Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Дали случајот „Рекет“ всушност е нудење поткуп за слобода ? !

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“. Денеска во судницата се  преслушуваат нови докази но според Русковска истите се сензитивни па поради тоа на новинарите им е забранет пристапот во судницата.„Со оглед дека може да се изнесат детали од приватниот живот на лица, ја исклучуваме јавноста“, рече судијката.Инаку вчера по преслушувањето на аудиодоказите, се чини како „Рекет“ да добива поинаков тек. Имено од “Рекет“, предметот како да преминува во „Поткуп“.Од презентираните снимки во судот низ доказната постапка станува јасно дека контактите почнуваат од семејството Камчеви кон Бојан Јованоски, преку семејниот пријател на Камчеви, Зоран Милески кој по нивно барање прави контакти со Јованоски.Зоран Милески Кичеец: „Барате пет, шест, осум милиони евра! Па знаете ли луѓе колку се тоа пари ?“Посебно интересна првата снимка од УСБ-то на Зоран Милески, што го доставил до Обвинителството, а се слушаат разговори меѓу него, Бојан Јовановски и Ана Камчева. Оваа снимка беше  тешко разбирлива за јавноста поради шумови на неа, но оваа снимка како и останатите четори според Јанева, ќе откријат кој манипулирал, кој е манипулиран и кој нудел поткуп.„Дај жити сѐ да го извадам овој мојов“, вели Камчева на снимката.Во еден дел од снимените разговори кои се пуштаат во судницата се слуша разговор меѓу Бојан Јованоски и Зоран Милески Кичеец кој им сугерира на присутните дека износите кои се бараат од Камчеви за да не одговараат во случајот „Империја“ се несватливо големи и дека нема логика да се бара толкав износ за решавање на предметот.Кичеец во еден момент го прашува Јованоски дали знае колку се, пет , шест или осум милиони евра ? Дали знае да ја напиши цифрата со толку нули на хартија ?КАМЧЕВА ГО НАРЕКУВАЛА КИЧЕЕЦ „ПОШТАР“Во друг дел од снимките се слуша како сопругата на Орце, Ана Камчева му изразува благодарност на Милески затоа што се потрудил да ги поврзи со Боки и Катица и помогнал да почнат контакти со нив, притоа нарекувајќи го со именката „Поштар“.Новите аудио снимки кои се пуштаат во судницата минатите два дена во извесна мера даваат ново светло на процесот и полека станува појасно дека уцените не почнале од Бојан Јованоски и Катица Јанева кон осомничените во „Империја“ туку напорот го прави брачниот пар Камчеви, кои се обидуваат да дојдат до Јованоски и Јанева со цел да ги поткупат и да го запрат предметот „Империја“, а во тоа го користат нивниот куќен пријател Зоран Милески Кичеец преку кого бараат помош.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

7

Петровска во СВР Охрид - министерката беше информирана околу сите тековни активности на полициските служби и во делот на безбедноста и сигурноста на граѓаните

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска, во рамки на редовните работни активности го посети Секторот за внатрешни работи Охрид, односно повеќе полициски организациони единици под надлежност на СВР Охрид, при што имаше работни средби со раководните луѓе, како во СВР Охрид така и во Одделението за внатрешни работи Кичево, Полициските одделенија Зајас и Осломеј и на Езерската полиција при Регионалниот центар за гранични работи Запад.Во рамки на средбите дополнителниот заменик министер Петровска беше информирана околу сите тековни активности на полициските служби и во делот на безбедноста и сигурноста на граѓаните, но и во делот на подготовките околу следење и обезбедување на претстојниот изборен процес.Притоа, како што нотираше и Петровска во својата изјава по средбата со челните луѓе на ОВР Кичево евидентно е, според сите статистички и оперативни согледувања, дека безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Охрид е задоволувачка, стабилна што пак, особено од аспект на изборите што претстојат, е гарант дека се исполнуваат условите за одржување на мирен и фер изборен процес. Дополнително, како што нагласи Петровска, задоволува и воспоставената соработка со локалните власти што, исто така, е еден од битните предуслови во организацијата на слободни и демократски избори.Дополнителниот заменик министер ги охрабри вработените да постапуваат исклучиво согласно законските прописи и да ги применуваат професионалните стандарди, затоа што само на тој начин ќе ја зачуваат и зголемат довербата на граѓаните кон полицијата .фото: МВР 

пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Пратеници имаат сопствени станови, а зeмале пари за патни трошоци

23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие земале пари за патни трошоци, објави 360степени.мк.Порталот пишува декаиИзвештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупниот трошок во овие пет години е 2 895 605 евра.Членот на ДКСК, Катица Николовска, образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција оти има намалување на трошоците за превоз, со тоа што во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770 883 евра, во 2016 – 698 797 евра, 2017 – 512 000, 2018 – 522 930 евра и 2019 година – 390 993 евра.Текстот во целост на: 360степени.мк. 

Македонија | пред 6 години

katica-1

Снимките на кои Јанева се „крстеше“, јавноста никогаш нема да ги чуе

Присутната јавност во судницата каде се одржува рочиштето за „Рекет“ беше отстранета, бидејќи се слушаат сензитивни разговори. Барањето за медиумите да не слушнат што зборувал Бојан Јовановски е од Вилма Рускоска. Судијката Васка Николовска-Масевска одлучи да го уважи барањето, потенцирајќи дека судот се грижи за приватноста на сите странки во постапката. Снимките траат два часа.„Со оглед дека може да се изнесат детали од приватниот живот на лица, ја исклучуваме јавноста“, рече судијката.На одлуката да се исклучи јавноста вчера реагираа обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, кои, пак, бараа разговорите да ги чујат сите.На вчерашното судење Јанева рече дека од овие снимки ќе се види кој манипулирал, кој бил изманипулиран и кој давал поткуп. Јовановски, пак, кажа дека сака да се отвори Пандорината кутија, со тоа што, иако има приватни и сензитивни елементи во разговорот меѓу него и Милески, сака јавноста да го чуе.

Македонија | пред 6 години

grubi

Али Ахмети е како фри-ленсер пратеник, Груби вели ќе дојде од Кичево во Собрание ако се гласа

ДУИ тврди дека нема никакви проблеми во коалицијата со СДСМ и дека дава недвосмислена поддршка на законите, а на најавите за ново парламентарно мнозинство возвраќа со коментар дека оваа партија била одлучувачки фактор во минатото и така и ќе остане.„Демократската унија за интеграции не го условува донесувањето на законот за јавно обвинителство со ниту еден закон, со ниту една процедура, со ниту едн прашање, некоа го стават на гласаат во следниот половина час, час ние сите ќе гласаме, ќе дојде и господинот Али Ахмети“, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби за тоа нивните односи со коалицискиот партнер, СДСМ.Тој вели дека изборите биле консензуално договорени со датум, како и дека нема никакви проблеми со СДСМ.„Ставот на ДУИ е целосна недвосмислена поддршка на законот за јавно обвинителство, на измените на Законот за Совет на јавни обвинители, на законот за АВМУ, за ветинг, за игри на среќа и сите други закони што се во процедура, вклучително и консензуалниот текст на изборниот законик. ДУИ очекува да се донесат овие закони и да се распушти Собранието најдоцна до недела. Апелираме да се изгласаат законите, ако може уште денеска, затоа што секоја понатамошна несигурност е лоша за граѓаните и за економската ситуација“, изјави Груби

Македонија | пред 6 години

Kuce-1

(ФОТО) Запознајте ги кучињата трагачи кои се дел од царинската управа

5 кучиња трагачи се дел од Царинската Управа уште од 2000та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици и истите имаат учествувано во повеќе акции од кои 90% се успешно реализирани, пишуваат на својот Фб профил од Царинската управа.Кучињата се донација за потребите на Царинската Управа од Република Азербејџан и Германија. Овие кучиња од своите 9 месеци се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци како што е дрогата. Со своето одлично чувство за мирис кое инаку кај кучињата е илјадници пати посилно од човечкото, многу брзо можат да ги лоцираат сокриените наркотици кои за цариникот би можеле да бидат невидливи.Секое куче секојдневно е тренирано од страна на својот претпоставен водач со кој и живее и како дел од тренингот после секоја успешна потрага е соодветно наградено. Со самото наградување кучето се мотивира и учи како побрзо да ја открие забранетата стока која евентуално би се криумчарела на граничните премини.

Магазин | пред 6 години

mukoski

Мукоски: Ја претворивте ВМРО-ДПМНЕ како Златна Зора во Грција

Пратеникто Крсто Мукоски од собраниската говорница, реплицирајќи му на Милошоски, рече дека му е жал што тој не може да успее да ја присвои ВМРО-ДПМНЕ.„Многу ми е жал за ВМРО-ДПМНЕ, која што вие не можете да ја присвоите пред мене, бидејќи можеби и пред вас сум член на таа партија. Но жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на двајца-тројца како вас и се претвори во партија од примерот на Златна зора во Грција или радикалите на Шешиљ. Тоа не беше фундаментот или основата на ВМРО-ДПМНЕ од самото основање на партијата. Патот на ВМРО-ДПМНЕ е кон Евроатланските интеграции“, рече Мукоски од собраниската говорница.За фирмата на Мукоски, која зема државни тендери, посочи дека била проверувана од УЈП, Финансиска полиција и други институции, но немало ништо нелегално.„Кога зборите за фирмата ‘Атрим’, да ви кажам два-три зборови. Таа фирма постои од ’74 година, кога сум роден јас. Работела во Словенија до ’90 година, до распадот на Југославија. Земала тендери во многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Кога СДСМ дојде на власт, фирмата ја тресеа УЈП, Финансиска полиција и сите институции и не најдоа ништо“

Македонија | пред 6 години

krsto-mukovski

Мукоски доби аплауз за одговорот до Милошоски: За несвесната грешка за 27-ми април си одлежав, жалам што такви како тебе не одговараат

На денешната собраниска седница Антонио Милошоски обвини дека пратеникот Крсто Мукоски добил 4 милиони евра тешки тендери, сакајќи да покаже дека власта на тој начин купува пратеници.Според Милошоски оние кои го нарекуваа терорист сега му се пријатели. Мукоски според Милошоски со Груевски на митинзи викал дека нема да го смени името , а сега се фалел дека се ќе продава и ќе се сели во Белград.На ова му реплицира Мукоски кој обвини дека ВМРО -ДПМНЕ е заложник на два три криминалци.„Што се однесува на 27-ми април, Крсто Муковски за таа несвесна грешка си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, што ги упатуваа горе луѓето, да го направат тоа што го направија. Жалам што такви како тебе, не одговарааат“, рече Мукоски.Во моментот кога зборуваше за криминалот на ВМРО и дека на 27 април Милошоски и остнататите се криеле во собраниските канцеларии доби аплауз од пратениците.Милиошоски реплицираше дека ги изневерил гласачите и за да се спаси од прогон го продава името и е заедно со актуелната власт.Во Собранието трае дебата за законот за ЈО.

Македонија | пред 6 години

86822078_193579495357418_4211936605981638656_n

Директорот на затворот: Боки 13 прави драма, службениците не смеат глас да му кренат

Откако обвинетиот Бојан Јовановски се жалеше дека службеници од затворот го нападнале, директорот Есад Рахиќ во изјава за „А1он“ вели дека станува збор за драма.„Прави драма, нема напад. Службениците не смеат глас да кренат на него, а не па нешто друго да направат“, изјави за „А1он“ директорот на затворот, Рахиќ.Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје” во Шуто Оризари на денешното рочиште за „Рекет“ доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа дека бил нападнат.

Македонија | пред 6 години

Jovan-1

Митрески: Пратениците да си ја завршат својата работа, да се донесат законите, па потоа да се распушти собранието

Ние како пратеничка група веќе кажавме дека имаме закони кои треба да ги донесеме пред распуштање на Собранието, за да се одржат изборите на 12 април. Тоа се  Законот за АВМУ и законот за одбрана, законот за исплата на плата за професорите. – посочи координаторот на пратеничката група на СДСМ , Јован Митрески пред пратениците во Собранието.Не е јасно ниту зошто десетина дена не се закажува ниту комисијата  за труд и социјална политика, за покачување на платите на професорите во високото образование, освен ако е тоа заради тоа што имаме професори како Каракамишева на кои не им е потрeбно покачување на плата со оглед на тоа дека земаат пари од учество во управни одбори, но има и илјадници професори на кои им е многу значајно ова покачување.- истакна Митрески од собраниската говорница.Митрески упати повик до сите пратеници на соработка и завршување на недовршената работа во собранието,со цел навремено распуштање и одржување на изборите на 12 април. фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

2

Стоилковски: Филипче му даде 7 милиони евра државни тендери на човек кој гради заедничко здание на семејството на Филипче на атрактивна локација

Тендери од над 6 милиони и 700 илјади евра од здравството, има добиено градителот на овој објект, кој што е заеднички со семејството на министерот за здравство, Венко Филипче!Оваа куќа во скопско Горно Нерези, во местото викано Рупе, соседите веќе ја викаат Касарната на Филипче, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Дали е можно, институциите да немаат ништо видено сомнително, тоа што од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче во министерството за здравство, вкупно 7 милиони евра од сметките на министерството за здравство и здравствените установи, завршиле на сметката на „Синерџи медикал“, компанија во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој што куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство.Филипче уште и го потврдува тоа дека се познава со Филипов, ама не биле многу блиски пријатели. Па, колку блиски пријатели треба да бидат за министер да му даде 7 милиони евра државни тендери на човек со кој што гради заедничко здание на семејството на министерот на атрактивна локација во Скопје?Нема тендер, нема корупциски скандал, нема рекетарски скандал да не е вмешано името на Венко Филипче, нема криминал со кој што не е запознаен Зоран Заев!7 милиони евра за две години и оваа „касарна“ на Водно се доволна причина за реакција на државните институции, доволен сомнеж за корупција,  ова е последната исцицана капка пред излегувањето од министерството на Венко Филипче!Токму затоа сега на ист таков шверцерско коруптивно рекетарски начин пред избори се турка закон кој што ќе им овозможи заштита и бегство од правда!Нема криминал, нема пораз или нема измама зад која не стои Заев и криминалниот клан. Затоа на 12-ти април тешко ќе бидат поразени. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

spasoski

Спасовски и Димковски традиционално ги закроија лозјата во Тиквешкиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и други владини претставници, денеска, по повод православниот празник Св. Трифун, присуствуваа на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“.Традиционално владината делегација учествуваше во закројување на лозјето на винарската визба Тиквеш, на локацијата Лепово. Денешниот ден е голем празник за лозарите, и го претставува почетокот на новата производствена лозарска година.Министерот Димковски посочи дека производството на грозје и вино има огромна традиција на опстојување на балканските простори, а посебно во нашата земја, додавајќи дека изминативе две и пол години, ресорното министерство, интензивно работеше на развојни мерки за оваа наша стратешка гранка.„Нашите мерки за развој на винската индустрија веќе даваат позитивни резултати, Република Северна Македонија станува препознатлива по производството на квалитетно вино, што не етаблира како винска земја. Вкупното производство на вино се движи од 115-125 милиони литри, од кои приближно 80 милиони литри завршуваат на пазарите надвор од РСМ, од што годишниот девизен прилив изнесува околу 50 милиони евра. Македонските вина прават сериозен пробив на европските и странски пазари и тоа е добро за нашата економија и за афирмација на нашата земја. Расте извозот на вино во шише, а паралелно и наградите за македонските вина на меѓународните саеми“, изјави министерот Димковски.Димковски потенцираше дека во изминатите две и пол години Владата, покажа голема грижа за лозарите и за решавање на проблемите со кои тие се соочуваат. Навреме, пред почетокот на новата производствена реколта и оваа година лозарите ги добија субвенциите за одржување на лозови насади, а минатата година се реши и долгогодишниот проблем на лозарите коишто не ги имаа добиено парите од предаденото грозје во дел од винарниците во периодот 15-ти август 2014 до 15-ти ноември 2016 година.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тројца албански државјани осомничени за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле наркотична дрога марихуана, од која дел им била наменета за лична употреба, а дел за препродажба на други лица на подрачјето на Гостивар и околните села.При претрес во собата во која престојувале осомничените на 13 февруари, полициските службеници пронашле околу 227 грама марихуана во повеќе најлонски пакувања, дигитала вага и дробилица. Извршената проверка покажала дека лицата на возраст од 28, 20 и и 34 години не оствариле легален влез преку граничен премин на територијата на државава.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување краткотраен притвор за тројцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор од 48 часа.По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомничените.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

14022020_PVRSM_Spasovski_uvid_Goce_Delcev

(ВИДЕО) Спасовски: Спроведуваме системски инвестиции за подобрување на студентскиот стандард за подобри услови за студентите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми, и со директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски, направија увид во завршените работи за реновирање на блоковите В и Г во Студентскиот дом „Гоце Делчев“.Во овој студентски дом е завршено реновирањето и комплетно се уредени студентските соби со капацитет за 600 студенти, во кои се вградени нови тоалети, поставени системи за видео надзор и за превенирање од пожари, а во завршна фаза се активностите за целосно уредување на дворот. Се поставуваат нови клупи, осветлување, високо и ниско зеленило, паркинзи за точаци, рампи за контрола на влез и излез и е обезбеден пристап за специјални возила.„Владата предводена од СДСМ и од коалицијата уште на стартот на својот мандат во 2017 година, започна сериозни и системски инвестиции за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и за овозможување подобри услови за студентите,за нивното секојдневие во студентските домови. Младите, учениците и студентите, се иднината на државата и затоа е потребно постојано да се вложува во нив. Најодговорно презедовме темелни иницијативи во таа насока, и продолжуваме со мерките кои значат подобри услови, повисок стандард односно подобар живот за сите млади во нашата земја“; истакна Спасовски во изјавата за медиумите.Премиерот Спасовски соопшти дека покрај комплетираното реновирање на блоковите В и Г во „Гоце Делчев“, се работи и на големото реновирање на зградите 1 и 2 во студентската населба „Стив Наумов“, како и на уредувањето на заедничките простории за обуки и дружење на студентите во „Кузман“.Министерот за образование и наука Арбер Адеми нагласи дека Владата води континуирана грижа за унапредување на студентскиот стандард.Директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски, потенцираше дека во пакетот промени за подобар студентски стандард и за пресврт на квалитетот на студентското живеење значајни и квалитетни промени се направени во исхраната во студентските ресторани.Во таа насока е и новото законско решение за субвенциониран оброк за сите редовни студенти кои се на додипломски студии на државните, но и на приватните универзитети во нашата држава.Субвенцијата изнесува 2.400 денари месечно или 120 ден. дневно и ќе биде на товар на државниот буџет, а ќе се исплаќа на давателите на услуги во рестораните кои што услужиле студент.Во изјавите за медиумите беше нагласено дека Владата и Министерството за образование и наука остануваат фокусирани на политиките за поддршка и за подобар стандард на младите и студентите, за создавање услови да се образуваат во земјата и да ги препознаат и прифатат можностите за да го дадат својот придонес за развојот и напредокот на нашата земја.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

IPARD_0213202002

Поголема искористеност на ИПАРД програмите за земјоделските активности

Претставници од Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид   беа дел од   обуката   за диверзификација на фармите, автохтони видови на домашен добиток и органско производство во функција на рурален развој и нови можности за користење на ИПАРД програмите за рурален развој,  што вчера се одржа во Охрид.На обуката акцент беше ставен на ИПАРД програмите кои представуваат извонредна можност за диверзификација на руралните земјоделски активности, а производството и пласманот на органските производи во секторот на алтернативниот туризам представуваат најпрепознатлив бренд на локалниот туризам. Беше истакнато дека  можностите што ги дава ИПАРД програмата, и диверзификација на активностите преку поврзување на аграрот, органското производство и туристичката понуда се евидентни и сеуште  недоволно искористени од мал број на  аграрни и рурални семејства. Немањето информации или потребата од стручни и консалтинг услуги во подготовка и имплементација на проектите се најголемите проблеми со кои се соочуваат потенцијалните корисници.На средбата  присутните беа запознаени  со органското земјоделство и неговите предности за растителните  и животински видови кои се изложени  на болести и прилагодливи на локалните климатски услови. Моментално се соочуваме со најголемата појава на почвена ерозија досега, предизвикана од модерното земјоделство кое практикува интензивнa употреба на хемикалии врз почвата. Изумирањето на голем број видови  е еден од нашите најважни еколошки проблеми. Многу органски земјоделци со децении, собираат и зачувуваат стари семиња и одгледуваат невообичаени сорти.Органското земјоделство е добро за животната средина, подобро за бизнисот, има поголема енергетска ефикасност и повкусни производи.Органското земјоделство ги одржува руралните заедници витални. Тоа може да биде еден од начините за опстанок на една фамилијарна фарма и одржување на руралните заедници. Зголемувањето  на побарувачката на органски производи од руралните заедници дополнително ќе ја зајакне нивната финансиска состојба.Учесниците на настанот   добија   сертификати за стекнато знаење  кое  ќе им е корисно и потребно во аплицирање на ИПАРД програмите.Обуката е дел од годишната програма за работа на Секторот за ТЛЕР.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

POSETA_SOFIJA_13022020

Градоначалникот Георгиески во работна посета на Софија

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка на проекти за аплицирање на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 24.11.2019 година, го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од автомобилот обвинетиот одзел лаптоп компјутер и други предмети во вкупна вредност од 62.200 денари.Поради опасност од бегство, а особено имајќи го предвид фактот дека обвинетиот претходно повеќепати е осудуван за голем број кривични дела од имотен карактер, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи определената мерка притвор.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

deskoska

Дескоска: Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор, пробуваат да “купат” време со еден час пауза

ФБ статус на министерката за правда Рената Дескоска:Очигледна е намерата на некои политички партии да го #опструираат процесот на носење на Законот за јавно #обвинителство. Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до 3 часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку 8 часа дебата по нашите говори.Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно призна дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност. Значи на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

stapkata-na-siromashtija-vo-2013-godina-242-otsto-258097-200029

Светска банка: Македонија е најсиромашна на Балканот

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории.До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари, објави пулс24.мкНа Балканот зад нас се единствено Босна и Херцеговина со 40.486 и Турција со 45.998 долари по глава на жител. Пред нас се Албанија со 53.107, Бугарија со 81.878, Романија со 107.022, Хрватска со 147.545, Грција со 227.925 и Словенија со 351.776. За Србија нема податоци.Најбогатите, пак, пет држави во светот се: Норвешка со 1 милион и 672 илјади долари по глава на жител, Катар со 1 милион и 597 милиони, Швајцарија со 1 милион и 466 илјади, Луксембург со 1 милион и 288 илјади и Кувајт со 1 милион и 123 илјади долари по глава на жител.Најсиромашните пет држави во светот се: Гамбија со 5.208, Мозамбик со 7.718, Бурунди со 7.579, Коморските острови со 8.836 и Гвинеја со 8.943.Текстот во целост на; Пулс24.мк

Македонија | пред 6 години

dimitrieska-kocoska

Димитриеска - Кочоска: Почитувана “транспарентна” министерке - Вашата „коректност и транспарентност“ е до таму што јас не сум информирана ниту за кадровски прашања во Министерството!!!

Мојата комуникација и реакциите преку медиумите, се должи на тоа што и покрај нашите меѓусебни раговори за фер соработка, тоа не е испочитувано и до мене се доставуваат делумни, нецелосни податоци, а и добар дел од информациите и актите воопшто не се ни доставуваат, се вели во соопштение од дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.- Дека тоа е така говори и фактот што од моето именување па до денес, до мене не е доставено ниту едно барање за вработување, унапредување, распределување или барање за ангажирање кое влегло преку архивата на Мф, ниту пак одговорите на истите за кои вие имате изворна надлежност како министер. Вашата „коректност и транспарентност“ е до таму што јас како дополнителен заменик министер не сум информирана ниту за кадровски прашања во Министерството за финансии!!! Тоа значи дека вие не ги почитувате одредбите од Законот за Владата, ниту Пржинскиот договор и самостојно одлучувате и потпишувате акти и документи во однос на трошењето на буџетски средства како и во однос на кадровските прашања.- Во однос на тоа дека според вас, голем дел од капацитетите на секторите се ангажирани за одговор на моите барања, да ве потсетам повторно дека согласно Законот е предвидено јас како дополнителен заменик министер заедно и рамноправно со Вас да управувам со министерството при остварување на надлежностите, а тоа сепак не е испочитувано. Долгото времетраење за доставување на податоците за моите барања, не се состои во потребата за нивна изработка, туку во потребното време за корекциите и ограничувањата што вашиот кабинет ги врши на бараните податоци, впрочем како и што самите признавте дека сте запозната.Ме зачудува фактот што сеуште тврдите дека годишните планови биле поширока категорија од реално дадениот опсег на согласности. Тоа можеби е точно, за известувањата за обезбедени финансиски средства за вработувањата на неопределено време, но морам да ве корегирам плановите не содржат податоци за привремените вработувања, за вработувањата на определено време, за преземањата, за ангажирањата со договор за дело и авторските договори. Знаете ли колку нови вработувања има во администрацијата по овие основи, особено во време на оваа Влада??? Повторно, се прашувам дали навистина верувате дека плановите за вработувања се поширока категорија од согласностите за вработување или ја манипулирате јавноста?Како и што самата велите улогата на дополнителниот заменик министер според законот е да обезбеди фер и демократски избори, затоа со оглед дека до мене не стигнуваат такви податоци иако би требало, а за да јавноста оцени дали има така наречен предизборен поткуп, јавно прашувам:- колку известувања за обезбедени средства за вработувања имате издадено во периодот од дознавање за одржување на предвремени парламентарни избори до денес:-     на неопределено време-     колку на определено време-     колку за вработувања преку Агенциите за привремени вработувања-     колку согласности имате издадено за ангажирања на лица со договор за дело и со авторски договори и како сте ценеле за нивната реална потреба???- и се разбира КОЛКУ ТОА ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА.Со оглед дека овие одговори сметате дека не треба да ми се достават, одговорете и на јавноста, на граѓаните, на даночните обврзници.  Тие имаат право да знаат!!!И за крај, а во контекст на се погоре прашувам, какви се тие принципи на Владата која за едни министри поништува решенија за распоредувања и вработувања, додека вие слободно во период на преодна Влада вршите распоредувања, унапредувања нови ангажирања и вработувања во Министерството за финансии. Дали станува збор за двојни аршини, се вели во соопштение од дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

Спасовски: „Распуштање на Собрание нема без носење на законите“

„Најпрво треба да се донесат законските решенија, па потоа парламентот да се распушти“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.Техничкиот премиер оцени дека кога доаѓаат избори секогаш има тензии, кои, како што рече, се само собирање политички поени. Во однос на распуштањето на Собранието Спасовски дециден:„Лидерска средба ќе видиме дали и кога ќе се организира, а распуштање на Собрание нема без носење на законите“.Во врска со релациите на СДСМ со ДУИ, Спасовски вели дека се коректни.– Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер – рече Спасовски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен малолетник од Куманово, се сомничи дека украл електрични апарати за домаќинство и обувки

Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.На 12.02.2020, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16- годишникот, во присуство на неговата мајка. По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC03866

Филипче: Институтот за клиничка биохемија со нов апарат за одредување бакар во урина и серум

Институтот за клиничка биохемија набави нов апарат Атом-апсорпциски спектрометар (PinAAcle 900 F Perkin Elmer), со кој може да се одредува концентрација на тешки метали, посебно на бакар во урина и во серум. Ова испитување е брз метод за утврдување вишок бакар во организмот во процесот на дијагностика, што е посебно значајно за пациентите со Вилсонова болест, кои користат хелаторска терапија, која помага вишокот бакар во организмот да се исфрли преку урина. Токму поради тоа, следењето на нивото на бакарот во урина е едно од неопходните испитувања за следењето на прогресот на болеста, и е директен показател на ефектите од терапијата.-Станува збор за апарат којшто ќе го користат пациентите со ретката болест Вилсон, коишто имаат зголемена количина на бакар во крвта. Над 30 пациенти во нашата земја боледуваат од оваа болест. Овој апарат значајно ќе им го олесни пристапот до дијагноза, но и контрола, на тоа како влијае терапијата за оваа ретка болест. Тоа значи дека отсега па натаму, огромните суми на пари над 5000, 6000 илјади денари кои тие ги плаќаа во приватните амбуланти, сега само со партиципација од 200 денари ќе ја прават оваа анализа на Клиниката за клиничка биохемија. Буџетот за ретките болести во 2020 година е значајно зголемен и изнесува 527 милиони денари. Двојно повеќе од тоа што беше во 2017 година, рече министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче при денешната посета на Институтот за клиничка биохемија.Рутинското извршување на оваа анализа под водство на Клиниката за клиничка биохемија е веќе ставено во шифрарникот на Фондот за здравствено осигурувње и е од огромно значење за веќе дијагностицираните пациенти со Вилсонова болест, во насока на следење на успешноста на терапијата и прогресот на болеста, а особено ќе придонесе во процесот на дијагностика. Вилсоновата болест е фатална доколку не се открие и не се лекува, но навремено откривање на болеста и редовна, соодветна терапија, им овозможува на овие пациенти нормален живот, со минимални диететски рестрикции.Директорката на Институтот, Џемиле Јусуфи посочи дека со новата апаратура може да се работат анализи за присуство на бакар и цинк, а понатаму во зависност од потребите ќе може да се набават и дополнителни лампи за дијагностика на други тешки метали.-Чест ми е и задоволство што денеска Институтот за клиничка биохемија доби нов апарат, еден од најсовремените апарати и од најпознатите производители од брендот Елме кој е многу стабилен и е многу прецизен апарат со кој ќе имаме можност да испитуваме тешки метали. Особено е важно во овој момент што ќе почнеме со испитување на бакар во урина на пациентите кои боледуваат од вилсонова болест, параметар кој е многу важен за следење на терапијата и за следење на прогресот на болеста. Ова е долгогодишно барање на пациентите кои боледуваат од оваа болест и ние сме среќни што ќе можеме конечно да работиме со овој апарат и да им бидеме од помош на пациентите кои имаат потреба од ова испитување, потенцираше директорката Јусуфи.Атомската апсорпциска спектометрија е најсигурната метода за извршување на оваа анализа, која резултира со најголема точност и се совпаѓа со резултатите од странските референтни лаборатории.-Главната цел за која го формиравме здружението Вилсон Македонија е да обезбедиме што подобар третман за лицата со Вилсонова болест, како ретка болест. Кога зборуваме за третман, не мислиме само за терапија, туку и за целиот процес, од дијагностика до лекување и следење на болеста. Токму затоа сме многу среќни што успеавме со голема посветеност на Клиниката за клиничка биохемија и подрдшка од Министерството за здравство да стигнеме до најдобриот начин за одредување бакар во урина, како главна дијагностичка мерка, како главна мерка со која се следи болеста. Ние како пациенти, но и самата држава направи многу голем чекор со донесување на лековите, но нашата борба не заврши тука и сме среќни што конечно ова стапува во функција и се надеваме дека редовното извршување на оваа анализа ќе им овозможи на пациентите да ја прават оваа анализа, истакна Ања Босилкова Антовска, пациентка со оваа ретка болест и членка на  Здружението „Вилсон Македонија“.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џаафери: Ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат

Денеска во 11 часот треба да продолжи седницата на која се расправа за предлог законот за Јавното обвинителство. Таа синоќа беше прекината од претседателот на парламентот, поради немање услови да продолжи, бидејќи за збор во расправата се јавиле 38 пратеници. Но она што го привлече вниманието беше повикот на Џафери, партиските лидери да се изјаснат дали имаат желба изборите да се одржат на 12-ти април.Џафери во изјава за Дојче веле тврди дека направил сè што е во негова надлежност, а од партиите побара да кажат дали навистина сакаат избори. Уште поинтересна е неговата изјава упатена до партиите: „Крај на краишта, не сме венчани“.– Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем – вели Џафери во разговор за ДВ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев е исплашен бидејќи ќе одговара и ќе мора да го врати украденото

Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на криминалот и алчноста на Зоран Заев. Избори мора да има за да престане тригодишната агонија на континуирано задолжување, заминување на младите, епидемија од корупција, нула капитални инвестиции и сеопшто тонење, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Со секој изминат ден, стравот на Заев од соочување со граѓаните е се поголем затоа што знае дека не само што ќе го испратат во опозиција, ќе бараат од него и кривична одговорност и враќање на секој украден денар.Аболицираниот Заев на чело со СДСМ со законот за јавно обвинителство сака да се амнестира и да продолжи селективната правда. Повеќе од јасно е дека тој е главата на октоподот. Од снимката објавена во јавноста може да се слушне како криминалецот Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“  заедно со Катица Јанева.Затоа Зоран Заев сака да озакони класична неправда, односно незаконски снимки да може за други да се користат како докази, но не и за него бидејќи се со понов датум.На граѓаните им е јасно дека Зоран Заев е политичко минато и дека државата и правниот систем со него на чело се распаѓаа во изминативе три години. Зоран Заев мора да оди на политичкото буниште за да отпочне обнова на државата на сите полиња.На 12-ти април СДСМ и Зоран Заев заминуваат. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања