Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

zaev-cipras

Ципрас откри што му е најважно нему и на Заев

Со Договорот од Преспа придонесуваме за мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир меѓу двата народи, но и во поширокиот регион и тоа е најважната награда, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во однос на номинацијата за Нобеловата награда за мир за него и неговиот македонски колега.Говорејќи на настанот „Прогресивна алијанса за демократска и социјална Европа“ на која шефот на европратениците од СИРИЗА и потпретседател на ЕП, Димитрис Пападимулис, го презентираше сработеното во Европскиот парламелнт, Ципрас се потсети на посетата и средбата со Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015, чија беше и првичната иницијатива, јави дописничката на МИА од Атина.-Одговорив и му напишав на Зоран Заев една порака дека за нас, за мене, а верувам и за премиерот на Северна Македонија, дека најважната награда од сите награди е фактот дека преку овој договор придонесовме за воспоставување мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир во поширокиот регион, но и меѓу нашите народи и оваа награда не може да се спореди со никоја друга награда, рече грчкиот премиер.Алексис Ципрас говореше за прогресивните сили и прогресивните влади и истакна дека кога тие преземаат одговорност, тогаш докажуваат дека заедно можат да решат проблеми за подобра иднина на народите и регионот, особено за Балканот каде што главната перцепција „не беше компромисот и консензусот, туку националистичката омраза и конфликтите“.

Свет | пред 7 години

horoskop-kwiecien-screen

Хороскоп: Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес

ОВЕН:Сонцето и Меркур во Водолија ја нагласуваат потребата за промена и сега немате толеранција да чекате работите да се поправат сами од себе. Нема потреба да сте фиксирани на минатото, крајно време е да застанете. Обрнете внимание на својот посед и најдете начин како да го ставите во функција. Наследство.БИК:Месечината во Скорпија укажува на тимска работа: работејќи со луѓе и вашите проекти се продлабочуваат и добиваат на важност. Можна е средба со силно интуитивна личност, која би сакала да остане во заднина, а која има нешто многу важно да сподели со вас. Тајни и мистерии од минатото, не откриени сосема. Баланс!БЛИЗНАЦИ:Денес ќе извлечете голема поука: Венера и Јупитер од Стрелец инсистираат да ја покажете својата компетентност и да поработите на своите проекти повнимателно. Да, шанси за финансиски фидбек има, но ќе треба да бидете трпеливи за да го постигнете токму тоа. Почитувајте ја конвенцијата и покажете ги своите манири.РАК:Планетите во Водолија кажуваат дека ова е ден за осамени активности: добро разгледајте како напредуваат вашите инвестиции и разбудете се од кошмарот. Може да се случи некој да игра зад вашиот грб, а за што ќе треба да се советувате со некој сочувствителен и авторитетен господин. Најдете време за себе и љубените.ЛАВ:Бидете спремни, може да ве повикаат секој момент. Можеби не ви е сосема јасно како би постапиле, но не плашете се и не ја губете контролата фокусирајќи се предолго на составните делови на своите проекти. Имате соништа кои ве возбудуваат и не ви даваат да заспиете. Сепак ова е време да се препуштите и бидете водени.ДЕВИЦА:Планетите сведочат за некој вид на партнерство, кое бара да биде поставено на здрави основи. Прашајте се што ѝ е потребно на другата страна и видете дали ја имате потребната сила за тоа. Нема потреба да бидете крути и нетолерантни за туѓите сугестии, туку дајте ѝ слобода на секоја единка во вашиот круг - семеен или пријателски.ВАГА:Она што ве спречува да напредувате се вашите дилеми и несигурност. Инаку ова е убав период за просперитет. Штом ја надминете несигурноста, тркалото на среќата повторно ќе се заврти во ваша полза. Точно знаете како да се изборите со комплексноста на ситуацијата, затоа не плашете се, промената е навремена.СКОРПИЈА:Интуитивни и остроумни, денес ќе успеете да се изборите за своите сакани и блиски. Нема да дозволите да потклекнете под нечија тиранија и преголеми должности, направете подобар распоред и спасете се од колапс. Отфрлете го она што не му дава сјај на вашиот живот и не заглавувајте во исти шеми кои се повторуваат.СТРЕЛЕЦ:Иако од вас се бара да дејствувате, сепак ова е време за посматрање: има ли пилот во авионот? Планетите во Водолија ве повикуваат на објективност и рационалност, особено при справувањето со некоја деликатна тема или соочувањето со госпоѓа која што има вредни идеи. Како да дојдете до неа? Истражувајте!ЈАРЕЦ:Ова е поволен период во кој што може да напредувате, но внимавајте на можната анксиозност или конфузија. Треба добро да знаете каде да стапнете, а не само да прескокнувате чекори како да сте на минско поле. Сонцето во Водолија ве повикува на непристрасност и ослободување од нормите, затоа прифатете ги промените.ВОДОЛИЈА:Нема потреба да се ситничарите пријатели, та не сте тука на пазар! Иако ова е малку мачен период, сепак потпрете се на својата хумана и пријателска страна и ќе успеете да поставите здрави граници. Средба со возбудлива машка личност, која што има силен креативен гениј. Обидете се да не ја пропуштите оваа шанса. Заштита.РИБИ:Период за реставрирање на силата, но вие сте вредни како пчела и барате начини како да се одржите. Ова се екстремно важни времиња пријатели, и бараат лојалност и трпение. Бидете умерени и не прикажувајте ги сите свои идеи. Некогаш тврдината се освојува со војна, а некогаш со глад. Сменете тактика. Успех!Ирена ТанчеваАСТРОЛАБtancevai@yahoo.com

пред 7 години

makron

Макрон: Жалам за загинатите, но тие не се жртви на полицијата

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење за 11-те лица кои загинаа откако на 17 ноември во Франција почнаа протестите на „жолтите елеци“, но притоа истакна дека ниту еден од загинатите не бил „жртва на полицијата“.– Повеќето го загубија животот поради човечка глупост, но никој од нив не беше жртва на полицијата, изјави синоќа Макрон за време на посетата на Египет, одговарајќи на новинарско прашање за почитување на човековите права во Париз.Францускиот претседател истакна дека, од таа причина, сака да им оддаде признание на силите за безбедност поради нивниот професионализам.Макрон рече дека во Франција е дозволено слободно изразување и напомена дека демонстрациите на „жолтите елеци“ никогаш не биле забранети.

Свет | пред 7 години

ali-ahmeti

Ахмети рече и се премисли: „Ќе си одам кога ќе влеземе во НАТО“

Kога во 2014 година лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека ќе се повлече од политиката кога Македонија ќе стане дел од НАТО, веројатно ниту самиот не веруваше дека тоа ќе се случи за пет години. Во услови кога се вклопуваа последните коцки од проектот „Скопје 2014“ и со тоа се отстрануваа шансите за договор со Грција, на Ахмети, кој верно му служеше на Никола Груевски, полесно му беше да даде ветување за кое мислеше дека никогаш нема да дојде до тестирање. Ахмети засега не навестува дека планира да го одржи зборот кога влегувањето на Македонија во Алијансата е само прашање на техничка процедура.„Беспредметно е воопшто да се разговара на таа тема“, ни рече кусо Артан Груби, сегашен пратеник во Собранието и шеф на неговиот кабинетот со кого е врзан и кумовски.Фотелјата му е сигурнаИзвори од Демократската унија на Албанците велат дека воопшто не е разговарано за повлекување на Ахмети од челната позиција во партијата. Изминатиот период биле сконцентрирани на реализација на договорот за името, а сега биле фокусирани на реформите со цел добивање препорака за старт на преговорите со Европската Унија, поради што не поддржуваат спроведување предвремени парламентарни избори.„Фотелјата на претседателот е сигурна“, тврди нашиот соговорник.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Потпишувањето на протоколот за НАТО е прашање на денови

Македонија чека сите земји членки на НАТО да добијат зелено светло од домашните власти за потпишување на протоколот за членство. Откако Грција го ратификуваше Преспанскиот договор минатата недела, Македонија е во исчекување во наредните денови да се одржи амбасадорски состанок во седиштето на НАТО, на кој треба да се потпише протоколот за нејзиното членство. Прашањето е строго процедурално, уверуваат дипломатите во Брисел.Конкретно, протоколот треба прво да биде потпишан од сите 29 земји членки, се очекува ова да се случи на амбасадорско ниво во седиштето на НАТО, за време на состанок на Северноатлантскиот совет (познат во жаргонот како НАК) кој ќе биде свикан штом секој амбасадор добие авторизација од дома. Секоја земја членка, меѓутоа, познава различни домашни процедури.Во некои земји членки доволно е министерот за надворешни или владата  да дадат авторизација, како што е случај со Словенија. Јелко Кацин, словенечкиот амбасадор во НАТО веднаш по ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина изјави дека веќе добил дозвола од неговата влада да го потпише протоколот за Македонија.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

zagaden-vozduh

Опасноста од загадениот воздухот

Иако според податоците од 1970 година до денес емисијата на штетни гасови е намалена за 70%, ефектите кои ги има загадениот воздух не може да се занемарат. Според еден извештај загадувањето на воздухот било одговорно за смртта на 9 милиони луѓе само во 2015 година.Постојат 2 нешта кои најмногу ги загрижуваат експертите. Првото е озонот, оној кој се формира кога емисијата на гасови од гориво создава смог. Овој смог ги иритира белите дробови, ја намалува нивната ефикасност и може да предизвика астма, но и други проблеми во текот на животот.Второто нешто се воздушните честички, кои иако се помали од 2,5 микрометри, сепак носат загадувачи, вклучувајќи и полициклични ароматични јаглеводороди. Штетата која ја прават овие честички е многу поголема од проблеми со белите дробови и астма. Бидејќи честичките се многу мали, тие лесно минуваат низ филтрите и влегуваат во нашите носови и грла. Од таму завршуваат во нашата крв и се разнесени низ целото тело. Тие може да предизвикаат разни кардиоваскуларни проблеми, како и невродегенеративни болести. Се покажало дека бремените жени кои се изложени на овие честички имаат поголем ризик да родат дете со помал коефициент на интелигенција или пак, со нарушување на хиперактивноста и намалено внимание. Исто така загадувањето на воздухот се поврзало и со зголемена дебелина кај децата.

Македонија | пред 7 години

panel

Поедноставни постапки за јавни набавки со пониска вредност

Со 57 гласа „за“, без гласови против и воздржани, вчера Собранието го усвои новиот Закон за јавни набавки кој ќе стапи на сила од април. Според министерот зс финансии, Драган Тевдовски, новиот Закон е усогласен со законодавството на Европската унија и ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки.„Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената, само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Независно од тоа кој пристап се користи, при евалуација на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратни негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе“, рече Тевдовски.Тој на вчерашната собраниска седница истакна дека претходниот закон се базирал на Директивите за јавни набавки на Европската унија од 2004 година, а во меѓувреме биле донесени бројни измени и дополнувања, што го оддалечиле од европското законодавство. Од таа причина, како што рече министерот, била потребна темелна и сеопфатна промена, согласно актуелните европски практики.Тевдовски посочи и дека новиот закон содржи решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.Со новиот закон, рече Тевдовски, се воведуваат и низа мерки кои ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки. Со поголема застапеност на малите и средни претпријатија во јавните набавки, договорните органи ја прошируваат базата на потенцијални понудувачи и се зголемува конкуренцијата.Со новиот Закон за јавни набавки се поедноставуваат постапките за јавни набавки со пониска вредност, преку воведување на постапки за набавка, како набавка од мала вредност, електронски пазар за мали јавни набавки и поедноставена отворена постапка.Новиот закон за јавни набавки превидува и низа на антикорупциски правила и правила со кои ќе се спречи судирот на интереси при вршење на јавните набавки.

Македонија | пред 7 години

Mijalkov-Sasho

Мијалков денеска повторно во суд

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Македонија | пред 7 години

policija-ilustracija

За една вечер, во Скопје казнети 34 возачи

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 25 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 18 возачи за не носење сигурносен појас, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, еден возач за неправилно престројување, како и пет возачи за не поседување зимска опрема во возилата.Санкционирани биле и двајца  пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, а затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.

Скопје | пред 7 години

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

За Силјановска и Ѓорчев се најдобро, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали професорката Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев испратиле кандидатури до ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, одговори дека досега пристигнале две апликации, но тие се чуваат затворени до денот кога ќе измине рокот за пријавување.Сепак, за Силјановска и за Ѓорчев рече дека има само најдобри зборови.-Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ. Потекнува од младинската УМС,  па до сениорите. Претставува голема додадена вредност во партијата, борец неприкосновен, лојалист. Можам да кажам се најдобро за него. Можеби ќе излезе и трет, четврт кандидат до 31ви. Јас не знам дали овие две пристигнати апликации се од професорката и од Ѓорчев, но до 31ви ќе дознаеме, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски вели дека е подготвен да биде премиер

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се огласи и на Фејсбук со делови од интервјуто за МТВ синоќа.- Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред граѓаните и навистина да видиме каква е вредноста на овие политичари, напиша тој.Додаде дека е подготвен да биде премиер на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

rocista

Ново рочиште за предметот „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денес продолжува судењето за предметот на СЈО познат како „Титаник 2“ во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.Закажани се рочиѓта на 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбраната.

Македонија | пред 7 години

carovska-1

Царовска: Просечната пензија за една година порасна на 14.445 денари

Во своето вечерашно гостување на ТВ 24 министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одговараше на сите актуелни прашањи поврзани со реформите во пензискиот систем и денешната кривична пријава која МТСП ја поднесе во Основното јавно обвинителство. Царовска истакна дека пензиската реформа обезбедува стабилен пензиски систем и постојан раст на пензиите.„Со пензиската реформа обезбедуваме праведност во системот за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери. Со претходниот систем биле обесправени идните пензионери. Пример за тоа се овие 12.000 лица на кои не им биле префрлани средства во вториот столб, но и целосната поставеност на системот бил неправеден. Сега тоа го исправаме“, истакна Царовска.Таа посочи дека не е точно тврдењето дека пензиите нема да растат. Порсечната пензија, посочи Царовска, од декември 2017 до декември 2018 година е порасната од 13.954 на 14.445 денари.„Во изминатата година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за 2 милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница“ – рече Царовска. Таа истакна дека Владата покрај реформата во пензискиот систем воведува и социјлана пензија од која корист ќе имаат околу 6.000 граѓани кои во моментов немаат никакви примања.Запрашана за тоа кога и како ќе се обесштетуваат пензионерите чии средства не биле префрлани во вториот столб, Царовска рече  дека трансферот за обесштетување на пензионерите почнува утре а првата исплата ќе опфати 4.926 осигуреници.„Првата исплата на 4.926 осигуреници почнува утре, но и задолжителното префрлување согласно новата законска регулатива на 11.319 членови од вторите друштва кон првите веќе тече. Двата трансфера ќе завршат до крајот на месецов“, истакна Царовска.

Македонија | пред 7 години

vreme

Облачно со врнежи од дожд, од петок промена на времето

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Дневната температура ќе се движи од 2 до 10 степени.Во Скопје облачно време со температура од 0 до 5 степени.До четврток под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400м.н.в) од снег. Денес во текот на ноќта кон среда и во среда врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, локално ќе наврне над 30л/м2 дожд. Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Македонија | пред 7 години

BeFunky-collage-15-800x411

Жители на Шутка: Тие не се полицајци, носеа лопати и немаа таблици на колите

По објавата дека полицајци биле нападнати во Шутка, а потоа пренесени во болница, реагираат жителите на Шуто Оризари. Според нив, станува збор за киднапери, кои биле во возило без таблици и задни седишта, а со нив носеле и лопати. Дел од коментарите ви ги пренесуваме интегрално, со заштитен идентитет на лицата кои пишувале, познати на редакцијата на “Скопје 1”.

Скопје | пред 7 години

salt_20190128_224839_951

Мајката на момчето кое загина во пожарот позади „Рамстор“ бара помош, две години живее без вода и во барака пред распаѓање

25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во сервис за мопеди позади трговскиот центар „Рамстор“, зад себе остави мајка која е инвалид и која живее во трошна барака пред распаѓање. Нејзиниот живот го следат трагедии уште од рана возраст. Како дете била прегазена од војнички камион во Скопје, по што останала инвалид. На 28-декември го загуби својот син Мартин, по што останува да живее во барака во скопската населба Ченто, со својот друг син, но со ограничени примања, пишува Фокус.И покрај тоа што е неподвижна до сега не и е одобрена инвалидска пензија. Живее од социјалната помош за куќна нега и од платата на нејзиниот втор син Влатко, кој е пријавен на минималец.-Вкупните месечни примања од кои живеат не надминуваат 15.000 денари – велат пријатели на семејството.Најголемиот проблем сепак е тоа што немаат вода. Веќе две години не протекла ни капка вода од нивните чешми. Пријателите апелирале, пишувале писма до властите, се обратиле и до јавното претпријатие „Водовод и канализација“, но проблемот останал нерешен.-Тие луѓе немаат душа. Десетици пати сме побарале да ја закрпат цевката, но ништо не презедоа. Од „Водовод и канализација“ ни велат дека Општина Гази Баба треба да дозволи за да можат да копаат, и зошто проблемот не се решава, на нас не ни е јасно – вели Љубомир Стрезовски, пријател на фамилијата.Трагедијата за загинатиот Мартин го потресла семејството и неговите пријатели. Го паметат како енергично момче со жив дух. Велат дека бил експерт за мотоцикли.-За мотори беше професионалец. Можеше да склопи и да расклопи мотор – вели чичко Љубомир.Тој апелира до хуманите граѓани колку можат да донираат финансиски средства за да се реновира бараката во која живеат мајката на Мартин и неговиот брат.-Бараката е во хаос, може да издржи максум една до две години, кај и да е ќе падне. Се надевам дека ќе има граѓани кои ќе помогнат да се реновира. Целата е во гипс и е со поцрнети ѕидови поради старото ќумбе на кое се греат – посочува тој

Скопје | пред 7 години

BeFunky-collage-15-800x411

Претепани полицајци во Шуто Оризари, жителите мислеле дека тепаат киднапери

Двајца полицајци завршиле во болница откако биле нападнати од група граѓани во Шуто Оризари.Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа.„Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.До овој момент, како што соопшти полицијата, нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tepacka-crkva-111

(ВИДЕО) Нов скандал во црквата „Свети Димитрија“ во Мелбурн

По скандалот во Спрингвел, Мелбурн во црквата „Свети Димитрија“, за Водици, денеска овој храм повтонрно во центарот на вниманието. Верници физички се пресметувале.Народот бил навреден од тоа што пред неколку денови незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставила свои, со свои телохранители.Се јавило незадоволство и затоа што Миле Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеникот Јовица Симоновски.Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.Првично вниманието во привлекоја за Водици , кога верниците и свештеникот утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ и наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот. 

Свет | пред 7 години

protest-pazar

Законот за трговија на зелените пазари е одложен на една година

Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ пратениците одлучија да се одложи примената на законот за трговија на зелени пазари.Парламентарното мнозинство гласаше за одложување, а опозицијата побара целосно укинување на законското решение , но не го доби. Сега е предвидено на јавни дебати со сите засегнати страни да се направи нов предлог Закон. Ваквата разврска следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра.Пратеникот Ејуп Алими, кој беше еден од предалагачите на спорниот закон сега тврди дека со ова им се дава рок на пазарџиите и и владата да се усогласат.

Скопје | пред 7 години

dimitrievski

(ВИДЕО) Реакција на Градоначалникот Димитриевски во врска со одземањето на ингеренции за градинката од страна на министерот Царовска

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општината одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката ­­­„Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.Решението е неиздржано,тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче„. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение , да го повлече и далежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.Оваа го поткрепувам со фактот,, дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во општина Куманово кои што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор оваа ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, оваа решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам , но апелирам уште еднаш до мистерат да го преиспита, укине и јавно извини на општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци – истакна градоначалникот Димитриевски.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Охриѓани нападнале полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(27) од село Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”,  ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие” и  ,,загрозување на сигурноста” и против Ѓ.В.(34) од село Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”.oНа 30.12.2018 година во 03.30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид пријавените физички нападнале полициски службеник.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Кривична пријава против три лица поради лажен договор за купопродажба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р.(29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба”.На 27.05.2016 година првопријавениот, изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Рено Меган” помеѓу И.С., како продавач и Д.А. како купувач, по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството  за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот  на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило.По ова, второпријавенииот,  ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.

Македонија | пред 7 години

kicevo-gostivar

(ВИДЕО) Десетици повредени лица по сообраќајката кај Стража, откако се судрија три возила

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на магистралниот пат Гостивар- Кичево, кај превојот Стража.Сообраќајна несреќа кај каменоломите пред Гостивар. Во несреќата учествувале автомобил и комбе. Километарски колони од двете страни, затоа што сообраќајот е во целосен прекеин повеќе од 1 час.Според првичните полициски информации, сообраќајката се случила во 14:10 часот, на излезот од Гостивар, во близина на Камеломонот.Во сообраќајката учествувале еден автомобил „голф“, еден „пасат“ и едно патничко комбе.Во моментов полицијата од ПС Гостивар врши увид, а сообраќајот е во прекин, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

DSC_8266-1-1

СДСМ: Законот за социјална заштита е повлечен од МТСП поради техничкo усогласување

ВМРО-ДПМНЕ 11 години целосно ги игнорираше потребите на лицата со хендикеп, потребите на ранливите категории граѓани, а преку неодговорните политики свесно го уништувале системот за социјална заштита, велат од СДСМ.„Денес лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за системот за социјална заштита и лаже дека издејствувале негово повлекување. Вистината е дека Законот за социјална заштита е повлечен од Министерството за труд и социјална политика поради техничкo усогласување.Решенијата во Законот ги унапредуваат правата, им го олеснува животот на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани и тој е усогласен со нивните потреби.Во рамки на доработката на текстот прифатени се сите барања кои беа доставени од граѓанските здруженија и лицата со попреченост. Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцира независноста на лицата со попреченост, нивното право на одлука и еднаков третман.Со новиот Закон се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост  се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Шапка и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Снег врне на Попова шапка.Намалена видливост поради магла до 100 м има на Попова Шапка и 30 до 50 м на планинскиот превој Стража.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања