Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Каков писмен договор направил Тунтев со Усеини за вработувања?

Предизборните пазари кои СДСМ ги правела само за да биде на власт, а на штета на граѓаните за кои укажувавме претходно сега веќе јавно се потврдуваат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.Во медиумите веќе се појавија потпишани документи кои исто така беа потврдени и од општинската говорница на вчерашната седница. Каков писмен договор направил Томислав Тунтев со Нефи Усеини за вработувања во општина Охрид и јавните претпријатија?Како Тунтев ќе го објасни барањето во договорот на Коалицијата „Заедно за Охрид“ до крај на мандат да се спроведе законската категорија и еднаква застапеност на работните места општина Охрид и Јавните претпријатија?Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Охрид, Тунтев и советникот Усеини знаат дека за вакво дело сносат кривична одговорност?Тунтев и Усеини треба да се засрамат поради политички договор во замена на гласовите на етничките заедници.Цела јавност знае дека многу добро е дефинирано со Закон вработувањето на етничките заедници, а не со политики пазар.СДСМ директно застанува против интересите на охриѓани.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still211

ОЈО: Снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство беа доставени од сведок во предметот.Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. Притоа се проверуваат сите индиции и сите аспекти. Истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена. По целосно завршување на истрагата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Притоа, нагласуваме дека годишните одмори не се одразуваат на водењето на истрагата. Во периодот кога дел од јавните обвинители користат годишен одмор назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот. Функцијата на јавното обвинителство се извршува непречено.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Истрага за 30 годишен Скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Имено, 30-годишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“ во Скопје, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета „Бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ванчева: Сценариото со објавените снимки не им успеа, а ВМРО во позадина ја пушти музиката од „Кум“

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева денеска пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција за објавените видеоснимки и материјали поврзани со случајот „Рекет“.Ванковска пред ВМРО ДПМНЕ беше  шречекана со музика од филмот „Кум“.Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата за медиумите на Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ:Нема правда нема мир!Објавувањето на видео снимките и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се дел од сценариото да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка.Сите шеми и линкови за објавување на снимката за случајот „Рекет“ водат кон белиот дворец зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф, Никола Груевски.Авторот на тексовите кои излегуваат во италијански медиум, има релации со ВМРО-ДПМНЕ. Советник на Никола Груевски членувал во иста организација во која членува и авторот на текстот.Весникот има објавено интервју со Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ каде се промовира проектот на Никола Груевски против невладините организации во земјава.Наместо да молчи за прашањата што му ги поставивме вчера, дублерот на Груевски, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски?Дали и што примил на рака?Јавноста има право да ја знае вистината а вистината ќе се дознае, бидејќи таа е како шило.Денеска ќе му поставиме уште неколку прашања на Христијан Мицкоски:Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта?Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?Создадените тајкуни од режимот, во координација со Никола Груевски, помогнати од нивните извршители прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата да се претстават како жртви и да се спасат.Секој што се надевал дека со сценарио, објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.Уште еднаш, ги охрабруваме институциите брзо да делуваат за целосно расчистување, сите актери, од прв до последен, кои се инволвирани во овој случај мора да понесат одговорност.Нема бегање од правдата и од одговорноста.

Македонија | пред 6 години

pezo-1

Општина Крива Паланка домаќин на годишната рута на караванот Еуроп-Раид 2019

Во текот на вчерашниот ден Општина Крива Паланка беше домаќин на првата авантуристичка турнеја на солидарност на францускиот караван ,, Europ'Raid 2019“.Europ'Raid е европска турнеја за културна солидарност, во состав од околу 800 волонтери од Франција, кои патуваат со 260 возила „Пежо 205“, а нивната мисија и цел е  да донираат вкупно 17,5 тони училишни материјали, прибор и училишна опрема  во неколку балкански држави, меѓу кои и Република Севрна Македонија, носејќи со себе помош во вид на донација за децата кои имаат отежнат пристап до учиштата и живеат во понеповолни услови.Овогодинешната рута на ,,Еуроп-Раид “ е започната од Париз на 27 јули и ќе трае до 17 август, а учесниците од караванот треаба да поминат вкупно 10.000 километри за 22 дена.На мапата на оваа европска турнеја за културна солидарност се најде и Крива Паланка, како  општина од РС Македонија, која поради својата активна соработка во областа на Франкофонијата  доби донација од  100 килограми училишен прибор, матријали, нагледни средства и спортска опрема.Во знак на благодарност за донацијата и пријателството со  францускиот народ,  учениците од ООУ ,,Јоаким Крчовски“ под менторство на проф. по француски јазик Елена Николовска,  приредија Франкофонски музички хепенинг во дворот на училиштето, на кој присувствуваше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.Во рамки на овој несекојдневен настан, градоначалникот Борјанчо Мицевски приреди прием и организираше работна средба со амбасадорот Кристијан Тимоние, на која се разговараше за децентрализираната соработка, особено преку овој важен проект на француската солидарност преточен во туристичка атрактивност, како и за развојните проекти на општина Крива Паланка.Во оваа прилика, градоначалникот Мицевски најави дека  амбасадорот Кристијан Тимоние ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Крива Паланка,а чинот на официјализирање ќе се оддржи на свеченоста по повод  Денот на ослободување на Крива Паланка-8-ми Октомври.Тимоние истакна дека е пријатно изненаден и трогнат од предлогот за почесен граѓанин, но воедноистакна дека  и многу благодарен и среќен за сето она  што Општина Крива Паланка го прави во насока на негување и почит кон францускиот јазик и култура.Тимоние воедно ја искажа и својата благодарност  кон младите французи, кои патуваа илјадници километри да стасаат до тука и срдечно им честита на младите ученици кои го изучуваат францускиот јазик, зборувајќи го како нив мајчин јазик.За огромниот број француски гости, учесници на караванот на Europ'Raid, Општина Крива Паланка организираше стационирање со ноќевање и интересна  културно-уметничка програма на градскиот стадион.Програмата започна од 20.00 часот со настап на КУД ,,Карпош“ и КУЗ ,,Фолклористи“,  кои со своите прекрасни изведби на на народни песни и танци, на најубав начин, пред присутните и гостите од Франција  ја претставија богатата културна традиција на кривопланчани  и народна носија од овој крај. Програмата продолжи и во доцните вечерни часови со електронска денс музика и лајф настап на диџеј Буѓо.Ова беше инзвонредна можност за  време на една вечер, учесниците да ја откријат и да се запознаат со локалната култура во опуштена и пријателска атмосфера. 

Македонија | пред 6 години

mirce-acev

АКУД „Мирче Ацев “ го најавува 40. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев го најавува 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.Оваа година фестивалот ќе се одржи во периодот од 22ри август до 26ти август на две локации - ,,Плоштад Македонија" – Скопје и ,,Плоштад - Млечен ресторан" со почеток во 20:00 часот. Учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

Скопје | пред 6 години

OHL_3075

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул.„Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. Ремек-делото, е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.Како што истакна на денешната прес-конференција директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, „Буре барут“ претставува хипер-реална алегорија на балканскиот социо-културен стереотип.- Ремек-делото, е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.Секоја сцена во „Буре барут“е самостојна и секогаш еден од ликовите од претходната го има и во следната сцена, при што тие ликови, провлекувачи, како да обединуваат една виртуелна целина. Така, во првата и последната сцена се појавуваат истите имиња, но двете се разликуваат и по времето и по просторот: сон/јаве, по целиот амбиент и по постапките на ликовите, појасни Поповиќ.Режисерот на претставата, кој наедно е и директор на Народниот театар Истанбул, но и дел од актерската екипа што вечерва ќе излезе на сцената „Долни Сарај“, Уилдирај  Шахинлер вели дека е почестен што е дел од фестивалот „Охридско  лето. Охрид, според него е прекрасен град, град на културата а тоа, како што рече, се гледа од архитектурата, но и од возбудата кај луѓето што го подготвуваат фестивалот.-Пред да ја работиме претставата, најпрво го гледав филмот . Еден од моите пријатели ми кажа дека постои сценарио коешто е напишано за театарски изведби и решив да го преведам од англиски јазик. Претставата ја изведовме во Истанбул бидејќи приказната од „Буре Барут“ одговара и за Турција. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот и засега тоа резултира со прекрасни изведби. Вечерва ќе видите турска игра на „Буре Барут“, но сигурен сум дека ќе ја препознаете и македонската „Буре Барут“, рече   Шахинлер.Башак Гумулџинелиоглу е една од актерките која игра во театарската претстава и според неа „Буре Барут“ ги зближила актерите и направила да се чувствуваат како едно семејство.-Претставата  „Буре Барут“ пренесува една универзална и безвременска порака која одговара во кое било време особено за овие простори. Ја  играме три години и веќе станавме едно семејство, истакна Гумулџинелиоглу.Нејзиниот колега, актерот  Еркан Џан рече дека вечерва публиката ќе види прекрасна игра на турските актери.-Вашата земја е прекрасна. Знам дека повторно ќе се вратиме овде со друга игра, рече Џан.Иницијаторот којшто ја донесе театарската претстава „Буре Барут“ и турските актери на фестивалот „Охридско лето“ е Илијас Балта.-Интересено е, како може некој да пишува нешто и да предвиди што ќе се случи по повеќе од 30 години . Тие што ќе дојдат вечерва на претставата ќе видат дека Дејан Дуковски  напишал нешто пред повеќе од 30 години и тоа се случува и денес. Оваа приказна, Уилдирај Шахинлер ја има оспособено да се игра во Македонија на турски јазик, рече Балта.Како што нагласи на денешната прес-конференција, директорката на „Охридско лето“,  Наташа Поповиќ, фестивалот во подготвителниот период имаше прилика да се промовира во Истанбул, и како што додаде, тоа резултира со бројни гости од Турција кои го посетија ова 59-то фестивалско издание.  

Магазин | пред 6 години

AZ4I6569-01

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија

Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај.Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на публиката. Така беше и синоќа кога неговата музика допре до срцата на луѓето и ги поведе во едно духовно патување под ѕвезденото небо над „Долни Сарај“.Една по една се редеа нумерите и заедно со добро осмислената нарација создадоа неповторливо доживување за посетителите. На репертоарот беа нови теми работени во текот на последниот период, нови обработни на стара македонска музика од 70-те, и како што вели Бојаџиев, тоа беше концерт поразличен од досегашните.Настапите во Охрид, за него се секогаш возбудливи затоа што како што објаснува музичарот, во Охрид се чувствува посебна позитивна енергија.-Потекнувам од Скопје, но уште од дете, повеќе се чувствувам како дома во Охрид отколку во Скопје. Охрид е срцето на Македонија. Настапувањето во Охрид секогаш претставува голема возбуда за мене затоа што чувствувам некаква енергетска поврзаност со езерото, со градот, па и со луѓето бидејќи имам огромен број пријатели овде, и тоа пријателства што ги негувам уште од детството, вели Дуке Бојаџиев.По диплома доктор на медицински науки, но и по дипломирањето, музиката е неговата најголема и најсилна љубов.-Има многу медицинари, доктори кои се врзани со некаква уметност, музика, сликарство, поезија. Можеби има некоја племенитост во медицината што ја има и во уметноста. Во мојот случај, татко ми, Тодор Бојаџиев, беше композитор и доктор, но доктор по професија, а композитор по хоби. Јас, откако дипломирав, решив да ги свртам поинаку работите. Сфатив дека што било друго да работам освен музиката, би било изгубено време, додава Уметникот.Во моментов, Дуке Бојаџиев работи на повеќе полиња. Насочен е кон  телевизиските проекти, а од филмските, работи на  музиката на  хрватски филм од легендарниот југословенски режисер Вељко Булаиќ којшто се уште работи. На почетокот од следната година, Дуке Бојаџиев најавува и  концерт во Скопје.  

Магазин | пред 6 години

joveski

Катица Јанева и Лиле Стефанова ќе бидат ислушани од Русковска

Јавниот обвинител Љубомир Јовески, за А1 он вели дека сите инволвирани лица во конкретниот случај „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка. Tој потенцира дека обвинителството постапува неселективно и ја уверува јавноста дека инволвираните во „Рекет” ќе бидат сослушани или испитани.„Не постапуваме селективно и никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело. Нагласувам дека во конкретниот случај се работи исклучиво за криминално дело”, вели Јовески.

Македонија | пред 6 години

vasko-eftov

На Васко Ефтов му истече договорот, Јани Бојаџи нов управител на ТВ Алфа

На новинарот Васко Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор, по што Алфа му се заблагодари за досегашната соработка и за неговите напори кои ги вложил за успешно водење на телевизијата.Менаџментот на Алфа Скоп донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата -стои во известувањето од Алфа Скоп.

Македонија | пред 6 години

DSC_03701-703x467

Чифлиганец: Не сум побарал ништо од Камчев, таков разговор не постои

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кого Орце Камчев во еден од аудио снимките што ги објави италијанскиот весник Ла Верита во врска со случајот „Рекет“ го споменува дека барал дуќан за обвинителката Лиле Стефанова, демантира дека воопшто постоел таков разговор со Камчев.-Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име, вели Чифлиганец во демантот.На објавените снимки се  слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев како што тврди весникот, го прашува Бојан Јовановски:„Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле“, при што весникот тврди дека се работи за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.Понатаму Камчев објаснува: „Еднаш, Чифлиганец кога ми се јави, ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости и тие работи… Јас од….в  сите тие работи, зашто не ме интересираше…“

Македонија | пред 6 години

katica-janeva-1

(Фото) Боки фотографиран во Шутка

Бојан Јовановски познат како Боки 13 е фотографиран во дворот на затворот „Шутка“, каде е притворен поради случајот „Рекет“ минатиот месец. На фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи. Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев. Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.

пред 6 години

katica-janeva-1

ФОТО: Боки 13 сликан во дворот на Шутка

Бојан Јовановски познат како Боки 13 е фотографиран во дворот на затворот „Шутка“, каде е притворен поради случајот „Рекет“ минатиот месец.На фотографијата се гледаат Боки 13 и уште едно лице, а непознато е кој ја направил фотографијата, која е објавена на социјалните мрежи. Фотографијата се објавува во време кога италијански новинар емитува аудио и видео снимки од тоа како Боки 13 и Зоки Кичеец договараат рекет од бизнисменот Орце Камчев.Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски дека рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО. Првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски. 

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Јанева сама си одлучи да го ослободи Камчев од зарвор, а пасошот му го врати додека бев на одмор, вели Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова го впери прстот во Катица Јанева, дека шефицата дозволила да му биде вратен пасошот на Орце Камчев додека таа била на одмор.“Во месец март 2019 година, јас не се согласив и со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена.Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на потпис писмено изготвеното мислење”, вели Стефанова.Стефанова вели дека се спротиставила и кога Јанева одлучила да го замени затворскиот притвор на Камчев со куќен.“Во втората половина на месец декември 2018 година, јас лично како предметен обвинител изразив несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“, мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор. Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги во предвид сега објавените снимки”, додава Стефанова

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova-960x479

Стефанова: Камчев сака да ме дискредитира затоа ме споменува во снимката

Како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број на шпекулации, сметам дека неопходно е во јавноста да изнесам одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации, изјави обвинителката Лиле Стефанова.Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата која во тој период беше насочена против нив и други лица,  користејќи го моето познанство со господинот  Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на состанок  ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата која се одржа во просториите на Специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за „неговите пријатели“, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец  јасно му ставив до знаење дека не доаѓа во предвид да разговараме било што во врска со предметот.  Целосно е невистинито искажувањето на  осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име.  Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него,  особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски. Во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту пак ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева.Во втората половина на месец  декември 2018 година, јас лично како предметен обвинител изразив несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“,  мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор. Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги во предвид сега објавените снимки.Во месец март 2019 година, јас  не се согласив и  со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена.Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на  потпис писмено изготвеното мислење.На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“. Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „ да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период“, изјави Стефанова.

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova

Обвинителката Стефанова за снимката: Ништо не е точно!

Обвинителката Лиле Стефанова, која во најновиот објавен снимен разговор што го пушти италијанскиот весник „Ла верита“ осомничениот во „Империја“ Орце Камчев се обидува да ја компромитира со тоа дека наводно преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала дуќан за стоматолошка ординација, вели дека е лага од осомничен кој е свесен дека тој самиот се снима. Обратно е, вели таа, Камчев се обиде да влијае, но без успех.„Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова. 

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

СЕ ОГЛАСИ ЈАНЕВА: Вели дека гласот е нејзин, рекет не земала, а медиумите и прават хајка

Изјавата на Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева ви ја пренесуваме во целост:„Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“. Како  Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно.Сум разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, поточно, за подобрување на нашите позиции како јавни обвинители, но во никој случај и во ниеден момент не сум тргувала со никакво влијание, не сум ја злоупотребила својата функција и не сум постапувала спротивно на законот. Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина.Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.Откако ќе бидат презентирани десетината истраги подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО многу нешта ќе бидат појасни за јавноста.Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите,  па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети  кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи.Очекувам пратениците на седница на Собранието на РСМ, во најбрз можен рок да го донесат Законот за ЈО на РСМ.Откако ќе се вратат сите обвинители од ЈО од годишен одмор, пред донесување на законот за ЈО, ке има целосен отчет за досега сработеното во врска со истрагите и предистрагите кои се водат во СЈО. Тоа е моја обврска и задача која ќе ја презентирам пред јавноста и надлежните институции, со што ќе бидат отстранети сите евентуални притисоци кои би можеле да ги имаат обвинителите во СЈО кои и досега си ги работеа сите кривични предмети, се разбира во заедничка кординација со мене. Потоа очекувам овие предмети кои се во СЈО, да продолжат да се работат од страна на надлежното обвинителство, со што  ќе се продолжи борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото“, вели Јанева.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still211

Катица Јанева пукала со пиштол

Во трет разговор објавен од италијанскиот весник, каде повторно се слушаат гласовите на Боки 13 и Орце Камчев, се зборува за Катица Јанева.Разговорот почнува откако Боки 13 и ѕвони на Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик. Тогаш разговорот го почува Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пука се уште“, вели Боки 13.„Што да пука“, прашува Камчев.„Пука денеска“, одговара Боки 13. „Кај пука?“, заинтересирано прашува Камчев.„Со пиштол“, вели Боки 13. „Не те разбирам“, враќа Камчев.„Со пиштол пука, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13„Кај пука, она пука“, повторно прашува Камчев. „Аха“, вели Боки 13.„На стрелиште?“, вели Камчев. „Да бе“, вели Боки 13. „Не ме заебавај“, враќа Камчев.„Не те заебавам“, вели Боки 13 „На стрелиште пукаат?“, повторно прашува Камчев. Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кически.„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кически, по што добива одговор „Не“. „Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.Зоки Кически и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“ „Носат пиштоли во нив?“, прашува заинтересирано Кически.„Да“, им одговара Боки 13. „Во ташна“, прашува Камчев.„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев. „Тоа не е тешка работа“, вели Кически.

пред 6 години

zoki-kiceec-boki-i-orce

Јоци за Кичеец, Боки 13 и Јанева: Вакви глуперди не се наоѓаат ни на детски роденден

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нова снимка на која покрај Бојан Јовановски алијас Боки 13, Зоран Милески викан Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која му порачува на Камчев „не се секирај за ништо, се ќе биде ок“.Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на социјалните мрежи напиша „Сите мислеле да берат смокви со Камчев“.„Сите овие кленови изгледа мислеле берат смокви со Камчев. Ко прав глумец, прво влегол во кожа на детенце, ластичиња, кјурои, витони, а на крај си ја облекол лавовската и сега овие не знаат каде се. И секој против секој ќе се сврти. А, бе, вакви глупендри не се наоѓаат ни на детски роденден со балони“, напиша Јоци.Во денешната снимка се споменува и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, Камчев вели дека од него било барано да и обезбеди дуќан за стоматолошка ординација.Ова е втора снимка која ја објавува италијанскиот весник во врска со овој случај. Во вчера објавениот видео материјал на италијанскиот весник има и разговор во кој Боки 13 му ветува на бизнисменот Камчев дека ќе биде ослободен понеделник, најдоцна вторник, а специјалната обвинителка Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови како би го одолговлекувала куќниот притвор на Камчев.Камчев пак кој е осомничен во случајот „Империја“ на СЈО, беше пуштен од куќен притвор на 4-ти март.

Коментари | пред 6 години

boki-13-torba

(ФОТО) Боки 13 ја шетал торбата на Камчев и пишал „Патот може да продолжи“

Парите кои Бојан Јовановски и Зоран Милевски ги земаат од бизнисменот Орце Камчев се ставени во торба „Луј Витон“, која после рекетот Боки 13 си ја користел како моден детаљ.Тој на својот инстаграм профил објавил фотографија со торбата на која напишал „Патот може да продолжи. Бај, бај Белград“.Во видеото кое го објави весникот се слуша разговорот помеѓу Орце и Боки 13 во моментите кога тој се подготвува да го земе рекетот во домот на бизнисменот, Камчев вели:-Ова одговара во стајлингот, куферчево (хахаха) да не давам Адидас торба.https://www.instagram.com/p/BuQvA8mlQIx/?utm_source=ig_embed  

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

(ТРЕТ АУДИО РАЗГОВОР) Боки 13 до Камчев: Катица пука со пиштол, затоа не го слуша телефонот

Во трет разговор објавен од италијанскиот весник, каде повторно се слушаат гласовите на Боки 13 и Орце Камчев, се зборува за Катица Јанева. Разговорот почнува откако Боки 13 и ѕвони на Јанева, а таа не одговора на телефонскиот повик. Тогаш разговорот го почува Камчев кој го прашува Боки 13 што се случува.„И пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби пука се уште“, вели Боки 13.„Што да пука“, прашува Камчев.„Пука денеска“, одговара Боки 13.„Кај пука?“, заинтересирано прашува Камчев.„Со пиштол“, вели Боки 13.„Не те разбирам“, враќа Камчев.„Со пиштол пука, па да не не слуша поради тоа, Катица“, вели Боки 13„Кај пука, она пука“, повторно прашува Камчев.„Аха“, вели Боки 13.„На стрелиште?“, вели Камчев.„Да бе“, вели Боки 13.„Не ме заебавај“, враќа Камчев.„Не те заебавам“, вели Боки 13„На стрелиште пукаат?“, повторно прашува Камчев.Камчев се смее, по што му се обраќа на Зоки Милевски, познат како Зоки Кичеец.„Ти си знаел за оваа работа?“, му вели Камчев на Кичеец, по што добива одговор „Не“.„Да, еднаш неделно“, вели Боки 13.Зоки Кичеец и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“„Носат пиштоли во нив?“, прашува заинтересирано Кичеец.„Да“, им одговара Боки 13.„Во ташна“, прашува Камчев.„Во Камник и ќе си седнат после на лапачка“, констатира Камчев.„Тоа не е тешка работа“, вели Кичеец.

Македонија | пред 6 години

315468_10150925062377443_565611894_n

Новинарот кој објавува снимки за „Рекет“: Мразам манипулации, судиите во Македонија да истражат

Ларис Гаисер, од италијанскиот весник „Ла Верита“ во коментар објавен преку својот фејсбук профил ги наведува причините поради кои ги објавува материјалите поврзани со случајот „Рекет“. Меѓудругот, во дел од текстот наведува дека не сака да биде инволвиран во меѓународни политички препирки, туку сака да даде свој придонес во потрагата по вистината – „за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава“.„Јас не сум богат. Немам огромни финансиски фондови за да спроведувам експериментални револуции. Како и моите пријатели во „Ла Верита“ ја мразам глупавоста и манипулациите. Веруваме во човечката интелигенција и слобода. И двете секогаш го наоѓаат патот да испливаат на површина и да надвладеат. Дури и после долги периоди на понижувања. Мојата надеж денес е преку моите извештаи да ги охрабрам добрите, сѐ уште независни, слободни судии, вистинските верувачи во важноста на владеењето на правото, да продолжат да истражуваат и да ја направат Македонија светол пример на стабилна земја!“, пишува Гаисер.

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec-boki-i-orce

(ВИДЕО ОД РЕКЕТ) Камчев до Боки 13: Кажи ми колку кошта и што добивам, јас прифаќам се

Орце Камчев разговара со Бојан Јовановски. Во разговорот Камчев му објаснува како ги броел парите и како на секој апоен од 5о евра направил спецификација.„Сакам да ми кажеш, шефе ова кошта толку, јас можам толку. И јас и договараме се. Овде шефе не можам да ја направам игранката за да направам се. Ме интересира кога, што и како добивам. Јас се прифаќам. Мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави, ми бараше за нејзе дуќан, јас ја одј*ебав“, вели Камчев во дел од снимката обраќајќи му се на Боки 13.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/355068715413114/Го поттикнува Боки 13 да ја забрза целата работа, но да му каже како точно сѐ ќе тече и колку ќе чини.Камчев бара Бојан да му каже што добива, кога и како, нема проблем сѐ ќе плати и му вели тој да продолжи ја води игранката.Камчев сѐ обидува да извлече потврда од Бојан Јовановски дека и обвинителката Лиле Стефанова е влезена во целата игра, но Боки тоа не му го потврдува, па Орце спомнува дека наводно пред да ја почнат операцијата со подмитувањето, некој за неа барал стоматолошка ординација, а овој ги одј…, како што вели.Кон крајот на снимката се слуша глас кој вели ,,не се секирај, сѐ ќе биде“, за кој Ла Верита тврди дека е гласот на Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски за „Рекет“: Мислеа дека ова ќе помине, па лажеа, Заев и Катица тргуваат со правдата

Кога излезе аферата „Рекет” зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа е реалноста, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот „Фејсбук“ профил.Но, што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги лажат нашите партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Играа на картата дека и ова ќе помине, а народот има кратко помнење, па старите и старо новите стратези од времето на „револуцијата”, скапо платени (додуша кај овие старо новите од времето на „револуцијата” најпрвин ќе ги подмират за заостанатиот долг…) ќе ги советуваат, сега треба позитивна кампања за да се покрие срамот и ќе почнат со украдени проекти и политики да се фалат, споредувајќи го напредокот на Република Македонија од 2012 до 2018. Но, срамот и криминалот се големи и тешко дека некоја лага или измислена приказна ќе ги покрие. А ова било само мал дел, ќе речат познавачите…, срамот и криминалот се многу поголеми од што можете да замислите и зафатени биле повеќе области и личности, вели Мицкоски.Мицкоски додава дека додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сеуште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот.Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е, вели Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека тргуваат со правдата, како што тргуваа со името и идентитетот.И додека трговијата им врви, а џебовите им се полнат, нема ден а да не помислам на неправдите кои ги направија. На луѓето кои умираат по ходниците во болниците, зошто таму шајка не е закована, за бедата по студентските домови која одново ги чека студентите од септември, солзите на нашите родители кои невешто ги кријат кога ги испраќаат своите чеда во незвесност таму некаде далеку, за неплатената мака на земјоделците, за тоа како сеуште убијци се на слобода, за плачот на блиските на Саздо, Мартин Јанушев, Смилковско, за прогонот, за Ченто, Димитар, Дејан, Горан, Миле, Митко…., пишува Мицкоски.Додава дека на народот му збогтиса од ваквото блескање на куфер политиката на Заев кој Македонија ја води во амбисот.Ако Македонија беше правна држава, денес главата на октоподот ќе беше со лисици на рацете. Но за жал понижена, украдена, обезличена е нивната приказна за Македонија, но не и мојата, не нашата приказна. Македонија мора да се исправи, а Заев да го поразиме. А после, после се знае, секој според заслуженото, без оглед кој е и од каде е. Ако сакаме напред, а мораме, зошто друг пат немаме. Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!, пишува Мицкоски.На крајот, тој им дава и „еден совет до сеачите на магла до СДСМ“.Непробувајте да одговорите преку она младо момче, чиј личен долг спрема Заевци, и амбиција во политиката се поголеми од здравиот разум. Не посегнувајте по таква злоупотреба. Ниту преку еднолично соопштение со кој ќе си ја ишкате мувата од капата сакајќи да ги посипете сите други со вашата кал нема да помине. Вашиот образ одамна не е чист, а единственото нешто правилно и морално во едно такво ваше безморално мракобесие кое можете да го направите, е давањето оставка и ништо повеќе, вели Мицкоски.Facebook23TwitterEmail

Македонија | пред 6 години

ohrid-crkva2

ФОТО: Денес е св. Климент Охридски - на Плаошник во Охрид се изнесуваат моштите

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.Денес на Плаошник се вадат дел од моштите на св. Климент, а охриѓани, но и луѓе ширум државата одат да ги видат и да се помолат. Уште вчеравечер, на Плаошник имаше многу посетители.По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица), каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како Прв словенски универзитет, од кој излегле 3.500 ученици.Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.Во чест на светецот, во Македонија и во Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име.Најголемата црква во Скопје, Соборниот храм, го носи името на свети Климент, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, во црквата Св. Климент Охридски во Скопје и во Поречкиот манастир.Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија, во Бугарија, има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата Св. Кирил и Методиј во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот Св. Јован Претеча кај Бер (Верија), во Егејска Македонија.Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите ја однесле главата во манастирот во Бер, во кој св. Климент Охридски станал монах.Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим.Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови. Во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања