Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

darko-poposki

Попоски: Граѓаните ги видоа вистинските лица и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Се штанцаа закони во пет до дванаесет, а глумата беше на очиглед на целата јавност

Едните организираат марширања, претходните контрапротести. За што ќе марширате? Вие сте на власт, а правда не донесовте во изминативе три години. Ниту криминалците завршија во затвор, ниту бројчаникот почна да врти, а проблемите на граѓаните со кои секојдневно се борат си останаа, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.Ќе марширате за амнестијата што ја избоксувавте? За тоа што со години ја замајувате јавноста со некаква борба за правна држава, а всушност е борба за полнење на сопствените џебови и заштита од криминалите?Граѓаните ги видоа вистинските лица и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Се штанцаа закони во пет до дванаесет, а глумата беше на очиглед на целата јавност. Многу провидни игри се играа, во која главната улога повторно ја имаа интегративците, кои очигледно сакаат да седат на две столчиња.Наводно им удоволуваат на колиционите партнери, ама им намигнуваат и на оние старите проверени. Устите им се полни со право и демократија, а битката на секој му е јасно дека е за друго. Комотно да се краде, а никој да не одговара. Па уште и закани дека ќе имало одговорност. Зарем некој сѐ уште верува во тоа? Исто како што го вратија Груевски.Доказ за лажните заложби и ветувања е промената на Изборниот законик. Се направија измени во корист само на Ахмети, но не и во корист на цело општество. Ништо од отворените листи кои се ветуваа, а кои ќе донеса поголема демократизација. Зошто? Затоа што не им одговара на султанпартиите. А интересите на граѓаните повторно им беа на последно место.Заев и Мицкоски си остана заложници на Ахмети, а нивните пратеници како и во цел мандат притискаа послушно само тастери.ГДУ во наредниот парламентарен состав ќе иницира веднаш промена на Изборниот модел, отворени листи кои ќе им овозможат на граѓаните да гласаат за личности кои ќе ги претставуваат и ќе се борат за нив во Парламентот, а не да бидат слепи послушници кои ќе им служат само налидерите.Патот кон Европа не е само гласање на закони, туку и спроведување. Во Европа не се оди со злоупотреби и манипулации.Затоа најдобро и едните и другите да организираат марш на лицемерието.Со СДСМ и ДПМНЕ правда, како што би рекол поранешниот премиер „мало сутра", истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.фото и видео: ГДУ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Злото во Македонија има име, се вика Зоран Заев и на 12 април ќе биде поразен

Радувајте се, имаме силен причина за радост. Вчера си замина марионетската власт на Заев инсталирана и купена од странски центар. Власта на Заев ќе остане запаметена по најстрашното злосторство и националната диверзија врз македонскиот народ со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, истакна Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.Власта на Зоран Заев доживеа целосен пораз, на домашен и меѓународен план. На домашен план владеењето на Заев го одбележа безаконие, корупција и криминал. Заев ветуваше подобар живот, ставаше бројчаник на кој ќе врти одземањето, на како што велеше Заев, грабежот на половина Македонија и украдени 5 милијади евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, наместо враќање на украденото, Заев тргна по истиот пат и ја украде другата половина од Македонија.Заев, се што кажа излажа. А отвори уста, лаже. Најбезобразно лажеше дека штом се избришат Македонците ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели. Но, го гледаме спротивното, Заев донесе педери, дрога, проституција, казина, секојдневни убиства, грабеж на народни пари.Марионетската влада во Скопје тргна да ги руши македонските вековни традиционални и семејни вредности. Секако, нема да заборавиме дека странскиот измеќар Заев си ја исполни желбата за одмазда спрема уставобранителите и ги фрли во занданите на Идризово со вкупна казна од 211 години затвор.На меѓународен план Заев насилно ја турка Република Македонија во геноцидната организација НАТО иако ова е спротивно на референдумската волја од 30 септември 2018 година кога народот кажа НЕ за промена на името и членството во НАТО и ЕУ.Злото во Република Македонија има име. Злото се вика Зоран Заев и на 12 април ќе биде поразен. Во секое зло, добро.За мене лично и за мојата партија ова е битка за Македонија, за мојот народ и за сите државјани на Република Македонија. Секогаш сум отворен со народот. Запаметете го ова: Давам збор, ветувам дека нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Кажувам директно и јасно - ние во Единствена Македонија сме во политиката да ги одбраниме македонските интереси.Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија. Овие избори не се битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небитен, ова не е битка на индивидуалци и лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија. Битка која само заедно можеме да ја победиме, битка во која Македонија ќе победи. Да ги збиеме редовите. Рамо до рамо, срце до срце, рака за рака. Сплотени и единствени ништо не ни можат. Сите заедно, старо, младо, машко и женско на нозе се креваме. Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето, нашата борба е света должност.Затоа, прва задача на новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа е поништување на антимакедонските договори. Тоа што Заев вели дека договорите се непроменливи, заборавете го. Лаже. Договорите се ништовни, но, за да ги поништиме има само еден услов - народот да не згреши на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите Тоа може да биде последната шанса за Македонија Да живее Република Македонија Да живее македонскиот народ .Да живеат државјаните на Република Македонија, истакна Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

Dimce-Arsovski

Арсовски: ВМРО ДПМНЕ ќе коалицира со секоја партија која ќе ја поддржи програмата и нашата визија

Во однос на коалициите неколку пати имаме повторено, ќе напоменам и сега дека ние наназад подолго време, не е само сега овој период туку и многу подолго од претходно одржуваме одлични комуникации, конструктивни разговори со повеќе политички партии., истакна Димче Арсовски портапарол на ВМРО ДПМНЕ.Арсовски додаде: Во однос на било какви коалиции и се останато најдобро е да почекаме да видиме што  следи во наредниот период. Од она што можам да напоменам  е дека нормално има конструктивни и пријателски разговори со сите политички партии и секоја политичка партија која што е на иста бранова должина со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржи програмата и визијата на ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија има простор да се разговара за коалиции. Тоа е во однос на коалициите.извор: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Расчистена депонијата под Кале, сопствениците задолжени да ја оградат и чистат парцелата

Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале кој до пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување, поради огновите што се палеа на отворено.Бидејќи локацијата е всушност приватна сопственост, Градот Скопје ги задолжи сопствениците да си го оградат местото и ги предупреди дека во иднина тие се одговорни да ја одржуваат хигиената на парцелата.Градот Скопје најавува засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат на своите парцели да се трупа ѓубре и да се создаваат диви депонии кои ја загадуваат и нагрдуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

flakon

АА: ДУИ не успеа да реализира економски развој, држејќи го историскиот рекорд на неуспеси за капиталните инвестиции

Со распуштањето на Собранието, се отвори патот за изборите на 12 април, што без сомнение ќе ја донесат долгоочекуваната промена во земјата. Албанската владејачка партија имаше повеќе од доволно време да се докаже и да им помогне на Албанците кои со години ги третираа само како гласови за да се обезбедат самите себеси и ништо повеќе.Не можеме да застанеме на една или друга сфера во нашата земја, затоа што сите со печатот на ДУИ се уништени. Почнувајќи од судскиот систем, образованието, здравството, економијата, екологијата и многу други, истакна на денешната прес конференција Фљакрон Беџети- Портпарол на Алијанса за Албанците.Народот веќе не може да се манипулира затоа што се свесни дека само со ДУИ не завршуваат политичките монтирани случаи против Албанците, додека виновниците за малтретирање со ДУИ секогаш остануваат неказнети. Започнувајќи со бегството на Никола Груевски, не притворањето на Гордана Јанкуловска, спасувањето на Трајко Велјановски за 27 април, ослободителната пресуда за убиството на Алмир, инкриминираните пратеници на ДУИ во кривични дела како што е случајот со Џеват Адеми, Ејуп Алими се само неколку од јавните случаи за кои народот знае дека ДУИ е одговорна со нејзините инсталирани судии и обвинителите кои спроведуваат селективна правда во земјата.ДУИ не успеа да реализира економски развој, држејќи го историскиот рекорд на неуспеси за капиталните инвестиции.По заминувањето на АА од владата, износот на додатоци за третото дете се смени затоа што 50% од семејствата кои ја добија оваа помош се Албанци.Економијата прави регрес во албанските населби, додека невработеноста кај младите во Северна Македонија го зазема третото место во светот, а од друга страна албанската невработеност во земјата е алармантна и далеку од процентот што го обврзува уставот, со што за резултат се зголемува стапката на миграција.Агенцијата за млади и спорт, како и Агенцијата за просторно планирање на лидерско ниво и натаму се 0% Албанци и 100% Македонци вработени. Врховниот суд има 88,9% вработени Македонци и 0% Албанци. Државниот завод за статистика 90,1 Македонци и само 3,3% Албанци, Институт за стандардизација 100% Македонци и 0% Албанци. Ниту државните управи и министерствата не ја почитуваат соодветната застапеност на Албанците каде ако ги собереме сите, вклучително и манипулацијата со етничката припадност, излегува дека само околу 12% од вкупниот број вработени во јавната администрација се Албанци.Државните фондови и субвенциите се однесуваат само на оние што се на власт. Додека состојбата во образованието се влошува, ДУИ не успеа да обезбеди училишта и образование на албански јазик во многу населени места како што се Чашка, Блаце, Идризово, Визбегово, Битола, Мала Речица и многу други населби.Со години се ветуваше решение за проблемот со дивите депонии и нечистиот воздух, водоснабдување и канализација, патна инфраструктура, болници, здравствени и земјоделски инвестиции кои никогаш не се реализираа, затоа што ако тоа беше сторено денес не би зборувале за основни работи што една држава мора да им гои обезбеди на своите граѓани.Почитувани, во интерес на времето, ова беа само некои од главните теми кои демаскираат и демантираат каква било манипулација на ДУИ со јавноста. Во наредните денови Одделите на Алијанса за Албанците ќе ги направат транспарентни сите детали за неуспесите на соодветните министерства, истакна Фљакрон Беџети- Портпарол на Алијанса за Албанците.https://www.facebook.com/aleancashqiptarett/videos/798868400619874/видео: АА

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

СДСМ: ТВ соочувања имало и ќе има, извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има. Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал. Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази.Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години.Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слобдна, демократска, економски напредна држава.Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите.Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%.Извршителот Мицкоски чекор назад, претседателот Зоран Заев три чекори напред!Затоа Мицкоски нека се подготви за нов пораз, а најголемиот го следи на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

orce-1

Ѓорѓиевски: Денешната фарса на Заев е за спас на милионите на Вице, плантажите со марихуана и криминалните тендери

Фарсата наречена „Како Заев замислува правна држава“ денес има своја лицемерен  продолжеток. Маршот на Заев ќе биде ништо друго освен марш за спас на милионите на Вице, марш за заштита на плантажите со марихуана на Заеви, маршот за заташкување на нерешените убиства, марш за амнестирање на криминалните тендери. Вечер ќе се случи маршот по стапките кај што беше шетана Луј Витон ташната, истакна Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев е антипод на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија.Три години замајуваа дека правосудството е отворено како пупка за сега да маршираат за право. Апсурд и класична хипокризија. Трите години на Заев беа години во кои тој си го злоупотреби правниот систем на Македонија за да си обезбеди ослободување за криминалите во кои беше фатен, но истовремено да креира политички случаи на прогон на сите кои што не размислуваа исто како него. Затоа јавноста гледаше како за едни правдата беше мајка, а за други маќеа. Случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро Марлборо кој не одлежа ни три месеци затвор за шверц на илјадници штеки цигари и истовремено за престрелка со полицијата или пак насилството на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој помина само со опомена за тепање на граѓани се само дел од случаите каде целосно потфрли правдата.Така е и со новиот закон за јавно обвинителство кој шверцерски и на срамен начин беше донесен на крајот на мандатот на ова Собрание. Со него Заев по кој знае кој пат се обидува да си обезбеди нови амнестии за криминалите и корупцијата во кои што е заглавен до гуша. Ама му порачуваме не можеш Заев да направиш амнестии за себе и своите блиски, колку што имаш криминали кои секојдневно излегуваат за тебе.Тоа што Заев ќе маршира вечер ќе биде само обична прослава на коалицијата помеѓу него и мафијата во Македонија. Тоа што Заев ќе маршира заедно рамо до рамо со братот Вице, Филипче, Боро Марлборо, Курто Дудуш и десетици други блиски пајташи само ќе потврдат дека правдата со овие луѓе не живее во Република Македонија.12 април ќе биде границата пред и по Заев. Изборите ќе испратат јасна порака дека народот не го сака Заев, туку сака правна држава. Изборите ќе бидат порака за Заев никогаш повеќе, истакна Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Обвинение за разбојништвото во казино во Неготино

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против жител на Неготино  на возраст од 24 години поради сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.На обвинетиот му се става на товар дека на 26.12.2019 година околу 08.00 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес заедно со обвинението достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото  лице.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Kejt-Burnz

Брнс го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав

По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, напиша денеска американската амбасадорка Кејт Брнз,  на  социјалната мрежа Фејсбук од Американската Амбасада.https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/posts/10156938844272157Овој успех ги опфаќа, според Брнз, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.– Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина, истакна амбасадорката.https://twitter.com/USAmbNMacedonia/status/1229340456829562880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1229340456829562880&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fnode%2F477668фото ФБ U.S. Embassy in North Macedonia 

Македонија | пред 6 години

tv-21

Безживотното тело најдено вчера на Шар Планина е на Сириец кој имал фалсификувани шпански документи

Државјанин (32) на Сирија е човекот чие безживотно тело беше најдено вчера на Шар Планина над селото Вејце на пат кон планинскот врв Кобилица, соопшти денеска СВР Тетово. Тетовската полиција информираше дека при увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-micko

Мицкоски го повикува Заев да се соочат на ТВ дуел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повикува доскорешниот премиер Зоран Заев да се соочат на ТВ дуел. Мицкоски на својот ФБ профил напиша:-Во изминатите две недели до мене пристигнаа две понуди за ТВ дуел со Зоран Заев. Првата е на телевизијата Канал 5 за 28 февруари во гледаната емисија "Само Вистина", а втората понуда е проект на телевизијата Алфа што би се емитувал на 12 март. Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања и тоа:-Зошто градеше кариера врз лаги, како онаа дека ја знаел вистината за Монструм, а видовме дека единствено што знае е да ги ослободи убијците на нивните деца;- За уценетите слуги кој од најголеми криминалци му станаа најголеми сојузници;- За тоа зошто нема ниту еден крупен криминалец зад решетки и зошто наместо правда има лиценци со марихуана за Боро Малборо, за Заеви и ним блиските;- За тоа како правдата во Македонија за едни е мајка, за други маќеа, за нарачаните пресуди, за тоа дека "бизнисот не требал да се чепка", за Луј Витон ташните, за нарачките на Заев во Врховен, Апелација, за тоа како Заевци го спасуваат СЈО, за да си ги спасат милионите;- Да зборуваме за тоа како мафијата со Заев доби своја држава, за контигентите "педесетки" кои станувале "триесетки" и многуте кеш пари, за тоа зошто обвинителството молчи, а милионите на деспотот растат;-Зошто одби испитување на потекло на имот, а се спротивстави на забрана за амнестија на политичари, додека бара закон за јавно обвинителство кое содржи амнестија за него и неговите соработници;- Но и да зборуваме за мојата, нашата заедничка визија...да докажам дека наспроти лажните ветувања за живот, постои неопходност од обнова која ќе донесе повеќе за секого. Која ќе донесе повисоки плати за 25%, повисоки пензии за 20%, капитални државни инвестиции над 90% секоја година, 4 милијарди домашни и странски инвестиции, едноцифрена невработеност и пониски даноци и трошоци за народот.Да покажам дека Македонија има иднина.Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши, напиша Мицкоски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

olimpija-hristova-zaevska

Шефот на кабинет на министерката за финансии, Нина Ангеловска, си поднесе оставка

Шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, Олимпија Христова Заевска, си поднела оставка. Христова Заевска, во петокот го имаше и последниот работен ден.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

boki

На денешното рочиште за „Рекет“ се гледаат снимки обезбедени со тајно снимање

Обвинителката Вилма Русковска во судницата денеска презентираше докази прибрани со посебни истражни мерки за Бојан Јовановски, првообвинет во Рекет. Тој бил тајно следен во Скопје и во Охрид.На снимката напаравена на 1 јули 2019 година се гледа како Боки 13 со возило се упатува на улицата каде што живее обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и пред клиниката „Жан Митрев“, на улицата Варшавска и на повеќе локации низ Скопје.При емитување на снимките во судница, реагираше обвинетиот Бојан Јовановски кој рече дека нема доволно објаснување за тоа  кои се луѓето со кои се среќавало лицето што го следела полицијата, па рече дека тоа е ,,многу несериозно''.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од полноќ горивата поскапи за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 10.02.2020 година.Од ноќеска на полноќ на 18.02.2020 година, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар и сега малопродажната цена за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 ден/лит, додека за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 58,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг и ќе изнесува 33,140 ден/кг.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

2-1

Џафери: Во три години и јас имам право да згрешам

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април апелираше до сите учесници во изборниот процес да бидат, како што рече, на висина на задачата.-По изгласувањето на одлуката за распуштање на Собранието на 137-мата седница, синоќа, врз основа на мојата уставна надлежност го потпишав Решението за распишување на предвремените парламентарни избори, и истото го доставив до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда. Со оглед на тоа дека предвремените избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања, можам да потврдам дека роковите утврдени од Државната изборна комисија можат да се испочитуваат, истакна Џафери.Тој додаде:-Лидерите го вратија мандатот кај Вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои Вие ќе го искористите Вашето демократско граѓанско право и обврска.Апелирам до сите учесници на овој изборен процес, политички партии, партиски членови, членови на Избирачките одбори и Општинските изборни комисии, и најважно од се, медиумите, да бидат на висина на својата задача, да придонесат да изборниот ден биде свечен ден и уште еден позитивен прилог во Извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во месец март, со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Впрочем, така и личи на земја која набрзо ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.Во врска со вчерашното носење на Законот за јавно обвинителство и повтореното гласање откако во првото гласаа 74 пратеници, шест помалку од неопходните 80, по што Џафери го поништи тој рече дека законот е донесен во соодветна процедура. Според претседателот на Собранието до тоа дошло затоа што пратениците се пожалиле дека не можеле да гласаат поради проблем со техниката по што тој им овозможил.Во врска со другата забелешка на ВМРО-ДПМНЕ дека и Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен бидејќи требал да се гласа со бадентерово мнозинство, а тоа не се случило, Џафери вели дека се работи за негова грешка.„Јас укажав пратениците да се подготват да гласаат со Бадентер, но сфатив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка. Официјалниот дел од сценариото, кој што е архивиран е дека законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот ако човек каже, да јас згрешив“, рече Џафери.фото: Собрание

Македонија | пред 6 години

znaminja-777x437

Позитивни реакции од високи претставници на Европската Унија за изгласаниот Закон за ЕУ

Сноп позитивни реакции од високи претставници на Европската Унија (ЕУ), но и од министри на земји-членки за изгласаните Закони за Јавно Обвинителство и за Советот на јавни обвинители по кои македонското Собрание се самораспушти. Меѓу првите се јави Комесарот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел кој изрази задоволство од донесување на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија, Објави НоваТВ.мк.Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна МакедонијаТој додаде дека уште денеска ќе се разговара за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот. Борел синоќа во Брисел учествуваше и на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан во организација на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорачаСега е на ЕУ, конечно, да испорача, откако Северна Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот.Фон дер Лајен: Се надеваме дека С. Македонија и Албанија ќе почнат преговори пред Самитот на ЕУ во ЗагребПред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија.Текстот во целост на: НОВА ТВ.МК

Македонија | пред 6 години

nafi-1

(ФОТО) Полицијата ноќеска уапсила активист на СДСМ, фотографиран со многумина функционери

Ноќеска од страна на СВР Скопје, уапсен е активистот на СДСМ, Нафи Абдиовски познат како Полат, дознава Лидер. Според Лидер Нафи треба да издржи 6 месеци казна затвор, а го товарат и за многу други дела.На македонската јавност и е познат по тоа што е близок до Зоран Заев и СДСМ, а обожава да се слика со високи функционери како Оливер Спасовски и Стево Пендаровски и средбите да ги споделува на социјалните мрежи. фото: ФБ Нафи Абдиовски

Македонија | пред 6 години

izbori-02

Увид во Избирачкиот список од 26 февруари, кампањата стартува на 23 март

Државната изборна комисија, според Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори, денеска од МВР треба да побара и да и биде доставен Избирачкиот список.Списокот, ДИК најдоцна десет дена од денот на распишување на изборите, треба да го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид трае 15 дена и почнува на  26 февруари 2020, а трае до 11 март 2020 до 24 часот, период во кој граѓаните можат да ги достават барањата за запишување, допишување или бришење на податоци од Избирачкиот список.ДИК  во рок од три дена од распишување на изборите доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација да ги достави податоците за вработените во државната и локалната администрација, за да може да се извршат евентуални замени во составите на изборнитѕе органи.Кандидатските листи, пак, до ДИК треба да бидат доставени 30 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до 24 часот на 12 март.Потписите за кандидирање за кандидатските листи поддржани од група избирачи се собираат пред службените лица на ДИК , но и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК, доколку подносителот на кандидатската листа се одлучи за тоа. Во тој случај тој треба да ја извести ДИК кај кој нотар ќе ги собира потписите.За прибирање на средства за изборната кампања, учесниците на изборите треба да имаат единствен даночен број и трансакциска сметка која ќе ја отворат најдоцна 48 часа по потврдувањето на листата или најрано 48 часа по распишување на изборите. Сметките се затвораат во рок од 60 дена по официјалните резултати од изборите.Роковникот ја регулира и изборната кампања што е предвидена 20 дена пред изборите со 24 часовен изборен молк пред изборниот ден. Кампањата почнува во 0:00 часот на 23 март и завршува на 10 април во 24 часот.Учесникот во изборната кампања, не може да нарача платено политичко рекламирање во радиодифузери кои не се регистрирани во регистарот на радиодифузери и портали, и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборната кампања.Затоа ДИК ги повика медиумите кои сакаат да емитуваат платена политичка реклама за претстојните парламентарни избори да се регистрираат во Комисијата, а тоа можат да го направат во рок од три дена од распишувањето на изборите односно на 17, 18 и 19 февруари. Радиодифузерите имаат рок од пет дена од распишувањето на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање. Ценовниците не смеат да се менуваат до завршувањето на изборите.ДИК ги утврди и највисоките и најниските цени за рекламирање на радио, телевизија и во печатени медиуми, како и највисоките суми што може да се исплатат за рекламирање во интернет порталите.извор: МИА

пред 6 години

86800403_1139801849697443_1379391634021548032_n

(ВИДЕО) Ефтов прашува : Како е можно Камчев да не е во притвор ? !

Новинарот Васко Ефтов во својата емисија ВО ЦЕНТАР го отвори прашањето околу тоа како е можно човек кој наброил 1 милион и 500 илјади евра во кеш и ги дал како мито за да се спаси од прогон да е сеуште на слобода ?Ефтов во разговор со адвокатот Звонко Давидовиќ првпат го отвора ова прашање за случајот наречен „Рекет“ во кој всушност се дава поткуп и влијанието кое врз предметот „Империја“ го имале дадените пари како мито, а една од причините заради која се одредува притворот е токму тоа, влијание врз процесот.Во емисијата се спомнува и најблиската соработничка на поранешниот Претседател Бранко Црвенкоски, Наташа Савова која според тврдењата изнесени во оваа емисија е главен меидумски играч на Камчев и силно влијае врз одредени инсталации во медиумите кои се обидуваат да ја креираат перцепцијата за целиот случај дека е рекет, а во кој всушност се дава поткуп.ВИДЕО за оваа тема почнува од 28 минута

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање на Водно

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Собранието го заврши мандатот со кршење на Уставот се со цел за спас на криминалите на Заев

Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа, со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија. Мандатот го завршија со газење на процедурите, кршење на Уставот и насилничко носење на закони со цел спас на криминалите на Заев и свитата околу него, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Три години граѓаните се сведоци на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет, продадени историја јазик и култура. Три години пазарење со се што е македонско и одземање на иднината на генерациите кои доаѓаат.Со Заев и СДСМ во Република Македонија три години сите бевме сведоци и жртви на неправди, брутален криминал, „Рекет“, милионски провизии, притисоци, заробено обвинителство и Луј Витон судство.Правдата која ја ветуваа се претвори во неправда, а наместо законите, со улиците царуваа криминалците кои Зоран Заев ги ослободи од затворите за да шират страв кај македонските граѓани.Зоран Заев и СДСМ ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа, а угледниот Економист ја прогласи Македонија за хибриден режим. Со нивниот криминално рекетарски систем на работа не само што не ги отворија вратите на Европа туку се повеќе не оддалечија.Наместо живот Заев и СДСМ донесоа беда. Откако дојдоа на власт над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а јавниот долг ја премина психолошката граница од 50% од БДП.Наместо почист воздух и животна средина, Македонија ја направија најзагадена држава во Европа а Скопје еден од најзагадените градови во Светот.Воедно не сработија ниту еден капитален проект кој ќе значеше развој за државата, ниту пак ги исполнија ветувањата со кои во 2016 ги лажеа граѓаните.Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари за докторите, нема нови болници, Клиничкиот не го ни започна, нема 500 километри автопат, а нема ни студентски град кој требаше да го изградат уште во првите 6 месеци.Затоа пак за Заев и неговата криминална банда имаше криминални крвави тендери, рекетирање на бизнисмени, криминални грантови за иновации, непотизам, плантажи за марихуана, матни зделки од стотици милиони и камиони кои возат во РЕК.Со Зоран Заев и СДСМ Република Македонија и граѓаните изгубија три години на лаги, криминал, неисполнети ветувања, три години без иднина.Вчера беше денот кога на сето тоа му дојде крајот. Вчера заврши најсрамната и најкриминалната епизода во македонската историја. Заврши времето на порази, погазено достоинство и криминали. Заев и неговата криминална банда си заминуваат и никогаш повеќе да не се повторат.После 12 април со ВМРО-ДПМНЕ следува обнова на Македонија. Следува време на чесност, работа и одговорност. Доаѓаат подобри времиња,  исправена кичма, чист образ, силна економија и силна држава.Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

17-Polymyositis

Ги запознаваме ретките болести: Полимиозитис

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…ПолимиозитисМКБ M33.2PolymyositisПолимиозитис (ПМ) е воспалително заболување на мускулите со автоимуно потекло. Припаѓа во групата мускулни заболувања позната како воспалителни миопатии. Тие се карактеризираат со хронично воспаление на скелетните (напречно-пругасти) мускули (мускули задолжени за движење) и слабост на мускулите од обете страни на телото.Оваа болест е почеста кај жените и обично се јавува на возраст меѓу 30 и 60 години, со ретка појава на полиомиозитис кај деца.Болеста е од автоимуно потекло, каде што, имунолошкиот систем започнува да произведува автоимуни антитела (авто антитела) кои ги напаѓаат сопствените ткива. Повеќето пациенти со Полимиозитис покажуваат покачени нивоа на антитела во крвта. Лабораториските наоди се карактеризираат со зголемени вредности на мускулни ензими карактеристичи промени што се регистрираат со помош на електромиографијата (ЕМГ) како и биопсијата на мускулите кои се користат за дијагностицирање на ова заболување.Симптоми на болестаСимптомите и знаците на полимиозитисот се појавуваат постепено, па затоа е тешко да се утврди кога започнала болеста. Сепак, познато е дека болеста се развива постепено, во период од 3-6 месеци. Обично, пациентите најпрво забележуваат дека се уморни неможат да се кренат од позиција на седење, и дека им е тешко да се искачуваат по скали. Кај потешките случаи, болеста започнува нагло со мускулна слабост, така што пациентот не може да стане од кревет, да голта, а потоа се развива пневмонија поради екстремната слабост на респираторните мускули. Кај постарите лица, слабоста на мускулите може да се појави 2-3 години пред почетокот на малигнитет карцином. Дијагнозата обично се поставува подоцна, а семејната историја и лековите што пациентот ги зема ни помагаат да се исклучат останати причини за миопатија.Екстра-мускулести манифестации на болестаБолките во грлото и хранопроводот може да доведат до аспирациона пневмонија. Пациентите со Полимиозитис може да имаат секундарна слабост на мускулите на градниот кош и дијафрагмата. Пациентите кои примаат имуносупресиви се изложени на зголемен ризик од инфекција. Интерстицијалната белодробна болест (група на болести кои предизвикуваат пулмонална фиброза), исто така, се развива со сува кашлица и губење на здив.Срцевите нарушувања што се јавуваат во рамките на Полимиозитис вклучуваат: нарушувања во ритамот, конгестивна срцева слабост, перикардитис, пулмонална хипертензија и миокардитис.Пациентите исто така може да добијат артралгија или артритис (воспаление на зглобовите). Артритисот обично е симетричен и ги вклучува колената, зглобовите и рацете. Во доцната фаза од болеста, можe да се појават депозити на калциум во мускулите, кожата и сврзното ткиво, појава познатa како калциноза.Полимиозитис е исто така поврзан со други заболувања на сврзното ткиво, како што се: системски лупус еритематосус, ревматоиден артритис, мешано заболување на сврзното ткиво, Сјонгер синдром, Рејно феномен и склеродермија.Бременоста може да ги влоши знаците и симптомите ка јжени каде болеста во моментот е во активна фаза. Полимиозитис во активна фаза исто така може да го зголеми ризикот од предвремено раѓање или спонтан абортус. Ако болеста е во ремисија, ризикот не е толку голем.Лекарот врши дополнителни тестови:– Мерење на ензимот креатин киназа во крвта– Откривање на специфични антитела кај автоимуни заболувања– Електромиографија (за да се провери состојбата на мускулите и нервите што ги инервираат),– МР– Биопсија на мускулите.– Полимиозитис – третманТерапијата се дава врз основа на знаците и симптомите кои се јавуваат кај пациентот. Иако во моментов нема лек, можно е да се ослободат симптомите со помош на:– Кортикостероиди или имуносупресивни лекови– Физикална терапија за зајакнување на мускулите– Говорна терапија– Интравенски имуноглобулиниПолимиозитис – прогнозаПрогнозата варира од пациент до пациент. Повеќето пациенти реагираат добро на пропишаната терапија и ја обновуваат силата на мускулите, иако одреден степен на слабост може да биде присутен. Во принцип, Полимиозитисот не е загрозувачка болест, туку хронична болест која бара години на борба. Ако терапијата не е ефективна, таквите пациенти може да развијат значителен инвалидитет. Во ретки случаи, ваквото влошување може да резултира во пневмонија или респираторна слабост, додека тешкотиите при голтањето доведуваат до неухранетост и губење на тежината.Општо, луѓето со Полиомиозитис се изложени на поголем ризик од развој на останати автоимуни заболувања, карцином или остеопороза.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

esen-vremenska-prognoza-oblacno

Денеска сончево и релативно топло, температурата од 12  и 18 степени

Времето во текот не денов ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи помеѓу 12  и 18 степени.Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.Најстудено изутринава беше во Маврово -6 Маврово, во Скопје се измерени -4, во Крива Паланка, Тетово, Битола – 3, минус два во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Д.Капија, Куманово, Претор, Лазарополе, -1 Охрид, Штип, Дебар, Крушево, 0 Виница, а 2 степена во Дојран.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Image

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.фото: Собрание

Македонија | пред 6 години

hristijan-mickoski-pres-1-e1581876719693

Мицкоски: Одговорност ќе има и ќе одговараш и ти Зоран Заев

Денес има две вести важни за Македонија. Првата е лоша, но и очекувана, власта како почна-така завршува. Со газење на процедурите, силување на законите, непочитување на Уставот. Денот го завршуваат со закон за спас на криминалот на Заев, за спас на неговите соработници и слуги, и тоа донесен на незаконски начин, противправен и криминален.Втората е добра вест. А тоа е дека Заев е готов. Владеењето со свиткана кичма завршува. Денес завршува најсрамната и најкриминалната епизода во поновата македонска историја. Завршува Заев.Ова на денешната прес-конференција по распуштањето на Собранието го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој додаде дека ова е денот за кој се обврзал пред неговите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат. Пред граѓаните кон кои удираа и ги осиромашуваа овие три години, дека оваа власт мора да падне, Заев и неговата анти народна и анти македонска влада да си замине и никогаш повеќе да не се повтори. Денес дојде овој ден.Е за ова се боревме, и дотука дојдовме низ жестоки 25 месеци мое раководење со ВМРО-ДПМНЕ, со многу удари, паѓања кои преминаа во победи, неверувања кои се претворија во верба за победа. И ќе бидам отворен и искрен како и секогаш, имаше моменти кога ми велеа да се водам според емоцијата, тогаш јас се водев според разумот, и се што правев досега правевме за да дојде овој ден, тоа беше мојата стратегија. Да дојдеме до избори, да дојдеме до шансата народот да одлучува на избори на кој нашата победа е извесна. Да биде исправена една историска грешка, денот кога во собранието на Македонија беше избран Зоран Заев.Зошто?Затоа што народот најдобро знае што се помина низ овие три години власт на СДСМ и Зоран Заев, порача Мицкоски.Додеде дека ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет. На пазарење со најсветото, со историјата и одземање на иднината, трговци!Ова се три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и владата. Очите им се врзани пред сето ова затоа што тие се првите кои прават криминал. Не може државава да е прогласена за најкриминална во Европа, а ниту еден од власта да не одговара. Ова е време на Рекет, милионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, притисоци, кеш за обвинители, корумпирано и распаднато здравство, време кога летаат Луј Витон ташните. Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп, гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство. Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги на кои Заев правеше кариера. Ова е време кога го пуштија Игор Спасов. Нема правда ниту мир. Додека на родителите на децата од монструм Заев им ветуваше вистина, ги пушташе нивните убијци на слобода, додаде Мицкоски.Посочи дека ова се три години без иднина.Вратите на Европската Унија не само што не ги отворија, туку со неправдите не оддалечија. Секој ден сме се подалеку зошто немаат ниту една вредност која е европска. Планови како 3-6-9 и слични бројки остануваат само како срамни бројки кои сведочат за неуспехот на Заев. Повеќе од 200 илјади луѓе си заминаа за три години, затоа што овде животот на Заев не го најдоа и си заминаа, се отселија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски потсети и дека ова се три години на лаги и неисполнети ветувања.Се сеќавате, 500 евра плата, 500 км автопатишта, 100 илјади денари плата за докторите, нов Студентски дом и нов Клинички кои ги нема. Чист алпски воздух кој исто го нема. Нема да редам повеќе, сите нив ги знаете, и нема да им биде тешко повторно да лажат, но сега веќе имате искуство и знаете дека од овие ветувања нема апсолутно ништо. Сега вие одлучувате и знаете што треба да направите. Да ги поразиме заедно, порача Мицкоски.Се осврна и на таканаречениот марш за правдата, кој Заев го најави за утре.Каква хипокризија и лицемиерие. Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години. Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април. Но, има една работа со која ќе се согласам, а тоа е она кога вели Заев дека одговорност мора да има. Одговорност ќе има и ти Зоран Заев ќе одговараш. Ќе одговараш, запамети ги овие зборови. Мора да има одговорност, порача Мицкоски.Мицкоски додаде дека за него лично и за неговата партија ова е битка на принципи.И мојата визија за Македонија почива на три фундаменти. Прво, чесност и честитост по која работам. Второ, работа која мора да донесе резултати. И трето, одговорност, запамтете го ова добро, одговорност, зошто мора правда, правда за секого без оглед на политичката припадноста или политичка неприпадност, без оглед на името, без оглед кој со кого е близок. Мора Македонија да сврти нов лист. Нов почеток преку кој ќе ги поразиме оние кои ни носат порази, порача тој.Сакам да се обратам, додаде Мицкоски, до чесниот и напатен народ, до граѓаните чии срца се стегнати поради неправдите, сиромаштијата, проблемите, доаѓаат подобри времиња.Доаѓаат времиња кога ќе има повеќе за секого, ќе има стабилност и сигурно чекорење кон нашите стратешки цели. Повеќе за земјоделците, повеќе за работниците, повеќе за стопанството, повеќе за просветните и здравствените работници, повеќе за пензионерите. Повеќе за секого. Обнова базирана на чесност, принципи и правда. Обновата денес е неопходност, зошто руинирана ни е државата, зошто мора да завладеат вредностите. Обнова која ќе донесе силна економија и силна држава, победи во секое поле. Исправена кичма, чист образ и среќни лица. Ве гледам исправено пред вас и ви велам, ова е финалето на една битка за Македонија, битка за принципите и вредностите, и ова е мојата, мојата битка за мојата татковина во која што пораснав, создадов семејство и се борам за заедничката иднина. Обновата доаѓа, обновата која ќе решава проблеми. Одиме кон извесна, голема, неопходна и заедничка победа. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!, порача Мицкоски.Facebook72

Слајдер | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања