Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Boki-13-Zoki-Kiceec

Кичеец завршил со прегледот - полицијата го врати во Шутка, тој си го плати патот

Осомничениот во аферата ,,Рекет “, Зоран Милевски – Кичеец, попладнево бил однесен на преглед во приватна скопска клиника од притворот во Шутка, па пак вратен во затворот.Иако на Милевски му следува бесплатен лекарски преглед во јавна здравстена установа, тој на неговор барање бил однесен во приватната клиника и самиот ги платил трошоците за прегледот, како и за трансферот.

Македонија | пред 6 години

Mile-Janakieski

Јанакиевски однесен дома, го напушти затворот во Шутка

Поранешниот министер за транспорт и врски од владата на Груевски, Миле Јанакиевски, е пуштен во домашен притвор.Апелација вчера на јавна седница ја разгледувала жалбата на одбраната на екс-министерот, и одлучила мерката притвор да се замени со куќен притвор.За потсетување, Јанакиевски беше приведен на 29. јуни заедно со седум други лица за случајот “Шпански скали”. Долго штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот. Беше однесен и во болница.Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“ проект кој требаше да биде дел од Скопје 2014.

Македонија | пред 6 години

katica

Јосифоска: По налог на Катица Јанева потпишав да му се врати пасошот на Камчев

Специјалната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска потврди дека таа потпишала да му се одобри временска патна исправа на Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“.Во изјава за ,,Сакам да кажам”, таа вели дека Камчев барал да добие времена патна исправа, но Јанева тогаш била на одмор.. Бидејќи била еден од двете заменички на специјалната обвинителка, Јосифовска била должна да потпише. 

Македонија | пред 6 години

Ljupco_UPA

Љупчо Тодоровски –Упа: Конески е нераскинлив дел од мене и мојот живот

Фестивалот „Охридско лето“ освен што ја негува класичната музика и драмската уметност,  простор отстапува и за останатите видови уметност. Дополнителната програма на фестивалот утревечер од 22 часот во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе донесе  сценски приказ  на поезијата на Блаже Конески преку проектот „Парче душа“ на актерот Љупчо Тодоровски –Упа.Со години изведуван ширум Македонија проектот стана препознатлив, а Упа, некако природно се врзува, се поистоветува со Блажe Конески.Насекаде наидува на искрена човечка возбуда и благодарност, неретко доведени до по некоја солза. И точи мир. Мир и спокојство во душата. „Парче душа“ е метафоричен приказ на еден човечки живот испреплетен со историјата на нашата татковина. Сликослед од крајолици, луѓе и настани од нашиот, македонски живот. Реализирате голем проект со кој всушност ја возобновивате малку подзаборавената навика на рецитирање и читање поезија. За каков проект станува збор?УПА: Проектот е составен од: државен натпревар во рецитирање со предвидено учество на над 7.000 учесници и над 100.000 посетители, снимање на носач на звук на 100-те најголеми македонски поетски песни во изведба на водечки актери,ТВ серија од 15 епизоди за големите македонски поети како прв дел на поголем проект наречен „Столбовите на Македонија“, интерактивна обработка на методски единици „Поети“ и изведба на нивните песни преку актерски настапи за средните училишта.  Исто така подразбира и мапирање  и обележување на сите спомнати од Конески во неговите песни топоними и историски личности и настани со текст на песната и достап до изведбата на таа песна преку мобилни телефони, вели Тодоровски Упа.Зошто овојпат се одлучивте за Блаже Конески?Блаже е нераскинлив дел од мене и мојот живот. И моето творештво. Толку стана мој како да ми е отсекогаш.Секогаш кога не ќе сум можел да се изразам себе си - сум го говорел него. Го мислам и ќе го имам до – секогаш. Како дел од мене. Затоа што како и секој гениј, неговото дело го  доживуваме како да се однесува за нас лично.Зашто тој спаѓа во ретките благословени од боговите кои ги допреле корените на чувствата, ги сфатиле длабочините на душата и кои ни помагаат да дојдеме до толку едноставни а големи сознанија; затоа што ни предочуваат прекрасните созерцанија на животот и човекот. Пред се нашиот, македонскиот човек. Затоа е Блаже и сечовечки – оти е најпрво свој, наш. Оттаму огромната моќ на неговата поезијата.Оттаму мојата втренчената очараност од Блажета...Затоа што не се сложувам со тоа како се однесуваме кон неговото творештво, затоа што го забораваме и зафрламе по зафрлени ќошиња на помнењето и почитувањето, поточно, ја презирам таа неблагодарност, и народна, и државна. Сега кон него се однесуваме како да е од никогаш. Се однесуваме како овие 2- 3 милиона души наречени Македонци да ќе раѓаат секои педесет години по еден великан од светско значење. Оти тој е тоа – еден од најголемите и најмоќните поети на сите времиња. Молам, кој не верува - да го препрочита. Или, уште поарно, нека слуша некој актер кој што го говори.Кон него се однесуваме како неук, неопитен човек кој по божје провидение падната му во раце Бержеовата непроценливо вредна, восхитувачки убава ракотворба од бесценети камења, не сфаќајќи ни убаво ни вредно, отфрлајќи се што не е за „во себе, на себе и под себе“ наменето за него и неговото тело - ја зафрлил меѓу џиџињата купени на последниот панаѓур.Блаже ми е како отсекогаш. Кога не ќе сум можел да се изразам себеси - сум го говорел него. Затоа што, како и секој гениј, неговото дело го доживуваме како да се однесува за нас, и само за нас. Го доживувам, живеам и ќе го имам за - до секогаш. Како јас, самиот себеси. И го преточувам преку себе во гледачите. Го болам и воскликнувам за секој од нив посебно и за сите нас заедно...Го реализирате овој проект шурум државата веќе подолго време. Каков е одзивот кај аудиториумот?Луѓето сакаат убав збор, моќно чувство, возбудлива состојба, слики.Мир и спокојство, убав збор, блискост; длабоки и искрени чувства, мечтање и сонување. Луѓе со воздржан здив...Ете тоа е рецитирањето.И давам предност на училиштата, кај младите оти тие се идните читачи, идните посетители на театар, добри граѓани, чесни домаќини, грижни родители. Всушност, како што си беше. И како што треба да биде на овој свет и овој век.   

Магазин | пред 6 години

interpol

Најбарани на листата на Интерпол се - Албанците

Според најновите податоци на Интерпол, Албанија е на врвот во однос на сите европски земји со 116 Албанци обвинети за разни кривични дела за кои е издадена меѓународна потерница, јави албанската телевизија Топ чанел.Според телевизијата, тие биле барани не само врз основа на албанската потерница за апсење на Интерпол, туку и во други земји, за кои постои сомневање дека сториле кривични дела.Зад Албанија е БиХ со 99 лица по налог на Интерпол, Бугарија со 50, Романија со 48 и Франција со 28 нејзини државјани кои се бараат со меѓународна потерница.Само три европски земји – Исланд, Ирска и Луксембург, имаат по само едно лице по меѓународна потерница на Интерпол.На внатрешно ниво, во албанската држава постои внатрешна потерница во која се наведени 690 лица обвинети за разни кривични дела.

Свет | пред 6 години

mile-janakieski

Поранешниот министерот за транспорт и врски Јанакиевски, пуштен во домашен притвор

Поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски доцна попладнево од истражниот затвор во Шутка е спроведен во домашен притвор.Мерката притвор на Јанакиевски е заменета со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера на јавна седница ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30 дневниот притвор.Екс министерот за транспорт и врски Јанакиевски беше приведен на 29 јуни по барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал заедно со уште 7 други лица, осомничени во истрагата "Шпански скали".

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи

Власта на СДСМ и министерот Венко Филипче само ветуваа, но ништо не спроведуваа. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во здравството само ветуваа, но тоа никако не се исполнува. Васко Паскали да одговори кои квоти ќе се укинат, ако во последниве месеци не може да се најде лек на рецепт до 5-ти во месецот?Власта најавува брзи решенија што на долг рок се неодржливи, а целта е пред избори да освојат симпатии кај граѓаните, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.Требаше да поминат повеќе од две години за сега да се најави мерката којашто претставува чист популизам, бидејќи знаат дека се приближуваат предвремени избори.Ги запрашал ли Паскали аптекарите дека идејата за укинувањето на квотите не е добра?Наместо да им се извинат на граѓаните дека нема доволно лекови, а на докторите затоа што лажно ги обвинија, тие без малку срам излегуваат пред нив.Пред граѓаните најпрво треба да објаснат каде ги трошат парите од Фондот за здравствено осигурување и за што, а потоа да ветуваат.Кога веќе решил секратарот на СДСМ Охрид да се слика пред Маларична без медиуми и да кажува ветувања, тогаш треба да знае дека граѓаните од него очекуваа да каже дека Министерството за здравство и општина Охрид изградија Нов современ Здравствен дом на местото на старата локација. Исто така  како што и докторите очекуваа 100 илјади денари плата. Но тоа не е така.Затоа за СДСМ зборот не е збор и не важи.Со СДСМ нема задоволни пациенти, нема задоволни граѓани, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002

Паскали: Нашата цел е задоволни пациенти - граѓани и задоволни сопственици на аптеки

СДСМ како партија уште еднаш докажа дека за нас дадениот ЗБОР  - ВАЖИ.Во предизборните програми едно од нашите ветувања беше напуштањето, поточно укинувањето на квотите  за лекови во аптеките ширум земјава. Владата на Република Северна Македонија, поточно Министерството за здравство е на пат ова прашање да го реши во интерес на сите. Задоволни пациенти - граѓани и задоволни сопственици на аптеки. Тоа ни е целта, истакна  Васко Паскали секретар на ОО на СДСМ – Охрид.Значи ЗБОРОТ за СДСМ – ВАЖИ.Придобивките од ваквата заложба на Владата меѓу првите ги почувствуваа , токму граѓаните – пациентите од Охрид и оние кои летуваат на крајбрежјево а им се потребни лекови.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче деновиве  информираше дека за месец август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен.Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба.Почитувани граѓани и почитувани медиуми!Ова значи дека за секој лек којшто ќе биде издаден на рецепт, рецептот ќе биде реализиран од страна на Фондот за здравствено осигурување.На овој начин ќе се надмине проблемот со недостатокот од лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите во текот на цел месец а не како досега во првите петнаесет дена од месецот. Вака граѓаните ќе бидат поспокојни дека во секое време медикаментите ќе им се достапни.Почитувани,Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства.Ова со лековите и туристичките региони е  само Прва фаза  до целосното укинувањето на квотите за лековите на територијата на целата држава.Во зависност од динамиката на Фондот за здравствено осигурување следните фази ќе се спроведат  до крајот на месец септември.Кон крајот на овој месец ќе започне и официјално административната процедура на вклучување на сите аптеки, коишто во овој момент не се во мрежата на здравствени установи, за истите да се вклучат. Да можат и тие да станат дел од овој систем.Ја користам пригодава да соопштам дека Министерството за здравство ќе започне со уште еден Проект кој е дел од преземањата на СДСМ и Владата за средување на состојбите во здравството.Ресорното министерство ќе почне со проширување на мрежата за прием на нови специјалистички ординации.Овие мерки се во интерес и на лекарите и на пациентите. Преку отворање на специјалистички ординации, младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат.Почитувани,За СДСМ – ЗБОРОТ е ЗБОРЗадоволни пациенти – задоволни граѓани!Одиме кон остварување на уште многу ветени и зацртани Проекти кои ќе значат ПОДОБАР ЖИВОТ ЗА СИТЕ , истакна  Васко Паскали секретар на ОО на СДСМ – Охрид.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Падна од власт „ФАМИЛИЈАТА“ за да дојдат „РЕКЕТАРИТЕ“

Ова повеќе не може и не треба да е вака. Падна од власт „ФАМИЛИЈАТА“ за да дојдат „РЕКЕТАРИТЕ“. Правдата е мисловна именка во нашето општество. Живееме во средина во која криминалот е величина негувана од политичките елити. Искрено ми е жал за граѓаните на нашата земја. За оние чесни, трудољубиви и искрени земјоделци, лекари, инжинери, работници, занаетчии итн. кои 28 години се мачат со чесен труд, многу жртви и неспиени ноќи да се грижат за сопствените семејства, борејќи се да им овозможат нормален живот на своите деца, се вели во соопштението од ГДУ.Размислете длабоко дали ова е тоа што го посакуваме за Македонија. Ако сте задоволни од сето ова, најискрено ве замолувам на следните избори гласајте си пак за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Крајно време е граѓаните на Македонија да го победат својот стокхолмски синдром и еднаш засекогаш да се изборат за сопствената слобода. Ова мое обраќање не е кон слепите партиски послушници за кои најважно е партијата да ги смести на државна јасла. Тие секако сами решиле да служат не на својата татковина, туку на криминалната политичка елита од која како благодарност добиле или ќе добијат работно место. Ова го адресирам до вас кои не сакате да оставиме како наследство на сопствените деца „џелати“ кои и нас нè „џелателе“, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

kiceec

Кичеец однесен во болница, за проверка на дебелото црево и ректумот

Вечер дознава дека еден од двјацата притовореници за случајот „Рекет“, Зоран Милески - Кичеец по негово барање од притворот во Шутка заминал и е пренесен во клиниката на Жан Митрев.На Кичеец кај Жан Митрев треба да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе трае дури три дена.*Колоноскопија е тест, каде што лекарот со помош на колоноскоп (тенко црево) гледа во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт (ректумот, дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево). Колоноскопот се внесува преку анусот, во ректумот, натаму кон дебелото црево се до цекумот дел од дебелото црево каде се среќава со тенкото.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-16

По објавената фотографија со Боки во Шутка, запленети три мобилни во затворот

Фотографијата која ексклузивно ја објавивме предизвика рација во затворот во Шутка.Управата на истражниот затвор во Шутка по извршениот претрес пронашла и одзела три мобилни телефони од притвоениците, а со кои најверојатно била направена фотографијата од првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановки – Боки 13.Негова фотографија од дворот од затворот „Скопје“ ја објави порталот „Скопје1“, а на неа Боки 13 е со уште едно машко лице.Директорот на затворот, Есад Рахиќ за 24 Инфо изјави дека откако се појавиле фотографиите бил направен претрес при што биле најдени три мобилни телефони.-Истрагата трае, фотографијата најверојатно била направена со еден од ови овие мобилни телефони и нивните сопственици ќе бидат санкционирани. Гарантирам дека никој од затворските чувари кои се ангажирани воовој дел од установата не го снимале притвореникот, изјави Рахиќ.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Од вечерва во Скопје посебен режим на сообраќај, еве каде...

Денеска (09.08.) после 20,00 часот, како и на 10 и 11.08.2019 (сабота и недела) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе се изведуваат градежни работи, па Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен режим при што сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети  Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Скопје | пред 6 години

Capture-3

МВР контра објавите на ВМРО ДПМНЕ според кои - министерот Спасовски има наводна сопственост на „Пин петрол“ во Куманово

Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна сопственост на министерот Спасовски на комплексот „Пин петрол“ во Куманово и наводен конфликт на интереси околу добивањето на дозволите за работа. Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема било каква сопственост во оваа компанија, ниту во било која друга, ниту во минатото ниту денес. Покрај тоа, согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. Таков е и случајот со Пин петрол, МВР и во овој случај, како и во сите други случаи, постапува согласно законите. Бараме партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кои ги пласира, а доколку тоа не биде сторено, ќе биде поднесена тужба пред надлежниот суд.

Македонија | пред 6 години

znaci

Украл 7 сообраќајни знаци

На 08.08 2019 година во Полициското одделение Петровец инспектор за надзор во општина Илинден пријавил дека во периодот од 05 до 07.08.2019 година во н.Илинден и с.Миладиновци непознат сторител со демонтирање одзел седум сообраќајни знаци. Се работи на расчистување на случајот.    

Скопје | пред 6 години

sud-strumica

Покрај пожарот во Судот во Струмица, украдени биле и предмети и два автомобили

На 08.08.2019 во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во Основниот суд во Струмица, при што опожарени биле гаража, одземени предмети и две патнички моторни возила,,Шкода октавија’’ и ,,Пасат’’ сопственост на Основниот Суд во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, јавен обвинител  и инспектор од ДЗС. 

Македонија | пред 6 години

pretepan

Скопјанка пријавила дека жена ги нападнала нејзините ќерки

На 09.08.2019 во 01,30 часот во СВР Скопје, П.С.(33) од Скопје, пријавила дека на 08.08.2019 околу 23,00 часот на булеварот ,,Борис Трајковски’’ женско лице на возраст од околу 60-65 години физички ги нападнало нејзините две ќерки. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

sudar

Судар помеѓу полициско возило и „Берлинго“, повредени три лица

На 09.08.2019 во 00.30 час на раскрсницата на ул. “Интернационални бригади“ со ул. “Миодраг Илиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода “, сопственост на МВР и патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и возачот А.С. кои биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

migranti-grcija-1

Спречен обиди за илегален влез на 154 мигранти во земјава

Полициски службеници од МВР во координација со полициски службеници од земјите кои имаат свои контингенти на јужната граница во периодот од 20 часот на 8.8.2019 до 8 часот на 9.8.2019 спречија обиди за илегален влез на мигранти на јужната граница и тоа: на подрачјето на полициската станица Богородица 35 лица ( Пакистан 19,Индија четири и Бангладеш 12), на подрачјето на ПС Валандово 17 лица од Бангладеш, на подрачјето на ПС Михајлово седум лица од Авганистан, на подрачјето на ПС Стар Дојран и СВР Струмица 102 лица (Пакистан 29, Авганистан шест, Бангладеш 54, Сомалија седум, Еритреа шест).

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тешко повреден малолетник моторциклист, кој изгубил контрола и излетал од коловозот

На 08.08.2019 во 22,40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Радовиш 17 годишен малолетник управувајќи моторцикл “Сузуки’’ без регистарски ознаки, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил сопатникот З.С.(18) од с.Баница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. 

Македонија | пред 6 години

pozar-drvja

Пожар во атарот на Берово, против потпалувачот ќе биде поднесена соодветна пријава

На 08.08.2019 околу 16.30 час. на м.в Црвени брегово, , настанал пожар, во кој е опожарена површина со сува трева и багрем. Пожарот е предизвикан од страна на Б.Ч.(78) од Берово, кој на неговиот имот на м.в Црвени брегови запалил насобрана сува трева. Пожарот е изгаснат од екипа од ППЕ - Берово. Против Б.Ч.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 08.08.2019 во 18 часот во Неготино на ул.„Кирил и Методи“ пријавена е сообраќајна незгода меѓу возило „Пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(22) од Неготино и мопед „Томос “ управуван од малолетник (16) од Неготино, при што, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен за укажување на помош во неготинската болница.  Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

car-fire

Експлодирал автомобил – повреден е случаен моторциклист  

На 08.08.2019 во 20,10 часот во СВР Скопје, Љ.П.(41) од с.Волково,скопско пријавил дека истиот ден околу 19,30 часот додека се движел по улицата ,,Бутелска’’ со патничко моторно возило марка ,,Застава 128’’ со скопски регистарски ознаки, забележал чад од моторот по што избувнал пламен, кој го зафатил целото возило, а потоа дошло и до експлозија од вграден плински уред во возилото. Во моментот на експлозијата во близина бил Г.В.(46) од Скопје кој управувал моторцикл со скопски регистарски ознаки и бил зафатен од пламенот при што се здобил со повреди. Г.В. бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Скопје | пред 6 години

policija-1

Во Гостивар кривично дело ,,бесправно градење“ “ и ,,симнување или оштетување на службен печат или знак“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(67) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,бесправно градење“ и ,,симнување или оштетување на службен печат или знак“.  На 06.05.2019 година на локација во Гостивар, од страна на овластен градежен  инспектор, при увид на градба на колективна зграда од страна на пријавениот, како главен инвеститор, било констатирано дека истиот не поседувал комплетна документација и објектот не бил изведен согласно одобрението за градба. По ова, на 20.05.2019 година, за наведениот објект било донесено решение за забрана на понатамошна работа, и била поставена лента и налепница со ознаки од градежна инспекција. На 03.08.2019 година пријавениот,  ги симнал и оштетил  претходно  поставениот службен печат и знак на наведениот објект, и продолжил со градба на истиот.

Македонија | пред 6 години

boki-13

(ФОТО) Што си купил Боки 13 по Рекетот?

Два дена во Македонија топ тема е Рекетот од вртоглави 1,5 милиони евра кои Боки 13 го изнудил од бизнисменот Орце Камчев со помош на Зоки Кичеец и Катица Јанева.Курир. мк денеска анализираше што прво си купил Боки со парите од Рекет.Една недела по изнудениот рекет тој се подновил со капут од марката„Александар Меквин“ и „Барбери“ и патики од марката „Баленсиага“ кој вредат цело богатство.Што се купил Боки 13 прочитајте на: Курир.мк

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still212

Претрес во Шутка по фотографијата објавена од Боки 13 во дворот од затворот

Откако Скопје1 објави фотографија од Бојан Јовановски познат како Боки 13 како шета во дворот на затворот „Шутка“, директорот на затворот наредил да е изврши претрес во затворот.Боки 13 заедно со Зоран Кичеец е во притвор поради случајот „Рекет“.Инаку на фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи. Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев.Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања