Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

makedonija

(ВИДЕО) Песната „Македонија зесекогаш“, се шири со молскавична брзина

На Јутјуб каналот објавен спот за песната „Macedonia forever“, од групата „Ајга“.  Музиката и текстот ги потпишува Дарко Тасевски, додека аранжманот е авторство на Иван Тренчевски и „IT music production“.Дел од текстот оди вака:Call my name,Call my name,Call me Macedonia!My name is Macedonia!Групата и авторите се оградуваат  од сите политички партии,организации, личности. Песната се шери со невидена брзина по социјлните мрежи.

Магазин | пред 6 години

Stojanoski-IZJAVA-1308-1

ВМРО ДПМНЕ: претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе?

Додека државата ја тресе најголемиот коруптивен скандал во моментов, „Рекет“, поставуваме прашање до министерството за здравство дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за клиничкиот центар се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.Имено дали претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе. Дали истите се вработени по партиски клуч и од партиски списоци, и дали воедно истиот ден се поделени решенија за специјализации од кои денес на јавноста ќе презентираме две.Дали на истиот тој список на нововработени се наоѓа и ќерката на главната сестра за превентива Здравствен Дом Скопје – работна единица Карпош, инаку истакнат партиски активист на СДСМ во Карпош? Дали гореспоменатата без ниеден ден на работен стаж како доктор добива специјализација по дерматовенерологија?Истовремено, дали членот на комисијата за доделување специјализации при Здравствениот Дом, во исто време и советник за превентива во Здравствениот дом, самата на себе си доделила специјализација по неврологија.Дали сето ова вистина и дали за ова некој ќе поднесе одговорност?Дали и како е воопшто можно советник на директорот на Здравствениот дом сам на себе да си додели специјализација?Ги повикуваме надлежните институции сите овие сомнителни постапки да ги подложат на ревизија и секаде каде што постојат неправилности да бидат поведени соодветни постапки, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

soob-porta-vlae

(ВИДЕО) Moментот од страшната сообраќајка кај Порта Влае

Видеото до кое дојде Пресинг ТВ го покажува моментот на страшната сообраќајка што синоќа околу 23 часот се случи во Порта Влае.Луѓето кои седеле во кафулињата во околината сведочат за силината на ударот и дека е вистинска среќа што има само еден полесно повреден. МВР се уште нема излезено со детали за несреќата.

Скопје | пред 6 години

zoki-kicheec-boki-13-960x564

Боки 13 и Зоки Кичеец остануваат во притвор уште 30 дена

Продолжен притворот за Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, за уште 30 дена, вака одлучи Кривичниот суд по барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција.„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, писмено извести Кривичниот суд.

Македонија | пред 6 години

silegov-1

Шилегов: Тврдењето на Беџети е делумно точно

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, откако беше прозван од неговиот колега, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, дека врз него се вршело притисок за да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста, рече дека тврдењето на Беџети е делумно точно.– Јас побарав да се сруши платформата која што беше започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдеше дека е постоечка и дека се врши реконструкција. Всушност, реакцијата на јавноста, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа предметна платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка ми е непознат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа – рече Шилегов на денешната прес конференција. 

Македонија | пред 6 години

ebola-kongo

Смртоносното заболување ебола наскоро би можело да биде излечиво - лековите за ебола со 90% успешност

Смртоносното заболување ебола наскоро би можело да биде излечиво, бидејќи резултатите од пробните лекови покажале значајно зголемување на бројот на преживеани, соопштиле денес научниците.Лекарите тестирале четири типа лекови на пациенти во Демократска Република Конго, каде се појавила голема епидемија од ова вирусно заболување, и се покажало дека повеќе од 90% од заразените лица можеле да преживеат ако се третираат со најефикасниот од четирите тестирани лекови во рана фаза од болеста.Здравствените служби наведуваат дека со овие нови лекови ќе започнат лекување на сите заболени од оваа болест во ДР Конго.Сепак, најлошата епидемија на ова вирусно заболување траела од 2014 до 2016 година, зафаќајќи ја Западна Африка, главно Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Во тоа време, околу 28.616 луѓе се разболеле, а околу 11.310 умреле. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Четворицата вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, го оштетиле буџетот на државата за 50.670.000,00 денари

По сеопфатна истражна постапка отворена во март годинава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, македонски државјани. На тројца обвинети им се става на товар дека со извршените дејствија сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за помагање во извршувањето на истото кривично дело.Обвинетите, како службени лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, во временскиот период од 25.01.2007 година до 30.05.2017 година, постапиле спротивно на чл.7 ст.1 и чл.12 од „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во вкупно 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од Одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. Притоа, без да имаат посебно одобрение од Директорот на Управата, без да биде формирана Комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“.Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 50.670.000,00 денари. Поради постоење на основано сомневање дека доколку обвинетите се пуштат да се бранат од слобода може да се дадат во бегство, односно нема да бидат достапни на органите на прогон, особено ако се земе предвид кривичното дело што им се става на товар, надлежниот обвинител заедно со обвинителниот акт, достави и Посебен предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка да се продолжи против тројца обвинети.

Македонија | пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Господине Атанасов одговорете, дали АХВ изврши вакцинација во 22 - те подрачја кои се под опасност од повторно појавување на антракс?

Во Македонија постојат 22 подрачја на кои претходно имало антракс. Според информациите кои ги објавија медиумите оваа година не е извршено вакцинирањето во ниту едно од дистриктните подрачја во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Согласно процедурите властите се должни во рок од 20 години да вршат вакцинирање на подрачје каде еднаш се појавил антракс. Невакцинирањето е сериозна опасност болеста повторно да земе замав во нашата држава.Господине Атанасов соберете храброст и одговорете, дали оваа година АХВ изврши вакцинација во 22 - те подрачја кои се под опасност од повторно појавување на антракс? Доколку не, зошто не, и кој ќе сноси одговорност за таквото неодговорно однесување на вас како институција?Господине Атанасов дали АХВ  ја има известено СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ за појавата на антракс во Република Македонија?Недозволиво и неодговорно е што две недели криевте од граѓаните дека во нашата држава има антракс. Дали ова го правевте затоа што воопшто немате извршено годишна вакцинација против оваа сериозна заразна болест?Господине Атанасов соберете сили и направете храбар чекор. Поднесете си оставка. Не може човек кој молчел две недели дека кај стоката кружи смртоносно заболување, кое може да биде пренесено и на луѓето да ја води АХВ.Наместо бледи пресконференции, оправдувања и минимизирање на сериозноста по здравјето на луѓето и добитокот од оваа опасна болест  граѓаните очекуваат од вас одговорност, веднаш и сега, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Lile-stafanova-2

Што кажа Лиле за Катица кај Русковска?

Над 4 часа траеше распитот на обвинителката Лиле Стефанова за аферата “Рекет”. Таа не одговараше на новинарски прашања, само кажа дека пред надлежен обвинител во Обвинителството за организи криминал и корупција кажала се што знаела за поврзаноста на “Империја” со “Рекет”.  Таа не сакаше да коментира ништо повеќе бидејќи е сведок во предметот.Утре, пак,  свој исказ за овој случај треба да даде нејзината шефица, обвинителката Катица Јанева. Двете се во својство на сведоци, а засега само двајца се осомничени и притворени,  Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Македонија | пред 6 години

11

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, поднесов барање Антикорупциска да отвори случај

„Одговорно тврдам дека ниту јас ниту член на моето семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото и денеска доставив барање до Антикорупциската комисија да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги, рече министерот Оливер Спасовски во денешната изјава откако го поднесе барањето до Државната комисија за спречување на корупција, а по лагите што ги изнесе политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна инволвираност на министерот Спасовски во сопствеништвото на компанијата Пин петрол и наводно постоење судир на интереси.„Како министер за внатрешни работи, но пред се како граѓанин на оваа држава, секогаш сум се залагал и ќе се залагам за целосно почитување на законите и нивна неселективна примена. Изминатиов период политичката партија ВМРО-ДПМНЕ направи безуспешни обиди да ме дискредитира и во јавноста изнесе целосни лаги и невистини за мој наводен сопственички удел во новата инвестиција на компанијата ПИН Петрол во Куманово. Поднесов барање Антикорупциската комисија да направи проверка на мојата имотна состојба, имотната состојба на моето семејство и да ги превземете сите неопходни активности во насока на проверка на наводите за постоење на судир на интереси. Да се утврдат фактите. Не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста. Тоа не може да биде стандард ниту во државата ниту во политиката„, рече Спасовски.

Македонија | пред 6 години

13082019_VRSM_sednica_3

Оливер Спасовски ќе раководи со новиот тим кој ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата

Владата на Република Северна Македонија денеска ја започна редовната 149-та седница со носење на одлука за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.  Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик  министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија покажува силна решеност да не запре борбата против криминалот и корупцијата како стратешка определба.Владата на Република Северна Македонија бескомпромисно ќе работи со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега. Оперативниот тим е целосно подготвен  да се стави на располагање на Јавното обвинителство и на судовите во остварување на нивните законски обврски.  

Македонија | пред 6 години

SAR

Владата демантира: Информациите дека владата купува хеликоптер за медицински цели се шпекулации, незнаење и дезинформации

Изнесените наводи на прес-конференцијата, одржана на ден 12.08.2019 година, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на генералниот секретар, Игор Јанушев, дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра, се шпекулации, незнаење и дезинформации, се вели во демантот од Владата.Владата на Република Северна Македонија подготви проект за воспоставување на јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service)  хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат услуги и тоа:-           Бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги,-           По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија,-          Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија,-          За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија,-  На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо. Ова е пример за јавно приватно партнерство, кое во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо и неостварливо, се вели во демантот од Владата.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Охрид: Лаги, манипулации и евтин популизам, тоа е добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ

Лаги, манипулации и евтин популизам, тоа е добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ, но на вчерашната прес конференција господинот Сашо Донев, кажа една голем вистина, дека состојбата во образованието е катастрофална, дека санитарните јазли во училиштата се во лоша состојба. Вистина е и дека долги години наназад нашите деца учат во училници, во кои има провев, во кои прокиснуваат таваните, а подовите се распаѓаат. Да, таква е сликата во образованието во Општина Охрид, која што Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ ја оставивте во наследство на оваа локална власт, се вели во реакцијата од Општина Охрид.Тоа беше нашиот мотив 2019-та година да биде година во која што посебен акцент ставаме на образованието, тоа беше мотивот и за прв пат во историјата на нашата општина да имаме програмата за образование, во која се планирани важни инвестиции во училишните објекти.Веќе е започната постапка за јавна набавка во износ од 15 милиони денари за промена на азбесните кровови во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во Лескајца, како и во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани и подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата Рача. Преку Центарот за развој на југозападниот плански регион започната е постапка за промена на столаријата во ОУ „Свети Климент Охридски“, а планирано е решавање на долгогодишниот проблем со прокиснување на кровот во објектот нагимнзијата „Свети Климент Охридски“. Исто така со средства на УСАИД и учество од општината, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата во тек е и релизирирањето на проектот за изградбата на нова училишна спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”.Важно е да и објасниме на јавноста декасредствата за кои што нагласувате дека сме дозволиле да се извршат, се повлечени во периодот на одржување на Кампањата за Претседателските и  Предвремените локални избори, кога беше забрането објавување на јавни набавки и исплати.Оваа постапка нема никакво влијание на реализирањето на Програмата за основно и средно образование.Токму Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ ги штитевте бизнис интересите со добро познатите  доверители и свесно дозволувавте да бидат трошени средствата по разни основи, само да не дозволите намалување на основниот долг кон омилениот доверител и намалување на неговиот годишен принос на камата. Добро е да се знае декаво периодот кога Вие ја раководевте локалната власт, само по основ на камати истиот тој доверител го зголеми своето конто по основ на камати за  84.170.000 денари, односно дневно му била пресметувана камата во висина од 57.000денари.Би Ве запрашале господине Донев, кој беше договорот за вака свесно неизмирување на обрските кон омилените доверители? Без разлика дали ќе имате доблест да одговорите или не, важно е дека тој Вашпринцип на работае завршен, содоаѓањето на оваа локална власт.Ние како одговорна Локална самоуправа со посветен и одговорен ангажман, долгот на општината го сведовме на историски најниско ниво од 535.000.000 денари. Со 64 доверители постигнавме спогодби за регулирање на долгот, а од 30-ти септември 2018-та година престанаа пресметките на камати по сите основи, за тие доверители.Согласно зацртаните акциски планови за раздолжување на општината, следната фаза е добивање на согласност од Министерството за финансии за задолжување кон домашни или странски доверители, со цел склучување на спогодби со останатите доверители. Кога ќе заврши овој процес, конечно по 17 години, Општина Охрид ќе биде со одблокирана сметка. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти.Ние јасно знаеме да ги определиме приоритетите, работиме посветено, одговорно и домаќински за подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење во Охрид, а граѓаните најдобро знаат тоа да го проценат, се вели во реакцијата од Општина Охрид. 

Македонија | пред 6 години

tasos-pozar-2

Пожар на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летни одмори

Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот.Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Од воздух гасат два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница.Во Грција активни во моментот се четири пожари вклучително на островот Евија, во реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива.

Свет | пред 6 години

74c47bec-37f0-4344-835e-37d98132efde-1

Беџети: Заев бараше да влијаам врз членови на Судскиот совет за разрешување на претседател на суд

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска на прес – конференција истакна дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз него, со тоа што побарал да влијае на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд. Беџети кажа дека премиерот Заев на 17 јули му се јавил и му рекол дека треба да помогне да смени претседател на суд и таа работа треба да биде завршена до септември.„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.Беџети додаде дека овој период врз него се прави политички притисок. Вели дека прво премиерот Заев му се јавил и барал од него да ги поништи легализациите на дивоградбите. Како што кажа Беџети, Заев преку неговиот шофер му ја пратил целата документација за платформите на Матка. И градоначалникот Петре Шилегов барал од него да се урне една платформа, а другите две да останат.Беџети кажа дека за ваквите притисоци од премиерот Заев не го информирал претседателот на ДУИ Али Ахмети и партиското раководство бидејќи бил на одмор, но деновиве ќе го стори тоа.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јанушев: Пендаровски ја пушти низ вода на Катица Јанева

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев по денешната прес конфренција одговараше на новинарски прашања. Прашањата и одговорите ви ги пренесуваме во целост:Прашање новинар: Сметате ли дека Заев до сега требаше да и се обрати на јавноста или дознавте дека вчера се вратил од одмор?Игор Јанушев: Од оние информации кои што јас ги имам веќе неколку дена е тука, не се вратил вчера. Меѓутоа  тотално е небитно дали Заев ќе се обрати или не, бидејќи од минатото искуство со него знаеме што и да каже всушност лаже. Така да и да се обрати очекувам да продолжи во стилот на неговото однесување исто како и до сега.Прашање, новинар: Меѓународната заедница инсистира на Законот за јавно обвинителство како дел од создавање на една правна држава. До каде се преговорите со оглед на тоа дека владата ве обвинува дека сакате трансформирање на СЈО?Одговор: Мило ми е што го поставивте прашањето бидејќи исто како и ВМРО-ДПМНЕ и меѓународната заедница инсистира на еден квалитетен закон за Јавно обвинителство. Всушност со она што го понудивме дали како амандмански, дали како измени на текстот на предлогот доставен од влада, дали нашиот текст кој што го подготвивме сме на иста линија со меѓународната заедница, бидејќи исто како и нас и тие инсистираат на доследна недвосмислена, неселективна примена на правото и владеење на правото. Така да освен создавање на алиби никако поинаку не можам да ги протолкувам обидите на СДСМ, Заев и власта во однос на обвинувањата кон нас.Прашање, новинар: Останувате ли и понатаму да инсистирате на сите нови предмети после јуни 2017 година да не бидат отворани?Игор Јанушев: Не знам зошто воопшто зборуваме дали некој инсистира за тоа. Ние инсистираме на доследна примена на законот. Ако сте го погледнале законот ќе видите дека после тој датум во јуни 2016 година никој нема право да поднесува обвинение. Не знам и не можам да разберам зошто се уште никој не го покренува прашањето за одговорност, за некој кој преземал дејствија, трошел државни пари значи пари што ние ги плаќаме од даноци знаејќи дека тоа не смее да го прави и се појавувал како неовластен тужител. Некој треба да одговара за тоа. Тоа е како вие вршејќи ја вашата работа да знаете дека нешто не смеете да правите, дека ви е забрането со Устав и закон, а сепак да го правите и притоа да очекувате дека нема да имате никаква одговорност. Тоа е вистинското прашање.Прашање,новинар: Јавното Обвинителство го искара Претседателот Пендаровски дека во вчерашното обраќање извршил на некој начин притисок со тоа што велел дека се на колективни одмори и повика на одговорност на политичарите. Дали тука сега се префрла некако топката, институциите ја префрлаат топката наместо да се води една квалитетна истрага?Игор Јанушев:  Јас имав утрово еден ФБ статус во однос на обраќањето на Пендаровски. Веројатно Пендаровски не ги знае своите ингеренции бидејќи во еден дел од неговата изјава кажа дека ги презема сите мерки и активности за да непречено се одвива истрагата. Меѓутоа како претседател на Република Македонија веројатно заедно со неговиот тим не успеале докрај во овие неколку месеци да проверат кои се се надлежностите на претседателот. Од друга страна видовме за неколку работи како се обидува да создава алиби, беше во еден дел во однос на датумот кој што го чекаме во октомври, во друг дел беше т.н. пуштање низ вода на Катица Јанева и во можеби уште неколку други сегменти. Меѓутоа она што имав прилика вчера да го видам повеќе ми изгледаше да се излезе, да се каже нешто, сметајќи дека е попаметно отколку да се молчи понатаму. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јанушев:„Боки е само извршителот на еден поголем  и покомплексен  систем, кој е управуван директно од врвот на власта“

Пријателот на Зоран Заев, Боки Тредичи знае кој судија, кога е дежурен, кој нема да се појави и кој ќе дојде на негово место и што е најважно знае какви одлуки ќе бидат донесени од страна на судовите.Ниту Боки, ниту Кичеец можеле да знаат како ќе се одвиваат постапките пред суд, што ќе преземе судот, а што обвинителството, кога и кој ќе биде ослободен, а кој ќе заврши во затвор, ако за тоа директно не добиле информација од врвот на власта, кој ги координирал и менаџирал активностите со правосудните органи, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Дали на вакво менаџирање мисли Боки кога вели дека Заев знаел се и дека се заедно во играта?Боки е само извршителот на еден поголем  и покомплексен  систем, кој е управуван директно од врвот на власта, во кој има директна спрега помеѓу врвот на извршната власт, судовите и обвинителството.Македонија нема ама апсолутно никаква полза од лицемерието на Заев и лажните повици за правда, во реалноста и тој и неговата Катица Јанева ги чистат трагите. Не случајно во овие месец дена и Заев менуваше телефони и протоколи, вадејќи се на скандалот со украинските комедијанти, а Катица губеше и форматираше и телефони и компјутери.Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот Рекет одмараат. Катица Јанева, без која слушанавме од разговорите објавени во Ла Верита и не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор се шета по плажи.Русковска со недејствувањето и непритворањето на Јанева овозможи со своето неделување можност Јанева да уништува докази и да влијае на сведоци.Русковска мора да сноси одговорност за пропустите и просторот што и го отвори на Јанева, но и за другите замешани да влијаат на сведоци и уништуваат докази.Јанева  и СЈО се алатката преку која е вршен рекетот, кој без директна поддршка од власта не би бил можен. Боки 13 и Зоки Кичеец се само обични извршители. Затоа истрагата мора да се прошири до врвот на власта. Не се доволни оградувањата од Јанева и најавите преку медиуми дека ќе биде пуштена низ вода. Одговорност мора да има за сите. Целата спрега помеѓу власта, судот и обвинителството мора да биде разоткриена.Русковска и ЈО не смеат да си поигруваат со правдата.Ниту власта, ниту правосудните органи немаат веќе кредибилитет пред граѓаните. Зоран Заев мора да понесе одговорност. Оставка веднаш и организирање на итни предвремени парламентарни избори, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto

Кабинетот на Пендаровски: Претседателот по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек. Потенцираме дека Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се, за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“. Кабинетот на Претседателот Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност, с евели во соопштението од кабинетот на претседателот. 

Македонија | пред 6 години

IMG_3461-13-08-19-12-53

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Власта на СДСМ промени тројца директори во Центар за култура „Григор Прличев“ и пак резултатите се катастрофални

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид.Иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години.Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат:Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа?Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“?Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“?Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери.Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата.СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид.

Македонија | пред 6 години

vozilo-gumi

ФОТО: Синоќа си го оставил “голфот” во Чаир пред маркет, утринсва го нашол без тркала

Ноќеска во скопската населба Чаир, кај маркетот „Метро“ непознати сторители ги извадиле тркалата од паркирано возило и си заминале.Сопственикот случајот го пријавил во полиција. 

Скопје | пред 6 години

pusenje

Во Црна Гора од утре забрана за пушење во затворено – казна за прекршителите дo 20.000 евра

Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, утре стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.Со законот строго се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината. Според овој закон, забранета е употребата на тутунски производи во која било просторија или дел од просторија каде што се консумира храна или пијалаци.Со новиот закон се пропишува и забрана за ставање во промет на тутунски производи чие пакување не содржи здравствено предупредување, кое се состои од здравствено/текстуално и сликовито предупредување, кое мора да покрива по 65 отсто од предната и задната надворешна површина на поединечно пакување на тутунски производи.Оние што ќе ги прекршат одредбите на законот може да платат казна до 20.000 евра.

Свет | пред 6 години

zaev-pliva

Заврши одморот на премиерот и министрите, денеска Владина седница

Заврши одморот за премиерот Зоран заев и министрите. Прва владина седница денеска по одморите. Како што соопштија од владината прес-служба, на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на земјава и Франција во операцијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

Македонија | пред 6 години

zan-mitrev

Клиниката „Жан Митрев“: Отворени сме за соработка со Антикорупциската комисија

Клиниката Жан Митрев ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.  Тие  преку соопштение валат:„Ја поздравуваме иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија. Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината“, се вели во соопштението од „Жан Митрев“. 

Македонија | пред 6 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

ГДУ: Бараме неотповиклива оставка од директорката на ЈП „Билјанини Извори“

За жал, денес сме сведоци на неетички и неморални постапки во кои целосно се злоупотребува вработен во ЈП „Билјанини Извори“, притоа не мислејќи на последиците кои му ги нанесуваат. Сепак се работи за човек кој дома има едно мало детенце, а на пат е уште едно.Како и да пробаат да го оцрнат работникот, само ќе покажат дополнително колку многу „РАБОТЕЛА“ етиката и моралот кај таквите личности, како што е директорката на јавното претпријатие. Мораме да напоменеме дека со многу слични ситуации бевме соочени на локалните избори и до нас пристигнаа многу други вакви застрашувачки информации, но бевме немоќни поради недостаток на докази. Моќта на СДСМ на локалните избори беше преголема што не дозволуваа да испливаат ваквите информации, нормално со помош на сите институции кои ги раководат, се вели во соопштението од ГДУ.Една таква институција е баш ЈП „Билјанини Извори“, за кое имаме сознание дека им наложило на своите вработени да гласаат за СДСМ или во спротивно ќе ги изгубат работните места, но не само тоа, туку и да донесат уште најмалку 5-6 гласови. Замислете до кој степен оди работата кога се подготвени дури и лебот на родител кој храни деца да му се одземе. Колку е тоа ниско и колку и да боли, тоа е целата вистина за локалните избори.ГДУ-Охрид целосно застанува во одбрана на својот сограѓанин и ќе се заложи да ја истера правдата до крај. Бараме неотповиклива оставка од директорката, која се осудила на ваков потег и ја злоупотребила својата службена должност и посегнала на ваков чекор, а воедно очекуваме надлежните институции да ги преземат потребните чекори и да се задоволи правдата. Згрозени сме од дополнителните информации кои ги слушнавме од нашиот сограѓанин и на какви се закани бил наложен и пред и после изборите, но за жал не е се документирано.И за крај, го прашуваме градоначалникот, дали е ментор на целиот притисок? Дали има сознание за ваквиот потег на директорката? Каква е неговата улога во притисокот и заканите врз вработените во јавната администрација, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

lari

Гајсер: „Сигурен сум дека Заев е на крајот од кариерата, парламентот и претседателот на државата ќе се освестат и ќе го разрешат премиерот

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“.  Соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив. Тој посочи дека се разоткри системска корупција, политичка и судска, за што стравувал дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме, вели Гајсер.Тој напомена дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е по овој скандал Заврши.„Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има премиер кој прави штета на земјата. Тој треба да се смени што е можно побрзо. Имам слушнато сценарио во кое се вели дека јас сум продолжена рака на Орбан и Салвини и дека бараме начини за контрола во Македонија. Ова е чиста измислица! Не вреди ниту да трошам време за да коментирам нешто вакво. Не го познавам ниту Салвини ниту Орбан“, вели Гајсер во интервјуто на радио.Во целава ситуација единствено молчат федерика Могерини, којашто ја поддржуваше Катица Јанева, и премиерот Зоран Заев, заклучува Гајсер, оценувајќи дека некои од Меѓународните претставници не сакаат да ја видат корупцијата во Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања