Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kirovski

Проблем е што постојано ги избираме некадарните да водат институции (Катица) – кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ

Директорот на Телма со свој став околу аферата „Рекет“. Еве што на социјлната мрежа Фејсбук објави Атанас Кировски:„Проблемот на ова општество не се само опскурни типови како Боки 13 околу кој се нареди на баци рака цел естаблишмент, и на кого му беше дозволено да води медиум на криминален начин. Поголем проблем е што дузина новинари со кариери и кредибилитет, свесно се ставија во улогата на негови општествени бодигарди за кеш.Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните и потпросечните да водат институции (Катица) – кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации и неизживеаност.Клучниот проблем е што не функционираат институции и судство. За да функционира рекетот, во орото биле фатени и Основен суд, и Апелација и Врховен…Конечно, и секако не само заради овој последен пример, епилогот е дека нашите дедовци и татковци ни оставија подобра држава и институции. Ние на нашите деца им оставаме пепел. Ова е колективен срам за нас како генерација“, напиша Кировски. 

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Портокалова фаза во земјава - како да се заштитиме?

Викендов во земјава прогласена портокалова фаза. Граѓаните излегуваат само доколку мораат што допринесе улиците да се празни. Докторите даваат совети како да се бориме со високите температури. Препорачуваат:„Повеќе лесна храна, овошје и зеленчук, повеќе течности, најдобро обична вода. Да се носи лесна и светла облека, заштита на главата со капа и очила за сонце“.Посебно да се внимава на големите температурни разлики, особено при влегување во автомобил што е прегреан, но се упатува и предупредување до возачите бидејќи високите температури влијаат на концентрацијата при управувањето на возилото. Превенцијата е  клучна, потребно е да се преземат одредени мерки на заштита на населението, особено во најкритичниот период, од 11 до 16 часот.Во Македонија УВ индексот е 9, на само две единици од екстремно висок индекс кој се регистрира во земјите блиски до Екваторот. Високиот УВ индекс го зголемува ризикот од оштетување на кожата.Високиот УВ индекс, во моментов е проследен и со многу високи температури, кои влијаат на целокупното здравје на луѓето и претставуваат особено голем ризик фактор за постарите лица, хронично болните, трудниците и малите деца. Тоа резултираше со зголемен број на повици и интервенции во итната помош.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Oбвинителката која со обвинетиот тајно договара ослободување е исто како Дел Понте да му вели на Младиќ или Караџиќ, не се секирај, наредена

Актерот Сашо Тасевски преку социјалната мрежа фејсбук го објави својот став за аферата „Рекет“. Тасевски напиша:„Тоа што смрди на снимката е обвинителката која со обвинетиот тајно договара негово ослободување наместо да го гони. Тоа е исто ко Дел Понте да ја слушавме по телефон како му вели на Младиќ или Караџиќ, не се секирај, наредена. Или да го слушавме Џулијани како по телефон му вели на Џон Готи, се ќе биде во ред, те викам на распит како шминка пред јавност.Смрди и тоа што сите вмешани во Рекет и некои од власта си оделе на гости еден кај друг,. Шеќерната и Катица кај Тредичи, Бобо кај Оркица, му праеле метании на кралот во влада, по општини. Потпишуеле меморандуми со него...Смрди и тоа што видовме сваровски судиите и обвинителите на ГРУЈО си нашле нови спонзори. И си ги задржале старите. Па имаш од овој ми е страв нејќам да ме гони од оној не мие, наш е или наша е ми седи во скут. Многу смрди тоа што апла зборат за пакување пари со ластичиња, во вакви и такви апоени, зборат за милионче, кое како така Оркица до среда ќе го набавел, оти немал толку кеш зашто се инвестирал.А најмногу смрдат оние кои уште веруваат дека ова е измислено против власта, нешто со кое власта лесно ќе се справи и ќе докаже колку е чесна и невина.Не бе шушумиги и полтрочиќи партиски, не разбирате ништо. Таков рекет не може без потпора од власта. Јас да го рекетирав Оркица, ќе ме собереше полиција уште кога ќе ме испратеше со парите на прагот. Ако до сега власта се тркалаше по гребенот, од овој скандал е веќе во слободен пад, а доле нема јоги душеци. Немаат ни падобран.Затоа баталете вашите спинови, уште повеќе ја иритирате јавноста со нив. Повеќе немате легитимитет да владеете“, напиша Сашо Тасевски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

han

Хан: Никој не е над законот и не може да има неказнивост - сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата

По аферата „Рекет“ која ја треси земјава се огласи комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Тој на твитер напиша:-Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.https://twitter.com/JHahnEU/status/1160442545723367426?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1160442545723367426&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Ftri-dena-po-sluchajot-reket-koj-ja-strese-makedonija-se-oglasi-han-na-tviter-eve-shto-im-poracha-na-uchesnicite-vo-reketiranjeto%2F

Македонија | пред 6 години

cestitka-kosta

Георгиески: Овие празнични денови нека поминат во радост, со добра мисла, мирољубивост и толеранција

Во мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби за среќа, благосостојба и духовен мир.Овој верски празник е симбол на солидарноста, па затоа посакувам да биде еден убав мотив за поголемо меѓучовечко разбирање, почитување и хармонија. Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и да го јакнеме соживотот. Посакувам вербата во бога да не води на вистинскиот пат и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид.Овие празнични денови нека поминат во радост, со добра мисла, мирољубивост и толеранција, се вели во честитката на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

tafun

(ВИДЕО) Загинати, исчезнати - Тајфун Лакима остави пустош во Кина

Смртниот биланс од силниот тајфун Лакима, која ја погоди источна Кина се искачи на 28 лица, додека 20 се сметаат за исчезнати.Најмалку 13 луѓе настрадаа, а 16 исчезнаа во свлечиште по налетот на тајфунот „Лекима“ на истокот од Кина. Поради силниот тајфун се евакуирани милион луѓе и откажани се повеќе стотици летови.Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција Џејијанг, со налети на ветрот до 187 километри на час, предизвика нарушувања во сообраќајот бидејќи илјадници летови и железничките поаѓања беа откажани.Се проценува дека тајфунот предизвикал штета од две милијарди долари, информира Синхуа.

Свет | пред 6 години

dubrovnik-more

Јадранското Море загадено, експертите предупредуваат за опасност од зарази

Во екот на туристичката сезона, Јадранското Море секој ден станува сè позагадено, а експертите веруваат дека поради ваквата состојба на капачите им се закануваат и многу зарази, пишува хрватски „Индекс“.Најпроблематична е состојбата во, за многумина, најубавиот хрватски град, Дубровник.Во втората половина на јули е забележано значајно излавање на отпадни води кај Дубровник, па инспекторатот за заштита на животната средина им наредил на градските власти да воведат забрана за пливање на плажа во Колочеп.– Во морето има сè повеќе фекалии, но тоа може да се реши со носење на соодветни регулативи – вели за „Индекс“, Жарко Кобоевиќ од поморскиот оддел на Универзитетот во Дубровник. 

Свет | пред 6 години

120190420_222336

Дорис Пак порача: Европа да реагира за криминалната реалност што се случува во Македонија

Европа да реагира за криминалната реалност што се случува во Македонија, порача претседателката на асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак.Директорот на меѓународниот републикански институт Пол Мекарти за Гласот на Америка во врска со аферата „Рекет” изјави дека е многу е загрижувачки тоа што се случува, а истрагата да оди до крај, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Најзагрижени се граѓаните во Македонија кои се плашат што може ним да им се случи , кога најбрутално биле рекетирани познати бизнисмени. Граѓаните се исплашени бидејќи гледаат дека нема правда во Македонија.Реакциите не стивнуваат ниту од регионот, ниту од страна на европските партнери на Македонија и од целокупната меѓународната заедница.Правото кое го практикуваат правосудните органи требаше да доаѓа од идејата за правда, но во Македонија правдата се сведе на идеите за криминал и рекетарско мафијашките банди на власта.Зборено било со Заев и тој знае се! Фатен е жив, како е вплеткан во уцените и изнудувањето на милионски износи. Доволен е фактот што најгласните говорници кои го подржуваа Заев одеднаш му го свртеа грбот и го нарекоа корумпиран. На сите им е јасно дека со овие луѓе од власта правдата е само мислена именка.Уште поскандалозни се обидите за манипулација на јавноста и своевидните правдања на Заев. Лажно се колнеше во македонштината, лажеше за името, а се правдаше и со црквата кога бараше едно евро за Вицето, за сега да ги правда своите состаноци со Боки Тредичи со наводни хуманитарни проекти. Лицемерно е да бараш правда кога вршиш трговија со истата. Нема човек во Македонија кој што сеуште му верува на Зоран Заев и функционерите од власта.Прашањата што се поставуваат се што чекаат институциите и Јавното обвинителство после вакви скандали од невиден размер? Зошто  Русковска ги амнестираше и ги заштити Заев и Јанева и криминалниот октопод со непроширување на истрагата кон нив?Големи лаги беа ветувањата за европските вредности и претпоставената демократија што ја донесе СДСМ. Куфер криминалната политика на Заев нема никогаш да не донесе во Европската унија, затоа што јасно е кој стои на врвот на пирамидата, и јасно е кој ја уништи правната држава за сопствениот џеб.На Заев не му останува ништо друго освен да си поднесе оставка и да си замине од власта. Злосторничкото здружување за рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод не смее да се дозволи да остане неказнето. Истекува времето на криминалната реалност во Македонија, одговорност мора да има и ќе има, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

oružje

Граѓаните поседуваат 621 илјада парчиња оружје, само четвртина се регистрирани

Околу 621 илјада парчиња оружје поседуваат граѓаните на Република Северна Македонија, односно 29.79 парчиња по глава од жител. Од нив, само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey“ (SAS).Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по поседување огнено оружје по глава на жител. На прво и второ место во Европа се две земји од нашиот регион Црна Гора и Србија, објави МИА.Во земјава постои евиденција кој сè поседува легално оружје, но не и информација или некаква проценка за нелегалното оружје, за што останува, само да се шпекулира. Се поставува и прашањето дали максимално се почитуваат Законот за оружје и процедурите и дали секој што бара дозвола е подложен на широки безбедносни проверки, како и дали огнено оружје може да се набави на црниот пазар.Лани се евидентирани 180 илјади парчиња оружје, годинава запленети се 83  Според евиденциите на Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, во Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи, во 2018 година регистрирани се околу 180.000 парчиња оружје.Во делот на недозволена трговија со оружје, МВР за МИА информира дека во периодот од јануари до јуни 2019 година регистрирани се вкупно 102 кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за кои се пријавени 117 сторители, при што се запленети вкупно 83 парчиња огнено оружје (49 пиштоли, четири револвери, две автоматски пушки, 11 ловни пушки, два ловни карабини, малокалибарска пушка, рачно изработена пушка, воздушна пушка, пет рачни бомби, мина, пет пиштоли за звучна и светлосна сигнализација и еден гасен пиштол). Одземени се и 1.742 парчиња муниција, 192 грама експлозиви две детонаторски каписли, 100.168 парчиња петарди, 8.111 пиротехнички и светлечки ракети, 14 огномети и два топовски удари.Како може да се добие дозвола за поседување оружјеОружје и муниција може да се набавува само врз основа на одобрение издадено од Министерството за внатрешни работи согласно со категоризацијата на оружјето.  Одобрението се издава за секое поединечно набавување оружје во рок од шест месеци од денот на поднесување на барањето.Одобрение за набавување оружје може да се издаде на физички лица заради заштита на нивната личност и имот и за лов и спортско стрелаштво.Одобрение за набавка на делови од оружје и одобрение за набавка муниција се издава на физички или правни лица кои поседуваат важечка дозвола за оружје или дозвола за поседување на оружје.Извор МИА

Македонија | пред 6 години

Mogerini-Zaev

Гајсер денеска се чуди што нема реакција од Могерини и Јункер кои „инсистираа силно за специјалната обвинителка“

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајсер, авторот кој ги објавува снимките за аферата „Рекет“, наместо видео содржини утрово објави видео колумна.Во неа тој се чуди зошто институциите на ЕУ не поднел ниту еден институционален извештај.„Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција, кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Фредерика Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на „Ла Верита“.Во 2015, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите – пишува Гајсер. 

Македонија | пред 6 години

kurban-bajram-2

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Курбан бајрам

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Северна Македонија. Во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста, посакувам и годинава Курбан бајрам да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов. Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен. Претседателот Пендаровски, по повод Курбан бајрам, упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи. Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам. Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Северна Македонија. Честит Курбан бајрам!Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Нека е честит празникот на солидарноста и грижата кон другите, да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, до сите наши граѓани од исламска вероисповед, до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот, упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.„На сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, им посакувам среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје“ стои во честитката на премиерот Заев.„Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник! “, истакнува во честитката Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по повод празникот Курбан Бајрам со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови, се вели во честитката од премиерот. 

Македонија | пред 6 години

Screenshot_11

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Mорон во една фотографија

Ако мислите дека се уште има луѓе, се лажете. На социјалните мрежи е објавена фотографија каде едно лице е фотографирано со прегазенa срна и напишал „Загина без ден, хахаха“.„Јас не знам ова дебилно човеколико суштество како веќе некој не го фати и не му го смени личниот опис и мајка му да не го познае уште и се слика кретен умоболен“, е само една од реакциите по објавената фотографија.И покрај тоа што се претпоставува дека фотографијата не е направена кај нас, тоа не значи дека сторителот на ова дело не треба да сноси одговорност.Објавата погледнете ја тука.https://www.facebook.com/groups/977446202350024/permalink/2384666331627997/ 

Коментари | пред 6 години

ubiec

Тргнал да си го убие семејството, четвртиот куршум му заглавил во цевката

БојанС.(40) се обидел денеска со истрели од пиштол да ја убие својата сопруга Гордана С.(37) во нивната куќа во Бечмен. Соседите чуле три истрели, а четвртиот куршум се заглавил во цевката, по што Бојан себе си си го пресекол гркланот.Со брза помош префрлен е на реанимација, додека жена му со повреди на подлактицата исто така е во Ургентниот центар.Според последните информации, Бојан се наоѓа во тешка состојба, на интензивна нега.Брачниот пар има син (13) и ќерка (10) кои присуствувале на хоророт.

Свет | пред 6 години

katica-na-granica

(ФОТО) Катица Јанева се одмори, фотографирана на граничен премин при влез во земјава

Нови фотографии од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева осамнаа на социјалните мрежи.  На Твитер, на профил со „Началникот“ се објавени три фотографии од кои се гледа дека Јанева е на  граничниот премин кај Дојран.Објавувачот, не наведува од кога се фотографиите.Изминатите денови, во јавноста излегуваа фотографии од Јанева од плажи во Грција, каде таа беше на одмор. По обелоденувањето на аферата, Јанева не беше осомничена, па замина на одмор , што предизвика низа критики кај стручната јавност, од причина што постојат индиции дека може да влијае врз доказите и постапката. 

Македонија | пред 6 години

taravari-1

Таравари: Оваа Влада веќе нема никаков кредибилитет, што побргу да назначат техничка влада и да организираат предвремени избори!

Генералниот сектерат на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, се огласи по третото продолжение на снимките за аферата „Рекет“.„Оваа Влада веќе нема никаков кредибилитет, барем на крај да направат еден рационален потег, што побргу да назначат Експертска (техничка) влада и да организираат предвремени парламентарни избори! Со оваа Влада, не верувам дека ќе има датум за почеток на преговори со ЕУ“, напиша Таравари.https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10219752233377388 

Македонија | пред 6 години

vasna-bejbi

Весна Петрушевска со порака до Боки 13

Актерката Весна Петрушевска на социјалните мрежи го искоментира случајот “Рекет” во кој осомничен е Боки 13, за кого Обвинителството вели дека земал рекет. Неофицијално Боки рекетот го земал преку Меѓународен сојуз, здружение од хуманитарен карактер.“Знаете што најмногу ме загрижува, ме поразува како човек во целата оваа сага “Рекет”…да смислиш како да украдеш пари со тоа што ќе формираш факинг меѓународен сојуз( не е за голема буква се извинувам) ќе изигруваш голем хуманитарец, ќе навредиш достоинство на сите стари и изнемоштени лица, во тоа ќе ти прават друштво полусветови кои мислат дека го фатиле горнион за мадиња со својата неукост и неписменост и сето тоа ќе го напрчат со ликови од нашата влада кои земаат пари од даноци кои ние редовно ги плаќаме.Во животот имам толку направено за оваа држава и сеуште правам, помагам, творам, борец сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат.Да украдеш пари за ѓомити старски домови па тој некој и да им даде … па крв поплукав за независни проекти, еве ќе снимаме детски серии , тинејџерски се потепавме од спонзори барање ( многу тешко дечки , ама многу) имам актерска школа каде децата ги учам на вистински вредности….за на крајот од денот да ви залепат шамари полусветови!!!Не дај боже дете да ви се разболи во овој систем, не само што ќе бидете гневни , несреќни, обесправени … ќе се соочите дека иако сте тука секој ден за државата …таа не е тука за вас …Да ви се намочам на сите од прв до последен…и на претходни и на сегашни , за идни немам ни идеја кој би можел да биде јунакот сериозно…ама многу сум лута …ооо и да играм во театар и ќе играм само тоа не може да ми земете!!! Сега читам дека ќе ги укинете оние национални пензии.Па укинете ги … моите другари актери кои се на таа листа ќе преживеат и без нив.Сите имате кратко паметење.Јас имав 25 години јубилеј мислите дека некој од Владава се сети телеграма да прати? Мене МНТ ми е домот 26 години.Така ги забораваме и нашите доајени.Така сите ќе не заборават…јас барем инвестирам во деца кои ќе имаат сон пред себе и ќе го сонуваат .Баш е тешко дечки !Ама навистина тешко”, пишува Петрушевска. 

Македонија | пред 6 години

pocinat

Пронајден починат 35 годишен маж, телото е предадено на обдукција

На 09.08.2019  во 08,36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци,скопско, бил пронајден починат без траги на насилство Д.М.(35) од с.Стајковци, кој бил со нарушено здравје. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.  

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Ем им го оштетиле автомобилот ем ги нападнале, полицијата го расчистува случајот

На 10.08.2019 околу 00.50 часот во Скопје пријавено е дека на ул.“Цветан Димов“ во близина на угостителски објект М.С.(21)  и С. Ј.(20) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, кои го оштетиле и автомобилот на  М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Тепачка пред дискотека во Македонска каменица

На 10.08.2019 во 02.45 часот во Полициско одделение Македонска каменица пријавено е дека на улица ,,Александар Македонски” пред дискотека имало физичка пресметка меѓу А.С. од М.Каменица од една страна и М.Ц и Б.Ц. од Кочани од друга страна. Потоа, во  пресметката се вклучиле и други лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pocinat

Во куќа пронајден починат 32 годишен маж

На 09.08.2019 во 19,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на улица„Матија Губец“ Н.С. го пронашол починат С.Ѓ.(32),без траги на насилство. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен србин – непоседувал документи за утврдување на идентитет

На 10.08.2019 во 01,00 часот во полициско одделение Градско, од страна на полициски службеници приведен е  И.В.(52) од Република Србија, поради непоседување  документи за утврдување на идентитет. 

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Се запалил автомобил со шведски национални регистарски ознаки кај „Буково“

На 09.08.2019 околу 15.30 часот на патниот правец Ресен-Охрид,  кај месноста викана „Буково“ настанал пожар во патничко моторно возило ,,БМВ“ со шведски национални регистарски ознаки, управувано од Х.Ш. (33) од с.Бела Црква-Ресен, а живее во Шведска. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од противпожарна единица од  Охрид. Повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од СВР-Битола. 

Македонија | пред 6 години

67827489_10219761719661776_4272651586527821824_n-1

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката на патот Куманово

Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14:15 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.ФОТО и ВИДЕО: Душко Ѓоргиевски

Македонија | пред 6 години

beni

Шаќири: Јас се пентарев пред влада, за да дојде дебелана заедно со неуспешниот абортус да ни кројат судбина!

 Бени Шакири кој беше дел од „Шарената револуција“ својот став во врска со последните случувања во земјава ги искажа преку социјлните мрежи. Тој напиша:„Јас се пентарев онде пред Влада и повикував на бунт за боље на нашите деца и на цела нација, за да дојде дебелана и заедно со неуспешниот абортус да ни кројат судбина!. Пред 15 години ви кажав дека е свиња полна со фекалии. Сите на Робија бе племе во е* ам! Зоране мораш да апсиш, напиша Шакири.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања