Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Benzinski-pumpi-9

Цените на горивата се намалени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Македонија | пред 6 години

jair-zair-bolso-brazil

Бразилскиот претседател: Серете секој втор ден за да ја спасите планетата од загадување

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро посочи дека ако луѓето сакаат да ја спасат планетата, „треба да серат секој втор ден“.Неговиот коментар дојде како одговор на новинарско прашање „Како треба да се комбинира земјоделскиот развој и како да се заштити животната средина“.Претседателот неодамна беше мета на јавноста, откако официјални податоци покажаа огромно уништување на шумите во Амазон. Тој го отпушти шефот на агенцијата која го пријави уништувањето, обвинувајќи го дека лаже.„Доволно е да се јаде помалку. Вие зборувате за загадување на животната средина. Доволно е да серете секој втор ден. Тоа ќе биде подобро за целиот свет“, рече Болсонаро.

Свет | пред 6 години

bolnica-Struga

Починато три годишно девојче донесено во Медицинскиот центар Струга

На 11.08.2019 година во 10,20 часот од Медицинскиот центар Струга било пријавено дека од страна на А.Ј.(25) од Шведска било донесено починато девојче на возраст од три години, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

mrtvi-rib

(ВИДЕО) Високите температури на Алјаска предивикаа помор на лососи

Голема количина лососи се пронајдени мртви во реките на Алјаска. Причина се високите температури кои се појавија на почетокот на јули, несвојствен за овој дел од светот.Како што пренесуваат странските медиуми, за време на рекордните жештини температурата на водата достигнала 20 степени Целзиусови, што е непогодно за живот на овој вид риба, кој ги населува студените води.

Свет | пред 6 години

drina

15 годишно момче се удавило во Дрина

Петнаесетгодишно момче се удавило во Дрина кај Братунац, потврдил портпаролот на полициската управа Зворник, Милјан Бобар. Момчето се удавило на Рајската плажа, а по дојавата околу 16.45 часот полицијата и медицинското персонал отишле на местото на настанот, додал Бобар.Реанимацијата на лекарите била безуспешна. 

Свет | пред 6 години

1-Facebook-Google-Chrome_2

Пендаровски за „Рекет“: Отидоа на одмор како да е редовна состојба, згрозен сум и одма се да се истражи

Претседателот Стево Пендаровски повика на одговорнсот за сите кои учествувале во аферата „Рекет“. Тој потенцира дека треба сите чии гласови се слушаат во снимките сами да се јават и да дадат исказ во институциите.„Сведоци сме на огромна криминална афера која ги тресе темелите на иституциите. Јас уште на почетокот кажав дека сум згрозен и побарав одма да се истражи. Наместо тоа, тие отидоа на одмор како да се работи за редовна состојба. Доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите без разлика дали се од власта или не, повикувам и на политичка одговорност. Сите чии имиња се споменети во аферата, сами да дадат изјави во истражните органи. Треба да ни биде помалку битно кој ги дал снимките туку дали се вистинити или не“, вели претседателот Стево Пендаровски.Тој порача судот и обвинителството да ги прекинат колективните одмори.„Не смееме да си дозволиме кога имаме ваква огромна афера, ние да тераме одмори. Тие да почнат да ја работат својата работа, не можеме да чекаме со месеци“, додаде Пендаровски.Пендаровски побара ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, се разбира, како што рече, со почитување на пресумпцијата на невиност.На денешната прес-конференција Пендаровски рече дека е разочаран од она што го слуша и повикал на брза и темелна истрага.„Наместо тоа надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за рутинска проверка. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан и јас како граѓанин човек сум разочаран што се изневерени и моите очекувања“, рече Пендаровски.Прочитај го и ова: Пендаровски два пати се сретнал со Боки 13

Македонија | пред 6 години

Add-New-Post-‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome

Пендаровски два пати се сретнал со Боки 13

Претседателот Стево Пендаровски вели дека два пати во живот се видел со Боки 13 кој е осомничен за земање рекет.„Два пати во животот во 2015 година во Кампот на слободата и на 4 ти април минатата година, кога мојот стар пријател Кабранов ме повика на интервју ме запозна со сопственикот или менаџерот на таа телефизија и толку“, рече Пендаровски.По пвод последните случувања поврзани со случајот „Рекет“, одржа прес конференција, на која изјави дека изминатиов месец јавноста е сведок на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува под прашање, уште повеќе од досега, довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената држава.Прочитај го и ова: Пендаровски за „Рекет“: Отидоа на одмор како да е редовна состојба, згрозен сум и одма се да се истражи

Македонија | пред 6 години

grcija-grobnica

Во Грција откриени древни гробници и накит стар 3.000 години

Грчкото Министерство за култура соопшти дека две недопрени гробници кои датираат од 1400 до 1200 година п.н.е биле пронајдени во близина на градот Немеа, на југот на земјата.Областа е позната по многубројните гробници, но повеќето биле ограбени пред да бидат пронајдени, пренесува АП.Министерството наведува дека во новооткриените гробници има две погребани лица, но и остатоци од покојници преместени од други гробници.На локацијата е пронајдено големо количество древен накит.

Свет | пред 6 години

Foto

Да не се оди на избори без попис и завршени преговори со НАТО, вели Пендаровски

Пендаровски смета дека не треба да се оди на предвремени избори додека не се завршат преговорите за влез во НАТО. Тој смета дека треба да се направи и попис, пред да се одржат следните избори.„Не би можел да шпекулирам за ова прашање. Тоа е работа на оние кои ја предводат Владата. Ако сакаат превдремени избори, треба 61 пратеник да ја распуштат Владата. Мислам дека минимум, додека до крајот на годината не ги затвориме важните прашања, не може. Ако сакате го крај да бидам искрен, не би одел на предвремени избори без да направиме попис“, вели Стево Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

zemjodelstvo

МЗШВ: Стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште

Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште. Со тоа, од денеска започнуваат да течат роковите за поднесување на барања за воведување во владение за договорите за закуп на државно земјоделско земјиште кои се склучени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, а кои не се воведени во владение повеќе од една година од денот на склучувањето на договорот за закуп. Почнувајќи од денеска во следните 15 дена сите оние кои треба да го воведат во владение ова земјиште, имаат можност до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во регионите кадешто се наоѓа земјиштето, да поднесат барање за воведување во владение.Воедно, од денеска започнува да тече и рокот за поднесување на барања за склучување на нови договори за закуп на државно земјоделско земјиште, од сите физички и правни лица на кои поради неплатена закупнина им е раскинат договорот за закуп во период од една година пред денот на влегување во сила на овој закон, а земјоделското земјиште предмет на договорот е сеуште во нивно владение. Ова е една од измените со којашто се овозможува и се дава шанса на сите закупци кои во рок од 60 дена ќе достават доказ за платена закупнина со казнена камата за задоцнето плаќање и надмест на штета во висина на годишната закупнина за периодот за кој го имале во владение земјоделското земјиште без правен основ, да имаат можност за склучување на нов договор. Новиот договор ќе биде склучен под истите услови за преостанатиот временски период од претходниот договор.Со измените и дополонувањата на Законот за земјоделското земјиште, ќе се овозможи правилна распредлба на државното земјоделско земјиште и ставање во функција на целокупното обработливо земјоделско земјиште.Инаку со дел од законските измени се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.Со измените на Закон за земјоделско земјиште се овозможува еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За прв пат со овие измени се овозможува измена на бизнис планот во ситуации кога неговата реализација е неизвесна поради невоведување во владение навремено или промена на културата пропишана во бизнис планот со што земјоделците можат слободно да го преориентираат своето производство, доколку истата измена не влијае нa времетраењето на закупнината. Со измените се отвора можност за доделување под закуп на земјоделско земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад од непознат сторител, и на овој начин се создаваат услови за ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини.    

Македонија | пред 6 години

Goce_Delcev_most

Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (13.08.2019 година, вторник), поради градежни активности што се одвиваат за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе се воведе нов  привремен сообраќаен режим.Утре (13.08.2019, вторник) при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти.Оваа времена измена ќе важи само на 13.08.2019 година.Од 14.08.2019 година (среда)  до 19.08.2019 година (понеделник) под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално.Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар.Фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 09.07.2019  до 19.08.2019 година.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Нема заболени луѓе од антракс, ниту нов случај на заболено животно

„Нов случај на заболено животно од болеста антракс нема. Ниту на одгледувалиштето каде беше откриена болеста, нуту пак во некое друго одгледувалиште. Заболени луѓе од оваа болсет нема. Болеста антракс кај животните не е новост“, ова денеска на прес-конференција го изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.Атанасов додава дека нема потреба да се шири теза дека ќе се заразат луѓе.Според АХВ засега болеста антракс е забележана само кај едно одгледувалиште кај Кичевско, а животните кај кои е детектирана се спалени.Надлежните ја повикаа опозициската партија да не шири паника кај граѓаните.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-12-08-19-11-30

Донев: Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите.Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители.Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава?Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат?Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита?Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија  неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

zaev-FB

Заев: Младите се силата на нашето заедничко општество

На сите млади во Република Северна Македонија им го честитам Меѓународниот ден на младите , oва на социјалната мрежа денеска го напиша македонскиот премиер, Зоран Заев.„Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме“, напиша премиерот на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10157719473882932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

zaev-za-JO

Заев до младите: Ќе напредуваме со вас во нашата убава земја

На сите млади во Република Северна Македонија им го честитам Меѓународниот ден на младите - 12 Август! Ова на социјалната мрежа денеска го напиша македонскиот премиер, Зоран Заев.- Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме, напиша Заев на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Rekonstrukcija-na-ulica-4-7

Целосно реконструирана улица „4“ во Долно Лисиче

Деновиве заврши реконструкцијата на улица „4“ во Долно Лисиче, која опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт.Улицата е во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри.Општина Аеродром со забрзана динамика ја уредува патната инфраструктура и го олеснува секојдневното функционирање на жителите. 

Скопје | пред 6 години

pretepan

Тепачка по фудбалски натпревар, повредени повеќе лица

На 11.08.2019  во 19,30 часот во ПС Аеродром биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар  на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“. При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда  од остар предмет на левата рака.Се превземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

velosiped

Тешко повреден велосипедист

На 11.08.2019 во 18.40 часот било пријавено дека на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа, кавадаречко, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци. Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Јанева не е повикана од Русковска да каже за нејзината улога во „Рекет“

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, не е повикана во Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска да даде исказ за случајот „Рекет“. Неофицијално, таа ќе биде повикана откако претходно изјави во својство на сведоци ќе дадат останатите нејзини колеги од СЈО.Утре, прва исказ ќе даде обвинителката Лиле Стефанова, која треба да сведочи што се случувало со предметот „Империја" кој таа го води. Таа во јавноста веќе соопшти одредени детали околу осцилациите со постапките во тој предмет, кои наводно настанале исклучиво со наредби на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.Стефанова, деновиве, преку пишана изјава објавена на страницата на СЈО, директно ја обвини Јанева дека влијаела на истрагата за предметот „Империја“, на тој начин што најпрво инсистирала да се ослободат од притвор осомничените, а потоа предлагала и престанок на истрагата, доколку тие се согласат да ја платат штетата што ја предизвикале.

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Стефанова избега од новинарите и не кажа дали била под контрола на Јанева

Обвинителката Лиле Стефанова ги одбегна камерите и не сакаше да коментира дали нејзината шефица Катица Јанева ја контролирала, односно, дали поради неа вршела незаконски дејствија поврзани со предметите кои ги води Специјалното јавно обвинителство. Стефанова на судењето за „Титаник“ влезе низ споредниот влез директно во судот, за разлика од останатите, кои поминаа пред камерите.Во една од снимките кои се објавени од италијанскиот весник „Ла Верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајки му се на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја” потсетувајќи дека барањето за издавање на времен пасош било одобрено без таа да даде согласност. Дополнително обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.Стефанова утре треба да даде исказ кај Вилма Русковска за случајот „Рекет”. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа, жена тешко повредена

На 11.08.2019 во 23,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Војвода Васил Чакаларов“ и улицата “Козле-6“ патничко моторно возило “Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(61) од Скопје удрило во И.Д.(18) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.Д., која била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Тешка сообраќајна несреќа, едно лице почина, неколку повредени

На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес.Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Тетово: 28 возачи санкционирани поради непрописно престигнување

На 9.8.2019 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за престигнување, при што се утврдени прекршоци од 28 возачи (ТЕ-13 и ГВ-15), кои непрописно престигнувале, за што се соодветно санкционирани.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

121 возач „лудувале“ по скопските сообраќајници

Во текот на изминатите денови (09, 10 и 11.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 121 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и 70 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Исто така, исклучени од сообраќај биле 63 возила од кои едно возило бидејки било технички неисправно и 62 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,еден возач поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 278 мандатни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

mogerini-zaev

Нова Бомба од Гајсер: Зошто Брисел молчи за случајот „Рекет“?

Новинарот на италијанскиот весник Ла Верита, Ларис Гајсер, кој ги обелодени снимките од аферата Рекет утрово има со нова објава.Во денешната видео колумна главна цел на Гајсер е Федерика Могерини.Новинарот во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот „Рекет“?– Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин, вели Гајсер.Изразувајќи убеденост дека и натаму е можно да постои вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, Гајсер прашува како Федерика Могерини може да молчи пред, како што вели, криминалната реалност.– Во 2015 година, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, пишува Гајсер.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања