Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

nbrm-narodna-banka

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

На 13 август 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.Според оцените на Комитетот, монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 2,25%. Истовремено беше одлучено понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 14 август 2019 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.На седницата беа разгледани најновите остварувања во домашната економија во контекст на најновите макроекономски проекции. Според Комитетот, економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната позиција во платниот биланс, контекст кој придонесува за континуирани интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања.Во однос на најновите макроекономски показатели, тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од 2019 година главно упатуваат на натамошен раст на економијата, но веројатно поумерен во споредба со првото тримесечје.Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите седум месеци од годинава изнесува 1,2%, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5% за целата 2019 година. Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година засега се оценуваат како урамнотежени.Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, остварувањата за надворешнотрговската размена заклучно со вториот квартал на оваа година покажуваат понизок трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на јули засега се во склад со проектираните и укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватни трансфери на ниво на очекувањата за третото тримесечје. Девизните резерви на крајот на јули се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јули покажуваат натамошен раст на годишна основа, кој кај кредитите е нешто поумерен.Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките се задржа на стабилно и високо ниво, поради што банките имаа слаба потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Од аспект на тековите на ликвидност во банкарскиот систем, сезонски повисоката побарувачка на денарска готовина на населението беше целосно надоместена од емисијата на денарски средства од Народната банка, остварена со интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар. Конкретно во јули, Народната банка откупи 43,8 милиони евра. Високиот месечен износ врз основа на интервенции беше остварен во услови на зголемен откуп на девизи на банките во трансакциите со менувачниците, што е вообичаено сезонско движење, а во јули годинава се оствари во поголем обем во однос на истиот месец претходните години. Банките ја искористија девизната ликвидност за задоволување на побарувачката на сопствениот и на меѓубанкарскиот девизен пазар, а вишокот девизни средства беше откупен од Народната банка. Откупот на девизниот пазар продолжи и на почетокот на август, при што збирно од почеток на годината, заклучно со 13 август, Народната банка има откупено 174,55 милиони евра.Банките продолжија да го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.Надолните ризици за светската економија преовладуваа и во јули, поради што политиките на централните банки на глобално ниво беа насочени кон поддржување на економскиот раст. На финансиските пазари во еврозоната беше забележан пад на приносите на безбедните инструменти, во услови на зголемена побарувачка од инвеститорите, заради настојување да се остварат поголеми приноси и очекувања за олабавување на политиката на ЕЦБ. На редовниот состанок, ЕЦБ испрати сигнал дека е подготвена да преземе активности за дополнителна монетарна поддршка. Централната банка на САД - ФЕД, како што се очекуваше, го намали целното ниво на движења на референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, во распон од 2% до 2,25%. Ваквата одлука беше претставена како приспособување на монетарната политика според тековниот економски циклус, при што беше нагласено дека тоа не претставува почеток на интензивен циклус на експанзивна монетарна политика. На почетокот на август уште повеќе се зголеми променливоста на меѓународните финансиски пазари, откако силно се заострија трговските односи помеѓу САД и Кина. САД најави дека ќе воведе царини на увоз на производи од Кина, коишто досега не се оцаринети, бидејќи во преговорите меѓу двете земји не беше забележан очекуваниот напредок.Општо земено, на седницата беше заклучено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, додека согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика. 

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Убиеното момче во Ново Лисиче бил кошаркар на МЗТ Скопје

Седумнаесет годишен кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пренесува Спорт 1.Инаку, тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија. Настраданото момче со брза помош итно било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.Напаѓачот бил експресно пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

svinja

Фармери во Австралија, учествувале во незаконски увоз на свинска сперма

Торбен Соренсен и Хенинг Леј, вработени во австралиската фарма за свињи – „ГД Порк“, се најдоа в затвор поради кршење на правилата за биолошка безбедност. Тоа се случувало во периодот од 2009 до 2017 година, соопшти австралиската министерка за земјоделство, Бриџит Меккензи. Имено, двајцата фармери учествувале во незаконски увоз на свинска сперма, со што ја довеле политиката околу размножување на свињите во голема опасност, меѓу другото, и од болести однадвор. Обвинетите ја признале вината. Соренсен, генералниот директор на компанијата, е осуден на три години затвор, а пак, Леј – одговорен за производниот погон, осуден е на две години. Освен тоа, фирмата која сега е во ликвидација, е казнена со 500.000 австралиски долари (околу 300.000 евра).

Свет | пред 6 години

Ohrid_craft-1

Почнува манифестацијата „Охрид крафт“

По одличните изданија на фестивалот „Вино и сирење 2019“ и „Денови на мед“,  започнува манифестацијата „Охрид Крафт“. Од вечерва, охриѓани и туристите, ќе имаат можност да се запознаат со занаетчиството и занаетчиите, односно со нивните производи и услуги.Преку оваа манифестација, се води и кампања за поттикнување на младите да започнат да се занимаваат со занаетчиството.

Македонија | пред 6 години

TURNIR14082019

Меморијален турнир „Јован Стојаноски“

Под покровителство на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески, во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ ќе се организира меморијален турнир во чест на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р  Јован Стојаноски.Тој беше голем љубител и поддржувач на спортот и затоа овогодинешниот турнир во мал фудбал ќе го носи неговото име.Пријавувањето на екипи за учество е веќе започнато, а сите информации, заинтересираните можат да ги добијат на официјалнаta фејсбук страница на СРЦ „Климент Колески“.Почетокот на турнирот е закажан на 20 август 2019 година, а ждрепката на тимовите ќе се одржи еден ден претходно.

Македонија | пред 6 години

Cingo_vecer-3

Вечер на Живко Чинго

Синоќа во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Во рамки на манифестацијата, која ја организира Општина Охрид, свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.-Чувствувам огромна привилегија и гордост како човек и како историчар, оваа убава вечер да сум тука, на ова уникатно место, на овој прекрасен настан и тоа што имам можност да му оддадам почит, на еден од најмаркантните литературни дејци во нашата понова историја, нашиот голем и единствен Живко Чинго.По својата оргиналност и квалитет, неговото богато творештво е познато, признато и вреднувано од врвната литературна критика, а неговите дела се преведени и презентирани на многу светски јазици. Многумина рекле дека неговата раскажувачка дарба била огромна, а неговите раскази се полни со емоција и оддаваат впечаток дека се создадени во еден здив.Покрај високата уметничка и културна вредност, неговите романи, драми и раскази, претставуваат едно вистинско историско сведоштво, една хроника за развојот на македонското општество. И во минатото и денес, неговите зборови, неговите пораки имаат универзална смисла и носат една голема општествена тежина.Убеден сум дека овие пораки и во иднина ќе ни го покажуваат вистинскиот пат, по кој треба да се движи нашето општество, како што и самиот тој вели „ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек“.Со цел, достоинствено да го славиме, почитуваме и вреднуваме неговото дело, Општина Охрид, традиционално и оваа година го распиша Конкурсот за најдобар расказ за наградата „Живко Чингo“. Упатувам искрени честитки до добитникот на овогодинешната награда, а воедно упатувам и голема благодарност до сите автори кои зедоа учество на овој литературен конкурс. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и дека и во иднина ќе го негуваме и почитуваме делото на Чинго и дека ќе го оставиме како аманет на идните генерации. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Николески.Пред присутните говореше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски, а годинешен беседник за ликот и делото на големиот литературен великан беше Алла Гјенадевна Шешкен. Исто така свое обраќање пред присутните имаше и внукот од син на Живко Чинго,  младиот Емил Чинго.Во рамки на културно- уметничката програма, настапи познатиот македонски саксафонист, охриѓанецот  Горан Папаз и Културно –уметничкото друштво „Филиграни“ од село Велгошти.

Македонија | пред 6 години

snimka

ВИДЕО: Снимка од тeпaчкaта во која беше yбиeно 17 годишно момче

Седумнаесетгодишно момче го зaгyбило животот откако по рacправија која продолжила во физичkа пpeсметка бил пpoбоден со нoж од негов врсник.Нaпaѓaчот е пpонајден и пpиведен во полициска станица.Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било п[ијавено дека на ул.„Февруарски поxод“ во скопската населба Лисиче имало рacправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пpeсметка.– Во еден момент А.Т. извадил нoж и му нанел повpeди на Н.Х.(17), кој со вoзило на Итнa meдицинска пoмoш бил пренесен во комплексот kлиники „Мајка Тереза“ за укажување лекаpска пoмош, каде што пoчинaл, појаснија од МВР.Полицијата го пронашла и пpивела А.Т. и работи на расчистување на случајот.„ Независен весник“ објави и снимка од тeпaчката која претходела на yбиството, снимена од околните згради. 

Скопје | пред 6 години

soobrakajka-logo-1

Судар во Скопје, едно лице пренесено во болница

На 13.08.2019 во 19,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовско бригада“ патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.М.(67) од Скопје удрило во З.А.(59) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.А., која била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Тешка сообраќајка во Кичево, сопатничка со сериозни повреди

На 13.08.2019 во 18,40 часот на локалниот пат за с.Грешница-кичевско патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(74) од истото село, излетало од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од с.Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

122233-620x350

МВР со детали за убиеното момче во Ново Лисиче

На 14.08.2019 во 00,35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка.Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17). Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се садела марихуана во Велес, полицијата ја откри

На 14.08.2019 од страна на полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во м.в.„Шорка“, во непосредна близина на Велес, пронајдени се 45 стебла марихуана.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Возачите во Тетово повеќе почитуваат сообраќајни прописи од Скопје

На 13.08.2019 од 08,00 до 13,00 часот, на повеќе локации во Тетово беше спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги чинат пешаците. Во контролата вкупно откриени и законски санкционирани се 28 прекршоци oд пешаците, најмногу поради непочитување на светлосните сообраќајни знаци.Покрај ова, откриени се и девет други видови сообраќајни прекршоци.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Стотици канзи за возачи во Скопје за еден ден

Во текот на изминатиот ден (13.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 50 пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 62 мандатни платни налози.

Скопје | пред 6 години

kunovdks

Куновска по изјавата на Заев: Почна по кревети да ни влегува, да се провери деловната способност на човеков

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, се смее поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска, алудирајќи на вчерашната скандалозна изјава на премиерот, кој вели дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја урнат владата.„Добро утро! Добри сте? Сè беше јасно уште од времето на „жицата за алишта”, а камо ли пак од времето на „мрчат”. Само не сфатив дали „светел” по повод последнава квалификација. Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков. Останува нејасно само како се чувствуваат „големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta.P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?”, напиша Куновска

Коментари | пред 6 години

43085721_2165386183790818_2687746063745417216_o

Најдена марихуана и кокаин кај скопјани во Охрид

На 13.08.2019 во 19,40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.При извршениот претрес во патничките моторни возила марка ,,Опел вектра’’ и ,,Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети.

Македонија | пред 6 години

policija-grcka-ambasada

Убиено 17- годишно момче во Ново Лисиче

Седумнаесет годишниот Х.Н. почина од убодна рана која му ја задал познаникот Т.А. во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.Немилиот настан се случил ноќеска, 35 минути после полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво Д.К. (17). Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н.Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во Клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола, пренесува порталот.

Скопје | пред 6 години

67685251_2251042274993970_4187568971588829184_n

ФОТО: По плочките и кадата, нуркачите од „Акватек“ извадија болјер фрлен во Охридско езеро

Нуркачите од „Актватек“ најдоа болјер во Охридското Езеро на длабочина од 5 метри, на околу 10 метри од брегот.„Апартманот е скоро комплетиран, само уште неколку елементи“, пишува Никола Паскали од „Акватек“.Тие претходно извадија када фрлена во езерото, а потоа и вреќа плочки.

Македонија | пред 6 години

5-3

Ванковска: Добро утро педери и мала нација водена од глупак

Професорката Билјана Ванковска реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Утрово е мамурно: како ноќеска да бевме пијани од претставата на Заев и неговите нови “врвови”. Сега, “отрезнети” (и откако називот е “легализиран” како карактерна особина), редно е да си кажеме: Добро утро, педери! Не сме џезери… Бидејќи нема(в)ме карактер кога требаше, бидејќи се шокираме повеќе од една малоумна изјава на Заев, а не се шокиравме од сите негови педерски политики. Излезе дека зборот “педер” беше тригер за будење на многу повеќе заспани убавици одошто било што досега скандалозно сторено… Мала, мала, нација педера… Водена од глупак (како карактерна особина) … Тоа сме ние!“, пишува Ванковска.

Коментари | пред 6 години

Ohrid_craft_1408201901-768x576

Започнува манифестацијата „Охрид Крафт“

По одличните изданија на фестивалот „Вино и сирење 2019“ и „Денови на мед“,  започнува манифестацијата „Охрид Крафт“. Од вечерва, охриѓани и туристите, ќе имаат можност да се запознаат со занаетчиството и занаетчиите, односно со нивните производи и услуги.Преку оваа манифестација, се води и кампања за поттикнување на младите да започнат да се занимаваат со занаетчиството.

Македонија | пред 6 години

Cingo_vecer_1408201901-900x675

Вечер на Живко Чинго во село Велгошти

Синоќа во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Во рамки на манифестацијата, која ја организира Општина Охрид, свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.-Чувствувам огромна привилегија и гордост како човек и како историчар, оваа убава вечер да сум тука, на ова уникатно место, на овој прекрасен настан и тоа што имам можност да му оддадам почит, на еден од најмаркантните литературни дејци во нашата понова историја, нашиот голем и единствен Живко Чинго.По својата оргиналност и квалитет, неговото богато творештво е познато, признато и вреднувано од врвната литературна критика, а неговите дела се преведени и презентирани на многу светски јазици. Многумина рекле дека неговата раскажувачка дарба била огромна, а неговите раскази се полни со емоција и оддаваат впечаток дека се создадени во еден здив.Покрај високата уметничка и културна вредност, неговите романи, драми и раскази, претставуваат едно вистинско историско сведоштво, една хроника за развојот на македонското општество. И во минатото и денес, неговите зборови, неговите пораки имаат универзална смисла и носат една голема општествена тежина.Убеден сум дека овие пораки и во иднина ќе ни го покажуваат вистинскиот пат, по кој треба да се движи нашето општество, како што и самиот тој вели „ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек“.Со цел, достоинствено да го славиме, почитуваме и вреднуваме неговото дело, Општина Охрид, традиционално и оваа година го распиша Конкурсот за најдобар расказ за наградата „Живко Чингo“. Упатувам искрени честитки до добитникот на овогодинешната награда, а воедно упатувам и голема благодарност до сите автори кои зедоа учество на овој литературен конкурс. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и дека и во иднина ќе го негуваме и почитуваме делото на Чинго и дека ќе го оставиме како аманет на идните генерации. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Николески.Пред присутните говореше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски, а годинешен беседник за ликот и делото на големиот литературен великан беше Алла Гјенадевна Шешкен. Исто така свое обраќање пред присутните имаше и внукот од син на Живко Чинго,  младиот Емил Чинго.Во рамки на културно- уметничката програма, настапи познатиот македонски саксафонист, охриѓанецот  Горан Папаз и Културно –уметничкото друштво „Филиграни“ од село Велгошти.

Македонија | пред 6 години

zaev-janeva

Заев за Катица Јанева: Настапот и е идиотски!

Покрај скандалозната изјава на Зоран Заев дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата, вчера во истото излагање пред новинарите по повод 18 години од Рамковниот договор, тој истакна дека и дека настапот на специјaлката бил идиoтски.На прашањето на новинарката „Ве изневери ли Катица Јанева?“, Заев одговара:За мене идиoтски е настапот. Засега соогласно дoказите кои што ги има. Јас очекувам истpaгата да ги покаже дoкaзите за секој. Вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев, за било кого во самите истpaги, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев осуден од сите страни, новинарите бараат извинување преку ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува денешната изјава на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето.Го повикуваме Претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред се на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите.Премиерот Заев како Претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.Истовремено, во својата изјава Претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција. Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини.

Македонија | пред 6 години

DDV

Зголемен е повратот на ДДВ кон стопанството, 30 милиони евра повеќе назад кон фирмите

Владата предоводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон граѓаните и реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари во економијата и кај граѓаните. Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто. Во апсолутни бројки тоа е за 30 милиони евра повеќе назад во стопанството, се вели во соопштението од СДСМ.Повратот на ДДВ е неселективен и редовен, а во првите седум месеци претпријатијата добија над 14,5 милијарди денари по основ на ДДВ. Реализирана е добра наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година.Истовремено, непречено тече и мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните која дава одлични резултати. Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а кај граѓаните се вратени над 80 милиони денари.Овие податоци не се само обични бројки, туку се показатели за реално придвижување на економијата и обезбедување повеќе пари кај граѓаните и фирмите. Како одговорна партија остануваме посветени на реализацијата на мерките што обезбедуваат економски раст, конкурентна економија и повеќе пари назад кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ. .

Македонија | пред 6 години

novinari-1

ДПМНЕ во одбрана на новинарите: Тие се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец

Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Зоран Заев и картелот околу него не се суетни. Тие се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец. Цензурата е срам за која било земја, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Веќе се е јасно како ден, во Македонија владее криминален тоталитарен режим.Шведска потврди дека во Македонија Заев спроведува политички прогон и дека случајот 27 ми април е уште една политичко судска монтировка на Зоран Заев. Шведска одби да екстрадира еден од обвинетите за 27 април, со образложение дека во делото нема елементи на тероризам, а во нашата држава се спроведува политички прогон!Ова ја прави Македонија единствената држава во демократска Европа во која во 21 век се уште има политички затвореници, кои лежат по затворите само поради различните политички ставови од оние на власта.Висок функционер на актуелната власт вчера потврди дека Зоран Заев влијае врз македонското судство. Потврди дека тој се мешал во правосудниот систем и барал начини да ги стави под своја контрола сите судии. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети отворено посочи дека судството е под контрола на Заев.Никој во Република Македонија не верува дека Зоран Заев, човек кој е три пати амнестиран за криминал не е на чело на криминалниот октопод кој своите пипци ги распространи во секоја пора на македонското општество. Македонската јавност од разговорите кои ги објави Ла Верита, слушна како се злоупотребува правдата. Јавноста слушна како Јанева ја злоупотребува позицијата за милионски суми. Јавноста слушна како Боки Тредичи оваа игра ја игра за Зоран Заев.Зоран Заев ја укина правната држава во Македонија, го закопа правото и правдината, а без овој основен постулат на демократијата, нашата држава не може да добие датум за преговори со Европската Унија. Аболицираниот Заев  и неговата криминална банда се најодговорни за застојот во македонските евроинтеграции. Одговорност за ова мора да има. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога овој човек ќе си замине од политиката. Тогаш ќе одговараат и сите оние кои застана во одбрана на неговиот криминал и оние кои вршеа политички прогон во негово име,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

65016674_886659378367087_4216236516784996352_o

Генералниот секретар на СДСМ го брани шефот Заев: Да не беше тој ќе бевме изолирана држава

Новоизбраниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Новинарката по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“ вели дека да не бил премиерот, оваа држава ќе била изолирана.„Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија. Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот. Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните. Да не беше тој денес немаше да бидеме земја - светол пример, пред влез во НАТО и пред вратата на ЕУ. И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот. Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата. Светлата иднина а не мрачното минато. Затоа ќе успееме!“, напиша Љупчо Николовски.

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања