Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

СДСМ: Мицкоски го чека Груевски од Будимпешта за нов заговор против Македонија-заборавил дека Груевски оди во затвор а тој на изборен пораз

Мицкоски потврди дека го чека својот шеф од Будимпешта за нов заговор против Македонија - заборавил дека Груевски оди во затвор, а тој оди на изборен пораз, велат од СДСМ.„За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет.Затоа Мицкоски денеска сакаше да поништи 660.000 граѓани кои гласаа на реферндумот. Не Мицкоски, овој народ не молчи, гласен е, силен, избра иднина, избра НАТО, ЕУ, напредок, развој.Бадијала се закануваш дека ќе ја назадуваш Македонија. Не Мицкоски, нема да успееш да ја извадиш Македонија од НАТО, тоа е историска и стратешка определба на граѓаните и не зависи од тебе, многу е поголема од тебе.Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Парламентот.Македонија во среда седнува во своето столче во НАТО, Мицкоски се плаши за своето расклатено опозициско столче“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

При контрола на угостителски објект уапсени десет танчерки

На 03.02.2019 година во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар.При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово.Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсени две лица кои превезувале 11 мигранти

На 02.02.2019 година во 22.30 часот во Куманово, на регионалниот пат Куманово –Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало.По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот М.Р.(26) од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.Исто така, од слобода бил лишен и Т.И.(40) од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р..Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Автомобил удрил во 74-годишна жена и избегал

На 02.02.2019 година во 15.50 часот на улица „Арсени Јовков“ во Скопје, непознато патничко возило, управувано од непознат возач удрило во пешакот Л.Ш.(74) од Скопје и го напуштил местото. Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

marihuana

При претрес на хостел во Гостивар пронајдена марихуана

На 02.02.2019 година во периодот од 10.00 до 12.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во хостел во село Никифорово, гостиварско, кој под концесија го стопанисувал В.Л.(29) од Скопје. Тој бил присутен, а  бил затекнат и неговиот брат И.Л.(32).При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки за марихуана и др. предмети. И.Л. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

medea-zemja

Македонскиот документарец „Медена земја“ - победник на „Санденс“!

Во конкуренција со 11 документарни филма од целиот свет, „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска освои три оскари на „Санденс“, за најдобра кинематографија, нагарада од специјалното жири и награда од главното жири.Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал.На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).Листата на победниците на „Санденс“ можете да ја видите овде.„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на ресурсите на Земјата.Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Lagadin

ДОМ: Хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје од УНЕСКО

ДОМ им укажува на сите институции и субјекти кои на каков и да е начин се инволвирани во урбанистичкото насилство во Лагадин, дека хотелот што се гради таму е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО!„Изградбата на тој објект е скандалозна од самиот почеток во 2016 година, кога почна да се гради спротивно на законските прописи, поради што беше причина за бројни протести на граѓаните. Имено, хотелот се наоѓа во заштитените 50 метри до брегот на езерото каде не е дозволена цврста градба. Изградбата на овој објект прави непристоен преседан во исполнувањето на препораките на УНЕСКО што се однесуваат на времен МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА во Охридскиот регион, заради заштита на природното и културното наследство на регионот.Исполнување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, со посебен акцент на препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион, се до донесување на потребните планови, е и еден од заклучоците на одржаната собраниска Надзорна расправа  во врска со управувањето со Охридскиот регион. Расправата ја организираше Комисијата за култура на иницијатива на неформалната група” Пратеници пријатели на УНЕСКО” чиј координатор е пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин“, велат од ДОМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Приведен Србин кој се бара од Интерпол

На 02.02.2019 година во 18.40 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето A.C.(32) од Лесковац, Република Србија, се бара од Интерпол.Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

03-Retki-bolesti-Alazil-Sindrom

Колку често се појавува Алажил синдромот?

Ги запознаваме ретките болести (03.02) - синдром АлажилАлажил синдромот се појавува на 1 од 100.000 луѓе без разлика дали се од женски или машки род. Повеќето деца се дијагностицираат на возраст помала од 6 месеци поради појава на симптомите карактеристични за Алажил синдромот.ДијагнозаБидејќи симптомите на Алажил синдром се разликуваат и бидејќи многу ретко се сретнува овој синдром, заболувањето тешко се дијагностицира. Лекарот треба да изврши темелен физички преглед за да се утврди моменталната клиничка состојба на пациентот. Ако постои сомнеж за Алажил синдром, треба да се направат следните тестови и специјалистички прегледи:– Испитувања на крвта за да се провери функцијата на црниот дроб (АСТ, АЛТ, ГГТ) и нутритивниот статус– Генетски истражувања за да се провери дали има мутација на JAG1 генот– Ултразвучен преглед на стомакот за да се провери дали има зголемување на црниот дроб– Биопсија на црниот дроб за да се провери бројот на намалените хепатални канали– Кардиолошки преглед за да се проверат деформации на срцето.– Офталомолошки преглед за да се провери задниот ембриотоксон.– Рентгенолошки преглед за да се провери за абнормалности на `рбетниот столб.– Испитувања на крвните садови– Ултразвучен преглед на бубрезите да се провери за абнормалности.За да се постави дијагнозана Алажил синдром, потребно е да се има позитивна биопсија на црниот дроб и присуството на три од следниве симптоми:– Симптоми нa нарушена функција на црниот дроб– Срцеви абнормалности и шумови– Скелетни абнормалности– Типични карактеристики на лицето за алажил синдромТретманСправувањето со ова заболување е сведено првенствено на спречување на компликациите и лекување на симптомите. На доенчињата со Алажил синдром им се дава посебна млечна формула богата со средно ланчани триглицериди (MCT) за да се зголеми апсорпцијата на масти. Целта е да се поттикне растот и развојот на овие деца. Ако оралните дози на овие витаминине се доволни, потребно е да се даваат витамински инјекции на одредени временски интервали. За да се подобри нутритивниот статус на детето може да биде потребно да се аплицира назогастрична сонда или гастростома преку која ќе се додадат дополнителни потребни калории во текот на денот. Растот на детето може значително да се забрза ако се подобри нутритивниот статус. Употребата на лекови, како што се фенобарбитон, холестирамини урсодезоксихолна киселина -ursodeoxycholicacid (Actigall, Ursobil, Ursofalk) може да бидат корисни во индивидуалниот третман на пациентите. Други лекови како што се Atarax и Benadryl може дададат привременo олеснување на симптомите.Антибиотска терапија може да биде потребна за борба со уринарните инфекции предизвикани од големиот број цисти во бубрезите.Хируршки третман кај децата со Алажил синдром:Трансплантација на црн дроб после настаната цироза. Хируршки третман на пиелоутерична стеноза (каналите кои излегуваат од бубрезите поради деформација и стеснување на истите). Децата со ова заболување имаат висок ризик од постоперативни компликации при оперативниот третман поради синтетизирањето на анестетиците низ црниот дроб.ПрогнозаИстражувањата покажуваат дека 75% од децата дијагностицирани со Алажил синдром просечно живеат до 20 годишна возраст, поради соодветни хепатопротективни и кардиопротективни терапии, оваа стапка на преживување се зголемува. Многу возрасни со Алажил синдром кој имаат правилен третман водат нормален и продуктивен живот. Смртните случаи кај луѓе со Алажил синдром најчесто се предизвикани од откажување на црниот дроб, срцеви проблеми и абнормалности на крвните садови.Совети за полесно справување со Алажил синдромМногу е важно пациентите да се контролираат редовно и да се прават испитувања во случај да настанат компликации. Треба да се води грижа за справување со кардиоваскуларните заболувања и со хроничните заболувања на црниот дроб. Доколку има компликации добро е пациентите да се консултираат со субспецијалист и специјалист. 

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Возило излета од патот Делчево - Берово, возачот пренесен во болница

На 02.02.2019 година во  17.30 чаот  на регионалниот пат Делчево-Берово, кај село Тработивиште, патничко возило „Фолксваген голф “со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(37) од село Црник, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот и  бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош.Извршен бил увид на местото.

Македонија | пред 7 години

pozari-1

Експлодира боца со гас во ресторан во Грција, три жени го загубија животот

Во кујна во таверна во Каламати, на југозападот на Грција експлодира боца со гас, при што животот го загубија три жени, соопшти грчката противпожарна служба.Две од нив биле вработени во угостителскиот објект, а третата била сопруга на сопственикот на ресторанот. Тие биле хоспитализирани, но набрзо им подлегнале на повредите.Ексползијата предизвикала пожар кој бил локализиран од страна на противпожарната единица.Ниту еден од гостите во таверната не е повреден. 

Свет | пред 7 години

Francusko-odmaraliste-Tignes-lavina-620x350

Лавина на југоистокот на Франција, еден скијач го загуби животот

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во лавина во Савој, на југоистокот на Франција.Лавината паднала во попладневните часови во текот на вчерашниот ден во областа кај скијачкиот центар Вал Кени на француските Алпи, на височина од 2.300 метри.Како што објавија француските медиуми, во лавината биле затрупани најмалку десетина скијачи, од кои двајца завршија со повреди, најмалку еден скијач го загуби животот, додека останатите според досегашните информации се непорведени.На почетокот на минатата недела, исто така во лавина двајца скијачи го загубија животот.  

Свет | пред 7 години

novak_djokovic

„Заработив доволно за да ја хранам цела Србија“ - Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници

Најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот испратена до британските медиуми."Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам целата Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто, затоа што ме поддржуваа цело време ", се вели во соопштението.Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот, ниту како ќе функционира, но локацијата, најверојатно, ќе биде во Србија.Инаку, Ѓоковиќ веќе има два ресторана, еден во Белград, а другиот во Монте Карло, и во неколку наврати изјави дека сака да се занимава со угостителството и да готви, пишува Noizz.Тенисер е во пауза која ќе трае до следната сезона, а во оваа фаза од својот живот се посвети на семејството и зајакнувањето на менталната моќ.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Воз излета од шини во Индија, шест лица го загубија животот

Единаесет вагони излетаа од шините во индиската провинција Бихар, пренесуваат локалните медиуми. Во несреќата животот го загубија 6 лица, а 24 се повредени.Железницата започна истрага околу тоа како дошло до несреќата. 

Свет | пред 7 години

silegov-petre-1-696x365

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост за било кој дел од Скопје, а особено за Бутел

Градот Скопје реагира на вчерашната прес конференција на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, на која беа изнесени празни и неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост за било кој дел од град Скопје, а особено за општина Бутел. Ако се земе предвид, нивното долгогодишно владеење во општината и градот, најпрвин треба да се потсетиме дека во тој долг временски период, ако истите навистина беа загрижени, а не лицмемерни кон граѓаните од тие населби, многу одамна ќе изработеа барем канализација на територијата во Бутел, со што улиците сега немаше да бидат прекопувани. Ако истите тие не започнаа да работат булевар којшто завршуваше во нива, денес до Радишани ќе имаше булевар и проблемите на граѓаните што ги направија, ќе беа минато.Но, проблемите во таа општина не се од вчера, ниту од пред една година, проблемите се појавија пред 10 години и никој до пред доаѓањето на градоначалникот Шилегев не се обиде ниту да ги реши, ниту пак да ги забележи. Кратката меморија на ВМРО ДПМНЕ не е кратка меморија и на граѓаните. Жителите на општина Бутел знаат дека дојде време кога тие се слушнати и кога нивните проблеми ќе бидат решени, па затоа и се трпеливи.За првпат и како никогаш до сега, градот Скопје вложува и гради инфраструкттура во тој дел од градот. Во насока на реакцијата, важно е да се напомене дека е започната изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Словенија“ и улицата „Македонска косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“, а во моментов паралелно се гради и втората фаза од новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел.Реткост е во Скопје и општина Бутел да се градат два нови булевари, два сосема нови сообраќајни коридори којшто со нивно завршување, тој дел од градот конечно ќе влезе во 21 век со нова и современа инфраструктура“, се вели во реакцијата од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

ohrid-vodici-2

Врнежите од дожд и топењето на снегот го зголемија нивото на Охридското Езеро - 13 сантиметри над нултата кота

Како што информираат од хидролошкото одделени при Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро деновиве е 13 сантиметри над нултата кота и се наоѓа на 693,30 метри надморска висина. Месечниот просек за февруари е 693,41 метри надморска висина.Хидролозите велат дека во следниот период се очекува дополнително зголемување на нивото на водата поради топењето на снегот и новите врнежи од дожд.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Бројот на загинати во Бразил се искачи на 121 лице, 226 се уште се водат како исчезнати

Бројот на загинати по пукањето на браната на југоистокот на Бразил се искачи на 121 лице, а 226 се уште се водат како исчезнати.Претставник од противпожарната служба изјави дека некои од телата веројатно никогаш нема да бидат пронајдени. Исто така тој истакна дека акцијата за спасување ќе трае подолго од еден месец.Од 26 јануари, односно ден по несреќата, спасувачите не пронајдоа ниту еден преживен. По пукањето на браната поплавено е подрачјето во близина на местото Вилија Фертеко што предизвика страв од ширење на токсичен отпад и можно загадување на животната средина.За сега не е познато што придизвикало пукање на браната. 

Свет | пред 7 години

sneg-830x0

(ВИДЕО) Се преврте трактор, а возачот во последен момент избегна катастрофа

На Фејсбук се појави видео во кое е прикажан трактор кој се движи низ шума и за него се закачени дрва.Во еден момент тракторот се излизга, излета од патот и се преврте. Возачот за среќа брзо реагираше и искочи од возилото.https://www.facebook.com/paskiotkup/videos/254827972081159/ 

Свет | пред 7 години

Kiril-Pop-Hristov-Kili-6-bg_resize

Кили до Груевски: Ќе се вратиш, но со наведната глава

Познатиот актер Кирил Поп Христов кој повеќе од три години живееше во Еквадор заедно со неговото семејство, откако претходно беше уапсен во Македонија, по интервјуто на Груевски, сеогласи на Фејсбук во врка со изјавата на екс премиерот дека еден ден ќе се врати во Македонија.Актерот Кирил Поп Христов напиша: И јас се вратив, али со дигната глава к*ре мазно мое, ти не ќе можеш секако да ја дигнеш, секогаш ќе си со наведната.

Македонија | пред 7 години

zemjodelci

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите од 1,5 милиони евра

Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, велат од СДСМ.„Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%

СДСМ наместо живот им донесе беда на македонските граѓани. Со криминалниот картел на власт во континуитет се зголемува сиромаштијата во Република Македонија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека  функционерите од власта секојдневно  се богатат со нови грантови и тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% . Тоа покажува дека власта на граѓаните им донесе поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат директно кај криминалниот картел на аболицираниот Заев.Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.Наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите. Растат даноците, растат државниот и јавниот долг , а расте и корупцијата. Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега.Понижувањата кои ги нанесоа  Заев и СДСМ резултираа со капитулантскиот договор со  Грција кој насилнички го изгласаа и спротивно на волјата на граѓаните го менуваат Уставот и уставното име на Република Македонија.СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Токму затоа аболицираниот Зоран Заев бега од предвремени парламентарни избори затоа што се плаши да се соочи со гневот на македонските граѓани.Граѓаните на Република Македонија повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Тие заслужуваат достоинство, повисок стандард и просперитетна иднина. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да се стави крај на црнилата и конечно граѓаните и Република Македонија да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

zaev-borisov-17

Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија на 4-ти февруари 2019 година.„Тие ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Церемонија на потпишување на „Програмата за соработка во областа на културата“ меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи во прес салата на Министерскиот совет“, велт од Владата на Република Македонија. 

Македонија | пред 7 години

mickoski1

Мицкоски за Димовски: Човек кој безпоштедно се троши за Македонија, човек со кичма и став

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил му даде поддршка на пратеникот Љупчо Димовски, за кого Собраниската комисија за деловнички мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на партеничкиот имунитет.„Човек кој безпоштедно се троши за Македонија! Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. Љубац до крај заедно, во добро и во лошо“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

25-1

ФОТО: Груевски во Унгарија без венчалната бурма

По објавувањето на интервјуто со екс премиерот Никола Груевски, се анализира секој детал на снимката. Од тоа како изгледа, како седи, што носи, како се однесува, кои гестикулации ги прави, како зборува... и ред други детали. Се отиде до таму што се забележа и еден детал. Тој повеќе не ја носи бурмата која додека беше во Македонија не ја вадеше од прст.Прашање кое се наметнува, дали додека беше премиер протоколот внимаваше до секоја ситница па екс премиерот носејќи бурма на некој начин покажуваше хармоничен брак ( и покрај тоа што бурмата во денешно време не е мерило за тоа) или пак можби Груевски кога бегал од Македонија не успеал да ја земе.Инаку прв пат по десетина години, Никола Груевски во првото интервју по неговото бегство, се појави без венчалната бурма. Експремиерот живее сам во Будимпешта, како што рече во интервјуто згрижен од пријатели. Дома во Скопје, се неговата сопруга Боркица и двете ќерки.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор

СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор која требаше да се одржи денес, поради отсуството а некои министри од државата.. На истата требаше да се расправа за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.Ваквото тактизирање, пак, се повеќе ја оддалечува идејата за двојни избори, од причина што, нема да има време за техничка влада на сто дена пред избори.Но, на крај се`ќе зависи од политичкиот договор меѓу партиите. СДСМ се уште ги крие и кандидатите, за кои финалната одлука треба да ја донесат делегатите на конгресот на трети март.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања