Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

НАРЕДНИТЕ 5 ДЕНА ЌЕ БИДЕ УЛТРА ТОПЛО: Портокалова фаза, следете ги препораките

Топлото време со многу високи температури од портокалова фаза што вчера ја зафатија целата држава ќе се задржи до 14 август. Во наредните денови температурата ќе достигне до 41 степен, а ќе има и високо УВ зрачење, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Граѓаните во целиот летен период потребно е да ги почитуваат следните општи мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија на граѓани.

Македонија | пред 6 години

6-2

Шекеринска прво ќе се бори со криминалот, а потоа ќе дозволи избори

Опозицијата десет пати ќе зборува за избори, само да го избегне клучниот предизвик како да обезбедиме сите да одговараат за криминал и да се донесе законот за јавното обвинителство, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на  новинарското прашање за став за терминот на парламентарните избори, при денешната посета на прилепски „Еурокомпозит“.Според неа, прво е битен консензусот за законот ја јавното обвинителство, особено што опозицијата, вели, се декларира дека е за ЕУ и НАТО.-Мене едно ми е јасно дека опозицијата не бара избори, туку сака да избегне дискусија, гласање, поддршка на закон кој ќе гарантира борба со криминалот и со корупцијата. Десет пати ќе зборуваат за избори, само да избегаат од клучниот предизвик, а тоа е како да обезбедиме да одговараат сите кои направиле криминал. Затоа ни е неопходна измена во Законот за јавното обвинителство, за што и тие, опозицијата, се обврзани да дадат поддршка. Партија која не се бори против криминалот и корупшцијата, нема што да бара на избори. Очекуваме дека овој приоритет, кој е клучен за граѓаните и тие го бараат, е првото прашање околу кое ќе постигнеме консензус. Не може партија во опозиција да вели дека бара, се залага и поддржува членство во ЕУ и во НАТО, а со секоја одлука и со секое однесување да прави илјада пречки. Ако се за ЕУ, еве ја шансата во септември тоа и да го докажат – да гласаат за закон за јавно обвинителство и да покажат дека прекинале да ги поддржуваат криминалот и корупцијата, рече Шекеринска.

Македонија | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Трудниците, градежните работници и луѓето над 60 години не смеат надвор не смеат денеска да бидат надвор

Ослободување од работните обврски на трудниците и постарите од 60 години. Во градинките да нема физичка активност а децата да не бидат на отворено од 11 до 17 часот.Во истиот период да не работат и градежните работници. Овие препораки доаѓаат од Министерството за здравство бидејќи од денес па во наредните 7 дена земјата ќе биде во портокалова фаза, односно топлотен бран со многу високи температури. А граѓаните веќе ги чуствуваат последиците од пеколните горештини.Дупло е зголемен бројот на повици кон Брза помош. Лекарите велат дека граѓаните се жалат на вроглавици, зашеметеност и варирање на крвниот притисок. Екипите денеска интервенирале кај десетина скопјани кои колабирале на пазар, авобуска постојка и во црква.-Имаме интервенирано на пазари, на постојки во црква, им се слошило од високите температури. Секако дел од нив по потреба се транпортирани во болница,  вели др. Весна Неделковска раководител на смена во Брза Помош.На вакви горештини не треба да работат и градежните работници за што вчера апелираше и Сојузот на Синдикати, кој побара од работодавачите да ги заштитат вработените.од топлотните бранови. Но камерата на Сител регистрираше дека денеска кога беше најтопло, градежници со машините беа на на скопските улици.Лекарите од Брза помош велат дека физичка активност и градежни активности кога е најтопло може да доведе до сериозни здравствени компликации.-Не се препорачува, мора да бидат возилата климатизирани, да не се работи бидејќи доаѓа до прегревање на телото а секако може да дојде и до други ризици меѓу кои и мозочен и срцев удар, вели др. Неделковска.Седење дома од 11 до 17 кога е најтопло, многу течности, лесна храна и соодветна облека се дел од препораките на лекарите.Освен здравствениот аспект, поради високите температури од ЈП Национални шуми од  денеска воведоа делумна забрана за движење во шума поради зголемената опасност од пожари на отворено.

Македонија | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Еве по колку се чека на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановцe возилата се задржуваат од 15 до 30 минути, на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали се следни:петок: 17:00 – 22:00 часот,сабота: 09:00 – 18:00 часоти недела: 09:00 – 22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.Временските интервали се следни:петок: 15:00 – 22:00 часот,сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часоти недела: 07:00 – 22:00 часот.Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.РАБОТИ НА ПАТ:Oд 31.07.2019 се почнува со изработка на прв слој асфалт на патен правец Лот 2 Драчево-Орешани. Како алтернатова ќе се користи патот низ Стденичани, скренувањата ќе бидат кај Бајота маркет на крај на нас.Драчево во правец кон Студеничани и кај Фурната во Стденичани во правец на нас.Драчево.Ј.П.Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на старата наплатна станица Градско, во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.Страбаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

(ВИДЕО) Камчев прашува дали Лиле Стефанова е во игра, Чифлиганец барал дуќан за неа

Италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава објави ново видео, составено од четири нови аудиоснимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.Боки 13: Кога било тоа.Орце Камчев: Пред влезам.Боки 13: Не знам за претходно.Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот)Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ - изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Македонија | пред 6 години

kamcev-boki-13-kiceec

(ВИДЕО) Камчев до Боки 13: Куферчево ти одговара со стајлингот, а Зоки ми донесе прееска кесичка

Не се секирај за ништо се ќе биде во ред- му вели женски глас на македонскиот бизнисмен Орце Камчев, за кој се тврди дека е гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева.Во телефонски разговор меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев во кој Бојан му кажува на македонскиот бизнисмен дека има поздрав од „жената“ и завршува, може да помине кај него се уфрла женски глас кој ветува дека се ќе биде во ред.Ова е дел од новото видео кое го објави италијанскиот медиум La Verità 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

(ВИДЕО) Катица до Камчев: Не се секирај за ништо се ќе биде ОК

Нов материјал утрово објави италијанскиот весник поврзан со случајот „Рекет“. 

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

„Нешто смрди овде“, вели адвокат за снимката со Боки 13, Кичеец и Камчев поставувајќи нови дилеми

Адвокатот Саша Андоновски вели дека „нешто смрди во целата работа“, откако во јавност се појави снимка на која се слуша како Боки 13 му вели на Орце Камчев дека ќе биде ослободен од притвор, односно дека Катица Јанева ќе помогне за тоа. Тој вели дека не брани никого, но констатира дека торбите со кои Кичеец и Боки 13 заминуваат од куќата, не се истите со оние во кои се снимени парите претходно.„Однапред да кажам, никого не бранам ниту напаѓам. Само констатирам од она што можам да го видам со свои очи на видео-снимката: 1. Не се гледа лик на ниту еден заедно со парите; 2. Торбата во која се банкнотите по 50 евра не одговара на торбите со кои Боки 13 и Кичеец ја напуштаат куќата; 3. Дека се работи за 1.000.000 евра се гледа само од списокот напишан на рака (да се пронајде и да се вештачи ракописот) 4. Говорниот дел на снимката не може да се поврзи со моментот на броење на парите, бидејќи нема видео запис од говорот, туку само аудио (значи може да е снимено во друг момент, а не во критичниот) 5. Во говорниот дел од снимката не се спомнуваат пари, туку само (многу неуко и нестручно објаснет) моментот на „ослободување“; 6. Не сваќам од што ќе ги „ослободи“ Катица, кога веќе „ги ослободи“ Врховен суд7. Од кога тоа обвинител ослободува?? НЕШТО СМРДИ ВО ЦЕЛАВА РАБОТА“ пишува адвокатот Андоновски.

Македонија | пред 6 години

boki-13-foto-instagram_1000x0

Парите кои Боки 13 ги земал од компаниите во најголем дел се потрошени, струшката фирма и натаму си ги бара назад

Парите кои ги дале двете градежни компании ги дале на Боки 13 за проектите за изградба на европски центри за возрасни лица. Тие исплата направиле на приватни сметки од физички лица, но според неофицијални податоци, најголем дел од нив се потрошени. Неофицијално, институциите не можат да им влезат во трага на подигантите пари од банка.„Таа трага на парите се губи откако се подигнати од банка во кеш. Но еден дел знаеме каде е, друг дел се бараат, друг дел не можеме да го најдеме, а дел најверојатно е и потрошен бидејќи имаше повеќе време тие пари да се „легализираат“.- велат извори за ТВ24. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека во финансиските извештаи на Сојузот ги нема 720-те илјади евра исплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска од битолската компанија „Пелистер“ на Силјан Мицевски. А нема трага ниту од 233-те илјади евра кои легнале на сметката на потпретседателката на Сојузот, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, од струшката компанија „Дрим Билдинг“. Пари за кои токму Мандиќ преку соопштение тврдеше дека се потрошени за потребите на Сојузот и за двата договора со компаниите.Сојузот на Боки 13-ка лани ја завршил годината со 11 евра на сметка. Прикажал приходи од околу 3.000 евра кои ги добил од членарини, подароци, донации и потрошил речиси толку за материјални расходи, помош и дотации. Претходната пак 2017 година немал обврска да достави завршна сметка оти имотот и приходите на Сојузот не биле повисоки од 2.500 евра.Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба ќе си ги бара парите назад од Меѓународниот сојуз на Боки 13, објави „Канал 5“.Сопственикот на фирмата Ардиан Амзоски за телевизијата вели дека и покрај тоа што очекувале дека преку проектот за старечки домови ќе помогнат во решавање на важни социјални прашања, се изненадил од тоа како завршила целата приказна. Договор со Меѓународниот сојуз склучиле пред една година на чија што потпретседателка Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и исплатиле 233 илјади евра, но откако и по рокот од 6 месеци не им биле вратени парите се одлучиле за тужба.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Боки 13 откако му ги земал парите на Камчев: Насмевни се и не бери гајле

Два дена откако ги земал парите од Орце Камчев, Боки 13 на Инстаграм споделил фотографија под која напишал „Насмевни се и не бери гајле“.Примопредавањето на парите меѓу Камчев и Бојан Јовановски било направено на 20 февруари, а само два дена потоа, на 22, Боки 13 ја споделил оваа фотографија.https://twitter.com/_Bradestiot/status/1159479660675313664?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159479660675313664&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Ffoto-eve-shto-spodelil-boki-13-na-instagram-samo-dva-dena-otkako-go-zemal-keshot%2F

Коментари | пред 6 години

boki-13-reket

Камчев до Боки 13: Земи леб и млеко, кусурот на маса - „Твитер“ зовре со шеги

По објавената снимка, каде се гледаат Боки 13 и Зоки Кичеец како излегуваат со торба, во која италијанскиот весник тврди дека се наоѓале 1.5 милиони евра, рекет земен од Орце Камчев, твитер корисниците работата ја свртеа на мајтап.https://twitter.com/_Bradestiot/status/1159461075848507392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159461075848507392&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1159462466868457472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159462466868457472&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/rmfcmk/status/1159464830643912704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159464830643912704&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/rmfcmk/status/1159437499250425857?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159437499250425857&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/bonitopp/status/1159463984606658560?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159463984606658560&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/i999y/status/1159463319046152192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159463319046152192&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/MaximOvertroll/status/1159454509422338049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159454509422338049&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2F https://twitter.com/Tetkicai/status/1159428797210513408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159428797210513408&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/DimePupuliev/status/1159447702775746561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159447702775746561&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/sinisa_goliOtok/status/1159460632825085952?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159460632825085952&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2Fhttps://twitter.com/acosaatcijata/status/1159461074900529152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159461074900529152&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ftviter-se-zapali-po-objavenoto-video-eve-gi-najdobrite-tvitovi%2F

Коментари | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

(НАЈНОВО) Јанева на снимката: Не се секирајте, Лиле Стефанова е под моја контрола

Скандалот за случајот „Рекет“ ќе се проширува и ќе добие нови размери, затоа што на снимката има и разговор помеѓу Катица Јанева и Боки 13, кој потврдува дека Катица нè само што била мозокот на операцијата, туку тврди дека обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за „Империја“ е под нејзина целосна контрола, пишува порталот „Сведок.мк“„СВЕДОК“ дознава дека на снимката се гледа и се слуша разговорот помеѓу Боки 13 и Катица Јанева, каде што таа ги убедува дека работата ќе биде завршена.-Ич да не се секирате, обвинителката Лиле Стефанова е целосно под моја контрола, вели Јанева.Прочитајте повеќе тука.ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: Италијанскиот новинар утре со нови детали, ќе го чуеме разговорот со Катица Јанева?Каде се милионите кои Боки 13 и Кичеец ги земаа од Камчев?Камчев до Боки 13: Земи леб и млеко, кусурот на маса - „Твитер“ зовре со шеги

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still204

Усеини: Имавме договор со СДСМ за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија

Советникот Нефи Усеини на прес-конференција кажа дека пред да се одржат локалните избори во 2017 година, тој и Томислав Тунтев од СДСМ направиле писмен договор за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија. Советникот вели дека тоа е нормално во политиката, но и дека станува збор за законска работа, која и без договор требало да биде направена.Договорот бил склучен и писмено, а потписи имале двете страни. За ова биле известени и Ахмети, но и Заев. СДСМ од Усеини требало да добие гласови за покојниот градоначалник Јован Стојановски да победи на изборите.„Република Северна Македонија не е на Македонците туку на сите кои живеат во неа“, смета Усеини и додава:„Пред изборите со покојниот градоначалик Јован Стојановски и господинот Томислав Тунтев имавме партиски договор, како и сите. Во секое јавно претпријатие, како „Нискоградба“ „Проаква“ „Градски пазар“, во Општина Охрид да се вработат Албанци, Турци, Египќани. И без овој договор ќе требаше да се исполнат овие места, бидејќи не може во ниту една институција да нема Албанец. Тоа е незаконски. Од 500 луѓе во Општината, има само двајца Албанци. Во политиката има договор за вработување, а не за градба“. 

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec-boki-i-orce

Каде се милионите кои Боки 13 и Кичеец ги земаа од Камчев?

Сумата од 1,5 милион евра која Боки 13 и Зоки Кичеец ја земаа од Орце Камчев, институциите не знаат каде е. Тие не можат да ги пронајдат парите, а се надеваат дека во идниот период некој ќе им дошепне, за да можат да ги запленат милионите. ТВ24 денес објави и дека парите не се изнесени од земјава, а не се влезени ниту во финансиските текови.Познавачите велат дека невозможно е 1.5 милион евра да се изнесат од државата за толку кратко време, колку што имале Боки 13 и Зоки Кичеец. Истите потенцираат дека парите од Камчев не се ниту на некоја од банкарските сметки на осомничените.Другиот милион, пак кој две градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот Сојуз на Боки 13-ка во голем дел најверојатно е и потрошен.

Македонија | пред 6 години

kamcev-boki-13-kiceec

Италијанскиот новинар утре со нови детали, ќе го чуеме разговорот со Катица Јанева?

Италијанскиот новнар Ларис Гајсер кој денес ја објави снимката каде се гледа како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Орце Камчев, за утре најави ново продолжение. Неофицијално и непотврдено, но се шпекулира дека утре ќе се чуе аудио делот каде Боки 13 за време на разговорот со Камчев, ја вклучува Катица Јанева на спикер. Снимката со новото продолжение ќе биде објавена изутрина околу 7 часот.„Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно“, вели новинарот Гајсер.Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Екслузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Јавноста бара одговори, обвинителите си отидоа на одмор

Додека се објавуваат снимки, се пуштаат различни шпекулации, јавноста бара одговори, обвинителите си отидоа на одмор. И притоа не уверуваат дека се работело во континуитет. Прашуваме од каде се работи? Од плажа? Наместо обвинителите да ги засукаат ракавите и да го истражат случајот до крај, тие решија да одморат. Се отвора сомнеж, дали тоа што не се проширува истрагата е обид нешто да се прикрие? Зошто Обвинителството молчи за снимката и не ја повикува Јанева на распит? Кој кого штити,  се вели во соопштението од ГДУ.Власта вели никој не е заштитен и никој нема да биде поштеден, но сликата која се создава во јавноста е друга. Јавноста има право да ја знае вистината. Видеото ја разбранува јавноста, разногласие на сите страни, а обвинителите на плажа.Ова не може вака. ГДУ апелира истрагата да се забрза, обвинителите да го прекинат одморот и случајот „Рекет“ да го истражат до крај. Мора да дадат одговори кој се учествувал во овој криминал и да не оставаат простор ниту за најмал сомнеж. Никој не смее да биде заштитен, секој што бил инволвиран во овој случај треба да одговара!Доколку тоа не се случи, ова ќе биде само уште еден премиер за спрегата власт- обвинителство- судство, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

sud-strumica

Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар. Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Зоки Муртичи, Рада Медичи, Катица Прасичи и Боки Тредичи – уна сториа ди аморе!

Новинарот Бранко Героски објави нова колумна, во која пишува:Заев или не може или не смее да ги слуша оние што сакаат да му помогнат, па затоа "тргува со умот" со криминогени типови со кои е опкружен и со луѓе што секако политички ќе го уништат. Уште целосно не ги разбирам причините за овој неверојатен политички суицид на отворена сцена.Другарки и другарчиња, да ве потсетам.Уште во првата од серијата приказни за Коки, Фрики, Кики и другите, со кои ја најавив аферата “Рекет”, најпријателски го посоветував премиерот Зоран Заев скандалот веднаш да го затвори по принципот “кој коњ се фати, тој врши”. Тогаш тоа сė уште беше можно.Наместо да го послуша добронамерниот совет, премиерот го подигна гардот и одлучи да чека. И тој и јас и многу други луѓе знаевме дека постојат несоборливи докази за бомбашкиот милионски рекет и за инволвираноста на Катица Јанева во аферата. Ама кому да објасниш…Во продолженијата од серијата приказни, навестив дека станува збор за огромен скандал и го посоветував Заев да не губи време да го отплеткува Гордиевиот јазол, туку да постапи како Александар Велики – да го иссука  мечот и да го пресече јазолот. Наместо да ме послуша, веројатно со негово знаење, апологетите на Заев спроведоа истрага со цел да ги откријат моите извори, ме изложија на клеветнички напади и на класични измислици и ме означија за рушител на СДСМ и на владата, напиша Героски.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

YouTube-Google-Chrome-1

Телевизијата на Боки 13: Снимката е монтирана

Италијанскиот весник ЛаВерита од Милано на својата веб страница објави видео снимка која се поврзува со случајот Рекет.Според 1ТВ , снимката освен банкноти од евра и запис како заедно Јовановски и Кичеец  ја напуштаат куќата на осомничениот во случајот „Империја“, го нема документирано клучниот момент на наводното предавање на пари. Исто така симптоматично е тоа што парите се снимани со телефонска камера каде што не стои дата и саат, за разлика од вториот дел каде што од приватните камери на осомничениот во „Империја“ се гледа напуштањето на куќата а во нив има саатница и датум. Според тоа може да се заклучи дека видео материјалот е монтиран.Кој и зошто ова го направил, каква е целта допвра ќе треба да се открие.

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Снимката на Орце Камчев патувала од Скопје до Будимпешта, па потоа била дадена на италијанскиот весник

„1 телевизија“ чиј неформален сопственик е уапсениот Бојан Јовановски, кој е осомничен за изнудување рекет, објави вест со наслов „Снимката патувала преку Будимпешта?“. Во продолжение ви ја пренесуваме истата:„Снимката објавена во „Ла Верита“ не е добиена од извори во ОЈО, вели државниот јавен обвинител Јовески.– Снимката во италијанскиот медиум не е добиена од извори на ОЈО, таа е дел од доказната постапка, изјави за Дојче веле државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој во моментов е надвор од земјата.Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, пак, не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал.– Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, велат од Обвинителството.Ниту од „Ла Верита“, ниту од надлежните во земјава, засега нема објаснување како снимката која е можен доказен материјал во истрагата за „Рекет“ стигнала до италијанскиот весник и дали тоа ги компромитира доказите.Според правни експерти со кои контактирал Дојче веле, со објавување на снимката не се искомпромитирани доказите за „Рекет“. Велат дека објавената снимка станува валиден доказ во постапката.– Засега нема одговор, но има претпоставки како стигнала снимката во италијанскиот весник Ла Верита, кој во изминатите неколку години важи за медиум близок на сегашната опозиција во земјата. Ла Верита беше првиот странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи, а во која генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, наводно го мести победникот на тендерот за набавка на опрема за М-НАВ. Тогаш Ла Верита објави текст под наслов „Скандал во Скопје – ‘Тендер за Леонардо: Циганите како нас’”, а текстот го илустрираше со фотографија на премиерот Заев. Во тој весник место наоѓаа ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за време на политичката криза, но и по изборите во декември 2016 година. Во јануари 2017 година весникот објави интервју со тогашниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, под наслов „Сорос да престане да го дестабилира Скопје“. Веста дека италијанскиот весник објавил снимка од криминални активности на осомничените во „Рекет“, утрово први ја објавија медиумите блиски на опозицијата. Не се исклучени и сомневања дека патот на снимката од Скопје до италијанскиот весник поминал преку Будимпешта, наведува Дојче веле“, пишува 1ТВ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still204

Нефи Усеини: Во полтииката има договор за вработување, а не договор за градба

„Веќе неколку месеци сме свесни дека константно се зборува за дивоградбите во Охрид, но и за дивоградбата кај Чинарот. Али ние знаеме многу убаво и свесни сме дека ова не е од денеска. Ова постои со години наназад. Затоа дојдовме до 1400 дивоградви во Охрид“ „Јас не сум против уривањето на дивоградби, но кажувам дека треба да се рушат сите кои се покрајбрежјето, бидејќи тие се проблем за УНЕСКО - изјави Нефи Усеини пред медиумите и продолжи и побара да се отстранат дивоградбите на Галичица во заштитената зона „Кога градоначалникот и институциите од државата ќе заземат став да важи законот за сите, јас како советник, а повеќе како граѓанин на Охрид кој има над 500 вработени, се трудам градот да биде подобар. Ако се рушат дивоградбите за кои има решенија пред 10 години, нека одат по датуми. „Не треба да биде хајка Чинарот каде се наоѓа мојата пицерија. Мојата пицерија до 2018 беше легална. И 2019 пак е легална, бидејќи има извод на план кој е гласан на совет. Тука имаме урбана опрема. Градоначалникот затоа треба да ми даде одобрение за оваа година. За 2020 пак советот ќе треба да одлучи каде треба да има урбана опрема, каде не. „Мојата тераса не е дивоградба. Во многу медиуми имам дадено изјава и имам приложено документи, дека 12 години му плаќам придонеси на општината и државата.  Во 2019 година поминат е извод на план за урбана опрема. Мојата тераса е реновирање, не е нова градба. Иако не е дивоградба и е комплетирана со документи, ако му пречи на УНЕСКО мојата дивоградба, јас ќе си ја рушам сам. Мојот објект не е тврда градба, тој е од железна конструкција“ „Немам дивоградба, ги имам сите документи, иако законот кажува дека имам дивоградба“ - вели Усеини и додаде:„Да биде правда за сите. Да застанеме со овие медиуми, со овие лажни вести, со овие лажни медиуми, кои пишуваат само ‘Нефи, Нефи’. Нефи си работи од 5 наутро, до 4 навечер, со два саати спиење за да му помогне на народот и 500 вработени кои работат кај мене. Сите што зборат, немаат еден вработен, ниту платено еден придонес кон државата“ „Ова е политичка хајка и замолувам да стопрат. Нека не удираат по мене што работам до четири или два навечер и во градежништвото и во ресторанот, нека земат став за криминалот кои тие го прават со Катица Јанева и други рекети. Нека не се покриваат со мојата тераса. Нека медиумите ги видат нивните криминали“ - кажа тој.На прашање за конфликтот со инспекторите Усеини рече:„Тие дојдоа беа четири инспектори. Дојдоа да проверат дали работниците се осигурани. Беа кај базата ги исконтролираа, им ги земаа, ги проверија. Мислеа дека има од Албанија човек и тоа беше точно, но тој е Албанец работник во Охрид кој има македонско државјанство. Тие не дојдоа за потеклото на имотот. Се знае чиј е имотот“ „Пред изборите со покојниот Јован Стојановски, господин Тунтев имавме партиски договори, како и сите. Во секое јавно претпријатие, како што е по закон, во Нискоградба, Проаква, Градски Пазар, во Општина.. Си направивме договор што ни следи по закон. Ние тој договор го потпишавме. За овој договор знае и Ахмети и Заев. Договорот е со печат од ДУИ, а истиот беше потпишан од СДСМ. И без овој договор ќе требаше да ги исполнат овие места, бидејќи не може во ниедна институција да нема албанец. Тоа не е законски. Од 500 луѓе во Општина да има двајца албанци. Исто во Билјанини Извори, Комуналец, ниеден турчин, Албанец, Египјанец“ - вели Усеини.„Договорот кој го потпишавме со Тунтев и Јован почна да се спроведува. Не можеше професорот да направи веднаш, но човекот се трудеше. Исто и Тунтев дури беше претседател. Даваше напори да се вработуваат. Така почнавме еден да вработуваме во Комунец... Откако почина Јован, дојде другиот градоначалник.. А ДУИ му стоеше на градоначалникот Константин.. Со гласовите од ... зеде место каде е сега..“ - рече тој.

Македонија | пред 6 години

pozar

МЗШВ: Забрна за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење  започнува да важи од денеска 08.08.2019 година а ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел, превентивна заштита на шумите  од појава на пожари на отворен простор.Оваа забрaна не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува оваа претпријатие.За непочитување на оваа забрана од страна на  физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече  глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.Исто така се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра  во денарска противреднст.Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на дирекцијата и Подрачните единици на Ј.П. „Национални шуми“.

Македонија | пред 6 години

vozacka

(ВИДЕО) За да не го казнат затоа што возел пијан - ја изел возачката

Еден Русин во градот Чернопевец кој откако бил сопрен од полицијата и имало индиција дека е пијан го поканиле во возилото додека трае проверката. Ненадејно ја земал возачката и почнал да ја џвака надевајќи се дека нема да може да добие казна.Откако утврдил дека пластиката и не баш вкусна возачката ја скрил во гаќите. Возачот сепак бил однесен во болница, каде му бил извршен тест на крвта за алкохол, но и на ова тој категорично одбивал. Возачката му била одземана а автомобил конфискуван.

Магазин | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Портокалова фаза во цела држава - препораки од Комисијата за следење на ефектите од високите температури

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи,во следните седум дена почнувајќи од четврток 08.08.2019 година и се до 14.08.2019 година, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови ги донесе следните препораки:1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и лицата на возраст над 60 години.2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.3. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план.5. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на  обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Потсетуваме дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:1. Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка.2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува:1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.​Информираме дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Македонија | пред 6 години

kata-na-plaza

Арсовски: Почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски на социјаланат мережа фејсбук, објави:Откако излезе снимката за “Рекет”, почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 💶.Тек почеток е Катицеее, многу повеќе ќе те боли глава 🥂🍾https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219658593476398&set=a.2248133323848&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања