Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

izjava-zaev.Still209

Италијанецот Гајсер денес ќе емитува нови снимки од Боки 13, Орце Камчев и Јанева - што има во нив?

Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник Ла Верита, најави дека денес ќе изнесе нови факти за случајот кој ја здрма Македонија, со тоа и нови снимкиГајсер на Фејсбук профилот објави дека нови факти ќе соопшти при гостување на Радио Каподистри во 11 часот.-Македонијо! Утре, 13 август во 11 часот, на Радио Каподистри. Во центарот на нови факти директно од студио-наведе Гајсер.Гајсер во три продолженија , во онлајн изданието на Ла Верита, објави видео и аудио снимки за рекет од 1,5 милиони евра, кои за пуштање од домашен притвор наводно ги платил бизнизменот Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Силен земјотрес во Мексико

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Мексико, а за сега нема информации за евентуално повредени луѓе или причинета материјална штета.Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југоисточно од Тонала, со население од 85.000 луѓе, на длабочина од 92 километри.Тонала се наоѓа во мексиканската држава Чијапас.

Свет | пред 6 години

Add-New-Post-‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome

Италијанскиот весник: Пендаровски го става Заев во ќош и ја изолира Катица Јанева

Претседателот Пендаровски  ги пушта низ вода специјалната обвинителка и премиерот. По нашите откритија по однос на случајот со изнудата, Србија и САД бараат транспарентност. Пендаровски го става Заев во ќош.Предизвиканиот земјотрес од објавените документи од страна на Ла Верита кои докажуваат корупција во македонскиот политички и судски систем го изолира премиерот Зоран Заев и внатрешно и надворешно. САД, освен што пратија свој претставник на консултација со македонскиот претседател Пендаровски, испратија и силна критика кон владата во Скопје, преку радиото Voice of America. По нивна линија, Пол МекКарти од ИРИ, подвлече дека кај меѓународната заедница постои силно стравување дека идејата за правда во Македонија е прегазена поради откриените факти. Попладнето, амбасадорката Кејт Барнс, потенцираше дека скандалот мора итно да се расчисти во согласност со меѓународните закони, пишува Ларис Гајзер за Магазин.мк.Иднината– Се работи всушност за човекот за којшто во моментов странските главни градови изгледаат со намера да се обложат на една мека и демократска транзиција, што е можно појасна. Како и да е, тој знае дека го чека тешка задача со оглед на тоа дека Вилма Рускоска е таа што ги води oбвиненијата за организиран криминал, омилената обвинителка на Заев, на којашто актуелниот премиер сака да и го даде мандатот на специјален обвинител на местото на Јанева, односно на сите случаеви за корупција кадешто и тој можеби е вмешан. Како што имавме прилика да пишуваме за екс-премиерот на конзервативците осуден за корупција, Никола Груевски, на целиот свет му е јасно дека дури премиерот и да не бил вмешан во корумпираниот систем којшто го обелоденивме, тој објективно е виновен за лошите работи што и се случија на Македонија поради неспособноста да ја води државата и неискоренувањето на криминалот што се ширел. Меѓународната позиција на Заев е дополнително загрозена, во генералниот контекст на нашите објавувања, со оглед на тоа дека дури и Шведска интервенираше во последните часови, една од најдемократските земји. Судот во Шведска го одби барањето за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет од Вилма Рускоска за тероризам бидејќи бил вмешан во упадот во Македонскиот парламент во 2017. По приведувањето по барање на Интерпол, шведските судии, не само што одбија да продолжат со екстрадиција на македонскиот граѓанин со оглед на нивната убеденост дека тој е жртва на политички прогон и дека во татковината тој не може да има фер судење , туку дури и му советуваа на прогонетиот да побара веднаш политички азил во нивната држава. Тешко дека македонскиот политички и судски систем можеше да добие поголем укор од страна на либералните демократии. Но, за жал на претседателот Стево Пендаровски, токму овие лица, тие што се сметаат за политички агенти на западот, се тие што ги водат институциите на коишто тој се надева со цел да донесат правда. Корумпираниот никогаш нема сам себе да се осуди. И, еве тој во овие часови за да има што е можно поголема меѓународна поддршка, се обидува да ја разјасни ситуацијата со што е можен поголем број странски главни градови.Повеќе на Магазин.

Коментари | пред 6 години

katica

Меѓународни експерти за рекетот и Катица Јанева: Ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки

Во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопикинс“, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница.Во изјава за МИА, политичкиот аналитичар укажа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо.-Сметам дека главно во момнетов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење над оние кои го извршиле криминалот, изјави тој.На прашање од МИА дали случајот би можел да се одрази врз претпристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија.-До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите, изјави Сервер.Со сличен коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е.-Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена, изјави Мекарти за Гласот на Америка..Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци.Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој.Според него, Специјалното јавно обвинтелство е важна институција која треба да постои, независно како ќе биде организирана, но, оти мора да биде политички независна ако сака да опстане.

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova-960x479

Лиле Стефанова утрово на сослушување во Обвинителство

Јавното обвинителство ги започна сосолушувањата во врска со случајот Рекет во кој засега само две лица се притоврени. Специјалките на СЈО се први на листата.Прва беше обвинителката  на СЈО Елизабета Јосифовска која вчера  била повикана во Јавното обвинителство каде дала исказ за случајот „Рекет“.Државниот обвинител Љубомир Јовевски, денеска за МИА потврди, дека обвинителката Елизабета Јосифовска е сослушана пред надлежен јавен обвинител.Таа пак  претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“, беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Високите временски температури продолжуваат

Сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец. Насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен. УВ+9

Македонија | пред 6 години

soob-porta-vlae

(ВИДЕО) Сообраќајка кај Порта Влае, се судрија 4 возила, повредео едно лице

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва во населбата Влае, на булеварот близу комплексот згради Порта Влае. Во несреќата учествувале четири возила, ауди караван со бугарски регистарски ознаки и мерцедес, бмв и товарно комби, сите со скопски регистарски ознаки, Објави pressingtv.mkСпоред очевидци, до несреќата дошло откако аудито се обидело да го претекне комбето од десна страна и удрило во возило кое било паркирано при што настанал вистински карамбол.Текстот во целост на: pressingtv.mk

Скопје | пред 6 години

5

(ФОТО) Состојбата во Велмеј излегува од контрола, последната цистерна сака да си оди црквата и народот ја блокираа

Општина Дебарца втор ден стравува од страшните пожари кои зафатија шума во селото „Велмеј“. Очигледно жителите се оставени на милост и немилост сами да се справуваат со огнената стихија, откако предмалку и единственото противпожарно возило со пожарникари од Охрид им рекле дека ќе си замине.Од Месната заедница велат дека се уплашени од огнот кој им се приближува кон куќите, но и револтирани од надлежните кои ги оставаат сами да стражарат во текот на ноќта.Дополнителен страв за жителите на селото е и ветерот кој го шири огнот, па стравуваат дека во опасност се ставаат нивните живеалишта.„Утрово околку два часа пожарот го гаснеа два канадери, но, потоа, ни кажаа дека имаат забрана за летање и се повлекоа. Неофицијално, ни кажаа, дека ќе продолжат утре. Попладневно се обидовме да стапиме во контакт со Центар за управување со кризи, но никој не ни одговара на телефонските повици“, вели претседателот на месната заедницаИнаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума. Гори шума со смрека и бор. Неофицијално зафатени е вкупна површина од околу 50 хектари..

Македонија | пред 6 години

stevo-pendarovski-katica-janeva-boki-13

Дали Пендаровски денес индиректно кажа дека Ката ќе си лежи?, прашува јавноста

По денешното прво обраќање на претседателот Стево Пендаровски кој повика на брза и темелна истрага за случајот „Рекет“, а воедно побара од истражните органи да бидат опфатени сите кои учествувале, па дури и ако се дел од власта, на „Твитер“ се појавија бројни коментари и толкувања.https://twitter.com/Tetkicai/status/1160854718769442816https://twitter.com/vodacot/status/1160857479393230849https://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1160860158198714368https://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1160863586450890752https://twitter.com/saso_arsov/status/1160864565116227585https://twitter.com/nebidnina/status/1160871404096643072https://twitter.com/pikabu00/status/1160873133961859072https://twitter.com/VStevk/status/1160880741577895937https://twitter.com/PravednaTavita/status/1160884848111902721https://twitter.com/Igor_Petreski_/status/1160920903745593344https://twitter.com/dr_stole/status/1160937587755880448https://twitter.com/mediciitaliana/status/1160959788680994818https://twitter.com/amon_mra/status/1160989599847596033https://twitter.com/stopanot/status/1160993891576946692https://twitter.com/PlombaNaRana/status/1161001207810404357https://twitter.com/KODiranaVistina/status/1161005639776292866

Коментари | пред 6 години

Koco-Angjusev-vlada

Антикорупционерите го „чешлаат“ Анѓушев: Вицепремиерот поседува куќи и станови во странство, но и илјадници евра

Потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев за кого антикорупционерите отворија предмет и истражуваат за фирмата „Тополки“ во која управител е Тодор Анѓушпев, брат на вицепремиерот Кочо Анѓушев, поточно за тоа како оваа фирма добила од владата државно земјиште за да гради хидроелектрана има неколку станови, куќи, возила, удели во фирми, депозити кои се проценуваат во илјадници евра.Анѓушев во анетниот лист пријавил два стана на негово име од кои едниот во Белград, а три во сопственост на неговата сопруга. Тој има и три деловни простории во Скопје, но и куќа во Грција. Анѓушев пријавил и златен накит, моторен чамец, автомобил „ауди“, „ренџ ровер“ и други недвижнини.Месечно, потпреседателот добива и кирија во износ од 140 илјади денари, но зема и камати по основ на даден заем. Тој поседува и депозити од илјадници евра во две банки во земјава.

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Што поседува и колку тежи Орце Камчев?

Реномираниот економски магазин „Форбс“ во 2016 година го прогласи Камчев за најбогат Македонец, кој преку неговата компанија „Орка холдинг“ е сопственик или косопственик на болницата „Систина Аџибадем“,  на „Стопанска Банка- Битола“, на најголемиот земјоделски комбинат ЗИК „Пелагонија“, на градежната фирма „Бетон-Штип“, хотелот „Ибис“, на медиумската куќа МПМ и десетина други фирми. Тогаш „Форбс“, 46-годишниот Камчев е еден од најмладите на листата на најбогатите, но и еден од ретките кој лани го зголемил богатството.Камчев е поврзан и со оф-шор фирмата „Ексико“, најуспешната компанија во земјава со непознат сопственик, која е регистрирана на иста адреса во Олбани, САД со фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач се самоуби, а беше сведок на СЈО и меѓу 56-те аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов за криминали произлезени од прислушуваните материјали. „Ексико“  е акционер или партнер во фирмите на Камчев „Стопанска банка АД – Битола“,  „Пелагонија“,во хотелот „Ибис“ и во „Бетон – Штип“.Во бомбите на опозицијата беа презентирани разговори меѓу тогашните премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во кои тие разговараат за парцели за кои беше потребна промена на Деталниот урбанистички план (ДУП) и на Генералниот урбанистички план (ГУП), односно земјиште од Парк-шумата Водно да се пренамени во градежно. Според опозицијата, парцелите вределе 17 милиони евра, а сопственик бил Груевски. Тој наредил да се сменат ДУП-от „Тасино чешмиче 1“ и „Капиштец - Водно“. Според стариот ДУП, едната локација во Капиштец-Водно, била предвидена  за спорт и рекреација, а со новиот била пренаменета за домување со посебен режим, а сопственици на овие парцели станале фирмите „Кара“ на Орце Камчев и оф-шор компанијата „Ексико“. Груевски ги демантираше овие наводи на опозицијата.„Бетон – Штип“ пак е една од најангажираните во градењето на проектот „Скопје 2014“ со работа за околу 55 милиони евра.  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still219

Алармантна состојба во Дебарца, пожарот се шири кон куќите

Општина Дебарца втор ден стравува од страшните пожари кои зафатија шума во селото „Велмеј“. Жителите велат дека гори смрека, даб и бука, на вкупна површина од околу 50 хектари.Дополнителен страв за жителите на селото е и ветерот кој го шири огнот, па стравуваат дека во опасност се ставаат нивните живеалишта. За „Скопје 1“ од Месната заедница велат дека ситуацијата е алармантна, а тие се гневни бидејќи во моментов само едно противпожарно возило се справува со огнената стихија.„Утрово околку два часа пожарот го гаснеа два канадери, но, потоа, ни кажаа дека имаат забрана за летање и се повлекоа. Неофицијално, ни кажаа, дека ќе продолжат утре. Попладневно се обидовме да стапиме во контакт со Центар за управување со кризи, но никој не ни одговара на телефонските повици“, вели претседателот на месната заедница.Попладневно опожареното подрачје го посети и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, но не е познато дали тој лично се обратил до надлежните институции за да побара помош, бидејќи до овој момент, мештаните велат дека никој не реагира за да спречи поголеми последници од огнената стихија.Жителите на селото во Општина Дебарца се самоорганизирале за да стражарат во текот на ноќта, за да не случајно, пожарот навлезе во селото, односно, за да реагираат доколку огнот навлезе во некоја од куќите.

Македонија | пред 6 години

40516082_1017160845120744_7311396941936459776_n

Пензионерите со поддршка за Пендаровски: Тој ќе ја врати вербата на нацијата, посебно по говорот за „Рекет“

„Со тоа што Пендаровски побара сите споменати во аферата да дадат самоиницијативно изјави пред органите на прогонот,тој покажа дека е претседател на сите граѓани“, вака партијата на пензионерите ја оценуваат изјава на Пендаровски кој кажа дека сите кои учествувале, треба да одговараат за „Рекет“ без разлика на партиската припадност.Партијата на пензионери смета дека Пендаровски, со својата изјава, ќе ја врати вербата на нацијата дека остануваме на евро-атланскиот пат, но ќе придонесе и за зачувување на довербата на меѓународната заедница, дека можеме да гарантираме правна држава е подеднакво владеење на правото.-Пендаровски испрати позитивна порака кон меѓународната заедница, во време кога очекуваме и официјално да станеме 30-та членка на НАТО и да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ. Со тоа што се спротивстави на релативизирањето на големата афера, претседателот Пендаровски, застана на страната на целокупната јавност во земјата, која очекува брза разрешница, неселективна правда, еднаков аршин за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска определба и позоиционираност во општеството – се додава во писменото соопштение на Партијата на пензионери.Од таму додаваат дека го поддржуваат и залагањето на претседателот Пендаровски, на наредните парламентарни избори да се гласа по нова регулатива, со една изборна единица и отворени листи.

пред 6 години

katica-janeva

Децата на Катица Јанева во 2015 на подарок добиле два станови, а таа има кредити од неколку милиони

По случајот „Рекет“, името на специјалната обвинителка Катица Јанева секојдневно се споменува во медиумите, но и јавноста. Сите се прашуваат, дали таа рекетирала, помагала или нема поврзаност со рекетот за кој Обвинителството ги сомнички Боки 13 и Зоки Кичеец. Засега, на овие одговори нема прашања.Јанева во својот имотен лист нема заведено нов имот. Последното што го впишала во Антикорупциската комисија се два сатнови во Скопје од 2015 година, кои се заведени како имот на деца, добиени како подарок.Во анкетниот лист може да се види дека таа има земјоделско земјиште, куќа во Гевгелија, плац во село Конско, како и неколку автомобили. Од него се гледа дека Јанева поседува и депозити во Алфа банка, а истовремено има и кредити од неколку милиони денари чиј период на исплата достигнува до 20 години.

Македонија | пред 6 години

elizabeta

Обвинителката Јосифовска која му го врати пасошот на Камчев со два нови станови во имотниот лист

Обвинителката на СЈО, Елизабета Јосифовска, која истовремено е заменичка на Катица Јанева, минатата година во имотниот лист објавен на страната на ДКСК впишала два нови станови, стекнати со договор за купопродожба.Според објавените информации, сопственик на двата станови се нејзините деца. Тие се со површина од 68 метри квадратни, а имаат и гаражи од 15 метри квадратни и 4 метри квадратни запишани како помошни простории.Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Македонија | пред 6 години

Kejt-Brns-670x496

САД за „Рекет“: Ова се ериозни обвинувања и бараат темелен одговор

Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.-Како што претходно кажавме, ова се сериозни обвинувања кои бараат сериозен одговор, темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да демонстрира посветеност за придржување до владеење на правото, напиша на Твитер американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, споделувајќи го статусот на евриокомесарот Јоханес Хан од вчера. 

Коментари | пред 6 години

POZARKUMANOVO

НАЈНОВА ВЕСТ: Горат прагови за шини во Куманово

Повеќе стотици дрвени прагови извадени од железничката пруга во реконструкција горат во близина на железничката станица во Куманово, а видео од настанот е објавњено на ФејсбукОд пожарот се издигнува густ чад, затоа што праговите биле намачкани со катран заради што се шири и неподнослив мирис.Интервенцијата е во тек.

Македонија | пред 6 години

smilkovsko

АУДИО бомба на Ел Чека за MOHCTPУM: СЈО ги ослободи убијците?!

На социјалната мрежа фејсбук, Кичевчанецот Ел Чека објави 8 минутен разговор ,,бoмба”, која потврдува дека обвинeтите во случајот кој го превзеде СЈО кои претходно беа ocудени - се сторителите на петкратното убиствo кај Смилковското езеро.Според разговорот и она што се посочува, станува збор за опacна тepoристичка келија, за која биле известени и американските служби, а дел од неа биле повpaтници од бoиштата во Aвганистан со одлична бopбена подготовка. Во ќeлијата учествувале и три женски особи, а материјалите кои биле пронajдени во нивните компјутери како што вели Камчев биле стpaшни.– Една од нив е директен извршител, се слуша во разговорот.Во се посочува дека тука не станува збор за Албанци или Македонци и некакви си етнички тeнзии туку за paдикални исламисти од кои и самите Албанци живеат во стpaв, поради нивната paдикална идеологија.Во ќeлијата учествувале и три женски особи, а материјалите кои биле пронajдени во нивните компјутери како што вели Камчев биле стpaшни. Една од нив е директен извршител, се слуша во разговорот. Во се, се посочува дека тука не станува збор за Албанци или Македонци и некакви си етнички тeнзии туку за paдикални исламисти од кои и самите Албанци живеат во стpaв, поради нивната paдикална идеологија.Аудио бомбата можете да ја преслушате на овој линк 

Македонија | пред 6 години

nevreme-istra

Од среда интензивни врнежи од дожд со силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град

Температурите на воздухот  до среда ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени додека пад на истите и освежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток. Во четврток пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.Метеоролозите најавуваат и невреме и тоа проследено со поројни врнежи, силен ветер како и грмежи кое ќе започне од вторник и тоа најпрвин од северен Балкан поточно од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас.Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат интензивни со пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен.  

Македонија | пред 6 години

avstralija

(ВИДЕО) Невидено снежно невреме ја зафати Австралија

Југоистокот на Австралија е зафатен од ладен бран со врнежи од снег и силен ветер. Според пишувањата на тамошните медиуми, снежното невреме предизвикало проблеми во сообраќајот и секојдневниот живот.Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени да не патуваат доколку не мораат поради големите снежни наноси.Силните ветришта дувале со брзина до 120 километри на час и ги опустошија државите од јужниот дел на Австралија, особено југоисточните области, предизвикувајќи сообраќајни несреќи и прекини на електрична енергија .

Свет | пред 6 години

zaginati

(ФОТО и ВИДЕО) Пренесувал на ФБ како знае брзо да вози, па прегазил бремена жена, детенце и старица

Три лица загинаа на истокот на Романија , кога маж се снимал колку бргу може да вози на Фејсбук и ги изгазил во нивниот двор. Возачот во живо пренесувал како го вози својот нов спортски автомобил , но слетал од патот и во двор од куќа прегазил бремена жена, детенце и и 79-годишна жена.Уште едно лице кое било во дворот е повредено во инцидентот што се случи во населбата Вацарени, на 250 километри источно од Букурешт. Возачот се обидел да побегне, но набрзо е уапсен. Тој со неговиот сопатник поминале само со повреди.

пред 6 години

elizabeta

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска сведочела за случајот „Рекет“

Обвинителката Елизабета Јосифовска која е дел од тимот на СЈО, денеска била да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за „Рекет“.Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“, беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Насилство во Куманово – нападнат млад човек при што со тврд предмет му нанеле повреди

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(59) и С.А.(20), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.07.2019 година околу 14,00 часот во Куманово на улица „Димитрије Туцовиќ“, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија, пријавените заедно со уште едно непознато лице, физички го нападнале Е.В.(24) од  Куманово,  при што со тврд предмет му нанеле повреди. 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Разбојништво на бензиска пумпа, со закана одзел пари

На 12.08.2019 во 04,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бензинска пумпа на ул. „Ѓорче.Петров“ едно лице со закана извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

rotvajler

Со пиштол усмртил куче „Ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед

На 10.08.2019 во 18,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1439“, во дворот од куќата Д.Б.(44) со пиштол усмртил куче „Ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед Ѓ.Н. (55), кое, според пријавеното, претходно, го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања