Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grom

Петнаесет германски фудбалери повредени од удар на гром

Петнаесет германски фудбалери се повредени од удар на гром во германската покраина Баден-Виртемберг. Громот удрил додека играчите тренирале во петокот вечерта во близина на спортски центар, изјави портпаролот на полицијата, пренесоа германските медиуми.Спортистите, на возраст меѓу 19 и 48 години се здобиле со полесни повреди, и сите се пренесени во болница.Во невремето во Луксембург се повредени шест лица. Подоцна, силна „пијавица“, налик на торнадо, мина низ центарот на Амстердам, но засега нема информации за повредени лица. 

Свет | пред 6 години

maksim

Димитриевски бара чистка во СДСМ вели: „Македонија мора да ја биде“

Mаксим Димитриевски, градоначалник на Куманово избран како кандидат од  СДСМ, побара чистка во партијата.„Чистка на сите нивоа. Прво во сопствениот двор, па и во цела држава. Исклучок за никого, се по ред, Македонија мора да ја биде“, напиша тој на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Стефанова за СДК: Се спротиставив на Јанева

Обвинителката Лиле Стефанова за порталот СДК.мк вели дека уште во декември 2018, ѝ се спротивставила на Катица Јанева за тоа на притворените во „Империја“ и во други предмети мерката притвор да им биде заменета со куќен притвор. Но, одлуките си ги носела Јанева, спротивно на сугестиите на Стефанова.– Конкретно за ’Империја‘ сметав, и таа тоа многу добро го знае, дека мерката куќен притвор не е соодветна во таа фаза на постапката, бидејќи осомничените не може да ги спречи да влијаат на истрагата. Тоа се покажа точно, гледајќи ги снимените видеа што ги правел Јордан Камчев во време кога бил во куќен притвор – вели Стефанова.текстот во целост на СДК.МК  ТУКА.

Македонија | пред 6 години

Nikolov

Николов: Сите проекти на Филипче пропаѓаат, ќе го дозволи ли тоа и со новиот клинички

Триото Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче го уништуваат здравството.Тешко е да се наброи што се направи ова трио во изминативе неколку години.Прекинаа готов проект за Клинички центар Мајка Тереза со обезбедени пари од развојна Европска банка, ги оставија пациентите во руинирани згради да се лечат следните 10 години, го пропаднаа концептот јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија, спроведоа и платија бескорисни физибилити студии без некои посебни заклучоци.Поминаа десеттина дена откако Заев и Филипче најавија дека планираат до крај на годинава да стартува изградбата на новиот Клинички центар. На повидок не e само скандал, туку најголемиот грабеж од времето на независна Македонија заедно со овој што денеска го слушаме.Пари обезбедени, позајмени од комерцијални банки, кои се грижат само за профит, а истите ќе ги враќаат граѓаните.Со ова Македонија ќе се фрли во поопасно должничко сценарио, а граѓаните и понатаму ќе осиромашуваат и нема да добиваат соодветна здравствена услуга.Триото Заев-Филипче-Дончев, осиромашените граѓани ќе ги остави во наредните 10 години да се лекуваат во руинирани болници на Клиничкиот центар Мајка Тереза.Ова стана јасно особено по објавување на јавниот повик за конкурентен дијалог за нов Клинички центар. Тендерот има два елементи цена и квалитет. И онака едноставно се вели дека 30 бодови ќе се добијат од цената, а 70 бодови ќе се добијат од квалитетот!Дополнително, во годишниот план на Министерството за здравство  таква набавка нема. Измислиле сооднос цена квалитет 30 спрема 70, а како  и вообичаено Филипче не дава одговор зошто?!Почитувани,Оттука треба да се каже дека  Заев и Филипче се должни да дадат повеќе одговори.Прво, во какви услови и како ќе се лекуваат граѓаните во наредните 10 години?Второ, треба да им кажат на граѓаните од Драчево, Студеничани, Зелениково и Сопиште дали ќе одат на лекар во Велес или во Скопје?Трето, зошто се зема кредит од комерцијална банка кои ги интересира само профитот, а не кредит од развојна Европска банка?Четврто, колкава ќе биде каматата од позајмените половина милијарда евра?Петто, кој ќе го контролира спроведувањето на моделот клучна рака? Има ли министерството капацитет за контрола на фирмата која што ќе гради по овој модел?Шесто, кој ќе одлучува што е  квалитет и по кои критериуми ќе биде дефиниран квалитетот?Седмо, ќе има ли тендерско наддавање? Или повторно само една фирма ќе биде најдобра?Мора да се стави крај на расипничкото однесување на триото Заев-Филипче-Дончев.  Филипче како доктор мора да се спротивстави и не смее да дозволи на ваков начин да се гради новиот Клинички центар.Капиталниот проект за јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија се распаѓа, нека не дозволува иста судбина да има и новиот клинички.Во спротивно потребно е да си замине, исто како што потребно е да замине и Зоран Заев, за граѓаните да не ја плаќаат повеќе цената на  криминалите на власта. Сите инволвирани во овој криминален план ќе одговараат во моментот кога правдата ќе биде еднаква секој поединец.                                                    

Македонија | пред 6 години

Janushev-

Јанушев: Македонија е распната на меѓународниот столб на срамот, Со Заев на власт, мафијата си доби своја држава

Ништо нема да биде во ред се додека главата на криминално-рекетарскиот октопод е на слобода и го командува Русковска обвинителството.Македонија е распната на меѓународниот столб на срамот. Јасно е дека со Зоран Заев на власт, мафијата си доби своја држава. Институциите наместо во служба на граѓаните, ставени се во служба на криминалот.Секој чесен граѓанин на Република Македонија е огорчен од ова што го гледаме и слушаме секодјенвно.Третиот чин од овој крими филм на власта целосно ги разголува и Зоран Заев и неговата штитеничка Катица Јанева.Нема поголемо лицемерие од барањето на Заев правдата да излезе на виделина. Заев е жив фатен во криминал и тоа не прв пат и гледа само како да се спаси.Неговата штитеничка и соработничка Јанева, лаже исто како шефот Заев. Од најновиве снимки, секој може јасно да слушне колку Јанева разговара официјално и колку Јанева била во комуникација само поради истрагата.Еве заради вакви криминали Македонија е се подалеку од Европската Унија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Ако некој до сега имаше било каква резерва за главата на рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод, сега веќе на сите им е јасно.Од снимките станува јасно дека Зоран Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи со цел да се прави пазар со правдата.Првообвинетиот во рекет, лицето Бојан Јовановски сега веќе познат како Боки Тредичи јасно и гласно кажува дека има зборувано со Зоран Заев за целата операција. Тој покажува нивни заеднички приватни слики и кажува за чести заеднички средби.Ако сето ова го знаеле од обвинителството на Русковска и ако ова е дел од материјалите кои ги имаат како докази, зошто ја манипулираа јавноста дека демек еве Зоран Заев прв пријавил? Овој материјал посочува дека тој дури и да пријавил, тоа го сторил за да се спаси бидејќи знаел дека постојат докази за неговата вмешаност во целата операција на Боки 13 и Катица Јанева и веројатно дал амин таа да се реализира.Ако материјалите кои излегуваат во јавноста ги поседува обвинителството на Русковска, тогаш наместо на одмор и замрзнување на истрагата, таа досега требаше да даде налог Катица Јанева да биде приведена, а истото требаше да го направи и за Зоран Заев. Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса која има за цел да ги заштити високите функционери кои се дел од криминалот. Да се остави толкав простор за уништување на доказите не е водење на истрага, туку уништување на истата.Боки Тредичи не само што кажува дека има зборувано со Заев за изнудата, туку и во материјалите тврди дека тој нема да прави проблеми. Ова е потврда на сомнежите дека Боки 13 не бил сам. Ако веќе станува јасно дека Катица Јанева комуницирала и давала насоки, сега веќе постојат сериозни индиции дека исти вакви насоки на лицето Боки му давал и Зоран Заев.Не е тешко да се утврди каде патувала торбата Луј Битон полна со милион ипол евра. Преку базните станици лесно може да се утврди движењето на Боки Тредичи и деновите пред да ја земе скапата торба и откако ја зел, само и само доколку постои волја за истото.Почитувани,Во живо гледаме уништување на правната држава. Гледаме дека обвиненија биле подигани со цел после тоа да се прават милионски пазари и рекет со нив. Гледаме како врхушката на овој октопод прави се само за да биде спасена. Гледаме дека луѓе како Димитар Димовски, Дејан Митевски и останати за ништо лежат во затвори, а Катица Јанева, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и останатите кои се поврзани со криминал уживаат на плажите и лицемерно повикуваат на расчистување на случајот.Оставки од сите инволвирани во овој рекетарско-политичко-обвинителски октопод и итни и неодложни предвремени парламентарни избори е единственото можно решение, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.                     

Македонија | пред 6 години

67979464_729968307424395_4506722047119851520_n

МЗШВ: Со користење на семенски материјал и искористување на субвенциите може да се постигнат рекордни резултати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска беа во посета на селото Гермијан.Оваа посета министерот Димковски ја искористи да се запознае подетално со производство на пченица од овогодинешната реколта.“Годинава според последните податоци е вкупно ожнеана 67.833 хектари или 92% од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, 3.300 по хектар.Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец”- Изјави министерот Димковски.Земјоделецот од село Гермијан, Владо Атанасовски, е позитивен пример за тоа, како со употреба на семенски материјал и квалитетна прихрана може да се постигнат одлични резултати.Годинава на неговите ниви кои се со квалитет од 7 класа, добил род од 7 тони просечно по хектар.Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски рече дека:“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успеа да ги исплати досега сите основни мерки за субвенции од програма за 2018 година а веќе се спрема за исплата и на дополнителните мерки, а до овој момент има исплатено 300милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.”- Изјави Бабовски.Димковски потсети дека до денеска се поделени 34.000 персонализирани картички,со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари. 

Македонија | пред 6 години

cvetan

Трипуновски: Заев преку министерот Димковски врши најбрутален партиски реваншизам и спроведува чистка во Министерството

Зоран Заев преку министерот Трајан Димковски врши најбрутален партиски реваншизам и спроведува чистка во Министерството за земјоделство по принципот од „чистачка до министер“. Над 50 – тина вработени во министерството низ цела Република Македонија се преместени на работни позиции надвор од своето место на живеење, без реална причина, затоа што не размислуваат единствено како СДСМ. Овие луѓе зад мене кои што чесно си ја работат својата работа повеќе од десетина години, се жртви на политичка хајка оркестрирана директно од Зоран Заев, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Министерот Димковски со нивното преместување директно го крши Законот за вработените во јавниот сектор, кој пропишува дека вработен во јавниот сектор може да биде преместен на работа, надвор од своето место на живеење единствено ако сам побара или постои реална потреба на институцијата. Во случајов не се исполнети ниту едно од двата услова кои што ги пропишува законот.Ова е решението кое што им се дели на вработените во МЗШВ. Во истото не е наведена реалната потреба на институцијата, поради која се преместуваат вработените во подрачните единици на министерството.Дека власта нема милост покажува случајот со преместување на мајка, на дете болно од тешка болест, кое што се лекува во странство, само затоа што не размислува како СДСМ. Мајката наместо да биде блиску до детето, ќе треба да патува десетици километри секој ден за да стигне на своето работно место.Ова покажува дека Зоран Заев и луѓето околу него немаат милост и се изживуваат со кого ќе стигнат. Токму затоа оваа ненародна власт треба час поскоро да биде променета.Почитувани,Вработените се оставени сами на себе. Власта го има узурпирано и синдикатот на вработените во МЗШВ, каде претседател е секретарка во кабинетот на министерот. Токму затоа синдикатот, кој треба да ги брани интересите на вработените во министерството ги остава самите да си ја бараат правдата преку институциите.Господине Заев, оттука сакаме да ви порачаме, ниту ќе ги исплашите, ниту ги демотивирате луѓето, вака само дополнително ги мотивирате оваа ненародна власт час поскоро да биде променета.Додека вие и вашите министри се луксузирате на државен трошок, додека земјоделците плачат и молат за помош, додека менувате закон со кој вашите партиски пајташи ќе можат да градат ресторани и хотели на земјоделско земјиште, вработените во МЗШВ се принудени да патуваат километри и километри за да отидат на своето работно место.Време е да се стави крај на ова изживување. Потребни се итни предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија. Обнова за подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mece

Прегазено мече на патот Гостивар -Кичево

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на здуњски мост утрово е пронајдена усмртена мечка, која била прегазена од возило. Увид на местото изршила екипа на крим-техника од ПС Гостивар.Според првичните сознанија од увидот, мечката најверојатно на возраст од 2-3 години била удрена од возило и од повредите угинала. Младата мечка е најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост.Случајот бил пријавен во полиција и во Инспекторатот за земјоделие шумарство и водостопанство по што ќе биде појасно како дивото животно се нашло во непосредна близина на населено место.Првичните сознанија укажуваат дека мечката, тешка околку 120 килограми, најверојатно била прегазена од товарно возило. На патот може да се забележат и траги од кочење.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Истрагата да се забрза, сите да одговараат, вклучително и тајкуните на режимот и ВМРО-ДПМНЕ

Сега е клучен момент, борбата за правда што ја водиме 2 години, кога изградивме независни институции кои силно се борат против криминалот, да го зададе конечниот удар на неправдата, на криминалците, на нечесните. Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет туку сосема спротивно, истакна  Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран. Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите.Граѓаните заслужија правда и правда мора да има. Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски.Било какви сценарија за спас на криминалците од затвор нема да успее. Ние сме тие кои се бориме за правда, градиме институции кои се борат против криминалот и корупцијата во интерес на граѓаните.Ние сме, почитувани граѓани, тие кои повикуваме случајот да се расчисти до крај и секој да одговара, а премиерот Заев го пријави овој случај во надлежните институции. Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.Лицата кои се појавуваат на снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат во странски медиуми. Тоа се шемите на Никола Груевски.Од таа причина, Мицкоски наместо да се крие да одговори на следните прашањата:Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато?Дали и што примил на рака?Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал?Институциите мора брзо да делуваат за целосно расчистување до крај, за сите кои се инволвирани во овој случај да понесат одговорност. Но, тоа значи одговорност и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки.Сите предмети, од „Империја“, „Талир“ до „Титаник“ и “Тревник“, сите, мора да бидат расветлени до крај и секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Голема акција за расчистување на дивата депонија во Бутел

Инспекторат на Град Скопје во соработка со МВР, ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Улици и патишта“ денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија на улица „Александар Урдаревски“ во општина Бутел.Оваа дива депонија беше лоцирана при вонреден инспекциски извршен на 26.07.2019 година. На лице место беше констатирано незаконско депонирање на комунален отпад, градежен шут и земја. За оваа дива депонија за првпат во историјата на Град Скопје е поднесена кривична пријава за неовластено фрлање смет врз основа на Кривичниот законик.Акцијата на расчистување на дивата депонија и враќање на теренот во првобитна состојба почна денеска бидејќи не се пристапи со извршување на издаденото решение и рокот за расчистување од Градскиот инспекторат, а лицето против кое е поднесена кривична пријава ќе ги сноси трошоците за расчистувањето на дивата депонија.Засилените контроли на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на несовесно постапување со отпадот и создавање на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина.

Скопје | пред 6 години

pozar-drvja

МЗШВ воведе делумна забрана за движење во шумите - за прекршителите глоба од 1500 до 2000 евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”, воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува ова претпријатие. Забраната за движење започнува да важи од денеска 09.08.2019 година, а ќе трае се до нејзиното отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел за превентивна заштита на шумите од појава на пожари на отворен простор.Оваа забрaна не важи за вработените на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”, како и за субјектите кои со дозвола вршат активности од областа на шумарството во границите на овие заштитени подрачја.За непочитување на оваа забрана од страна на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.Истотака се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противреднст.Забраната неважи заорганизирани тури на туристи за туристичко разгледување, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”.

Македонија | пред 6 години

1942279_boki_ls

Српски „Курир“ со детали: Боки 13 се заканил дека ако го убијат или измачуваат, веднаш ќе се објават докази против власта и Заев

Српскиот весник „Курир“ ја објави целата изјава, за која вели дека Боки 13 ја кажал во полиција. Тој се заканувал дека ако нешто му фали, биде убиел и слично, доказите против актуелната власт, вклучувајќи го Зоран Заев се кај мајка му и на неколку други адреси.„Ако ме убиете, ќе паднат и многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата Влада. Имам докази против нив и државниот врв. Се е од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на неколку други адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и се осмелите тоа да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, застрашувате, со убаво ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе се случи политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден, само ако ми падне влакно од главата, рекол Бојан Јовановски, пренесува српски „Курир“.Извори за српски „Курир“ изјавиле дека заканите не се заканите не се наивни.„Ова е голема афера, каде улога имаат озбилни луѓе, со огромни пари во игра. Во Македонија велат дека ќе има крв. Боки 13 рекетирал многу луѓе. Случајот со Камчев е тек „леден брег“, рекол соговорниокот за српскиот весник.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

“Рено клио“излетало од патот повредени три лица, меѓу кои и малолетник

На 09.08.2019 околу 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на автопатот “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Рено клио“ со италијански регистарски ознаки, управувано од И.Д.(49) од с.Скудрине, гостиварско излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобиле И.Д. и сопатниците З. Д. (46), А.Д.(26), двајцата од с.Скудриње и 16- годишник, на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Кај З.Д. се констатирани тешки телесни повреди, а кај другите телесни повреди.  

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Верижен судар во Прилеп, повредени две лица

На 09.08.2019  околу 16,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улица „Карпалак“ и улица „Ордан Чопела“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Викторија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(53) од Прилеп, патничко моторно возило „Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(30) од с.Зајас,кичевско, и патничко моторно возило „Фиат браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(49) од Кичево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Б. А.(40) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Т.А. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово – повредени повеќе лица

На 09.08.2019 во 16,00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е. Е.(23) од Тетово и товарно моторно возило „Форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (38) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е. Е., а со телесни повреди се здобил сопатникот во истото возило Г.С. (30) од Тетово и им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово. Б. С. и сопатникот во неговото возило Ш.С. (53) од с.Добридол,гостиварско, се здобиле со телесни повреди и им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа, се судрија „Рено Кангу“ и мотоцикл „Сузуки“

На 09.08.2019 во 10,35 часот во СВР Скопје на улица „Јадранска магистрала“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Рено Кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Д.(61) од Гостивар и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г. И.(49) од Скопје. Г.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се судрија „Ауди“ и мотоцикл „БМВ“ тешко повреден Словенски државјанин

На 09.08.2019 во 12,35 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека нa магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(38) од с.Здуње,гостиварско, и мотоцикл „БМВ“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од Ж.К.(31) од Р.Словенија. Ж.Р. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар каде му биле  констатирани тешки телесни повреди, а кај А.Х. биле констатирани  телесни повреди. У вид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

18199261_10154358495721583_293997650932509073_n

Боки 13 не е мафија туку пионче, ај да ги видиме органиве кои немаат м*да да ја чепнат Јанева, вели Јордановска.

Новинарката Мери Јордановска по објавувањето на снимките за „Рекет“ од италијанскиот весник, а потоа и по објавувањето на изјавите од српски „Курир“ каде Боки 13 вели дека неговата мајка има докази против Заев доколку тој биде убиен, категорична е дека Боки 13 е пионче.„Никој никогаш нема да ме убеди дека човекот кој до пред некоја година го знаевме по реалити шоуа, наеднаш, без ничиј грб (а тука не мислам на Катица Јанева) станува главна мафијашка фаца, седнат на трон, додека главни “новинарски бардови” му прават интервјуа во телевизијата "на татко му". Телевизија каде што цела Влада му доаѓа на честито, а тој гордо парадира помеѓу два викенди во Милано, на себе носејќи гардероба колку што ми чини станот, барајќи милиони евра од бизнисмени кои го имаат измислено зборот “рекет” додека Боки Тредичи уште бил во пелени“, пишува Јордановска.Таа додава дека Боки 13 не е македонска мафија.„Никој нема да ме убеди дека силата му дојде сама по себе, ниту пак дека му ја дала Катица Јанева.Боки Тредичи не е македонската мафија. Тој е пионче, и тоа аматерче, во рацете на една нова мафија.И преку глава ми е веќе да се занимаваме со опашките облечени во Луј Витон и Гучи, наместо со оние што ја држат палката во рака.  Ај да ги видиме истражниве органи кои засега немаат м*да да ја чепнат ни Јанева, а камо ли оние по чија наредба работел нашиов грев Тредичи“, додава Јордановска.

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Во објект во Гостивар приведени се две Србинки (танчерки)

На 10.08.2019 во 02:15 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар, извршија контрола во угостителски објект  лоциран на ул:ЈНА  во Гостивар и при тоа приведени се две државјанки на Република Србија (танчерки) на возраст од  45  и   21 година. Тие се задржани во  полициската станица во Гостивар за натамошна постапка.. 

Македонија | пред 6 години

Zvonko-Davidovik-

Давидовиќ: Обвинителството не ја прикажа вистинската слика за „Рекет“, споредено со снимките

Двете снимки што ги објави италијанскиот весник на одреден начин и ги појаснуваат и ги заплеткуваат работите. Изгледа ли логично за некој што е уценет и потоа рекетиран да биде насмеан, расположен, па дури и да делува среќно и весело кога објаснува како ја одбрал торбата?-Снимките кои ги објави италијанскиот весник ги појаснуваат работите кои се случувале помеѓу лицата инволвирани во најголемата афера која ја тресе државата. Покрај ова, снимките ја отсликуваат улогата на дел од инволвираните во настанот, велам дел, затоа што се сомневам дека повеќе лица учествувале во преземање на инкриминирани дејствија од оние кои се слушаат на овие две снимки. Правната квалификација која е првично поставена не значи дека ќе опстои до крај како таква при обезбедување на дополнителни докази. Она што од вчерашната снимка може да се заклучи, но и од претходната, е дека работите не се баш онакви како што првично ги прикажа обвинителството за организиран криминал. Тешко дека ќе може да излезе ова обвинителство со истата квалификација и по прибавување на сите докази, затоа што снимките покажуваат дека некој сака својата положба во предметот кој се води против него да ја подобри со давање пари, а тоа секогаш се викало давање на поткуп или мито.Аудио снимката ја става во речиси невозможна ситуација обвинителката Лиле Стефанова која од петни жили од првиот момент се обидува да ја убеди јавноста дека нема ништо со случајот. Дали сега нејзината истрага за „Империја“ е целосно доведена во прашање и веќе не е валидна?-Незаконити дејствијата на кој било обвинител, па и на Катица Јанева или Лиле Стефанова, не значат автоматски и незаконитост на постапките кои ги воделе како обвинители. Треба да се раздвојат работите на она што значи водење предмет и барање поткуп. Ако предметот кој го водел обвинителот е воден на законит начин по прашање на обезбедување на доказите и доказите се вистинити и веродостојни, во тој случај незаконитите дејствија на обвинителот а по прашање на поткупот, не влијаат на самиот предмет и вината на осомничениот или обвинетиот во тој предмет. Со други зборови, ако осомничениот го сторил кривичното дело за кое се товари, а за тоа постојат докази кои не се исфабрикувани, туку се вистинити и квалитетни, тогаш дејствијата на обвинителот се небитни за завршување на предметот и тој треба да добие судска завршница. Обвинителот кој се дрзнал да бара поткуп или да делува незаконски за да ја подобри положбата на осомничениот во предметот треба за тоа да одговара заедно со оној кој го дал поткупот.Повеќе прочитајте тука.

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Се запали „Пежо 306“ за среќа повредени нема, патниците излегле навреме

На 09.08.2019 околу 04,40 часот на крстосницата од регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга и патот за село Вевчани, настанал пожар во патничко моторно возило „Пежо 306“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ. Ш. (33) од с.Лабуништа-Струга.Имено, додека Џ. Ш. возел, забележал чад од предниот дел на возилото,  по што возачот и патниците излегле надвор од него. Потоа било зафатено со пламен, а интервенирала и противпожарната единица од Струга. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во домот на прилепчанец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.У.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.08.2019 година околу 18,00 часот во Прилеп од полициски службеници при преглед над пријавениот и претрес во домот, била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

Kamcev-Mijalkov

Камчев во разговор со Боки 13 за Мијалков вели: „Ние сме бизнисмени, не прислушкувачи и уценувачи“

Во дел од разговорите објавени денеска од италијанскиот весник Ла Верита, осомничениот во случајот рекет Бојан Јовановски – Боки 13 му кажува на Орце Камчев дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков веднаш по пресудата од случајот „Тврдина/Таргет“ ќе биде ставен во затвор.Еве транскрипк од разговорот кој го објави весник Ла Верита, и за кој тврди дека разговараат Боки 13 и Камчев:Боки 13: Прислушуваните материјали.Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.Камчев: Ааа.Боки 13: Мијалков.Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите гомна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.Боки 13: Добар си, добар си.Камчев: Те бендисав, а?

Македонија | пред 6 години

poezija

Преку поезија испратени пораки за зачувување на Охрид

Пораки за зачувување на природното и културното богатство на Охрид и неговиот статус во УНЕСКО, испрати еден од најпознатите современи автори на балканските простори Мајо Даниловиќ од Белград, кој е член  на Светската Академија за поезија при УНЕСКО и претседател на Одделот за словенскиот свет.Пораките беа испратени на културниот настан посветен на неговото поетско и книжевно дело, кој се одржа вчеравечер во „Куќата на Уранија” во рамки на „Научно уметничката визита” на МАНУ во Охрид.Беседа за поетот Данаиловиќ имаше академик Катица Ќулафкова, а пред присутните се обрати и  Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.-Ми причинува особено задоволство и чест, да Ви се обратам на овој свет ден. Дури и случајно да сте го избрале, нема подобар и повеличенствен за нас охриѓани.Денес го празнуваме споменот на Свети Климент Охридски, заштитникот на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања. На денешен ден се празнува и споменот на Свети Пантелејмон, кому Свети Климент му го посветил манастирот на Плаошник.Особено  ме радува фактот што токму на денот на нашиот патрон, кој бдее над сите нас, имаме чест да бидеме дел од ваков настан, кој е посветен на првиот човек на Одделот за словенскиот свет при Светската академија за поезија на УНЕСКО, големото поетско име од балканските простори, Мајо Даниловиќ.Од Верона, каде е седиштето на академијата, виа Белград, овој светски автор, преку поезијата ќе ни пренесе прекрасни пораки, токму овде во Охрид, град кој веќе 40 години е заштитен под закрилата на УНЕСКО, истакна Ангелоска.Таа нагласи дека настаните кои се дел програмата на „Научно уметничката визита”, значително ја збогатуваат културната понуда на Охрид за што упати посебна благодарност до Македонската академија на науките и уметностите.

Македонија | пред 6 години

tortevski

Тортевски: Со вакви индиции, не знам како Јанева слободно шета

Коментирајќи ги новите аудио снимки кои утринава ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, адвокатот Александар Тортевски за „360 Степени“ саркастично вели дека сега потребен ни е ново СЈО кое ќе ја гони Катица Јанева.„Зборувам саркастично. Ова е апсурд. Сега треба Специјално јавно обвинителство што ќе ги истражи кривичните дела што потекнуваат од содржината на разговорите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, вели Тортевски.Обвинителството за организиран криминал вчера соопшти дека снимките што ги објавува „Ла Верита“ се дел од доказниот материјал кои и тие го поседуваат, а им го предал сведокот и оштетен во „Рекет“ – Јордан Камчев.„Со вакви индиции, особено што и Обвинителството ги поседувало снимкиве, Катица Јанева не смееше да патува во странство. Особено што ако се слушне што се разговара во снимките, ќе се утврди дека дел од договореното се поклопува со мерките кои ги преземаше СЈО, како враќање на пасош, пуштање од притвор и слично“, вели Тортевски. Текстот во целост на: 360stepeni.mk

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања