Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

najnova-vest-skopje-1

Полициска акција во Сарај, се замплетува едно кило кокаин

Во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај.Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден килограм.Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Скопје | пред 6 години

Retki_blesti_0219202002

Општина Охрид се обои во зелена, розева и сина боја, боите на кампањата за денот на ретките болести

Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин. Од вечерва, од 19 часот, па се до 29- ти февруари, зградата на општина Охрид, секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, кои се заштитни бои на кампањата за Денот на ретките болести. За прв пат во земјава една јавна институција ке биде осветлена со боите на ретките болести.Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шекеринска во „Топ тема“: Една од двете стратешки цели на државата, членството во НАТО ја реализиравме, можеме да си честитаме

Една од двете стратешки цели на државата за последните три децении можеме да ја архивираме и да си честитме, со членството во НАТО нашата сигурност сега е гарантирана, сеге сме во чадор кој штити една милијарда луѓе и со овој ветар ви грб одиме кон втpрата цел, членството во ЕУ, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Шекеринска порача дека членството во НАТО не ни го подаpи никој, сами го одработивме, и со него создадовме имиџ на држава која дава најави прави планови и ги реализира.Со ова порачавме дека на нас може да се потпрат, тоа е скап имиџ кој лесно се губи и тешко се печали, но ќе ни помогне во настојувањата за членство во Евроспката унија, истакна Шекеринска.Фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Izrael_19022020001

Градоначалникот Георгиески во работна посета на Израел

Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни училишта во Гиватаим, каде што имаше свое обраќање и се запозна со начинот на одвивање на наставата и современите образовни практики.Исто така, во рамки на вчерашниот ден, градоначалникот оствари и значајни средби со претставници на бизнис секторот на Израел, а беше во посета и на Smart City центарот во Универзитетот „Бар Илан“ во Тел Авив. Заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан градоначалникот проследи презентации за Smart City платформите за сообраќај и јавно осветлување кои се користат во различни урбани центри и метрополи во светот.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

DSC02-1

Мицкоски ги посети „ОДВ Електрик“ и „Екошпар“, разговараа за развојните планови на овие компании

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во Охрид, во рамки на теренските активности кои ги спроведува партијата. Мицкоски беше во посета на производствениот комплекс ОДВ Електрик.„Разговаравме со менаџментот на компанијата, разговаравме со вработените, ни ги кажаа своите планови за развој во иднина овде во Македонија знаете тоа е странска инвестиција која што веќе егзистира подолго време, вработува некаде околу 500тина луѓе и планот им е да стигнат некаде околу 1000 луѓе, да го зголемат производството, а  на тој начин да се зголеми практично додадената вредност во македонската економија, истакна Мицкоски.Ние како ВМРО-ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, оние кои што веќе и се познати на македонската јавност во делот на враќање на рамниот данок и комплетното укинување на прогресивното оданочување.Тука стануваше збор и за сите оние царински давачки кои што во овој момент им претставуваат навистина товар кој што претставува проблем, парафискалните давачки, процедурите, царинските и останатите процедури.Но, истовремено разговаравме и за она кое што претставува најсериозен проблем и предизвик  би рекол за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина односно квалитетна работна сила, поради имиграцијата и поради практично сето она намалено би рекол ете  производство кое што доаѓа од образовниот систем.Но, и за тоа ќе има дел и во програмата. Продолжуваме од тука во Екошпар каде што повторно ќе разговараме со менаџментот, потоа сме со просветните работници, ќе разговараме и со нив,, и со занаетчиите и со останатите припадници во реалниот сектор.Очекувам успешен ден кој што на крајот ќе кулминира со состанок и една комитска вечер со раководството на ВМРО-ДПМНЕ овде во Охрид, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Влада: Законски се поништени незаконските решенија на министерот Чулев

Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски. Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на предната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија.До моментот на одржувањето на 9-тата седница, техничкиот министер имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија, и дури 131 распоредување по вертикална линија што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино.На 9-тата седница, на која Владата донесе одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР, на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му беа објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби, и внимателно му се објаснети одредбите според кои Владата е овластена да ги поништи.За ова на увид на јавноста може да послужи стенограмот од 9-тата седница на Владата.Владата на Република Северна Македонија никогаш нема да си дозволи да „уништи“ или да „прикрие“ докази како што порачува Чулев, и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-тата седница на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nikoloski-1

Николоски: Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два дена. Имено за она што имавме индиции пред два дена за жал се потврдува, практично немаме друга европска држава во која што премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата, истакна подпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата.Од сега па натаму „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст како што сакаше власта да го објасни. Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани.Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец.Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил?Два дена има свесно одбегнување на одговори и креирање на лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески Кичеец веќе осуден на средба со Вице Заев?Имаме јасна потврда од МВР дека осомничените лица во случајот „Рекет“ биле под целосен надзор и тоа видео, фото и аудио. Па јасно се поставува прашањето зошто во судот не се презентираат тонските записи од разговорите кои што овие лица ги правеле?Прашуваме јавно зошто тоа не се прави?Откако МВР вчера посочи дека целокупниот материјал е доставен во ЈО и дека во истиот пред да биде доставен имал увид тогашниот министер за МВР, Оливер Спасовски, поставуваме неколку прашања:Прво сметаме дека е чесно да излезе Зоран Заев лично и без разлика на тоа дали или нема да се презентира аудио материјалот во судница да каже што зборувал со Катица Јанева во текот на месец август.Второ, чесно е неговиот брат Вице Заев да излезе и да каже прво што барал и во кое својство на средба со осомничен тогаш во случајот „Рекет“ и второ што зборувале за истото?И трето, го повикуваме министерот тогашен на МВР, Оливер Спасовски да каже што има во аудио материјалите? Што е тоа толку страшно што се крие во овие материјали и не се објавува во јавноста и во судницата?Она што можеме да го ветиме е дека по промената на 12-ти април детално ќе се истражи „Рекет“, и јавноста ќе добие одговор низ докази и факти кој е на врвот на „Рекет“. На врвот на „Рекет“ не се овие тројца кои што сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите.Очигледно е дека наредбодавците и нарачателите, мозокот на целата акција е врвот на СДСМ и семејството Заеви. И после 12-ти април низ една транспарентна истрага, ослободеното обвинителство со поддршка на сите други институции пред се истражните органи ќе кажат што се крие зад целата оваа работа, а во јавноста целосно ќе бидат презентирани материјалите од средбите на овие лица со браќата Заеви, и финално од посетата на овие лица на Владата на Република Македонија, истакна Николоски.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

DSC_0067

(ВИДЕО) Чулев обвини дека Спасовски го попречува работењето на техничката влада

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес пред простории на Јавното обвинителство одржа прес конференција на која информираше за последните случувања поврзани со попречување на работењето на техничката влада од страна на техничкиот премиер при што е постојат основани сомневања за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување.Во продолжение во целост изјавата на министерот Наќе Чулев:„Сакам да ја информирам домашната и меѓународната јавност дека техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжува да го попречува функционирањето на техничката Влада, а со последните случувања во соработка со дел од стручните служби во Владата направи и кривично дело фалсификување на службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување.На седницата на Владата што се одржа во саботата на 15 февруари последна на гласање беше ставена точката за поништување на пет решенија донесени од моја страна за распоредување на вработени во МВР. Со мнозинство гласови Владата во десет минути пред полноќ го усвои предлогот да се поништат ПЕТ решенија, (ПОВТОРУВАМ ПЕТ РЕШЕНИЈА) за што постои записник/стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно во координација со дел од службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во Службен весник Бр.41 од 15.02.2020 година, каде покрај ПЕТТЕ решенија чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и 1 наредба за извршување на работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата, ниту е донесена одлука за нивно поништување.Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање на дејствија со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање на докази, го повикувам ОЈО веднаш да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага, во спротивно ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на одлуката на Влада.Сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до вработените во Владата кои со одобрување на Оливер Спасовски веќе го прекршиле законот, да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела“, истакна Чулев.фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

janko

Бачев најавува операција „Сабја“ за украдените милијарди

Многумина ме прашуваат како ќе ја оствариме точката десет од нашата Платформа која се однесува на одземање на украдените околу 15 милијарди евра во приватизацијата и постприватизацијата во изминатите 30 години, вели претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.Еве го планот во пет чекори на Бачев:ЧЕКОР ПРВИ: Новата легална власт на Единствена Македонија по изборите склучува договор за стратешко партнерство со Русија;ЧЕКОР ВТОРИ: Организирање поучна екскурзија во затворот „Идризово“, со цел, олигарсите од кои треба да се одземе украденото да се запознаат со затворските услови за живот;ЧЕКОР ТРЕТИ: Транзициските бандити добиваат рок од 29 дена да го вратат украденото во изминатите 30 години;ЧЕКОР ЧЕТВРТИ: Кој нема да постапи во напред наведниот рок, веќе следниот триесети ден се заведува акцијата „Сабја„ во чии рамки следува апсење и конфискација на украденото;ЧЕКОР ПЕТТИ: Се организира референдум народот да одлучи дали конфискуваните милијарди евра да се вложат во посебен фонд за развој ИЛИ да се поделат на народот оти во криминалната приватизација транзициските бандити го поделија целото богатство а народот (целата администрација, војската, полицијата, образованието, земјоделците, невработените, студентите..) не добија ниту една акција иако 50 години наназад општествениот имот го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, па народот нека одлучи на референдум!Се заветувам пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека нема да отстапам од оваа определба. На потег е народот.На изборите ја бараме првата шанса за Единствена Македонија.Тоа може да биде и последната шанса за Македонија, вели претседателот на Единствена Македнија Јанко Бачев.фото: ФБ Јанко Бачев 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Програмата за работа на Лајка е во интерес и на животните и на жителите на Скопје

На вчерашната јавна дебата што се одржа во салата на Советот на Град Скопје, градоначалникот Шилегов одговараше на прашањата на активистите за благосостојба на животните, поврзани со работењето на ЈП „Лајка“. Тој се осврна на промените што ги носи новата програма на ЈП „Лајка“, за продолжувањето на принципот „залови, стерилизирај, пушти“, за утринското заловување, како и на прашањата за можено отворање иден резерват за кучиња и користењето странски искуства. Шилегов се осврна на следните прашања и дилеми. Кои се главните промени во однос на претходната програма?Најнапред, во начинот на заловување се воведуваат 2 вида на тимови кои заловуваат кучиња. Едниот работи по програма, другиот делува интервентно, онаму каде што ќе се јави итна потреба.Ветеринарната амбуланта во состав на претпријатието со вработен лиценциран ветеринар кој го врши прегледот на заловените кучиња, а не како претходно кога тоа зависело од тоа дали поминал тендерот за ветеринарна амбуланта, каква амбуланта добила на тендерот заради најниска цена и слични административни препреки.Воведени се брзи тестови за дијагностицирање на заразните болести. Овие тестови во минатото ги плаќале активистите, денес се покриени со програмата на претпријатието.По дијагностицирањето, болните кучиња за првпат добиваат шанса да преживеат, со тоа што се нудат на вдомување кај заинтересирани граѓани кои ќе преземат обврска да го лечат кучето на сопствен трошок и на тој начин да го спасат од евтаназија.Во стационарот ќе има возила за брза интервенција при итни случаи од каснување на куче кои ќе бидат на располагање на граѓаните 24 часа. Граѓаните ќе имаат можност на СОС телефонската линија да пријават повреда од каснување на куче, а дежурниот вработен на линијата е должен да пријави итен случај во стационарот и во Агенцијата за храна и ветеринарство чиј инспектор е должен понатаму да постапи согласно со законот. Доколку кучето кое нападнало е на местото на настанот истото веднаш ќе биде заловено, а потоа ќе се постапува по проценка на ветеринарот и пропишаните правила на програмата за прием на ново животно во стационарот.Со цел да се спречат злоупотреби, воведени се построги правила за евтаназија. Утврдени се точни протоколи за примена на евтаназијата и за тоа кои болести може да се лекуваат кај кучињата, а не е како претходно ветеринарот да одлучува по сопствено убедување. Со тоа се избегнува моментот да се евтаназира куче кое не морало да се евтаназира или обратно, да не се евтаназира куче кое подоцна може да шири опасни неизлечиви заразни болести.Зошто е напуштен принципот „залови, стерилизирај, пушти”?Овој принцип не е напуштен, туку се спроведува во услови кога за заловеното куче ниту еден потенцијален вдомувач нема да покаже интерес за вдомување, согласно со пропишаните критериуми за вдомување.Преку активна примена на мултифункционален веб-сајт и на социјалните медиуми граѓаните ќе може да видат фотографии од животните кои ќе бидат објавени за вдомување, како и да се информираат за сите активности и работењето на стационарот.Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче најпрво ќе мора да пополни прашалник за вдомување, со внесување на своите лични податоци од лична карта, потоа ќе се изврши разговор со стручно лице вработено во стационарот за да се процени дали вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик.По разговорот и пополнетиот прашалник, доколку вдомувачот е соодветен, треба да оствари контакт со животното кое сака да го вдоми и минимум два пати пред да му биде дадено за вдомување, да го посети во стационарот и да помине време со него.Назначени вработени од стационарот имаат обврска да го посетат вдомувачот ненајавено со цел да се утврди дали го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните, вдоменото куче.Секое вдомено куче и неговата среќна приказна се објавува на веб-сајтот и социјалните медиуми, со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од стационарот, со што би се намалил бројот на бездомни животни на улица.Се воведува и можност граѓаните да се грижат за бездомните кучиња, односно делумно да ги посвојат, а во тој случај процедурата и одговорноста на граѓанинот кој се грижи за бездомното куче е еднаква на граѓанинот кој вдомил куче. Неодговорното постапување со секое вдомено или бездомно куче за кое се грижи граѓанинот подлежи на санкција.Зошто да се заловуваат кучиња рано наутро?Бидејќи и кучињата во тој период од денот се најпасивни, а и фреквенцијата на луѓе на улица е сериозно намалена. На тој начин, тоа е побезбедно и за заловените кучиња, но и за луѓето кои минуваат во близина на местото на заловување.Зошто построги правила за евтаназија?Со цел да се избегнат можните злоупотреби да се евтаназираат здрави и неагресивни кучиња или можеби да се пуштат на улица кучиња кои би требало да се евтаназирани кои подоцна можат да шират опасни неизлечиви заразни болести.Утврдени се точни протоколи за примена на евтаназијата и за тоа кои болести може да се лекуваат кај кучињата, а не е како претходно ветеринарот да одлучува по сопствено убедување.Програма евтаназија смее да се изведе само како последна опција во случаи кога нема никој заинтересиран да го преземе понатамошното лекување на многу болно животно или животно заболено од болестите лишманија и срцев црв; како и во случаи кога станува збор за екстремно агресивно животно за кое нема можност за ресоцијализација.Нели може да се остават животните да продолжат да живеат со некои од болестите?Да, може. Тоа порано не беше случај, но сега постои таква можност. Заболените кучиња (неизлечиво болни или заболени од болестите лишманија и срцев црв) можат да бидат вдомени во рок од 72 часа и да добијат шанса да бидат излечени на трошок на новиот сопственик.Одлуката за извршување евтаназија може да ја донесе само овластено ветеринарно лице при што неопходна е детална аргументација на ваквиот чекор во регистарот на евтаназирани животни.Евтаназираните животни се отстрануваат на еден одзаконски пропишаните начини.Со кои НВО е работена програмата на „Лајка“?Веднаш по моето преземање на функцијата градоначалник донесов решение за формирање работна група составена од членови на Советот на Град Скопје, претставници на стручните служби во градот и претставници на повеќе здруженија за заштита на животните (конкретно Анима Мунди, Кане Корзо и Асоцијација на активисти за права на животните).Работната група беше формирана со задача детално да ги утврди условите, начинот и системот на згрижување на бездомните кучиња, да ја утврди фактичката состојба во стационарот и да даде соодветни препораки за понатамошно дејствување и функционирање со цел подобрување на условите за престој и третман на бездомните кучиња на подрачјето на град Скопје.Работната група по извршениот увид во состојбите на стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“ изготви извештај со препораки кој беше усвоен од Советот на Град Скопје и презентиран пред јавноста.Дел од овие препораки се применети во програмата. Програмата не е пишувана од НВО-а непосредно, но во нејзиното изготвување се применети препораки од работната група во која учествуваа претставници на Анима Мунди, Кане Корзо и Асоцијација на активисти за права на животните. Но, покрај овие здруженија, во изготвувањето на програмата, учествуваа и активисти поединци, стручните служби на градот, професори по ветеринарна медицина и лица од Агенција за храна и ветеринарство.Програмата за работа на „Лајка“ е пресериозен документ за да може некој така лесно да исклучи НВО-а, граѓани активисти кои сакаат да помогнат или стручна јавност. Напротив, тој процес мора да биде доволно широк и инклузивен, да вклучи што е можно поголем број стручни лица од различни сфери на делување со цел да добиеме што поквалитетно решение.Нели немаше да правите резерват?По направените консултации со експерти од повеќе области на оваа тема заклучивме дека идејата за правење резерват не е лоша, доколку се спроведе на вистинскиот начин.По постоперативниот период кучињата остануваат во стационарот уште до 10 дена (21 во случај на вдомување во странска држава), во кој период активно ќе се бара дом. Доколку не се вдоми, истото се враќа на локација од каде што е заловено или трајно се сместува во резерват за кучиња.Резерватот е најдобрата опција за заловените кучиња од причина што со сигурност знаеме дека таму кучињата ќе бидат соодветно поделени во групи (според возраст, пол и темперамент), згрижени, нема да талкаат по храна, ќе бидат вакцинирани, во соработка со здруженијата кои ќе можат секојдневно да ги посетуваат, хранат и вдомуваат овие кучиња.Зошто не следите странски искуства?Следени се странски искуства, но тука мора да се има предвид дека тоа не се искуства од западна Европа од причина што таму тој проблем не постои, затоа што веројатно е решен пред десетици години, на многу понехуман начин.Искуства можеа да се црпат само од земји од Источна Европа, Азија и Африка и тоа не само што е направено, туку со помош на локалните експерти од оваа област е приспособено на специфичните услови и околности во кои се наоѓа Скопје, одредени честопати од географски, биолошки и од општествени детерминанти.

Скопје | пред 6 години

paralizator

Приведен скопјанец - полицијата кај него пронашла електричен парализатор

На 18.02.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Жегљане“, при извршен преглед кај Ј.Ѓ.(25) од Скопје, пронашле електричен парализатор. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, стои во соопштението, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Dnevnik 

Скопје | пред 6 години

povik

Хакерски нaпaд врз македонски мобилен оператор

Утринава илјадници граѓани добија чудни телефонски повици од необични телефонски броеви. Повиците траеа кратко. За сега никој не пријавил дека успеал да го вклучи телефонот, но многумина пријавија дека добиле повици.Од Телеком.мк односно Т – mobile ја добивме следнава информација:Се работи за хакерски напад – во ниеден случај не се јавувајте. Веќе се блокираат ваквите броеви. Поздрав и благодариме што ни посочивте, објави dosie.mk.фото: досие.мк

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Втор смртен случај од грип во Македонија, друг пациент во животозагрозувачка состојба

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1.Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.Од Клиника за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени. Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

Во Кривичниот суд е закажано ново рочиште против шестемина обвинети за несреќата кај Ласкарци

Една недела по годишнината од трагедијата во близина на селото Ласкарци, во Кривичниот суд е закажано ново рочиште против шестемина обвинети за големата сообраќајна несреќа предизвикана од автобусот на компанијата „Дурмо турс“.На последните рочишта за овој предмет беа презентирани извештаи од вештите лица од Судска медицина и психијатар, во кои се наведе дека шоферот, сега обвинет Маноил Трифуновски, боледувал од дијабетес, но тоа не било причина за забрана за извршување на работните обврски.На 13 февруари 2019 година, околу 16:30 часот, по наплатната рампа „Глумово", на патниот правец Скопје – Тетово, автобус на „Дурмо турс" излета од патот, во која сообраќајка загинаа 16 лица, а над 35 поминаа со тешки повреди. /МИАфото: Архива

Македонија | пред 6 години

19-Cushings-Disease

Ги запознаваме ретките болести: Болест на Кушинг

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Болест на КушингМКБ D35.2 E24.0Cushings DiseaseАмериканскиот лекар и пионер во неврохирургијата, Харви Вилијамс Кушинг, во 1932 година прв ja опиша оваа болест како клинички синдром кој вклучува отсуство на менструација, појава на модринки и стрии, висок крвен притисок, хирзутизам и миопатија и ја поврзува болеста со базофилен аденом на аденохипофизата.За Кушинговата болест се смета дека не е наследна, туку се јавува поради тумор на хипофизата, што може да се појави поради лекови, стрес и слични фактори. Постојат одредени ретки наследни болести кои можат да го зголемат ризикот од тумори на хипофизата, поради што се развива Кушинговата болест.Овие тумори се бенигни, бавно растат и се присутни кај повеќе од 70% од возрасните пациенти и кај 60-70% од децата и тинејџерите со Кушинговата болест. Аденомите се развиваат на хипофизата кога одредени клетки формираат тумор што лачи многу повеќе хормони. Ова е обично причината за Кушинговата болест, бидејќи хипофизата лачи многу повеќе ACTH, (адренокортикотропен хормон) што предизвикува зголемено лачење на кортизол.Кортизолот во нормални околности се излачува во текот на денот по одреден редослед: највисоко ниво на кортизол има наутро во осум часот, во текот на денот неговото ниво постепено опаѓа и најниско е во вечерните часови и околу полноќ. Кога тој трајно прекумерно се лачи, се создаваат проблеми со повеќе органи, а кога промените ќе ги зафатат практично сите органи, станува збор за мултисистемска болест.Зголеменото ниво на кортизол честопати е придружено со високи нивоа на машки полови хормони, кои, покрај во тестисите кај мажите, се произведуваат и во надбубрежните жлезди на двата пола. Симптомите се развиваат постепено така што болеста се дијагностицира релативно доцна.Високото ниво на кортизол поврзано со зголемено производство на машки полови хормони кај жените предизвикуваат неплодност, нередовни циклуси , акни и влакнестост, додека кај мажите Кушинговата болест предизвикува импотенција, пропагање на тестисите и намалено производство на тестостерон од нив.Честопати, првиот симптом на болеста е зголемување на телесната тежина со прибирање на масно ткиво на лицето, вратот и во абдоменот. Бидејќи кортизолот доведува до зголемено разградување на протеините, мускулите на нозете и рацете ослабуваат, кожата станува потенка, модринки на телото кои се појавуваат при најмал притисок. Стрии се појавуваат на кожата на долниот дел на нозете и на градите како резултат на дефект на поткожното ткиво.Во зависност од нивото на кортизол кај заболените е вообичаено и психијатриско нарушување кое се манифестира со депресија, несоница, ниска концентрација, а понекогаш се присутни и халуцинации и самоубиствени тенденции.Дијабетесот е откриен кај една четвртина од пациентите, а хипертензијата е често присутна, што е една од водечките причини за смрт кај Кушинговата болест.Дијагнозата на болеста се поставува со лабораториски тестови на крв и урина кои покажуваат хронично зголемено ниво на кортизол.Скенер (компјутерска томографија) и нуклеарна магнетна резонанца на абдоменот и мозочните структури, овозможува да се пронајдат структурни промени во надбубрежните жлезди и хипофизата.Туморот идентификуван со испитување на МР е во корелација со хируршки наод од 75-98%.Воведена е интраоперативна ултрасонографија за подобрување на локализацијата на туморот. Оваа техника не доведува до компликации, но е субјективна и зависи од хирургот.ТерапијаТрансфеноидна хирургија на хипофиза е првиот тип на лекување за достапни и неинвазивени микрохеноми на хипофизата (тумори помали од 1 см). Кога операцијата не успева, може да се предложи реинтеграција (отстранувањето на туморот може да доведе до целосно закрепнување, но постои 15-25% ризик од повторна појава и 20-30% ризик од постоење на туморот и по операцијата). Доколку не е можна хирургија на хипофизата или истата е неуспешна, алтернативните опции треба да се земат во предвид на индивидуално ниво, меѓу кои и медицинска терапија, билатерална адреналектомија или радиотерапија на хипофиза.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

foto-19.02

Волонтерите од Црвен крст за 5 месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники

Волонтерите од Црвен крст за 5 месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во СкопјеМинистерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека оваа мерка е корисна за пациентите.Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники.фото: Министерство за здравство

Скопје | пред 6 години

opstina-centar

Општина Центар ја прифати Иницијативата на група граѓани и архитекти за урбанистичко уредување на локацијата „Треска“ по пат на јавен конкурс

Вчера, на вонредна седница, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот sо кој се одлучи за начинот за тоа дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна „Треска”.Одлучувајќи по Иницијативата поднесена од група граѓани и архитекти, Советот донесе Заклучок со што уште еднаш и општината и градоначалникот Саша Богдановиќ застанаа на страната на жителите и јавноста.За разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“.Советниците на општината, со 12 гласа „за”, изгласаа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.За зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.Со донесувањето на овој Заклучок, Општина Центар и градоначалникот Богдановиќ уште еднаш ги потврдија своите заложби за работење исклучиво во интерес на подобрување на условите за живот на граѓаните и на жителите на општината.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Скопјанец превезувал пет лица мигранти

На 18.02.2020 околу 07.45 часот на локалниот пат од с.Банско за с.Робово, на влезот во с.Робово, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ запреле товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки,управувано од Д.Д.(62) од Скопје. При преглед во возилото биле пронајдени пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан. Д.Д. бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица. Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oliver

Спасовски очекува највалканата изборна кампања

Република Македонија има капацитет да организира демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за ЕУОбсервер, предупредувајќи оти, сепак, очекува изборната кампања да биде една од „највалканите” досега.-Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milososki

Разговорот кој Милошоски го емитуваше во Собранието, утрово предаден кај Русковска

Антонио Милошоски ја предаде во Обвинителството за гонење криминал и корупција аудио снимката добиена од укажувач на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.Милошоски кажа дека дал само еден разговор. Тој не го доставил разговорот кој бараше да го објави на пленарна седница, а не доби дозвола од Собранискиот спикер Талат Џафери.,,Направивме уреден запис и обвинителката рече дека ќе го вметне како доказ во обвинението за Меѓународниот сојуз. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирањена 1ТВ”, рече Милошоски.Милошоски минатата недела во Собранието објави снимен разговор на кој наводно се слушаат лидерот на СДСМ Зоран Заев и други лица, кои разговораат за финансирањето на телевизијата на првобвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски.Пратеникот посочи оти снимката му е доставена од укажувач.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

apsi

Косовски државјанин приведен на „Долно Блаце“ по барање на Интерпол

На 18.02.2020 во 10.50 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Г.Б.(27) од Косово, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Германија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

smilkovsko

Ново рочиште за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм”. На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“.На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: По 12-ти април, Македонија ја очекува инфраструктурен бум од Владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ

По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. Инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план. Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура. Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран.Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово - бугарска граница, Штип - Радовиш, Кавадарци - Прилеп, Битола - грчка граница и Струмица - бугарска граница.Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница.Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција.Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

manceski

Манчевски за Канал5 ТВ: Нема ништо незаконито во вработувањата на Централниот регистер,се работи за различно толкување на законите

Се работи за различно толкување на законите, во однос на тоа зошто Централниот регистар вработувал по Законот за работни односи,а не по Законот за административни службеници.-истакна  потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.Тој посочи дека Централниот регистар не само сега ,туку  на истиот начин вработува со години, со оглед на тоа дека се работи за самостоен орган кој е и самофинансирачкии како таков не е  во опфатот на вработувања наменети за административни службеници.Тука нема ништо незаконито, туку едноставно различно толкување на законите, истакна Манчевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kulev-petrovska

Петровска: Чулев во обид да обвини за наводен криминал, прочита текст во кој намерно беа скриени реални факти

По прес конференцијата на техничиот министер за Внатрешни работи Наќе Чулев реагира и неговиот заменик Славјанка Петровска. Таа во реакцијата пишува:„ДПМНЕ повторно си го покажува своето вистинско лице низ нивниот вообичаен манир – за сопствените пропусти, грешки и злоупотреби, да обвинува друг. Во таа насока е и последната прес конференција на техничкиот министер Чулев, кој обвини за набавката на 3000 рала високиспецијални чизми за полиција.Чулев во обид да обвини за наводен криминал, прочита текст во кој намерно беа скриени реални факти. Министерството за внатрешни работи е должно да ги прибере сите потребни информации за одреден настан и за тоа да ја информира јавноста во целост, прецизно, квалитетно инавремено. Во тој конекст, Ве информирам за следното:Постапката за спроведување на оваа набавка била водена од поранешниот помошник министер Ѓоко Поповски. Во истиот тој период била донесена одлука за спроведување јавна набавка на 3000 полициски чизми во вредност од 15 милиони денари, бил објавен оглас за неа, била донесена Одлука за избор на најповолен понудувач од трите доспеани понуди и на 17.04.2016 бил склучен Договор за набавка со избраниот понудувач. Со тој договор МВР прифати права и обврски кои произлегуваат од него.Согласно процедурата, понудувачите во јавната набавка имале обврска да достават мостра од чизми и сертификат за исполнување на техничките спецификации од набавката. Сите три понудувачи доставиле сертификати за понудените мостри, но само сертификатот на едниот понудувач целосно ги исполнувал условите од техничката спецификација, по што неговатапонуда била земена предвид при евалуација во понатамошната постапка, а другите две понуди ги отфрлила како неприфатливи, по што бил и склучен Договорот за набавка на стоки.Потоа,  согласно договорот, пред испорака на стоката, МВР го искористило правото да изврши дополнителна проверка на квалитетот со правење на анализа на случајно избран примерок во независна овластена институција за контрола на квалитетот. Таква анализа е направена воМакконтрол Скопје и утврдено е дека има одредени недостатоци во поглед на бараната техничка спецификација. Поради несогласување со наодите од анализата, носителот на набавката  на сопствен трошок направил нова анализа во независна лабораторија во Р.Србија и согласно сертификатот од оваа лабораторија е констатирано дека постои само една ставка којаотстапува за 7% од техничката спецификација, што не влијае врз квалитетот на производот.Бидејќи во тој временски период истекувал и рокот за испорака, како и важноста на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, не е продолжен ни рокот за испорака, ни важноста на банкарската гаранција. За цело тоа време стоките остануваат во магацините ангажирани од страна на носителот на набавката, без насоки од страна на договорниот орган во смисла на раскинување на договорот и враќање на стоките или барање решение за корекција на квалитетот на спорните карактеристики на чизмите.На 14.02.2017 и 20.03.2017 година носителот на набавката повторно писмено се обратил до МВР со барање за разрешување на статусот на склучениот договор, како и постапување со стоките – Високи специјални  чизми наменети за припадниците на МВР, но од страна на МВР не добилниту одговор, ниту стоките биле примени. Притоа, во целиот овој период Ѓоко Поповски е сѐ уште помошник министер за јавни набавки.Кое раководство молчело, господине Чулев? Партиските војници под чија диригентска палка,  потфрлиле? Секако, не на Спасовски!Тогашниот министер Спасовски беше доведен во ситуација да изнајде разрешница на овој гродиев јазол сплеткан од вашата партија. Притоа, имаше две можни опции:1.      Да го раскине договорот и притоа, да плати судски трошоци, трошоците на понудувачот кон банката од која земал кредит во износ од 14, 8 милиони, трошоците за чување на 3000 рала чизми во некој изнајмен магацин и сите камати во износ од 2,6 милиони денари.2.      Да го земе предвид сертификатот кој понудувачот го доставил дека во целост ги исполнува бараните елементи од техничката спецификација на МВР, да изврши избор и покрај занемарливите недостатоци во поглед на квалитет и по 11 години, на полициските службеници да им обезбеди чизми, односно да ја прекине суровата традиција сами да си купуваат облека за извршување на работни задачи.За каква злоупотреба зборувате, г-дине Чулев?! Тогашниот министер Спасовски ја донел единствената можна и законска одлука, со што ги елиминирал сите непринципиелни и непрофеиоснални игри на МВР во односот кон економските оператори и го заштитил  министерството и државата од ситуација во која ќе отплаќа милионски суми за казни поради незаконското работење на партиските војници на ДПМНЕ во МВР и воедно да го започне процесот на подигање на стандардот и подобрување на социоекономската положба на полициските службеници.Господине Чулев, секој носител на јавна функција треба да биде свесен за сопствената лична и политичка одговорност за начинот на кој ја извршува функцијата. Помина времето на непрофесионализам, лажни вести, половични информации и злоупотреби во Министерството. Вие како технички министер имате обврски пред сите граѓани, а не само пред вашите ментори во политичката партија која му нанесе огромни штети на министерството, за што веќе има и правосилни пресуди.Во интерес на вистината и соочување со аргументите, а со цел граѓаните да бидат запознаени со реалноста, го охрабрувам министерот Чулев да ја прифати поканата за ТВ дуел, која ни беше упатена на двајцата. На тоа соочување ќе ги отвориме сите прашања кои му се нејасни, и за коинецелосно и неточно ја информира јавноста, се вели во реакцијата од заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања