Детектор анкета: Две третини од граѓаните поддржуваат членство во Европската Унија
Две третини од граѓаните ќе гласаат за влез на Македонија во Европската Унија доколку утре сеодржи референдум за тоа, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детекторго спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, доколку утре се одржиреферендум, 65,5% од граѓаните ќе гласаат за влез на земјава во ЕУ, додека 17,2% би гласалепротив.Во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања Скопје за Детектор јаспроведе во септември нема некоја значителна промена на расположението на граѓаните. Восептември лани, 67,4% рекле дека ќе гласаат за влез на Македонија во ЕУ, а намалувањето наподдршката од 1,9 процентни поени е во рамките на т.н. маргина на грешка. Слична е ситуацијатаи кај евроскептиците. Таму, за нешто помалку од 6 месеци, бројот на противници на влезот во ЕУсе намалил за само 0,1 процентен поен.36,7% од граѓаните очекуваат земјава да добие датум за старт на преговорите во мај, додека46,3% се на ставот дека Македонија во мај нема да ги почне преговорите.Доколку нема преговори во мај, 30,3% од граѓаните сметаат дека вината за тоа треба да се лоцираво власта, а 17,6% во опозицијата. 16,5% сметаат дека вина за тоа треба да носат одредени земјичленки, додека 8,1% вината ја бараат на друго место. На истото прашање, ИПИС за Детектор спроведе истражување во јавното мислење и во септември.Тогаш, вината во власта ја лоцираа 34,7% од анкетираните или за 4,4 процентни поени повеќе одпоследното истражување. Се намалил и бројот на граѓани кои вината ја лоцираат во опозицијата и тоа од 19,7% во септември лани на 17,6% во анкетата спроведена на крајот од минатиот месец. ЗА разлика од ова намалување, речиси двојно се зголемил бројот на граѓани кои вината ја лоцираат кај одредени земји членки и тоа од 8,2% во септември лани на 16,5% во најновото истражување на јавното мислење.44,4% од анкетираните велат дека забелешките на одредени земји членки на ЕУ во однос надобивањето датум за старт на преговорите се оправдани, додека 31,1% го тврдат спротивното, а24,5’% немаат одговор на ова прашање.Во споредба со септемвриската анкета, може да се забележи дека сега, граѓаните гледаатпоголема оправданост на забелешките на ордени земји членки. Ако во септември 41,4% сметаледека забелешките се оправдани, во последната анкета бројот на граѓани со овој став се зголемилна 44,4%.Слично е движењето на расположението на граѓаните кои сметаат дека забелешките не сеоправдани. Од 26,7% во септември лани, бројот на граѓани кои сметаат дека забелешките не сеоправдани се зголемил на 31,1%. За сметка на тоа, за околу 6,5 процентни поени се намалилбројот на граѓани кои немаат одговор.58,4% од граѓаните Европската Унија ја гледаат како единствена опција за иднината наМакедонија додека 18,6% од анкетираните мислат дека земјава има и други алтернативи. Од нив4,7% сметаат дека тоа треба да биде евроазискиот сојуз, 2,6% да не се членува во сојузи а 1,9%сметаат дека најдобра алтернатива би била балканскиот сојуз. 0,8% сметаат дека тоа е Кина а 0,6% имаат друга алтернатива.Најголемиот број граѓани очекуваат земјава да стане членка на ЕУ во следните 5 години. Ваковстав имаат 27,3% од анкетираните. Една четвртина од анкетираните или 25,8% сметаат декаМакедонија никогаш нема да стане членка на ЕУ. 16,6% очекуваат членство во следните 10години, 10,1% следната година и 9,5% во следните 15 години.Граѓаните се поделени околу оценката за идејата за „мал шенген“, која подразбира економскаинтеграција и регионална соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија. 42,4% од анкетиранитена ова гледаат позитивно додека 39,9% негативно.44% од анкетираните сметаат дека договорите со Бугарија и Грција не беа правилни одлуки. Заразлика од нив, 41% сметаат дека овие одлуки биле правилни додека 15,1% од анкетиранитенемаат одговор на ова прашање.Во споредба со септемвриската анкета, пораснал бројот и на граѓани кои договорите ги сметааткако правилна, но и на оние кои во нив гледаат погрешна одлука.Па така бројот на граѓани кои сметаат дека договорите биле погрешен чекор од 40% во септемврилани се зголемил на 44% во последната анкета. Бројот на граѓани кои ги поддржуваат овиедоговори, од 38,4% во септември се зголемил на 41% во анкетата спроведена на крајот одминатиот месец.За сметка на тоа, за околу 6 месеци, бројот на граѓани кои немаат одговор на ова прашање сенамалил за 6,5 процентни поени.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 28 до 31 јануари оваа година врзрепрезентативен примерок од 1083 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: детектор
Македонија | пред 6 години