Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

54514418_1214283835392001_6319454247557529600_n

Јаневски за Вилма Русковска и „Рекет“: Ваква неодговорност, не може да носи таква тежина

Бура од реакции на социјалните мрежи по објавеното трето продолжение од снимките за „Рекет“ каде се слушаат гласовите на Боки 13, Орце Камчев, Катица Јанева, Новинарот Огнен Јаневски вели дека додека Вилма седи на плажа, народот ги „глода“ коските“ и вжештен чека одговори.„Сега уште да излезе снимка каде Боки на сињора и' ја пее „Тинке Катинке“, а на Вилма „Шеќерна, зашеќерна“!Двете нека се влечат по плажите, а ние веќе готови сме. Побудалени. Едни се силат, други се тиштат. Сите бараме правда (некои од многу поодамна, некои од пред неколку дена се ококорија), а правдата - таа пустата не само слепа, туку и глува - и нема, и неподвижна, затворена во некоја келија, чека да си умре, или има трошка надеж со која си вели: „Уште колку ќе бидам мачена, ова ли е почетокот на крајот?“Со децении, таложено, таложено, за ситни интереси, за големи пари, за лечење фрустрации на поединци. Таложено и натапкано како оставена шолја турско кафе недопиено, па тоа не се чисти, па се фрла во одводот од лавабото, па се залепило на цевките, па со бигорот се испомешало, па се затнале цевките, па пукнале, па се поплавил станот, па протекло кај соседите, па цела зграда... да лее по улиците. Останува уште да се спасиме од давење.Ако е ова тоа што го чекавме за да викнеме водоинсталатор, ајде! Нека влезе некој со сајлата, нека истурка, нека се смени целиот цевководен систем!Како? Како Вилма седи на плажа, на одмор, додека тука се случува најголемиот скандал кој го погодил правосудниот систем во Македонија, а таа ни го фрли како коска да го глодаме? Излезе, го вжешти народот, се расфрлаше со некои си полуизјави за подгорување и си замина на песок да се сонча со шеширчињата нејзини. Па тоа не е ни под разно за ставање за одговорна на инкорпорираното СЈО во ОЈОГОМВК. Ваква неодговорност, не може да носи таква тежина.За вакви работи се прекинува одморот. Се враќаат сите на работа. Не е ова случајот со ќебапите, со марулите и со теглите ајвар. Ова е тоа што постојано ни се посочуваше од Европа при извештаите - КОРУПЦИЈАТА во системот. Ова е еклатантниот пример кој ни требаше да ни излезе на површина. Ова е Чистилиштето, но, од нас зависи дали со овој случај ќе сакаме да излеземе од Пеколот. Засега, тенко некако сакањето. Рајот секако ни е далеку. Многу далеку засега.Само љубовта меѓу Орце и Боки е голема. Оооо голема колку скандалов што надвисна над тоа што беше надеж најголема.P.S. Ај Орце го испрати Боки до врата, нас кој ќе не' испрати до светлото на крајот од тунелот?P.P.S. И до каде сте со налогот за сињора? Не за друго, јас на нејзино место, при таква сигурност за невиност како што истакнува до нејзините бледи соопштенија, досега сто пати сам ќе отидев да се јавам на распит во ОЈО. Не за друго, за обелување образ, оти вака ни варикина не мие“, пишува Јаневски.

Коментари | пред 6 години

zaev-za-JO

Заев: Не сум поврзан со „Рекет“, со Боки 13 не сум зборел за Камчев

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи даде свој став за случајот „Рекет“, откако во најновиот аудио запис се споменува неговото име од страна на Боки 13 кој вели „Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој“, раскажувајќи му на Камчев.„Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот "Рекет" и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста.Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да го истражат случајот и да носат одлуки. Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи.Северна Македонија е подготвена за правда, колку и тоа да е тешко и трауматично. Правдата доаѓа. Секој ќе си одговара за сопствените постапки и тоа во фер, транспарентна и законита процедура.Во изминативе повеќе од две години како премиер, сѐ што правам е само и единствено во корист и интерес на граѓаните на земјава. Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“, тврди Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

Kamcev-Mijalkov

Во најновата бомба од Италија - Боки 13 и Камчев го споменуваат и Мијалков

Третата серија на разговори што утрово ги објави италијанска Ла Верита. Разговараат првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, по чија пријава всушност обвинителството отвори истрага за трговија со влијание и перење на пари.Во овие разговори, Боки 13 и Камчев говорат за менаџирање на процесот на СЈО „Империја“, како и за исплата на пет милиони евра во неколку фази, додека во неколку разговори се вклучува и женски глас, кој, според весникот, му припаѓа на Катица Јанева.Во целосните аудио-материјали објавени од Ла Верита, Боки 13 и Камчев зборуваат и за други познати лица, како на пример Штерјо Наков од Фершпед, Дејан Панделески од Пелистерка, но и за екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Македонија | пред 6 години

verusevski-123

(ФОТО) Верушевски: Јас сум најмногу винoвен, што овие идиoти се на власт во Македонија

Александар Верушевски, син на советникот на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, на својот фејсбук профил напиша низа нaaпади за актуелната власт:За сите оние кои се чудат на новата власт – неблагодapна шутрачка вештaчка, недокokвакана целина. За нивните пocтапки, нeeприлики, лaaги, интриииги, дворски игри. За многу скоро време на сите ќе ви биде јасно:1.Зошто немаме систем2.Зошто не функционира пpaвната држава3.Зошто нема однос према поединецотЗошто све пpoкоцкааСамо ќе ви кажам следнотоПоpaсипани луѓе од овие (секоја чест на исклучоци)повалkaнипоисквapени ѓaaволски ситни душидосега немало 

Коментари | пред 6 години

PS-STRUGA

Стружанец бесправно градел во Калишта

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.П.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2018 и 2019 година во село Калишта, струшко, пријавениот како сопственик и инвеститор, изградил објект без одобрение за градба.

Македонија | пред 6 години

janeva

Боки 13 бил посредник со Камчев за СЈО, назначен од бизнисменот, тврди Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во изјава објавена на веб-сајтот од СЈО вели дека Боки 13 бил посредник за комункиција со бизнисменот Орце Камчев, назначен токму од бизнисменот. Вака таа го правда последниот разговор во кој се слуша нејзиниот глас во снимката објавена од италијанскиот весник. Во новиот аудио материјал има делови каде Јанева му се правда на Камчев преку Боки 13 за тоа зошто испратила покани до сведоци/обвинети/лица кои се опфатени со постапки.„Повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници“ вели Јанева.Инаку, Орце Камчев е лицето кое го пријави рекетот во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, а од објавена снимка, се гледа како Боки 13 заминува од куќата каде се сретнал со Орце Камчев со торбата во која претходно се пакувале пари.

Македонија | пред 6 години

janeva-pak

Јанева за новата снимка: Тоа се преговори со Камчев да стане сведок во предистрага

Обвинителката Катица Јанева која се слуша и во денешните снимки како вели дека има контрола врз обвинителката Лиле Стефанова, вели дека водела преговори со Орце Камчев да стане сведок во предистрага и затоа контактирала со него.„Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници.Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име“, вели Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still221

(ВИДЕО) Охрид презентиран пред милиони кинези на CCTV

По подолга пауза продолжува светската промоција на Охрид, но овој пат на иницијатива на приватни компании.Кинеската национална телевизија CCTV објави неколку репортажи за Охрид кои на порталот на телевизијата за неколку дена надминаа 20 милиони прегледи.Во репортажите се прикажани природните убавини и културното и историско наследство на Охрид кое со светско значење и е под заштита на УНЕСКО.ДМЦ БАЛКАНС дел од репортажатаВо прилозите гостуваат туристички водичи од инкаминг туроператорот „ДМЦ Балканс“ како и сопственикот на агенцијата Филип Стефаноски.ДМЦ Балканс е туроператор кој носи најголем дел од туристите од Азија кои ја посетуваат Македонија ( Малезија, Сингапур и Хонг Конг ), а оваа година агенцијата продолжува со освојување на далекуисточниот пазар , пред се Кина и Јужна Кореја.ВИДЕОhttps://www.facebook.com/MegastarPR/videos/643939996089045/

Македонија | пред 6 години

grcija

Во судир на два чамци во Грција загинаа две лица, а едно тешко повредено

Две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа во близина на Пелопонез, во областа Арголида, јави дописничката на МИА од Атина.Од грчката крајбрежна служба, соопштуваат дека на едниот 10-метарски чамец имало 10 лица (двајца мажи, три жени и пет деца), сите странски државјани, додека пак во другиот, петметарски чамец се превезувале тројца Грци, од кои двајца го загубиле животот, а третото лице- жена, е сериозно повредена.Засега нема информации кои се причините за несреќата. А на местото веднаш пристигнаа четири бродови на грчката крајбрежна служба приватни чамци, како и припадници на специјалната нуркачка единица. 

Свет | пред 6 години

stop-policija

Зајакнати контроли и санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот.На 09.08.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе контрола  на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола утврдено е дека 51  возачи ја пречекориле брзината во населено место  и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.На 09/10.08.2019 во периодот од 19.00 до 01.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така беа откриени уште 51 останати прекршоци.На 09.08.2019 година во периодот од 15.00 до 20.00 часот беше спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени  се и 13 останати прекршоци.   

Скопје | пред 6 години

katica-janeva-mickovski

Мицкоски: Случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Македонија, на површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска сподели статус на својот Фејсбук профил во врска со случајот Рекет.„Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство...",Беше тоа во еден прозаичен момент кажано, колку народот да поверува во чесноста и напатеноста на Зоран Заев, со една егзалтирачка смиреност и со рака ставена на срце, само како што тој знае. Претходно не уверуваше дека е дојден на оваа позиција затоа што има повисока цел, во случај некој да се поколеба и случајно да помисли дека се бори за премиер поради бизнисите и фирмите на семејството. Ова го споменувам не со намера да си поиграм со неговите чувства, туку да ги прикажам во вистинско светло лагите со кои се опслужува неговото работење, пишува Мицкоски.Но сега да ги оставиме на страна маските кои Заев си ги менува по потреба, да се фокусираме на реалноста. А таа е дека како на тацна имаме сервиран криминален октопод, разголен и размонтиран речиси до последната ќелија. Главната закана и пречка за правдата во Македонија е токму врхушката на власт од која тој криминален октопод со сите негови учесници од првиот до последниот ја наоѓа својата сила. Ако веќе првите луѓе на власта се криминалци, молкот на заспаното обвинителство и судство кажува дека се нивни најверни слуги. Сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството, јасни се и притисоците кон газдите на медиумите кои под дамаклов меч на партизираното судство и обвинителство мора да известуваат за работата на владата, а секоја критика мора да биде дозирана, иако голем дел од медиумите покажуваат пркост достојна за почит.Никој не верува во оние алиби соопштенија на владата, ниту пак во правдањата на компромитираното СЈО, а уште помалку на оние правдачки и помалку комични настапи на злоупотребеното момче портпарол. Вистината е дека владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал. Таквото толерирање на криминал веќе прераснува и во навреда на интелигенцијата на граѓаните. Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од "боледувањето" кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет.Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си. Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија. На површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе кои оваа власт ги правеше. Но главното прашање е што добија граѓаните од сето ова? Упропастена надеж, изгубена верба, разочарување и стагнација. Македонија е трета година под власт на Заев, а е секој ден се подалеку од портите на ЕУ. Сега е совршено јасно зошто нема датум за преговори, затоа што во ЕУ првите луѓе на владите не произведуваат криминал, тие се борат против него. Алармантна е состојбата во економијата, здравството, образованието, странските инвестиции, енергетиката, јавните финансии. Паричниците на Заевци се пополни, но на граѓаните се попразни. Одговорот лежи во смена на оваа власт. И тоа не смена само поради смена, туку промена поради обнова на Македонија. На почетокот споменав две работи од изјавите на Заев, првата е јасно дека човекот не е чесен, во куфер политика нема чесност и втората околу достоинството, не верувам дека знае што е тоа достоинство. Затоа што тој истиот тргуваше со достоинството на цела држава. Името, идентитетот, рекетот, крвавите тендери, плантажите со марихуана, распродажбата на нашите херои....сето ова не го прави човек со достоинство.Андриќ ќе напише, мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе. Заев со своите дела нема да има ниту мир, ниту спокој. Затоа што се во животот е бумеранг, или како што нашиот народ ќе рече тоа што ќе посееш, тоа ќе ожнееш, напиша Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во врска со најновата објава за случајот „Рекет“ на социјалната мрежа Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1292700000905456  

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Обвинителката Лиле Стефанова повикана во обвинителството за „Рекет“

Обвинителката која го водеше случајо „Империја“ на СЈО, каде осомничен е Орце Камчев кој го пријави случајот „Рекет“, според извори на Плусинфо, во текот на наредната недела е повикана да сведочи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.По вчерашната снимка „Ла Верита“, Стефанова излезе со официјална изјава во јавноста, а вчера попладне таа за Плусинфо ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека во текот на наредната недела ќе дава исказ за „Рекет“.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

Olimpijada-po-hemija-2019-godina-2-1030x579

Македонски средношколци поддржани од ФИТР се вратија од Париз со два бронзени медали

Средношколците Стефан Стојковиќ и Стефан Дамчевски, освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија – IchO (International Chemistry Olympiad) која се одржа во Париз од 27 до 30 јули. Покрај Стојковиќ кој е ученик од СУГС “Раде Јовчевски Корчагин“ и Дамчевски од ПСУ “Јахја Кемал“ од Струга, во тимот којшто беше поддржан од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)  беа и Руфија Идризовска од ПСУ „Јахја Ќемал“, Гостивар и  Александар Трајковски, од СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар. „Кумулативно, резултатите кои ги покажа нашиот тим, беа подобри од многу западноевропски земји кои се познати по добро развиениот систем на образование, и тоа: Финска, Норвешка, Швајцарија, Холандија, Ирска, Исланд и други земји“, велат од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.Годинава, на 51-та Меѓународна олимпијада по хемија учествуваа 309 ученици од 80 држави од целиот свет, како и 160 ментори, 109 набљудувачи и гости и 273 члена од организацијата.Реномираниот натпревар по хемија IChO  е единствениот кој влегува во групата на 12-те сеопшто признати меѓународни научни олимпијади, односно натпревари на знаење, а Меѓународната олимпијада по хемија е класифицирана и во 13-те признати олимпијади од страна на Министерството за наука и образование на РСМ.Поддршката на ФИТР е дел од Програмата за поддршка и развој на таленти која Фондот ја развива во соработка со УНИЦЕФ. Тим од професори, претставници на академската фела и ФИТР веќе неколку месеци работат на изготвување концепт кој треба да биде претставен наскоро, со кој ќе се предложи системско решение кое ќе вклучува инструменти за поддршка на талентираните деца и координирани активности како и иницијативи на сите релевантни институции.Оваа иницијатива е произлезена од бројните барања за поддршка на ученици од страна на ФИТР, како и од програмата за поддршка на млади истражувачи која прв пат беше објавена во ноември 2017 година.Инаку ФИТР само во изминатата година има инвестирано близу 10 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивната критичка мисла и иновативност.

Македонија | пред 6 години

Diplomi

Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“

На свечена пригода, вечерва, во дворот на Охридската гимназија беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2018/19.Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој на матурантите им порача да бидат свои и да работат на својот талент. – Некои ќе речат дека најтешко е да се зборува на телевизија, други пат ќе кажат дека најтешко е да се одговара пред професор, трети ќе речат дека најтешко е да се зборува пред маса народ и сите тие грешат. Најтешко е да се зборува пред млади луѓе, ентузијасти, кои се наоѓаат на животниот крстопат со тешка одлука по кој пат да го продолжат животното патување. А јас како човек кој што сум имал можност да се обраќам во секаква пригода, ве уверувам дека токму ова обраќање е најтешкото.Додека се подготвував за овој настан, со мислите се навратив на моментите кога јас се наоѓав на Вашето место. Присетувајќи се на веселите и среќни денови, безгрижното другарување, но и на моментите кога требаше да ја донесам одлуката кој пат ќе го изберам. Тогаш одлучив дека во животот ќе се бавам со медицина и во ниеден момент немам зажалено за мојот избор. Иако чекорејќи во иднината на животот не беше воопшто лесна мисија. Впрочем како и секоја работа во која целта е висока. Како планинар – рекреативец, сакам да ве уверам дека горе на врвот погледот е фасцинантен, само оној којшто го издржал сиот напор качувајќи се по планинските сртови ја имал приликата да ужива во погледот. На таков начин функционира и животот, исполнет со голем број на падови и подеми. Животот не е замислен, да се живее само за да се заработи колку да се платат сметките и да се чека викенд. Секој човек, секој еден од Вас овде присутен има талент. Работата е во тоа дали имаме доволно храброст да го откриеме и работиме на талентот. Храброста можеби и е клучот за успех во животот, но без чест успехот ќе биде  површен. Како што своевремено ќе рече еден од најголемите мислители во светот Аристотел:„Не можете да направите ништо во овој свет без Храброст. Храброста е најголемиот квалитет, одма после Честа“.Затоа драги мои ризикувајте, ризикувајте за да го имате чувството дека поседувате нешто вредно.„Не постои страст играјќи на мало, и прифаќајќи животот кој сметате дека не е за Вас. “, ќе каже Нелсон Мендела.Искористете ги приликите кои Ви се даваат, не се плашете од падовите, бидејќи после секое паѓање следи станување. Во медицината таквата крива линија ни покажува живот. Извлечете поука од секоја ситуација и подгответе се подобро за следната прилика и среќата ќе биде на Ваша страна, бидејќи„Среќата е она што се случува кога подготвени ќе се соочите со дадената прилика“.И запомнете единствена конкуренција во животот сте самите себеси, личноста која што сте биле вчера, со она што сте денес, како би биле подобри утре.Од овде, од ова место, јас гледам генерација успешни охриѓани кои во најдобро светло ќе не претстават низ светот и чии имиња ќе бидат впишани во плејадата сограѓани кои дале свој придонес и добробит во различни области.Нека Ви бидат среќни овие мигови, и нека Господ ви дари поволен ветар во грб.Да сте ми живи и здрави, рече градоначалникот Георгиески.Дополнително манифестацијата беше збогатена со презентација на класовите и културно – забавна програма, подготвена и реализирана од професорите и учениците.Сподели :

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209-1

(АУДИО) Утрово нова бомба - За прв пат се споменува името на Заев

Италијанскиот весник Ла Верита сабајлево објави нова, трета снимка на која се слушаат телефонски разговори помеѓу осомничениот од случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев. За прв пат во оваа снимка се спомнува името на премиерот Зоран Заев.Јанева го убедува Камчев да не се грижи, дека Лиле Стефанова е под нејзина контрола, и истата не може ништо да направи без неа!За првпат на оваа снимка се слуша дека Боки Тредичи преговара и за „услуги“ и за Жарко ( Луковски ) и Дејан ( Панделески - Пелистерка )...Во продолжение третата снимка која ја објави Италијанскиот весник Ла Верита.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Видео и транскрипт од разговорот меѓу Катица Јанева, Боки 13 и Орце Камчев

Транскрипт од новата снимка меѓу Боки 13, Орце Камчев и Катица Јанева...Еве го разговорот:ЈК: Извини сеа пак, денеска на 8 души пуштила Катица, тие за покани за на суд, за 11-ти, 12-ти, на брат и на Ана, курац-палац...БЈ: Покани си им пуштила на луѓе? (Боки до Катица)КЈ: За увид.БЈ: А, за увид.ЈК: Не за увид, пуштени се за осомничени и сведоци. Брат и на Ана не е за увид, туку како осомничен е.КЈ: Како сведок.БЈ: Еве вика, нема осомничен.ЈК: За осум души ми дојдоа, еве и за Графички центар, Миро...БЈ: Сведоци кои што биле дел, тоа е подобро ради постапката за да пројде, за на крај спогодбата да биде посилна. Имаш нешто да додадеш? (Боки кон Катица)КЈ: Не, не , сега за малку активности да има во април.БЈ: еве, вика за малку активности да има.ЈК: Значи техничко прашање е ? Да не збориме понатаму.БЈ: Тоа е тоа.ЈК: Шминка, шминка, ајде чао, чао.Во два од нив се слуша глас кој според весникот е на шефицата на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и која вели дека “обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот Империја не може да направи ништо без неа”.“Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо”, вели Јанева во телефонскиот разговор.Во еден од објавените разговори, Боки 13 го информира Камчев дека ќе има средба со Заев.“Утре се глеам со него”, вели Боки 13 на снимката.“Со Дејан? Со Жаре?”, погодува Камчев на што Боки 13 одговара:“Со Зоки. Со Заев”

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Кој има интерес снимки да излегуваат во јавност? Обвинителството - НЕ, Камчев - НЕ, кој е трет?

Јавноста досега знаеше дека Јовановски и Милевски си заминале од домот на Камчев со уредно спакувани еден милион евра. Тоа го објави обвинителството уште на денот, 15 јули, кога беше соопштено дека двајцата се осомничени за уцена на бизнисменот, пишува dw.com.Ниту пак е изненадување споменувањето и повикувањето на Боки 13 на името на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителката Вилма Русковска го потврди тоа во интервју за телевизија Телма на крајот на јули.Сепак, визуелизацијата на моментот- можноста да се види како сето изгледало- ја возбуди јавноста, предизвика сензација и ја загреа политичката атмосфера во земјата до максимум.Смееме ли да прашаме како се најдоа овие снимки во рацете на опскурен италијански весник? И зошто? Кој би имал интерес овие снимки да излегуваат во јавност? Обвинителството? Секако не. Камчев? Веројатно, исто така, не.Читајте ги внимателно двата текста во Ла Верита кои беа придружен фолклор на прикачените видеа со „скандалот од Мачедониа ди Норд“. Клучната поента; по низата конспиративни теории за улогата на Сорос, Германија, ЕУ и останатите белосветски „мешетари“ во уривањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ; е дека се работи за држава „со ограничен суверенитет во која политичките актери се кукли зад кои стојат далеку помоќни меѓународни фактори“. Дополнително, и дилемата која ја поставува весникот, како една ваква корумпирана држава смее да почне преговори за членство со ЕУ, објави dw.com. Текстот во целост на: dw.com 

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Ел Чека со нова бомба: Фатиме не е ништо поразлична од Катица!

Кичевецот со прекар Ел Чека кој објавува бомби од Чикаго тврди дека обвинителката Фатиме Фетаи е инволвирана во корупциски скандал и не е различна од Катица Јанева.„Поминаа речиси три месеци откако го најавив рекетот на специјалното обвинитeлство, свртете ја главата кон Фатиме со црвено карминче, не е поразлична од Катица Јанева, вели Ел Чека.Понатаму тој додава:Парите кои ги зедоа од другарот на Aли дали ги потрошија?Бидејќи целта беше да не се започне истpaга за големите суми кои се укрaдoа од кичевската болница, зошто и ден денес не се истpaжува тој случај кај што треба да се казни „Магарето на Хамза за крaжба и оштeтување на бoлницата.Стани Фато со црвено карминче бидејќи раcтур правеше кога се однесуваше како Шота, но можеби си била испијанета од српската музика”, пишува Ел Чека на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209-1

(ВИДЕО) Катица до Камчев: Лиле јас ја држам под котнрола

Весникот „Ла верита“ објави и подолга снимка од ТРЕТО ПРОДОЛЖЕНИЕ од неколку разговори меѓу Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Попусти се извиците на функционерите на владата во одбрана на Катица Јанева и Вилма Русковска

СДСМ и владата на Зоран Заев немаат ниту свест, ниту чувство, а уште помалку способност за градење на правна држава, на која што толку многу се повикуваа.Попусти се извиците на функционерите на владата во одбрана на Катица Јанева и Вилма Русковска. Граѓаните се згрозени откако целата јавност виде како се тргува со правдата во Македонија.Обвинителството и судството под пипците на криминалниот октопод на Заев и функционерите на СДСМ се предмет на потсмев не само во македонската јавност, во регионот, туку и пошироко. Напрегањата во одбрана на Катица Јанева и перењето на срамот кој што секојдневно го преживуваат граѓаните од оваа влада, која очигледно ги брани криминалците се огромни. Тоа е доказ за нивната вмешаност во криминалниот октопод, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Јасно е дека правда и мир нема да има во Македонија се додека СДСМ е на власт, се додека владее октоподот и рекетарските дејанија на поединци.Власта наместо да пропагира клише излитени фрази од типот „доколку некој направи криминал, треба да одговара“, треба да престане да влијае врз правосудните органи. Зоран Заев нема каде да се скрие затоа што јавноста бара одговори и одговорност за криминалните мрежи на власта за кои слушнавме и видовме како се вршат.Обвинителството треба да одговори каде завршила Луј Витон чантата, кој се е вмешан во бесрамното криминално рекетирање и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребија довербата на граѓаните.Време е Катица Јанева да се врати од сончање по грчките плажи, да ја погледне македонската јавност во очи, која толку ревносно и транспарентно ја известуваше за случаите и истрагите кои ги злоупотребуваше и конечно да ја каже вистината.Итно е потребно Јавното обвинителство да делува, истрагите да го расветлат милионскиот рекет и истото да престане да му слугува на Зоран Заев.На власта треба да и биде јасно дека со „Се ќе биде океј“ обвинителство, злоупотребите, лагите и криминалот само се дозакопува и понижува на конто на граѓаните и државата. После ваков невиден скандал, што ли друго може да се очекува од институциите кои работат под раката на криминалниот октопод на Зоран Заев?На Македонија и е потребна итна и неодложна промена на криминална власт, на која единствена намера и е да си ги полни сопствените џебови. За да може да има правда во Македонија, обновата на државата е неопходна и нужна, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

nakov

Зошто не е определен притвор за Катица која форматираше телефони?, прашува ексобвинителот Александар Наков

Експертите имаат голем број на забелешки околу истрагата за случајот „Рекет“ фактот што Јанева сеуште не е повикана да даде изјава и отсуството на Јовески, Рускоска и Јанева од државата. Поранешниот судија и обвинител, а сега адвокат, Александар Наков, во изјава за Телма ТВ вели дека Јанева досега морала да биде опфатена со истрагата.„Како бивш јавен обвинител, ни случајно, јавното обвинителство не смееше да ги запостави работите, односно, да отвори истрага и обвинителите да заминат на одмор. Првиот се споменува себе како име и презиме, вториот како надлежен јавен обвинител кој ја води истрагата. Ни случајно не смееше работата да се остави вака, Катица да замине и да форматира телефони, бидејќи овие работи создаваат сомениние кај луѓето дека истрагата не е водена согласно Законот за кривична постапка. Тука се поставува и круцијалното прашање, зошто према неа не е определен притвор?“, вели Наков во изјава за Телма ТВ.

Коментари | пред 6 години

budzakoski-960x540

Стефан Буџаковски вели дека не може Боки 13 и Кичеец да земат толку пари без помош од власта

Може ли воопшто да му се верува на обвинителство на чело со Русковска кое не ја прошири истрагата за „Рекет“ веднаш за да утврди има или не инволвираност, прво од специјалната обвинителка а потоа и од високи функционери од власта ? Дали сега е веќе доцна откако Јанева практично ја призна автентичноста на снимките што ги објави италијанскиот медиум, а телефонот и компјутерите се веќе форматирани и избришани – оти време за тоа имаше комотно овозможено со неделувањето на Русковска? И на крајот, можно ли е вака да тече разврската на скандалот без помош од власта? Не е можно вели за Алфа професорот по казнено право Стефан Буџакоски, од Охрид.-Во оваа форма и волку големи суми на рекет без вмешаност од власта не е можно. Има случаи на рекетирање со прислушувани разговори. Во јавноста се вртат информации дека и други лица поседуваат прислушкувани разговори, изнудуваат некои поситни суми на пари како уцена за да не се објават разговори, но за ваков висок степен на поврзаност, неопходно е да има поширок опфат на истрагата за да се утврди кои сите се инволвирани, вели Буџакоски.Според него Јанева призна лична вмешаност во скандалозниот „Рекет“ уште кога си поднесе условена оставка.

Македонија | пред 6 години

timonie

Францускиот амбасадор: Во најкраток рок да се расчисти „Рекет“, ви слабеат можностите за преговори со ЕУ

Случајот „Рекет“ заслужува итна реакција на надлежните и сигурен сум дека ќе видиме напредок, вели францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние во интервју за ТВ 24.– Треба да се преземат сите потребни постапки во најкраток можен рок, да се види дека се води веродостојна истрага која не прави дистинкција за тоа колку се високи позициите на инволвираните и какви се нивните функции, и која ќе покаже дека времето на неказнивост е завршено, изјави Тимоние.Во однос на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ која што се очекува во октомври, Тимоние оценува дека позицијата на земјата сега е помалку цврста поради случувањата околу „Рекет“ и неможноста да се постигне договор за Законот за Јавното обвинителство.„Времето брзо поминува и до октомври има релативно малку време за да се покаже убедливост во работата. Потребно е власта и опозицијата да ги пронајдат насоките што водат кон едно постабилно досие за земјата за кое ќе можеме да кажеме дека иако е извесно оти владеењето на правото создава одредени проблеми, сепак, постои вистинска волја преточена во дела, а не само во намери. Таквата волја заслужува поддршка за почнување на преговорите и отворање на поглавјата 23 и 24”, изјави Тимоние.

Македонија | пред 6 години

krazba

Скопјанец осомничен за две разбојништва, со закани со сигнален пиштол присвоил над 260 000 ден

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 26-годишно лице осомничено дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол марка „Екол“ и се заканил на вработената. Потоа се упатил зад работното биро и од фиока го одзел дневниот промет од 21.400 денари, па го напуштил местото.На 8 август, на сличен начин влегол во просториите на финансиското друштво „Тиго Фајнанс“ на улица „Ѓорче Петров“, го извадил сигналниот пиштол, го репетирал и се заканил на две вработени кои во моментот биле во објектот. Притоа одзел 242.600 денари со намера противправно да ги присвои.Бидејќи ценеше дека постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 6 години

duke-bojadziev

1076 свеќи гореа за спас на Охрид и крајбрежјето на концертот на Дуке Бојаџиев

Концертот на Дуке Бојаџиев, кој синоќа го одржа во рамки на Охридско лето, го посвети на Охридското езеро. Тој ја повика публиката од сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.Запалените свеќи гореа додека Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот.Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” - рече тој.На спектакуларниот концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација. Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески.На концертот присуствуваше и Претседателот Стево Пендаровски.Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид.Инаку, на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи. Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење се до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот регион.„Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања