Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од 14 до 16 февруари 2020 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција.Претседателот Пендаровски во недела, 16 февруари, ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција, а претходно ќе говори и на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.Во фокусот на 56. Минхенска безбедносна конференција се улогата на Западот во глобалниот свет, актуелните состојби во Европа, Кина, Русија и САД, случувањата на Медитеранот, Блискиот Исток и Јужна Азија, како и прашања поврзани со корона вирусот и со климатските промени.Минхенската безбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, е форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

darin1

Почина малиот Дарин за кого се молеа сите

„Убавото лавовско срце Дарин си замина кај дедо Боже… беше само едно мало детенце, а нé обедини толку многу души во име на сочувство и љубов. Како вистински јунак.Бог да им даде сила и утеха на родителите. Tanja, Blasko, примете искрено сочувство“, напиша Марија Стојанова, која вчера побара молитва за малиот Дариан.Марија Стојанова на Фејсбук, пренесувајќи го постот на таткото на Дарин, напиша:Драги мои пријатели, има едно детенце, во болница е во Германија, наше е, македонче, миличко едно, со очиња како изворчиња, Дарин се вика, гордост на мама и тато. Веќе три недели се борат во болницата за него, и лекарите, и неговите родители, кои исто така се лекари, Тања и Блашко се викаат. Едно пиле веќе им замина кај дедо Боже, една мала принцезичка, Нина, на седум годинки, а Дарин што сега се бори за живот ѝ е помалото братче. Состојбата со него е многу критична, многу. Заради големиот притисок во главата ноќеска го оперираа со саати, меѓутоа прогнозите не се добри. Мозочето престанало да му работи. Сега само чудо може да ни го врати Дарин, само чудо, само дедо Боже, а може да се случи такво чудо, имало и ќе има, и затоа ве молам, ако некој од вас го прочита ова, помолете се за него, за дедо Боже да му ја врати силата, да ги отвори очињата, малку само да трепне, да се помрдне, да им даде знак на живот на неговите родители, да направиме ланец од молитва и со љубов да ги прегрнеме и Дарин и неговите родители. Ништо не е важно. Ништо. Што и да имаш, со што и да си опкружен, какви грижи и притисоци и да те мачат во животот, ништо не може да се спореди со мајчинската, родителската љубов, и болката, да си го гледа чедото како губи животна сила. Ве молам мили мои, пуштете една молитвичка до Небото...фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Денес во собранието се тргува со секој глас, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа рече дека вечерва во Собранието се тргува со секој глас.-Зоран Заев преку законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали. Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април. Денеска ова што се случува во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом. Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува, вели Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Млад Скопјанец најден мртов во стан на „Џон Кенеди“

Во Полициската станица Бит-пазар во попладневните часови на 12 февруари било пријавено дека во стан на скопската улица „Џон Кенеди“ починат бил пронајден 38-годишен скопјанец.Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Slika-Kiracovski-25-01

Кирацовски: Нема да му дозволам на Џафери, да си игра мајтап во Парламентот, Џафери му врати Ха ха ха, јас немам Фејсбук

Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, напиша пратеникот Александар Кирацовски на социјлната мрежа ФБ.Во продолжение на статусот од Кирацовски се вели:-За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат "топовско месо", напиша Кирацовски на ФБ.На ова Џафери за Плусинфо вели:Во меѓувреме, споед плусинфо, неофицијално, неизвесно е дали Џафери ќе закаже седница за разрешување на министерката за труд. Според информации од Собранието, доколку се оди на разрешување на Мизрахи можно е да се искомплицира целиот изборен процес. Објаснувањата се дека Мизрахи е министерка во техничката влада која произлегува од Пржинскиот договор зад кој стојат меѓународни гаранции. Доколку Мизрахи биде разрешена, се наметнува дилемата дека некоја од партиите во случајов ВМРО-ДПМНЕ доколку не и одговара изборниот резултат, да ги оспори парламентарните избори. Односно толкувањето е дека разрешувањето на министерката од техничката влада може да предизвика сериозни политички турболенции и да има импликации врз целиот изборен процес. Особено што сега ни требаат беспрекорно одржани избори, без трошка сомнеж во процедурите и во резултатот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Aleksandrova

Изгребан автомобилот на пратеничката Александрова пред Собранието

Оштерено возилото на пратеничката Емилија Александрова кое било паркирано во близина на Собранието. Возилото било изгребано од двете страни, а полицијата врши увид.Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно преку соопштение се изјасни дека ќе гласа позитивно за Законот за Јавно обвинителство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Економската понуда на „Обновата на бандитизмот“ е популистичка и неодржлива

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески во изјава за Фокус ја коментира економската понуда која ја претстави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според Богојески, програмата е популистичка и не е одржлива.-Внимателно ја разгледавме “економската понуда” на Обновата на бандитизмот, и не можевме да не констатираме дупли популизам од оној на СДСМ. Од една страна намалување на даноци, од друга страна зголемување на плати и пензии. Дали тоа значи дека финансирањето ќе биде со уште поголемо задолжување? И сето тоа базирано на политики на гол левичарски интервенционизам. Ништо иновативно и економски издржано и одржливо. Ветувањата на Мицкоски се празен лист на хартија! После толку многу изборни кампањи, запрепастува обидот за потценување на интелигенцијата на граѓаните, обидот за понижување на народот. Наивно е да очекуваш дека некој во 2020 година ќе ти поверува во лажни и економски неиздржани ветувања за вештачки пораст на плати и пензии. Во очекување сме на “економската понуда на Слепиот пат”, па да ја продискутираме. Очигледно и двете “понуди” се силно конкурентни во левичарскиот “економски” кампус, каде државата и мафијата, а не пазарот, го имаат главниот збор, вели Богојески.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

alarm-1

МЖСПП: Промовирана софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”

Во рамки на активностите на Планот за чист воздух за 2020 година, денеска на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”.„ПМ Аларм” e софистициран систем за прогноза на аерозагадувањето во Република Северна Македонија, развиен од научниците од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот во Виена – Австрија и Универзитетот во Сао Паоло – Бразил, поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Апликацијата врши моделирање на аерозагадувањето со вклучување на временската прогноза и сѐ уште е во развој и во фаза на подобрување на визуелизацијата. Таа овозможува 4-дневна прогноза за загадувањето на воздухот на територијата на државата.На настанот, покрај обраќањето на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) проф. д-р Иван Чорбев и презентациите на проф. д-р Боро Јакимовски, и проф д-р Владо Спиридонов, свое обраќање имаше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.“Од огромно значење е фактот што со својата посветеност, професионализам, знаење и креативна работа академската заедница сериозно се вклучува во обезбедување на апликативни научни решенија за информации и предикции за аерозагадувањето, кое што е еден од најактуелните проблеми во државата. Заедно со науката да работиме на решавањето на проблемите и справување со предизвиците кои не очекуваат.”- истакна Макрадули.На крајот тој изрази огромна почит кон креаторите на ова решение, и се заблагодари на сите вклучени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а особено на Агенцијата за електронски комуникации која го препозна и помогна реализирањето на овој проект.Апликацијата е достапна за сопствениците на iOS и Android уредите, но истата има и веб верзија (мапа) со временска оска, каде корисниците може да добијат визуелен приказ на загадувањето. Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk.

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Дури 17 лекари потврдиле дека Боки 13 не е болен од рак

На денешното продолжение од судењето за случајот „Рекет“ , Бојан Јованоски во судницата продолжи да зборува за неговото нарушено здравје, но во тоа беше прекинат од страна на судијката која не дозволи тој во доказна постапка да зборува за здравјето бидејќи како што рече го прегледале 17 лекари кои рекле дека нема карцином.Судењата се постојано прекинувани од страна на Бојан Јованоски кој бара лекарска помош, во судот се повикува брза помош која редовно констатира дека Јованоски е здрав и може да го следи судењето.На почетокот од процесот Јованоски беше изнесуван на раце од судот бидејќи тврдеше дека е болен, а неговиот адвокат пред новинарите покажа документ со кој според него се докажувало дека Боки 13 има рак на желудник.Судијката денес кажа дека дури 17 лекари потврдиле дека нема рак на желудник и дека може да го следи судењето. 

Македонија | пред 6 години

kulev-petrovska

Петровска: Министерот за внатрешни работи не може со телеграма да го суспендира правниот акт донесен од Владата

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска упати Телеграма  до сите организациони единици во министерството за внатрешни работи,  а во  врска со Телеграма бр.08-3/1 од 12.02.2020 година, доставена од министерот за внатрешни работи до раководителите на  сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи, во која УКАЖУВА дека Одлуката за поништување на решенија за распоредување на работно место на Владата на Република Северна Македонија Бр.44-1358/1 од 09.02.2020 година, е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија  и истата е  во СИЛА поради што  должност на вработените во Министерството  е безусловно да ја почитуваат  и спроведуваат. Во телеграмата  дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи  Петровска  до вработените во министерството се вели дека согласно член 41 од Законот за организација и работа на органите на државната управа надзорот над  работата на министерствата го врши Владата и затоа важечки правен  акт донесен во законска процедура  од страна на Владата не смее и не може  да не се почитува и истиот да  биде  суспендиран  со телеграма на  министерот.,,Оттука укажувам на неопходноста од целосно почитување на донесената Одлука на Владата која е во сила,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик на министерот Петровска.Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи  во телеграмата укажува дека министерот за внатрешни работи како незадоволна страна  може да поведе  постапка согласно утврдени процедури пред  институциите на системот, но и дека Наредбата бр. 08-3/1 од 12.02.2020 година на министерот е спротивна на законот и владеење на правото  и претставува поттикнување во вршење кривично дело.,,Ги охрабрувам вработените во Министерството да го задржат  својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават  на секој  обид кој води до беззаконие и нарушување на системот на владеење на правото,, се вели во телеграмата на дополнителниот заменик  на министерот за внатрешни  работи  Славјанка Петровска.

Македонија | пред 6 години

pozarna

За една недела изгаснати 7 огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 06.02 до 12.02.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 19 пријави од граѓаните. Од вкупниот број пријави, во 7 случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатите 12 пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Sostanok-NAC-2.den_10

Шекеринска во Брисел: Следниот месец мисијата на Северна Македонија се сели во седиштето на НАТО

„Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО која што покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања“, рече министерката Шекеринска на вториот ден од состаноците на Северноатлантскиот совет.   Таа изјавата ја даде пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО.  „Зад мене се нашите простории како држава – членка на НАТО Алијансата и очекуваме до втората половина на март основните подготовки за нашата мисија овде да бидат завршени. Тоа значи дека нашата мисија, и политичкиот и одбранбениот дел ќе биде буквално дел од седиштето на НАТО, како што ние, Република Северна Македонија ќе бидеме и официјално дел од Алијансата“, рече министерката Шекеринска. Министерката пред состанокот на Северноатлантскиот совет се сретна со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и се заблагодари за континуираната поддршка од пријателска Турција за членство во НАТО. „Нашата докажана соработка од партнерска, прераснува во сојузничка“, рече министерката. Министерот Акар порача дека двете земји имаат исклучително блиски, пријателски односи, и дека поддршката и соработката ќе продолжи со висок интензитет и на билатерално и на НАТО ниво. Оваа соработка, рече, претставува бенефит и за двете земји. Состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, денеска беа посветени на буџетирањето на одбраната, како и на мисијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“. На состанокот за одбранбеното буџетирање, министерката истакна дека средствата за одбраната континуирано растат од 2017 година и дека годинава буџетот е речиси дуплиран споредбено со буџетот за 2017-та. Северна Македонија, истакна, е посветена на исполнувањето на препораките на НАТО за издвојување на два проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, што веќе влијае исклучително позитивно на одбранбените капацитети на земјата, а со тоа и на НАТО – Алијансата. На средбата на министрите за одбрана на НАТО и партнерите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката порача дека земјата останува посветена на главната цел на оваа мисија – мирен, безбеден и стабилен Авганистан.  На маргините на бриселските состаноци, денеска министерката Шекеринска организираше работен ручек со министрите за одбрана на Грција, на Словенија, на Црна Гора, на Хрватска, на Босна и Херцеговина, на Бугарија, на која се заблагодари за поддршката од земјите од регионот во процесот до полноправно членство на земјата во Алијансата. Министрите за одбрана порачаа дека регионот докажа дека има капацитет да биде извозник на мир и стабилност, дека земјите знаат да соработуваат и да придонесуваат кон колективната безбедност на евро-атлантската област.видео и фото: Министертво за одбрана

Македонија | пред 6 години

grip-12

Четиринаесетгодишно девојче починало од компликации од сезонски грип

Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести поради компликации од грип, изјавија денеска од Институтот за јавно здравје. Ова е прв смртен случај како последица на сезонскиот грип.Неделава, регистрирани се околу 3.700 случаи на заболени од сезонскиот грип.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

„Рекет“: „Извини му се сега пред сите четворица тука”, вели Камчева во снимката, откако Јовановски се жали дека некој од присутните му викал

Во новото рочиште за „Рекет“ денеска се преслушуваат снимки од Орце Камчев. Бојан Јовановски во дел од снимката им објаснува на Камчев и Камчева дека сестрата и мајката на Орце први ќе бидат исклучени од одредена постапка на СЈО.„Јас имам интерес, да не се лажеме. Друго, политички нека не те лажат. Да не бидам поконкретен, а ако треба и ќе бидам. Немој да веруваш дека тука не знам колку политички сакаат некого од вас да заштитат. Има една вистина, тенденцијата за тебе е ова втората опција, признавање и отштета. А на него, казна не му бега. Што се однесува до Ратка и до Тина, неколку аспекти има што треба да бидат прочешлани и први ќе бидат исклучени од обвинителниот акт”, вели Јовановски, а, пак, Ана Камчева прашува „А, Тодор”, на што добива одговор од Јовановски „За него немам одговор”.„Нема казна, имаш договор. Со проценител ако има некаква штета”, вели Јовановски откако Камчев го праша „А што е казната?”.„Извини му се сега пред сите четворица тука”, вели Камчева во снимката, откако Јовановски се жали дека некој од присутните претходно му викал.„Ова е ПР на Лиле Стефанова. Не го знам точниот мотив за Лиле Стефснова да излезе пред новинарите и да говори за ‘Империја’. Дека предметот има сведоци и заштитени сведоци, тоа можам да го тврдам пред вас”, на што Камчев вели: „Какви се тоа заштитени сведоци, измишљотини. Тоа не е на татко ѝ од Радовиш“.Бизнисменот исто така нагласува дека целта на обвинителката Стефанова му е нејасна.„Јас ти гарантирам дека нема криминал, дека доказите нејзини се за во Радовиш. Каде е државата оштетена? Нема затајување данок, нема ништо. Нејзината цел ми е нејасна. Ако треба да лежам затвор, ќе лежам ако сме погрешиле и тоа е“, вели Камчев.На ова Јовановски вели: „Сега ви кажав отворено дека начини постојат и дека за овој последен чин од претставата ‘Империја’ со тебе имам една улога и дека со него ќе имам друга. За тоа има услови“, одговара Јовановски и бара Камчев да не потпаѓа под манипулации.Бојан Јовановски во дел од снимката им објаснува на Камчев и Камчева дека сестрата и мајката на Орце први ќе бидат исклучени од одредена постапка на СЈО.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dimitrieska-kocoska

Димитриеска Кочоска се пожали дека има ограничен пристап на трезорскиот систем, во министерството за финансии

Министерството за Финансии според министерката Нина Ангеловска водело транспарентна политика кон граѓаните, секој втор збор на Нина Ангеловска е транспарентност, но ова е само заблуда и во пракса е далеку од вистината. Како што претходно ве известив, Министерството за финансии на моите барања во однос на податоците за вработувања и согласностите за ангажирања, ме извести дека не води евиденција на издадените известувања за обезбедени финансиски средства за вработување и согласности за ангажирања во институциите во Р. Македонија, а притоа сметаат дека немалe ниту таква обврска, истакна денешната прес конференција на дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.Со оглед на тоа дека Кабинетот на Министерката како надлежен сектор во однос на предметите за согласности, нема евиденција на овие предмети и покрај постоењето на законската обврска, непосредно по таквото известување, побарав да ми се достават копии од сите издадени согласности, за мојот Кабинет да направи евиденција на истите и да ја извести јавноста за постапувањето по известувања за обезбедени финансиски средства за вработување и соглсностите за ангажирање, затоа што сметам дека јавноста и граѓаните мора да бидат известени за начинот на трошење на нивните пари.За жал, до денес не ми се доставени ваквите копии, од за мене непознати причини, но се надевам дека соодветно ќе и биде објаснето на јавноста за ова постапување.Имено, се надевам дека Министерството за финансии нема повторно да ја манипулира јавноста и да кажува дека плановите за вработувања се доставени, затоа што уште еднаш напоменувам дека тоа се две различни работи, како по значење така и по законски основ.Накратко се надевам дека Министерката по нашите укажувања почна да разликува што е план, а што е реализација.Што се однесува до барањето во однос на пристапот на трезорскиот систем, сакам да ве известам дека пристапот ми е ограничен. Односно опција која што е овозможена во системот open finance не ми е достапна во трезорскиот систем. Разликата е во тоа што на open finance се апдејтуваат податоците на 2 недели и не за сите субјекти, притоа јас не можам да ги следам податоците на дневна основа, бидејќи ми е потребна дневна аналитика.Во однос на доспеаните, а неплатени обврски на буџетските коисници, единките корисници, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост и покрај доставеното барање на 14.01.2020 за пристап до Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски (ЕСПЕО), дури денес после цел месец ми е дозволен пристап. Притоа, со оглед дека тукушто ми е дозволен пристап, сеуште немам утврдено дали пристапот е целосен.Во однос на барањата за податоци поврзани со јавниот долг, не ми се доставени податоци за вкупните издадени важечки државни гаранции со датум на издавање, датум на доспевање, гарантиран износ и каматна стапка, ниту пак податоци за носителите на јавен долг со износ на обврски.Исто така, со оглед дека Министерството направило четири измени на годишниот план за јавни набавки за 2019 година, од кои последната е на 20.12.2019 година побарав информација за потребата за измените, како и податоци за разликата меѓу нивната проценета и реализирана вредност, како и причините за нереализирање податоци на набавките.Прашувам, на кого не му одговара да излезат на виделина вистинските бројки и параметри? На кого не му одговара да се знаат точните бројки околу вработувањата во администрацијата и целиот јавен сектор, а посебно пред овие избори? Ова ми отвара сомнеж дека некој навистина сака да направи поткуп.До кога ќе ги лажете граѓаните дека економијата оди нагоре, а со тоа и животниот стандард на граѓаните? Ова не може да се сокрие, од проста причина што граѓаните сами знаат и се свесни дали им се подобрил нивниот животен стандард.Новата Влада, која ќе дојде после 12-ти април, ќе има искрен однос кон граѓаните на Македонија, вистинска транспарентност и секојдневно со сите сили, ќе работиме на тоа граѓаните да почувствуваат подобрување на стандардот и квалитетот на живот, истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

IMG-3e2b7662039eb5819b80acfda6f5bb9c-V

Министерот Чулев се сретна со акредитираните полициски аташеа во земјава

Министерот аа внатрешни работи Наќе Чулев денеска во турскиот амфитеар во Центарот за обука во Идризово оствари прва непосредна работна средба со меѓународните авторите и партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи на полицијата. Денешниов  настан претставува заедничка координативна средба од информативен карактер на претставници на странските акредитирани амбасади  во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации на која беше направена ретроспектива на постигнатите активности во 2019 со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, и беше поставена основа и дадени сугестии  за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.,,Во насока на исполнување на приоритетите и стратешките цели на Министерството за внатрешни работи, но и од аспект на зголемување на траспарентноста и отчетноста за работењето на министерството, од овој месец, започнуваме серија презентации наменети првенствено за полициските аташеа/службеници за безбедност акредитирани во и за земјата,, истакна  во своето поздравно обраќање пред присутните полициски аташеа министерот Чулев .фото: МВР

Македонија | пред 6 години

kruzer

Македонец кој се наоѓа на бродот „Дајмонд принцес“ заразен со коронавирус

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес” во Јокохама, Јапонија, соопшти МНР. Како што се додава, заразениот во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.Од МНР велат дека амбасадата на Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

13022020_PVRSM_Spasovski_AMS3

(ВИДЕО) Владата и компаниите обезбедија 10 милиони евра дополнителни средства за спортот и спортистите

Во рамките на заложбата за подобрување на условите за поддршка на спортот, спортските федерации, клубови и спортисти преку мерката спортски ваучери, со кои Владата заедно со Агенцијата за млади и спорт, ги стимулира стопанските субјекти да го пронајдат сопствениот интерес за инвестирање во спортот, премиерот Спасовски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска го најавија стартот на ваучерскиот систем во спортот за 2020 година со кој ќе се обезбедат 10 милиони евра за оваа намена.Премиерот ги повика стопанствениците и менаџерските тимови на приватните компании да ја препознаат вредноста на оваа мерка, и како и лани, и годинава да бидат дел од оние кои вложуваат во спортот.„Завршницата на минатата година, како прва година во која се спроведе мерката, покажа дека ваучерскиот систем има одличен потенцијал и дава одлични резултати. Поучени од првичното искуство, оваа година ваучерскиот систем за поддршка на спортот го отпочнуваме сега и тој ќе трае до крајот на 2020 година. Тоа ни дава за право да бидеме уверени дека оваа година, проектираните средства од дополнителни 10 милиони евра за поддршка на спортот од ваучерскиот систем, ќе бидат искористени целосно“ , подвлече Спасовски.Во овој систем на поддршка на спортот, дополнителни финансиски средства доаѓаат од стопанските субјекти, кои на ваков начин ја остваруваат својата улога како општествено одговорни компании. Согласно последните доделени средства, опфатени се речиси 1000 спортски субјекти и спортисти кои добиле ваучери и поддршка од државниот буџет, нешто што претходно беше мисловна именка.„Со ваучерскиот систем приватните компании 50 отсто од данокот на добивка имаат можност да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи подигнување на нивото за развој на квалитет и зголемување на финансиската моќ на спортските клубови. Преку овој принцип ќе се овозможи секој спортски субјект да стане атрактивен и посакуван партнер за успешните стопански субјекти. Со тоа, компаниите, покрај сопствената промоција и општествено одговорна работа, ќе добијат и конкретна финансиска мотивација за вложување во спортот. Нашата грижа и вложување не запира тука и сега, туку продолжуваме понатака со поголеми вложувања во спортот“– рече премиерот.Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, истакна дека спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот значително го подигнува нивото на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови.„Преку овој систем клубовите и федерациите можат да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми. Годинава 43 Национални спортски федерации, 454 Спортски клубови и 320 индивидуални спортисти ќе добијат дополнителна финансиска поддршка, што е од огромно значење за нивниот професионален развој и напредок“, нагласи Каевски.Тој појасни дека процедурата е едноставна, без комплицирани административни постапки, без дополнително оданочување и проблеми за компаниите коишто ќе помагаат. Имено, компаниите, дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист.На прес-конференцијата се обрати и претседателката на ракометниот клуб „Металург“, Зорица Блажевска, која го истакна значењето на ваучерскиот систем за успешното враќање на ракометниот клуб „Металург“ на спортската сцена.„Во 2019 година Владата ни излезе во пресрет и добивме ваучер кој ни помогна да се извлечеме од кризата и да продолжиме напред. Ги повикувам сите менаџерски тимови да го поддржат овој проект. На овој начин ги поддржувате и вашите деца и внуци. Едно дете повеќе во спортска сала еднакво на едно дете помалку на улица“, апелираше Блажевска.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Здружението на јавните обвинители изразува енергична осуда поради експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево , изразува енергична осуда.           Овој чин осбен загрозување на личната , сигурноста на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство, претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.            Ваквиот чин , не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција  и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.            Осудувајки го овој акт на насилство , изразуваме силна поддршка на нашата колешка, да истрае во борбата против криминалитетот.            Истовремено ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е оперативата за откривање на сторителите на кривични дела , да преземат соодветни мерки за  БРЗО откривањето на сторителот  на овој насилнички акт.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО-Народна партија ги повикува политичките партии да отпочнат иницијатива за усовршување на постоечкиот договор за Техничка Влада

ВМРО-Народна партија уште еднаш ги повикува политичките партии да отпочнат иницијатива за усовршување на постоечкиот договор за Техничка Влада, со што со новиот договор би се намалило времетраењето на техничката Влада од сто на триесет дена, се вели во соопштението од ВМРО НП.Факт е дека основните причини поради кој дојде ова договорно креирање на техничка влада беа симнувањето од долгогодишното владеење на Никола Груевски. Сходно на тоа бидејќи веќе и самите се сметаме за зрела демократија време е тој договор да претрпи измени и со намалувањето на времетраењето да докажеме дека всушност Македонија ја научи лекцијата од порано и може за триесет дена да ја организира и спреми државата за нови избори.Со промената на времетраењето ќе се намали и вакум просторот кој го наложува договорот за Техничка Влада која во практика всушност е и нефункционална односно обавува ограничени функции кои засегаат одредени дејства поврзани само со организација и ред при некои наредни избори, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

amdi

Амди Бајрам: Не спијам, следев седници со подзатворени очи

-Цели 14 дена сум по болници, со тешка бронхопневмонија, со инфузии, инхалации, инјекции, лекарства… И покрај тоа, јас решив да го испочитувам НАТО, да го испочитувам собранието, и болен, со температура право од болница да дојдам во Собрание. Како да се однесува, каков да биде болен човек? Нормално дека ќе следам седници со подзатворени очи, кога немав енергија за ништо друго – изјави за „Фокус” пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.Изминативе денови негова фотографија, на која што во Собранието седи со затворени очи се најде во повеќе медиуми, и веста дека Амди го „преспа“ НАТО и често задремува во собраниската сала беше една од најкоментираните теми на социјалните мрежи.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со камион удрил во полициски службеник, кој извршувал работни задачи

На 12.02.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на влез во с.Миладиновци, скопско, товарно моторно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(56) од Радовиш, удрило во полициски службеник, кој извршувал работни задачи. Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo

Поднесено обвинение за лихварство и изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1, како и Обвинителен предлог против друго лице кое се товари за кривично дело – Лихварство од член 260 став 1 од Кривичниот законик.Вториот обвинет, на возраст од 25 години, на почетокот на 2019 година му дал услуга на едно оштетено лице, при што за себе договорил несразмерна имотна корист. Притоа, обвинетиот ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сведокот-оштетен, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10% на месечно ниво. Парите на оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко.Посредник за зајмувањето и примањето на парите бил првиот обвинет, лице на возраст од 28 години. Откако оштетениот не можел навреме да го врати заемот, тој обвинет од септември 2019 година до 18.11.2019 година употребувал сериозни закани кон него и кон неговата мајка за да ги принуди да му дадат вкупни парични средства во износ од 120.000 евра. Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет за кого постои опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените се уште не се расчистени, а тој и во неговиот исказ пред јавен обвинител продолжил да инсистира оштетените да ги вратат парите со лихварска камата.За вториот обвинет на сила се претходно определените мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените.

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Сопружници од Кратово најдени мртви во дворот на семејната куќа

Сопружници од Кратово биле пронајдени мртви, вчера во својот дом, информираше МВР.Не е познато дали станува збор за самоубиство или двајцата починале од студ.-На 12.02.2020 околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.  Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од МВР.

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Сопружници од Кратово најдени мртви во дворот на семејната куќа

На 12.02.2020 околу 20:20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66).Лекар констатирал смрт без траги на насилство.Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања