Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Ilija-dimovski

Побарано одлагање на „Титаник“, Шабани не дозволи

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство.На почетокот на судењето адвокатот на Илија Димовски побара одлагање на денешното рочиште поради  како што кажа аферата „Рекет“ и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.“Бараме одлагање поради новонастаната ситуација”, рече Василев.Синот ова не го дозволи, бидејќи како што кажа судијата Осман Шабани нема никаква пречка тоа да не се одржи.“Нема законска пречка рочиштето да се одржи. Постапка се води во друго обвинителство. Оставката е депонирана но не е констатирана. Тоа идно дејство, рече судијата Осман Шабани.Последното рочиште за овој предмет на 5 јуи беше одложено поради неприсуство Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Грижата за младите е постојана, реализираме политики кои отвораат перспективи за младите

Владата предводена од СДСМ преку постојано спроведување на квалитетни младински политики на дело покажува конкретна грижа за младите. Преку низа на мерки се обезбедуваат услови за развој и напредок на младите, се отвораат нови стабилни перспективи за иднината на младите, создаваме фер шанси за сите и подобар животен стандард.  Со мерката Гаранција за млади обезбедуваме вработување, платена пракса или доквалификација,  се вели во соопштението од СДСМ.Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекуваме значително поголем број бидејќи мерката се спроведува на територија на целата држава.Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите. Со овој проект се намалуваат трошоците за транспорт, спорт, едукација и рекреација а картичката важи во стотици локали низ целата држава.Освен што носи заштеда и помали трошоци, картичката ќе го унапреди социјалниот живот, но и личниот развој на младите. Инвестираме и во студентскиот и ученичкиот стандард. Се реновираат студетнските и ученичките домови.Обезбедуваме квалитетни услови за развој на земјоделството преку помагање на младите. Мерката Млад земјоделец обезбедува 10.000 евра непорватни средства за млади земјоделци до 40 години возраст.Со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп на државно земјоделско земјиште во првите три години.Ова се само дел од мерките што се спроведени во изминатиот период а кои се во интерес на малдите.Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите и тие својата иднина да ја гледаат, тука во својата татковина, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

sjo

ВМРО ДПМНЕ: Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет

Работата на Катица Јанева  и  СЈО не е само обична шминка и покажување на некаква активност, како што си се објаснуваат по телефон. Нивната работа е многу сериозна бидејќи земаа по 4 милиони евра годишно пари на граѓаните,а гледаме дека ги користеле да изнудуваат уште пари и политички да влијаат врз неистомислениците на Зоран Заев.Катица Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Зоран Заев.Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет  во корист на аболицираниот Зоран Заев, но можеби и лична корист затоа што се уште не знаеме каде се завршиле милионите кои Боки Тредичи ги земаше од бизнисмените, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Јавноста се увери дека Катица Јанева учествувала во целата оваа конструкција и заедно со Боки Тредичи им давале  гаранција на обвинетите.Сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци.Јасна е и улогата на Русковска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност уништуваат докази но да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина.Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев но и многу други функционери од СДСМ.  Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев.Овој скандал е само уште еден доказ дека Заев и СДСМ ја уништија правната држава,  го нарушија угледот на Република Македонија надвор и сериозно ги загрозија македонските евроинтеграции. Се ближи денот кога СДСМ ќе си замине и ќе профункционира правната држава, а тогаш сите инволвирани од картелот и октоподот заедно со главата Зоран Заев ќе одговараат за сите криминали кои ги прават изминативе три години, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Двајцата главни јунаци во турбофолк мафијашката серија се Боки 13 и Орце Камчев, како ќе се развива?

Двајцата се како хиени, заеднички им е бизнисот и секако заедничкиот интерес, едниот сака кеш, а другиот сака слободата да си ја купи со кеш. Двајцата главни јунаци во турбофолк мафијашката серија се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и богатиот бизнисмен Орце Камчев. Нивните разговори македонската јавност ги слуша цел викенд, а во нив како две другарки, штотуку запознати, си делат комплименти, озборуваат и си ја зајакнуваат меѓусебната доверба. Орце за Боки е преинтелигентен, а истото го потврдува и Камчев: „Македонија треба да искористи луѓе како нас во секоја област, а не да нè гази“.Камчев очигледно тропнал на вистинската врата за да си ја купи слободата, но најспорна во разговорите е спогодбата што ја споменуваат со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е постојано во друштво со Боки 13, кој е мост меѓу неа и нејзиниот осомничен во еден од клучните случаи на СЈО, „Империја“. Осомничениот пак е понизен и послушен, ѝ посакува добра вечер на обвинителката, а својата судбина ја става во рацете на Боки 13 кој, како што вели Камчев, ја игра играта за З.З. Каква спогодба направила Јанева со Камчев, треба да покаже истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, а од неа зависи дали Јанева  ќе заврши како сведок или како осомничена.Камчев во јавноста се појавува многу малку, но доволно за да се процени дека игра со секоја власт. Во децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ постојано се споменуваше неговата поврзаност со шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а истрагата што ја презентираше Стефанова пред медиумите потврди дека Камчев бил мозокот на нелегалните бизниси, а Мијалков бил моќникот. Кога Мијалков ја изгуби моќта, а Камчев беше повикуван во СЈО, во интервју за портал пред референдумот побрза да каже дека тој ќе гласа за промена на името на земјава. Пред референдумот, тој го нарече премиерот Зоран Заев најхрабар лидер и изјави дека сака да ја види Македонија во НАТО и Европската Унија.Повеќе прочитајте тука.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Ги слушаш снимките и си потплакуваш оти ти текнува дека идејата зад СЈО беше расчистување на еден огромен скандал

Не стивнуваат реакциите на јавноста по објавените снимки за случајот „Рекет“ каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец, а во материјалите се слушаат гласовите на Орце Камчев и Катица Јанева. На „твитер“ има лавина од коментари, дел од нив во продолжение.https://twitter.com/emcheBt/status/1160076728125022209?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160076728125022209&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/ddimkooooo/status/1160080454680289280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160080454680289280&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/EStavrevska/status/1160103853943087104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160103853943087104&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/karadza999/status/1160126916449505281?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160126916449505281&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/indog/status/1159808273610170374?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159808273610170374&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/oneuniqueevil/status/1160118613279461377?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160118613279461377&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/PravednaTavita/status/1160123925835243520?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160123925835243520&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/glinenaa/status/1160107839790211072?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160107839790211072&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/lenakosks/status/1160114796680962048?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160114796680962048&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2Fhttps://twitter.com/mei_botata/status/1160198823920246787?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160198823920246787&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fmamo-mamo-do-di-katica-i-lile-se-stepaa-nadvor-tviter-reakcii-za-reket-aneva-stefanova-kamchev-boki-13%2F 

Коментари | пред 6 години

jankulovska

СЈО со Стефанова на судење, обвинетите нема да ги признаваат по случајот „Рекет“

Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство. За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности.  На рочиштата за Титаник досега претставник од СЈО беше обвинителката Лиле Стефанова.Според информации на „Скопје1.мк“, дека обвинетите ексфункционери на ВМРО-ДПМНЕ нема да го признаваат СЈО, ниту неговиот претставник во судницата, а со тоа, ќе се спротистават на судот да тече натамошна постапка по овој предмет. Меѓу обвинетите се Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Илија Димовски.Инаку, рочиштата продолжуваат по судската ферија што почна на 15 јули, а продолжува во период кога преку интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени снимени разговори меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан (Орце) Камчев, за случајот „Рекет“, а во кои се споменуваа Катица Јанева и Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ а во која е осомничен бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.   

Македонија | пред 6 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

Екстремно високи температури и портокалова фаза, времето ќе остане исто и наредните денови

Пеколните температуриод портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржат до 14 август по што според метеоролозите ќе настапи мало освежување.Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…На 14 август температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава. Во четврток температурата ќе достигне до 37 степени, а во петок и во сабота до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Граѓаните во целиот летен период треба да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија граѓани.

Македонија | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Долги задржувања на граничните премини со Грција

Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека 15 до 30 минути.Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

verski-kalendar-25-228592

Денеска е голем христијански празник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јули. Денеска е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник.Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епископ во Галатија, Епенет во Картагина, а Андроник во Панонија.Според Католичкиот календар денеска е Благословен Иноцент Деветти.Бил роден во Италија во седумнаесеттиот век. Завршил правни науки во Неапол и станал доктор по право. Се одлучил да стане свештеник. На 34-годишна возраст станал кардинал. Им помагал на сиромашните. Се борел за правата на црквата против француските кралеви кои се мешале во црквените работи. Исто така, тој му помогнал и на полскиот крал Јан Собиески во одбрана на Виена и Европа од нападите на Турците. Протестантските теолози го нарекувале побожен папа.

Македонија | пред 6 години

27-april

Шведска одби да екстрадира обвинет за 27 април оти нема доволно докази дека сторил „терористичко загрозување“

Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.Извор: Вечер.мк

Македонија | пред 6 години

22491814-1121730831291640-7508887335429921422-n_orig

Сонцето од Кутлеш од денес не смее да стои на ниту една институција или јавно место

Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од денес не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место – вака стои во договореното во Нивици на кое се согласи македонската Влада лани во јуни.За периодот од шест месеци од стапување во cила на Договорот, кој истекува утре, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отcтранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба., стои во чл.8 од Договорот.Владата на седница на 4-ти јули побарала надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Се ќе било завршено во зацртаниот временски рок.

Македонија | пред 6 години

milcin

Милчин постави дилеми и прашања за невладината на Боки 13, ректетот и СЈО

Името не кажува ништо, но звучи претенциозно: Меѓународен сојуз – Скопје. Кој со кого се сојузил и за што се сојузил? Кои се домашните, а кои се странците во тој меѓународен сојуз? Партнерски организации, владини и невладини донатори, индивидуи? Ја гледав на јутјуб снимката од тричасовната конститутивна седница и видов и слушнав мнозина домашни, но странци ниту видов ниту слушнав. Ни во органите на управување нема странци. И веб-страницата на т.н. меѓународен сојуз е само на македонски јазик.На страницата читам: Асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории, а под тоа: Меѓународен сојуз – Скопје. Малку потаму читам: Меѓународен сојуз – Скопје е граѓанска асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории.Кутрото цивилно општество! Кој ќе го заштити македонското цивилно општество од компромитацијата предизвикана со аферата „Рекет“, во која во една од главните улоги се јавува претседателот на Сојузот Бојан Јовановски познат како Боки 13, бонвиван, љубител на скапи брендови, миленик на неколку политичари од врвот и, така вели тој, сопственик на една телевизија. Чудо од детета со круна на главата!На веб-страницата не најдов многу податоци за активностите, но затоа видов многу фотографии на Боки 13. Кога ја отворив секцијата Проекти, налетав само на реченицата: „Во обработка“. По повеќе од ДВЕ години од основањето! Имено, актот за основање е од 31 мај 2017 година.„Еден милион евра кои две фирми ги дадоа на Меѓународниот сојуз на Јовановски никогаш не легнале на сметка на невладината организација“, објави Телевизија 24 на 7 август 2019 година, повикувајќи се на податоци од Централниот регистар кои покажуваат дека во финансиските извештаи на Меѓународниот сојуз ги нема оние 720.000 евра кои на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска ги уплатила битолската компанија „Пелистер“ на Силјан Мицевски, а ги нема ни оние 233.000 евра кои струшката компанија „Дрим Билдинг“ ги уплатила на сметката на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ.Во соопштението на Меѓународниот сојуз од 6 август, потпишано од Јасна Мандиќ, стои: „Паричните средства пристигнати на сметките на координаторките на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународниот сојуз и исполнување на договорите склучени со партнерите.“ А координаторки се Лилјана Тодоровска и истата Јасна Мандиќ, која се наоѓа во драстичен конфликт на интереси. Таа е потпретседателка, членка на Управниот одбор и едновремено координаторка на проект, на чија приватна (!) сметка се префрлени тие 233.000 евра. И ние треба да ѝ веруваме на збор.Но, ете ти беља: Ардиан Амзоски, сопственикот на „Дрим Билдинг“ (на англиски може да значи „градење соништа“), тврди дека ништо не е спроведено од договореното за објектот во општината Карпош и си ги бара парите назад. А Лилјана Тодоровска, на чија сметка легнале 720.000 евра како авторски хонорар за идејата за пензионерски домови во Битола, тврди дека штом во банката ги подигнала парите, веднаш на влезот и ги одзеле членови на раководството на Меѓународниот сојуз. Имиња не кажа.За која банка станува збор? Не знаеме. Во која банка во оваа држава приватно лице може да подигне кеш во износ од 720.000 евра на име на авторски хонорар? Дали за астрономскиот авторски хонорар Лилјана Тодорова платила или допрва ќе треба да плати данок? И, ако не платила, од каде ќе најде пари за тоа откако, како што тврди, парите ѝ биле одземени? И последното прашање: Зошто Силјан Мицевски не си ги побара парите, штом организацијата на Бојан Јовановски не ги извршила обврските?Но гротеската „Сојуз на лажните светци“ (наслов на една драма од славниот руски автор Михаил Булгаков) не завршува со ова. Во 2017 година, Меѓународниот сојуз – Скопје (Асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории, нели?) немал обврска да достави завршна сметка зашто имотот и приходите не му биле повисоки од 2.500 евра! А за 2018 година, Сојузот пријавил приходи од околу 3.000 евра и ја завршил годината со 11 евра на сметката!Помпезно најавуваната и промовирана организација на Боки 13 ми ти била гола сиромаштија, но на сметките на координаторките на двата проекта легнале речиси милион евра! За волја на вистината, Тодоровска си ја испразнила сметката под итно, но членови на раководството, тврди таа, исто така под итно ја ограбиле пред влезот во банката. Во овој есап не се влезени оние 1.300.000 евра (или беа 1.500.000?) кои од домот на Орце Камчев во подарената чанта Луј Витон ги однеле Боки 13 и некојси Кичеец, како што гледаме и слушаме на снимките спакувани и испратени од Скопје во Рим виа Будимпешта. На тие пари тука им се изгуби трагата, Боки 13 и Кичеец се во притвор, а во чиј трезор (или во чија банка) се парите не се знае. Сигурно е само тоа дека не се на сметката на тоа асоцијацијата за заштита на цивилно(то) општество.Законот за здруженија на граѓани и фондации во членот 63 вели дека организациите се должни годишните извештаи за нивното работење и годишните финансиски извештаи да ги објават на својата веб-страница или на друг соодветен начин да ги направат достапни за јавноста до 30 април за претходната година. На веб-страницата на Сојузот такви извештаи нема ниту за 2017 ниту за 2018 година. Не знам дали Меѓународниот сојуз ги објавил извештаите на некој друг соодветен начин, но откако ја посетив веб-страницата заклучив дека Сојузот не ги почитува ни отчетноста ни транспарентноста. Значи, не станува збор за невладина организација, туку за параван зад кој се кријат моќни ѕверки и матни зделки.Дали и СЈО, на чело со Катица Јанева, наместо да донесе правда, се претворил во таков параван, ќе видиме набргу. Она што е јасно е дека одговорноста паѓа врз Заев, неговата влада и администрација. Зошто? Зашто скандалот пукна кога тие ја имаат власта. Зашто Заев е и премиер и претседател на најголемата партија во владејачката коалиција. Заев е должен да се соочи со проблемот и да го расчисти. Ако, поради кои било причини, не може да го направи тоа, треба да си даде оставка.А доколку моќните ѕверки во политиката и бизнисот ја договорат највалканата зделка во постјугословенска Македонија, дефинитивно ќе ја убијат надежта и на оние кои не можат или не сакаат да се иселат во земјите на „проклетиот Запад“. Тешко нам!(ФБ статус на авторот)

Коментари | пред 6 години

Screenshot_14

Трагично: Деца од 8 месеци до 7 години сместени во дневен центар, загинаа во пожар во Пенсилванија

Децата на возраст меѓу 8 месеци и 7 години трагично загинале во пожар во Ери, северозападна Пенсилванија, пишува „Russia today“.Пожарот избувнал во дневен центар за згрижување деца, а најмалку едно возрасно лице е исто така хоспитализирано по пожарот.

Свет | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Писмо до Заев: Како ја прајте Македонија убаво место за живеење, жити се?

Можи и немаше да го напишам овај текст, ама капаче на цела оваа курто-муртовизија беше Вашата изјава премиере: „Северна Македонија ја правиме убаво место за живеење“.Не можам, а да не прашам, ама онака на битолски: Како ја прајте, жити сė?За почеток: искрено мислам дека со то „северна“ кај шо треба и не треба, на народот му се смачивте. Знајме „дека мораше“ (најверојатно), ама знајме и дека не мора сегде.Туку, друго ми беше муабето. Како ја прајте Македонија, ко Битола ја доотепавте? Или, Битола не е во Македонија? Е па да ве потсетам, Вашата министерка за одбрана беше носител на листа во 5-ка. На сред Широк Сокак од петни жили викаше: „Битола не смее повеќе да умира!“Е па кажете и дека умрена е! Оти секој ден сме по погреби, оти битолчани се најзаболени во Европа и оти од нејзините ветувања за филтри (на затворени трибини, на секои пет месеци) – нема ништо! И знам дека не и е ни гајле, ама мене ми е гајле оти та живеј од струјата која се произведва во Битола.Ах, да… ќе го забораев и заменик-министеро за животна средина, ко го не знам колку пати го имат гласано битолчани и кој е по потекло од Битола само избори ко ќе има. Кажете му дека за нашето барање за субвенционирана струја неговото министерство се прогласи ненадлежно, како и цела влада… Ама кај да е – Битола ќе се прогласи ненадлежна за избирање на луѓе на кои не им е важна.Како ја прајте поубо место Македонија, кога сите кои кои ги слушавме во „Вистината за Македонија“, за кои овие избраните од Битола велеа дека се криминалци, сега се главни спонзори, донатори и спасители, м? И да е поперверзно сето то, сега оние кои од Битола ги клавате на највисоки функции, со нив заедно ќе ја спасвале Битола.Како ја прајте поубо место, кога ни ја потценвате интелегенцијата и ни велите дека Грујо уште е крив? Имавме еден градоначалник кој ни велеше дека божјите сили се криви, ама Трајанка Ваша, машала, поербап.Та Ни вели дека немала магично стапче за сė наеднаш да реши, ама еве, гледаме со шо се занимавала, зато немала.И не ми прајте жртва од никој, оти сите знат шо прат, посебно тука, во Битола. И најдобронамерно речете им и поздравете ги да не пуштаат гласници со закани, оти никој не им се плаши, туку на сите ни е срам кој стигна да нė води и од кој ни зависи иднината на градо.На крај, премиере, ова второ писмо не дека нешто ќе смени, ама моја должност е да кажам оти Вие, Кики, Фрики, Трајанка и сите оние кои лапнаа фотелји и функкции – сите сте криви – не јас, не битолчани, не Грујо – вие кои ја прокоцкавте надежта и вербата на луѓето!Со почит,Габриела Илиевсканезависен советник во Советот на Општина Битола

Коментари | пред 6 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva1

Суровата реалност во која живееме: Жалосно е што почитта е непостоечка

Жалосно е што гледам мали девојчиња од 13/14 години како си го тртат газот за на Инстаграм..Жалосно е што кога нема интернет наоколу се препотуваме, а штом најдеме wifi сите трчаат да проверат лајкови..Жалосно е што зборовите напишани тука ја изгубија секоја смисла..Што едно "добар сум" не е навистина "добар сум".Што се е маска и празно..Што се криеме зад фотографии од кои ечат крици на празен живот..Што го пишуваме она што се очекува, а не она што сакаме да го кажеме..Жалосно е што некој свесно одлучува да не врати веднаш на порака, за да ја/го "копка"..Уште пожалосно е што ретко кој крева слушалка.Жалосно е што луѓето ја изгубија искреноста, што не знаат да кажат што имаат на ум..Што секој трча по "нешто", а најголемиот број не знаат ни што.Жалосно е што соголувањето на телото е "ин", а соголувањето на душата е "табу".Жалосно е што немајќи љубов, младите се задоволуваат со краткотрајни забави.Жалосно е што речиси и да не постојат џентлмени и дами.Жалосно е што почитта е непостоечка.Жалосно е што денес луѓето повеќе мерат, отколку што си дозволуваат да почувствуваат.Жалосно е што " уметноста " денес се создава како последица на трендови, наместо длабоки истражувања на душата и светот.Жалосно е што да шлапкаш додека јадеш е ок.И да плукаш на улица.И да фрлаш ѓубре на улица.И да ги труеш животните.И да не кажеш "здраво" кога ќе поминеш покрај познаник.И да и свиркаш на девојка додека проаѓа на улица.И да и се обраќаш на Инстаграм и Фејсбук небаре е твоја сопственост. Најголемиот дел така им се обраќаат и на жените дома кои им ги донеле на свет нивните деца.Жалосно е што луѓето и да можат нема да помогнат некому ако му треба.Жалосно е што сите се себични.Жалосно е што трагајќи по успех, заборават на тоа кој бил до нив додека тонеле.Жалосно е што сите ние ги изгубивме вредностите, културата.. изгубивме мера за нештата кои вредат во животот.Заборавивме да љубиме, да цениме, да се радуваме... заборавивме да се гушкаме.Само бркаме лајкови, унапредувања, дипломи, признанија некакви си, и што ли не... а не се бориме да бидеме луѓе.Има уште многу... ама не можам...Ивана Балабанова (ФБ статус)

Коментари | пред 6 години

boki-13

Павловска Данева: Правниот систем го упавува Боки 13

Ана Павловска Данева, професорка на Правниот факултет и член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од земјава на својот фејсбук профил ја прокоментира аферата „Рекет“.„Нема поголема навреда за правниот систем на една држава од тоа со него да управува и владее Боки Тредичи“, напиша Павловска – Данева.

Коментари | пред 6 години

boki-13-reket

Италијанскиот весник ја повлече последната вест

Италијанскиот весник „Ла Верита" ја повлече денешната видео колумна во која ја критикуваше претставничката на Еу за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, за непреземање акција во врска со случајот „Рекет".Причина се повредените авторски права на друг медиум од Албанија.

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova-960x479

Лиле Стефанова утре во суд за „Титаник“, СЈО се враќа на рочишта

СЈО се враќа во судница утре, заврши судската ферија и утре е закажано рочиште за предметот „Титаник“, за кое како надлежен обвинител се јавува и обвинителката Лиле Стефанова, која е обвинител и во предметот „Империја“ кој е во средиштето на скандалот рекет.Токму Лиле Стефанова е повикана во Обвинителство во вторник да даде исказ откако ја обвини шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева дека барала предметот да се зтавори и осомничените да не одат во затвор. Дали и како аферата „Рекет“ ќе влијае на предметите и обвиненијата на СЈО, допрва ќе се види.

Македонија | пред 6 години

1-12

Вучиќ најавува: „Рекет“ ќе му донесе нови изненадувања на Заев

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес се обратил во јавноста од зградата на Генералниот секретаријат.Покрај политичките прашања кои му биле поставени за ситуацијата во државата тој од новинарите добил и прашање за случајот „Рекет“ кој деновиве ја “тресе“ политичката сцена во Република Северна Македонија.На прашањето на новинарите за аферата „Рекет“ , претседателот изјавил дека не се меша во внатрешните прашања на другите држави.-Како што дознав од добро известени италијански извори, тука ќе има уште изненадувања, а сега верувам дека Зоран Заев го разбира она што му го зборував за одредени лица кои се далеку од Србија – изјавил Вучиќ.

Македонија | пред 6 години

zapalen-avtobus

ФОТО: Туристички автобус изгоре во Грција

Автобус со српски туристи кои се враќале од летување на островот Егина, се запали синоќа кај Лептокарија.Како што јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации споделени на социјалните мрежи, во незгодата нема повредени лица.Во автобусот се возеле 47 патници, но благодарение на брзата реакција на возачот никој не е повреден, пренесе „Танјуг“.

Свет | пред 6 години

janeva-ruskovska

Вилма во среда се враќа од плажа, а прво ќе се сретне со Катица

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кон средината на идната недела ќе се врати на работа и лично ќе ја продолжи истрагата за случајот „Рекет“. Од Јавното обвинителство на РСМ велат дека „според утврдениот распоред и решението, првиот дел од одморот на обвинителката Русковска завршува во среда (14 август)“.Ова би значело дека обвинителката во СЈО надлежна за случајот „Империја“, Лиле Стефанова, повикана во вторник во ОЈО за гонење организиран криминал, ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Русковска додека таа е на одмор. Следните денови на распит треба да се појави и Катица Јанева.Во еден од разговорите објавени вчера, Јанева се вклучува во разговор меѓу бизнисменот Јордан Камчев и шоуменот Боки 13, велејќи дека „не ја држи редовно Лиле под контрола, но дека таа не може ништо без неа“. Јанева потврди дека тоа е нејзиниот глас, но се брани дека со Камчев разговарала службено, преку посредник, и го врбувала да стане сведок-соработник во друг предмет што бил во предистрага.Лиле Стефанова, обвинителката од СЈО надлежна за случајот „Империја“, јавно изјави дека решенијата со кои СЈО дава согласност за полесни мерки за осомничените ги носела лично Јанева и покрај нејзиното противење. Стефанова тврди и дека Јанева во април побарала „Империја“ да заврши само со надомест на штета за државата, иако Кривичниот законик предвидува затворски казни за делата за кои се сомничат инволвираните.Повеќе на 360 степени.мк

Македонија | пред 6 години

image-108291

ФОТО: На Скопје му треба дожд кој ќе го исчисти ѓубрето од ѓубрињата

Треви, гранки, пластични шишиња, отпад, па дури и по некој фрлен шпорет… и натаму се вообичаена глетка која граѓаните ја гледаат во коритото на Вардар во централното градско подрачје. Така е со месеци, а изговорот на надлежните е дека е во тек е доградувањето на мостот на кој требаше да се постави панорамското тркало, па потоа…Грдата глетка опфаќа многу поголем простор, а најлоша состојба е токму во околината на градскиот симбол – Камениот мост. Наместо да гледаат во исчистено и уредено корито, бројните минувачи меѓу кои има и голем број на странски туристи, можат да видат само пример на тоа како не треба да се одржува реката која го прославува и градот низ чиј центар тече.Апсурдот да биде поголем ваквата грда состојба се случува токму во периодот кога Вардар го има најнискиот водостој заради летното време и големите надворешни температури. Ниското ниво на водата овозможува лесно да се организира акција за средување во чиј тек можат да бидат употребени и одредени градежни машини. Но, ете, тоа не се прави иако би било голем придонес во подобрувањето на ликот на централното градско подрачје.Изгледа пак ќе се чека есента, па со помош на дождовите Вардар сам да си се подзачисти.СкопскоЕхо

Скопје | пред 6 години

Lorens-Ripl-696x447

Мажот кој ограби банка за да побегне од сопругата, заработи домашен притвор

Честите расправии со сопругата и со нејзините четири деца кои ги добила во претходниот брак го принудиле Лоренс Џон Рипл од Канзас на невообичаен чекор. Американецот заминал во најблиската банка со цел да ја ограби, за да потоа биде однесен во затвор, каде планирал да се одмори од напнатата ситуација во домот. Но, наместо во затвор, судот во Канзас го осудил несреќниот маж на шест месеци домашен притвор.Веста за Лоренс ја пренесе ,,Њујорк пост”. Според медиумот, по кавгата со сопругата, Лоренс и оставил писмо во кое напишал – Подобро да бидам во затвор отколку дома. Потоа влегол во банката и на службеникот му побарал пари, заканувајќи се дека носи пиштол. Вработениот од банката му дал 2.924 долари, по што Лоренс излегол пред банката и на обезбедувањето му кажал дека тој е човекот кој штотуку извршил грабеж и побарал да повикаат полиција.

Свет | пред 6 години

apasiev

Апасиев: Мислев дека кога им земаат рекет - ги тепаат

Димитар Апасиев својот последен статус на Фејсбук го имаше на втори јуни, од каде прави голем пост, односно нема објава се до 9-ти август, кога едноставно веројатно не можел да издржи да не даде свој коментар за случајот „Рекет“.-Като, мори, душманке, – е една од објавите на Апасиев, а исто така го коментира и делот со: „Бобо кај мене, Рада кај тебе“, изјава на Боки 13.Утрово пак Апасиев објаснува и што мислел тој за Рекет кога бил мал односно како изгледало правењето на рекет.-Ја па, коо мал, си мислев дека коа им зимаат РЕКЕТ – ги тепаат, напиша Апасиев. Но, доби и интересен коментар: Професоре, намириса ти избори, одамна те немаше.

Македонија | пред 6 години

meteori

Почнувајќи од денеска вреди да останете будни и да заминете далеку од градот

Метероскиот дожд на „персеидите“ оваа година ќе може да се забележи во ноќите помеѓу 11 и 13 август.За време на најфреквентните моменти на дождот, НАСА очекува до 60 метеори на час кои ќе прелетаат низ ноќното небо.За жал за оние кои ќе сакаат да го набљудуваат метеорскиот дожд, присуството на речиси полна месечина во овие ноќи може да го попpечи нивното искуство.„Персеидите“ се исто така познати по тоа што произведуваат многу интензивни огнени топки, со што метеорскиот дожд е настан што вреди да се проследи.Метеорски дожд е небески настан во кој зрачењето на голем број метеори се набљудува од една точка на небото. Овие метеори се предизвикани од струите на вселенските остатоци наречени метеороиди, кои влегуваат во Земјината атмосфера со екстремно големи брзини на паралелни траектории.Повеќето метеори се помали од зрно песок, така што скоро сите од нив ќе се распаднат и никогаш нема да ја погодат површината на Земјата. Интензивни или невообичаени метеорски дождови се познати како метеорски испади или метеорски бури кои можат да содржат повеќе од 1000 метеори на час.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања