Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Branko-Geroski-zoran-zaev

Геровски: По изјавата на Заев, јас сум мета на напади од сдсмовски ботови

По изјавата на Заев дека суетен новинар не може да ја урне Владата, но и по реакцијата од Бранко Геровски дека не се чувствува безбедно, новинарот вели дека бил мета на организирани напади од „сдсмовски ботови“.„Вечерва (синоќа), после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше. Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети. Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи... Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го зсслужуваат моето внимание. Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики“, пишува Геровски

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Новинарите се осеќаат понижени по изјавата на Заев дека „суетен новинар“, педер и криминалци не можат да ја урнат Владата

Новинарката  Тамара Чаусидис реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Не се сомневам дека новинарските организации #ЗНМ #ССНМ Совет за етика ќе реагираат на непримерната изјава на премиерот Заев и ќе застанат во одбрана на колегата Бранко Героски. Сигурна сум дека нема да го остават сам во оваа ситуација, затоа што ова не е само напад на Героски, ова е напад на новинарството и на новинарите. Откако се уверив дека изјавата не е некоја смешна монтажа, а ми требаше време да поверувам дека е реално она што го слушам, можам да кажам дека сум поразена, длабоко, лично – поразена! Сакав да верувам дека демагогијата на тема „слобода на изразување“ е искрена заложба со која оваа гарнитура дојде на власт, ама за која ете се досега се немало време, се некои други приоритети се на маса, ама кај да е барем насоката е правилна, се оди на ослободување, на немешање. Сакајќи да верувам се трудев да ја замолчам или да не и обрнувам внимание на интуицијата, на сомнежите особено по катапултирањето на Боки 13 како медиумски магнат кој се шепури со селфија со цела влада, навистина се обидував, ама вечерашнава изјава за суетниот новинар покажа дека ништо не се сменило, дека се што сме зборувале, за што сме се бореле донесе на власт само друга група која внимаваше јавно да не ги декларира истите вредности истото сфаќање на новинарството како и претходната. Поривот на новинарот да му лепите лични етикети (суетен, платеник) е ништо друго освен обид да се оцрни преку етикетирање новинарската работа која не ви се допаѓа или ве загрозува. Дали некој е суетен, повеќе или помалку темпераментен, дали е нервозен или бавен во реакциите, дали е убав или грд нема никаква врска со неговата новинарска работа. Интегритетот и тестот за новинарот е неговиот – производ и само врз основа на него тој смее да биде оценуван, критикуван, фален или деградиран. А тоа секако е работа на публиката, а не е работа на политичарите, а уште помалку на власта. Згора неа тоа обидот да барате „мотиви“ зад неговото пишување – дека ја уривал владата веќе е ново дно, тоа веќе говори за сериозен демократски дефицит и потреба да се пресмета не со оние што поткупувале и изнесувале вреќи, пардон брентирани чанти, пари врз основа, меѓу другото, и на демонстрација на блискоста со премиерот, туку со оние кои за тоа говорат или со право поставуваат прашања. Поддршка за суетните новинари. И да, немате појма колку сме суетни!“, напиша Тамара Чаусидис.

Коментари | пред 6 години

zaev-1-1

Излезе вмровското од Заев, сомнително е како знае кој е педер, се вели на „Твитер“

Лавина од реакции на социјалните мрежи по изјавата на премиерот Зоран Заев „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“. Дел од нив во продолжение:https://twitter.com/legovski/status/1161356006699520004?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1161356006699520004&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Ftviter-se-zapali-somnitelno-e-kako-zaev-znae-koj-e-pederhttps://twitter.com/US_Reagan/status/1161357844484153350?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1161357844484153350&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Ftviter-se-zapali-somnitelno-e-kako-zaev-znae-koj-e-peder https://twitter.com/zbiramfoto/status/1161515022897635329https://twitter.com/EmilijanoJ/status/1161502801916305409https://twitter.com/CalamityDzejn/status/1161431292162035713https://twitter.com/UnDoneOff/status/1161422758837751808https://twitter.com/dRskata1/status/1161421165920960512https://twitter.com/ElMacedonero/status/1161418152422625281https://twitter.com/paladzudzo/status/1161400383773822976https://twitter.com/tomebato/status/1161398021680226305https://twitter.com/TriGoltki_Vino/status/1161395489239183361https://twitter.com/Gogiche/status/1161523210204143621https://twitter.com/masteryoda985/status/1161523173705289728https://twitter.com/st0ritel/status/1161516366869991424https://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1161515895765819393https://twitter.com/tindomiell/status/1161510393656881152 

Коментари | пред 6 години

hvar

Мистерија на Хвар: Пронајден починат маж на брод, а други четири лица се борат за живот

Еден маж починал ноќеска на брод на Хвар, а другите четири лица, од кои две се деца, се борат за живот. Пренесени се во сплитската болница, а поради нивната тешка состојба мобилизирани се сите лекари и останат медицински персонал.Децата со  хеликоптер биле пренесени до Сплит, а постојат сомнежи дека се работи за труење со храна, пренесува „Индекс“.Според „Далмација“, станува збор за државјани на Италија.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Попладне дожд и силен ветер, временска прогноза

Сончево и многу топло ќе биде претпладнево, а подоцна во текот на денот и ноќта се очекува наоблачување со на места со пороен дожд и грмежи.Според УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.Во Скопје претпладнево ќе биде сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Температурата ќе се движи од 21 до 38 степени.И утре ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за пет до осум степени пониски.Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се со постепен пораст. 

Македонија | пред 6 години

informer

Ќе пропее ли Боки 13 од затвор - вели знам како крадат Заев и Харадинај

Српскиот весник „Информер“ на својата насловна страница објавува фотографија и наслов поврзан со аферата„Рекет“. Боки 13 се заканува од затвор: Знам како крадат Заев и Харадинај со ваков наслов весникот исто така на насловната страница неведува дека откриваат се за овие детали:Бојан Јовановски кој во Скопје е уапсен поради оваа афера порачува дека доколку наскоро не го пуштат, ќе објави бројни докази за криминалниот врзан режим во Скопје и Приштина.Целиот текст тие го најавуваат во нивното печатено издание.

Македонија | пред 6 години

goran_mihikj

Почина Гордан Михиќ, сценаристот на „Среќна Нова ’49“ и „Дом за бесење“

Познатиот српски сценарист и драмски писател Гордан Михиќ почина на 82-годишна возраст, погребан е на гробиштата на манастирот Рајиновац, објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ, преку „Твитер“, јави РТС.Гордан Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии на југословенската и српска кинематографија, меѓу кои се: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Лажливо лето ’68“, „Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, како и македонскиот филм на режисерот Столе Попов, „Среќна Нова 49“, за кој во 1986 година ја доби Златната арена на филмскиот фестивал во Пула.Добитник е на наградата „Кристална призма“ за севкупен придонес кон српскиот филм и на „Златен печат“, престижната награда што ја доделува Југословенската кинотека.

Магазин | пред 6 години

svinska-cuma

Вонреден лов на диви свињи во земјава, намалувајќи ја популацијата државата ќе се бори против африканската чума

Почнува вонреден отсрел на дива свиња. Ловците се мобилизираат. Државата бара од нив да ја намалат популацијата на овие животни, кои лесно можат да ја пренесат опасната африканска свинска чума и да ги заразат свињите по македонските фарми.Посебни дозволи за влез во шумите ќе добијат ловците за да можат да ги  ловат диви свињи. Дозвола можат да извададат од подрачните единици на Македонски шуми.Сепак, ловците велат дека концесионерите на ловиштата се во лоша финансиска состојба и не можат да се справат со месото од животните, па ќе бараат помош од државата.АХВ воведе посебни правила за ловот на дивите свињи во следниот период. Секое мртво животно ќе мора да се однесе на испитување. Додека не се добијат резултатите, месото не смее да се пушти во промет. Секоја мрша која ќе биде пронајдена ќе мора да се пријави, но ловците не смеат да ја допираат. 

Македонија | пред 6 години

prognoza-14

Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево и многу топло. Кон крајот на денот на места и особено на северот ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9Сончево и посвежо со умерена облачност. Попладне и особено ма југ ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=7

Македонија | пред 6 години

obedineti

ООМК: Непочитуван политичарче Заев, од тебе се бара итна и неотповиклива оставка од сите нелегитимни функции

Организацијата Обединети Македонци во Канада со згрозување ја осудува денешната изјава на нелегитимниот претседател на Владата на Република Македонија и помилуван криминалец Заев, каде дрсконарекува неосудени лица за криминалци, независни новинари за суетни новинарии член на маргинализирана група за п*дер.Изјавата го покажува вистинското фашистичко лице на лажгото Заев и неговата нелегитимна власт, која е спаничена од неуспехот да го вреднувавелепрдавството на македонското национално достоинство за можно, идно и недостижно членство во ЕУ.Непочитуван политичарче Заев. Од тебе се бара итна и неотповиклива оставка од сите нелегитимни функции кои ги имаш превземено со усилба на странските мешетари и да престанеш да ја навредуваш интелигенцијата и моралот на македонскиот народ и малцинствата во Република Македонија, се вели во соопштението од Обединети Македонци во Канада.   

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Заев во телефонски разговор со Хан му се правдаше за „Рекет“

Вчера попладне претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев имаше телефонски разговор со комесарот на ЕУ за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан.Во текот на разговорот премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“.Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата.Премиерот Заев и комесарот Хан се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.Премиерот Заев и комесарот Хан, исто така заклучија дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година. 

Македонија | пред 6 години

vakcina

Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи

Владата на денешната 149. седница ја усвои информацијата со акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи, без ограничување во однос на примањата“.Согласно препораките на Светската здравствена организација, како и Програмата за имунизација за 2019 година во категоријата ризични групи се опфатени: бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица над 65-годишна возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки центри и вработени во овие центри и здравствени работници.Со овој проект се планира Министерството за здравство по пат на јавна набавка да обезбеди околу 28.000 дози вакцини против сезонски грип, наменети за бесплатна вакцинација на лица изложени на зголемен ризик од тешки форми и компликации од грип.Средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени во рамки на Програмата за задолжителна имунизација на населението за 2019 година, а вакцините ќе бидат распределени во Центрите за јавно здравје и по потреба во други овластени здравствени установи кои ќе ја извршуваат вакцинацијата. Лицата за кои е обезбедено бесплатно вакцинирање потребно е во службата за вакцинација да достават на увид потврда за хронично заболување заедно со упат издадени од матичен лекар. Закажувањето за вакцинација ќе се одвива преку електронскиот систем „Мој Термин“.Вакцинацијата е една од најважните превентивни мерки за заштита на здравјето на луѓето. Со навремена и ефикасна превенција од сезонски грип, освен позитивните ефекти во однос на зачувувањето на здравјето на населението, вакцинирањето и спречувањето на појава на болест доведува до финансиски заштеди во здравството по однос на лекови, болнички денови, средства за боледувања, како и отсуства од работа.Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14 дена од вакцинација, кој трае околу 8-10 месеци. Најдобар период за вакцинирање со вакцина против грип е од септември до крајот на ноември секоја година, но вакцината може да се даде во тек на цела сезона (од септември до март).Во изминатите години во Република Северна Македонија, годишно се вакцинираат од 15.000 до 45.000 лица. Минатата година се воведе бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст со просечна пензија и пензија под просечната како и лица без пензија. Оваа мерка се воведе првпат како пилот, а на овој начин се заштитени од грип и компликации најранливите групи стари лица, кај кои има и најчести компликации.

Македонија | пред 6 години

pari-za-izjava

Еве го владиниот тим кој ќе работи против криминалот и корупцијата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 149-та седница донесе одлука за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.  Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик  министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.„Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија покажува силна решеност да не запре борбата против криминалот и корупцијата како стратешка определба“, велат од Владата.  

Македонија | пред 6 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Владите на Македонија и Србија ќе потпишат спогодба за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за взаемно  признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), го разгледа и прифати усогласениот текст на Спогодбата и го овласти Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа во име на Владата на Република Северна Македонија, да ја потпише Спогодбата. 

Македонија | пред 6 години

vlada-amandmani-2

Владата ќе потпише Меморандум за разбирање во областа на одбранбената соработка со САД

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и  усвои  Информацијата за потребата од потпишување на „Меморандумот за разбирање во областа на одбранбената соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави’’ и се овластува заменичката на Претседателот на Владата и министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска  Јанковска во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише Меморандумот.

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Се изменува и дополнува методологијата за стратешко планирање и подготовка на годишната програма за работата на Владата

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за имплементиран нов електронски систем за стратешко планирање и подготовка на годишна Програма за работа на Владата и негово воведување во употреба за што беше задолжен Генералниот секретаријат да подготвиПредлог за изменување и дополнување на методологија за стратешко планирање и подготвување на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија.Од министрите во Владата денеска се разгледа и усвои Информацијата за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата - Зајакнато истурено присуство за што се задолжува Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, да спроведат консултации и отпочнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија и предводена од Обединетото Кралство, а со придонесот да се започне до крајот на 2019 година.

Македонија | пред 6 години

avmu

АВМУ до Заев: Деградирате луѓе, дискредитирате новинар, не почитувате пресумција на невниност

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи.Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност.Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

Македонија | пред 6 години

1942279_boki_ls

Заев се правда: Кажав „педер“ како карактерна особина, а не за сексуална припадност

Премиерот Зоран Заев вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако претходно денеска кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, твитна Заев.Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат ВладатаУранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различноститеГеровски: Дали Заев ми се заканува, веднаш да се извини за оваа срамна и безобразна изјава!Јанески: Многу педерски премиере, ај сега зградата во боите на виножитото да ја обоите сосе извинувањеНора Шаќири го брани Заев: Намалете доживљај и не глумете увреџени, аман

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци до Заев: „Педериве“ и побрзо одошто планираше ќе те симнат од власт по изјавава

Новинарката и политиколог, Јорданка Ивановска-Јоци реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Зоќе, не знам за ,,криминалците" и ,,суетниот новинар", да не зборам ВМРО кои се ладат, али брате - ,,педериве" и побрзо одошто планираше ќе те симнат од власт ради изјавава. Требаше да се држиш до ајварот. На Зоќе, оние неговине, заборавиле да му кажат колку ,,педери" има на челни позиции во ЕУ и НАТО. И сеа шу праиме со европскана иднина покрај вакви изјави?“, напиша Јоци на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

ivor

Ивор Мицковски до Заев: Прљав ти е газот, аривидерчи премиере

Новинарот Ивор Мицковски, реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Најголема лажна вест е дека ова е само навреда. Ова е многу повеќе, ова ја издава душевната состојба на некој што му е прљав газот. Ако до денес Заев го имаше изгубено меѓународниот кредибилитет, со една изјава го изгуби и домашниот. Вака не се однесува човек на власт кој нема мува на капата. Ариведерчи премиере, 13 е стварно баксузна бројка, не само за Италијаните, отсега и за нас“, напиша новинарот Ивор Мицковски.Прочитај го и ова:Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат ВладатаУранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различноститеГеровски: Дали Заев ми се заканува, веднаш да се извини за оваа срамна и безобразна изјава!Јанески: Многу педерски премиере, ај сега зградата во боите на виножитото да ја обоите сосе извинувањеНора Шаќири го брани Заев: Намалете доживљај и не глумете увреџени, аман 

Коментари | пред 6 години

16325916472_b2a92fdf23_b

Нора Шаќири го брани Заев: Намалете доживљај и не глумете увреџени, аман

Ексновинарката, а сега вработена во Министерството за култура, Нора Шаќири-Марковиќ е една од ретките која застана во одбрана на Зоран Заев откако тој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„37 години ме вреѓаат и ќе ме вреѓаат дека сум шипац и натаму го прават тоа разно разни политичари, прецедници, премиери, новинари, педери, лезбејки, борци за човекови права, стрејтери и остали па еве ме жива и здрава сум. Ај намалете доживљај и не ми глумете пипави и увреџени аман. Иначе увек и заувек поддршка за педерите и лезбејките...Ок?“, напиша Шаќири-Марковиќ.

Коментари | пред 6 години

ognen-janeski

Јанески: Многу педерски премиере, ај сега зградата во боите на виножитото да ја обоите сосе извинување

Новинарот и активист за човекови права, Огнен Јанески, реагира по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден "педер"? Оооо... Боже Господе! Страхотно! Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, "час поскоро", напиша новинарот Огнен Јанески.Прочитај го и ова:Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат ВладатаУранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различноститеГеровски: Дали Заев ми се заканува, веднаш да се извини за оваа срамна и безобразна изјава!

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-zoran-zaev

Геровски: Дали Заев ми се заканува, веднаш да се извини за оваа срамна и безобразна изјава!

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше за „Рекет“ во „Плусинфо“ реагира по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВШокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од "криминалците" што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. "Педерот" што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, пишува Геровски.Прочитај го и ова:Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат ВладатаУранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различностите

Македонија | пред 6 години

Uranija-Pirovska-2000

Уранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различностите

Активистката и борец за човекови права Уранија Пироска реагира по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!“, вели Пироска.Прочитај го и ова:Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат Владата 

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат Владата

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека лично тој нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинари еден педер да ја урнеле Владата.„Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Ќе се бориме до крај, а секој ќе си сноси одговорност“, рече Заев за „Рекет“ВИДЕО:https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2333885350027696/

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања