Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kosovoGranica

Косово се заканува со трговски бариери за Македонија

Поради забраната за увоз на риби за порибување од Косово, власти се заканија дека ќе воведат царински бариери за увоз на повеќе македонски производи. Косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала го известил министерот за економија Крешник Бектеши и побарал да се отстранат бариерите, во спротивно се заканил дека косовската страна ќе ги разгледа мерките на реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се увезуваат на Косово”.-Ова кршење на обврските кон ЦЕФТА од страна на Северна Македонија предизвикува загриженост за мојата влада и ве повикувам што побрзо да најдете решение по ова прашање, му напишал косовскиот министер Шала на македонскиот министер Бектеши.Македонската страна објаснува дека забраната се однесува само за увоз на порибителен материјал и не важи само за Косово, туку и за сите држави кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен.За заканите за реципроцитет од косовска страна и забрана за увоз на производи од земјава, Димковски рече дека верува оти не е нешто што не може да се надмине.Инаку ова нема да биде прва рампа за македонските производи од страна на Косово. Лани во јули косовската влада ги зголеми за 30 отсто царините за 21 земјоделски производ. По две недели Косово ја повлече забраната под притисок на ЕУ, а нашите загуби се проценија на 180 илјади евра. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Италијанскиот „Ла Верита“ тврди дека поседува уште снимки

Загрижени службеници од македонската администрација ги предале видео и аудио снимките од случајот „Рекет“ на италијанскиот весник Лаверита кои изминативе четири дена објавува стории и материјали за скандлот што ја тресе државата, објави Сител.Вакво признание дава самиот автор Ларис Гајсер во последна видеоколумна објавена во денешното издание на весникот. Тој вели дека поседуваат уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.Во колумната Гајсер коментира дека напоразувачката порака – тотален молк е она од Брисел, особено имајќи предвид дека  дека претседателот на Европската комисија  Жан Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини инсистираале силно за специјалната обвинителка, објави Сител.Текстот во целост на: Сител

Македонија | пред 6 години

bihac

Во Бихаќ тепачка меѓу мигранти, користеле секири и летви

Во Бихаќ, Босна и Херцеговина дошло до судир меѓу мигранти, а локалното население спречило ситуацијата да ескалира и да дојде до трагедија.Според очевидци, благодарение на навремената интервенција на селаните, синоќа била спречена трагедија кај стадионот на ФК „Јединство“ во Бихаќ, пренесуваат медиуми од БиХ. Кантонското Министерство за внатрешни работи потврди дека се случил инцидент во населбата Лука во кој едно лице се здобило со полесни повреди.Во тепачката меѓу мигрантите биле користени секири и летви, а жителите на населбата Лука успеале да го прекинат насилниот судир.

Свет | пред 6 години

izjava-zaev.Still220

Пожар зафати улишта и шума во Дебрца

Пожар изби попладнево на територијата на општина Дебрца во близина на каменолот кај селото Велмеј.Најпрво пожарот избил кај улишта со пшчеликои изгореле , а потоа брзо се проширил на блиската шума.Екипите веќе се натерен и почна борбата со огнената стихија.

Македонија | пред 6 години

grcija

Повеќе од 50 пожари беснеат во Грција

Во овој момент беснеат повеќе од 50 пожари во Грција , јавуваат локалните медиуми. Балканскиот регион пак е покриена со афрички топлотни бранови, суша и силен ветер. Повеќе од 450 пожарникари и 23 авиони се мобилизирани за борба против пожарот.Туристичкиот камп и околните куќи на островот Елафонисос, на југот во Грција, се евакуирани втор ден по ред, бидејќи пожарот што изби зема замав поради силниот ветер.Властите синоќа соопштија дека пожарот е под контрола, но ветровите повторно го распалија, пренесе „АП“.На Елафонисос живеат околу 350 луѓе, но за време на летната сезона островот го посетуваат околу 3.000 туристи.

Свет | пред 6 години

missing

Штитеничка од СОС Детско село самоволно заминала – МВР ја бара

На 10.08.2019 година во 10.00 часот во СВР Скопје вработена во СОС Детско село, пријавила дека од СОС Детско Село самоволно заминала нивната штитеничка М.С.(17), која повеќе пати заминувала од установата и е враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Македонија | пред 6 години

kuce

Маж каснат од куче скитник

На 10.08.2019 во СВР-Битола Љ.Б од с. Зрзе пријавил дека бил каснат од куче, сопственост на Т.Ѓ.од с.Зрзе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka

Две лица физички нападнати на улица во Битола и Скопје

На 11.08.2019 во 05.40 часот во СВР Скопје Ф.А.Б(26)од Скопје пријавил дека пред пекара на улица Костурски Херои бил физички нападнат од две лица.На 10.08.2019 година во 15.00 часот во СВР Битола В.К.(62) од Битола пријавил дека на улица Стерјо Ѓорѓиев бил физички нападнат од В.Ф.(38) од Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

На семејна веселба пукал од пиштол, што легално го поседувал

На 09.08.2019 околу 23.30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со пукање од пиштол, што легално го поседувал.  Пиштолот е одземен и по целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

antraks-1

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните, нема заразени со антракс

Нов ден, нова лажна вест од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, дезинформации и невистини преку кои се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.  Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс, се вели во соопштението од СДСМ.Како што информира и Агенцијата за храна и ветеринарство, засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција, а донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар и нема нови случаиГрижата на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е лажна и лицемерна. Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.Денес ВМРО-ДПМНЕ се промовира како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.Наместо да пласира измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните заради ситни дневнополитички поени, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

ovci

Антракс сепак има во Македонија - стадо овци спалено под надзор на официјален ветеринар

Во Македонија има антракс, заразна болест што ги напаѓа животните, а може да се пренесе и на човек, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. Болеста е потврдена кај овци во кичевско, а ниту еден човек не е инфициран, смируваат надлежните. Антраксот може да се пренесе со конзумирање контаминирано месо или пак ако бактеријата навлезе во телото преку рана на кожата.Од Агенција за храна и ветеринарство велат дека антракс има во селото Долно Строгомиште, кичевско. Животните под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, а во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција.

Македонија | пред 6 години

antraks-1

Министерство за здравство: Во земјава нема граѓани заболени од антракс

На територијата на Република Северна Македонија нема заболени граѓани од антракс, велат од министерството за здравство, по информацијата која ја обелодени опозициската ВМРО ДПМНЕ дека наводно на ветеринарниот факултет се испитувал примерок од угината овца каде е детектирана болеста антракс, по што  околу 30-ина вработени на Факултетот ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија„Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс“, информираат од ресорното министерство.

Македонија | пред 6 години

AZ4I6941-01

„Парче душа“ на „Охридско лето“ – совршен остров за одмор на душата

Познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа синоќа создаде совршен остров за одмор на душата преку проектот „Парче душа“ што го изведе во рамки на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“.Во прекрасниот амбиент во предворјето на црквата „Света Софија“, актерот и носител на проектот Тодоровски-Упа заедно со неговите пријатели и соработници, актерите Гордана Енроска и Симеон Дамевски, Симон Трпчески како и кавалџијата Сашо Митев,  кај публиката поттикнаа чувства, спокојство, мир, и ја оддалечија за миг од секојдневните грижи. Истовремено, тие му оддадоа почит на великанот на македонската книжевност и пред се’ , еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.-Јас и моите пријатели му оддадовме почит на великанот наш и темелот наш, Блаже Конески, за којшто јас, упорно, дваесеттина години го говорам односно го рецитирам овој проект како сценски приказ. И не случајно е даден назив „Парче душа“,  јасно е зошто е парче душа. „Охридско лето“  е на висина на задачата, па првпат од нашата македонска независност, официјално или службено е прифатено рецитирањето на еден национален фестивал, вели актерот Тодоровски –Упа.Тој додава дека великанот Конески е еден од ретките кои допреле до корените на чувствата и му помага на човекот да дојде до многу едноставни, а сепак, големи сознанија.-Секогаш кога не ќе сум можел да се изразам себе си - сум го говорел него. Го мислам и ќе го имам до – секогаш. Како дел од мене. Затоа што како и секој гениј, неговото дело го  доживуваме како да се однесува за нас лично. Зашто тој спаѓа во ретките благословени од боговите кои ги допреле корените на чувствата, ги сфатиле длабочините на душата и кои ни помагаат да дојдеме до толку едноставни а големи сознанија,  затоа што ни предочуваат прекрасните созерцанија на животот и човекот. Пред се’, нашиот, македонскиот човек. Затоа е Блаже и сечовечки – оти е најпрво свој, наш, појаснува актерот Упа.Според него, единствено преку едноставноста може да се приближи поезијата до луѓето и како што појаснува, токму Блаже Конески е поет на мудроста, на големиот и убав македонски збор, и пред се’, на едноставноста.-Единствено на овој начин, преку изведбата на актерите, чијашто должност е да ги пренесат состојбите на душата и чувствата што произлегуваат од секоја песна, поезијата може да допре до луѓето  многу поедноставно. Луѓето се откажуваат од поезија, прво, затоа што читаат веројатно погрешна поезија, а погрешна поезија е секоја онаа којашто користи сложености за да допре до душата бидејќи  душата е многу едноставен механизам. Сакам да кажам дека ако читате погрешна поезија, сложена, набабрена, со премногу метафори кои ја оптоваруваат првата функција на поезијата, таа нема да допре до луѓето, вели авторот на проектот „Парче душа“.Љупчо Тодоровски –Упа  покрај со актерство, се занимава и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија. Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како  и безброј разни други сценски настапи.Воден од творечкиот немир на двапати по десетина години работи во Белград и Љубљана. Сѐ до денес успева да опстане како слободен уметник и да го задржи привидот на поголема лична и творечка слобода.  

Магазин | пред 6 години

OHL_3318

Префинета и атрактивна изведба на младите француски уметници Кристоф и Мусат

На 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ публиката проследи уште еден возбудлив концертен настап на двајца млади и шармантни музичари од Франција. Во рамките на традиционалната Француска вечер на фестивалот синоќа настапија кларинетистот Жо Кристоф и пијанистот Вансан Мусат.Вечерта исполнета со пријатните звуци на пијаното и кларинетот започна со соната за овие два инструменти од францускиот композитор и пијанист Франсис Пуланк,а потоа прозвучија префинети хармонски и звучни бои од Првата рапсодија на Клод Дебиси. На вчерашниот репертоар се  најдоа и шесте пиеси за пијано „По брановите“ од Анри Дитје. Одличната програма беше заокружена со Фантастичните пиеси на Роберт Шуман и Соната за кларинет и пијано број 1 од Јоханес Брамс.-Имавме долга програма, но уживавме во сите дела што ги отсвиривме. Црквата „Света Софија“ е навистина прекрасна и акустиката беше одлична. Ни беше огромно задоволство што свиревме тука. Со Жо сме пријатели целиот живот, но првпат се соединуваме во дует и се надевам дека повторно ќе имаме прилика повторно да свириме заедно, изјави пијанистот Мусат.Кларинетистот Жо Кристоф освен што музицираше заедно со Мусат, вчеравечер мошне виртуозно го долови и  Омажот на Клод Дебиси за кларинет соло.-Навистина уживавме при нашиот настап на фестивалот. Публиката беше одлична и многу приемчива, рече Кристоф.Францускатавечернафестивалот „Охридсколето“ е традиционална и сеодржувасекојагодинасоподдршканаАмбасадатанаРепубликаФранцијавоМакедонија и ФранцускиотинститутвоСкопје. Синоќешниотконцертгопроследи и ЕмануелРембер, советникзакултура и соработкаприАмбасадатанаФранцијавоРепубликаСевернаМакедонија и директорнаФранцускиотинститутвоСкопје.-Синоќаимавмеприликадапроследимееденпрекрасенконцертсодвајцамладисолисти, прекрасниоткларинетистЖо Кристоф и истотакаизвонредниотпијанистВансан Мусаткоиштопрвпатоформијадуо. Навистинабешепрекрасно и занивможедасекажедекасеиднивиртуози. Навистинасмесреќништосмеприсутнинаовојфестивалкојштопостоиречиси 60 години. Среќнисмезарадифранцускатавечернафестивалотштосеизведувапо 13-ти пат. Серазбирадекаќебидемеприсутниповторно и следнатагодина, речеРембер.Во рамките на Француската вечер на фестивалот „Охридско лето“ досега настапиле звучни имиња од француската класична музика меѓу кои големиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано, триото „Вандерер“, врвните пијанисти Уго Леклер и Елен Котино-Коен, еден од најреномираните камерни ансамбли,квартетот „Ардео“, а минатата година фестивалската публика уживаше во концертот за четири раце на пијано што го приредија Мишел и Николас Буронкле. 

Магазин | пред 6 години

policija-1

МВР со детали за сообраќајката кај Облавце во која загина едно лице

На 10.08.2019 околу 14,10 часот на магистрален пат А-2 Куманово– Крива Паланка кај село Облавце-Општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Чироки“ со бугарски регистарски ознаки,  управувано од Ф.А. (27) од Куманово, патничко моторно возило „Алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (38) од Куманово,  и товарно моторно возило „Волво“ со турски регистарски ознаки,  со приклучна приколка „Караолан“,  управувано од М.А. Ѓ. (42) од Република Турција. На местото на настанот починал возачот на ,,Чироки“ Ф. А.. Сопатниците во истото возило  С.Б.(28), Б. С.(26) и М. С. (23) сите од Куманово, како и возачот на ,,Алфа ромео“ Д. А. и возачот на товарното возило „Волво“ М.А.Ѓ. се пренесени во Општа болница во Куманово, каде кај Б. С. и М.А.Ѓ. констатирани се тешки телесни повреди, додека кај С.Б., Д. А. и М.С. констатирани се телесни повреди. Товарното возило  „Волво“ по сообраќајната незгода било опожарено. Увид е извршен од страна на Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Куманово.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај Демир Капија пронајдени 22 мигранти од Пакистан и Бангладеш

На 10.08.2019 околу 15,00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ и ПС за граничен надзор „Михајлово“ во близина на Демир Капија,  кај месноста викана .„Острово“ пронашле 22 лица мигранти (20 од Пакистан и 2 од Бангладеш). Во врска со случајот, приведен е А.Љ. од Арачиново и одземено е возилото „Aуди A-6“ со скопски регистарски ознаки. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Тешко повреден пешак, откако го удрил автомобил

На 09.08.2019 во 21,35 часот на магистралниот пат А-4 Струмица-Ново Село, поточно во с.Босилово Љ.Г. (43) од с.С.Коњарево, управувајќи патничко моторно возило „Опел омега“ со струмички регистарски ознаки , удрил во Ј.И. (61) од Струмица .Во незгодата пешакот Ј.И. се здобил со тешки телесни повреди  и бил пренесен во болницата во Струмица. Увид извршила екипа од ПС-Струмица.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нема да успеат обидите на Мицкоски и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат правната држава

Единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ беше и останува одбрана на криминалот на режимот. ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви, се вели во соопштението од СДСМ.Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.Сите предмети, од ,,Империја" и ,,Талир" преку „Тврдина“ „ТНТ“, „Топлик“ „Тарифа“ ,,Трезор“, па се до „Титаник" и ,,Тревник" мора да бидат расветлени до крај и сите за кои ќе се утврди вина да одговараат, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

pozar

ДЗС велат дека се вклучени во гаснење на пожарот во депонијата Русино

По драматичен апел за помош  кој го упати Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во кој побара помош во гасење на депонијата Русино, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска соопшти дека уште вчера во доцните часови активно се вклучила во акцијата.ДЗС во денешното соопштение наведува дека за справување со пожарот биле ангажирани градежни машини како поддршка на територијалната противпожарна единица од Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар и оти нивните екипи остануваат на терен се до конечно гаснење на пожарот.https://www.facebook.com/arben.taravari/videos/pcb.10219756359640542/10219756450002801/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

antraks

Во Македонија има антракс, власта крие?

Во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, а власта крие, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата објавија дека имаат сознанија дека пред две недели било донесена заразена овца од западна Македонија во Ветеринарниот факултет во Скопје.Со испитување е потврдена дијагнозата, а поради тоа 30 вработени од Факултет веднаш биле однесени на Инфективна клиника за превентивна терапија.Од опозициската партија прашуваат дали се преземени сите превентивни мерки за вакцинација на населнието и локализирање на болеста кај животните која лесно се пренесува на луѓе.Додека по налог на Зоран Заев се менуваат закони за да можат партиските шерифи да градат хотели и ресторани на земјоделско земјиште, постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, зоонозна болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек.Власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација?Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија.Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има?Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.Почитувани,За овој крајно несериозен пристап на директорот на агенцијата за храна и ветеринарство  и министерот за земјоделство Димковски мора да има одговорност затоа што сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во Република Македонија.Воедно апелираме Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни протоколи се со цел ставање под контрола на оваа сериозна заразна болест која преставува сериозна закана пред се за граѓаните на Република Македонија, но и за останатиот сточен фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

stoilkovski

Стоилковски: Октоподот кој го инсталираше Зоран Заев, а во кој Боки Тредичи е само еден од пипците

Македонија е изгубена држава која што се празни од ден на ден затоа што ја имаат окупирано криминалци како Зоран Заев. Во Македонија со правдата се тргува, се креираат обвиненија со цел некој потоа тоа дебело да ги наплати со изнуди и рекет. Заев и екипата заедно со нивните слуги во СЈО, обвинителството и судството создаваат случаи за да се рекетираат бизнисмени и уценуваат политичари со опозициони ставови, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.На дело гледаме како Зоран Заев и екипата го злоупотребувале државниот апарат за да земаат милиони евра кои потоа веројатно биле делени во помали Луј Витон торбички, паричници или пак директно во џебови.Институциите кои треба ова да го гонат, се одмораат среде истрага дозволувајќи на тој начин да се форматираат телефони, да се бришат форензички комјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи. Тоа е лика и прилика на Русковска обвинителството и Луј Витон правдата која работи по директива на Зоран Заев.Овој скандал е многу сериозен и тоа не го говори само македонската јавност туку за тоа говори и европската јавност. Поради октоподот кој го инсталираше Зоран Заев, а во кој Боки Тредичи е само еден од пипците.Лицемерни се пораките на Заев, на Шекеринска и на СДСМ дека институциите треба да го расчистат случајот, кога гледаме признание на ОЈО дека материјалите кои што се објавуваат и тие ги поседувале.Па ако ги поседувале и на нив јасно се гледа улогата на Катица Јанева и признанијата на Боки Тредичи дека за случајот е зборено со Заев и тој нема да прави проблеми, тогаш зошто ЦЕЛ месец, повторувам ЦЕЛ месец ништо не е преземено за подетална истрага и проширување на обвинението.Зошто не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа? Дали со измислувањето на статусот пријавител, Рускоска се обидува да го амнестира Заев, откако веќе виделе дека случајот ќе излезе во јавноста? Тенденцијата е веќе јасна, Русковска обвинителството требало да отвори случај во кој ќе гледа по секоја цена да се ограничи на двајца обвинети и со тоа да ги заштитат Катица Јанева, Зоран Заев и многу други функционери од партијата СДСМ.Соработката на Боки 13 со целокупното СДСМ е овековечена со меморандуми, средби и членство во Организацијата на Боки 13. Сега на ред се институциите да проверат колку милиони се изрекетирани од Боки Тредичи, кој се работел со него и како бил делен рекетот меѓу Боки, Зоки, Каки, Шеки, Фрики, Кики и останатите рекетарски ликови.Сепак овој скандал е огромен и има влијание на нашите евроинтеграции па нема така лесно да успеат да го забошотат.Одговори, но и одговорност мора да има. Зоран Заев и криминалниот картел околу него, Катица Јанева и СЈО веќе стануваат сериозна опасност не само за владеењето на правната држава, довербата во институциите, туку и угледот на државата во контекст на Европската Унија и на европските интеграции, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се средува сообраќајната инфраструктура во Скопје

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на коловозите на поголем број улици и булевари во Скопје.На територијата на општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри. Вчера започна и реконструкцијата на улицата Борис Сарафов, на потег од крстосницата со улицата Македонска Војска до крстосницата со улицата Кузман Шапкарев, со вкупна должина од околу 1.700 метри.На територијата на општина Центар, во тек е реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри, а се работи и на реконструкција на дилатациите на мостот Гоце Делчев.Во општина Чаир се реконструира улицата Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улицата Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко, додека во Шуто Оризари се реконструира улицата Индира Ганди, во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.На територијата на општина Аеродром во тек се активностите за реконструкција на улицата Февруарски Поход, на потег во должина од 720 метри.Покрај на овие локации, Градот работи и на уште неколку локации каде што се изведуваат поголеми градежни зафати што траат поголем временски период, а тука влегуваат: втората фаза од проектот на изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош и негово поврзување со заобиколницата, изградбата на булеварот Босна и Херцеговина, како и првата фаза од проектот за поврзување на Аеродром со Центар преку проширувањето на булеварот АСНОМ.Во текот на градежната офанзива на Град Скопје во изминатиот период во рекордно кратки рокови беа завршени следниве сообраќајници: булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот Обединети нации, во должина од околу два километри, улицата Лазар Личеноски во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со булеварот Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале, улицата Московска, улицата Димитрија Чуповски, улицата Љубљанска и улицата Антон Димитров.  

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

ОJO Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а 5 се повредени

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени.Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко и еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот. Сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот.По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Зајакнати сообраќајни контроли во Скопје - откриени низа прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати акциски контроли на учесниците во сообраќајот.На 10/11.08.2019 година во периодот од 06.00 до 06.00 часот спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола  утврдено е дека 47  возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 48 останати прекршоци кои исто така се соодветно санкционирани.На 10/11.08.2019 година во периодот од 19.00 до 01.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 26 прекршоци ,кои беа соодветно санкционирани.Исто така беа откриени уште и 27 останати прекршоци.На 10/11.08.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што од страна на полициските службеници беа констатирани четири прекршоци. Откриени  се и 40 останати прекршоци.     

Скопје | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Нека  годинешното празнување на Курбан Бајрам ви помине во спокој, мир и хармонија  и ви донесе среќа и радост

Почитувани верници од исламска вероисповед,Дозволете ми во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празникот Курбан Бајрам.Ова е празник кој ги потенцира човечките вредности и  кој не учи на  солидарност, хуманост и заедништво. Воедно, Курбан Бајрам ги истакнува меѓусебното почитување и разбирање и не обединува во стремежот за градење на заеднички живот и просперитет во нашата држава.Република Македонија има вековна традиција на соживот, толеранција и помагање помеѓу различните верски групи. Тоа се вредностите кои ние мора да им ги пренесеме и оставиме на идните генерации, бидејќи само така ќе продолжиме да градиме благосостојба,  но и напредок во нашето општество.Во овие тешки моменти и предизвици со кои се соочува нашата држава сите граѓани подеднакво ги чувствуваат последиците од неспособноста, алчноста, расипништвото, лагите и нереализираните ветувања и очекувања. Наместо проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните,  секојдневно гледаме криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството на секој еден граѓанин на Република Македонија.Токму затоа неопходно е да се почитуваме и помагаме,  и заеднички и обединети да упатиме порака дека потребно е создавање на праведна држава која подеднакво ќе ги почитува своите граѓани и ќе креира можности за напредок за доброто на нас и на нашите идни генерации.Нека  годинешното празнување на Курбан Бајрам ви помине во спокој, мир и хармонија  и ви донесе среќа и радост кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства,  се вели во честитката од Христијан  Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Курбан Бајрам. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања