Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

avion

(ВИДЕО) Авион принудно слета во поле - откако птици влетале во моторите се запалиле

Авион Ербас А320 со над 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски, рече портпаролот на рускиот министер за вонредни ситуации. „Моторот се запалил при полетување."Моторот се запалил при полетувањето. По итното слетување, авионот бил отстранет од пистата", соопштило руското министерство за вонредни ситуации.Според досега достапните информации, пожарот на моторот на авионот довел до принудно слетување. Пожарот настанал кога птица влетала во еден млазните мотори на авионот.Компанијата "Ural Airlines" соопштила дека авионот полетал од Москва за Симферопољ, кога птици влетале во моторот, како и дека во инцидентот ниеден од патниците не бил повреден.Директорот на „Урал Ерлајнс“, Сергеј Скуратов наведе дека слетувањето било адекватно, а авионот не бил зафатен од оган, а патниците се евакуирани.На лице место се испратени 20 екипи на итната помош, а ангажирани се и два хеликоптера. 

Свет | пред 6 години

15082019_PVRSM-Zaev_minister-Ademi_sredba_dijaspora_5

Премиерот Заев и министерот Адеми на средба со дијаспората

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, синоќа се сретнаа со повеќе претставници на нашата дијаспора, кои живеат во Италија, Швајцарија, Германија, Белгија, Луксембург, Турција и Соединетите Американски Држави.Поздравувајќи ги иселениците, премиерот Заев ги истакна политиките на Владата кои покрај економскиот напредок се насочени кон остварување на клучните стратешки цели, членството на земјата во НАТО и Европската Унија. Создаваме безбедна, сигурна и економски просперитетна држава, која има пријателски односи со сите соседи и поволни услови за инвестиции, додаде премиерот Заев.,,Минатата, 2018 година ја завршивме како година во која Северна Македонија, според „Извештајот за инвестициите во светот за 2019 година“ од Конференцијата на ОН за трговија и развој е прогласена за земја со најголем раст на директни странски инвестиции со остварени 737 милиони долари, односно 624 милиони евра, странски инвестиции”, рече премиерот Заев.Тој додаде дека напорите и политиките на Владата се да се подобрува поволната економска клима во државата и условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори и најави дополнителни позитивни одлуки, за поддршка на инвестициите од нашите сограѓани, кои живеат или привремено престојуваат во странство.,,Првата порака е инвестирајте. Очекуваме да расте просперитетот на државата, продолжуваме со реформите во сите области, особено во правосудството и ја зајакнуваме бескомпромисната борба со корупцијата”, истакна премиерот Заев, потенцирајќи дека во насока на зајакнувањето на врските со дијаспората е и донесениот Закон за поддршка на инвестициите, каде е предвидено дополнителни 10 проценти од финансиската поддршка за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Северна Македонија, кои имаат постојан или привремен престој надвор од земјата.На средбата со конкретни примери на успешни инвестиции во Општината Македонска Каменица, за кои информираа самите повратници од странство, беа поздравени политиките на Владата кон дијаспората, кои овозможуваат поволни услови за инвестирање во родната земја.Претставниците од дијаспората се интересираа за подетални информации за одделни услови и можности за инвестирање, како и за административни прашања и олеснувања, поврзани со поддршката од Фондот за иновации и развој. Тие разговараа и за прашања поврзани со конзуларните и дипломатските претставништва во земјите каде работат, за надминување на непотребни административни бариери, како и за прашања поврзани со  државјанството.,,Во изминатите две години, Владата воспостави мост меѓу државните институции и дијаспората, кој всушност е комуникација, споделување и решавање на проблемите во рамки на системот”, подвлече министерот Адеми, посебно истакнувајќи го и донесувањето на Националната Стратегија за соработка со дијаспората, како прв стратешки документ за ова прашање, од осамостојувањето на државата.Средбата со претставниците на дијаспората од нашата земја и претставниците на Владата од минатата година веќе станува традиција. Покажан е голем интерес од припадниците на дијаспората за прашања кои ги поврзуваат со нивната татковина, а истовремено изразена е волја за зацврстување на таа соработка во иднина.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: „Правосудниот систем е заробен од аболицираниот Заев и неговата крими група“

Со Република Македонија владее криминален и тоталитарен режим кој го гони секој што не се согласува со деспотот Зоран Заев. Правосудниот систем е заробен од аболицираниот Заев и неговата крими група и единствено  служи за пресметка со неговите политички неистомисленици, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дека Македонија е земја во која се спроведува политички прогон потврди и Шведска која одби да екстрадира еден од обвинетите за  27-ми април со образложение дека случајот е политички монтиран  и не се води по фер, законски основана постапка.Уште една потврда дека Заев го контролира судството стигна и од висок функционер на владејачкото мнозинство. Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, изјави дека лично Зоран Заев вршел притисоци и влијание за смена на судии.Во ситуација кога Европа од нас бара независно судство на виделина излегува дека Заев се меша во правосудниот систем и под своја контрола ги држи судиите и обвинителите во Република Македонија.Токму затоа и истрагата за случајот „Рекет“ не е проширена и се одолговлекува за да се добие на  време и да се уништат докази што го поврзуваат Заев.Не постои граѓанин на Република Македонија кој верува дека Заев не е главата на овој криминален октопод кој рекетирал  бизнисмени низ државата. Целата јавност ги слушна снимките од италијанскиот медиум Ла верита и се увери како се уништува правдата во Македонија. Сите слушнаа како Катица Јанева својата позиција ја користи за изнуда на милионски суми, заедно со Боки Тредичи протежиран од Зоран Заев.Цела Европа ја коментира криминалната реалност, која се случува во Република Македонија  која  е во конструкција на криминалецот Зоран Заев. Сериозно загрозена е европската перспектива на државата само заради криминалитетот и коруптивниот карактер на Заев и картелот околу него.Одговорност за сето ова мора да има. На Македонија потребна и е обнова. Затоа неопходно е Зоран Заев и СДСМ веднаш да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

ferus

Ферус Мустафов: „Повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“

Ферус Мустафов, мајсторот на дувачките инструменти вели дека музичката сцена е во криза и открива дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно, објави galama.club.„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, додава Ферус.Текстот во целост на: galama.club.

Магазин | пред 6 години

gradinka-2

СДСМ: Зборот важи, се градат и опремуваат 43 детски градинки

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политика, инвестираат во проширување на капацитетите на детските градинки и унапредување на квалитетот на предучилишното образование.  Во периодов, се градат и опремуваат осум нови градинки а се подготвува изградбата на уште 35 објекти, , се вели во соопштението од СДСМ.Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата. Освен во изградба на нови објекти, се инвестира и во зајакнување на кадарот во градинките.  Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование и подобри услови за работа и престој во градинките, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Премиерот нема личен демократски капацитет и човечка доблест да ја повлече својата скандалозна изјава

Го прочитав „објаснувањето“ на премиерот Зоран Заев за својата шокантна изјава, во која обвини „група криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ за уривање на власта. За жал, ова „објаснување“ и неговото лицемерно „жалење“ дека бил „погрешно разбран“ покажуваат дека премиерот нема личен демократски капацитет и човечка доблест да ја повлече својата скандалозна изјава, напиша на „Плусинфо“новинарот Бранко Героски.Што ни објаснува Заев?„Зборувам за карактери на луѓе и нивно однесување“ – вели тој во интервју за МИА и додава:„И како што од дно на душата ги почитувам и промовирам суштинските вредности на новинарската професија, а тоа се целосната слобода на говор, изразување и критика, така имам полно право да дадам и карактеристика дали некој суетно или со други намери креира впечаток во јавноста“.Некој мора да му каже на премиерот дека нема такво право какво што си присвоил. Заев нема право да води дебата за карактерите на луѓето. Не како премиер. Па дури ни како сопруг, брат и татко – за своите најблиски. Да „дава карактеристики“ за карактерните особини на други луѓе (вклучувајќи ја и „карактерната особина“ што тој ја препознава под поимот „педер“), може само човек без карактер, човек кој од душа има само дно.„Во исто време“ – вели Заев – „моја обврска како премиер е да ги информирам граѓаните за сите појави во општеството и нивната позадина. Ова во никој случај не значи никаква закана, ниту застрашување, влијание или притисок врз било кого во неговата работа, без оглед какви се намерите. Ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, навистина жалам и затоа го давам ова појаснување, но останувам на моите определби за кои претходно зборував, како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш сум се борел“.Kолумната во целост прочитајте ја тука. 

Македонија | пред 6 години

sv-stefan

Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 август. Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан. За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим.Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Притвор за осомничениот за убиството во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена....

Македонија | пред 6 години

1942279_boki_ls

ВИДЕО: Боки 13 заработува, додека Заев зборува

За она што треба да го сработам, или наплаќам многу или работам за џабе, бидејќи не сакам да се пазарам и некој да ми ја потценува вредноста. Ова во интервју за ток-шоуто „Еден на Еден“ пред две години го изјави Бојан Јовановски – Боки 13. Во интервјуто за Жарко Димитриоски тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“.https://www.facebook.com/landovk/videos/2258371140939970/„Ако некој нема да ме плати, му кажувам немој да ми ја потценуваш вредноста, или плати ме како што треба или ќе ти работам за џабе. Најмногу сум наплатил од оние што ми се смееле и ми викале „Види го, педер“. Генерално сме сеирџиски народ и ако не знаеш да му пласираш шоу на народот“, поарно седи си дома, вели Боки 13.Премиерот Зоран Заев вчера коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата.„Секако, нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа Влада од власт. Ќе се бориме до крај, а секој ќе си сноси одговорност“, рече премиерот Заев.

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

УХМР со предупредување: Има услови за невреме со град и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи објави предупредување за невреме денеска попладне.-Попладне и кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во северните делови. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер, се вели во предупредувањето.

Македонија | пред 6 години

1-12

Србија и се налути на Македонија откако судот го ослободи Морина

Официјален Белград реагираше на одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Република Србија и му се укинува мерката притвор.Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Северна Македонија со одлуката дека нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Србија ја поткопала суштината на меѓународното право.– Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе, изјави Стефановиќ.Според Стефановиќ меѓународната потерница за Морина останува на сила и со оглед на фактот дека воените злосторства не застаруваат, очекува Морина кога тогаш да одговара за своите дела.Српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ денеска порача дека со одлуката на Врховниот суд на Северна Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина се покажало дека политиката е над правдата.

Македонија | пред 6 години

67896430_1965953430173274_5552264631977771008_n

ФОТО: Катица Јанева одмара дома, не сака да коментира за „Рекет“

Катица Јанева се врати од Грција каде што беше на одмор и почна со редовните работни активности во Специјалното Јавно Обвинителство. Иако никој не можеше да потрврди каде е со сигурност, Вечер.мк ја лоцираше во нејзината куќа во Скопје.На нашите прашања дали ќе ни даде изјава и да ја прокоментира актуелната состојба, таа одговори - Не.

Македонија | пред 6 години

morina

Морина вратен во Косово, Македонија не го екстрадираше во Србија

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово.Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце.Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.Морина поседува и британска патна исправа, која му е задржана од Основниот кривичен суд во Скопје со мерките за претпазливост.Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд.Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Катица Јанева сеуште не е поканета кај Русковска

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа две специјални обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, oбјави порталот „Сведок“.Засега од таа институција не откриваат дали и кога ќе биде повикана шефицата во оставка Катица Јанева.Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прашањето дали и кога ќе биде повикана, одговори дека однапред не објавуваат поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.

Македонија | пред 6 години

zarko-lukovski

Жарко Луковски не успеал да го „купи“ СЈО за да се затвори истрагата против него

Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, сепак, не успеал да си „купи“ затворање на истрагата во предметот „Базни станици“ на СЈО, како што Боки 13 го уверува Орце Камчев во еден од аудио-материјалите објавени од „Ла Верита“. Од СЈО велат дека истрагата под ова кодно име, иницирана во октомври 2018 година, се уште е отворена. Активности нема поради начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО е неовластен тужител во сите предмети за кои не е покренато обвинение до 30 јуни 2017 г.Во „Базни станици“ Жарко Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. Според СЈО, тој во 2011 г. ја злоупотребил службената положба и овластување како главен извршен директор на Т-мобиле, барајќи финансиска понуда од Бетон АД Скопје за легализирање на дивите базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувала соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа за околу 3.000 евра по објект. Од друга страна, Бетон АД Скопје претходно никогаш немала давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното искуство. Сепак, набрзо Бетон ја известил Т-мобиле дека бараната услуга може да ја изврши за тројно повисока цена од онаа за која работата можела да ја заврши стручниот тим на Т-мобиле Македонија.Ова објаснување е содржано во соопштението на Специјалното јавно обвинителство издадено на 10 октомври минатата година. Предметен обвинител во „Базни станици“ е Лиле Стефанова, која деновиве е актуелна со случајот „Империја“.Повеќе на 360 степени.

Македонија | пред 6 години

m-cat

И Македонија доби апликација за запознавање - MChat

МЧет е мобилна апликација што вклучува локација на корисниците, на кои им излегува колку сте оддалечени со вклучен Location кога се допишувате. Се разбира, точната локација на корисниците никогаш не се открива поради приватноста на личните податоци.Корисниците на МЧет имаат можност да прегледуваат профили на други корисници на апликацијата, да ставаат лајк односно дислајк, а доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање и можност за контактирање со испраќање на пораки кои што се интегрирани во мобилната апликација.Дополнително корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели, да коментираат на истите, а можат и да прегледуваат актуелни новости од забавен карактер.Користењето на МЧет е бесплатно, со опција за пристап до привилигирани функции за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се преземе преку: Google Play (Android) и App Store (iOS)

Магазин | пред 6 години

ajkula

(ФОТО) Редок вид ајкула уловена во водите на Јонско Море кај Валона

Во областа Радиме, кај Валона, во рибарските мрежи денеска e уловена ајкула долга 1,5 метaр. Рибарите по уловот вчудоневидени. Велат овој вид ајкула е многу редок во водите на Јонско Море.Тие сметаат дека нејзината појава во близина на Валонскиот залив е поради климатските промени.Во мрежите на албанските рибари во последните две години уловени се над десеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежната на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти, бидејќи важи за вистински специјалитет.

Свет | пред 6 години

hvar

Мистеријата на бродот кај Хвар добива поголеми размери, денеска итно пренесени во болница и полицаец вештак

Вчера утрото 57-годишниот италијански менаџер Евгенио Винчи беше пронајден мртов на брод кај Хвар. Според италијанските медиуми, на Винчи му се слошило и паднал и ја удрил главата од ѕидот. Покрај починатиот Италијанец, на бродот беа пронајдени и четворица во тешка состојба. Но мистериозен инцидент се случи и денеска.Полицаец од увидот и еден вештак се итно пренесени во болница откако им се слошило додека вршеле увид под палубата на бродот.Како што пренесуваат хрватските медиуми, пациентите коишто се од вчера во болница во Сплит, а од кои две се деца и натаму се во критична состојба.  Неизвесно е дали ќе преживеат затоа што органите им откажуваат. Првичните податоци од анализите покажуваат зголемено количество на јаглероден монооксид во нивната крв. Бродот „Атланција“ вчера вплови во пристаништето на Хвар.

Свет | пред 6 години

struga

По Охрид и Струга воведе мораториум за градби

Струшките советници на денешната седница го донесоа Aкцискиот план за преземање активности со кои ќе се исполнат условите за зачувување на статусот на заштитено природно и културно наследство од УНЕСКО на регионот околу Охридското Езеро.Дел од советниците се скептици тие велат дека планот има само декларативна природа и дека воопшто нема да се спроведе. Спротивни се ставовите на општината и советниците за бројот на дивоградби во општината. Општина Струга тврди дека мал е бројот на дивоградби, а советниците пак велат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.Советниците дадоа зелено светло и за рушење на дивоградбите и за отстранување на депонијата, но и за контрола врз појасот со трски.Струшкото крајбрежје е една од многуте забелешки на УНЕСКО поготово изминатата пролет кога секој ден гореа цели појаси за трска за која екологистите и јавноста обвинуваше дека намерно се пали за да градат нелегално хотели.

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Украдено ,,Ауди’’, кое сопственикот го оставил незаклучено и со вклучен мотор

На 13.08.2019 во 14.45 часот во СВР Скопје, Ј.В.(47) од Скопје пријавил дека на бул.,,Метрополит Теодосиј Гологанов’’ му било одземено возило ,,Ауди’’, кое го оставил незаклучено и со вклучен мотор. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Нападнати, жена, маж , деца – три пријави во Скопје

На 13.08.2019 во 21,15 часот во СВР Скопје П.С.(58) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 20,00 часот во трговскиот центар во Скопје била физички нападната од С.Г. Се работи на расчистување на случајот. На 13.08.2019 во 15,30 часот во СВР Скопје М.С.(22) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот во угостителски објект во Старата чаршија бил физички нападнат од Б.Г.  Се работи на расчистување на случајот. На 13.08.2019 во 18.50 часот во СВР Скопје М.М.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18,45 часот на улицата “Мариовска“ нејзиниот сосед М.Ѓ.(37) физички ги нападнал нејзините деца. Против М.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

retrovizor

Возач на ЈСП скршил ретровизор од автомобил – сопственикот го натепал

На 13.08.2019 во 09.10 часот во СВР Скопје, В.С.(56) од с.Сопиште,скопско,вработен како возач на автобус во ЈСП, пријавил дека на 11.08.2019  година околу 18,10 часот, додека се движел со автобус на ЈСП на релацијата Центар - с.Долна Матка, во с.Глумово скршил ретровизор од паркирано патничко моторно возило ,,Голф’’. Потоа В.С. продолжил кон с.Долна Матка и на враќање од с.Долна Матка кон Центар, кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот Б.С(37) од с. Глумово,скопско. В.С., според пријавеното, застанал за да му каже дека тој го скршил ретровизорот, но Б.С. физички го нападнал. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

Пијан кумановец ја претепал невенчаната сопруга

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.К.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.08.2019 година околу 21,00 часот во Куманово на улицата „436“, во куќата на пријавениот, истиот под дејство на алкохол, физички ја нападнал С.М.(40) од село Пчиња, со која живеел во вонбрачна заедница, при што и нанел тешка телесна повреда.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Украл автомобил и удрил во столб – се обидел да избега, но полицијата го пронајде

На 13.08.2019 во 04,00 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ во правец на с.Царев Двор патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој противправно го одзел од сопственикот, удрило во столб. По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден. Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Виничанец се повредил на работно место, пренесен во болница

На 12.08.2019 во 21,40 часот во ПС Виница е пријавено дека во Медицински центар Кочани со повреди во пределот на десната потколеница е донесен П. С. (54) од с.Истибања, Виница кои, според пријавеното, ги здобил за време на работа во фабрика во Виница. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања