Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Foto-4-3

Претседателот Пендаровски го прими Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили, адмирал Хакон Брун-Хансен

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен. На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Норвешка, особено за билатералната воена соработка. Соговорниците заклучија дека со идното членство на Северна Македонија во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на двете земји. Претседателот Пендаровски се заблагодари за норвешката поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на норвешкиот парламент во јуни. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата и до крајот на оваа година Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, со својот придонес во мировните мисии на Алијансата, е активен поддржувач на мирот на глобално ниво и нејзиното зачленување во НАТО е одамна заслужено. Со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе биде заокружена една од клучните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој. 

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Во седумте основни општински училишта jазиците на помалите етнички заедници, изборен предмет за трето одделенците

Општина Центар информира дека почнувајќи од учебната 2019-2020 година, во седумте општински основни училишта, како изборен предмет за трето одделенците, ќе се воведе изучување на јазиците на помалите етнички заедници во Република Северна Македонија.Во текот на месец мај, по препорака на Министерството за образование и наука, Општина Центар спроведе анкета за изразување интерес за изучување на српскиот јазик во паралелките од второ одделение во сите седум основни општински училишта на која позитивно се изјаснија вкупно 153 ученици.Имајќи предвид дека анкетата е спроведена на 29.06.2019 година, односнона денот на доделување на сведителствата, заради можно отсуство на дел од учениците, се очекува оваа бројка да се зголеми откако во септември ќе биде спроведена дополнителна анкета за отсутните. Согласно тоа, очекувањата се дека во учебната 2019-2020 година, ќе има една до две цели паралелки кои факултативно ќе го изучуваат српскиот јазик.Со почетокот на учебната година, веќе во септември, ќе биде спроведена и анкета за изучување на јазиците и на другите етнички заедници, поточно: бошњачки, турски, влашки и ромски јазик, и во зависност од интересот и овие јазици ќе бидат воведени како изборни предмети за учениците од трето одделение.Воведувањето на јазиците на помалите етнички заедници во РСМ како изборен предмет во основните училишта на територија на Општина Центар има за цел да им овозможи на децата од одредена националност и академски да го изучуваат јазикот на националноста на која и припаѓаат, но и да им даде можност на децата од другите националности да се запознаат со јазикот на своите соученици. Проектот е во насока на зближување и заедништво, мултиетничка толеранција и разбирање и изучување и запознавање на децата со што повеќе јазици уште од најрана возраст.

Скопје | пред 6 години

antoc-kola-1

Перо Антиќ паркира кај му ќефне?

На твитер се појави фотографија од автомобил, за која објавувачот тврди дека е од Претседателот на КФМ, Перо Антиќ. Објавувачот напиша: https://twitter.com/grof_Zarkoff/status/1160843920470958080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160843920470958080&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Ftvitovi%2Fne-bidi-pero-antikj%2F

Македонија | пред 6 години

7C534D49-EC49-42F9-B568-A37C8B87D869

Карлеуша за “Репортер”: Боки 13 не ми должи пари, ниту знам дека должи на некому во Србија

Откако македонските медиуми ја пренесоа веста на српски „Курир“ дека Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1,5 милион евра бидејќи толку пари ѝ ги должел на Јелена Карлеуша, пејачката ексклузивно за „Репортер“ демантира дека му дала пари на Бојан Јовановски и вели дека пишувањата се лага.„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот“, пишува Крлеуша.Текстот во целост на Репортер.мк 

Македонија | пред 6 години

zan-mitrev-klinika

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, не најде ништо спорно во работата на „Жан Митрев“

Државниот санитарен издравствен инспекторат во вонреден инспекциски надзор во болницата „Жан Митрев“  констатирал дека здравствената дејност се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.„Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 12.08.2019год. изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019г. При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“, се вели во соопштението.  

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: До мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор..

Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор…, ајде мајката…, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во новиот фејсбук коментар за случајот „Рекет“.„Сето ова делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста како на пример дали оние двајцата осомничени или нивниот нов цимер (прашање на денови) можеа ова да го прават без огромна поддршка од Кики, Фрики, Шеки и Зоки Поки, дали беше толку тешко да се стигне до телефонот на новиот потстанар во Шутка па беа потребни денови, случајот е пријавен во февруари/март со доказите, а се чекаше јули/август да се лоцира каква таква одговорност. Колку од рекетот заврши во телевизијата“, вели Мицкоски.Статусот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во целост :https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1294936724015117?__tn__=K-R

Македонија | пред 6 години

bolnica-struga

Министерство за здравство: Подобрени се условите во повеќе клиники

Со последните активности на Министерството за здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа. Хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир се реновирани двете гинеколошки операциони сали првпат по четири децении. Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија.Во овој процес се опфатени се и здравствените установи во другите градови, како Здравствениот дом Велес каде комплетно е обновена службата за Итна медицинска помош а во Општата болница во Куманово е отворен новиот Ургентен центар, комплетно нов објект изграден од темел.Активностите околу подобрување на условите во јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги спроведува во континуитет со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем.Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес. Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата. Градежните зафати од реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се комплетирани до 80% од целосното реновирање.Како што е дефинирано според планот до крајот на годината ќе почнат работите и на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.Во периодот што следи уште 34 јавни здравствени установи во државата ќе бидат опфатени со активности за реновирање и подобрување на општите услови за работа. На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) веќе е почната постапка за набавка со која ќе биде опфатено комплетно молерисување на сите внатрешни простории, поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци, замена на ѕидни и подни плочки и замена на галантерија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава и унапредување на условите за престој на пациентите, здравствените услуги, како и условите за работа на здравствените работници, здравството во Република Северна Македонија е подигнато на повисоко ниво.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Денес е денот кога пред 18 години Македонија со рамковниот договор престана да биде држава

Денеска се навршуваат 18 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите 18 години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но вистината е поинаква. Со Рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.Со договорот Макеоднија стана некаква збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во Единствена Македонија ја гледаат последната надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за нашиот народ и држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

OJO-javno-obvinitelstvo

Обвинителство го предупредува Пендаровски: Не е време за напади, требаше да повилате да се изгласа законот за ЈО за да не поддржите

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото.ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Следете во живо: Италијанецот Гајсер емитува нови факти за „Рекет“

Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“, се вклучува во живо од студиотот на Радио Каподистри. Гајсер најави дека денес ќе изнесе нови факти за случајот кој ја здрма Македонија, со тоа и нови снимки.Следете го во живо тука.

Македонија | пред 6 години

plaza-111

Водата во Охридското Езеро надмина 26 Целзиусови степени

Топлото време со речиси тропски горештини што деновиве ја зафатија земјата, не го поштедија ниту Охрид каде ретко се случува температурата на воздухот да надмине 30 Целзиусови степени под сенка.Високите температури ја затоплија и водата во Охридското Езеро која на метар длабочина надмина 26 Целзиусови степени, што е над просекот иако се работи за најтоплиот период од годината, така што е мошне пријатна за капење и рекреација.Според информациите од Центарот за јавно здравје во Охрид, водата во Езерото е од прва односно втора категорија, што значи безбедна за спорт и рекреација. 

Македонија | пред 6 години

ramkoven-dogovor

Осумнаесет години од Охридскиот рамковен договор

На денешен ден пред точно 18 години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Подоцна во претседателката резиденција на Водно документот го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, и лидерите на СДСМ – Бранко Црвенковски, на ДПА – Арбен Џафери и на ПДП – Имер Имери. Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел се закони за недискриминација и правична застапеност, понатаму во сферата на идентитетот, културата, образованието и децентрализацијата на власта.За успешна имплементација на договорот беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а од годинава надлежноста за рамковниот ја презеде новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Две жени каснати од кучиња скитници во Скопје

На 12.08.2019 во 11,20 часот во Полициската станица Центар М.А.(37) од Скопје пријавила дека на плоштад Македонија додека возела велосипед била касната од куче скитник во пределот на десната нога. На 12.08.2019 во 15,00 часот во Полициската станица Центар М.Т.(25) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.  

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Две лица повредени - автомобил излетал од патот и удрил во ѕид

На 12.08.2019 во 18,00 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата “Чеде Филиповски Даме“ патничко моторно возило “Лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш,  излетало од коловозот и удрило во  ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

12 сообраќајни незгоди за 24 часа во Скопје

Во текот на изминатиот ден (12.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престигнување, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои шест лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кокаин пронајден во „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки

На 13.08.2019 околу 4 часот и 25 минути, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

apsi

Уапсени две лица од Тетово - во автомобилот им пронашле кокаин

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 13.08.2019околу 1 часот и 45 минути, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сашко Кедев ја помина една од најтешките алпинистички патеки во Европа

Пред четири дена на 8ми август карсиологот Др. Сашко Кедев се искачи на швајцарскиот врв Ајгер (Eiger).До врвот Ајгер Др. Кедев поминал преку Mittellegi ridge, кое важи за една од најтешките и најпредизвикувачки алпинистики патеки на Алпите.Кедев е единствениот македонски алпинист кој ги освоил највисоките врвови на сите седум континенти.

Магазин | пред 6 години

struga

Стружани испратија SOS Сигнал

Стружани не можат да спијат поради прегласната музика од неколку локали во градот за кои како што велат не важат законите. Полицијата се прогласува за ненадлежна иако според член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир се должни да постапат доколку е нарушена благосостојбата и мирот на граѓаните, посебно по 23 часот, се вели во апелот на граѓаните на Струга.„Гласната музика ги попречува стружани нормално да функционираат, а туристите и гостите да се одморат. Во целиот овој општ хаос и лудило, неверојатно е како сѐ уште доаѓаат гости. Прво самото поставување опрема за озвучување надвор од локалите е спротивно на Законот за бучава и позитивните стандарди поврзани со животната средина. Гласноста на звучниците поставени надвор од локалите е над секое пристојно ниво. Без разлика дали се работи за ден или ноќ, не постои време од денот кога човек може да води нормален разговор. Ова што се случува е изживување, а општина Струга и инспекциските служби како надлежни молчат и не реагираат.Ја молиме јавноста, медиумите и Владата за помош. Во спротивно, граѓаните е најпаметно да откажат послушност и да ја напуштат принципиелноста во своите обврски кон државата и општината. Примитивно, бедно и неверно е дека во 21 век во нормално општество нема да можеш да спиеш мирно во својот дом и ќе бегаш подалеку од него за да најдеш мир и сон. Помош Влада! Помош општина Струга! Помош МВР“, апелираат граѓаните на Струга 

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Обвинителката Стефанова дојде на распит - сведочи за случајот „Рекет“

Обвинителката Лиле Стефанова денеска сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во врска со истрагата за случајот „Рекет“, во кој засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец.  Распитот го води заменичката на Вилма Трајковска, обвинителката Ивана Трајчева.Инаку Стефанова е повикана на распит  за аферата „Рекет“ по објавените снимки  каде Катица Јанева  вели дека Стефанова е под нејзина контрола.По ова Стефанова пак кажа дека Јанева носела одлуки за предметот „Империја“, каде осомничен е Орце Камчев, без најзино знаење. 

Македонија | пред 6 години

izbori-gordana-2

Бивш вработен тврди: Ме избркаа затоа што не гласав за СДСМ - директорката пак обвинува „тој крадеше“

На социјалните мрежи, но и по медиумите стигнаа принт скринови од разговор на веќе избркан вработен од Јавно Претпријатие „Билјанини извори“ Охрид и директорката на ЈП. Тој тврди дека директорката на Јавното Претпријатие, Гордана Јованоска, го избркала  по изборите затоа што не гласал заедно со својата жена за кандидатот на СДСМ. Тој преку пораките докажува дека е избркан од работа бидејќи неговата жена не гласала за време на локалните избори во Охрид.Неофицијално избрканото лице имало уште докази за закани кон него и дека  истите ќе ги обелодени.Директорката пак на  Јавно Претпријатие „Билјанини извори“ Охрид Гордана Јованоска, со сосема поинаков став. Таа вели ова што најпрво го објави господинот Борче Мурџо, а потоа и веб портали е сосема различно од вистината за која што на Мурџоски не му го продолживме договорот.„Имено тој до сега кај нас работаше со договор на дело и за неговата работа имаше еден куп престапи, не беше редовен наработа потоа се обидуваше на подкраднува на сите кои ги користеа нашите паркинзи затоа што тој работеше како наплатувач на паркинзите“, вели Јованоска.Таа објаснува и настан, за кој што вели ја прелил чашата.„На 31 јули една госпоѓа од Штип која сакала да пушти СМС порака тој и кажал, не не треба да пуштите порака ситемот е расипан, дајте ми 160 денари за 4 саати и јас ќе ја регулирам работата. Жената еден саат седела до колата, не добила никава сметка , не видела ништо на колата и таа се јави кај мене да се пожали и да види како да се регулира за нејзината кола да не и биде крената или да не биде санкционирана на друг начин.  Ги пуштив контролорите и тие ја увидоја  вистинската причина дека на госпоѓата со штипска регистарска таблица и се земени 160 денари, а не е ставана сметка, за што Борче Мурџоски признал дека парите си ги зел, ама не поставил сметка.  Ова не се случи еднаш туку неколку пати и цело Скопје знае дека истиот тој цело лето така работал и од таа причина ние од 1 август не му го продолживме договорот“, вели Јованоска.Директорката со свој коментар и за пораките на месинџер.„Тоа што го кажуваат дека тој бил од друга почитичка партија и дека јас сум го навела за изборите, нема никаква врска тоа е дел од разговор, каде тој самиот се нудеше дека ќе збира гласови, дека ќе гласа за СДСМ , на што јас воопшто не реагирав бурно, туку само да го испочитувам на неговиот месиџер. Таа е вистината. Ако сакате да ги подржуваме ваквите подкрадувачи на  паркинзи и сите граѓани да бидат на некој начин ограбувани нема проблем“, вели Јованоска.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Грижата за земјоделците продолжува, исплатени 106 милиони денари за дополнителна субвенција за килограм предадени јаболка

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со реализација на мерките што значат вистинска грижа за земјоделците.Во текот на вчерашниот ден, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25ти декември 2018 година.Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите заради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.Паралелно со оваа мерка, се реализираат други мерки и политики што се во интерес на граѓаните.Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари.Како одговорна партија продолжуваме се спроведување на мерките што го враќаат достоинството кај земјоделците и го унапредуваат и развиваат земјоделството како клучна стопанска гранка, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени

Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија е загубена држава.Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици.Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот.Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски  и Катица Јанева, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на било која врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев.Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај?Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев?Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?СДСМ и Заев ја ставија државата во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет.Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот  а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада.Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за припишување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев.Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро.Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

avstralija-1

(ВИДЕО) Во центарот на Сиднеј, жена избодена со нож

Жена е хоспитализирана откако се здобила со убодни рани во напад со нож што се случи денеска во австралискиот град Сиднеј.Полицијата успеа да го приведе мажот кој ја нападнал. Тој претходно се обидел со нож да нападне уште неколку луѓе, соопшти полицијата. Според локални медиуми, пронајдено е и тело во близина на нападот, но засега нема полициски информации дека напаѓачот убил човек.https://twitter.com/Andrew_Denney/status/1161134805993439233?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1161134805993439233&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fzena-izbodena-so-noz-vo-centarot-na-sidnej-napagjachot-sovladan-so-gajba-i-stol-video%2Fhttps://twitter.com/deadsetdaniel/status/1161137327172812800?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1161137327172812800&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fzena-izbodena-so-noz-vo-centarot-na-sidnej-napagjachot-sovladan-so-gajba-i-stol-video%2F  

Свет | пред 6 години

7C534D49-EC49-42F9-B568-A37C8B87D869

Боки 13 со парите од Орце Камчев враќал долгови на српска пејачка

Српски Курир обелодени шокантна вистина. Имено српскиот весник пишува дека всушност првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 всушност го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша.Како што објави српски „Курир“, Боки 13 на неколку наврати позајмувал пари од Карлеуша, а кога западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто и позајмуваше пари. Кога влезе во долгови и кога естрадната кариера не му одеше баш најдобро, реши на лесен но валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би ги вратил на Карлеуа парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, а остатокот би го искористил за бизнис кој би му донел пари, а половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во случајот Рекет, вели извор за српски Курир.Воден од оваа идеја почна да преговара со Камчев. Почетната сума која ја побарал од бизнисменот е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спаковани во торба Луј Витон. Снимката на која Боки ги зема парите од Камчев ја објави пред една недела италијанскиот весник Ла Верита. На 4 март Камчев беше ослободен, а пред месец дена Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица, и моментално е во затворот во Шутка, како првоосомничен за случајот Рекет.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања