Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Screenshot_31-2

Двете лица кои пристигнаа од Кина се без симптоми и ставени под здравствен надзор

Доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека вчера во државата се пристигнати две лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“.Станува збор за лица кои веќе биле во самоизолација во времетраење од 14 дена во Кина.- Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија, истакна д-р Караџоски.Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.- Сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи, додаде д-р Караџоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Dimsa-Arsovski

Арсовски: Шекеринска призна дека платиле многу повеќе-Каде завршиле 250 000 евра?

Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска не негираа дека ги преплатиле двете машини грејдери за сума повисока од 150% од нормалната. Под изговор дека навистина била повисока цената на машините, но министерството и Шекеринска биле транспарентни, Шекеринска и одбрана потврдија дека проневериле над 250 000 евра. Нас искрено ни е жал што ви го обзнанивме во јавност и овој бонбона бизнис, но сепак се работи за парите на граѓаните и се додека вие чепкате од парите на граѓаните, ние ќе обзнануваме, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска од српската фирма „Корковадо“ набавиле 2 машини грејдери од кинеско производство за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464 853 евра, додека пак истата фирма „Корковадо“ истиот грејдер на српска институција го  продава за 108 000 евра по парче.Очигледна е разликата од над 250 000 евра во набавката на двата грејдери каде што Радмила Шекеринска и министерството за одбрана ги имаат преплатено машините.Еве јавно упатуваме прашање до Радмила Шекеринска, а граѓаните нека ценат.Бидејќи Шекеринска од уста не ги извади НАТО стандардите, кои веруваме дека не ги погледнале во СДСМ, прашуваме дали и оваа набавка е согласно НАТО стандардите?Дали е согласно НАТО стандардите да се набават овие две машини од кинеско производство за цена повисока 250 000 евра од основната на кинеската компанија?Не, нормално дека ова не е согласно НАТО стандардите, како и целото раководење на Армијата на Република Македонија.Затоа, бараме, од надлежните институции, да го истражат овој случај детално, Јавното обвинителство да отвори истрага и да видиме во чии џебови завршиле над 250 000 евра.Почитувани обвинители,Охрабрете се, не се плашете, затоа што вака ако молчите станувате  соучесници. Оваа Влада на Зоран Заев се покажа како најкриминална до сега и како Влада која за само 3 години успеа да опустоши, колку што не опустоши и целата  транзиционата Влада на СДСМ во 90тите години.Одговорност мора да има и ќе има по 12 април, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. ффото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

21_2_2020_pres_Bogdanka_Kuzeska

Кузеска: Има сериозни сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари финансира медиуми за да шират кампања против ЕУ и НАТО

Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки  медиуми,  дека извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски со црни пари финансира партиски мегафони со цел да шират антидржавна медиумска кампања - кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.Потсетуваме, според истражувањето,  црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.Од оваа прес конференција уште еднаш ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.Како одговорна и демократска партија, СДСМ е посветен на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.фото и Видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

27-april

Одложено судењето за “крвавиот четврток” - одбраната предложила по 300 сведоци

Судењето на обвинетите за организација на насилствата на „крвавиот четврток“ 2017 год се одложи за на 26 февруари. Причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес за случувањата на 27 април.Обвинителката Вилма Рускоска посочи дека сите 4 обвинети предложиле по 300 сведоци. Потег во кој препознава обид за одолговлекување на постапката.Денеска на обвинителна клупа за првпат како обвинети за организација на насилниот упад на 27 април 2017 седнаа поранешниот спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри  Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор  на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Турска државјанка осомничена за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанка на Република Турција со привремен престој во Гостивар поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.На 19 февруари, по претходна расправија, осомничената 24-годишна девојка со умисла се обидела да лиши од живот едно лице, 23-годишен државјанин на Република Турција, така што со кујнски нож најпрвин му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа расправијата продолжила, па осомничената го турнала оштетениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.Поради околности кои упатуваат на можност осомничената да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да се обиде да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Приведен русин на „Табановце“

На 20.02.2020 во 09.50 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Р.Германија, кој управувал патничко возило „опел“, со германски национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено. При преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштола, кои биле одземени. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет.Од МВР информираат дека момчето било со регулиран престој во Гостивар, а за обид за убиство е приведена К.Д.(24) од Р Турција, исто така со привремено живеалиште во Гостивар.Момчето е пренесено во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против девојката ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Вработени во маркет во Скопје спречиле грабеж, разбојникот избегал

Вработени во маркет во Скопје спречиле грабеж при што оружениот разбојник избегал од местото на настанот, соопшти МВР.На 19.02.2020 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„11 Октомври“ едно лице со закана со пиштол се обиделo од вработените да одземе пари.Oткако вработените му пружиле отпор разбојникот побегнал, при што турнало една од вработените, која се повредила.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

IZBORI-GLASANJE-3

Нема бршење од избирачкиот список поради нова лична карта или патна исправа

Лицата на кои важноста на личните карти или патните исправи ќе им истече во периодот по распишувањето на изборите, иако тие во меѓувреме извадиле нови или ги обновиле старите нема да бидат избришани од Избирачкиот список.  Ова го предвидуваат последните измени на Изборниот законик.„Системскиот пропуст во начинот на ажурирање на Избирачкиот список, кој со години на илјадници граѓани неоправдано им го кршеше уставно загарантираното право на глас, а за кој и Народниот правобранител со години алармираше и во неколку наврати доставуваше посебни извештаи до Владата и Собранието на Република Северна Македонија, конечно е надминат“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител Иџет Мемети.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ogan-2

Намален бројот на огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 13.02 до 19.02.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала само 5 пријави од граѓаните. Сите пријавени огнови на отворено во текот на изминатата недела се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

27-april

Почнува судењето за организаторите на „27 април"

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почнува судскиот процес за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.Тие се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Fond_inovacii

ФИТР: Поради голем интерес кај младите продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за „старт-ап“ и „спин-оф“ компании

Поради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава, рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ е продолжен за дваесет дена односно до 15 март, 2020 година (До 23:59 часот).Одлуката следи откако до Фондот беа испратени повеќе писмени барања од студенти и млади од целата држава за продолжување на рокот за аплицирање, а за интересот во однос на овој инструмент за финансиска поддршка на Фондот, зборува и фактот дека досега се превземени над 750 апликациски пакети.Јавниот повик е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со реален план за комерцијализација.Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија и имплементирање на иновативни решенија, како и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст.Целта на овој повик, меѓу другото е што повеќе млади луѓе своите идеи да ги преточат во бизнис, да отворат свои компании и да аплицираат.Вкупниот буџет за повикот изнесува еден и пол милиони евра, а преку овој инструмент е предвидено кофинансирање од ФИТР најмногу до 85% од вкупниот буџет за проектот, односно максимален износ од 30.000 евра. Преостанатите 15% од средствата треба да бидат обезбедени од компаниите.Во периодот до истекување на рокот за аплицирање, за домашните компании ФИТР обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош. Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање на http://www.fitr.mk/startapuvaj-2/фото: архива

Македонија | пред 6 години

Ljupco-janevski

(ФОТО) Директорот на АППТ- Јаневски тргна со автобус за Белград, ќе ја претставува земјава на саемот за туризам

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот  Љупчо Јаневски, тргна со автобус на саем за туризам во Белград. Саемот започна вчера, и ќе трае до 23 февруари.Станува збор за 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро  вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови.Секоја година, ”SAJAM TURIZMA” е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји, како и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија - учесници, посетители и гости.Македонија на овој саем се претставува секоја година. Нашата земја е примамлива туристичка дестинација за Србите. https://www.facebook.com/ljupco.janevski.1/posts/2730914130337332фото: ФБ Љупчо Јаневски

Македонија | пред 6 години

grip-12

Евидентирани 5.660 новозаболени од грип во земјава

Од Институтот за јавно здравје информираат дека расте активноста на грипот во државата, евидентирани се вкупно 5.660 новозаболени лица од сите градови во државата, што претставува 74 процентно зголемување. Лабораториски е докажано присуство на инфлуенца тип А и Б. Најголем број од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до 64 годишна возраст.- Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени, рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.Инаку, досега се регистрирани вкупно три смртни случаи од грип, од кои едно 14 годишно девојче и двајца мажи на возраст од 50 и 85 годишна возраст. Тројцата починати биле невакцинирани, биле лекувани со антиретровирусна терапија и имале бројни коморбидитети.Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Јавниот обвинител Јовески се сретна со претседателот на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска.На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите што беа отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.Јавниот обвинител Јовески ја презентираше структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласија важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет.​...

Македонија | пред 6 години

ojo-1

По вчерашната акција во с. Крушопек, истрага за две лица

Заврши распитот на лицата што вчера вечер беа лишени од слобода во акцијата во с. Крушопек, Општина Сарај. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по  член 215 од Кривичниот законик.Врз основа на прибраните докази и изјавите на лицата кои беа лишени од слобода, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје вечерва достави Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, додека за второ осомниченото лице предложи мерки за обезбедување присуство. Останатите две лица се ослободени, а осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

amnestija-1-grafiti-3acstuoj3t4jg8qooa9s00

Правдата потклекнува под бесправната милост

Зошто на повторното судење за ТНТ, Миле Јанакиевски повторно како доказ го поднел решението за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, иако претходно му бил отфрлен?  Како и на сите други обвинети во случаите на Специјалното јавно обвинителство, чии имиња се најдоа на списокот од 56 помилувани од Иванов во 2016.Една од основните логички лекции е дека не е можно со повторување на истите постапки да се очекуваат различни резултати. Но, во македонското судство оваа логика не важи секогаш.Судовите тогаш ги отфрлаа тие докази затоа што во меѓувреме поранешниот претседател донесе одлука да ги повлече помилувањата. Сепак, сето тоа се случуваше во општествено-политички контекст, во кој имаше големи очекувања во јавноста за тие предмети да поминат низ судска постапка.Три години од почетокот на судските процеси против аболираните од Иванов, се чувствуваат промени во амбиентот. Уставниот суд отвори постапка, па одбраната на Јанакиески одлучила дека вреди да се обиде повторно со тој доказ. Сето тоа покажува дека помилувањата од Иванов се далеку од завршен случај.Истражувањето на БИРН покажува дека најмалку четири случаи на државна милост (амнестии, аболиции) ја обликуваат денешната политичка реалност во Македонија, во која фактор се обвинети и осомничени за кривични дела, а меѓупартиската дебата често се сведува на тоа кој е „поголем криминалец“.За најмалку три од тие одлуки може прецизно да се утврди каде скршнале од патот на Уставот, законите и правилата или на меѓународните конвенции што ги потпишала државата, меѓутоа тоа никогаш не се случи, па денес тие се прифатени како реалност и  се проблематизираат исклучиво во интерес на меѓупартиска пресметка.Одлуката на Собранието дека нема потреба од автентично толкување на Законот за помилување барем навидум го затвори прашањето дали претседателот Ѓорге Иванов имал право да ги донесе одлуките за аболиција од 2016, иако опцијата Уставниот суд да реши поинаку теоретски сѐ уште постои.Целиот текст на prizma.mk

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-5

Зоки Кичеец во ПИ мерките снимен со топ модели од Србија

Зоран Милески Кичеец во јули 2019 додека бил под ПИ мерки најмалку два пати е службено снимен додека низ Охрид се движел со две девојки на возраст од околу 25 огдини кои полицијата ги означила како Н.Н. лица.Деновиве медиумите пламнаа со наслови за снимките презентирани во судницата на кои се гледаат атрактивните млади девојки.Медиумите објавуваат дека двете млади дами се од соседна Србија и работат како модели, а едната од нив има остварено и интернационална кариера како топ модел, позната во Америка и Британија.Инаку случајот со Зоран Милески Кичеец доби правен епилог и одамна во јавноста не се третира како правен случај, а одредени медиуми истиот го „естрадизираа“ и изнесуваа различни толкувања за неговиот личен живот кои варираат од крајност во крајност кулминирајќи по последното рочиште кога видео снимките на кои е Кичеец со девојките со кои оди на забави, се вози на квадрицикли и се гледа пријателството на Милески со двете девојки одекна како нова сензација во медиумите.

Магазин | пред 6 години

Bojan-Reket

Боки 13 тврди дека му нуделе да не го осудат, а ги кажа и условите

Првобвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште пред судот излезе со обвинувања дека му било понудено да не биде суден ако кажел дека екс специјалната обвинителка, Катица Јанева е виновна за целиот случај и дека пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, земала пари.– Ми беше понудено да не бидам осуден ако кажам дека Катица е виновна и дека Ременски земала пари, посочи Боки 13.Претходно адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски од судот побара неговиот клиент да биде пуштен во домашен притвор, на кој предлог обвинителката Рускоска се спротивстави бидејќи како што посочи, Боки 13 бил фатен на граница со намера да бега.

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

Тужете ако не ви даваат пасош, Хелсиншки комитет ќе ве застапува

Македонски граѓани, поради пасошката криза и рестрикциите во издавањето нови патни исправи, се принудени да откажуваат и туристички аранжмани, но и учество на деловни и спортски активности во странство. На таква мака биле ставени една скопјанка, која поради оштетена патна исправа, била принудена да откаже туристички аранжман, како и момче од Скопје, кое сè уште e во неизвесност дали ќе отпатува на спортски настан, затоа што не се знае дали МВР неговото барање за нов пасош ќе го прифати како ургентно.Во Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека нудат бесплатна правна помош за сите засегнати граѓани кои ќе решат да го тужат МВР, кое според Законот за патни исправи е должно да им обезбеди лични документи на граѓаните, но  и да ги обештети оние кои претрпеле материјална штета.Во МВР велат дека повеќе од 16.000 граѓани поднеле барања и се сликале за нов пасош, но има само 3.600 пати обрасци. Пасоши ќе добијат 650 граѓани кои аплицирале во итна постапка. А од останатите предност ќе имаат само оние кои имаат неодложно лекување во странство.

Македонија | пред 6 години

19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

Ѝ Спасовски бара кој е одговорен оти нема пасоши, топката повторно кај Чулев

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој до 3 јануари беше министер за внатрешни работи, не знае кој е одговорен што нема пасоши. Одговарајќи на новинарско прашање зошто уште не е утврдена одговорност кај ниту едно лице во Министерството за внатрешни работи, за пасошката криза, Спасовски рече дека во моментов за функционирањето на министерството е надлежен техничкиот премиер Наќе Чулев.„Навистина се прашувам зошто не може да се даде одговор на сите овие прашања. Мислам дека подоброто менаџирање, повеќе бавење со суштински работи, немаше да доведе до една ваква криза. За функционирање внатре во министерството е надлежен министерот и има механизми да се утврди кој е одговорен ако има одговорност. Сум имал и јас такви ситуација неколку пати во целиот тој период, но, немаше проблем во однос на пасошите или другите лични документи“, рече Спасовски на прес-конференцијата за распишување на оглас за изградба на хидроцентралата Чебрен.Иако техничката Влада функционира 1,5 месец, Спасовски се пожали дека информација за проблемот со пасошите Владата добила пред една недела.„Мислам дека подоброто управување, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе занимавање со суштинските работи отколку со неважни прашања, немаше да доведат до ваква криза. И ние овде веќе размислуваме како и на кој начин да помогнеме за да се дојде до конечно решение на овој проблем“, одговори премиерот Спасовски на прашањето чија е одговорноста за доцнењето на пасошите.Премиерот Спасовски избегна конкретен одговор на прашањето зошто при планирањето на набавката не било земено предвид дека оваа година истекува важноста на првите биометриски пасоши, како едно од причините за зголемена побарувачка на пасоши.

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Обвинтелството на Јовески ќе проверува дали незаконски се поништени решенијата на Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев од страна на Владата.„Во поглед на наводите на техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, кои беа изнесени на 19.02.2020 година, а се однесуваат на одржаната седница на Владата на 15.02.2020 година и на донесената одлука за поништување на решенијата донесени од техничкиот министер, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека ќе ги провери овие наводи за да утврди дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.Со таа цел, надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите“, соопти обвинителството.Претходно, до Основното јавно обвинителство Скопје од страна на дополнителниот заменик на Министерот за внатрешни работи беше поднесена кривична пријава против техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 и несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик. Пријавата се однесува на донесената телеграма од 08.01.2020 година од страна на техничкиот министер со која се известуваат раководителите на организациони единици во МВР дека решенијата за распоредување потпишани од поранешниот министер за внатрешни работи кои не се врачени не треба да им се врачуваат на вработените на кои се однесуваат.„Во поглед на оваа кривична пријава, надлежниот јавен обвинител издаде наредба да се направат проверки до Министерството за внатрешни работи, до техничкиот министер и до дополнителниот заменик на министерот од кои се бара да достават релевантни податоци и да приложат писмени докази. И во двата предмета, во зависност од доставените податоци и докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе одлучи согласно Законот за кривична постапка“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Камчева имала план како да го извлече Орце, покажува сведочењето на Димишков?

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13.Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката по претходна постапка Весна Димишкова е првиот сведок на одбраната. Инаку, Димишкова е судијката која му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев за случајот Империја и му го продолжи истиот.Нејзиниот брат пред судот рече дека во неколку наврати Зоран Милески Кичеец и сопругата на Камчев, Ана Камчева, се обидувале да го вклучат во тимот адвокати.„Откако му одредија притвор на Камчев наредните денови се јавуваа мои роднини пријатели, ме викаа на кафе, ми кажуваа дека се пријатели со Камчев и прашуваа што може да се помогне. Јас викав дека не можам ништо да помогнам. Меѓу нив беше и Зоран Милески, на кој иако му имав кажано дека тоа што го бара од мене не можам да го направам, тој инсистираше на повторни средби, бараше да бидам ангажиран како бранител… И во една прилика тој направи средба и со Ана Камчева”, рече тој.Кога се сретнале, според Димишков, Камчева му рекла дека има стратегија да го зголемат тимот бранители и дека планираат да го вклучат во тимот.„Реков ќе направам пресметка, изанализирав и проценив, односно и го прозрев нивните намери, односно сметам дека тие сакаат да ме искористат и ангажираат за бранител, бидејќи судијката, моја сестра која постапуваше по претходна постапка, тогаш по сила на закон ќе биде изземена од предметот. Проценив дека не би требало да прифатам да бидам бранител во предметот”, рече тој.Кога се јавил Милески, рече Димишков, тој кажал сума која знаел дека за нив нема да е прифатлива. Оттогаш, никој не го побарал. Димишков рече дека се познава со Бојан Јовановски, односно бил ангажиран да за правните работи во Меѓународниот сојуз, а потоа, со отворањето на 1ТВ, бил ангажиран околу различни предмети, блокади на сметки, извршувања итн.Одбраната на Бојан Јовановски и Катица Јанева за наредниов период предлагаат дузина сведоци меѓу кои и ексградоначалникот на Центар и газдата на Тинекс Владимир Тодоровиќ и сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески.

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Јовановски и рече на Русковска да не се дере: Ако кажам дека Ременски е крива ќе ме пуштите?

Половина час пред судот првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен Рекет“.„Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене.Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?”, рече Јовановски, на што реагираше обвинителката Вилма Русковска, а Јовановски и рече: „Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности”.„Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете, отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска келија”, рече Јовановски.Судијката Васка Николовска Масевска го ислуша Јовановски, по што рочиштето беше завршено.

Македонија | пред 6 години

87391873_192449055182281_6450302986030678016_n

Богојески: Мафијата ги контролира СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и сите институции во Македонија

Петар Богојески лидерот на „Македонски Концепт“ гостувајќи на Телевизија 24 кажа дека Македонија не е киднапирана од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и дека е направен превид кога се изнесувале такви тврдења, туку земјата е киднапирана од мафијата која ги контролира двете најголеми партии и сите институции во земјава.Богојески кажа дека на Македонија и е потребна „демафијизација“ која неминовно ќе се случи низ евро интегративниот процес, бидејќи со новата методологија на проширување доколку Македонија не се справи со мафијата нема да може да се интегрира во ЕУ. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања