Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Скопјани каснати од кучиња скитници

На 13.08.2019 во 09,00 часот во Полициската станица Гази Баба М.Ѓ.(71) од Скопје пријавил дека на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 13.08.2019 во 14,00 часот во Полициската станица Гази Баба В.П.(64) од Скопје, пријавил дека на улицата “Лазар Поп  Трајков“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај малолетници од Тетово пронајдена и одземена марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години двајцата од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“  и против А.З.(19) од Тетово.На 30.04.2019 година околу 01,30 часот во Тетово на улицата “ЈНА“, од полициски службеници, при преглед над малолетнците била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од третопријавениот. 

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кај кичевцанец пронајден и одземен хероин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.З.(47) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На  13.04.2019 година во 18,25 часот во Кичево на улицата „Реџо Рушит“, од полициски службеници, при преглед над пријавениот, бил пронајден и одземен хероин.

Македонија | пред 6 години

elena

Останале без дом, а ФЗО им пратил допис за лекување во странство на домашна адреса

Наше семејство кое престојува во САД се соочува со извршител за неплатена фактура за лекување на нивната ќерка во тамошна болница, бидејќи Фондот за здравство не ја платил. Од Фондот објаснуваат дека фактурата не е платена зошто нема целосна документација, додека пак од семејството велат дека не добиле известување дека треба да достават дополнителни документи, објави slobodenpecat.mk.– Во однос на неплатена фактура за лекување во САД на осигуреното лице Е.Д. на 29.05.2018 испратен е допис до родителот во кое се информира детално дека сите барања за лекување во странство во висина од 238.500 долари се уплатени од страна на Фондот до странските болници согласно донесените решенија за лекување во странство. По секое болничко лекување во странство како и контролен преглед во странство осигуреното лице има обврска да поднесе писмен извештај со отпусно писмо, фактура и возни карти за извршениот превоз. За конкретната фактура во висина од 5.263,81 долари, осигуреното лице не ја поднело потребната документација, поради што Фондот нема законска можност да ги уплати средствата на сметка на странската клиника без претходно спроведена постапка, за што осигуреното лице е известено со допис од 29.05.2018 година – објаснуваат од ФЗО.Ова семејството неколку години престојува во САД поради лекување на нивната ќерка, а непријатно се изненадило кога добило опомена од извршител, бидејќи Фондот за здравство не ги подмирил сите трошоци за лекувањето. ФЗО платил две операции, но останала непокриена една фактура од 5.263 долари.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk

Македонија | пред 6 години

Dimce-PRESS-1408-2

Арсовски: Зоран Заев е во очајна состојба - по изгледот и заканите наликуваше на шеф на мафијашка банда

Вчерашната изјава на Зоран Заев точно ја отсликува психичката состојба во која тој се наоѓа и воопшто не е наивна. Зоран Заев е очаен и нервозен, и тоа можеше да се види многу јасно. Зоран го губи тлото под нозете и веќе не е во состојба да одлучува за иднината на граѓаните и нашата држава Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев во очајна состојба, каде што по изгледот и заканите наликуваше на шеф на мафијашка банда, а не на премиер на држава, вчера се закани дека по ниедна цена нема намера да ја пушти власта и да си замине.Зоран Заев, вчера се закани и кон медиумите и кон сите останати оние кои што имаат намера да ги изнесуваат на виделина сите негови криминалии и криминалиите на неговото раководство, за кои што подоцна ќе треба истите тие да сносат одговорност за се она што го правеле изминатиов период.Самиот Заев кој е вмешан во целата оваа криминално - рекетарска мрежа, потврди дека нема намера да дозволи да го симнат од власт оние со кои што шурувал и соработувал изминатиот период и без да бира средства, ќе се обиде да го заташка целиот случај за милионскиот рекет. Што нормално не смее да се случи.Да сакаше Заев да се реши случајот немаше да ги штити неговите блиски од раководството кои се директно вмешани во целиот случај.Додека Заев се заканува кон граѓаните, Катица Јанева сеуште не е повикана на распит во обвинителството и е на слобода наместо во притвор.Нервозата и очајот кај Заев покажуваат дека и тој самиот е вознемирен за целиот случај кој е обелоденет и кој го покажа неговото право лице по 100-ти пат и е свесен дека после ова нема назад. После вчерашната изјава само уште еднаш се потврди дека позади притворените во случајот „Рекет“ стојат челните лица на СДСМ и Владата, односно стои позади нив Зоран Заев.Ја осудуваме неговата изјава и му порачуваме да прекине да се заканува кон новинарите и медиумите, да прекине да врши притисок врз граѓаните да бидат слепи на неговиот криминал и да си даде оставка што побрзо, затоа што неговиот кредибилитет во моментов е помалку и од нулата. Никој повеќе не го сфаќа сериозно.Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните иако против негова волја како што кажа нема намера да ја пушти власта, ќе го тргнат Заев. И ќе го пратат Зоран Заев и СДСМ во историјата.Почитувани,Следува веднаш после предвремените парламентарни избори обнова на Македонија и тоа следува многу брзо, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Без срам, Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски

Се повеќе докази испливуваат од мрачното подземје каде функционира оваа власт, оваа државна мафија! По Леонардо, Порошенко, Рекет, испливуваат и докази и сведочења за местење и директни наредби во судството! Испливува спрегата на Државната мафија со Рускоска/Јанева обвинителствата и Кацарска судството!Без срам, Зоран Заев признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за правните работи во ДУИ, на истиот Беџети кој што директно го обвини дека Заев вршел притисок врз него да влијае на одлуките на Судскиот совет за смена на претседател на Суд и тоа да биде завршено до септември, според зборовите на Беџети, се вели во соопштението Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Без срам, Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски. Според датата која што ја наведе Беџети, тогаш беше суспендиран Владимир Панчевски, а беше одложена расправата за разрешување на претседателот на Врховниот суд  Јово Вангеловски.Па, Заев, ако признаваш дека си зборувал со Беџети за Вангеловски, ајде признај и за што си зборувал со Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола? За што разговараше со Китанов за експресниот пат Штип - Радовиш? За што разговараше со Филипче за тендерот за стерилизација во Италија? За што разговараше со Ден Дончев и Киче за оние 11 милиони евра од „Диамед“?Заев, директно да одговориш, дали си нарачал Јово Вангеловски да биде разрешен до септември?Почитувани,Ова е јасен доказ за нарачани судски одлуки, местење на судски процеси, местење и нарачки на членови и распоредување на судии, ова е јасен доказ за целосна зависност, потчинетост, окупација на правниот систем во Република Македонија!Ова е доказ за киднапираното судство, за судство кое работи по нарачка, за судство кое заедно со киднапираното Русковска - Јанева обвинителства се спроведуваат политички монтирани процеси против неистомисленици. Ова е доказ дека и вчера Заев повторно упати јасни сериозни закани кон новинари. Ова е доказ за политички режим и диктатура!Почитувани,Заев го згази правниот систем, Заев го уништи телото за реформи според барањата на Прибе и ја киднапираше судската независност. Заев, аболицираниот криминалец, е човекот кој сам себе се ослободи за „Поткуп“, едно Евро за Вицето, едно за црквата. Тој е човекот кој што го згази достоинството на парламентот, секојдневно го рекетира бизнисот, сега го киднапира буџетот додека граѓаните тонат во сиромаштија, а државата ја прикова на дното.Тој е човек кој што сам обвинува, сам суди и пресудува, и сам егзекутира!Зоран Заев ниту е чесен, ниту е достоинствен за функцијата. Зоран Заев е срам за државата и тој срам се повеќе меѓународно се шири. Зоране Заев, ништо помалку од оставка повеќе не е валидно од тебе. Оставка веднаш и Собранието на Република Македонија да распише предвремени избори, се вели во соопштението Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

DSC05488

За колекторскиот систем во Потпелистерието до сега издвоени над 320.000 евра од општинскиот буџет

Изведбата на колекторскиот систем за собирање на отпадните води од Потпелистерието годинава се реализира со значително зголемена динамика на изведба. Екипите на КЈП „Нискоградба“ веќе работат на потегот кај црквата „Св. Богородица“ во селото Трново, со што се заокружува една целина на поврзување на каналската мрежа со изведбите кои започнаа минатата година од месноста Црвени Петли.„Битолчани знаат дека Пелистер е нашиот бисер, најголемиот потенцијал за туристички развој. Минатата година Општина Битола во канализациониот систем во овој регион вложи 6.100.000 денари, а оваа година ги продолживме активностите во висина од 14.500.000 денари, односно над 320.000 евра. Овој колекторски систем треба да обезбеди да немаме проблеми со фекалиите во овој регион, да овозможиме заштита на животната средина, меѓутоа и инфраструктурни удобности кои што ќе значат сериозен развој на туризмот. Дополнително, во завршна фаза е склучувањето на договорот за изведба на пречистителната станица која што треба да се наоѓа во долниот дел на опфатот, кај месноста Црвени Петли“, рече градоначалничката Наташа Петровска, која на терен, заедно со претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски, дел од советниците и директорот на „Нискоградба“ извршија увид го градежните работи.Во иднина е предвидено да се затвори целиот канализационен систем до хотелот „Молика“. На овој начин нема да се загадуваат водите на Пелистер и ќе се овозможат услови за современ  туризам. Ова значи и дополнително влијание на економскиот развој на општината, како и препознатливост Пелистер како туристички центар, атрактивен за туристи од целиот свет.[caption id="attachment_60187" align="alignnone" width="1240"] „Ова е проект кој што на Битола и беше потребен години наназад. Битолчани го заслужуваат ова, битолчани ја заслужуваат Баба Планина и се радувам што веќе втора година го користат бесплатниот влез во планината што најпрво ним им припаѓа“, посочи Петровска.[/caption]Колекторскиот систем во Потпелистерието е во должина од околу 5,5 километри и дополнително ќе има испуст за пречистените води во должина од 600 метри. Вредноста на целиот проект е околу 60.000.000 денари.„Со завршување на оваа фаза и на испустот ќе остане уште делот на поврзувањето со системот од Детското одморалиште, а со овој  колексторски систем ќе биде опфатено цело потпелистерие, вклучително и хотелот „Молика“ и сите објекти кои гравитираат околу хотелот“, истакна директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Сиљановски.Покрај  средствата кои што се издвоени за колекторскиот систем, Општина Битола изврши нарачка за јавна набавка на обезбедување проектант на патната инфраструктура на потегот Црвени Петли-трафостаница во село Трново, со што целосно ќе се реконструира оваа делница од патниот правец по поставувањето на канализациониот систем.

Македонија | пред 6 години

katna-garaza

Кривична за поранешен градоначалник на Кавадарци – граделе катна гаража без дозвола

На 14.08.2019 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци,  Ѓ.Ч.(58)   управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ.(63) управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“ според чл.353 од кривичниот закон и „бесправно градење“ според чл.244 од кривичниот закон.Првопријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг/катна гаража  на ул,, 1 Мај,, во Кавадарци на земјиште сопственост на Република Северна Македонија иако знаел дека за  таквата градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за модуларен објект, катна гаража, со што направил вкупна материјална штета на буџетот на општина Кавадарци во вкупна вредност од 29.773 961 денари.Второпријавениот кривичните  дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како одговорно лице во „Масон инженеринг“ дооел  Скопје и  во својство на изведувач, изведувал градба на земјиште соственост на Република Северна Македонија  иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен органТретопријавениот, кривичното дело го сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што, ја злоупотребил својата службена положба и овлстување и  како одговорно лице во својство на стручен  технички надзор на изградба на градежни работи, вршел надзор над градба иако  знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган. 

Македонија | пред 6 години

pozar

Пожар во Зајас, изгоре сува треба и бандера на ЕВН - има осомничен

На 14.08.2019 во 10:50 ч. во Полициското одделение Зајас пријавено е дека во с.Зајас, во месноста  Думовско маало настанал пожар, при што зафатена е сува трева и бандера, сопственост на ЕВН. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас обезбеден е Р.З(67) од с.Зајас, осомничен дека го предизвикал пожарот, и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

ОЈО: Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал за „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ. Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството уште еднаш укажува дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Започна реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит Пазар

Екипите на Градот Скопје денеска  ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.- Градот Скопје денеска   започнува  целосна и темелна реконструкцијана булеварот Крсте Петков Мисирков на потегот од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар, во   должина од 1.350  метри во двете насоки.  На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој. Во наредните  30  денови ќе изработиме една квалитетна инфраструктура којашто е сериозно оштетена во овој дел на градот – изјави Шилегов.Тој додаде дека  Градот Скопје  во изминатиов период парите на скопјани, парите на граѓаните, ги троши за  вистински приоритети на нашиот град и во таа смила се врши целосна и темелна реконструкција на инфраструктурата.-  Вредноста на овој проект е околу 20 милиони денари, што е значително помала сума од они кшто во минатото Градот ги плаќал за вакви услуги. Кажував во текот на првата година од мојот мандат дека ја спремаме стратегијата на нашиот град и годинава тоа граѓаните може да го видат. Нема да запреме до крајот на мандатот. Ги решаваме вистинските потреби, вистинските приоритети на Скопје и скопјани, а средствата што ги употребуваме се употребуваат  за навистина Градот да го направиме едно поубаво и побезбедно, односно европско место за живеење - истакна Шилегов.Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и  упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и  на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје. 

Скопје | пред 6 години

IMG_3474-14-08-19-11-59

Донев: Зошто Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори?

Изборна матрица на СДС се поткупот, заканите и уцените. Заканите и уцените на денот на избори на СДС деновиве јавно се потврдија и за жал се реалност. Голем скандал на директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска која со уцени и притисоци врз вработените бара тие да излезат и да гласаат за кандидатот на СДС. Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да и злезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен!", истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните Претпријатија во Охрид за време на локалните избори?Дали ова се правдата и мирот ветувани од СДС пред да дојдат на власт?Дали СДС ги добила вонредните локални избори во Охрид преку притисоци и закани врз вработените во Јавни Претпријатија?Зошто градоначалникот Константин Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори?Доколку имаше барем малку доблест директорката Јованоска веднаш ќе си поднесеше оставка. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска.Јавното обвинителство и надлежните органи да соберат храброст да се ослободат од притисоците и да го истражат случајот во кој има сериозни прекршувања на изборниот законик. Траги во системите од кои се праќани пораките постојат, сведоци на притисоците и уцените има.Бараме итна, неодложна и транспарентна истрага со видливи резултати, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија

Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод - централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.Негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ.Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара.Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви.Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ООУ „Блаже Конески“ се подготвува за новата учебна година

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ забрзано се подготвува за стартот на новата учебна година. Деновиве се вршат санации, реконструкции, молерисување на дел од училниците и ходниците, заменување на старите светилки, како и други тековни работи за одржување на училишните објекти.Целта на овие активности е обезбедување подобри услови како за учениците, така и за наставниците при изведување на наставата.

Скопје | пред 6 години

PS-STRUGA

Кривична пријава против лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против Т.Д.(54) од село Драслајца,струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен  повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно  партнерство“.Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како управител на правното лице „Д –Алек 09“ од село Драслајца, при аплицирање во постапка за јавна набавка за превоз на ученици во три основни училишта на подрачје на Струга, изготвил и поднел лажно уверение за платени даноци и придонеси за 2016 и 2017 година. По ова, истиот, како најповолен понудувач склучил договор за превоз на ученици со наведените училишта, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.802.714 денари .  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобили и изнајмен стан во Охрид кај двајца скопјани пронајдени марихуана, кокаин, дигитална вага

На 13.08.2019 во 19,40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. При извршениот претрес во патничките моторни возила марка ,,Опел вектра’’ и ,,Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Стевананџија мора да поднесе оставка затоа што бесрамно се заканува со бесилки кон граѓани

Како што се расплеткува клопчето за расчистување на криминалите, така во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе расте нервозата.Во таква нервоза и очај, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието. Таквиот потег на Стевананџија беше осуден и од страна на Народниот правобранител и оценет како говор на омраза,  се вели во соопштението од СДСМ.Надлежните институции мора да реагираат по овој случај на очигледно ширење омраза и закани, а Стевананџија да си поднесе оставка од фунцкијата затоа што не е достоен да ја извршува.Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на Стевананџија.СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е таквите закани да доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците,  се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

ogan-1

(ФОТО) МЗ Велмеј: Пуштајте помош се запаливме!

МЗ Велмеј и мештаните очајно бараат помош. Огнот на чекор од нивните куќи. Утрово по низата апели и притисоци се гаснеше неколку саати од воздух, но веќе одамна ситуацијата е излезена од контрола. Во моментов канадерите се повлечени, а огнот е 100 тина метри од првите куќи и викендички.Жителите панично бараат помош. Велат не се диши од чад. Не сме спиеле три дена откако избувна  пожарот, се организиравме да гасниме, но сами не можеме да го сопреме огнот. Тие се крајно разочарани од дирекцијата за заштита и спасување кои како што велат дозволија ситуацијата да излези од контрола.„Не ни креваа ни телефон, не камоли да ни помогнат. Како може државара за едни да биде мајка, за други макеа“, велат од МЗ на Велмеј.Во моментов дува силен ветар кој експресно го раширува огнот.  Досега опожарена е површина од над 150 хектари. Гори шума со смрека и бор.Инаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума.

Македонија | пред 6 години

sahti

(ФОТО) Се отстранува сонцето од Вергина од шахти, на плочници, спортски сали, игралишта - утрово се стругаа шахтите на плоштадот

Утрово во Скопје, на плоштадот Филип Втори, работници го отстрануваа Сонцето од Кутлеш од шахтите поставени на плочникот, објави digitalnews.mkРокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина е 14 дена.Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови.Највпечатливо сонце од Вергина беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстрането.Текстот во целост на: digitalnews.mk

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Засилено темпо на работа на булеварот Кочо Рацин

Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри.Екипите на терен вчера во вечерните часови го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата 11 Октомври до крстосницата со улицата Свети Кирил и Методиј.Градот Скопје продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици  во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да го намали сообраќајниот метеж.Додека траат градежните работи,на булеварот Кочо Рацин е воведен привремен режим на сообраќај.ГГрадот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.   

Скопје | пред 6 години

burim-rustemi

Oбвинителот од СЈО Бурим Рустеми повикан на распит за случајот „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО добил покана да се јави на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Тој ја потврди информацијата за „360 степени“. Вели дека распитот е најавен пред неколку дена, но се уште не го утврдиле точниот термин поради тоа што обвинителот има и закажани рочишта за предметите на СЈО што тој ги застапува пред суд.Рустеми за „360 степени“одбил да даде коментат дали тој може да помогне во истрагата за рекетирањето.Инаку сите што се повикуваат на распит за „Рекет“ во оваа фаза од постапката се во својство на сведоци. Додека Обвинителството не одлучи да ја прошири истрагата, засега единствени осомничени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец), за кои судот одобри нови триесет дена притвор.Текстот во целост на: „360 степени“

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Мајчинската тага не познава припадност - Прст на чело !

фејсбук статус на Фросина Ременски:Додека сите бистрат политика на социјални мрежи, шират нетрпеливост, омраза и поделби, си ги заборавивме децата - децата кои треба да живеат, а не да се делат и да гинат !За таа негрижа и нетрпеливост нема невини, сите сме виновни до еден !Мајчинската тага не познава припадност. Прст на чело !Почивај во мир дете !Сочувство за семејството за огромната загуба !https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2542970395734199

Македонија | пред 6 години

morina

Морина нема да се екстрадира во Србија, одлучи Врховниот суд

Врховниот суд денеска ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Србија.Во образложението на судот се наведува дека Морина е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не на Србија и дека кривичното дело за кое е обвинет е извршено на територијата на Република Косово управувано од Обединетите нации според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 10 јуни 1999 година.„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово“, се наведува во соопштението од судот. Во пресудата на Врховниот суд не е наведено дали Морина останува во притвор во очекување на конечната одлуката која по судското решение треба да ја донесе Министерството за правда.

Македонија | пред 6 години

44

ЛГБТ: „Педер“ не е нечија карактерна особина, „педер“ го симболизира општеството кое гаи омраза, страв и гадење кон нас

ЛГБТИ луѓето зборот „педер“ го слушаат секојдневно; во училиштата, на улица, во државните институции, од ресторани и берберници до полициски станици. Да се биде „педер“ во Северна Македонија значи да се живее во средина која те дехуманизира, ти ја ограничува слободата, најгрубо ти се замешува во приватноста и не ти овозможува да ги остваруваш своите желби и планови под еднакви услови како и останатите граѓани. Бидувањето „педер“ некои од нас ги чинело и многу повеќе: насилство кое полицијата никогаш не го решила, семејства кои нѐ повредиле и не нѐ прифаќаат, насилство кое оставило длабоки рани од кои црпиме мотивација за отпор и солидарност, за ревносна борба за нашите права и рани на кои сме горди. „Педер“ не е нечија карактерна особина, „педер“ го симболизира општеството кое гаи омраза, страв и гадење кон нас, се вели во реакцијата на Националната мрежа за броба против хомофобија и трансфобија по повод изјавата на премиерот Заев.Откако јавноста дозна за случајот „Рекет“ во кој е вмешан Бојан Јовановски, во медиумите и на социјалните мрежи фокусот е ставен на неговата претпоставена сексуална ориентација и истата се користи за лично омаловажување и исмевање, со што се прави голема штета по достоинството на целата заедница. Најверојатно не треба да објаснуваме дека сексуалната оринетација на Боки 13 нема врска со неговото противзаконско делување. ЛГБТИ луѓето не се хомогена група, исто како и хетеросексуалците, можат да бидат конзервативни или либерални, религиозни или атеисти, да припаѓаат на различни етнички заедници, да се занимаваат со криминални дејствија или чесно да си го заработуваат лебот. Ако хетеросексуалец направи криминал, никој нема да ја спомене ниту тоа ќе го припише на неговата хетеросексуалност, но ако геј маж го направи истото, целата јавност па дури и премиерот ќе ја потенцира неговата сексуална ориентација. Ова е всушност и централното прашање на дебатата за нашата еднаквост. Двојни стандарди, мнозинство кое прави посебен случај од себе додека истите права ги негира за ЛГБТИ луѓето, сеприсутни митови за неморалните и за гадните „педери“ наменети за заплашување и мобилизација на јавноста против еднаквоста, слободата и достоинството на ЛГБТИ луѓето.ЛГБТИ заедницата во Вас и во Вашата партија гледаше и сѐ уште гледа сојузник. Не можеме да негираме дека во однос на правата на ЛГБТИ луѓето се остварија клучни чекори: донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преземањето на финансирањето на ХИВ програмата, измени на Кривичниот закон во делот за делата од омраза, организирање на првата Парада на гордоста, препознавањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и во други закони од областа на медиумите и образованието. Но нашиот живот и нашето секојдневие не се многу променети. Не можеме да останеме неми и на пропустите што ги правите: како двете изјави на министерот Филипче кои предизвикаа огромна штета на трансродовите луѓе, фактот што Министерството за внатрешни работи сѐ уште не гони нити препознава криминал од омраза, нерешените случаи на хомофобичните напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Управата за матична евиденција која одбива да ја спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права за промена на личните документи на трансродов маж, бројни пријави за говор на омраза кои заглавиле некаде помеѓу полицијата и обвинителството итн. Проблемите со кои се соочуваме се бројни, а вакви изјави од државниот врв не помагаат во нивно решавање.Ве повикуваме да се извините јавно, овој пат по уште понавредливитеоправдувања, со цел да се санира штетата предизвикана врз јавното мислење од вашата изјава. Но уште поважно, Ве повикуваме интензивно и сериозно да се зафатите со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тоа е единствен начин да се надомести за исклучувањето, стигмата и насилството кое оваа заедница го искусува и да се изгради едно општество за сите, се вели во реакцијата на Националната мрежа за броба против хомофобија и трансфобија по повод изјавата на премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

image002

Октетот „Игњац Фукс“ вечерва на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на октетот „Игњац Фукс“ од Хрватска што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Ќе настапат Костадин Богданоски-прва виолина, Фросина Богданоска-втора виолина, Хивоте Тадезе-виола, Никола Јовановиќ-виолончело, Александар Тасиќ-кларинет, Виктор Кирченко-хорна, Жарко Перишиќ-фагот и Илин - Диме Димовски на контрабас.Мешовитиот Камерен Ансамбл "Игњац Фукс" е формиран во јуни, 2016 по иницијатива на македонско-хрватскиот контрабасист Димовски и на српскиот кларинетист Александар Тасиќ, кога на нивно гостување во Макао со театарско/оперската група "Third World Bunfight" им се укажува можност за дополнителен концерт на камерна музика во соработка со Хонгконгшката пијанистка Жаклин Леунг.Оттаму се јавува идејата за флексибилен ансамбл во кој членуваат најистакнатите класични музичари од бившите југословенски простори, како што е и случајот со ансамблот на "No Borders Orchestra", каде што Тасиќ и Димовски се запознаваат. Во исто време, флексибилен ансамбл значи поголема уметничка слобода во креирањето на програмата за еден концерт и помага во промовирањето на камерната музика, која е врвот на западно-класичниот музички израз.Името на ансамблот е всушност првото име на познатиот хрватски композитор Ватрослав Лисински кое е воедно и името на концертната сала во која секојдневно работат некои од членовите на ансамблот во Загреб.Костадин Богданоски е прва виолина и работи како концерт мајстор во Операта „Лисеу“ во Барселона. Фросина Богданоска е член на филхармонијата во Клагенфурт, Австрија и водач на вторите виолини во „Но Бордерс“ оркестарот. Хивоте Тадезе е заменик водач на виолите во оркестарот на Загрепската филхармонија и соло виолист на Хрватскиот барокен оркестар. Никола Јовановиќ е заменик-водач на секцијата на виолончела во Бамбергшкиот оркестар од Германија и водач во „Но Бордерс“ оркестарот. Александар Тасиќ е професор по кларинет на академијата во Нови Сад и тутор и постојан член на Фестивалскиот камерен оркестар во Вербие, Швајцарија. Виктор Кирченко е прв солист на хорна во Загрепската филхармонија, а Жарко Перишиќ е професор на академијата во Загреб и соло фагот на Симфонискиот оркестар на ХРТ.Илин-Диме Димовски е постојан член на Загрепската филхармонија, прв контрабас на „Но Бордерс“ оркестарот и уметнички раководител на ансамблот „Фукс“.    

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања