослободување од единката со кој/а сме доживеале негативниживотни искуства. Разочарувањата нéсмеат да нé блокираат за вистинската љубов, бидејќи постојат добри, чесни и позитивни лица кои ќе умеат да ги препознаат нашите вредности и да нé даруваат со искрена љубов, посветеност и емпатија.Понекогаш многу подобар избор е одреден период да бидеме сами, отколку да одржуваме однос во којсе чувствуваме осамени. Проблемите ќе станат уште поголеми доколку опстојуваме со некој/а само за да не останеме сами. Решението е да бидеме трпеливи, да веруваме во себеси и да знаеме дека тоа што е наше ќе си дојде.Кога поседуваме високо ниво на самосвест, достоинство, храброст и самодоверба тогаш нужно ќе престанеме да се себеизмачуваме, опстојувајќи во врска со лице кое претпочита да омаловажува, потценува и постојано да критикува. Треба да имаме на ум дека некои се такви скроени и нивната матрица на однесување е другиот да гообезвредат, понижат и подредат, со цел да ја сокријат својата емоционална оштетеност, несигурност, инфериорност и фрустрираност.Неретко токму болките, страдањата и разочарувањата се голем стимул за одење напред во животот и за позитивно чувствување на секој нов миг исполнет со радост, љубов и ведрина. Кога не би постоеле лицата кои со своето лошо и негативно однесување ја повредиле нашата личност, ние не би можеле да научиме значајна животна лекција и да сфатиме колку се значајни мирот во душата и топлината во срцето. Токму падот во љубовната бездна и емоционалното отрезнување го будат најдоброто во нас и го создаваатклучниотпресврт за искачување кон духовноста, среќата и љубовта.Заклучокот е секогаш да искажуваме благодарност за животните лекции кои сме ги осознале и да му се радуваме на сето добро што го поседуваме, бидејќи и покрај сé – научивме да нé преживуваме, туку вистински да живееме.

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска потопло, но со услови за слаби локални врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската темпертуа ќе се движи од минус еден до нула, а дневната температура од шест до 18 степени.Во Скопје слично време, со температура од 0 до 14 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kamion

(ФОТО)Охрид SOS: Додека Владата одржуваше седница во Охрид, се узурпураше крајбрежјето во Струга

ФБ статус на Охрид SOSДодека Влада на Република Северна Македонија вчера одржуваше седница во Охрид, каде информации за состојбата во Охридскиот Регион требаше да дадат градоначалниците на Општина Охрид, Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga и Општина Дебрца, на делницата помеѓу кампот Ливадишта и Струга, камиони депонираат директно на брегот, а градежни активности се изведуваат над патот.Иако на претставниците на Реактивната Мониторинг Мисија им укажавме на узурпацијата на крајбрежјето што се случува на потегот од Струга до Радожда, не е познато дали домаќините ги однесоа натака, со оглед дека минатиот пат, во 2017 година, не го сторија тоа, и за време на нивниот престој се случуваа слични градежни активности.Дали ова им го пренесоа Edmond Ademi, Ramiz Merko - Faqja Zyrtare, Министерство за животна средина и просторно планирање, Goran Sugareski, или го ставија во извештајот доставен до UNESCO, кој сè уште не е јавно објавен преку официјалните владини гласила, а го пренесе Novatv Web пред неколку дена? Вака во име на јавниот интерес и на жителите на регионот работите? Со два аршини? Лицем светци срцем волци? Што прават инспекторите, хибернираат зимава?https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2565689143709727/2565677570377551/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

jane-i-kole

Таткото на Јане Ченто: Криминалците си се договараат кој закон им одговара за Јавно Обвинителство, а уставо бранителите...

ФБ статус на таткото на Јане Ченто, Коле Спиркоски:-Драги браќа и сестри до кога вака! Криминалците си се договараат кој закон им одговара за Јавно Обвинителство, а уставо бранителите кои сакаа да го заштитат уставот името и идентитетот на 27 Април добија 211 год. затвор и никој мува не го лази за нив.А еве веќе трета година се во затвори неправедно осудени.За која правда зборувате? Па вие добро знаете дека еден ден тие ќе излезат од тие зандани и што тогаш драги ,,ПРИЈАТЕЛИ,,дали тоа ќе биде за 5,10 или 15 год и што ќе правите тогаш.Ги заборавивте играјќи со вашите игри и политички договарања.Вие сакате да си ги спасите криминалните задници а тие ќе одат жртва т.е. курбан за вас ќе скапуваат во затвори. Е па не ќе може така велика господа.Гневот наш на родителите,браќата ,сестрите сопруги и деца големи и мали на мнозинството македонски народ веќе ја прели чашата и гневот веќе е преголем за да може да се издржи.Доста е веќе ќе почнеме да ја пееме нашата ама на друг начин без многу шетање.Кратко и јасно .Вие копилиња едни и понатаму си договарате скриени амнестии ,а јавно и јасно ги гледа народот и при очи и уши сакате да не направите недоветни како ништо да не се случува.Пример Крсто МУУУУ М.М.Е. па тие ОХРИДСКИ ДОКТОРИ ДРМОСЕРЦИ АЧИК ГЛЕДА ЦЕЛ СВЕТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА 27 АПРИЛ ги амнестираат а децава наши по затвори ќе скапуваат ни криви ни должни.Тие се тие најголемите предавници на МАКЕДОНИЈА. Па и за тоа ги одликуваат со ордени то ест ТЕНДЕРИ за заслуга за предавство.Ви се ближи денот кога ќе се соочите со нашиот гнев,гнев кој нема да има крај за такви ко вас.За брзо ќе ве нема на сцената.Ние сме голема фамилија а име и презиме и е МАКЕДОНИЈА - МАКЕДОНИЈА !!! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!!!👊👊👊👌👌👌👌👊👊👊👊👌👌👌👌, напиша на ФБ таткото на Јане Ченто.

Македонија | пред 6 години

makedonija-NATO

Собранието денеска на свечена седница треба да го ратификува протоколот за членство во НАТО

Во 15 часот во Собранието на Македонија е закажана пленарна седница на која пратениците  ќе го ратификуваат Протоколот за членство на Македонија во НАТО.  Свеченоста ќе почне во Собранието во 12:45 часот, кога ќе пристигне и првиот гостин, д-р Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО. Освен Туѓман, на свеченоста ќе присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.На седницата ќе се обрати претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, потоа премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ, Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Македонското Собрание треба неделава да се распушти поради изборите кои се закажани за 12 април.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Законот за јавно обвинителство ќе се носи по скратена постапка

Собранието синоќа ја изгласа потребата Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. „За“ гласаа 63 пратениции, а „против“ беа 32 пратеници. За измените на Законот за Советот на Јавно обвинителство, пак, „За“ гласаа 59, а „Против“ 32 пратеници.По ова Предлог законот треба да помине на собраниската Комисија за европски прашања, па потоа пратениците да гласаат за негово донесување.Опозицијата побара од претседателот на Собранието да ги врати законите до Владата бидејќи според нив предлозите се доставени неделовнички и нема одлука на Влада ниту за повлекување на материјалот, ниту за новиот предлог.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

Спасовски од Охрид: Со одржувањето на седниците во регионите добиваме информации за идни политики и проекти кои може да ги реализираат општините

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, непосредно пред почетокот на 7-мата седница на Владата што денеска се одржува во Охрид, одржа куса прес-конференција на која информираше за теренските активности што тој и одделни министри во Владата ги одржаа во регионот што ги опфаќа општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца, во пресрет на седницата.Премиерот Спасовски го издвои увидот во работите на санацијата и реконструкцијата на колекторскиот систем за прочистување на отпаднитеas води долж брегот на Охридското Езеро и констатираше дека активностите се одвиваат според предвидената динамика.„Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Уште ова лето водите на езерото ќе бидат безбедни и чисти за капење“, истакна премиерот Спасовски во изјавата за медиумите.Спасовски информираше и за посетите на компаниите „Братство Инокс“ и „ЛТХ Леарница“ корисници на Програмата за поддршка на инвестициите и технолошкиот развој.„Со менаџерите на овие компании разговаравме за искуствата од мерката за државна помош. Од овие средби добиваме насоки за усовршување на програмите за враќање на парите кон граѓаните и компаниите како една од најважните политики на Владата“, нагласи Спасовски. Во текот на денешниот ден министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во неколку села во Општина Дебрца се сретна со младите земјоделци кои од денеска можат да аплицираат за мерката Млад земјоделец, програма која за оваа година предвиде покачување на поддршката за 100 % и таа наместо досегашните 10.000 евра ќе изнесува 20.000 евра. Тоа е уште еден и сериозен пресврт во поддршката на земјоделците“, соопшти премиерот Спасовски.Претседателот на Владата Спасовски информираше за редовната 7-ма седница што се одржува во Охрид како петта, од серијата седници што се одржуваат во различни региони во државата.„Причината за организација на овие седници е да бидеме поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа и поблиску до нивните потреби. Да ги слушнеме нивните укажувања за да ги одредиме приоритетите на Владата согласно интересите на граѓаните од регионот“, рече Спасовски.На седницата на Владата во Охрид, како гости ќе учествуваат градоначалниците од општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца, од кои се очекуваат информации од интерес на граѓаните од регионот за да се утврдат идни политики и одлуките за проекти кои може да ги реализираат општините со поддршка на централната власт.Како теми од интерес на граѓаните на регионот, премиерот Спасовски најави дека на седницата во Охрид е информацијата за посетата на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, како и информацијата за извршениот инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и за преземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.

Македонија | пред 6 години

10022020_PVRSM_Spasovski_ZPVRSM_Carovska_MZSI_Hasan_poseta_fabrika_Bratstvo-Inoks-3

(ВИДЕО) Спасовски, Царовска, Хасан и Георгиески во „Братство Инокс“: 170 компании добија финансиска помош од државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот без ресор, Елвин Хасан и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески попладнето ја посетија фабриката за садови за готвење „Братсво Инокс“ во Охрид. Премиерот Спасовски истакна дека оваа фабрика е една од оние со најголемо искуство во производство на метални производи и фабриката сега има збогатено производство на трансформатори, експанзиони садови, како и со линија за површинска заштита на метални алати. Новата инвестиција на фабриката, освен што ќе им овозможи производи за учество и конкуренција на пазарите во регионот и во Европа, отвора и нови работни места, а со тоа и поддршка за развој на локалната економија.„Со програмата за поддршка на инвестициите и на технолошкиот развој дури 170 компании се стекнаа со право и добија финансиски средства за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема, како и за инвестиции во објекти и земјиште. Голем број од овие 170 компании се од овој регион”, рече Спасовски.Заменичката на претседателот на Владата на Република, Мила Царовска изјави дека Владата спроведува одговорни економски политики кои се насочени кон подобрување на стандардот на работниците, како и кон развојот и растот на деловните субјекти.„Тоа значи дека инвестираме и во работниците и во работодавачите. Од една страна е Законот за финансиска поддршка на компаниите, кој е дел од Планот за економски раст, од друга страна се сите други мерки кои се насочени кон вработените. Инвестираме и во младите и ги поттикнуваме да работат во производство со можност за користење на младинскиот додаток којшто ќе се исплаќа месечно и изнесува 3.000 денари дополнителни средства на платата”, рече Царовска.Министерот без ресор, Елвин Хасан како овластен потписник во име на Владата на договорот за финансиска поддршка со компанијата „Братство Инокс“ рече дека на оваа компанија досега и се исплатени 639,684 денари.„Само преку комуникација, тесна соработка и силно партнерство можат двете страни да бидат задоволни, а со тоа и нашиот најважен таргет, граѓанинот. Продолжуваме отворено да работиме, со што постигнуваме одлични резултати кои директно влијаат на зголемување на интересот на странските инвеститори, како и на домашните инвеститори кои за нас се подеднакво важни”, рече Хасан.

Македонија | пред 6 години

10022020_PVRSM_Spasovski_Apostolska_Learnica3

Премиерот Спасовски и министерката Апостолска во посета на ЛТХ Леарница

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, придружувани од градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, во рамки на теренските активности како дел од агендата за денешната редовна седница на Владата на Република Северна Македонија, ја посетија ЛТХ Леарница, компанија со словенечки капитал која се занимава со леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија. Во 2018 година компанијата започнува нова инвестиција од 15,3 милиони евра, со кој се прошируваат производствените капацитети и постоечките 500 работни места ќе се надополнат со 58 нови работни места.Премиерот Спасовски и министерката Апостолска направија обиколка на производствените погони, се запознаа со тековните инвестициски активности во делот на технолошкото унапредување на процесите. Од страна на менаџментот беа информирани за постоечките производствени капацитети и идните развојни планови на компанијата кои обезбедуваат стабилност во производството и сигурна понатамошна работа.Од страна на премиерот Спасовски и министерката Апостолска заеднички беше оценето дека новиот инвестициски циклус на ЛТХ Леарница е доказ за реалните ефекти во економијата кои Владата ги испорача со своите политики за поддршката на бизнисите.Осврнувајќи се на владините економски политики за поддршка на стопанството, премиерот Спасовски нагласи дека Владата останува посветена во градењето на партнерски однос со бизнис заедницата во економскиот напредок на државата.„Задоволство е што имаме компании кои се гордост на градот и државата, кои инвестираат и работат благодарение и на добрите бизнис политики кои ги има Владата. Денеска за тоа разговаравме, колку е важно партнерството помеѓу бизнис заедницата и Владата, помеѓу работодавачите и работниците, тоа партнерство дава резултати. Успешно е тоа што нудиме финансиска поддршка во делот на производството, таа можност ја користи и ЛТХ Леарница. Не информираа за нивните развојни планови во делот на градба на нови капацитети и набавка на нови машини, со цел да се зголеми производството и да се зголеми бројот на вработени. Според овој план ќе имаме дополнителни нови 58 вработувања, што ќе ја надмине моменталната бројката од 500 вработени, тоа е значајно не само за Охрид туку и за државата. Ова нека биде поттик и за сите стопански субјекти да ги искористат добрите бизнис политики од страна на Владата и заеднички низ еден партнерски однос да си помогнеме и во делот на развојот на бизнисот и во економскиот напредок на Република Северна Македонија“, рече премиерот Спасовски.Министерката Апостолска нагласи дека ЛТХ Леарница е во континуиран процес на инвестиции и проширување на производството, што зборува за реалните ефекти од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.„Финансиската поддршка која Владата на Република Северна Македонија изминатите две години ја доделува на компаниите беше препознаена од страна на ЛТХ Леарница. Она што е значајно е дека финансиската поддршка беше насочена кон технолошкиот развој, во продуктивни инвестиции, со што се потврдија успешните економски политики на Владата, која што дава голем акцент и значење токму на бизнис секторот. Во рамки на леарницата ЛТХ позитивен пример е и тоа што тие во секојдневното производство големо внимание даваат и на едукацијата, справувајќи се со предизвикот на недостиг на работна сила во фаза се на воспоставување и на едукативен центар“, изјави министерката Апостолска, притоа надополнувајќи дека проблемот со работната сила може само заеднички да се надмине со соработка помеѓу Владата и компаниите во напорите за создавање на поволна економска клима, зголемување на животниот стандард и економскиот раст.

Македонија | пред 6 години

solza

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Солза Грчева: Насилната промена на државното име ќе им одземе гласови и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ

Законот за Јавно обвинителство помина на Влада, сега на ред е истиот да го разгледуваат и пратениците во собранието. На оваа тема разговараме со претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева.„Ние не  живееме во развиена парламентарна демократија, ако нешто помине на Влада, тоа воопшто во нормалните демократи не значи дека ќе помине и во Собрание. Кај нас е веќе извесно, штом е поминато на Влада, тоа значи дека е обезбедено некакво мнозинство. Ние се научивме да живееме во театар каде што даде едните божем бараат, а другите божем не даваат. Гледаме дека сите работи кои во суштина не се добри, како овој закон што е фаличен со многу фалинки тие се договараат и ако креваат многу галама во јавноста дека едните го предлагаат, а другите го одбиваат.  Грчева во интерву за Охрид 1 вели дека  „Самиот закон е лош“.Грчева во интервју за Скопје 1  зборува и за изборниот законик, за тоа дали треба да има отворени листи, како и за иднината на „малите“ партии, наспроти ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.„Мора да работиме во парламентот да се промени изборниот законик. Ова им овозможи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ постојано да се менуваат и да се на власт“, вели  претседателката на „Глас за Македонија“.Што Грчева мисли за престојните избори. Таа е категорична дека на СДСМ ќе им одземе многу гласови насилната промена на името. Според неа референдумот беше одличен индикатор , каде 63 % од луѓето јасно кажаа дека не се за промена. На иста основа  вели Грчева, губи и ВМРО ДПМНЕ.„Да не се лажеме, бидејќи тука имавме главен изведувач и имаме подизведувач кој испорача 9 пратеници кога беше потребно и не излезе од парламентот кога требаше да излезе. Покрај промената на државното име да не се лажеме тука е и мегаскандалот „Рекет“ .Грчева зборува за иселувањето на младите, но и за жените во политиката…Интервјуто во целост со претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева во продолжение.фото: Скопје1.мк

Слајдер | пред 6 години

lila-boki

Финансовата полиција поднесе кривична пријава против Лила Стојановска

Финансова полиција ја сомничи Лила Стојановска дека направила кривично дело даночно затајување со парите кои и ги префрлила фирмата ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК, информираа од финансова. Стојановска добила 260.000 евра, а преку проекти ветила дека ќе обезбеди 3,5 милиони евра на име на донација за градежната фирма „ДАН – МАК“. Во финансиска полиција Стојановска била пријавена од градежната фирма „ДАН-МАК“, на која според тврдењата на фирмата, водителката и ветила донација за изготовка на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“.Според истрагата, се утврдило дека Филиповска во три наврати на нејзина сметка добила пари од фирмата, но истите не ги пријавила.Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Лила Стојановска ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017-та година до Управата за јавни приходи.Таа не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.7 милиони денари, за кој износ го оштетила Буџетот на државата, стои во соопштението .фото: Архива    

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Заев со законот сака да не важат разговорите бидејќи бара амнестија за него, неговото раководство и неговите слуги

Насилничкото и шверцерско туркање на законот за јавно обвинителство ја потврдува намерата на Зоран Заев за бегство од одговорност за скандалите, криминалиите и аферите кои се врзуваат со основани сомнежи за злоупотреби и стравот на власта од пораз на изборите.  Со сила да се турка противуставен закон за јавно обвинителство на само два дена пред распуштање на Парламентот, еднострано, без земање во предвид на забелешките од експертите, професорите на Правниот факултет, значи дека Заев турка закон за да си ја спаси сопствената кожа од одговорност, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.          Прво, Заев со законот за јавно обвинителство со кој се сака да не важат прислушуваните разговори спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија конечно за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси.          Второ, со новиот закон се устоличуваат егзекутори на наредбите на Заев во обвинителството, Русковска и Јовевски, кои сега се предлага да може да се сменат исклучиво со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители, во услови кога знаеме дека Советот поради партизираноста која ја направија е под директна контрола на СДСМ. Ова е типичен пример на монархистички закон. Русковска и Јовевски му требаат на Заев да продолжат да ги исполнуваат неговите наредби и за да продолжи селективната правда и амнестија на криминалот.          Трето, на секој еден правник му е совршено јасно дека станува збор за противуставен закон. Закон со кој ќе се спроведува селективна правда, односно неправда, каде прислушкуваните материјали нема да важат за Заев нему блиските соработници и слуги, но за други ќе важат.Би сакал истовремено да потенцирам дека ако е вистина она што  го кажа денеска пратеникот Груби дека се бара бадинтер за избор на државен јавен обвинител е исто така уште еден еклатантен пример како Владата го крши Уставот. Бидејќи согласно Уставот, амандманот 30 јасно се кажува како се избира државен јавен обвинител и како се реизбира. Тука не е предвиден бадинтер.          Четврто, Заев со овој закон покажува страв дека се плаши од разговори кои ќе го докажат неговиот криминал, и сега сака тоа да не биде користено за доказ при судска постапка.Почитувани,Паднаа маските, се потврди дека Зоран Заев се бори за амнестија бидејќи стравува од одговорност за скандалите и аферите кои се провлекуваат во јавноста, а за кои обвинителството молчи.Ова што сега го предлага е закон за амнестија на Зоран Заев, неговите соработници, функционери во неговата Влада и неговите слуги.Од првиот ден јавно кажувам дека сум за апсолутна правда, за правда која ќе важи за сите, без исклучок за кого се работи, од каде доаѓа, и за кое име станува збор.Уставот мора да важи за сите подеднакво.Во оваа држава не може законите да бидат за едни казна, а за други амнестија.Меѓу другите забелешки кои што ги имаме многу, за нас ВМРО-ДППМНЕ главниот проблем исто така е членот 110 од предложениот закон. Со кој се предвидува разговорите да не важат за докази, со што јасно се сака амнестија на Заев, амнестија на „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“ итн. Сите оние други коруптивни афери кои што беа присутни во изминатиот период но и за кои што постои основано сомневање дека ќе се појават во периодот кој што следи во јавноста.Согласно праксата на Европскиот суд за човекови права секогаш кога станува збор за разговори кои што се од јавен интерес истите треба да бидат докази во постапка.Тоа е наш став. И затоа ги повикувам останатите политички партии и пратениците да имаме заеднички став и да не го гласаат овој закон. И да побараме сето она кое што е од јавен интерес да биде дел од доказната постапка.Ако т.н. бомби важат за едни, ќе важат за сите. Особено за Зоран Заев, раководството од неговата партија, функционери од неговата влада и неговите слуги.Ваквиот закон нема никаква врска со европските вредности, туку напротив има врска со стравот на Зоран Заев, и неговата желба да избега од одговорност.Излегува на чистина уште една лага на Заев, се удира во ѕид и зарибува неговата машина за лаги.Правда мора да има, и обновата на таа правда ќе биде присутна кај граѓаните, истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

10022020_VRSM_Filipce_bolnica_Ohrid2

Филипче: Новиот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Охрид е единствениот центар во овој регион

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска ја посетија Општата болница во Охрид, каде што кон крајот на 2019 година во оваа јавно-здравствена установа се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, со поддршка од бугарската амбасада и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.- Во новиот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар работат експерти од оваа област, дефектолози, психолози и невропсихијатри и веќе се третираат 40 деца од целиот регион на Охрид, Струга, Кичево и Ресен. Станува збор за единствен Центар во овој регион, којшто беше навистина потребен, бидејќи досега ваква експертиза на едно место, во вакви услови со специјална сензорна соба, немаше во овој дел од нашата држава. Исто така, во рамки на посетата, со директорката разговаравме за натамошно зајакнување на капацитетите на Општата болница во Охрид, по огромниот број приеми и дадени специјализации, продолжуваме со инфраструктурно зајакнување. Во периодот што следи ќе ја почнеме постапката за набавка на апарат за магнетна резонанца, што ќе биде прв апарат за МР во Охрид и е исклучително важен за жителите на овој град, како и за целиот регион, имајќи во предвид дека огромен број интервенции коишто бараат вакво снимање се спроведуваат во оваа болница и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, во која се вршат многу комплексни ортопедски интервенции, изјави при денешната посета министерот Филипче.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Притвор за гевгеличанецот кој со лажно претставување измами повеќемина

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против лице на возраст од 41 година, за сторени две кривични дела од продолжен вид и тоа: Измама од член 247 став 1  во врска со член 45 став 4 во врска со став 1 и Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во временскиот период од 28.10.2019 година до 2.2.2020 година, во 18 наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело. Тој со намера за себе да  прибави противправна имотна корист се јавувал телефонски на повеќе повозрасни лица, претставувајќи се како службеник вработен во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или во други државни институции кои вршат дејност од јавен интерес. Со лажно прикажување факти ги доведувал, а потоа и држел во заблуда оштетените дека може да им  помогне во остварување на  некое право или придобивка од пензија. За да им обезбеди додаток на пензија, заостанати исплати на пензии од брачни другари,  запирање на извршување или друго право, осомничениот барал од оштетените да му достават  лични податоци и документација и да му дадат парични средства за вршење на услугата. Вршејќи измама, осомничениот успеал за себе противправно да присвои 54.650,00 денари од вкупно договорените 112.840,00 денари.Бидејќи постојат околности кои  очигледно укажуваат на опасност од бегство, а имајќи ја предвид тежината на сторените дела и запретената казна, јавниот обвинител до Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

svr-ohrid

Повеќе измами во Охрид - се појавија лажни директори!

На 09.02.2020 година, во СВР Охрид, пријавен е случај кога едно лице, лажно претставувајќи се дека е директор на туристичка агенција, во два угостителски објекти во Охрид, сторил измама поврзана со поголема група туристи.. Сличен случај, на 18.01.2020 година, во полициската станица Дебар, пријавил и сопственик на ресторан во Дебар, а на 16.01.2020 стопанственик од истиот град, пријавил измама поврзана со нарачка на поголема количина лим.Потсетуваме дека во изминатиов период регистрирани се пријави од повозрасни граѓани кои пријавиле измама од лица кои нуделе набавка на огревно дрво по значително пониски цени. Ги известуваме физичките и правните лица, да внимаваат и да не наседнуваат на вакви и слични понуди од непознати лица и истите да ги пријават во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања