Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

7Arsovski-Dimce-15-02-2020

Арсовски: Русковска и Јовевски да кажат која е улогата на Заев во матните зделки на Боки 13

Зоран Заев е нервозен и очаен човек. Фатен во криминал, тој на очиглед на целата јавност тргува како на пазар со демократските вредности, правната држава и со државните интереси на Република Македонија. Затоа угледниот Економист, Македонија со Заев ја нарекува хибриден режим. Тоа што аболицираниот Заев ќе посака, тоа парламентарното мнозинство му го удоволува, само да го спаси од идна кривична одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев брза да донесе Закон за јавно обвинителство за да не може скандалозните аудио бомби да не можат да се користат против него на суд.Да потсетиме дека во Собранието на Македонија се слушна гласот на Заев како јасно и гласно кажува дека знаел за матните зделки на Боки 13, за изнудата на милиони од бизнисмени со кои се финансирала неговата телевизија, за криминалот со Меѓународниот Сојуз, но и за скандалозната изјава дека тој и функционери на СДСМ му помагале во обезбедување на пари за наводно рекламирање, далеку пред да се обзнани аферата рекет.Што ли треба повеќе Русковска и Јовевски да слушнат за да ја прошират истрагата за милионскиот рекет. Веќе се наѕира главата на криминалниот октопод, и сите веќе знаат дека таа се наоѓа на Илинденска ББ.Заев не само што знаел за криминалот, туку има сериозни индиции дека и свесно го помагал, а јавното обвинителство се уште молчи.Затоа се вели еднаш пазарџија-секогаш пазарџија, без разлика дали се работи за пиперки, бостан и патлиџани, или краставици или право, правда и национални интереси. Пазарџијата Заев сега распродава се за некој ситен бенефит плус, пред да му се затвори тезгата и да одговара кривично.На 12 април ќе следи одговорот и казната, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Дедо изразил незадоволство поради затворање на еден од шалтерите во банка во Битола, обезбедувањето го исфрило надвор

На 14.02.2020 околу 13.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во експозитура на банка на ул.„Партизанска“ во Битола, П.П.(78) од Битола бил нападнат и повреден од лице вработено како обезбедување во банката. Според пријавеното, П.П. со уште неколку лица изразиле незадоволство поради затворање на еден од шалтерите, а по упатеното предупредување лицето од обезбедување го исфрлил П.П. надвор од банката, при што П.П. се здобил со тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-4

На аеродромот во Скопје нападнат офицер за врски од Француската амбасада во Скопје

На 14.02.2020 во 17.15 часот било пријавено дека во зградата на „Меѓународен Аеродром Скопје“, на шалтер бр.14, Е.В.(29) од Р.Албанија со тврд предмет физички го нападнал Т.Р.А.П.Р.(43) од Франција, офицер за врски од Француската амбасада во Скопје, кој вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци за Европската Унија и Шенген држави. Според пријавеното, Е.В. заедно со неговата сопруга и со нивното малолетно дете се пријавил да патува за Барселона, поради здравствени прегледи на детето, а бил незадоволен од тоа што францускиот претставник не му дозволил да патува во Европската Унија, со образложение дека не ги исполнувал општите условите за влез во ЕУ. Е.В. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, а во 21.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

1-2

Петровска во посета на ОВР Струга и Дебар: Намалување на кривичните дела за 50 проценти споредбено со 2018 во овие градови

Дополнителниот заменик на министер Петровска во работна посета на ОВР Струга и Дебар , граничниот премин Ќафасан и полициската станица ФранговоДоследното почитување на законските надлежности и норми, како и целосна примена на професионалните стандарди во секојдневното работење се единствениот можен начин преку кој полицијата може и мора да ја гради својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните.Ова меѓу другото, денеска го истакна  дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска при нејзината посета и работна средба со раководните луѓе во Одделението за внатрешни работи Струга, а во рамки на активностите поврзани со подготовките на полициските служби околу одржувањето на претстојните парламентарни избори.Дополнително, како што беше констатирано на состанокот, фактот што на подрачјето на надлежност на оваа организациона единица се бележи намалување на кривичните дела за 50 проценти споредбено со 2018 година односно висок степен на расветлување на криминалот, вклучително и за тешки кривични дела, како на пример, убиството на Дилавер Бојку за што е веќе поднесена и кривична пријава, јасно говори во прилог на стабилната безбедносна состојба на ова подрачје. Тоа, пак, само по себе е дополнителен гарант и за решеноста на полициските служби, во рамките на своите надлежности, да дадат максимум во обезбедувањето на мирни и слободни услови за непречено гласање на избирачите.Дополнителниот заменик министер Петровска исто така, покрај ОВР Струга ги посети и Полициската станица за граничен надзор  Франгово, Граничниот премин Ќафасан а ќе го посети  и Одделението за внатрешни работи Дебар каде што ќе се сретне со раководните луѓе со овие организациони единици. Притоа, фокусот на разговор на средбите со раководството е  ставен на темите околу ефикасноста на полициското работење и тековните активности во врска со подготовките за полицијата за следење на изборниот процес.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

Tomovski

Томовски: Ковачевски лаже, УО донел одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка

Васко Ковачевски и СДСМ лажат и во страв дека им се откриени сите малверзации се закануваат со тужби. Ова е доказ дека УО на АД ЕЛЕМ донел Одлука со која се одобрува претпријатието да достави предлог за донесување одлука за продажба на хотелите на Попова Шапка до владата на Република Македонија, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.УО на АД ЕЛЕМ со потпис на Ковачевски сака да го приватизира имотот на ЕЛЕМ Турс на Попова Шапка. Ковачевски и СДСМ на два месеци пред избори, во надеж дека никој нема да примети сакаат да распродадат милионски имот сопственост на државата.Ова е доказот дека на СДСМ им се побитни профитите на поединци кои треба да ги земат хотелите на Попова Шапка, отколку граѓаните и државниот имот. Туристичкиот комплекс Попова Шапка е со огромен потенцијал и неодговорниот однос со истиот наместо туристи и приноси во буџетот ќе донесе затворање на истиот.Апелираме веднаш да се запре процесот на распродавање. Пред било што да се направи со овој комплекс потребна е сериозна и темелна анализа и студија. Сите инволвирани во случајот треба да знаат дека не смеат на шверцерски начин на два месеци пред избори да распродаваат државен имот. Одговорност за секое незаконско дејствие ќе има за сите инволвирани во случајот, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Нашите пратеници на клоци ќе го бркаат Џафери и било кој за целовечерно срамно изживувањe во Собранието

Одлуката на Талат Џафери да ги држи синоќа цела вечер пратенциите во Собранието е неразумна, нечовечка, антимакедонска, антицивизациска и спротивна на правилата и практиката на Собранието, според кои, пратениците работат до 18 часотт.Но, синоќешната срамна собраниска седница откри и друга вистина. Во Собранието беше непријатно да се слушаат довикувањат на пратенците од ВМРО-ДПМНЕ како го молат Џафери да се смилува, да ја прекине седницата и да ги пушти да си заминат дома на спиење. Џафери синоќа покажа демонстрација на сила и ја откри болната вистина дека реален шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а пратениците, како и Зоран Заев и Христијан Мицкоски се обични потрчковци без реална моќ да ги вршат своите партиски и државни обврски.Новата легална власт на Единствена Македонија ќе го врати достоинството на државните органи. Ветуваме дека пратениците на Единствена Македонија на клоци ќе го избркаат Џафери и било кој од собраниската сала дококу направи и најмал обид за повторување на синоќешното целовечерно срамно држење на пратениците за шверцерско донесување на закони со купување на пратенички гласови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

KaevskiDarko

Каевски: СДСМ посветено и континуирано работи на подобрување и унапредување на студентскиот стандард

СДСМ посветено и континуирано работи на подобрување и унапредување на студентскиот стандард.  Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен, истакна Дарко Каевски, претседател на СДММ.Блоковите се реновирани по современи стандарди и овозможуваат идеални услови за живеење на студентите.Покрај реновираните соби, пренаменети се помошните заеднички простории во простории за рекреативни активности.Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.Со реновирањето,  студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој има капацитет од 1.200 студенти станува и енергетски ефикасен.Енергетски ефикасна ќе биде и зградата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“.Во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и зградата 2.Минатата година е потпишан договор за реновирање на седум студентски домови и тоа во Битола, Охрид, Штип Прилеп и во Скопје. Проектот вреден 25 милиони евра, почнува оваа година, а ќе се финализира 2024.СДСМ инвестира во подобрување на студентскиот стандард и креира и реализира квалитетни младински мерки што го подобруваат животниот стандард на младите.Со тоа покажуваме дека сме на прав пат сме, истакна Дарко Каевски, претседател на СДММ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

saem-turizam-1

(ФОТО) Саемот за туризам во Софија, повеќе од успешен за нашата земја -Наесен чартер летови Софија – Охрид

Голем интерес за нашата земја како туристичка дестинација на саемот за туризам кој се одржа во Софија. Македонија беше дел од 37-мото издание на интернационалниот саем за туризам ”HOLIDAY&SPA EXPO” во Софија, Бугарија. Нашиот штанд го посети и министерката за туризам на Р.Бугарија Николина Ангелова, градоначалникот на Лесковац, градоначалникот на Струмица и голем број на медиуми и новински куќи, туроператори. Нив лично ги дочека и им ги презентираше убавините на нашата земја директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.-Бугарскиот  пазар е еден од топ пет туристичките пазари во македонија, кои и во 2019 год бележи раст на туристи и остварени ноќевања, истакна директорот на  АППТ Јаневски.Инаку туристичкиот саем во Софија, се одржа од 13 до 15 февруари. Аленцијата за промоција и поддршка на туризмот ја презентираше туристичката понуда на Северна Македонија заедно со дванаесет ко-егзибитори на најголемиот настан во туристичката индустрија во Бугарија, што се организираше по 37-ми пат – „Holiday & Spa Expo“.Можностите за промоција на туризмот АППТ ги промовира заедно со општините Дојран, Струга, Крушево, Струмица, и делегација од повеќе од триесетина туроператори и хотелите Аурора, Изгрев, Силекс, Гогов, Сириус, Парк, Маива, Мизо и туристичката агенцијa Глобус Травел, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.– Бугарскиот туристички пазар е еден од најзначајните за туристичкото стопанство на Северна Македонија. Профилот на туристи од Бугарија кои патуваат во нашата земја вклучува посетители чија старосна граница е околу 35-45 години, патуваат организирано (фамилијарни посети), а го посетуваат Охрид, Скопје, Струмица, Делчево, Крива Паланка. Најчесто патуваат за одмор и еднодневни екскурзии во источниот регион на нашата земја, гастрономско уживање, посета на манифестации и верски туризам – изјави директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.Јаневски најави дека оваа година во септември и октомври се очекуваат првите чартери на релација Софија – Охрид, по подолг период преговори за поврзување на Северна Македонија и Бугарија.Тој истакна и дека придобивки од учеството на земјава на „Holiday & Spa Expo“ 2020 е вмрежување и деловни контакти со големи туристички компании низ целиот свет.– Саемската манифестација нуди одлична можност да бидеме во тек со најновите трендови и можности за бизнис во туристичкиот сектор, како и набљудување на конкурентното опкружување во регионот и пошироко – рече Јаневски.Меѓународната туристичка берза „Holiday & Spa Expo“ е во календарот на најзначајните настани во туристичкиот бизнис веќе 37 години како најрепрезентативен туристички настан во Бугарија, а на кој се промовираат повеќе од 60 дестинации и туристички региони со учество на 20.000 професионалци и посетители.Промоцијата на македонските туристички дестинации на бугарскиот пазар секако ќе го зголеми бројот на туристи од Бугарија, кој изнесува седум отсто раст кај туристите и пет отсто зголемување на ноќевањата во 2019. Целта за 2020 година е раст на странските туристи од 5-7 отсто ,остварени ноќевања со раст од десет проценти односно 1,3 милиони туристи, што поблиску до четири милиони ноќевања и 420 милиони девизен прилив од туризмот, додава Агенцијата во соопштението.Согласно последните статистички податоци во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, купниот број на туристите е зголемен за 5,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 7,1 отсто.Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7 отсто и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8 отсто.  фото: ФБ Љупчо Јаневски

Македонија | пред 6 години

makron-1

Макрон најави согласност за почеток на проговори со Македонија и Албанија

Пранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен, тој ќе поддржи отворањето пристапни преговори со двете држави - јави 360 степени.„Го чекаме извештајот во март. Ако резултатите се позитивни и е воспоставена доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги започнеме преговорите“, рече Макрон на Минхенската безбедносна конференција.Тој оцени дека Европската комисија (ЕК) завршила значајна работа со реформа на методологијата за преговори.„Процесот на проширување мора да биде пополитички, појасен и со можност за резервибилност. Тој предуслов е исполнет“, порача Макрон.Првично, скратените извештаи на ЕК за Македонија и за Албанија, кои Макрон ги спомнува како услов, беа најавни за крајот на февруари, но најверојатно ќе бидат објавени во март.

Македонија | пред 6 години

leku

Фатен осомничениот за убиството на Леку

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „убиство во обид“, Оделението за внатрешни работи Струга, поднесе кривична пријава против К.Л.(33) од струшкото село Ливада како и против Е.О.(39), од истото село, за сторено казнено дело „помагање“.На 14.08.2017, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга со револвер го лишил од живот Д.Б.(58) од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта.Второпријавениот Е.О. со патничко возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pajak-11

За една недела отстранети 222 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (07.02 - 13.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 222 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 38 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  359 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 38 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Разбојништво во Скопје: При кажба во казино, убиени две млади лица - детали

Утрово во пет часот, во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

manijak

(ВИДЕО) Фатен манијакот од Кисела Вода кој им се соблекувал на жени

Манијакот кој вознемирувал жителки на Кисела Вода е приведен во полиција, по пријава на една од станарките на зградата каде се соблекувало ова момче и по сторијата на Сител.Се работи за момче од Скопје на дваесетина години. Станарите приложиле и снимки од безбедносната камера во влезот.

Скопје | пред 6 години

15-Achondroplasia

Ги запознаваме ретките болести: Ахондроплазија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…АхондроплазијаМКБ Q 77.4AchondroplasiaАхондроплазија е болест која се наследува автозомно доминантно, се манифестира веднаш по раѓањето со џуџест раст. Мутацијата на 4-от хромозом доведува до кратки коски на екстремитетите, додека коските на трупот се нормални, а черепот е зголемен со испакнато чело. Лицата се со нормална интелигенција и нормално траење на животниот век. Се манифестира веднаш пораѓањето. Инциденцата на оваа болест е еден на 15.000-40.000 новороденчиња.Според Националниот институт за истражување на човечки геноми (NHGRI), во повеќе од 80% од случаите, ахондроплазија не e наследна генетска болест. Ова значи дека мутацијата одговорна за ахондроплазија е спонтана и се одвива, од непознати причини, во првите моменти на ембрионалниот развој. Според тоа, процентот на наследни случаи на ахондроплазија е околу 20%.Клиничка сликаИндивидуите од машки пол со ова заболување достигнуваат просечна висина од 131 см, а од женски пол приближно 124 см. Покрај тоа, движењата на лактот се ограничени. Прстите обично се кратки, а куполите и средните прсти можат да се разликуваат, давајќи им на тупаниците изглед на триаголник. Се обсервира и зголемена глава (макроцефалија) со испакнато чело. Рацете им се многу кратки – со кратки прсти. Бебињата имаат и торакална грпка (грпка на торакалниот ‘рбет), а кај возрасните се јавува лумбална лордоза (деформитет на слабинскиот дел од ‘рбетот). Коските на рамото и градниот кош се асиметрично поголеми од основата на черепот и коските на главата и лицето. Како резултат на тоа, се појавуваат деформитети на лактите, колената, бедренатакоска, ацетабулумот на бутната коска итн. Косата, веѓите и трепките може да бидат тенки, а можна е и целосна ќелавост.Здравствените проблеми на лицата со ахондроплазија:– дишењето забавува или запира за краток временски интервал (апнеа)– дебелина– инфекции на ушите– лордоза– болки во грбот се јавуваат во адултната доба и староста, што може да бидат причина за потешкотии при одењето.Како се дијагностицира ахондроплазија?Кога се забележуваат кратки екстремитети за време на бременоста на ултразвучен преглед (обично се мери должината на бедрената коска), преку плазмата на мајката може да се дојде до податок за мутација на генот на ахондроплазија (FGFR3), со што се потврдува дијагнозата. При сомнение за ова заболување, може да се изврши амниоцентеза и биопсија на хорионските ресички, но сепак треба да се има на ум дека овие процедури се поврзани со ризик од спонтан абортус и предвремено породување.Х-зраците на черепот, ‘рбетот и екстремитетите се вршат рутински за да се утврди степенот на аномалии.Скенер (компјутерска томографија) и нуклеарна магнетна резонанца исто така се користат во дијагнозата на ахондроплазија. Честопати се врши ултразвучен преглед на мозокот нановороденчето за да се утврди големината на коморите на мозокот, бидејќи овие деца имаат асоциран хидроцефалус (зголемување на количината на цереброспиналната течност). Во случај на сензомоторни промени во телото предизвикани од абнормалности на ‘рбетниот столб, се вршат невролошки прегледи и ЕМНГ (електромионеурографија).Како се третира ахондроплазија?При рана дијагностика се дава хормонот за раст (соматотропин) за да се постигне задоволителна висина на телото. Не постои дефинитивен лек за ахондроплазија.Симптомите кои се јавуваат како резултат на аномалии на скелетниот систем вклучуваат ортопедски третман. Исто така, може да се направи ортопедско продолжување на екстремитетите, со што се постигнуваат дополнителни 20 сантиметри.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

1-3-1

Со 62 гласа ,,за", Собранието ја разреши Рашела Мизрахи

По речиси шест часа расправа Собранието со 62 гласа „за" ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.Премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување. Тој пратениците рече дека побарал разрешување поради серија јавни настапи во МТСП пред табла со името „Република Македонија", наместо Северна Македонија. Тој потенцираше дека несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.Искрено се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат за местото министер за труд и социјална политика, кандидат кој ќе ги почитува Уставот и законите и кој ќе го даде својот првенствен придонес во организацијата на фер и демократски избори, и кој ќе овозможи непречено функционирање на министерството во испораката на услугите кон граѓаните, рече премиерот.-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади  од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи .

Македонија | пред 6 години

izborni-edinici

Поминаа измените на Изборниот законик, Дебар и Маврово – Росуше од шестата изборна се селат во петтата

Собранието утрово ги изгласа измените на Изборниот законик. Со 75 гласа „за“ пратениците го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.Конкретно се промени бројот на гласачите во две изборни единици.  Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од шестата во петтата изборна единица.Ова беше направено по барање на ДУИ. Калкуллациите говорат дека на овој начин тие ќе добијат повеќе пратеници на изборите кои треба да се одржат на 12 април.Седницата за распуштање на Собранието е најавена за недела на пладне, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

avion-bebe

Авионот полетал со 106 патници, а слетал со 107 – Македонец се родил во авион на ЈАТ на 8.000 метри височина

Марија Тодева се породила на 13 февруари 1978 година во авион на авиокомпанијата ЈАТ, а била породена од екипажот на авионот. Ножиците со кои ја пресекле папочната врска биле дезинфицирани со виски, а детето го добило името Јатко. Денеска, тој полни 42 години, објави слободен печат.мкМајката на Јатко имала 18 години, а летала во осмиот месец на бременоста од Белград преку Сингапур за Сиднеј. Таму ја чекал сопругот Стојан Тодев, кој неколку месеци претходно заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Се породила на два часа пред слетување, на 8.000 метри. Веќе наредниот ден, веста за овој несекојдневен настан одекнала во медиумите.Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот .Текстот во целост на: Слободенпечат.мк

Магазин | пред 6 години

86615287_619907585251742_5878166157692764160_n

Шеќеринска сама на себе си вели БРАВО на ФБ

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска сама си коментира и си дели пофалби на свој пост на Фејсбук.Таа на постот посветен на НАТО интеграциите си коментирала и сама на себеси си напишала „Браво“.На својот „браво“ коментар кој сама на себе си го дала таа добила дури и лајкови.Фото: Принтскрин ФБ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци

Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори. Откако беа договорени изборите Заев покажува дека е способен да ги направи и најниските работи, само за да не одговара пред законите и граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци, изнуди и закани се со цел да донесе закон кој ќе го амнестира за сите криминали во кои е заплеткан.Заев е свесен дека на сите им е јасно дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод и токму затоа му се брза за Законот за јавно обвинителство во кој го гледа единствениот спас за сопствениот криминал.Снимката која беше објавена во јавноста покажа дека Заев лично во повеќе наврати ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски кој рекетираше бизнисмени ветувајќи им слобода во замена за пари.Повеќе од очигледна е спрегата на Заев со осомничените во „Рекет“  Бојан Јовановски и Катица Јанева и токму тоа е причината поради која тој ги забранува со закон само снимките во кои се слуша како ги помага и како тие зборуваат дека е зборено со него и тој за се знае.Законот за Јавно обвинителство кој СДСМ го носи не е добар ниту за државата ниту за граѓаните туку единствено за Зоран Заев и криминалната рекетарска банда околу него.Затоа избори мора да има бидејќи Република Македонија и граѓаните не смеат повеќе да бидат заложници на криминалот на Зоран Заев и неговата желба за лично богатење.Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство и криминални кои ја зацрнија Македонија изминативе три години.Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април кога ќе бидат испратени на темната страна во политичката историја, а тогаш доаѓа обнова на Македонија и одговорност.Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-3-3

ФИТР воведува нов механизам за поддршка на млади талентирани деца

Фонд за иновации и технолошки развој организираше консултативна дебата за новиот механизам за финансиска поддршка на младите креативци. ФИТР подготви  „Правилник за финансиска поддршка на научно-технолошката извонредност и претприемништвото кај учениците и младите“ - нацрт документ кој има за цел да ги утврди правилата според кои ќе се доделува финансиска и техничка помош на талентирани деца и нивните ментори. Претставници на повеќе образовни институции и граѓански здруженија кои учествуваат на дебатата го оценија овој чекор како позитивен дополнувајќи го со свои сугестии и коментари кои ќе бидат земени во финализирањето на правилникот.Целта на воспоставувањето на новата мерка е отворање на дополнителни можности за финансирање на младите креативци при што ќе бидат опфатени сите фази, од идентификување на нивниот потенцијал и можности, подготовка за учество на меѓународни натпревари и финансиска поддршка.Оваа мерка е наменета за сите образовни установи и здруженија кои спроведуваат активности за поддршка на талентирани ученици и студенти или работат на развој на претприемачки способности кај младите."Наша должност како општество е да се грижиме за најталентираните и најспособните, но и на сите да им овозможиме еднаков и фер пристап до поддршка за да ги реализираат сопствените потенцијали. Оваа мерка има за цел намалување на одливот на мозоци и унапредување на вештините на талентираните деца потребни за нивно вклучување и лидерство во иновативните и технолошки напредни индустрии. Ова е процес со кој вистински и конкретно ќе вложиме во иднината на оваа држава. Бидејќи вложување во младите е вложување во нашата иднина “, посочи Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.Инаку со овој механизам поддршката за научно-технолошка извонредност и претприемништво кај учениците и младите ќе се доделува во вид на грант во износ од минимум 30.000 (триесет илјади) денари до максимум 600.000 (шестотини илјади) денари. Грантот може да го покрива целиот износ на потребното финансирање за предвидените активности. Кофинансирањето обезбедено од други извори, ќе се земе во предвид при бодувањето на апликациите.Нацрт документот во следните 15 дена ќе биде објавен и на веб страната на Фондот (www.fitr.mk) со цел и пошироката јавност да се вклучи со конструктивни коментари и сугестии. Финалната верзија на документот потоа ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.Инаку оваа мерка е дел од пошироката иницијатива на ФИТР од почетокот на 2019 за крерирање на т.н „Фонд за млади умови“- системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите. Во рамките на овој Фонд веќе се интегрирани програмите „Џуниор Ачивмент“, UPSHIFT и Предизвик за млади истражувачи, наменети за ученици од основно и средно.ФИТР само во изминатата година има инвестирано околу 20 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивното критичко размислување и иновативност. Преку програмите на Фондот до сега се поддржани 54 средни и основни училишта со над 500 вклучени ученици и ментори.фото: Фонд за иновации и технолошки развој

Македонија | пред 6 години

Micko-i-rasela

Мицкоски: Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка МАКЕДОНИЈА!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по полноќ  на својот ФБ профил објави фотографија со разрешената министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и напиша:Дисидентите!Зошто?Затоа што ја сакаатмајка МАКЕДОНИЈА!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1470040466504741/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци: Џабе Рашелија и вмројна се возат на ,,антисемитизам" - Нема такво нешто.

„Џабе Рашелија и вмројна се возат на ,,антисемитизам". Нема такво нешто. Македонија не е таква земја“, напиша на својот ФБ профил Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.Јоци во постот уште пишува:„Историјата вели дека скопјани им подаваа леб и вода преку ограда, на нашите сограѓани кога бугарски фашисти ги затворија со денови во ,,Монопол" во К.Вода, ги изгладнуваа, истоштуваа, меѓу тие луѓе кои им помагаа и мојата баба. Никој не знаеше што се случува, дека ќе ги носат во Треблинка. Многу скопјани сокрија еврејски деца и ги спасија.Историја е тоа, факти, неизбришливи.Срамота е бе, луѓе, ние сме мирен народ, солидарен. Сите тоа го знаат. До каде ќе одите?Нема да добиете на избори!Ќе се распаднете“, напиша Јоци на ФБ.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10221224779348973фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

gjorcev

Ѓорчев наместо да ја брани Мизрахи, наброја каде ќе победи ВМРО ДПМНЕ

ФБ статус:Ѓорчев наместо да ја брани Мизрахи, набројуваше градови и села во кои според него вмро ќе победи на избори, стои во објавата на ФБ профилот од Замир Мехмети.https://www.facebook.com/zamirmehmeti/posts/10157084881638176фото: Архива

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Заврши расправата за Законот за ЈО, пратениците вечерва имаат уште една седница на која ќе се дебатира за разрешување на Мизрахи

По говорот на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски за Законот за Јавното обвинителтво, претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од една час, по што треба да почне 136. седница, а на која треба да се разреши техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.Џафери не прецизира кога ќе се гласа за законот за ЈО , откако беше исцрпена дискусијата и ги прекори дел од пратениците за синоќешната преписка на Фејсбук .фото: Архива

Македонија | пред 6 години

14022020_PVRSM_Spasovski_uvid_Goce_Delcev

Студентскиот дом „Гоце Делчев“оди и на Booking.com

Мини кујна, нови кревети и душеци, нови плакари, нови прозорци и врати, опремени заеднички простории за одмор. Сето ова го има во сите четири згради-блокови кои го сочинуваат студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден по катастрофалниот земјотрес, а пуштен во употреба пред точно половина век, во 1970 година. Во меѓувреме, никогаш од изградбата не беа направени потемелни реконструкции на објектите кои им биле дом на илјадници станари кои живееле овде во текот на студиите, објави мета.мк.Просторот околу домот во моментов партерно се уредува, а она што е непроменето е студентската менза. Студентите со кои поразговаравме велат дека се задоволни од подобрените услови за живот во домот.Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски центар за „Мета.мк“ рече дека планира да го стави овој дом на booking.com, за да може секој, посебно во летните месеци кога собите се празни, да си изнајми соба. Едно ноќевање вели, ќе чини 400 денари.– Во однос на храната, има значително подобрување и во однос на квалитет и на разновиност. За храна и за сместување студентот плаќа 3.400 денари месечно, а условите за живот овде се достоинствени и најдобри досега – вели Николовски.Текстот во целост на: мета.мк

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања