Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

МВР: Чулев во обид да обвини за наводен криминал, прочита текст во кој намерно беа скриени реални факти

ДПМНЕ повторно си го покажува своето вистинско лице низ нивниот вообичаен манир – за сопствените пропусти, грешки и злоупотреби, да обвинува друг. Во таа насока е и последната прес конференција на техничкиот министер Чулев, кој обвини за набавката на 3000 рала високи специјални чизми за полиција, се вели во соопштението од МВР. Во продолжение на истото се додава:Чулев во обид да обвини за наводен криминал, прочита текст во кој намерно беа скриени реални факти. Министерството за внатрешни работи е должно да ги прибере сите потребни информации за одреден настан и за тоа да ја информира јавноста во целост, прецизно, квалитетно и навремено. Во тој конекст, Ве информирам за следното:Постапката за спроведување на оваа набавка била водена од поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски. Во истиот тој период била донесена одлука за спроведување јавна набавка на 3000 полициски чизми во вредност од 15 милиони денари, бил објавен оглас за неа, била донесена Одлука за избор на најповолен понудувач од трите доспеани понуди и на 17.04.2016 бил склучен Договор за набавка со избраниот понудувач. Со тој договор МВР прифати права и обврски кои произлегуваат од него.Согласно процедурата, понудувачите во јавната набавка имале обврска да достават мостра од чизми и сертификат за исполнување на техничките спецификации од набавката. Сите три понудувачи доставиле сертификати за понудените мостри, но само сертификатот на едниот понудувач целосно ги исполнувал условите од техничката спецификација, по што неговата понуда била земена предвид при евалуација во понатамошната постапка, а другите две понуди ги отфрлила како неприфатливи, по што бил и склучен Договорот за набавка на стоки.Потоа,  согласно договорот, пред испорака на стоката, МВР го искористило правото да изврши дополнителна проверка на квалитетот со правење на анализа на случајно избран примерок во независна овластена институција за контрола на квалитетот. Таква анализа е направена во Макконтрол Скопје и утврдено е дека има одредени недостатоци во поглед на бараната техничка спецификација. Поради несогласување со наодите од анализата, носителот на набавката  на сопствен трошок направил нова анализа во независна лабораторија во Р.Србија и согласно сертификатот од оваа лабораторија е констатирано дека постои само една ставка која отстапува за 7% од техничката спецификација, што не влијае врз квалитетот на производот.Бидејќи во тој временски период истекувал и рокот за испорака, како и важноста на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, не е продолжен ни рокот за испорака, ни важноста на банкарската гаранција. За цело тоа време стоките остануваат во магацините ангажирани од страна на носителот на набавката, без насоки од страна на договорниот орган во смисла на раскинување на договорот и враќање на стоките или барање решение за корекција на квалитетот на спорните карактеристики на чизмите.На 14.02.2017 и 20.03.2017 година носителот на набавката повторно писмено се обратил до МВР со барање за разрешување на статусот на склучениот договор, како и постапување со стоките – Високи специјални чизми наменети за припадниците на МВР, но од страна на МВР не добил ниту одговор, ниту стоките биле примени. Притоа, во целиот овој период Ѓоко Поповски е сѐ уште помошник министер за јавни набавки.Кое раководство молчело, господине Чулев? Партиските војници под чија диригентска палка,  потфрлиле? Секако, не на Спасовски!Тогашниот министер Спасовски беше доведен во ситуација да изнајде разрешница на овој гродиев јазол сплеткан од вашата партија. Притоа, имаше две можни опции:Да го раскине договорот и притоа, да плати судски трошоци, трошоците на понудувачот кон банката од која земал кредит во износ од 14, 8 милиони, трошоците за чување на 3000 рала чизми во некој изнајмен магацин и сите камати во износ од 2,6 милиони денари.Да го земе предвид сертификатот кој понудувачот го доставил дека во целост ги исполнува бараните елементи од техничката спецификација на МВР, да изврши избор и покрај занемарливите недостатоци во поглед на квалитет и по 11 години, на полициските службеници да им обезбеди чизми, односно да ја прекине суровата традиција сами да си купуваат облека за извршување на работни задачи.За каква злоупотреба зборувате, г-дине Чулев?! Тогашниот министер Спасовски ја донел единствената можна и законска одлука, со што ги елиминирал сите непринципиелни и непрофеиоснални игри на МВР во односот кон економските оператори и го заштитил  министерството и државата од ситуација во која ќе отплаќа милионски суми за казни поради незаконското работење на партиските војници на ДПМНЕ во МВР и воедно да го започне процесот на подигање на стандардот и подобрување на социоекономската положба на полициските службеници.Господине Чулев, секој носител на јавна функција треба да биде свесен за сопствената лична и политичка одговорност за начинот на кој ја извршува функцијата. Помина времето на непрофесионализам, лажни вести, половични информации и злоупотреби во Министерството. Вие како технички министер имате обврски пред сите граѓани, а не само пред вашите ментори во политичката партија која му нанесе огромни штети на министерството, за што веќе има и правосилни пресуди.Во интерес на вистината и соочување со аргументите, а со цел граѓаните да бидат запознаени со реалноста, го охрабрувам министерот Чулев да ја прифати поканата за ТВ дуел, која ни беше упатена на двајцата. На тоа соочување ќе ги отвориме сите прашања кои му се нејасни, и за кои нецелосно и неточно ја информира јавноста, стои во соопштението од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

18022020_VRSM_10_Sednica_na_Vlada4

Поништени решенија и наредби во МВР

Владата денеска донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи и тоа решението од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во БЈБ, потоа решението од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.Со одлука на Владата денеска се поништени и наредбата од 17.02.2020 година со која Вице Столески се задолжува да извршува работи и задачи од работното место Началник на Одделение за информациска безбедност, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавност и стратешки прашања, во Организациони единици за потребите на Министерството, како и наредбата од 17.02.2020 година со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ.фото: Влада  

Македонија | пред 6 години

18022020_VRSM_10_Sednica_na_Vlada

Заменикот министер Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата и одговорностите во Министерството за труд и социјална политика

На 10-тата редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.Согласно став 2 на Член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

18022020_PVRSM_Spasovski_pretsedatel_EU_parlament_Sasoli1

Спасовски: Успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент (ЕП) Давид Мариа Сасоли.На средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот во Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, Претседателот на ЕП Сасоли даде целосна поддршка на сите реформски чекори кои Владата, Собранието и граѓаните ги донесоа во изминатиот период.На средбата се нагласи дека Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се пример во регионот и столб на европската иднина на Република Северна Македонија и дека земјата останува доследна на обврските за спроведување на договорите кои претставуваат пример за решавање на билатерални спорови.Претседателот Сасоли и Премиерот Спасовски се согласија дека успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство. Таа цел е заедничка на сите европски институции и најголем дел од државите членки на ЕУ, беше констатирано на средбата.Претседателот на ЕП Сасоли истакна дека Западен Балкан е стратегиски регион за ЕУ и дека тој при посетата на нашата земја се уверил дека граѓаните силно веруваат во ЕУ и во заедничката иднина. Во таа насока, рече претседателот Сасоли, Европскиот Парламент ќе даде свој придонес за поддршка на Западен Балкан на Самитот во Загреб.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Чулев: Има индициии за грубо кршење на Законот за јавни набавки при набавка на чизми за полициски службеници

Во текот на минатата недела, пред медиумите презентиравме еден случај во кои има основани соменевања дека вработени во Министерството за внатрешни работи направиле злоупотреба на службената положба, а денес пред јавноста ќе презентираме уште еден таков случај.Фактите кои денес ќе ги презентираме говорат за две клучни работи:- првата е апсолутната негрижата на Оливер Спасовски за стандардот и опремата на полициските службеници, а- втората за сериозни прекршувања на процедурите и нови индиции за злоупотреба на службената положба, овој пат повторно во постапки поврзани со јавни набавки во Министерството за внатрешни работи, истакна на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.Во продолжение изјавата на министерот во целост:Пред да преминам на главните работи на кратко ќе напоменам дека станува збор за јавна набавка за чизми за полициските службеници за чие спроведување е донесена одлука во 2015 година, целата постапка за спроведување на јавната набавка е реализирана во период кога со министерството за внатрешни работи раководи поранешниот министер Оливер Спасовски.Всушност, на почетокот на 2016 година од страна на МВР е објавен оглас за јавна набавка на  3.000 пара полициски чизми во вредност од 15 милиони денари. На огласот биле доставени три понуди. По извршената евалуацијата од страна на комисијата било утврдено дека две понуди не ги исполнуваат условите, при што комисијата како прифатлива ја оценува само една од трите добиени понуди. По завршување на целосната постапка во април истата година  со конкретната компанија чија понуда е оценета како прифатлива се склучува договор за набавка на 3000 пара полициски чизми во вредност од 14.840.000 денари.ВО ДОГОВОРОТ Е УТВРДЕН РОК ЗА ИСПОРАКА НА ЧИЗМИТЕ ОД 60 ДЕНА ПРИ ШТО Е НАВЕДЕНО ДЕКА ДОКОЛКУ ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР НЕ ГИ ИСПОРАЧА ИСТИТЕ ВО ОВОЈ ДОГОВОРЕН РОК, ДОГОВОРОТ СЕ РАСКИНУВА СОГЛАСНО СО ЗАКОНОТ И ОД СТРАНА НА МВР СЕ АКТИВИРА БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА.РОКОТ ЗА ИСПОРАКА НЕ Е ИСПОЧИТУВАН, НО НИТУ ДОГОВОРОТ НЕ Е РАСКИНАТ, А НЕ Е АКТИВИРАНА БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА, ТУКА ПОСТАПКАТА ЗА ИСПОРАКА ЗА ЧИЗМИТЕ ПРОДОЛЖИЛА ВО ПОНАТАМОШНАТА ФАЗА.Понатаму, врз основа на овој договор кој веќе требало да биде раскинат економскиот оператор побарал од министерството внатрешни работи да направи контрола на квалитетот на чизмите кои биле предмет на договорот. Веднаш по доставување на барањето од страна на стручните служби во Министерството за внатрешни е направена потребната контрола и примерокот е доставен до независна акредитирана лабораторија која констатира дека според испитуваните параметри истиот не ги задоволува барањата од техничката спецификација на МВР по 4 критериуми. Врз основа на констатација на лабораторијата стручните работници кои работат контрола на квалитет го информираат одделот кој е задолжен за спроведување на јавната набавка дека НЕ СЕ ИЗДАВА СОГЛАСНОСТ ЗА ИСПОРАКА на конкретната стока поради отстапувања наведени во сертификатот. Во исто време и економскиот оператор, односно компанијата со која е склучен договорот прави независна контрола на квалитет во друга странска акредитирана лабораторија и тој извештај повторно покажува отстапување по одредени параметри.Јавноста треба да знае дека согласно со законот во овој случај Министерството за внатрешни работи имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за јавна набавка на полициски чизми. Но ниту го раскинало договорот, а не можело да ја наплати банкарската гаранција, бидејќи поради доцнењето во испораката банкарската гаранција била истечена, а нејзиното продолжување не било направено. Дополнително за компанијата не била ставена ниту негативна референца, обврска која Министерството за внатрешни работи ја имало согласно со Законот за јавни набавки.Во меѓувреме тогашниот помошник министер доставува информација во која  го информира министерот Оливер Спасовски за целата постапка, вклучувајќи ги аномалиите и неправилностите во неа, особено во делот на констатациите и забелешките поврзани со квалитетот на чизмите, при што во еден од дописите до него сугерира дека „Законот за јавни набавки треба да се почитува, но не и слепо да се придржуваме кон неговите одредби„. Доставената информација е изготвена и потпишана од страна на помошник на министерот, а за содржината на истата согласност дал и тогашниот директор на БЈБ.По доставување на информацијата до тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во која биле наведени пропустите во постапката за јавната набавка тој дава насоки дека и покрај сериозните забелешки, пропусти и отстапувања постапката може да продолжи во следната фаза, односно договорот да не биде раскинат и чизмите да бидат испорачи.Во оваа фаза стручните работници во Министерството за внатрешни работи кои работат на контрола на квалитет со уште една информација реагираат до помошник министерот во однос на пропустите кои се направени во постапката за јавна набавка, на што тој појаснува дека  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е тој кој решава дека полициски чизми ќе бидат примени во МВР.Во меѓувреме, односно една година по истекот на законскиот рок во Министерството за внатрешни работи се врши прием на чизмите кои се предмет на договорот, а од страна на компанијата (добавувач) до Министерството за внатрешни работи е доставена фактура. Одделот за финансиски прашања констатира дека не може да биде платена истата, поради непостоење на активен договор врз основа на кој би се направила исплатата, односно договорот е направен во претходната буџетска година.  Потоа од страна на Министерството за внатрешни работи е изготвен анекс на договорот, по кој е направена исплатата. Овој договор Министерството за внатрешни работи требало да го изготви и потпише претходно, односно пред прием на полициските чизми кои се предмет на овој договор.Горенаведените аргументи поврзани со набавката на чизми уште еднаш ја потврдуваат негрижата за стандардот на полициските службеници од страна на Оливер Спасовски, а сето ова е направно со грубо кршење на одредбите на законот за јавни набавки кое е сугерирано од страна на помошникот министер, а аминувано од Оливер Спасовски. Изминатите години сме сведоци на неговите лажни заложби за подигнување на стандардот на полициските службеници, а информациите кои ги презентиравме денес говорат дека тие работат со материјална опрема која е неколку нивоа пониска од таа која што е пропишана во соодветните правилници.Денешниов прес дава информации на прашањето зошто полициските службеници носат чизми кои се неквалитетни, а и посочува на сериозно злоупотреби кои Оливер Спасовски и луѓето поставени од него, по негова насока ги направиле во МВР.Погоренаведените информации даваат одговор на сите прашања кои полициските синдикати ги отворија во минатото, а се поврзани со лошата и неквалитетна опрема со која работат полициските службеници.  Но, и даваат одговор на дилемите кај граѓаните за нивниот изглед и нивната униформираност.На крајот го прашувам Оливер Спасовски дали под терминот „подигнување на стандардот“ и наводната грижа за полицајците во суштина се крие непочитување на законските процедури и спроведување на постапки кои се спротивни со законот.Воедно сакам да ја информирам јавноста дека сите овие аргументи кои погоре ги споменав говорат за уште едно грубо  кршење на законските прописи, подзаконските акти и процедури во министерството за внатрешни работи и во таа насока ја информирам јавноста дека врз основа на сето ова од страна на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди e доставен соодветен поднесок до ОЈО за гонење на организиран и корупција, за што по добивање на дополнителни насоки од ОЈО ќе бидат превземени содветни мерки. Во оваа прилика го повикувам ОЈО веднаш да постапи по поднесокот доставен од страна на Министерството за внатрешни работи, истакна Чулев.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

photo_2020-02-18_11-44-29

Министерот Трипуновски и директорот на АХВ, разговарале за проблемот со кучињата скитници

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, денеска остварил  средба со директорот на АХВ Зоран Атанасов. Тема на разговорот била работата на Агенцијата, но и за слабата соработка и слабиот проток на информации.„Напоменав дека годишните наредби и програми за мониторинг не се донесени, иако веќе втор месец од 2020 година тече, а кои се исклучително важни за заштита на јавното здравје, безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Нотирав и за слабата контрола на свинскиот фонд во период кога Африканската чума кај свињите беснее во соседството, но и негрижата која ја гледаме од АХВ. Пасивниот надзор над дивите свињи не функционира. Нема мерки на граничните премини. Посочив дека треба да се зајакнат мерките за контрола со цел превенција да не се доведеме во ситуација како држава да ни угине целиот фонд на свињи и да направи огромни економски штети.Укажав и на проблемот со бездомните кучиња, особено проблемот со бездомните кучиња на територија на град Скопје, каде е најголемиот проблем.Град Скопје сега нема прифаталиште за бездомни кучиња и проблемите се чувствуваат, не поминува ден, а да нема нападнати граѓани, ниту пак има институција која ги заловува кучињата скитници со цел нивна кастрација и вакцинација.Проблемот со кучињата скитници е огромен. Преку 6000 кучиња скитници во Скопје се по улиците, а немаме воопшто прифатилиште кое што ќе работи за нивно згрижување и третман.СДСМ вети дека ќе го реши проблемот со бездомните кучиња, а веќе 2 години е без прифатилиште и без воспоставен систем на контрола и грижа на популацијата на бездомни кучиња,вели Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, ЦветанТрипуновски.фото: Цветан Трипуновски

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

(ВИДЕО) Мицкоски со мерки за инфраструктурен бум, нов автопат Велес - Битола, да нема неасфалтиран регионален пат

Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда.  Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма. Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата.Затоа:Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево - Охрид и автопатот Скопје - Блаце.Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.Се обврзуваме за  обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од  Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес - Прилеп - Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип - Кочани, експресниот пат Штип - Радовиш и експресниот пат Градско -  Прилеп.Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во  изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме.Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани, рече Мицкоски и додаде:Имаме мноштво на мерки, и ова се само дел од мерките од нашата програма кон која се обврзувам и обновата за која ќе се избориме. Ова се мерки и обнова која ќе донесе градежен и инфраструктурен бум.Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, наш двигател на над триесетина стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништвото, транспортот и инфрасктруктурата.Само со овие мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти во време на нашиот мандат што значи 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого.Внимателно се обмислени, и нема да ветам нешто што нема да го исполниме. И затоа внимавам што ветуваме, со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме.Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која заедно ја планираме со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници. Голем дел од проектите се и барање на самите граѓани. Ова е обнова во инфраструктурата која ќе значи повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура, повеќе за секого.Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно, истакна .Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/579317619595895/?notif_id=1582021351848314&notif_t=live_video видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

86738676_1505224696325177_5226324992722993152_n

Почна изградбата на новиот парк во Мичурин

Општина Аеродром деновиве ги почна активностите за изградба на новиот парк во населбата Мичурин.Урбаниот парк, истакна градоначалникот Марин, ќе се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“, а ќе биде со површина од 3 573 квадратни метри. Паркот ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите.Исто така, на оваа локација ќе има и артериски бунар со цел навремено наводнување на околното зеленило.Општина Аеродром, покрај овој парк, во наредниот период ќе изгради повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните парка ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 6 години

bilet-skopje

Пуштен во употреба билетот за едно возење

ЈСП го пушти во употреба билетот за едно возење. Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП и во билетарниците на ЈСП Скопје. Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.Цената на останатите видови билети останува непроменета. Со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, а олеснителна околност ќе биде и за странските државјани.фото: ЈСП

Скопје | пред 6 години

kafasan

Жена која се водела за исчезната од Нова година, се пријавила на преминот „Ќафасан“

На 16-ти февруари 2020 година, на Граничниот премин „Ќафасан“, за влез во Република Македонија се пријавила 25-годишната С.Ј. од тетовското село Селце.– На први јануари 2020 година, нејзиниот сопруг, 41-годишниот Н.Ј. пријавил дека се оддалечила од домот, информираат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

МВР ги откри критериумите за тоа кој ќе може да добие пасош

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  на меѓународни конгреси, студенти во странство и слично, објави Фактор.мк.МОва  е одлучено на синоќешниот состанок во МВР бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.извор Фактор.мк  

Македонија | пред 6 години

minsitestvo-za-ekonomija

Новиот Закон за енергетска ефикасност денеска стапи на сила

Новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието на Северна Македонија и беше објавен во Службен весник на денеска стапи на сила.Материјата за енергетска ефикасност досега беше регулирана со стариот Закон за енергетика од 2011 година и соодветните подзаконски акти. Имајќи го тоа предвид, постоеше значајна бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во нашата држава, соопшти Министерството за економија.Старото законско решение го попречуваше развојот на пазарот на енергетските услуги, со тоа и инвестициите во оваа област, иако приближно 300 енергетски контролори посетија обуки и положија испити, по што се стекнаа со овластување за вршење на енергетска контрола и соодветно на тоа околу 80 друштва се стекнаа со лиценца за вршење на енергетска контрола.Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој откако беше објавен во Службен весник и од денеска стапи на сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија.Извор: Макфакс

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Продолжува „Рекет“ денеска ќе бидат презентирани разговори од усб-то на Кичеец

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, и Зоран Милевски- Кичеец кој пак на првото рочиште призна вина и беше осуден на три години затвор.Приватните разговори помеѓу првообвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески – Кичеец ќе бидат презентирани на денеска , по дадената согласност на обвинителката Вилма Русковска.Јовановски, како и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева претходно бараше да се прикажат сите снимки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

09022020_VRSM_8_Sednica_na_Vlada1

Владата на Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На седницата ќе биде разгледан годишниот извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година.На предлог на Министерството за економија на оваа седница е точката извештај за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.На денешната седница Владата ќе го утврдува текстот на предлогот за закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Република Србија.На предлог на Министерството за правда за оваа седница е предвидена и презентацијата на информацијата со извештај за реализација на Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2019 година.Редовната 10-та седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Лекарка од Итна помош нападната на интервенција по добиен повик

На 16.02.2020 во 10.20 часот во СВР Битола, лекарка во Итна медицинска помош пријавила дека во ноќен клуб во Битола, каде биле на интервенција по добиен повик на телефонскиот број 194, била физички нападната од едно лице.За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

50 денари билет за едно возење во ЈСП

Новите билети за едно возење во ЈСП чинат 50 денари. Како вчера да беше кога во билетара чинеа 30 денари, во автобус 35 денари. А, додека во приватните беше 25 денари. Па, приватните се споја со државните и оп пак поскапо за народот.Пред 3 години, јануарски, започна европското влегување во автобус со електронските картички. Симболично, првата картичка чинеше 150 денари со 5 вожњи гратис. Па, многумина ги фрлаа, купуваа нови. Па настана хаос и на секаде фрчеа препораки да не ги фрлате, туку едноставно да ги надополнувате, објави majkatiitatkoti.com.Минималната цена за надополнување на елекронскиот паричник е 100 денари, или 105 за 3 возења. А постојат и надополнување за 10 вожњи кои траат рекордни 15 дена и чини 250 денари.Кој е луд, кој е нормален… поранешната картичка за десет возења чинеше 250 денари и траеше колку сакаш. Оваа само две недели. Па, што ако се разболам и не успеам да ги потрошам? Колку само возења пропаднале. Еве мајка ми пред некоја недела изгуби 6. Што кога ќе собереш парично и не е така малку, имајќи предвид дека не се случило само еднаш.Плаќаш со мобилен, во ред. 40 денари возење. Но, што ако ти се исклучи телефонот? Како на контролорот ќе му објасниш дека си платил и дека магично од ладното време ти се испразнила батеријата? Мене ми се случи тоа, но среќа не дојде контрола. Инаку триста филмови ми се свртеа во главата. А казната не е нималку мала, ниту симболична – 1000 денари, пријатели. 1000 денари!Текстот во целост на: majkatiitatkoti.com. 

Скопје | пред 6 години

skopke-11

Одлука на Комисија за жалби при Советот за етика во медиумите за текст „Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе го затворат објектот и тоа во лето“

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (CEMM), на седницата одржана на 11 февруари 2020 година, врз основа на примена жалба од Вики Видосава Антоновска, ја донесе следната: ОДЛУКА Интернет – порталот „Скопје“, со текстот насловен „(ФОТО) Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе го затворат објектот и тоа во лето“, го прекрши Кодексот на новинарите во членовите 1, 3 и 7. До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 15 јануари 2020 година, Вики Видосава Антоновска поднесе жалба за текстот со наслов „(ФОТО) Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе то затворат објектот и тоа во лето“, објавен на 31 декември 2019 година, на интернет — порталот „Скопје“ (www.skopje1.mk). Во жалбата се наведува дека текстот содржи говор на омраза, неточно и нефер известување, нарушување на приватноста, пристрасност во информирањето, незастапена втора страна, навреда и клевета. ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет - порталот „Скопје1“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата. Медиумот не одговори на наводите на жалбата. ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ Комисијата за жалби утврди дека жалбата е ОСНОВАНА и едногласно одлучи дека Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членовите 1, 3 и 7. Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што д јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“. Член 3: „Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информација“. Член 7: Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ја почитува личната болка и жалост, Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА На седницата на 11 февруари 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина. Комисијата, најпрво, утврди дека се работи за текст без автор, чија содржина се заснова на „Фејсбук“ статус на сопственик на охридски ресторан, кој обвинува за наводно самоволие на командир и инспекторка во неговиот локал. Новинарскиот производ е едностран и не ги согледува сите значајни аспекти на темата за која се говори. Медиумот требало да обезбеди што е можно пообјективна и проверена информација, наместо да смета дека е доволно да го пренесе само тврдењето на сопственикот на ресторанот, нудејќи го како извесен епилог. Авторот морал да изрази резерва, воздржаност и сомнеж кон „Фејсбук“ статусот. Ова уште повеќе што интернет порталот од самиот статус презел и споделил фотографија на која се прикажани двете лица посочени дека се заканувале и одбивале да ја платат сметката во локалот. Медиумите се одговорни и за искажаното на социјалните мрежи, зашто со нивното објавување таквите содржини добиваат јавност и, затоа, не ги ослободуваат од одговорност. Со оглед на тоа дека на социјалните мрежи честопати може да се најдат лажни и непроверени информации, Комисијата се согласи и дека интернет - порталот „Скопје 1“, во случајов, требало да ја потврди точноста на информацијата пласирана на социјалната мрежа. Оттука, Комисијата најде дека во текстот е прекршен членот 1 од Кодексот на новинарите, чија отстапка особено е нагласена во воведниот дел од текстот: „Јаделе, пиеле цела вечер и не сакале да платат. Вчеравечер во охридски познат ресторан заменик - командир и инспеторка јаделе, пиеле, уживале под изговор „Господ ќе ви плати“. Тие ги искористиле своите функции, заканувајќи се на персоналом – домаќините дека објектот ќе го затворат, и тоа во лето.“ бчноста се морални императиви на новинарството, затоа Новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора. Во продолжение, Комисијата заклучи дека со објавувањето на фотографијата, на која се гледаат двете лица, посочени во текстот дека предизвикале вербален инцидент во ресторанот, интернет – порталот ја нарушил нивната приватност и приватноста на другите присутни во ресторанот, а чии лица се јасно видливи. Со тоа го прекршил и членот 7 од Кодексот на новинарите, според кој, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 Информации за приватниот живот на одредена личност можат да бидат објавени само доколку однесувањето на таа личност во приватниот живот има влијание врз јавниот интере Во такви ситуации, треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да загрози и некоја друга личност. Во овој контекст, Комисијата, при одлучувањето, го зеде предвид и чл.2 ст.1, т.1 од Законот за заштита на личните податоци и констатира дека во овој случај, во согласност со самата дефиниција пропишана во членот, од фотографијата многу лесно може да се утврди личниот профил, односно идентитетот на лицата на фотографијата врз основа на нивната физиономија. Понатаму, Комисијата најде дека подносителот на жалбата испратил и демант, но дека копје 1“ не го објавил. Со тоа, медиумот не го испочитувал загарантираното право на жалителот и го прекршил и членот 3 од Кодексот на новинарите, кој налага дека новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информација. Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена. На тој начин, новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи. При своето одлучување, Комисијата ги зеде предвид и: * Членот 25 од Уставот, во кој се вели дека на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. * Членот 16 од Уставот во делот во кој се вели: Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. * Членот 17 од Законот за медиуми (Право на исправка на објавена информација), во делот кој се вели: Секој има право од издавач на медиум, односно од одговорен уредник на издавач на медиум да бара, без надоместок, да објави исправка на објавената информација во која се наведуваат неточни факти објавени во информацијата, а со кои биле повредени неговите права или интереси. Право на исправка имаат и правните лица и другите организации и тела, доколку со информацијата биле повредени нивните права или интереси. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 * * * Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено. Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Теофил Блажевски, Лилјана Пецова – Илиеска и Ердем Ахмет. Се обврзува интернет - порталот „Скопје1“ (www.skopje1.mk), во согласност со членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука. Со почит, Совет за етика во медиумите на Македонија Претседател на Комисијата за жалби Мирче Адамчевски 

Слајдер | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април

Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април. На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви. Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството.Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста.Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта.Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска сончево со температура до 19 степени

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и релативно топло со слаба облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

18-Fabry-disease

Ги запознаваме ретките болести: Фабри болест

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Фабри болестМКБ E75.2Fabry diseaseБолеста на Фабри се нарекува и болест Морбус Фабри или Морбус Андерсон- Фабри според лекарите кои за прв пат ја опишале во 1898 година. Тоа е ретка, наследна болест каде недостасува ензимот алфа-галактозидаза А во клетките на телото кој учествува во разложување на маснотии. Овој недостаток резултира со акумулација на одредени масти во сите крвните садови и ткива на внатрешните органи. Болеста започнува во раното детство, напредува бавно во текот на животот и резултира со сериозно оштетување на бубрезите, срцето и централниот нервен систем. Болеста е опасна по живот и ако не се лекува, смртта се јавува во четвртата или петтата деценија од животот.Знаците на болеста кај различни организми се манифестираат на свој начин:Кај мажиКај претставниците од посилниот пол, болеста Андерсон-Фабри, по правило, почнува да се манифестира од детството. Први знаци: болка и горење во екстремитетите. Некои пациенти се жалат на појава на црвен исип, кој во повеќето случаи ја покрива површината од папокот до колената. Како што болеста напредува бавно, сериозни симптоми – абдоминална непријатност, зуење во ушите, болки во грбот и зглобовите кои стануваат манифестираат од 35 до 40 години.Кај жениВо женското тело, болеста покажува широк спектар на клинички манифестации. Додека некои пациенти не се свесни за нивниот проблем, други страдаат од корнеална дистрофија, замор, кардиоваскуларни нарушувања, анхидроза, гастроинтестинални пореметувања, заболување на бубрезите, оштетување на очите, невролошки нарушувања.Кај децаИако во повеќето случаи првите симптоми на болеста се појавуваат рано, Фабриевата болест кај децата честопати е незабележана и се развива со возраста. Најраните знаци се болка и ангиокератоми, кои често се наоѓаат зад ушите. Други манифестации на болеста кај мали пациенти: гадење со повраќање, вртоглавица, главоболки, треска.Во зависност од возраста, овие симптоми може да се променат. Развојот на болеста и појавата на симптомите се целосно индивидуални: тие не можат да се предвидат и често зависат од наследната предиспозиција. Така, на пример, еден пациент не мора да има болка по периферните нерви (иритација или агитација во рацете), но сепак има Morbus Fabry. Честопати се случува пациентите да немаат скоро никакви проблеми со години, затоа што болното таложење на маснотии во лизозомите може да трае долго време пред да се појави болеста со сите свои симптоми. Некои луѓе можат да бидат болни со години без да забележат никакви знаци за болест и оштетување на виталните органи како што се срцето, бубрезите или мозокот.Честопати е случај да дете или возрасно лице со овие симптоми посетат од 7 до 10 различни специјалисти пред да бидат правилно дијагностицирани, а раната дијагностика е клучот за успешно лекување. Симптомите на Фабри болеста се многу разновидни, а бидејќи болеста е ретка, лекарите честопати овие симптоми ги припишуваат на некои други болести или состојби.Како се дијагностицира болеста на Фабри?Бидејќи морбилот Фабри е многу ретка болест и поради многуте симптоми, многу е тешко да се постави вистинската дијагноза. Понекогаш се потребни години пред да се открие болеста. Скринингот на крвта и анализата на гените овозможуваат сигурна дијагноза. Анализата на крвта одредува дали a-GAL ензимот е доволно активен. Дијагнозата на оваа болест е можна уште пред раѓањето на дете. Колку побрзо некое лице се дијагностицира со Морбус Фабри, толку побрзо може да се лекува со соодветна терапија и со тоа да се спречи оштетување на внатрешните органи.Анамнезата со клиничка презентација и објективно испитување се прави рутински, но мора да се извршат дополнителни тестови за да се направи точна дијагноза. Понекогаш е многу тешко да се дијагностицира, бидејќи болеста ретко се јавува.Нарушувања на електролитите и параметрите на бубрежната функција (уреа и креатинин) како и присуството на липидни супстанции во урината може да се забележат при лабораториски анализи. Покомплексното лабораториско тестирање вклучува мерење на нивото на еден вид гликосфинголипид и утврдување на функцијата на ензимот алфа галактозидаза А. Потребно е темелно кардио испитување со ехосонографија на срцето за да се утврди можното присуство на структурни нарушувања на срцевите залистоци. Скенер (компјутерска томографија) и нуклеарна магнетна резонанца на мозочните структури се изведуваат за да се утврди можното оштетување на мозочното ткиво. Во случај на мозочен удар и слични манифестации, потребно е темелно невролошко испитување. Биопсија на промените на кожата заедно со хистопатолошките наоди покажува промени типични за Фабриевата болест. Ако мајката или таткото имаат болест Фабри, дијагнозата може да се направи и пренатално, со земање примероци од хорионски ресички или со аминоцентеза, но овие процедури носат ризик од спонтан абортус или предвремено раѓање.Како се третира болеста на Фабри?Неодамна е воведена и специфична терапија за оваа болест (терапија со замена на ензимите, односно со употреба на ин витро изработена алфа-галактозидаза А). Нејзиниот долгорочен исход е во фаза на истражување, но двата достапни препарати ветуваат. Подобрувањето на ензимот со фармаколошки носачи во моментот е под истрага на клиничките испитувања. Конвенционалниот третман се состои од ублажување на болката со аналгетици, нефропротекција (користење на инхибитори на ангиотензин-конвертирачки ензим, како и блокатори на рецепторите за ангиотензин), антиаритмички агенси, пејсмејкер или имплантабилен кардиовертер дефибрилатор, дијализа и трансплантација на бубрег.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

Nikoloski-PRESS-2512-2

Николоски: Зоран и Вице Заеви се фатени во Рекет

Причината зошто ја одржуваме оваа прес конференција вака доцна навечер е што сметаме дека денес е најсуштинскиот ден во случајот Рекет откако се отвори и очекувавме цел ден да има реакција и од СДСМ и владата и од семејството Заеви. До овој момент единствената реакција стигна само од претседателот на државата Стево Пендаровски кој што јасно кажа дека немал средба со Катица Јанева, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Имено денес разбравме од посебно истражни мерки легално прибавени од страна на обвинителството дека Катица Јанева во текот на месец август, откако случајот беше и формално отворен со приведувањето на другите двајца во тоа време осомничени, а сега веќе еден осуден, остварила минимум една средба со тогаш премиерот Зоран Заев.Имено Катица Јанева отишла на кај резиденцијата на претседателот и премиерот имајќи предвид дека претседателот на државата веќе демантираше дека била кај него, односно кажа човекот дека во резиденцијата живее од октомври 2019 година, а средбата е во август 2019, јасно е дека средбата е со Зоран Заев.Второто за кое што не треба да претпоставуваме туку е јасно, видено и покажано е дека Зоран Милески Кичеец имал средба со Вице Заев, братот на Зоран Заев. Значи, Зоран Милески Кичеец имал во текот на јуни и јули месец средба со Вице Заев.Се поставува прашањето, за што зборувале на овие средби? Која е содржината на тие средби и секако како е возможно да се среќаваат доколку претходно немаат комуникација и не се познаваат. На средбата бил и фамилијарниот адвокат на Заев.Ако е точно дека Зоран Заев самиот го пријавил случајот Рекет како што тврди, иако не видовме никаков доказ за тоа, и никаква писмена белешка, тогаш што барал еден од осомничените во Владата, со кого се среќавал во владата и што барал на средба со Вице Заев, брат на тогашниот премиер Зоран Заев.Понатаму, она што е многу индикативно е што не добивме образложение денеска по однос на доказот број 148 зошто немаме тонски запис прикажан во судот. Имено, согласно член 18 од Законот за следење на комуникации каде се предвидува тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор, значи лица кои што се следат на отворен простор на средби кои што ги имаат, покрај тоа што се покриваат физички, со камери и со видео, се покриваат и тонски. И тоа е јасно во членот 18.Исто така од приказот на посебните истражни мерки не се добива впечаток дека истражителите само го фотографирале и направиле видео од средбата, туку јасно е дека има и тонско снимање.Прашањето до јавноста е, зошто ова тонско снимање не е прикажано денеска во судницата, односно прашањето е дали мерките со план не се спроведени, со што е прекршен законот и членот 18 или не истите не се објавуваат во јавноста со цел да се скрие содржината на истите.Доколку во судот не се прикажат посебните истражни мерки во вид на тонски запис од разговорот на Вице Заев во тој момент осомничен во случајот Рекет, тоа ќе значи дека истражителите на МВР ќе бидат ставени во опасност за прекршување на законот како што наложува членот 18, затоа што или свесно го прекршиле законот или се прикриваат докази.Ние ги повикуваме надлежните лица во овој случај да ги објават тонските записи во рамки на судот, за да види целата македонска јавност што зборувале Вице Заев и еден од осомничените во случајот Рекет.Исто така повикуваме најбрзо можно Зоран Заев да каже што зборувал неговиот брат со еден од осомничените, како и тоа што тој зборувал во август месец со Катица Јанева.А од обвинителството бараме да ги повика овие лица да дадат искази затоа што  е недозволиво во оваа фаза кога имаме евидентни докази да истите   се затскриваат.Ова е врв на овој скандал кој што само покажува дека тројцата обвинети во Рекет се само врвот на ледениот брег , дека она што го зборувавме со месеци е дека ова е добро планирана акција планира од самиот врв на СДСМ и на власта, во којашто се рекетирани повеќе од еден бизнисмен, и во којашто се изрекетирани далеку повеќе пари од ова што е сега познато.Денеска добивме потврда од судот, за жал обвинителството направи обид да ги скрие односно заштити семејството Заеви. Тоа мора да престане и затоа мора да има одговорност.Уште еднаш повикуваме, содржината на разговорите помеѓу Вице Заев и еден од осомничените да бидат објавени, како и да биде објавена целосната снимка, каде што се гледа дека Катица Јанева се среќава со Зоран Заев.Очекуваме одговори од семејството Заеви за што разговарале со овие луѓе, како се познавале, која е природата на нивната комуникација и познанство, и дали ова ќе го потврди она што целата македонска јавност го знае дека само овие луѓе биле извршители, а само наредбодавци биле лично врвот на СДСМ и семејството Заеви, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

17_2_2020_Cekorime_za_Pravda-1

Заев од маршот ,,Чекориме за правда": Правосудството е сега на потег, затоа сме вечерва овде

Почитувани пратенички и пратеници , на кои што ви се поклонувам,за огромната храброст ,татковинско чувство ,патриотизам,за ова што денеска сме овде посебно изразено за правната држава. Чекоревме месеци и години за слободата и демократијата и денеска имаме слобода и демократија, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.Парламентот ги донесе законите, за судски совет, за судовите, законот за јавните обвинители, законот за јавно обвинителство и целата лепеза на закони од правосудството!Собранието вчера отвори ново поглавје во реформите на правосудството. Огромно мнозинство од пратениците застанаа зад Законот за јавно обвинителство кој е темел на градењето силна, независна и ефикасна правна држава. Зад него застанаа 80 пратеници, зад него застанаа граѓаните и стручната јавност, зад него застанаа нашите пријатели од ЕУ и САД. Со овој Закон, гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО.Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите.Нема скриена амнестија за никого, ниту за стари ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност. Нашиот народ е желен за правда, за ефикасна правда, за брза правда, за правична правда!Но она што исто така е важно е тоа што со овој Закон се гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите.Да Џабир, те уверувам. Нема веќе тефтерчиња. А тие што се виновни за старите тефтери, ќе одговараат.Тоа е важно за правдата, за државата и за еднаквоста на сите граѓани пред законите.Покажавме пред граѓаните, покажавме пред нашите меѓународни партнери и целиот наш народ дека имаме демократски капацитет да создаваме силни и независни институции.Со ова не само што чекориме кон правда, забрзано чекориме кон интеграција во ЕУ. И затоа денеска дополнително се радуваме.Даваме аргумент плус пред нашите сојузници во Унијата во обезбедување на долго очекуваниот почеток на преговорите. Покажуваме дека умееме, дека можеме да спроведуваме реформи битни за граѓаните, битни за државата, битни за нашата европска иднина.Сега на ред е Европската Унија и нејзините земји членки. Ние нашите ветувања ги исполнуваме – ред е и ЕУ да го исполни ветувањето и конечно да ги отвори првите поглавја.Пред вас граѓаните ветивме интеграција во ЕУ и НАТО, ветивме подобар живот, ветивме правда, правичност и силна правна држава.Поминавме низ многу премрежја додека да стигнеме овде. И затоа денеска имаме право да се радуваме . Успеавме мој народе, успеа нашата земја !Кога во 2017 ја презедовме одговорноста да ги водиме институциите, на дело видовме што значело тоа „заробена држава“ за која ние, но и цел западен свет зборуваше. Со тоа се соочувавме во сите сектори, но најзаробена беше правната држава во правниот сектор на нашата држава.Остатоците на Сваровски судството наместо делители на правдата, беа нејзини кочничари. Тие остатоци свесно оставаа постапките да се развлекуваат, делата да застаруваат и да се избегне разрешница секаде каде што може.Патот до правдата е спор и тежок но сваровски судството на секој начин се обидуваше дополнително да го отежни.Знаете ли кој беа единствените против Законот за јавно обвинителство?Да, истите тие. Извршителот Мицкоски, неговиот шеф Груевски и цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Тие, и како власт, и како опозиција, ја кочеа правдата, само за да ги заштитат криминалците од сопствените редови.На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им беше важно ништо друго освен да испорачаат амнестија за бегалецот во Будимпешта.Затоа сме денеска радосни, не им успеа да го блокираат овој закон.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се целосно поразени на тема правда. И вчера целата јавност тоа го виде. Успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство и ве повикувам со огромен аплауз да им се заблагодариме и да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент.Затоа почитувани сограѓани, треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо!Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекуваат правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија.Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во областа правна држава.Затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе одлучува и носи правда, а не правосудство кое застарува предмети.Сето тоа што требаше да го направи Владата и парламентот ,го направи. Ги усвоивме и изработивме, парламентот ги одобри и ги гласаше сите закони од реформите  во правосудството. Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони, з ада наредува пресуди. За тоа ли се боревме, се боревме против политичари кои што се јавуваат и нарачуваат пресуди.Ние го ослободивме судството,и да знаат судиите и обвинителите дека го ослободивме но будно го следиме. И затоа денеска чекориме, затоа што гориме, затоа што сме жедни, затоа што сакаме правда, правда во нашата земја. Да правдата доаѓа бавно,но доаѓа!Ако ги ослободивме обвинителите и судиите, да судат подеднакво за сите, еднакво да важи законот и правдата за сите,тоа не значи дека можат да забегаат во друга крајност. Затоа сме денеска овде , легислативата ,законодавството е донесено, нема да дозволиме затоа што и правосудството и парламентот и извршната власт,и локалната власт, постојат заради граѓаните. Овде сме со будното око, да следиме и да чекаме, правна завршница на сите случаеви. Таму каде што има докази, очекуваме транспарентни одлуки, по устав, закон и сопствено убедување на судиите. Очекуваме казни затвор, таму каде што нема докази, законот важи еднакво за сите и никој не е виновен. Затоа сме денеска овде, вака спонтано собрани, затоа што ни треба правна држава. Ни треба владеење на правото,ни треба закон еднаков за сите,затоа што тоа значи економија, затоа што тоа значи повеќе пари, во секое домаќинство. Затоа што тоа значи повеќе инвестиции, затоа што значи и причина повеќе младите да ни останат овде во државата. И додека дишеме ќе се бориме, за правда како што се боревме за слобода и демократија.Стоиме тука пред црвената линија – и нема да ја преминеме, зашто не смее ниту партија ниту извршна власт да влезе во судска власт!Ние не смееме и нема да се мешаме во судската власт, но имаме обврска да бараме судската власт да се менува и тоа го бараме. Го бараме денеска, овде пред судот, ќе го бараме и преку институциите и преку јавноста. Ќе го бараме постојано се додека оваа држава, овие граѓани не добијат правда.Имаме обврска и тоа го правиме - да обезбедиме услови и за прочистување на правосудството.Северна Македонија не смее веќе да биде заложник на лични, криминални и партиски интереси кои очигледно се уште го држат судството во заложништво.Затоа го донесовме Законот за јавно обвинителство за да му овозможиме на обвинителскиот систем да може да работи растоварен од политички влијанија.Сега на ред е судството. Тие да преземат одговорност.Да се кренат чесните и професионалните и да учествуваат во прочистувањето од нечесните.Процесот почна - имаме разрешени судии и обвинители – имаме и судски пресуди! ама тоа не е доволно!Народот бара разрешници на сите случаи!  не смее веќе судски случаи да се влечат со години. Мора да одговараат тие што предмети, пријави и пресуди чуваат во фиоки.Тие што судат имаат обврска да пресудат. Не да одолговлекуваат постапки. Не да спасуваат криминалци. Не, правдата не смее да се одлага! Не смеат да се враќаат предмети од почеток затоа што граѓаните заслужуваат ефикасна,ефективна и транспарентна правда!Затоа во еден крик упатуваме порака судиите и обвинителите да си преземат одговорност. Сега. Веднаш. Правиме се за да обезбедиме подобри услови за работа на судиите и обвинителите. И тоа го знаат сите во државата. Да бидат заштитени, да добиваат поголеми плати, да работат во служба на законите и правдата. Покажавме на дело, исплативме надоместоци и за 2016 година, обезбедивме услови и преговараме за уште подобри услови за непречено, независно, и финансиско независно да работат, делејќи правда. Редно е тоа да го вреднуваат преку конкретни резултати.Народот бара правда. Народот мора да добие правда.Само со силна правна држава, со ефикасно судство, со неселективно владеење на правото, со еднаквост пред законите можеме да зборуваме за развој и напредок, за силна и способна држава.Тоа е вистинскиот пат.Ние три чекори напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ еден чекор назад. Ние три чекори кон правда, тие еден чекор кон одбрана на криминалот.Затоа не сме и никогаш нема да бидеме исти. Ние ќе продолжиме да работиме за граѓаните, тие ќе продолжат да работат за криминалците, оти не знаат поинаку. Ние ќе ја носиме државата кон ЕУ и НАТО, тие ќе се обидуваат да ја враќаат назад.Затоа ќе победиме, затоа што вие граѓаните гледате кој е за правда, а кој за неправда, кој е за ЕУ и НАТО, а кој за изолација.Затоа мои граѓани, мој народе, ние ќе бидеме гласни и ќе чекориме напред се до конечна правда. Никогаш,ама никогаш  нема да престанеме да работиме на обезбедување правда и одговорност. Тоа ви го ветувам овде пред институцијата која треба и мора да испорача правда.Правда за сите! Чекориме за правда, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Дерала од маршот „Чекориме за правда“: Од денеска, судството има добар закон, има слобода

Сакам да го поздравам сега веќе поранешниот собраниски состав за одговорната и државничка одлука што ја донесоа во последниот час од својата работа, пред да се распушти Собранието.Оваа одлука е силен, јасен и недвосмислен сигнал дека, сепак...Правда ќе има!Ама милион Африканци ќе ни се населат! Ама процедурите не биле коректни! Ама ова е предавство! Ама... Што ама, запраша Џабир Дерала, граѓански активист.Само шест пратеници беа против законите за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители. И 80 беа за! Ги поздравувам поради тоа. И ве повикувам сите да ги поздравите со силен  аплауз, колку и да мислите дека некои од нив не го заслужија тоа. Да ја поздравиме  институцијата што конечно се ослободи и не е гласачка машинерија на потстанарот на Орбан.Да не заборавиме. Меѓу тие 80 беа претставници на граѓанките и граѓаните од сите политички партии и од сите заедници во Северна Македонија. Од сите бои, таа една шарена структура.Тие го донесоа законот,се разбира Бадинтерово мнозинство беше проблем нели!? Не е проблем затоа што не е обврска. Меѓутоа кога правдата ќе почне да чука на вратата силно, никому не му е грижа дали ќе испадне неписмен, битно му е да ги заштити животот ,својата кожичка, и се разбира парите во Белизе.Се разбира! Националисти и луѓе под истрага или со обвиненија за криминал се повикуваат на закони, Устав, процедури и бараат Бадинтерово мнозинство! Тие, поради кои е воведен овој принцип за да се намали системската дискриминација, бараат тој принцип да се почитува!Но, се виде и тоа, колку го почитуваат Бадинтеровиот принцип што не знаат ни кога се гласа според него, а кога не. Не ме ни чуди, бидејќи, во нивно време, во оваа земја се владееше со тефтерчето на Гоца, а со Сваровски накит се купуваше лојалност кон Фамилијата, а не кон позивот обвинител или судија.Тие што влечеа луѓе за уши, за врат, што секојдневно повикуваат на етничко чистење, тие што своите комшии ги мразат и ги навредуваат со најгнасни изрази – тие побараа Бадинтерово мнозинство.Но, тоа беше само последниот очајнички обид.Јас разбирам. Во денови кога правдата чука на врата, никој не е загрижен колку ќе испадне дека е неписмен, туку гледа да си ја спаси кожата и банкарската сметка во Белизе. Криминалците ќе се повикаат и на правда и на закон и на процедури, и на чест и на честитост... Ќе се сетат на сите кибриташки и покерашки финти и трикови, само да купат време, чекајќи нови инструкции од азилантскиот шатор во Будимпешта.Ќе ни треба многу време да ги наброиме сите монтировки на Сваровски судството. Државата беше заробена затоа што судството беше заробено.Не смее да се заборават годините на судство заробено од началниците. Не смее да се заборави времето кога човечките судбини беа запечатувани со телефонски повици од Фамилијата, кога животот не зависеше од законите, туку од волјата на началниците и Сваровски судството.Никогаш не смееме да заборавиме на жртвите на режимот кои минаа низ пеколот на судско-полициските лавиринти.Своевремено, во оваа земја притворот беше казна пред пресуда. Обвинителите само ја читаа тужбата, а потоа судиите ја читаа и пресудата, а кој ги пишуваше?Знаеме ли? И тужба и пресуда пишуваа началниците. Е, па, началници, помина тоа време.Да се вратиме само една година назад.Кога гледавме како  милиони евра потрошија да го сопрат нашето чекорење кон Европа. Милиони евра потрошија да ги убедат луѓето дека сите се исти. Милиони евра, наши пари, потрошија за да се изборат за амнестија за своите криминали. Ништо друго не ги интересираше. Само амнестија и, се разбира, да се врати режимот.Ги ангажираа сите, па и најглупавите насилници и будалетинки да блујат отров по социјалните мрежи, како да нема утре, како да немаат семејства кои потоа ќе се срамат од нив. Вложија огромни пари и врски, за да ја уништат сопствената земја, само за да се извлечат од одговорноста за своето дивеење. Ја мобилизираа сета своја партиска пешадија и направија злокобен обрач околу себе. Не им беше грижа за ништо и за никого освен за сопствените криминални интереси. Ги жртвуваа луѓето околу себе, како топовско месо, да изгорат во битката против правната држава. Универзитетски професорки и професори се посрамотија како последни будали, бранејќи нешто што не се брани.Но, сето тоа заврши. Неуспешно за криминалната клика, успешно за правната држава. Сега сме чекор поблиску до правната држава и до Европа.Денеска сум тука и да му порачам на СДСМ: сите ние очекувавме да чекорите похрабро.Со сето разбирање за само 49-те пратеници во парламентарниот состав и со сето разбирање за насилството на 27 април, кое покажа дека режимот нема лесно да се предаде, за жестоката пропаганда и за опструкциите во преговорите и за овој и за многу други закони...Сепак, можевте похрабро, подобро и побрзо. Сега и законот е тука. Нека биде тоа уште еден поттик, уште една гаранција за успех на правната држава. Нова енергија.Од вас очекуваме правда. Од МВРО видовме што можеме да очекуваме.Затоа, на овој ден, дојдов заедно со сите вас да чекорам за правда. Да ја земам пораката од законодавниот дом, од Собранието и да ја донесам тука, до судот. Да им порачам дека од денеска, судството има добар закон во своите раце и дека има слобода, но и обврска да постапува достоинствено, независно и професионално.Само така можеме да бидеме дел од Европа, како земја во која владее правото, а не тефтерчињата на МВРО и Сваровски судството. Кој сака нека е, власт или опозиција, богат или сиромашен, ако стори криминал, мора да се соочи со полната сила на законот. Амнестија – не. Правда – ДА!Само во праведна земја, со независни и достоинствени обвинители и судии, може да се живее достоинствено и европски.Само во таква земја, може да се одржат слободни избори, а не да се влечат човечиња за уши и за врат, истакна Џабир Дерала, граѓански активист.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

17022020_PVRSM_Spasovski_sredba_MPalmer-2

Спасовски - Палмер: Донесените закони, меѓу кои и Законот за ЈО ја приближуваат Северна Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, за време на дводневниот престој во Брисел, оствари средба и со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер за време на разговорот изрази честитки за донесувањето на Законот за јавно обвинителство, за Законот за одбрана, како и за другите реформски закони кои ја приближуваат Северна Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите.На средбата е поздравена определбата на Владата да го почитува и спроведува Договорот од Преспа и придобивките од него кои од Северна Македонија направија значаен фактор на стабилност во регионот и лидер во регионална соработка.Во разговорот со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, е потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.Премиерот Спасовски на средбата ги повтори заложбите на нашата земја да гради силен капацитет на институциите за да се заокружат демократските реформи дома, како и да се интензивираат проектите за зајакнување на добрососедските односи во регионот.Спасовски потенцираше дека Владата во претстојниот период е фокусирана на организирање фер и демократски избори, како и на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.Во разговорот меѓу претседателот на Владата Оливер Спасовски и специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, беше потенцирано дека Северна Македонија очекува од ЕУ да ја исправи грешката од октомври минатата година и да донесе заслужена одлука за старт на преговорите во март, и дека тоа го очекуваат сите граѓани зашто земјата испорача и дека сега е време ЕУ да испорача резултати и да донесе правилна одлука.

Македонија | пред 6 години

1702020_PVRSM_SPasovski_obrakjanje_donatorska-Brisel-2

Спасовски на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ во Брисел

Владата на Република Северна Македонија и народот на нашата земја активно ќе учествуваат во координираната донаторска иницијатива за санирање и ублажување на последиците од трагичниот земјотрес – „Заедно за Албанија“ и за таа цел е формирана работна група со учество на претставници од релевантни институции, кои ќе изработат план за помош за обнова на земјата и за справување со последиците од земјотресите, порача претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски на донаторската конференција за Албанија во Брисел.Во своето обраќање на конференцијата во организација на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, на која освен земјите членки на ЕУ учествуваат и земјите од Западен Балкан, премиерот Спасовски истакна дека народот во Република Северна Македонија со голема загриженост го дочека утрото на 26 ноември минатата година и ги следеше информациите за трагичните последици од силниот земјотрес во Албанија во Драч и во околината на овој град.Уште истиот ден, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, да заминат за Албанија и да помагаат во координираните акции на спасувачките екипи на локалните власти.„Во името на солидарноста како темел врз која се гради идејата за Европската Унија, Северна Македонија веднаш упати тимови за прва помош и спасување кои ги ставија на располагање сите свои капацитети, сите свои вештини за да помогнат да се спаси и да се згрижи секој човечки живот и болка. Тоа беше не само професионална должност, тоа беше човечки, солидарен одговор на секој поединец во спасувачките екипи за да им се помогне на луѓето, на нашите пријатели во Албанија во неволја“, истакна премиерот Спасовски.Владата на Република Северна Македонија истиот ден кога се случи земјотресот донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.Спасовски нагласи дека Владата внимателно го разгледа Извештајот за проценката на штетите од земјотресот, подготвен од страна на Делегацијата на Европската Унија во Тирана, и дека е подготвена соодветно да одговори на потребите детектирани во извештајот и да се вклучи во континуираната поддршка и помош за санирање на штетите и за ублажување на последиците од земјотресот.„Европската Унија, меѓу другото, е заедница на вредности. Една од тие темелни вредности е солидарноста, и оваа конференција потврдува дека земјите членки на Европската Унија, ја негуваат и афирмираат оваа вредност. Република Северна Македонија и Албанија не се земји членки на Европската Унија, но грижата што ја покажува Европската Комисија ги охрабрува владите и народите на овие две земји и им дава за право и охрабрување дека прифаќањето на европските вредности е сериозен влог во нивните аспирации еден ден да го остварат својот стремеж и да бидат рамноправни членки на Европската Унија“, рече Спасовски на донаторската конференција за Албанија во Брисел.Своето обраќање пред Европската Комисија во Брисел, и пред претставниците на владите на земјите членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, Спасовски го заврши со пораката во името на народот на Северна Македонија, дека предлогот за новата методологија за процесот на проширување на Европската Унија, донесе нови очекувања, и дека во претстојниот период ќе ја дочекаме убавата вест од Брисел за старт на преговорите.фото и видео Влада

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања