Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

12022020_MO_Shekjerinska_press-1

Шекеринска: Со ратификувањето на Северноатланскиот договор ставивме печат на нашето постоење како независна, суверена, стабилна и просперитетна држава

„Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор за наше пристапување во Алијансата, иднината на нашата татковина е обезбедена, обезбеден е и нејзиниот суверенитет и интегритет. За многу кратко време, нашето членство ќе биде заверено, а со тоа ќе удриме печат на нашето постоење како независна, суверена, но сега веќе и стабилна и просперитетна држава. Бројката 30 ќе добие ново значење и за нас и за Алијансата“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната прес–конференција посветена на изгласувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието.Министерката Шекеринска посочи дека со членството во НАТО стануваме дел од безбедносниот чадор кој штити една милијарда луѓе и додаде дека прогресот може да се измери и според брзината на ратификациите во парламентите на сојузниците, но и според домашните достигнувања.„За само две и пол години, минималната плата ја зголемивме за речиси 60 проценти, просечната плата го има историскиот најбрз и најзначаен раст, економијата од минус 1,8 проценти, за само две и пол години повторно расте нешто под 4 проценти, невработеноста е намалена на историски најниски 17 отсто, отворивме над 60.000 работни места“, рече министерката Шекеринска и посочи дека тоа се само дел од придобивките од нашето членство во НАТО – Алијансата.Членството во Алијансата, рече Шекеринска, е постигнување и на граѓаните, особено имајќи предвид дека за прв пат во историјата како независна држава една идеја добива поддршка од огромен број граѓани, над 610.000. Разликата на оваа реалност, додаде, е очигледна – денеска не се разговара за нас без наше присуство, денеска ние седиме на иста маса со нашите партнери, на ист начин го соопштуваме и го браниме нашиот став, заедно кроиме стратегија, даваме идеи како Алијансата да биде посилна, стабилноста да биде поголема.Министерката Шекеринска изрази задоволство што придобивките од членството во Алијансата, првенствено и директно ги почувствуваа припадниците на Армијата, особено преку зголемувањето на буџетот за одбраната.„Шеснаесет-процентно зголемување на платите, 7.500 денари плус за станарина, 50 посто зголемување на платите на професионалните војници, пензионирање според најповолни бенефицирани услови, нови машини, нова опрема, нова поддршка на Армијата. Сето тоа се директни бенефити на нашето членство во НАТО“, истакна министерката Шекеринска.“Вчера се уверивме дека за ратификацијата на Северноатлантскиот договор во нашиот Парламент, гласаа сите, буквално сите, вклучително и колегите од ВМРО ДПМНЕ. Се прашувам со кој образ некој од утре, денес, задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Нема ли тоа да биде нова срамна лага, пред својот народ и пред своите граѓани. Баш би сакала да го видам јунакот кој после таков консензус во Собранието, ќе ги поништи вчера дадените гласови во Парламентот и да го видам оној кој што ќе се дрзне да го избрише и поништи најголемиот наш успех од независноста до денес”, рече Шекеринска.Министерката Шекеринска посочи дека предизвиците изминатите две и пол години не беа нови, но инструментите за нивно решавање беа навистина нови. Истакна дека денеска се зборува на јазикот кој што создава сојузници, наместо противници.„Поместивме навистина планина. Планина која беше помеѓу нас и шансите на подобра држава и шансите за напредок. Кога ги најавивме нашите амбициозни планови, знам дека многумина, дури и оние кои што сакаа да веруваат во нив сметаа дека се тешки. Некои сметаа и дека се невозможни. Ги демантиравме“, заклучи министерката за одбрана Шекеринска на денешната прес-конференција.видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес исплата на бонус плата во МВР

Македонскиот полициски синдикат ги известува своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денес 12.02.2020 година на сметките на околу 5000 колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на Бонус платата за 2019 година ќе им легнат средства во износ од околу 25,066.00 денари колку и што изнесува една просечна плата исплатена на ниво на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од  Македонски полициски синдикат.Како што ве информиравме и во изминатиот период, право за добивање Бонус плата во висина од една просечна плата на републиката согласно член 117став 4 од Законот за работни односи имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.Истовремено како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме  голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г-дин Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот.Како Македонскиот полициски синдикат искрено веруваме и цврсто стоиме на ставот дека процесот за исплата на Бонус платата во иднина ќе продолжи како тековна активност, со планирање на финансиски средства во буџетот по овој основ, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец сме ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР. Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР од кој за жал најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средствва зачително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување на подобри услови за работа и матријално- технички средства за вработените.Од Македонскиот полициски синдикат, информираат дека како членка на Сојузот на синдикатите на Македонија, Македонскиот полициски синдикат активно е вклучен во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи  каде покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права бараме  за ден на неделен одмор да се сметаат и  сабота и недела.Во најскоро време очекуваме да Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат на територија, во јавниот и приватниот сектор, да го потпишеОпштиот колективен договор за јавен сектор со што ќе се исполнат условите за конечна историска реализација на член 185 од КД на МВР каде ние како Македонски полициски синдикат сме се избориле за правото исплата на регрес на годишен одмор К-15, процес со кој би се исправила неправдата и би добиле рамноправен однос од страна на Владата односно Министерството во делот на почитување на одредбите на КД на МВР, се вели во соопштението од  Македонски полициски синдикат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oliver

Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување Мизрахи

Премиерот на РСМ во техничката Влада Оливер Спасовски, до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, брифираат за Стандард од Владата.„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.Мизрахи вчера изјави дека таблата поставена во МТСП, на која стои Република Македонија е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла. Таа истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и да треба да плати казна од 5.000 евра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Stefan

(ФОТО) Кај 38 годишен стружанец полицијата пронашла и одзела пет пакувања со кокаин

На 11.02.2020 година околу 18.00 часот, полициски службеници од полициската станица Струга на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода го лишија  К.М.(38) од селото Мислешево. При преглед, кај него пронајдени и одземени се пет пакувања со опојна дрога кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: СВР

Македонија | пред 6 години

Antonio-Milososki

Милошоски со скандал, aудиo од Заев: Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски

Антонијо Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на кој по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев, објави Вечер.мк.Како што пишува порталот на снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата и.Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови.Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани Октомври Ноември 2018 година.Текстот е превземен од Вечер.мк

Македонија | пред 6 години

blace

Мајка и ќерка од Турција обвинети за употреба на фалсификувани израелски пасоши

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 45 и 19 години, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинението е поднесено против мајка и ќерка, државјанки на Република Турција, кои на 22 јануари, на граничниот премин Долно Блаце, при влез на државната граница од Косово, употребиле лажни јавни исправи, прикажувајќи ги како вистински. Притоа, мајката е обвинета дека употребила лажни израелски пасоши и лични карти за себе и за двата малолетни сина кои патувале со нив, додека полнолетната ќерка е обвинета дека исто така за себе прикажала лажен израелски пасош и лична карта. Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Опожарено возило на јавен обвинител

Вчера  околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец,  гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството  врши проверка и на видео записите од  камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mijalkov

Продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“, но затворен за јавноста затоа што сведочат вработени во поранешна УБК

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето ќе биде затворена за јавноста. Сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.Предметот е во фаза на презентирање сведоци. Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soobra

(ФОТО) Во сообраќајната несреќа синоќа кај Ботун тешко повреден 74 годишен охриѓанец

На  11.02.2020 во 18.00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Р.Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од с.Лабуништа, струшко.Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во  Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.фото: Охрид 1

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во српски камион полицијата пронашла 22 лица-мигранти

На 11.02.2020 во 23.45 часот на автопатот Демир Капија - Неготино од слобода бил лишен С.З.(43) од Р.Србија, кој управувал товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 лица-мигранти (двајца од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан). Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Скопјанец ограбил автомобил од АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети

Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.На 24.11.2019  на паркинг простор  на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари.  По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tab

Георгиески: ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиски:ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.541481186457489/541480583124216/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава. При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.фото: Архива 

Слајдер | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски ќе го потпише указот за Законот за ратификација на Северноатлантскиот сојуз

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.Собранието вчера на свечена седница едногласно со 114 гласови „за“ го усвои Законот што ќе се применува по ратификацијата на Протоколот за НАТО од Шпанија, по што се очекува земјата да стане 30-та членка на Северноатланската алијанса. По седницата знамето на Северноатланската алијанса беше ставено на јарболот до македонското знаме пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија.Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон потврди дека сите очекуваат знамето на Северна Македонија да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nogaceski

Општина Дебрца ќе ја пренамени старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом

Денеска на ГП во “Св. Наум”ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“. Општина Дебрца е еден од директните партнери. Еве што напиша градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески на социјлната мрежа фејсбук.-Во рамките на овој проект, во општина Дебрца како еден од директните партнери во проектот, предвидено е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкцја пропустите и патот од Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови. Исто така предвидени се и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население, се вели во објавата на градоначалникот Ногачески.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Презентација на „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид

На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид  и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.Се покануваат сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани  да присуствуваат  на оваа презентација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vejd

(ВИДЕО) Двејн Вејд откри дека неговиот 12 годишен син Зион одлучил во иднина да живее како жена

НБА легендата Двејн Вејд откри дека неговиот 12 годишен син Зион одлучил во иднина да живее како жена.„Зион дојде дома и ни кажа: Сакам да зборувам со вас, спремен сум да отстапам и да живеам онака како што сакам. Сакам да ми се обраќате со таа и да ме викате Заја“, откри Вејд во емисијата „Тhe Ellen Show“, а објави sportski.mk.Пoтоа објасни дека тој и сопругата Габриел прифатиле.„Улогата и обврската на родителот е да го сослуша детето и да го најде најдобриот начин да му помогне“.извор: sportski.mk

Магазин | пред 6 години

straza

(ВИДЕО) Снежни и лизгави патишта низ земјава, нема кој да ги исчисти?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, велат од АМСМ. Но состојбата на терен покажува дека на планинските превои каде што има снег истиот не се чисти.Патиштата се лизгави со тенок слој на снег кој предизвикува зализгување на автомобилите. Препорачливо е крајно внимателно возење.Инаку од АМСМ информираат дека од 8:00 часот воведена е забрана за ТМВ на патниот правец крак Маврово- Дебар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Г. П. Илинден - Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

РЕКЕТ: Боки за Камчев пишува „Стока“, Јанева ја сликал во разни пози со евра во кревет, Лила чекала 45 минути во банка

Комуникација меѓу лице потпишано како Васе и Бојан Јовановски преку телефонот на обвинетиот кој беше даден на вештачење се читаа во судницата на рочиштето за „Рекет“. Станува збор за комуникација со адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова кој беше споменат и во сведочењето на Ана Камчева.Во комуникацијата се споменува и псевдонимот „мајка“, од која чекале да стигне нешто, не прецизирајќи за што станува збор.Неофицијално, „мајка“ е кодното име на Катица Јанева, кое го употребувале Димишков и Јовановски кога зборувале за ексспецијална јавна обвинителка.Во пораките се разменувале и документи од СЈО, односно мислења кои се давале до судот. Ваква порака испратил обвинетиот Јовановски.„Се уште чекаат да стигне од кај мајка“, пишува во една од пораките испратени од Васе кон Бојан Јовановски, а потоа преку нова порака пишува „Извини, може ли да ка ја потсетиме мајка?“Двајцата договарале низа средби преку пораки на телекомуникациски апликации. Меѓу пораките, има и таква со содржина “Со мајка сме на пат, не можам да зборам”.Комуникациите се во 2018 и 2019 година, а во април минатата година Димишков му пишува на Јовановска: „Да, се видиме, има нешто ново за кај мајка“.Од комуникации, има и пораки испратени од Лила Стојановска до Јовановски: „Боки овие у банкава не можат ‘ибан’ на Владо. Ќе го прашаш ти зошо висам 45 минути овде“.„Сега кај Уранија дојде Камчев кај Савова“, пишува Лила Филиповска, а Јовановски вратил „Стока“.Банкноти од по 500 евра, во снопче на кои стои назнака „НЛБ Тутунска банка”, и Катица Јанева на сликата е презентирана пред судот, а таа е направена на 04.02.2019 година во нејзиното престојувалиште каде што беше уапсена, по отворањето на предметот „Империја“.Низа од фотографии беа презентирани од обвинетата Катица Јанева. Дел од нив се направени во нејзиното престојувалиште во Скопје, но и во просториите на СЈО каде се гледа како држи документ кој подоцна при претресот во нејзината канцеларија е одземен од Обвинителството за гонење организиран криминал и е дел од доказите. Јанева на фотографиите најчесто седи на гарнитурата која исто така е одземена од нејзиното престојувалиште, при нејзиното апсење.Пред Јанева на масичката, освен парите има и слатки, пепелотресник, цигари.Меѓу фотографиите кои се докази, ја има и Катица Јанева фотографирана во ресторан „Ден и ноќ“ како се труди да стави плик во во ташна.Се презентираа и снимки, на кои Јанева вели „Што ќе одлучи ќе видиме“, додека пред неа стои снопчето од пари во апоени од 500 евра.Снимките и сликите се извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, со вештачење направено од МВР.По презентирањето на доказите, Јовановски пред судот кажа дека истите се небитни и дека не се поврзани со диспозитивот од обвинението.Во телефонот на ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева се пронајдени дел од фотографиите кои претходно биле извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски со вештачење направено од МВР.Една од тие фотографии е и онаа каде Јанева е фотографирана со мебелот кој при нејзиното апсење беше одземен од страна на Обвинителството за организиран криминал.Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот “Рекет”.За отклучување на телефонот на обвинетата Катица Јанева марка “Ајфон” кој беше пронајден кај девојката од нејзниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка, Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

На Димитров му станало незгодно кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласале за влез во НАТО

"'Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се китат со перјата). Ми кажа да се обидам да бидам во првата група; таму имало многу помала конкуренција' Индира Ганди (1917 - 1984)“, пишува министерот за надворешни работи, Никола Димитров.„Опозицијата не само што не учествуваше во надминувањето на пречката за НАТО членството - решавање на спорот околу името - туку направи и уште прави се’ што може тоа да го оневозможи. Прво, преку антиквизацијата го нагризаа идентитетот дома, а изгубија разбирање и пријатели надвор. Второ, не само што не гласаа ЗА на референдумот, туку се плашеа и да повикаат да се гласа ПРОТИВ. Трето, застанаа до ѕидот во Собранието кога се гласаа уставните измени. Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите... зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија? Се разбира дека не - за товарот нема никогаш да стават рамо, но за ловорики први ќе подадат глави. Тоа не е политика. Тоа во најдобар случај е површно политиканство. Во спротивно, и пореално, тоа е чиста деструкција спакувана во лажен патриотизам. ПС. Мене ми стана незгодно ...“, додава Димитров. 

Македонија | пред 6 години

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски: Денес ја внесуваме земјата во побезбедни води

Многу е важно што новата методологија го врати проширувањето на врвот на агендата, го заживеа процесот на ЕУ, истакна заменик-министерот за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски, во неговото гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.„Конечно можеме да кажеме дека и Брисел потврдува дека иднината на земјите од Западниот Балкан е полноправно членство во ЕУ. Ние остануваме реални оптимисти за тоа дека ние ќе добиеме конечно датум за преговори. Она што можам да го кажам е дека сега во Брисел оптимизмот е поголем во инситутциите, и кај земјите-членки. На сите средби што ги имам јас, министерот итн., потенцираат дека сега состојбата е далеку далеку подобра во однос на октомври минатата година“, нагласи заменик-министерот Жерновски.На дебатата на Телма, чија главна тема беше почитувањето на Преспанскиот договор, Жерновски потенцираше дека токму договорот е главна причина зошто се деблокираа евроатланските процеси.„Ние само до пред 2,5 години бевме една заглавена земја која што немаше никаква перспектива, ниту во ЕУ ниту во НАТО, со крајно влошени односи со своите соседи. Преспанскиот договор ги отвори овие врати и денеска имаме навистина еден свечен ден. Денеска е празник, историски момент, денеска се крена знамето на НАТО пред Собранието на Р. Северна Македонија, всушност се крена целата магла која што беше околу нашата земја од самото постоење на нашата земја“, рече Жерновски.„Денес ја внесуваме земјата во побезбедни води, нашите идни генерации ќе имаат многу посигурна иднина“, рече Жерновски, предупредувајќи дека загрозувањето на Преспанскиот договор е загрозување на иднината во Брисел, и во НАТО и во ЕУ.„Загрозувањето на Преспанскиот договор ќе значи загрозување на тоа што денеска го имаме, на иднината наша во Брисел, под Брисел подразбирам и ЕУ и НАТО, така што останува сите партиципиенти на политичката сцена да го разберат сето ова, за одговорноста што ја носиме, за одговорноста што ја има и власта и опозицијата. Денеска сум горд што, после само 2,5 години, ова што го направи Владата е навистина огромен успех“, оцени вториот човек на МНР, Жерновски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА бара разрешување на техничката министерка Мизрахи за кршење на законот

За кршење на законот и поттикнување говор на омраза од страна на техничката министерка за труд и социјална политика треба да резултира со нејзино разрешување од функцијата министер. Нејзиното однесување е непристојно и навредливо, така што за таквото однесување треба да сноси одговорност, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.Зборот министер значи слуга и со оглед на тоа што секој министер доаѓа во таа позиција да му служи на народот, истиот мора да се однесува согласно обврската што ја преземаат од моментот на нивното назначување.Потсетуваме дека албанскиот јазик е јазик чија употреба е загарантирана со закон и устав, кој јазик исто така го зборуваат повеќе од 1/3 од вкупното население во земјата со домородни и историски права.Алијанса за Албанците остро реагира на однесувањето на техничката министерка која директно го крши законот, додека од друга страна е подготвена да ја плати казната со парите на министерството, заборавајќи дека буџетот на тоа министерство го исполнуваат албанските даночни обврзници чиј јазик министерката се обидува да го негира, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

gorde-2

Лолеска: „Ретко“ значи страдање, бидејки некаде има лек за твојата дијагноза, а кај нас сеуште го нема

Ги запознаваме ретките болести: 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози. Благодарение на активностите на здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“ и активистката на здружението од Охрид Гордана Лолеска, ретките болести повеќе не се табу тема. Напротив, охриѓани, но и целата македонска јавност слушнаа, но и се вклучија во низата кампањи кои ги организира Лолеска со цел да ја запознаат јавноста со ретките болести во Република Македонија. Но не само што слушнаа, ја подигнаа и свеста кај недлежните и и оние кои се клучен фактор да обезбедат лекови за овие лица. Неофицијално во Република Македонија има оклолу 2000 пациенти со ретки болести со приближно 100 различни дијагнози. Но поконкретно што значи тоа „Ретки Болести“, како се снабдуваат со лекови од разговорот со Гордана Лолеска. Скопје 1: Кога зборуваме за ретки болести, прво прашање кое се наметнува е дијагнозата. За да е некој сигурен поминува многу тестови, што кај нас веруваме многу повеќе и во странство. Тешко ли оди дијагностицирањето?Гордана Лолеска: Дијагностицирањето всушност е и најгорчеливиот проблем на пациентите со ретки болести. Бидејки самото РЕТКО по себе значи нешто што не е доволно познато, нешто за кое не се знае доволно. Пациентие со непоставена дијагноза лутаат по клиники години пред да биде поставена дијагнозата или пред докторите да се посомневаат на одредена дијагноза по симтомите на пациентот,бидејки често овие симтоми се многу слични по симптомите на болести со кои докторите секојдневно се среќаваат.Но ризкот да се постави дијагноза кај недијагностицираните пациенти е премногу голем бидејки понекогаш може само да се направи огромна штета. Затоа она што е препорачливо кај оваа група пациенти е генетско испитување со кое ќе се потврди или отфрли сомнежот за одредена дијгноза и ќе се почне со некаков третман доколку го има во земјата.За некои ретки болести постојат генетски испитувања во нашата земја, а за некои треба да се оди во странство, но тоа е на трошок на семејството и знае на чини од 500 до 5000 евра по пациент,а ако се навратиме дека 75% од ретките болести се од генетска природа тогаш сфакаме дека треба да се направи генетика на целото семејство што навистина многу чини. Скопје 1: После секоја дијагноза започнуваат предизвиците и проблемите. Најмногу со лековите? Како се снаоѓаат овие пациенти со лекови? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите кај нас?…Гордана Лолеска:Во светот постојат околу 8000 ретки болести, а само за 250 од нив има некаков лек, а тоа е загрижувачки процент од 5%. Моментално во Македонија Согласно Програмата за ретки болести  континуирано се обезбедува терапија за 180 пациенти со ретки дијагнози кои се запишани во регистарот на ретки болести , согласно Европскиот водич за третман и  дијагноза на лицата со ретки болести. Во буџетот на Министерството за здравство за оваа година значително се зголемени средствата за оваа Програма и изнесуваат – 527 милиони денари (за споредба, минатата година Програмата изнесуваше 380милиони денари).Набавката на лековите за ретки болести се врши преку Комисија за јавни набавки на Министерството за здравство со склучување едногодишни или повеќегодишни договори врз основа на податоци за пациенти вклучени во регистерот за ретки болести и ревидирани од страна на лекарите кои ги лекуваат пациентите од соодветните ЈЗУ Универзитески клиники за лекување на болести согласно орфан класификацијата .  Скопје 1:  Што всушност значи „РЕТКО“…Гордана Лолеска: Ретко значи талкање  по клиники за симтомите кои ги имаш да добијат име да добиеш  дијагноза кое трае  од неколку месеци до над 10 години, ретко значи  да го пребараш интернетот да  внесувајки ја дијагнозата ,ретко значи страдање бидејки некаде има достапен лек за твојата дијагноза, а во твојата земја сеуште не се набавил, а неможеш ни сам да го набавиш бидејки е премногу скап. Да знаеш дека има лек некаде таму во некоја друга земја, но ти го немаш затоа што е премогу скап, ретко значи да бараш секојдневно пациенти со твојата дијагноза со кои би разменил искуства со кои би се посоветувал како се  манифестира и третира истата кај него. Ретко е недостаток на информации во однос на самата болест, на тоа каде да се обратиш за помош, вклучувајќи и недостаток на квалификувани експерти за самата болест. Ретко всушност значи многу страдање и неможност за планирање на сопствена иднина и иднина на своето семејство. Скопје 1: Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Но, колку сте задоволни од кампањата “Ги запознаваме ретките болести” во Македонија. Има ли ефект?Гордана Лолеска:  Секоја година во  Февруари, месецот на ретките болести, организираме различни активности со кои ја запознаваме јавноста со проблемите,предизвиците, но и новините со кои се соочуваат пациентите со ретки болести и нивните семејства. Идејата за проектот “ Ги запознаваме ретките болести” кај мене се јави сосема случајно сакајќи да направам нешто ново кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер за ретките болести да им се “доближат” на пошироката јавност, но во исто време ќе ги потсетиме докторите кој во текот на својата кариера можеби не се сретнале со пациент со одредена ретка дијагноза за која учеле во текот на студирањето.Минатата година го започнавме овој проект кој првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го збогатија проектот со видеа и аудија  за секоја болест така што проектот се емитуваше на низ целата територија на Македонија и низ различните медиуми со што еден мал замислен проект прерасна во национална кампања за ретки болести.Охрабрени од позитивниот ефект кој се доби од самата кампања оваа година се одлучивме проектот да биде обработен на македонски албански и знаковен јазик.  Многу од пациентите со ретки болести кои се од албанска етничка припадност полесно ќе се запознаат со проблематиката на ретките болести доколку прочитаат, слушнат или видат видео на јазикот кој секојдневно комуницираат. Бидејки проектот е изработен веќе на албански јазик дојдовме до идеја да им го понудиме за емитување на медиумите во Косово и Албанија.Благодарение на  постојаната и добра соработка на здружението „Живот со предизвици“  со Косовското и Албанското здружение за ретки болести во месец февруари ќе се емитува и на медиумите во нашето соседство во Косово и Албанија.На овој начин проектот веќе дoбива меѓународен карактер.Според BabyHearing.org. најмалку 400 ретки синдроми вклучуваат губење на слухот како симптом, Тие можат да доведат до различни типови на оштетување на слухот во различен период од животот. Степенот на загуба се разликува во голема мера од личност до личност.  За да може и луѓето кои се соочуваат со проблеми со слухот и говорот  да ја разберат проблематиката на пациентите со ретки болести  оваа година одлучвме проектот “ Ги запознаваме ретките болести” да биде реализиран и на знаковен јазик. А со опишувањето на ретките синдроми можеби токму некој од нив ќе ја пронајде и причината за згубата или намалувањето на слухот и говорот. Скопје 1: Како годинава ке оддбележи светскиот ден на ретки болести?Гордана Лолеска: Изминатите години ја поддржавме светската кампања која одеше под мотото “Покажи ја својата реткост! Покажи дека се грижиш!”  #Show your rare #Show you care со боење на лицата испративме безброј слики за поддршка на пациентите со ретки болести.Оваа година повторно се вклучува во светската кампања која оди под мотото Многу сме! Силни сме! Горди сме!#rareismany  #rareisstrong  #rareisproud.  Оваа година ќе обоиме  една наша дланка како поддршка за пациентите со ректки болести за кои има има лек, а тоа се само 5% од тука и произлегува симболиката.Да им ја дадеме поддршка на лицата со ретки болести!Само за 5% од ретките болести има некаков лек!Една наша обоена дланка, е токму за тие 5%!Затоа јавно ги повикувам граганите институциите да  Ја поддржат оваа наша кампања со боење на дланките  . Да им покажеме дека не сме невидливи , не сме сами!

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Народе мој, успеавме! Конечно стануваме дел од НАТО!

ФБ статус на претседателот на СДСМ Зоран Заев:Народе мој, успеавме! Конечно стануваме дел од НАТО! По години патешествија, блокади, режим, стагнација и изолација. Им благодарам на сите пратеници од пратеничката група на СДСМ, на сите пратеници од другите партии кои беа свесни за историската одговорност која ја имаат, за храброста да носат одлуки кои ја менуваат иднината. Нашето место е во ЕУ и НАТО! #МКвоНАТО #MKinNATOhttps://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158286102727932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

399603c9-e2b2-48c9-962e-7603ddd81b3d-1

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид - Кичево

Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа кај селото Ботун во општина Дебрца. Сообраќајот на патниот правец меѓу Охрид и Кичево е целосно запрен, а долги колони возила има во двата правци. Нема официјални информации за настрадани и повредени.НАСКОРО ПОВЕЌЕ...

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања