Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

ujp_smetki

Од идната година, УЈП ќе гледа колку пари имате на сметка и кој ви ги префрлил

Од УЈП велат дека се подготвени за имплементација на новите законски решенија. Пристапот до приливите на сметките на граѓаните им е потребен за подготовка на Годишната даночна пријава, која од наредната година ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или корегираат.„Носителите на платен промет се должни да доставуваат до Управата за јавни приходи податоци за приливи на средства на сметки на физички лица, а на писмено барање согласно и постоечкиот Закон за управата за јавни приходи, носителите на платен промет се должни во секое време да достават податоци согласно барањето. Управата за јавни приходи податоците ги користи исклучиво за даночни цели.- велат од УЈП.Од Министерството за финансии велат дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени. Тврдат дека и законот за банки и законот за УЈП се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Македонија | пред 7 години

prokopis-pavlopulos-35wp9qpc5beosfb5amqfpc

Грчкиот претседател смета дека Македонија своеволно го толкува договорот од Преспа

Грција сака да воспостави добрососедски односи со Македонија, но нема да прифати своеволно толкување на договорот за името, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.„Ако договорот дојде до ратификација, ние нема да прифатиме своеволни, па дури и иредентистички толкувања на преспанскиот договор“, рече Павлопулос пред грчките претставници кои работат во европските институции, говорејќи во Брисел.Шефот на државата посочи дека Грција ги поздравува изгледите за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ, сѐ до решавање на спорот за името.„Само кога целиот процес ќе биде завршен и утврдиме дека уставната ревизија содржи гаранции, тогаш може да има покана за прием во НАТО, како и започнување на преговорите за пристапување кон Европската Унија“, додаде грчкиот претседател.

Македонија | пред 7 години

trajkovski-gruevski

Дали другарот на Груевски, Александар Трајковски водел дупла архива во Царина?

Дали во Царината се водела дупла архива? Дали документи што доаѓале на адреса на Царинската управа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ? Дали архиварот го почитувал кодексот на работење? Овие прашања се поставуваат во и надвор од Царинската управа, откако институцијата соопшти дека ќе испита имало ли злоупотреба во отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски. Трајковски во Царинската управа работи како архивар.„Архиварот ги отвора сите документи без ознака за тајност. Но од каде да знаеме дека не копирал и доверливи документи за партиски потреби. Во архива стигнува документација за јавни набавки, за стоки за двојна употреба, документи со цени, такви каде што има податоци за контроли и за истраги... сè до фактури за службени трошоци“, неофицијално укажуваат извори од Царинската управа.Официјално, Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.Повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%

Finance Think го публикуваше Макроекономскиот монитор за третиот квартал. Според нивните истражувања во третиот квартал од 2018, БДП порасна за 3% на годишна основа. Иако овој раст е сеуште под потенцијалот на економијата, тој укажува на блага стабилизација на економската активност по продолжениот период на политичка неизвеност. И понатаму, двигател на економијата остануваат извозната активност и финалната потрошувачка. Особено, растот на потрошувачката на домаќинствата останува детерминиран од растот на платите – во дел одреден и од зголемувањето на минималната плата, потоа од растот на кредитите на населението и на дознаките. Сепак, падот на бруто инвестициите и понатаму ја одразува значителната воздржаност на инвеститорите, како и застојот сврзан со реализацијата на државните капитални инвестиции. На производната страна, растот е на поширокопојасна основа споредено со претходно.Стапката на невработеност забележа понатамошно намалување до 20.8%. Темпото на намалување на невработеноста е слично како во претходниот период. Падот на невработеноста главно се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики: вработувањата во странските фабрики (пораст на вработеноста во преработувачката индустрија) и активните мерки за вработување.Согласно ваквите движења и очекуваните движења и политики во 2019, Finance Think проектира стапка на раст на БДП за 2019 на 3.3%. Основните претпоставки на оваа проекција вклучуваат стабилизација и намалување на политичките неизвесности, продолжување на приливот на странски инвестиции, забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции на државата, како и отсуство на позначајни нарушувања во надворешната побарувачка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Новиот градоначалник на Охрид ќе се бира на избори, дотогаш член од Советот ќе ја врши должноста

Ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски покренува процедура што ќе мора да биде спроведена за непречено функционирање на локалната власт.Согласно законските одредби, во случај на смрт на актуелниот градоначалник, Советот на општината формално треба да да го констатира престанокот на мандатот, а член на Советот кој ќе го заменува градоначалникот во рок од 15 дена од денот на настапувањето на причината за престанок на мандатот е должен за тоа да го извести ресорното Министерство за локална самоуправа.Министерството во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето ја известува Владата која во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето констатира дека настапил прекин на мандатот и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за градоначалник, согласно законот.Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот за периодот до изборот на нов градоначалник, на начин на кој се избира претседателот на Советот. На членот на Советот му мирува функцијата советник за време на вршењето на должноста градоначалник.

Македонија | пред 7 години

dui

Лајм: Итен состанок на раководството на ДУИ во Мала Речица во два часот по полноќ!

Синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето во Мала Речица, информираат извори на порталот на албански јазик Лајм.Според нив, причината за овој итен состанок е скандалот откриен со изградбата на албанскиот театар, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.На средбата не беа поканети сите членови на претседателството, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката. За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите на Лајм.

Македонија | пред 7 години

mile

(ВИДЕО) Бошњаковски: Владата не се меша во судството, целта на амнестијата е помирување

Владата не се меша во судството, туку поддржува акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале или извршиле насилство на 27 април, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата.-Во Република Македонија се случуваат историски процеси кои имаат една и единствена цел – интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Ова се процеси што ја движат Македонија напред. Пратениците од власта и дел од опозицијата ја прифатија иницијативата дадена од претседателот на владата, Зоран Заев, и во Собранието се формираше Интерпарламентарно тело за интеграција, реформи и помирување. Како што кажавме и повеќе пати, Владата поддржува акти со кои ќе се дефинираат помирувањата. Акти со кои јасно ќе се разграничи насилството, физичкото насилство и осмислувањето на насилството за 27 април наспроти присуството во Собранието како дел од толпа, односно тие што го осмислиле црното сценарио, тие што извршиле насилства и тие што треба да се исправат допрва пред лицето на правдата. Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема, ниту ќе има по која било основа. Целта на овој Закон е да се донесе помирување помеѓу највисокиот орган во државата, односно во Собранието на РМ, рече портпаролот Бошњаковски на новинарско прашање во врска со коментарите за мешање на Владата во правосудството.Во однос на изборот на нов градоначалник во Охрид посочи дека откако формлано правно ќе се констатира состојбата од страна на Министерството за локална самоуправа до Владата, од страна на Владата треба да се информира Собранието кое во координација со ДИК треба да го отпочнат процесот за нови избори. Рокот за тоа е шест месеци.

Скопје | пред 7 години

zaev-zbogar

Средба Заев - Жбогар

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.На средбата е изразена поддршка за успешно заокружување на гласањето за уставните амандмани и реализација на Договорот од Преспа, како и за успешна реализација на реформскиот процес.Констатирана е како важна конструктивноста од сите страни и политички субјекти за потребните реформи и за преспанскиот договор.2019 година е посочена како клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Скопје | пред 7 години

kukja-krazba

Неверојатно - Крадци во Хрватска украле цела куќа

Необична пријава за кражба примиле полициските службеници во Копривница. Сопственик на имотот во Петеранeц, во близина на Копривница, пријавил дека му исчезнала неговата куќа.Преубава монтажна куќа, која била во фаза на изградба, но речиси завршена, пишува порталот Подравски.Крадците, според наводите на сопственикот, за неколку дена го одделиле и го однеле целиот покрив со плочата, како и делови од дрвените ѕидови, а штетата се проценува на околу 1.400 евра.

Свет | пред 7 години

krazba-kradenje

Кривична против скопјанка оти крадела во Влае

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишен скопјанка поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.Според информациите од МВР, на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје, пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон.По преземени мерки и активности констатирано е дека таа е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е приведена.

Македонија | пред 7 години

zamir-mehmeti

Амнестија во мое име - не!

Не е само што амнестијата ќе ги спаси од затвор, туку на големо им ја отвара вратата за утре сите тие да тврдат дека биле невини и дека врз нив се вршел политички прогон.Дечки вие вчера ги амнестиравте, ама тие утре мамата ќе ни ја расплакат и вам, а богами и на сите нас што се боревме против нив. Затоа јасно и гласно кажувам : НЕ ВО МОЕ ИМЕ!Замир Мехмети – фејсбук статус

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Амди Бајрам откри зошто не гласал за Законот за амнестија

Пратеникот, Амди Бајрам, вели дека не бил присутен на вчерашната собраниска седница на која беше изгласан Закон за амнестија за дел од обвинетите од „27 април“. Бајрам е регистриран во списокот како пратеник кој не гласал, а не како пратеник кој не е присутен, па сепак тој вели дека во тоа време бил на Клиника каде примал инфузија.-Не бев во Собранието после паузата. Морав да одам во болница да примам инфузија, поради оперативниот зафат кој го имав на ногата. Секој ден одам да примам инфузија по три саати. Инаку го поддржувам законот, поддржувам амнестија и ќе гласав да бев таму – вели Бајрам за „Фокус“.Заедно со Бајрам уште 16 други пратеници не гласале за амнестијата, додека осуммина воопшто не биле присутни вчера во Собранието. Законот беше донесен со 95 гласа „за“ и ниту еден против.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

УХМР со најава за нови врнежи од дожд и снег

Под влијание на серија на влажни бранови до вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.Како што додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи од снег се очекуваат во недела и вторник кога ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

gdu

Им честитаме на пратениците за „братското“ носење на Законот за амнестија, станавме чудо од земја

Граѓанско демократската унија (ГДУ) преку соопштение „им честита“ на пратениците и од власта и од опозицијата кои „братски“ експресно го донесоа Законот за амнестија за настаните од 27 април.„Оваа прилика ја користиме и да му го честитаме именденот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој овие денови нашироко објаснува дека е дел од влада која на прво место го има ‘владеењето на правото‘ и верува дека ‘ќе направиме чудо‘. Господине Димитров, не мора да се трудите повеќе, ние одамна сме чудо од земја“, пишува во партиското соопштение.Од ГДУ потсетуваат и на дел од препораките на Рајнхард Прибе – „очигледна, директна вмешаност на високи владини и партиски функционери во нелегални активности, вклучително и изборни измами, корупција, злоупотреба на власта и овластувањата, конфликт на интереси, уцени, изнудување (притисок врз вработени во јавниот сектор да гласаат за одредена партија со закана за нивното отпуштање), тешки прекршувања на процедурите за јавни набавки со цел добивање недозволен профит, непотизам и протекции, индикации за несфатливо политичко мешање во номинацијата/назначувањето на судии, како и мешањето во други наводни независни институции заради лична или партиска корист“.„Но, затоа Владата откако исто братски го стокми Законот за финансирање на политичките партии, го зготви и Законот за пазарите, па сега инспекторите (имавме прилика да видиме како се однесуваат неодамна) ќе ги лиценцираат. Во оваа земја чудо, 11.000 денари пензија се многу пари и се разбира дека секој дополнителен приход е најстрого забранет. Од следната година и наставниците ќе бидат лиценцирани, тоа ќе го спроведат ‘партиските јуришници‘ вработени во Министерството за образование.Но, проклето тешко е да се донесат законите за поврат на ДДВ, да се промени методологијата за формирање на цената на горивата, за задолжителниот надомест кој им го наплаќате на луѓето кои се ‘греат‘ како Итар Пејо на казанот“, се додава во соопштението.Оттаму им се обраќаат на пратениците кои ги нарекуваат „членови на партиско-деловен картел кој се претставува како Законодавен дом“, и им честитаат, како што стои, на храброста со која покажале дека криминалот на „вашите” секогаш ќе биде амнестиран, дека јавниот интерес за нив завршува со хонорари, вработувања на членовите на нивните семејства, тендери и унапредување на деловните односи меѓу нив.„Сивата економија за вас се пазарџиите, додека заменикот министер за финансии не знае ниту кој закон е на дневен ред, но ‘подготвено‘ се појави на говорница да брани некој закон, некаков закон?! Да, тоа е таа посветеност за која постојано зборувате.Веруваме дека никаква мултилатерална обланда нема да биде доволна зад која и овојпат онака ‘братски‘ ќе се скриете како и досега, затоа што сѐ додека сте вие тука, отсуството на поранешниот премиер Груевски, не се забележува“, соопшти ГДУ.

Македонија | пред 7 години

makraduli

На Макрадули му недостасуваат пари за да го реши проблемот со загадениот воздух

Проблемот со аерозагадувањето никако да се надмине и претставува сериозен проблем за граѓаните на Скопје, но и останатите поголеми градови.Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули смета дека два милиони евра не се доволни за решавање на овој проблем.„Два милиони евра не се доволни. Но, затоа е ставено да биде стратешка програма на Владата. Реални да бидеме, има уште 24 милиони евра во рамки на буџетот, со коишто активности се придонесува. Би бил среќен овој план да беше донесен пред десетина години. Ова не е еколошка акција, туку треба да е заедничка акција“, рече Макрадули во вчерашното гостување на „24 Отворено“ на ТВ 24.

Македонија | пред 7 години

zeleznicka-nesreka-696x383-1

34 годишниот Али Бектеши е полицаецот кој утринава беше прегазен од воз во Маџари

Само 34 години имал Али Бектеши, полицискиот службеник, кој почина на лице место утринава откако автомобилот во кој се наоѓал беше прегазен од товарен воз. Тој бил вработен во полициската станица во Гази Баба, а возилото „Фолксваген венто“ кое беше удрено од возот било во сопственост на МВР.Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 05,50 часот на патниот премин преку железничка пруга „Маџари“.Товарниот воз кој удрил во службеното возило, сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Се преврте возило кај Прилеп, возачот е тешко повреден

На 19.12.2018 година во 00,05 часот на патниот правец Битола - Прилеп, пред клучка „Могила“ М.Н.(21) од Прилеп  управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и тоа се превртело.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Буџетот за 2019 обезбедува економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Буџетот за 2019 година е во последната собраниска фаза и во интерес на граѓаните, државата и економијата за очекување е поддршка од сите пратеници во Собранието.Буџетот за 2019 е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните.Во 2019 година се очекува забрзан раст на Бруто домашниот производ од 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции.Во 2019 година трендот на раст на платите ќе продолжи. Во Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијта, градинките, центрите за социјални грижи, судството, културата, додека повисоки плати за 10 отсто ќе добиваат лакрите специјалисти.Се реформира и системот за социјална заштита. Со воведување на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права корисниците на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Се создаваат можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток.Се обезбедуваат повеќе пари за инфраструктурни проекти, повеќе пари за мерки за вработување и зголемена поддршка за земјоделците.Дополнително, низ контруктивната дебат во Собранието, прифатени беа и 9 амандмани поденсени од опозицијата во вредност од 500.000 евра.Со Буџетот за 2019 година се остваруваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за економски раст и развој, нови инвестции и повеќе пари кај граѓаните, стои во соопштението испратено од СДСМ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија по петти пат со амнестија спасува политичари и криминалци од затвор

Лавина реакции во македонската јавност предизвика вчерашното едногласно усвојување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април за кој 95 пратеници од власта и опозицијата гласаа „за“.Главното прашање е дали политичарите со користењето на амнестијата како механизам го подриваат правниот систем во Македонија во зависност од моменталните политички интереси. Искуствата покажуваат дека во нашата земја често се посегнува по амнестијата, објави новинската агенција МЕТА.Од 1991 година до вчера шест пати се усвојувани слични закони што значи дека за 27 години во просек на секои 4,5 години има амнестија.Првиот закон за амнестија бил донесен во 1991 година, кога биле амнестирани затвореници и лица осудени со правосилни пресуди, но кои не отпочнале со издржување на затворските казни.Втората амнестија е донесена во 1999 година, а се однесува на сторителите на кривични дела со кои била предизвикана верска, национална и расна омраза. Овој закон беше дел од политичкиот договор меѓу тогашните коалициски партнери во владата, ВМРО ДПМНЕ и ДПА, со кој биле ослободени градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Ајладин Демири и Руфи Османи, како и учесниците во обидот за отворање на Универзитетот со наставана на албански јазик во Мала Речица.Третиот закон за амнестија е усвоен во 2002 година, како дел од Охридскиот рамковен договор. Со него се ослободени од гонење и од затвор учесниците во конфликтот од 2001 година.Во 2003 година е донесен четвртиот закон за амнестија, кој е ревидиран во 2004 година и ги опфатил граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска и самоволно се оддалечиле од вооружените сили.Собранието на 15 јануари, годинава по петти пат изгласа закон за амнестија со кој им се намалува затворската казна на осудениците. Со овој закон беа ослободени од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна. Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.Повеќе тука.

пред 7 години

struja

Без струја дел од Сарај

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 19.12.2018 година, без напојување со електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот ќе останат корисниците од дел од с.Рашче (опш.Сарај – Скопје)

Скопје | пред 7 години

pratenici-amnestija

Целиот текст на Законот за амнестија со кој пратениците ќе бидат на слобода

ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈАЧлен 1Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор ( во натамошниот текст: “амнестија”) лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.Со амнестија од став (1) на овој член се:ослободуваат од кривично гонење според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со собраниските настани од 27 април 2017 година,запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лица осомничени и обвинети, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело до денот на влегување во сила на овој закон,ослободуваат од извршување на казна условна осуда и се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата кои сториле кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија, а во врска со настаните од Собранието на Република Македонија од  27 април 2017 година, а кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со извршување на казната условна осуда или издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.Одредбите од став (2) алинеи 1, 2 и 3 од овој член не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до  денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност”од член 324 став 1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од член 313 од Кривичниот законик, кривичното дело „Убиство” од  член 123 од Кривичниот законик, кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик( “Службен весник на Република Македонија” број 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/ 15 и 97/17).Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик , како и сторители на кривичното дело „Здружување заради непријателска дејност” од член  324 од Кривичниот законик во врска со членовите  18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик.Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 2Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице.Барањето од став (1) на овој член се поднесува во рок од 5 (пет) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од 5 (пет) дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени, а кои не отпочнале со издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител , по барање на осуденото лице , или лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени и се на издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува казнено- поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет (5) дена од денот на приемот на барањето. Член 3Против решенијата од член 2 од овој закон жалба можат да поднесат лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три (3) дена.По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува напосредно повисокиот суд, во рок од три (3) дена. Член 4Доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.Член 5Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “ Службен весник на Република Македонија” ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ– ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈАОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТСо членот 1 се определуваат лицата кои се ослободуваат од кривично гонење, за кои се запираат поведените кривични постапки, ослободуваат од извршување на условна осуда, и ослободуваат од издржување на казна затвор за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, во ставот (3) се определуваат лицата за кои одредбите од ст.2 алинеа 1,2 и 3 од овој член не се однесуваат , како што се лицата осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лицата кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27.04.2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до  денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила , лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по чл. 386 од Кривичниот законик, а со ставот (5) се определува бришење на осудата и укинување на правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон.Со членот 2 се предвидува постапката за примена на овој закон од страна на судот, обвинителството и казнено-поправните установи.Членот 3 предвидува поднесување на жалба по решенијата од членот 2.Со членот 4 се предвидува дека доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.Членот 5 го уредува влегувањето во сила на законот. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИРешенијата содржани во одредбите се меѓусебно поврзани  и чинат една правна целина. III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈАПредлогот на законот ќе обезбеди амнестија за лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. 

Македонија | пред 7 години

48373063_10216499431174052_2062553787867856896_n

По амнестијата за 27 Април, правдата стана мисловна именка

И додека "Нема правда, нема мир" одекнуваше по скопските улици поради аболицијата на Хорхе, силно се чувствуваше таа желба за правда на ова парче земја.Правдата е мисловна именка, нешто имагинарно на овие простори. Правдата е предмет на стокова размена, тргувана како да се работи за услуга, а не за вредност околу која треба сите да сме обединети.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216499431134051&set=a.2199654506645&type=3&theaterДенес не гледам повици за протест пред Собрание, како што беше тогаш пред СЈО. Денес не гледам повици дека државата и нејзината иднина се загрозени поради законот за амнестија?! Удобно во фотељите дечки а?! Комфорно, топло, башка фаќате и гага, екстра ви е. Ама до кога? Ќе си останете сами со вашите фотељи, дилови и вечба борба да зграпчите некое евро кое е останато како "вишок", од некоја набавка.И така, фино лепо денес Собрание си изгласа Закон за амнестија каде кажува кој ќе биде амнестиран по дефиниција, но и остава простор секој да си се пријави и да добие мислење дали му следува на него или не. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Замислете, Собрание (законодавна власт) си зима за право во тек на судска постапка да донесе закон со кој на ЈО (јавно обвинителство) му дава за право да одлучува кој во која категорија припаѓа?! Режија, се слушаме?! Обвинителството, кое поднесува/изведува докази пред надлежен Суд кој по нив одлучува, сега ќе одлучува кој за што е одговорен.Дечки, а зошто како Собрание фино лепо не си искуцавте една пресуда? Онака, да ја личи. Мислам дека тој дел од мозаикот недостасува за државава да биде своја на своето.И да, сликава вреди 1.000 збора...Митко Теохаров - Фејсбук статус

Коментари | пред 7 години

ivanov

Иванов денес треба да стави потпис на Законот за амнестија

Законот за амнестија е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Истиот беше изгласан со 95 гласа „за“, а немаше воздржани или пратеници кои гласале против.За да стапи во сила, Законот за амнестија треба да биде потпишан, а потоа објавен во Службен весник.Според нашите информации, Собранието по седницата го испратиле законот кај Иванов.Законот ќе амнестира дел од лицата инволвирани во настаните од 27 април.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Али Ахмети, Амди Бајрам, Антонио Милшоски и уште тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестијата

Вкупно 17 пратеници не го искористија своето право на глас на вчерашната собраниска седница на која со 95 гласа и ниту еден против беше изгласан Законот за амнестија, со кој ќе се спасат од одговорност голем дел од обвинетите за упадот во Собранието, пишува ФОКУС.Меѓу овие 17 пратеници четворица се од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Од таму се уште нема објаснување зошто на вчерашната седница дел од нивните пратеници не гласаа согласно партискиот став.Меѓу вмровските пратеници кои не гласаа се Антонио Милошоски, Лилјана Затуроска, Дафина Стојаноска и Благица Ласовска.Одбил да гласа и пратеникот од ЛДП, Горан Милевски, кој го најави тоа при неговиот реизбор за лидер на партијата.Меѓу оние што не гласаа се Амди Бајрам и Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.Од ДУИ освен претседателот Али Ахмети, за амнестијата не гласаше ниту пратеникот Џеват Адеми.Не гласаа ниту пратениците на БЕСА, Африм Гаши, Теута Биљали, Фадил Зендели, Реџеп Мемеди, Неџбедин Карамани.А своето право на глас не го искористи ниту пратеничката на ДПА Мерал Ферати Узеири.

Македонија | пред 7 години

uranija

Пировска: Власта дели правда ги премина границите, да си направиме масовно харакири

"Ќе си лежите!" Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда, пишува Уранија Пировска како коментар за изгласаниот Закон за амнестија.https://www.facebook.com/ninapirovska/posts/10213196718658614Таа вели ќе ги води сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните.„Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ. Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода. И така, борбата продолжува“ пишува Уранија Пировска.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања