Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Grabez-pistol

Две лица со пиштол нападнале вработен во казино и му одзеле пари

На 12.08.2019 во 08,45 часот воо СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АВНОЈ“ пред канцеларија на ланец казина, две лица, од кои едниот имал пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

policija-123

22 годишен кумановец нападнал полициски службеник

На 11.08.2019 година во 20,30 часот во Куманово на улицата “Октомвриска Револуција“ по претходна пријава, во кафе бар, Е.А.(22) од Куманово физички нападнал полициски службеник. Е.А. е приведен во полициска станица за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

За 6 часа СВР Струмица откри 22ца возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 10/11.08.2019 во времето од 23:00 до 05:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Кај 22 возачи е констатирано дека се под дејство на алкохол и истите се соодветно санкционирани.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

СВР Велес при претрес на автомобил пронашле хероин

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.С.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.04.2018 година во Велес, од полициски слулжбеници, при претрес во патничко моторно возило марка„Голф“, сопственост на пријавениот, бил пронајден и одземен хероин.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Кај велешанец пронајдени: Марихуана, амфетамин, мешавина на марихуана и тутун, мешавина од парацетамол и кофеин

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.И.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.На 05.03.2018 година во Велес  на улица „Љубен Весов“, од полициски службеници, кај П.И. биле пронајдени и одземени амфетамини, кои ги набавил од пријавениот. По изврешен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, мешавина на марихуана и тутун, мешавина од парацетамол и кофеин и мешавина од бензокаин и фенацетин.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај Скопјанец пронајдена и одземена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе  кривичнa пријавa против В.Н.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.На 07.07.2018 година во 22,00 часот во Дојран, од полициски службеници, кај А.Д. била  пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавила од пријавениот. По ова, бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 21 годишен скопјанец пронајден амфетамин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе  кривичнa пријавa против М.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 08.07.2018 во 00,30 часот во Дојран, од полициски службеници, кај пријавениот, бил пронајден и одземен амфетамин.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Фатен крадец кој провалил во куќа и верски објект во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти две тешки кражби, исто толку обиди за тешки кражби, една кражба и еден обид за кражба и поднесе кривична пријава против 19-годишниот Џ.Б од Теарце.Џ.Б. се сомничи дека во периодот од април до јуни оваа година провалил во куќа и верски објект во Тетово, а се обидел да провали во верски објект и во куќа, исто така, во Тетово и во тетовско Теарце. Осомничениот Џ.Б. одземал парични средства и банкарска картичка, како и други предмети.

Македонија | пред 6 години

68522626_429309164329310_3139862444768231424_n

Димковски: Денеска се исплатија 106 милиони денари за интервентната мерка за индустриско јаболко

 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Ресен одржа работни средби со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и со земјоделци од овој регион. На средбата со градоначалникот беа презентирани активностите коишто ги презема општината во секторот земјоделство во делот на создавање на услови за обезбедување на модерни откупни и преработувачки центри, со коишто ќе се овозможи сигурен пласман и откупот на јаболката, како и капиталните проекти кои општина Ресен ќе ги реализира преку мерките од Програмата за рурален развој.На средбата со земјоделците, министерот Димковски ги информираше дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка МЗШВ ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите  поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018-та и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.„Денска се исплатени 106 милиони денари, а на 2.100 овоштари им се исплатени одредени суми во зависност од предадените количества. Воедно на средбата со земјоделците ги поделиме и зелените картички на земјоделците за зелената нафта. Веќе една недела се делат зелените картички преку Подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. На средбата со земјоделците разговаравме и за сите други актуелни теми и активности коишто и ние како министерство ги планираме, а тоа се пред се планските инвестиции за откупно-дистрибутивните  центри, еден од планираните центри преку проектот на Светска банка треба да се изгради токму тука во Ресен“, изјави министерот Димковски.Инаку во Ресен беа поделени 2.156 зелени картички со вкупна вредност од околу 7,5 милиони денари, со коишто земјоделците од овој регион ќе имаат можност да точат гориво за земјоделската механизација, за што 30 отсто од трошоците  покрива државата. Преку новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, се создаваат услови за порентабилно производство, помали производствени трошоци а поголеми приходи за земјоделците. Досега се поделени 34 илјади картички, со вкупна сума од околу 88,5 милиони денари, што претставува сериозна сума којашто се враќа директно кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле.На средбата со земјоделците беше разговарано и за мерките што МЗШВ ги презема за справување со негативните последици од климатските промени, при што министерот Димковски информираше за проектот за авионско засејување на облаците, за којшто УХМР ја финализира постапката за објава на тендер.Градоначалниот Гошаревски,посочи дека од последното силно невреме што го зафати преспанскиот регион, се уништени 420 хектари, а општината забрзано работи на подготовка на елаборатите со цел земјоделците побрзо да бидат обештетени.   

Македонија | пред 6 години

plaza-222

ГДУ: Градоначалникот не ни одовори кој наплаќа на црно по 150 денари на одедени локации по плажите во Охрид?

Пред една недела побаравме одговор од градоначалникот, но сѐ уште не добивме одговор за наплатата на црно на одедени локации по плажите. Деновиве добиваме пораки од наши загрижени сограѓани за нови такви локации, а една од нив е земјиштето пред хотелот Орце Николов, наспроти хотелот Белведере.  Наплатата за паркингот е  во висина од 150 денари, па повторно ќе го прашаме градоначалникот кој дал таква дозвола? На кој основ е дадена дозвола? Дали воопшто е дозволено да се наплаќа и да се користи овој простор, прашуваат од ГДУ.Не сакаме да претпоставуваме и да носиме заклучоци дека можеби ова служи само за перење на пари. Каква улога има градоначалникот кој одобрува наплата на црно и ги потпомага тие што го прекршуваат законот? Зарем охриѓани ќе продолжат да бидат најголемите туристи и да ја плаќаат цената, за да може градоначалникот да го испорача тоа што им го ветил на своите блиски и на партиските војници?Сигурни сме дека и за ова ќе ги обвини ДПМНЕ и претходните градоначалници, нели тие се за сѐ криви. Но нас не зачудува фактот што прават инспекторите и кој им дава наредба да гледаат „низ прсти“. Дали конечно ќе почне да важи законот или ќе се продолжи со безредието? Очигледно градоначалникот нема намера да ја смени тактиката и да се откаже од испорачување на зделките кои беа склучени пред изборите.Во име на ГДУ и од име на нашите сограѓани, му порачуваме на градоначалникот да преземе мерки околу овој проблем и  да почне да  важи законот исто за сите. Да престанат  да се прават поделби на партиски војници (првостепени граѓани) и второстепени (обични граѓани кои немаат политички активности).СТОП за беззаконието и безредието! Охрид не го заслужува ова! Охриѓани не го заслужуваат ова, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Zvonko-Davidovik-

Шеведскиот суд потврди дека немаше тероризам на „27 април“ во Собранието, вели Давидовиќ

Шведскиот cyд го ooдби барањето на македонските органи и нема да го екстpaдира 39-годишниот Дејан Давидовски, обвинeeт за настаните од 27 април – со образложение дека се работи за политички а не kpиминален процес и оти не постојат доволно дokaзи за дeeлото за кое е обвинeeт во земјава – тepoризам. Причините шведскиот cyд ги објаснува еekплицитно во 18 точки, но клучниот момент е нивната констатација дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка во Македонија. Вака поставеното образложение фрла сериозна дамка врз целата постапка пpoтив сите ocудени за тepоризам во државата. Ова го потврдува сето она што ние изминатите две години го зборуваме, вели за Алфа адвokaтот Звонко Давидовиќ.-Тоа го покажува она што постојано го тврдевме и во воведните зборови а и во завршните зборови и во текот на целата постапка дека квалификацијата на kpивичното дeeло за кои се ocудени, условно кажано, оние за 27-ми април – kpвавиот четврток, не е во ред, дека обвинитeeлството гpeши и не постојат елементи за тоа kpивично дeeло. Тоа го истакнаа сите адвokати. Ни се потврдува со одлуката на шведскиот cyд дека сме биле во пpaво, вели Давидовиќ.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски воодушевен од Пендаровски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски му одговори на претседателот Стево Пендаровски, кој посочи дека професорката од правниот факултет Ана Чупеска не е никаков формален или неформален советник кај него, ниту во Кабинетот.Проф Ана Чупеска говори за нејзината релација, соработка и близина со Претс.Стево Пендаровски: “независно од тоа дали ќе бидам формално ангажирана или не во Кабинетот ,како и до сега така и понатаму со задоволство ќе соработувам со него”! Како и да е, го поздравувам ставот на Пендаровски дека италијанскиот министер за внатрешни работи не е клепто-фашист (како што го дефинира Проф Чупеска), и тоа што лично Пендаровски го потенцира “Салвини не е фашист, туку демократски избран политичар на италијанскиот народ во демократска и пријателска Италија”. Браво Стево! – пишува Милошоски на ФБ.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2799447680084493

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Со нас нема ново-иселени туку ново-вработени граѓани

Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години! Ова го напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.- Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку ново-вработени граѓани, тука, во нашата земја, напиша Заев.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Италијанскиот новинар утре ќе објави нови разговори и факти за Боки 13, Јанева, Камчев

Соработникот на Ла Верита, Ларис Гајсер на Фејсбук објави дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио-пишува Гајсер.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still219

Пожарот во Дебарца денеска се гасни и од воздух

Дебрца цело деноноќие се обидува да го локализира пожарот кој изби на територијата на општината, во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле , а потоа брзо се проширил на блиската шума.Дури денеска на пожарот се газни и од воздух. Екипите се на терен, и се обидуваат огнот најпрво да го локализираат па и изгаснат пожарот.

Македонија | пред 6 години

crna-gora

ФОТО: На која плажа летува Талат Џафери?

И покрај тоа што претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сакаше да каже каде ќе оди на одмор, сепак откриено е дека тој оваа година реши летниот одмор да го помине во Улцињ, Црна Гора.Имено, Џафери пред празникот Илинден рече дека поради безбедносни причини не може да каже каде ќе оди на летување.– Има протокол, на плажата треба да има обезбедување, нема потреба да се открива од безбедносни причини – рече тогаш Џафери.Сепак, од наши извори дознаваме дека на улцињската плажа Лиман, каде што е сместен претседателот на Собранието, нема обезбедување, а Џафери е сместен во хотелот „Медитеранео“ кој се наоѓа на самата плажа.

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Зошто Јанева игнорирала кога УФР ја предупредило дека Камчев вади милиони од банка?

Од владината Управа за финансиско разузнавање за „360 Степени“ велат дека постапиле законски и го известиле СЈО дека блиски на осомничен во случајот „Империја“ (Јордан Камчев) од банкарски сметки повлекле големи суми готовина. Станува збор за еврата што се гледаат на видео-снимката што ја објави италијанска „Ла Верита“.Управата за финансиско разузнавање (УФР) постапила законски и го известила СЈО, како надлежен орган, за извлекување големи суми готовина од сметки на членови на семејството на Јордан Камчев. Откако банката (банките), како што бара законот, ја известила УФР за влечењето кеш, Управата за финансиско разузнавање, исто така како што бара законот, подготвила т.н. Извештај за сомнителни активности и го доставила до Специјалното обвинителство, потврдија за „360 Степени“ од УФР. Детали за тоа кога е испратен и што точно содржи Извештајот, од УФР не откриваат, повикувајќи се на доверливост на податоците содржани во документот.Известувањето требало да биде аларм за Катица Јанева да провери што се крие зад повлекувањето големи суми во готово од блиски на осомничен во „Империја“. Според сознанијата на „360 Степени“, станува збор за готовината во евра што се гледа на видео-снимката што ја објави „Ла Верита“ и за која се слуша и во дел од обелоденетите аудио-материјали.Прочитајте ја целата анализа на 360 степени, тука.

Македонија | пред 6 години

antikorupciska

Антикорупциска со полни раце работа, меѓу другото отвори постапки за договорот за детската кардиохиругија со Жан Митрев

Антикорупциската комисија одлучи да отвори постапка по допрен глас за приватната болница на Жан Митрев, дали постапката за доделување лиценца за детска кардиохирургија е согласно Законот за здравствена заштита по отказот на докторот Владимир Чадиковски.Антикорупционерите ќе испитуваат дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу државата и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.На денешната седница беше наведено дека ќе се испитува и дали имало вработувања во прилепската болница за време на изборите и доколку тоа биде утврдено ќе биде отворена постапка.ДКСК соопшти и дека било утврдено дека ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. Тој ќе мора да се откаже од една од овие плати, а при тоа, одговорноста за овој случај се лоцира кај деканот на дигестивна, кој му дозволил да ја зема втората плата.

Македонија | пред 6 години

janusev

Јанушев: Мицкоски ќе поднесе лична приватна тужба до тие кои објавија вест дека тој наводно одмарал на јахтата на Камчев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговараше на новинарски прашања.Новинарско прашање:Како ги коментирате информациите кои се појавија во јавноста дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски наводно одмарал на јахтата на Камчев?Игор Јанушев: Освен тоа што е лага и груба шпекулација само потврдува во која очајно лоша ситуација се наоѓа СДСМ и преку вакви креирани приказни за мали деца се обидува да ја нaсочи целокупната јавност од овој мега скандал на друга воденица. Значи апсолутно е невистина информацијата којашто излегла, за којшто ќе следи и лична приватна тужба, па тој што ја објавил лажната информација ќе може да се докажува во суд.            Новинарско прашање:Како го коментирате говорот на претседателот Пендаровски кој исто така повика на завршување на истрагите, на подигнувања обвиненија дури и на политичка одговорност?Игор Јанушев:  Да и направи уште една работа, тоа е да таканаречено ја пушти Катица Јанева низ вода бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и како што пред малку кажав без нејзе не би било воопшто  можно да се организира и спроведува случајот “Рекет“.И веројатно од она што имав прилика да го слушнам е дека ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така да во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за се што е вработено во СЈО. 

Македонија | пред 6 години

janusev

Четири недели не се проширува истрагата за „Рекет“, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран

За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на популарниот Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а Кацарска обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат целокупната домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера. Дури ни мало дете веќе не им верува дека пријателот на Заев Боки е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Четири недели не се проширува истрагата, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран за се и како ја менаџирал работата, а Катица Јанева како порачува да нема секирации бидејќи ќе биде се во ред. Епа господа ништо не е во ред. Ова е премногу срамно и понижувачки дури и кога доаѓа од Зоран Заев и Вилма Рускоска.Додека се форматираат и бришат телефони и компијутери, а Русковска одмара заедно со Јанева, а истрагата за милионските рекети ја водат медиумите и јавноста. Медиумите вчера објавија уште еден фрапантен податок, а тоа е дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја.Јавно прашуваме дали е ова точно? Дали на човекот кој е осомничен за рекет, од страна на СЈО му бил доделен статус на заштитен сведок?Доколку е така, тоа е потврда на бесрамниот мафијашки пристап на оваа власт која бескрупулозно ги злоупотребува институциите за лично богатење и вршење на политички притисоци и уцени на сите кои мислат поинаку од Зоран Заев.Колку криминално и подло треба да размислуваш за да креираш план во кој што надвор од законот конструираш случај, наоѓаш заштитен сведок и потоа преку него изнудуваш пари од оние кои си ги таргетирал.Зоран Заев и СДСМ, за жал институциите ги претворија не само во легло на криминалот, туку ги ставија целосно во служба на мафијата.Целата домашна и меѓународна јавност прави притисок  за случајот Рекет и повикуваат на одговорност за Јанева и Заев, а Русковска  наместо да ја прошири истрагата си тера одмор.Катица Јанева е главниот дел од сложувалката, за разоткривање на целата рекетарска мрежа која оди директно до врвот на власт. - До Зоран Заев.Доколку Русковска во најбрз можен рок не побара притвор за Јанева, ќе биде директно одговорна дека ја остава Јанева да влијае на сведоци и уништува докази. Дополнително се отвора опасност истата да го повтори делото или да избега.Јанева наместо на плажа треба да заврши во притвор. Таа е личноста без кој овој рекет не би бил воопшто можен. Дополнително истрагата мора да се продолжи и кон нарачателите во власта, за кои веќе подолг период пишуваат македонските медиуми.Потребна е реакција веднаш.ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да собере храброст и да не ја турка повеќе државата кон безизлез, да си даде оставка и Собранието да се самораспушти. Дополнително бараме ЈО кое ќе биде финансиско независно и отпорно на политички влијанија и уцени.Потребна е обнова на Македонија, а Заев мора да си замине, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

antraks-121

Трипуновски: Заев ги доведува животите на граѓаните во опасност, власта две недели крие дека во Македонија има случај на антракс

Зоран Заев ги доведува животите на граѓаните во опасност. Власта две недели крие дека во Македонија има случај на антракс. Министерството за здравство и АХВ вчера признаа дека две недели криеле дека има заболени животни од антракс во кичевско. Стручните тимови од Факултетот за ветеринарна медицина и АХВ несериозно ја третирале угинатата овца од антракс, па наместо да ги преземат сите заштитни мерки со цел обезбедување на подрачјето, тие нестручно земале мостра како да се работи за случај на ентеротоксемија, при што крв и други телесни течности завршиле во почвата пишуваат денес медиумите, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕВластите поради својата нестручност ја заразиле почвата за на местото на угинатото животно за наредните 20 години. Несериозноста при постапувањето со случајот на антраксот во кичевско покажува дека власта воопшто не се грижи за здравјето и безбедноста на граѓаните.Пуленот на Заев, директорот на АХВ, Атанасов по сериозниот пропуст кој бил направен, направи и законски прекршок, па спротивно на чл.52 од Законот за ветеринарно здравство, кој пропишува дека Агенцијата е должна соодветно да ја информира јавноста за спроведување на контролите и заштитните мерки против болести на локално и централно ниво, две недели ја крие информацијата за присуството на антракс од јавноста.Дополнително Заев и Атанасов мора да одговорат дали се вистините написите во медиумите дека не е извршена вакцинација против антракс во 2019 година!? Доколку не е, прашуваме зошто?Однесувањето на власта е крајно несериозно и недозволиво. Не се знае дали граѓани конзумирале месо и млеко од заразеното стадо и доколку р точно прашуваме колку?Заев и Атанасов мора да одговорат и дали случајот со антракс е пријавен во СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ или и од нив е сокриен овој податок?Зоран Заев и Зоран Атанасов не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, ниту со маката на сточарите. Бараме одговори и одговорност веднаш, Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Шест млади лица повредени на патот Тетово-Попова Шапка „БМВ“ излета од патот

Шест млади лица се повредени при излетување со возило на патот Тетово-Попова Шапка кај селото Лисец. Тетовската полиција информира дека незгодата се случила ноќеска, еден час по полноќ.-Патничкото моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина Лисец. При тоа возачот и петте сопатници во возилото на возраст од 16,18,19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР ТетовоПолицијата извршила увид на местото на сообраќајната незгода.

Македонија | пред 6 години

janeva-2

„Рекет“ не ја спречи Јанева да се врати на работа

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се врати на работа во СЈО, информираат од Обвинителството за Фокус.Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во однос на истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец.За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет, каде обвинети се Бојан Јовановски познат како Боки13 и бизнисменот Зоки Кичеец. Во послендото видео се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го споменува и Зоран Заев.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, во врска со објавените разговори,  повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.-Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители, посочи во изјавата Јанева.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Здравствениот дом Охрид набави ново современо возило за Итната медицинска помош 

Здравствен дом Охрид со сопствени средства набави ново современо возило за Итната медицинска помош (ИМП). Амбулантното возило е со комплетна медицинска опрема и вкупната вредност на возилото изнесува 4.6 милиони денари.-Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на ПЗЗ, особено во летниот период кога во нашиот град има зголемен број туристи, истакна директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска.Во Здравствениот дом, покрај возилото за ИМП е набавено уште едно патничко возило за патронажната служба, работни униформи, обувки, како и два ЕКГ апарати (12-канални), стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи, што придонесува кон натамошно унапредување на условите за работа во ЗД Охрид. Исто така, во изминатиот период се реализирани 16 вработувања во оваа установа, од кои осум се на неопределено време, додека на останатите осум, во периодот што следува ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.

Македонија | пред 6 години

ohridsko

Концерт за саксофони на „Охридско лето“

Фестивалската програма на 59-тото „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на Бенсман Саксофон Квартетот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Ќе настапат Детлеф Бенсман- сопран саксофон, Тианхонг Ву- алт саксофон, Лиу Паи- тенор саксофон и Нинослав Димов- баритон саксофон.Бенсман Саксофон Квартетот дебитира на концертниот подиум во 2006-та година со премиерна изведба на Брехтовата „Badener Lehrstuck” за хор, солисти, саксофон квартет, пијано и перкусии од Карлос Фаринас и Итај Двори, по што следи продукција за Германското радио.  По успешната премиера како на делото, така и на ансамблот, произлегува и идејата на Детлеф Бенсман да ја заврши својата кариера во Берлинскиот квартет саксофони во кој како примариус успешно работел повеќе од 20 години, и да се посвети на неговата кариера како солист, диригент, композитор, и наедно на развивањето на овој „млад“ квартет во кој членуваат исклучиво уметници кои студирале кај самиот Бенсман.Во периодот од 2007 година, па сe’ до денес, може да се вбројат низа успешни концерти и настапи квартетот на врвни музички фестивали како низ Германија, така и во цела Европа, и три концертни турнеи во Соединетите американски држави и во Кина.   

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања