Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Мерките и проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ветува ќе донесат обнова на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ преку новата програма планира проект со кој ќе им обезбеди на граѓаните енергетска обнова во нивните домови.  Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во нашата земја многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова или изградба на фасада чини доста пари.Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина.Оваа мерка ќе придонесе граѓаните да имаат топол дом на зима, и ладен на лето и она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети.Со овој проект ќе имаме и заживување на градежната индустрија,  но истовремено подразбира и заштита на животната средина.По 12-ти април, во Република Македонија обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Чулев: Информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи на својот профил на Фејсбук ги демантира лажните обвинувања и спинови дека наводно ја попречувал истрагата во скопско Крушопек. Министерот на својот Фб профил напиша:- Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата ја информирам јавноста дека истите се целосно неточни.Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави.Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт.Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности.Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и пришадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија, напиша министерот на ФБ.

Македонија | пред 6 години

dik-1

ДИК го отфрли барањето на Чулев за укинување на решението за нов началник на СВР Тетово

Државната изборна комисија го отфрли барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да биде укината одлуката на Владата која го поништи неговото решение за назначување на началник на СВР Тетово.ДИК посочи дека случајот е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Трагедија во Охрид – Пронајден мртов 45 годишен скопјанец

На 21.02.2020 околу 12,00 часот во СВР Охрид било приајвено дека хотел во населба Коњско, Охрид бил пронајден починат З.М.(45) од Скопје кој работел на реновирање на објектот.Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izbori-02

(ВИДЕО) 900.000 евра ќе се поделат на 160 портали колку што се пријавиле за следење на медиумската кампања

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски  при гостувањето во емисијата Стадион, на Канал 77, изјави дека за претстојните парламентарни избори, за изборната кампања се пријавиле речиси сите дневни, печатени весници, телевизиите-национални, локални и регионални, радијата.Според измените во изборниот закон од тие средства 45% ќе им припаднат на партиите од позицијата кои што на минатите избори ја освоиле власта, 45 % на партиите во опозиција и 10 % на другите партии, вонпарламентарни и нови партии.Исто така 25 % од овие средства ќе бидат поделени на порталите или  900.000 евра ќе поделат 160 портали колку што се пријавиле за следење на медиумската кампања.

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски најави мега проекти во енергетиката и екологијата: Целосна гасификација, бесплатен приклучок за граѓаните, за 50% почист воздух

Инвестирањето во екологијата и во енергетиката подразбира инвестирање во здравјето на сите и во иднината на сите.   За жал имаме комплетен застој цели три години. Имаме порази наместо победи, имаме кочења на проекти, наместо реализација, имаме виткање на кичма наместо исправање. Ветуваа алпски чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во светот. Ветуваа гасификација добивме нула реализација. Празни хидроакомулации, загуби и скапи ремонти за повеќе пари во фирмите блиски на власта. Загадениот воздух го одзема здравјето, нашата иднина. Власта тргува со она што е најскапо за секој еден човек. А, тоа продолжува да носи порази на земјата, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мора работите да се променат, мора да се инвестира во здравјето, но и во енергетиката, тоа е нашата иднина.Затоа денес ќе презентирам што подразбира обновата кон која се обврзуваме во енергетиката и екологијата. Се разбира тоа се дел од проектите и политиките кои што идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води. Подетално и поопширно во програмата која што ќе биде дел од предвремените парламентарни избори.Се обврзуваме на обнова која подразбира енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50-тина проценти е на трошок на државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова пак или изградба на фасада чини пари. Затоа се обврзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари за семејствата. Ова е проект кој што подразбира заживување на градежната индустрија, намалување на специфичната потрошувачка на енергенси за затоплување на домовите за индивидуално и колективно домување, но истовремено подразбира и заштита на животната средина. На прашањето зошто, затоа што ние како држава сме пет пати понеенергетски неефикасни од тоа што е просекот во ЕУ. Односно трошиме 5 пати повеќе енергија за затоплување на домовите од тоа што се троши во ЕУ. Тоа значи дека повеќе имаме емисија на штетни честички во воздухот и поголемо загадување на животната средина.Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50-тина проценти од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова подразбира дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50-тина проценти субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотонапонски централи, термални, топлински пумпи и приклучок кон топлификационите системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.Се обврзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за  употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн.  Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати од поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а еве гледаме на крајот од мандатот на оваа влада не се сеуште завршени. Изградба на магистралниот  гасовод Неготино - Кавадарци – Битола т.е. доизградба како и доизградба на магистралниот гасовод Скопје - Тетово – Гостивар, кој што е започна и првиот и вториот проект и обезбедено финансирањето од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму изградба на магистралниот гасовод Штип - Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на магистралниот гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на магистралниот гасовод Битола - Ресен - Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски и гледаме дека само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени.Се обврзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Ќе го направиме овој енергенс да биде достапен за секого. За таа цел во населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од магистралните гасоводи или примарната мрежа, ќе се пристапи кон изградба на платформи со менливи контејнерски батерии или резервоари за складирање на природниот гас т.е. ќе создадеме виртуелна секундарна мрежа поради сложеноста на проектот и поради сложеноста на процедурите за урбанизам и понатаму проектирање и ревизија на истиот. Системот подразбира компресија, транспорт и декомпресија на природниот гас директно од примарната во терцијалната мрежа. За да може истиот да стигне до гасните дистрибутивни мрежи низ населените места. Со ваквиот проект се опфаќаат голем број населени места  и се овозможува природниот гас да биде подостапен до граѓаните и  до компаниите.Се обврзуваме на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.Јас нема да ветувам чуда и затоа внимателно одбирам што ќе биде реализирано од работите. Притоа еден од клучните приоритети кој ќе го реализираме е чистиот воздух. Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега. Тоа подразбира намалување на загадувањето до минус 50-тина проценти. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство, и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и користење од државните институции како и компаниите кои се загадувачи. Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојба сега. Почист воздух за повеќе здравје.Се обврзуваме на обнова подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен  парк Миравци за складирање на енергијата, за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачанадо потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.Се обврзуваме на обнова која ќе подразбира целосна гасификација на медицинските центри во буквална смисла на зборот. Кои сега се големи загадувачи. Пред се ова подразбира гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Под целосна гасификација се подразбира реконструкција на котларите во болниците и јавните установи со поголема потрошувачка на енергија со цел поставување на когенеративни постројки. Когенеративни постројки за пошироката јавност подразбираат постројки за производство на топлинската и електрична енергија. А, како нус производ и технолошка пареа за целосно еко работење на болниците.Се обврзуваме на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола. Завршување проектот за модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни без исклучок и без компромис еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот.Се обврзуваме за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останатите места се разбира. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност средства од 20-тина милиони евра годишно. И враќање на животот во овој крај.Се обврзуваме на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ќе ја зголемиме бирократијата, напротив ќе ја намалиме бирократијата, и ќе го намалиме бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и навистина одвишни во државната структура. Ова министерство за енергетика е клучно за развојот на овој стратешки сектор во нашата држава Република Македонија.Се обврзуваме да вршиме издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина. Тоа е проблем на кој се обврзуваме дека макотрпно ќе работиме, бидејќи здравјето на нашите сограѓани ни е пред и над се.Ова се дел од капиталните проекти и политики за екологијата и енергетиката, а ќе има и многу други кои ќе бидат дел од нашата програма. Овие проекти ќе значат повеќе здравје, повеќе напредок, и поквалитетен живот. Ова се проекти и мерки од кој корист ќе имаат 2 милиони граѓани, за обнова на енергетскиот сектор и заштитата на животната средина. Повеќе енергетска стабилност и повеќе развој преку примена на иновативни технологии кои земјава ќе ја направат регионален лидер и со висок степен на енергетска самостојност.Ова се сериозни проекти за обновата која ќе ја спроведе новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нам ни требаат успеси наместо порази. Оваа обнова е надежта за која вреди да се бориме. Обновата победува, доаѓа време кога ќе има повеќе за секого, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото : Архива  

Македонија | пред 6 години

1-1-1

Филипче: Воведовме 6 нови лекови за пациентите со ретки болести

Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче, синоќа во Охрид учествуваше на трибината под мотото „Ги запознаваме ретките болести 2020“, во организација на Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид и Струга и активистката на Здружението „Живот со предизвици“, Гордана Лолеска.На трибината, Филипче истакна дека за првпат Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз го обезбеди лекот Спинраза за пациентите со спинална мускулна атрофија. Сите 7 пациенти кои ја имаат оваа ретка болест во земјава го примаат лекот.„За првпат пат, го обезбедивме лекот Спинраза. Сите 7 пациенти со спинална мускулна атрофија го примаат лекот. За две години, воведовме 6 нови лекови за пациентите со ретки болести. Воведовме 6 нови лекови за пациентите со фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, спинална мускулна атрофија, Ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и Лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза“, потенцираше Филипче.Филипче, пред присутните информираше дека двојно е зголемен буџетот за ретките болести, во 2017 година тој изнесувал 214 милиони денари, а за оваа година изнесува 527 милиони денари.Владата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз во 2018 година воведе електронски регистар за пациентите со ретки болести, во кој се содржат сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.Трибината се одржа во склоп на одбележувањето на 29 февруари - Денот на ретките болести. фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Скопјанец ја избодел својата мајка па ја запалил

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако нејзиниот син ја нападнал со нож, а потоа ја запалил.-Вчера во 16:23 часот на ул. „Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода 47-годишниот В.С. од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Saem_Belgrad_0221202001

(ФОТО) Охрид претставен на саемот за туризам во Белград

Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.Природните потенцијали, уникатното културно богатство и современите туристички капацитети на Охрид како атрактивна дестинација, освен за бројните посетители, биле интересни и за голем број тур оператори и претставници на туристичкиот сектор од неколку европски земји. Голем интерес за Охрид покажале и влијателни медиуми од регионот.Секоја година Белградскиот саем за туризам е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

22-Polycythemia-Rubra-Vera

Ги запознаваме ретките болести: Полицитемија Рубра Вера

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Полицитемија Рубра ВераМКБ D45Polycythemia Rubra VeraОваа состојба се јавува кога коскената срцевина произведува премногу еритроцити. Над 90% од нив се зафатени со мутација на генот, наречен ЈАК2 ген, кој се мисли дека не предизвикува директно ПВ, туку го зголемува ризикот од нејзино појавување. Полицитемија вера е ретка и претежно ги напаѓа луѓето после 60-тата година. Карактеристично е црвеното лице, предизвикано од големата концентрација на еритроцити, понекогаш погрешно интерпретирано како црвенило кое се јавува при консумирање на алкохол.СимптомиБидејќи се развива бавно, пациентот може да ја има оваа болест со години без да забележи никакви знаци или симптоми. Кај многу пациенти, Полицитемија вера дури и не може да предизвика никакви знаци или симптоми. Сепак, некои луѓе можат да ги почуствуваат следниве проблеми:– Висок крвен притисок– Главоболки и заматен вид– Зашеметеност– Слабост– Претерано потење– Непријатност во стомакот– Болно отекување на еден зглоб, обично на палецот на стапалото– Тешкотии при дишењето додека пациентот легнува– Вкочанетост– Чувство на надуеност и умор во горниот лев абдомен поради оток на слезината– Црвена кожа, особено во пределот на лицето, рацете и стапалата– Проблеми со крварење од носот и брзо настанување на модринки– Гихт, кој може да предизвика болка во зглобовите, вкочанетост и оток.Полицитемија рубра вера се јавува кога мутација во клетките на коскената срцевина предизвикува проблем поврзан со производство на крвни клетки. Во нормални услови, телото внимателно го регулира бројот на секој од трите типа на крвни клетки. Сепак, во Полицитемија вера, овој регулаторен механизам е оштетен и коскената срцевина произведува премногу клетки од еден тип. Повеќето луѓе со Полицитемија вера имаат ваков вид мутација. Нејзината причина не е јасна, но научниците веруваат дека таа се јавува по зачнувањето, така што може да се каже дека е стекнато, а не нарушување наследено од родителот.Лекувањето се заснова на флеботомија (често вадење на крв) за подобрување на циркулацијата на крвта. Кај пациенти со зголемен ризик од тромбоза заради нивната возраст над 60 години, треба да се земе во предвид и постоењето на претходна тромбоза, периферна васкуларна болест или хипертензија, циторадукција.„Хидроксиуреа“ останува да биде референтен лек за постари пациенти. Кај оние кои немаат посебни контраиндикации, докажано е дека „Аспиринот“ во мала доза го намалува ризикот од тромбоза. Лекувањето со „Интерферон алфа“ може да биде предложено кај бремени или помлади пациентки. Бидејќи повеќето од пациентите имаат мутација на генот ЈАК 2, се препорачува и употреба на инхибитори на ЈАК.Симптомите се поврзани со хипервискозност на крвта заради зголемен број на црвени крвни клетки. Тоа ја нарушува микроциркулацијата. Симптомите се често подмолни на почетокот и може да вклучуваат главоболка, вртоглавица, вертиго, тинитус, нарушувања на видот и пруритус после капење, румен тен кој се појавува на лицето, дланките, ноктите, слузокожата и конјунктивата.Компликациите може да бидат поврзани, покрај другото со артериска тромбоза (во цереброваскуларната, миокардната или периферниата регија), ангина пекторис или наизменични клаудикации или венски тромбози, вклучувајќи длабоко-венска тромбоза, пулмонарна емболија, тромбоза на спиланозни жлезди) и крварење, вклучувајќи крварење на непцата, екхимози и гастроинтестинално крварење. ПВ може да се карактеризира и со спленомегалија. Некои од пациентите можат да развијат и миелофиброза и акутна леукемија или миелодипластичен синдром кој се појавува кај мал број на пациенти, обично во подоцнежна фаза на болеста.Бидејќи ПВ е редок вид на карцином на крвта, дијагнозата обично се поставува кога пациентот посетува лекар заради други причини. За да се дијагностицира ПВ, се прави тест на крвта и испитување на коскената срцевина.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

zatvor

Тепачка во прилепскиот затвор- Со остар предмет повреден затвореник во тепачка во прилепскиот затвор со остар предмет повреден затвореник

Во Казнено-поправниот дом Прилеп деновиве дошло до физичка пресметка помеѓу тројца затвореници.Како што информираат од МВР, станува збор за лицата А.П., С.Ѓ., и С.М., при што А.П. со остар предмет му нанел повреди на С.М..Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од полицијата во дневниот билтен.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cigari-3

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Државниот Пазарен Инспекторат, во текот на денешниот ден спроведоа две акции против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово службените лица при вршење на претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава. Оттука Царинската Управа и Државниот Пазарен Инспекторат порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунските производи ширум државата.Во акциите се запленети:•113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра.На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата.фото: Царинска управа

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 218 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (14.02 - 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 218 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 182 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  352 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

img1

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од с.Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.На 20.02.2020 во периодот од 11.30 до 13.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14.15 и 15.30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во сКорешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба..Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.Инаку, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата последен излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Со успешните економски политики на СДСМ просечната плата надмина 26.000 денари

СДСМ е посветен на економските реформи и на економскиот напредок на државата преку реализирање на низа мерки со кои се подобрува квалтетот на животот на сите граѓани. Реалните економски показатели нотираат постојан раст и придонесуваат за континуирано зголемување на просечната плата, се вели во соопштението од СДСМ.Просечната плата  од 2017 година бележи нагорен тренд и во изминатите две години  се зголеми за над 4.000 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на досега највисоките 26.836 денари во декември 2019 година.Просечната плата прв пат се искачи над 26.000 денари, благодарение на економските политики на СДСМ, инвестирањето во човечкиот капитал и посветеноста во секторот економија.Официјалните податоци покажуваат дека просечната плата е зголемена во речиси сите сектори. Со тоа се потврдува исправноста и ефикасноста на политиките и мерките кои ги презема СДСМ.Ваквите успешни резултати ни даваат мотив да продолжиме со истиот интензитет и во иднина  да обезбедиме повеќе пари во семејниот буџет. Веруваме во нашите економски перформанси и затоа настојуваме просечната плата да се искачи на 30.000 денари.Успешната економија и постојаниот пораст на просечната плата потврдуваат дека сме на прав пат. Затоа граѓаните на 12 април ќе го дадат својот глас за поголеми плати и подобрување на животниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

sela-gasi

(ФОТО) Официјализирана првата предизборна коалиција

Се озваничи првата коалиција за предвремените парламентарни избори, таа е помеѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива. Претседателите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши вчера го потпишаа договорот за коалиција на предвремените парламентарни избори, објави МКД.МК.Села и Гаши кажаа дека слоганот на нивната коалиција ќе биде „Една држава за сите".„Немам дилема дека овој момент на соединување за нас како Алијанса за Албанците и за Алтернатива, е многу важен момент. Со овој потег ние правиме чекор напред кон зајакнување и зголемување на албанскиот глас. Ова е целта на нашата коалиција, која ќе чекори сигурно за донесување на промените на 12 април, долгоочекувана промена во албанското општество тука во Северна Македонија”, истакна претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.Гаши пак вели:„Тука сме да изјавиме дека после 12 април ние ќе се грижиме за сите Албанци, без разлика за која партија тие ќе гласаат, тие треба да се сигурни дека ние ќе им служиме на сите без разлика на нивните политички и други уверувања. Правиме се за ‘Државата за Сите’, да ја живееме после 12 април. За нас поважен е денот што следи после 12 април, отколку деновите до 12 април”, рече Гаши.извор: МКД.МКфото: МКД.МК

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партија која што го исполнува ветеното

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ветува и исполнува.По 12-ти април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе инфраструктурен бум во Република Македонија.По долгата стагнација на државата поради неспособната влада на СДСМ, време е по 12-ти април да започне обнова заедно со ВМРО-ДПМНЕ.Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација што ќе им овозможат пристоен живот.По 12-ти април во Република Македонија нема да има неасфалтиран  регионален пат. Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе се замени целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април се обврзува за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер.Во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат на две основи, по порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите.Мерки кои ќе ги спроведе новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе променат многу, затоа што тие ќе значат повеќе работа, повеќе пари, повеќе за секого во државата. Обновата доаѓа!Заедно ќе се избориме за подобра иднина.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

rasela-mirzahi

Мизрахи за најтиражниот израелски весник тврди дека нејзината оставка доаѓа како политички мотивирана, а не за таблата на која стои името „Република Македонија“

Најтиражниот весник во Израел „Haaretz“ објави вест поврзана со првиот еврејски министер во Македонија која беше отпуштена откако го користеше старото име на земјата.Рашела Мизрахи за реномираниот весник тврди дека нејзината оставка доаѓа како политички мотивирана, а не затоа што зборувала пред табла на која стои името „Република Македонија“, објави Курир.мк.Весникот наведува дека првиот еврејски министер во Северна Македонија беше отпуштен минатиот викенд откако го користеше претходното име на земјата прекршувајќи го контроверзниот договор што земјата го има потпишано со соседна Грција.„Разрешувањето на Рашела Мизахи, иницирано од премиерот Оливер Спасовски, беше меѓу последните акти на привремената влада во малата балканска држава. Пратениците гласаа 62-26 во корист на отпуштањето на Мизрахи, откако таа држеше прес-конференција пред знакот на кој се наоѓа поранешното име на земјата, „Република Македонија“.Антисемитските напади беа изненадување. „Луѓето во Македонија не се антисемитски “, рече Мизахи оваа недела за Хаарец. „Сметам дека тие напади се дел од едно грозно политичко сценарио кое се искачи на нивото на антисемитизам, спомнува жолти ѕвезди и непријатни вербални напади“, пишува весникот.извор: Курир.мк

Македонија | пред 6 години

21022020_VRSM_megjunaroden_den_na_majchiniot_jazik-2

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што под покровителство на Обединетите Нации денеска се одбележува во целиот свет, во Крушево се одржа свеченост на која се обрати заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на Северна Македонија, Неџат Мехмедовиќ.На настанот на кој учествуваа националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски и директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците, Славица Тодорова, како и градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, и просветните работници од општината, беше истакнато дека Владата на Република Северна Македонија концептот „Едно општество за сите“ го определи како своја стратешка цел. Од формирањето во 2017-та година, Владата континуирано работи на создавање на одржливо граѓанско општество во кое е афирмирана и воспоставена меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики.Од тие причини, едно од централните места во Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам, имаат и јазичните права, како исклучително важни права за постигнување еднаквост и за реализација на едно општество за сите граѓани.За таа цел, постојано треба да се промовираат вредностите на јазичниот плуралитет и неговата кохезивна улога.Македонскиот јазик денес е признаен во целиот свет. Рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите Нации, а во државата се зборуваат и албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, влашкиот и ромскиот јазик.На централно ниво, со примена на Законот за употреба на јазиците се употребува македонскиот јазик и неговото писмо, и албанскиот јазик и неговото писмо, а на локално ниво се употребуваат повеќе јазици освен македонскиот јазик.Албанскиот јазик се употребува во 25 општини, турскиот јазик во 10 општини, српскиот јазик  во 3 општини, ромскиот јазик во 2 општини, босанскиот јазик во 2 општини и влашкиот јазик во една општина.Ова покажува отвореност на општеството на нашата држава на сите рамништа, особено земајќи во предвид дека во неколку од општините во кои се употребуваат повеќе јазици, тоа е направено со одлука на советот, а не поради законска одредба, што ја покажува желбата на институциите да бидат отворени и пристапни кон своите граѓани, беше истакнато на настанот во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.фото:Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во притвор дилери на дрога

Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци  во два одделни предмети против две лица,  43-годишен неготинец и 30-годишен жител на с. Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.При извршен претрес на дом и други простории, на 20 февруари, во домот на осомничениот неготинец биле пронајдени тринаесет најлонски пакувања  наротична дрога кокаин во вкупна количина од 16,19 грама и шест најлонски пакувања наркотична дрога хероин во количина од 36,58 грама, кои осомниениот ги држел неовластено заради продажба.Истиот ден во одделна акција при личен претрес кај жителот на Корешница биле пронајдени импровизирана-цилиндер епрувета со 5,82 грама амфeтамин и 42,1 грам наркотична дрога марихуана спакувана во пет најлонски пакувања.Јавните обвинители кои постапуваат во предметите  доставија предлози за определување на мерката притвор за осомничените, по кои судија на претходна постапка во Основниот суд Кавадарци со решенија определи притвор за секоe од лицата во траење од по 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – Точење алкохолни пијалоци на дете од член 204 од Кривичниот законик.Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, на 28 декември 2019 година околу 16.30 часот на оштетеното дете на возраст од 15 години, продала шест шишиња од по 2 литри вино, едно шише од 1 литар жесток пијалoк – текила и едно шише од 1 литар жесток пијалoк – вотка.Надлежниот обвинител му предложи на судот обвинетите да ги огласи за виновни и да им изрече кривична санкција како и казна – Забрана за вршење дејност.Постапката против обвинетите е поведена по допрен глас, откако за стореното кривично дело обвинителството дојде до сознанија, истражувајќи друг кривично-правен настан, во кој купениот алкохол го консумирале повеќе лица на возраст од 15 до 18 години. При што едно од лицата, на возраст од 18 години, во алкохолизирана состојба се самоповреди со нож.Основното јавно обвинителство Кавадарци во текот на изминатите неколку месеци, во соработка со ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, спроведуваше едукативни средби со претставници на правни друштва, меѓу нив и на угостителски објекти, кои што продаваат алкохолни пијалоци. При средбите јавен обвинител ги истакна негативностите од продавање алкохол на деца и одредбите од Кривичниот законик каде истото е предвидено како кривично дело, за што беа најавени зачестени контроли од надлежните институции. Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Криумчарите на мигранти по признавање на вина, осудени и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предметот во кој се обвинети две лица, по потекло од Република Гана, дека сториле кривично дело Криумчарење на мигранти, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одржано рочиште. По воведните зборови на надлежниот обвинител, обвинетите, германски државјанин и државјанка на Р. Италија, ја признаа вината.Судот, донесе пресуда со која на обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, воедно во текот на денешниот ден на обвинетите ќе им биде укината мерката притвор и ќе бидат протерани засекогаш од Р.С.Македонија. При одмерувањето на казната судот ги имаше предвид олеснителните околности дека обвинетите не се сторители на други кривични дела и против нив не се водат други постапки во други земји, дека двајцата се вработени во земјите чии што се државјани, како и тоа дека првообвинетиот е татко на малолетно дете, а второобвинетата е болна. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи со изречената пресуда.Имено, на почетокот на јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Р.Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Р. Австрија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Kosta

Георгиески: Како резултат на остварените средби и контакти во Израел, поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:Меѓународната конференција за иновации во општините, „Muni-World 2020“, која од 19-ти до 20-ти февруари се одржуваше во Тел Авив, Израел беше една исклучителна можност за размена на искуства и запознавање со нови креативни решенија за Smart City, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во повеќе светски метрополи.Темата на овој важен регионален собир беше „Глобално размислување за урбаната безбедност и иновативноста на општините“. На конференцијата учествуваа повеќе од 1000 општински претставници од 72 земји, 500 градоначалници и лидери на општините, 9000 учесници и повеќе од 200 најдобри високо-технолошки компании за урбана технологија.Во рамки на програмата на конференцијата, заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, остваривме важни состаноци со министри, пратеници, клучни фигури во локалното управување, претставници на израелската економија, претставници од јавниот и од приватниот сектор.Како резултат на остварените средби и контакти во Израел, поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид, при што ќе биде рагледана можноста за понатамошна соработка.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.546843292587945/546842759254665/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

vmro

(ВИДЕО) Антовски: Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување

Заев и Владата во заминување ја распродаваат државата, овој пат стигнаа и до новиот бонбона бизнис продажба на Тиквешко езеро. Бонбона бизнисот со продажба на Тиквешко езеро ќе донесе милиони на блиски луѓе на Заев чија влада е во заминување,истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.Никој во светот не продава таков стратешки имот.СДСМ ги користи последните денови на власт за да ги наполни џебовите на своите олигарси.Ова значи грабеж на граѓаните. Пред избори туркаат грабеж.Планот за ЈПП за ХЕЦ Чебрен е штетен за државата, бидејќи според истиот на АД ЕЛЕМ би му припаднале само 25% од акумулацијата. За сметка на приватниот инвеститор кој би бил мнозински сопственик.Со овој план на 50-тина дена пред изборите СДСМ сака да го даде целиот воден фонд на Црна Река на приватен стопанственик, а воедно и управувањето со хидроцентралата Тиквеш.Правното лице кое ќе ја добие концесијата од Владата ќе ја има една од најдолгите реки во државата и хидроцентралата Тиквеш на поклон.Ова е втор бонбона бизнис на СДСМ во енергетскиот сектор. И овој пат граѓаните остануваат повторно со празни раце.Вакво раскрчмување на водниот потенцијал на Македонија нема да дозволиме. Црна Река е огромно богатство за државата и истата треба да биде искористена на начин на кој ќе има најголем бенефит за граѓанитеУште еднаш апелираме власта да запре со раскрчмувањето на државните ресурси. Одговорност ќе има, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Foto-4-1

Претседателот Стево Пендаровски со цел поддршка на научната и креативната работа на младите од земјава, го воведува признанието „Успешни млади“

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски со цел поддршка на научната и креативната работа на младите од земјава, го воведува признанието „Успешни млади“.Целта на признанието „Успешни Млади“ е да ја поттикне научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од нашата земја, да се зголеми нивната мотивација за нови достигнувања и вреднување на нивниот труд.Признанието ќе го доделува претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Истакнувајќи дека нема надлежност во работата на комисијата, претседателот Пендаровски искажа верување дека признанијата ќе ги вреднуваат најдобрите.„Ова е проект којшто ги вреднува трудовите на талентираните луѓе, а оценката на пријавените трудови ќе ја прават извонредни професори, научници, доктори на наука“, истакна претседателот Пендаровски на отворањето на седницата.Признанието ќе се доделува врз основа на прецизно утврдени критериуми за резултати постигнати во текот на 2019 година на најдобри млади научници во општествени, хуманистички, природно – математички, технички науки и медицински науки, како и на млади со значајни достигнувања во уметничките и културните практики. Исто така признанија ќе се доделуваат и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.Комисијата за признанието „Успешни млади“, која вчера ја одржа својата конститутивна седница, е составена од академици, доктори, експерти во конкретни области, еминентни професори на универзитети во нашата земја, но и надвор од неа. Претседател на Комисијата е проф. д-р Анета Цекиќ, професорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.           Останатите членови на комисијата се:- проф. д-р Марија Чундева Блајер, УКИМ - ФЕИТ-  д-р Андреја Арсовски, општа болница „Ремедика“-  академик Љупчо Коцарев, МАНУ-  д-р Тамара Ќупева, СУГС Гимназија „ Орце Николов“ - Скопје-  проф. д-р Владимир Мартиновски, УКИМ, Филолошки факултет - Скопје - Анита Никова, извршен директор - МАСИТ-  д-р Владимир Чадиковски,  клиничка болница „Аџибадем - Систина“-  проф. д-р Бобан Мисоски, вонреден професор, УКИМ, Правен факултет – Скопје-  доц. д-р Ана Чупеска, УКИМ, Институт за политички науки – Скопје- проф. д-р Трајче Стафилов,  УКИМ, Природно – математички факултет-  проф. д-р Иван Додовски, Универзитет Американ Колеџ Скопје-  проф. д-р Ристо Солунчев, УКИМ, Филозофски факултет – Скопје-  проф. д-р Марија Стевановиќ,  УКИМ, Стоматолошки факултет – Скопје-  академик Таки Фити – МАНУ-  Афердита Хаџијаха Имери, експерт за социјална инклузија, Меѓународна фондација за избори и изборни системи-  проф. д-р Гзиме Старова,  УКИМ, Правен факултет – Скопје-  проф. д-р Петар Поповски, Универзитет „Албург“-  проф. д-р Илија Дуковски, Универзитет Бостон-  д-р Елена Ставревска, Лондонска школа за економија и политички науки-  д-р Јане Богоев, Светска Банка-  проф. д-р Живорад Томовски, УКИМ, Природно – математички факултетВо работата на Комисијата свој придонес ќе дадат и советничките на претседателот Искра Гешовска – од областа на културата, Фикрија Таир – за прашања поврзани со ромската заедница, Марија Башевска – за родови прашања и Беса Арифи – за правни прашања.Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019-та година ќе биде објавен набрзо. На истиот може да се пријават сите коишто заклучно до крајот на 2019 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија. Исклучок е шестата категорија - млад талент за којашто имаат право да се пријават само ученици од средните училишта. Со воведување на признанието за успешни млади со попреченост целта е да се подигне јавната свест за способностите на младите кои имаат развојни тешкотии и да се подобри нивната инклузија во образовниот процес и општеството.фото и видео: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања