Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sovet-Ohrid

Одражана триесетата седница на советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид денес ја одржа триесетата седница на која беа усвоени Предлог -одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот и Акцискиот план за постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија.Пред почетокот на седницата, на предлог на градоначалникот Константин Георгиески, дневниот ред беше надополнет со Предлог одлуката за давање на согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид и Предлог одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за улица „15-ти Корпус“ од кружната крстосница помеѓу улиците „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „15-ти Корпус“ до пресекот со границата на ГУП на град Охрид.Од дневниот ред на седницата беа повлечени Предлог – одлуката за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид, Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за дaвање согласност на променет годишен план за вработување за 2019 година на ЈП„Билјанини Извори“ и Предлог – одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување на ЈП „Градски Пазар“ за 2020 година.Советниците ги усвоија предлог-одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Вевчани, за определување на дополнителен надоместок за членовите за општинската изборна комисија Охрид и избирачките одбори за предвремените локални избори 2019 година, за изменување на одлуката за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. Исто така, беа усвоени предлог – програмите за измени и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година, на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за  2019 – 2021 година и на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата  на општина Охрид за 2019-2021.Исто така, беа усвоени Предлог – одлуката за измени и дополнување на буџетот на општина  Охрид за 2019 година, Предлог – статутарната  одлука за изменување на Статутот на општина Охрид, како и Предлог-одлуките за усвојување на извештаите за реализација на општинските програми за работа како и предлог-одлуките за усвојување на извештаите за работењето на Одделението за даноци и на Одделението за комунални такси.Советниците ги усвоија и предлот- одлуките за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата и Предлог-одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“-Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број. Беа усвоени  и предлог – одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во Охрид, за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта во Охрид и за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2019/2020 година во општинските основни училишта.Исто така беа усвоени и предлог – одлуките за давање согласност на планот за изменување на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2019 година,  за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Oхрид за 2020 година,  за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини Извори“,  за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП„Градски гробишта“,  за давање согласност на одлуката за измена на Статутот на ЈП „Градски Пазар’, како и предлог одлуките за усвојување на извештаите за работата  на JП „Билјанини Извори“, ЈП  „Градски Пазар“, ЈП „Градски Гробишта“, ЈП„Охридски Комуналец“ и ЈП„Нискоградба“.

Македонија | пред 6 години

74c47bec-37f0-4344-835e-37d98132efde-1

Градоначалникот на Сарај смета дека Зоран Заев му врши прогон

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вели дека кога ќе се врати од одмор ќе поднесе kpивична приjaва пpoтив Антикopупциска комисија, објави ТВ21.Тој во изјава за телевизијата кажа дека ќе се упати и до Собранието на Република C Македонија за да го извести дека на незakoнски начин поднеле kpивична пocтапка пpoтив него.Градоначалникот на Сарај за ТВ21 вели дека сето ова е opкестрирано од страна на премиерот, Зоран Заев. Беџети вели дека кога ќе се врати од одмор ќе ги раскаже сите детали и дека премиерот тоа го прави за дневни политики.„Ова е opкестрирано и диригирано лично од премиерот Зоран Заев за дневни политики. Откако ќе ми заврши одморот, ќе ги објаснам и причините зошто е p[кестрирано вакво нешто од него, веднаш штом се враќам од одмор“, изјави Блерим Беџети за ТВ21.

Скопје | пред 6 години

sud-strumica

(ФОТО и ВИДЕО) Гори судот во Струмица

Гopи Основниот Cyд во Струмица.  Информации за причината за пожарот наскоро … https://www.facebook.com/304044063513572/videos/652099971970276/?v=652099971970276  

Македонија | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Закани и физички пресметки во Скопје- одземен телефон, пари и цигари

На 07.08.2019 во 18,20 часот во СВР Скопје А.Д.(53) од Скопје пријавил дека на булеварот “Гоце Делчев“ бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот. На 08.08.2019 во 00,03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека едно лице со закана одзело пари и цигари од продавница на улица„11-ти Октомври“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.08.2019 во 21,30 часот во СВР Скопје, Д.Ј. од Скопје, пријавила дека на ул. Венјамин Мачуковски едно лице физички ја нападнало и и одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Две лица на паркинг со закана одзеле ташна

На 07.08.2019 година во 22,00 часот во СВР Скопје,Л.К.(42) пријавил дека на булевар „Партизански Одреди“ на паркинг пред угостителски објект, две лица со закана му одзеле ташна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Син нападнал татко во Скопје

На 07.08.2019 во 21.30 часот во СВР Скопје А.А.(53) од Скопје пријавил дека на улицата “Максут Садик“ Х.К.(33) од Скопје физички го нападнал неговиот 17 годишен син. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

NEFI-960x540

Усеини: „Државата кога ќе ги сруши дивоградби покрај езерото и во НП Галичица, тогаш јас мојот објект сам ќе го срушам“

Времен мораториум за градба на нови објекти како и донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти изгласа денеска Советот на општина Охрид, како дел од препораките на УНЕСКО, за регионот околу Охридското езеро да го задржи светскиот статус кој го има од 1980 година.Една од најспоменуваните дивоградби изминатиот период во Охрид е терасата на пицеријата на советникот од ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини. Тој тврди дека објектот не е дивоградба и оти врз него изминатиот период се вршела постојана политичка хајка.„Мојата летна тераса не е дивоградба. Мојата летна тераса ги поседува сите потребни документи. Државата и органите на  владата на Заев, кога ќе ги сруши сите такви објекти, дивоградби покрај езерото и во Националниот парк Галичица кој е под заштита на Унеско, тогаш јас мојот објект кој ги има сите потребни документи, јас сам ќе го срушам“, рече Нефи Усеини- советник од ДУИ.На денешната, триесетта седница на Советот на општина Охрид, беа усвоени предлог одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и  постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти и предлог одлуката за  усвојување на Извештајот и Акцискиот план за постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија.Во изјава за медиумите градоначалникот, Константин Георгиески истакна дека е задоволен од што се покажа единство околу теми кои се клучни за Охрид.-Најпрво сакам да изразам благодарност до членовите на Советот на Општина Охрид кои ги поддржаа двете предлог одлуки во согласност со дадените задолженија на Владата на Република Северна Македонија, врз основа на препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми кои се од клучен интерес за нашиот Охрид.Инаку до септември оваа година според планот, општина Охрид треба да направи детален попис на сите бесправни градби. До февруари пак следната година, државата и општината треба да одговорат на сите препораки на УНЕСКО од седницата која се одржа во Баку, Азербејџан во јули оваа година. Дали Охрид ќе остане под Унеско се ќе зависи од нивното спроведување на дело.Во меѓу време до септември оваа година според планот, општина Охрид треба да направи детален попис на сите бесправни градби. До февруари наредната  година,државата и општината треба да одговорат на сите препораки кои Унеско како забелешки ги даде на седницата која се одржа во Баку, Азербејџан во јули оваа година. Дали Охрид ке остане под Унеско се ќе зависи од нивното спроведување на дело.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Неисправни возила во сообраќај затекна и сообраќајната полиција од Штип

На 07.08.2019 СВР Штип во периодот од 09.00-13.00 часот спроведе засилена акциска контрола на возила и возачи. Притоа, контролирани се вкупно 135 возила од кои 50 се упатени во станица за технички преглед. Од извршената контрола било констатирано дека седум возила биле технички неисправни. Исто така било констатирано дека две биле со измината важност на сообраќајната дозвола и четири биле нерегистрирани. Преземени се и 32 мерки за констатирани прекршоци од страна на возачите,  односно шест возачи се исклучени од сообраќај,  издадени се 12 мандатни платни налози, 12 прекршочни платни налози и 2 писмено предупредени возачи. Преземени се 4 мерки за непрописно паркирани возила и издадени се 4 мандатни платни налози. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Тетово во контрола откри технички неисправни возила – најголем број од нив со неисправни сопирачки

На 07.08.2019 од 9 до 14 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола и откриени се 27 технички неисправни возила (ТЕ-14 и ГВ-13 ).Најголемиот број од нив ( ТЕ-10 и ГВ-7 ) имале неисправни сопирачки и други системи и опрема (ТЕ-4 и ГВ-3 ).Во акциската контрола, исто така, откриени се 11 возила со истечена сообраќајна дозвола (ТЕ -8 и ГВ-3) и други прекршоци, како и 7 возачи (ТЕ-5 и ГВ-3 ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит. Утврдените прекршоци заокружени се со соодветни прекршочни и мандатни платни налози и со барања за поведување на прекршочна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Др. Чадиковски денеска спогодбено го раскинал работниот однос со неонатална кадриохирургија во ,, Жан Митрев“

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој јавно соопшти дека си заминува од клиниката „Жан Митрев“ денеска и официјално го раскина работниот однос. Од тимот кој работеше неонатална кадриохирургија во „Жан Митрев“ денека си заминаа и двајца анестезиолози.Чадиковски кажа дека оставката ја поднел бидејќи ниту клиниката Жан Митрев, ниту министерството за здравство не го почитувале договореното.Чадиковски со тим од осум луѓе од државната детска кардиохирургија, на први февруари почна да работи во клиниката Жан Митрев, по принципот на јавно-приватно партнерство на државата со болницата Жан Митрев.Целта беше децата да ги добијат сите стандарди што не беа овозможени на детската кардио-хирургија.Неофицијално, се преговара со приватната болница Систина, проектот за детска кардио-хирургија да се пресели таму. 

Македонија | пред 6 години

AZ4I6080-01

Дуото Гелебешеви одржа концерт за четирачно пијано на „Охридско лето“

Перфекција во музичката креација донесе пијано дуото Гелебешеви кои синоќа одржаа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев на едно пијано, но со четири раце ги доловија суштинските одлики на композициите шти ги изведоа, од технички, уметнички и стилски аспект.-Не ни е првпат да учествуваме на фестивалот „Охридско лето“. Сме настапувале и претходно,  но не со целовечерен концерт. Синоќа пред фестивалската публика се претставивме со неколку композиции. Започнавме со делото „Сувенири“ од Семјуел Барбер, оригинална композиција за четири раце. Ги свиревме „Шпанската рапсодија“ од Морис Равел, „Шпанија“ од Емануел Шабрие, како и шесте пиеси за четирирачно пијано од Сергеј Рахмањинов.  Две композиции од синоќешниот концерт се наоѓаат на нашето второ ЦД, вели пијанистката Катерина Гелебешева-Костадиновска.Гелебешеви настапуваат како пијано дуо  од 2001 година, но се дел и од други камерни состави.-Синоќа приредивме концерт за четири раце на пијано  и програмата беше избрана за едно пијано, но четирирачно. По настапот на „Охридско лето“, не’ очекуваат неколку концерти наесен, претежно во Скопје, а предвидени се и гостувања надвор од државата, вели пијанистот Глигор Гелебешев.Освен домашните настапи, пијано дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво и тоа во Франција, Холандија, Италија, Романија, Полска, САД, Хрватска, Словенија и други држави. Двајцата исклучитено добри пијанисти  се дел и  од домашната музичка сцена. Меѓу другото настапувале и на реномираните фестивали како: „Интерфест“ и „Хераклејски вечери“  во Битола, на  „Денови на Македонска Музика“ – Скопје, како и на „Златна лира“ – Скопје.Во 2012 година,  ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Франсис  Пуланк.Нивниот репертоар во континуитет се надградува и опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа, дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудио изданија во 2008 и 2018 година кои наидуваат на одличен прием кај стручната музичка јавност.   

Магазин | пред 6 години

Janusev-PRESS-0808-1

Јанушев: После денешната снимка станува јасно зошто истрагата тапка во место, а Русковска заедно со Катица Јанева се на одмор

Правда во Македонија нема и нема да има се додека судот и обвинителството работат по политичка нарачка на аболицираниот Заев.Денеска целата јавност го виде тоа за кое што се говореше и пишуваше со недели и месеци.Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од која јасно се гледа како Боки 13 или по ново Боки Тредичи зема милион ипол евра и во име на Катица Јанева ги договара чекорите кои ќе ги превземе СЈО во случајот „Империја“, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.После денешната снимка станува јасно зошто истрагата тапка во место, а Русковска заедно со Катица Јанева се на одмор.Невозможно е целата јавност да зборува и да знае за рекетот, само Вилма Русковска да не знае што се случувало!Невозможно е целата јавност и медиумите да говорат за улогата на Катица Јанева, Кики, Фрики, Шеки и останатите, а Вилма Русковска да не слушнала ништо.Невозможно е да исчезнуваат суштински докази во предметот, да се губат и форматираат телефони и компјутери, а Русковска да ја врти главата без некој да и каже да го прави тоа.Дури и обвинител почетник би ги поврзал конците, би пресметал колку се два и два и би се потрудил да ги обезбеди доказите и за останатите инволвирани.Денеска гледаме дека Русковска цел месец само ја замајува јавноста и се труди да ја минимизира политичката штета по Заев, обидувајќи се да ги прикрие трагите, наместо да ги докажува сомненијата за останатите инволвирани.Цел месец Русковска се труди да не убеди дека Боки Тредичи сам влегувал во домовите на бизнисмените и без ничија поддршка изнудувал милиони евра.Одговорност за овој меѓународен скандал мора да има. Одговорност мора да има за извршителите и за нарачателите, но одговорност мора да има и за  оние кои го покриваат криминалот целиот овој изминат период. Исто така одговорност мора да има и од  Русковска затоа зошто одлучи да не покрене истрага и против Катица Јанева, и против Кики и Фрики. Со што тие ја имаат задолжено неа или Зоран Заев? Имаат ли дополнителни информации за криминалите на власта?Почитувани,На снимката јасно се слуша разговорот на Боки 13 во кој вели: „Нема да употреби Катица сега никакви вонредни правни лекови да го продужува и да го одолговлекува моментот, во понеделник или вторник сте на слобода“.Снимката која ја емитуваа италијанските медиуми е крунски доказ дека Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет. Но и дека Боки 13 и Кичеец се само пипките на криминалниот октопод на власта. Овде се работи за злосторничко здружување од судии, обвинители и политичари, кои со години харале низ државата и уценувале. За ова одговорност мора да има веднаш.Пет месеци по настанот, гледаме дека се што Боки 13 ветил и се остварило. Имено исто како што ветува во снимката, барањето за укинување на мерката притвор е одбиено од Апелација. Дополнително одлуката на Врховен суд за укинување на притворот е донесена во понеделник, на 4-ти март. Значи буквално исто онака како што ветува.Наместо на плажа, Јанева сега требаше да се наоѓа во притвор. Вилма Русковска треба да одговори зошто дозволи Катица Јанева да се шета на слобода, со целосно одврзани раце да влијае на сведоци и уништува докази, да го повтори делото, па дури и да се впушти во бегство.Русковска треба да одговори дали свесно ја оставила Јанева на слобода за истата да уништува докази, за што постои отворен сомнеж во јавноста дека истото и го направила. Имено Јанева првин тврдеше дека го загубила телефонот, за подоцна истиот да и биде пронајден кај девојката на нејзиниот син, за на крај да се испостави дека истиот е форматиран.Почитувани,Од снимката се гледа и слуша дека Боки и Кичеец се само обични извршители, а вистинските организатори се други. Ваков милионски рекет кој траел со години, а бил вршен со помош на уцени и ветувања за слобода или затвор директно од Катица Јанева, не може, а да не бил со амин на Зоран Заев, кој ја има апсолутната власт во Република Македонија.Зоран Заев, СЈО и ЈО на Русковска по денешната снимка се целосно компромитирани и не компетентни да бидат носители на функција. Потребна е итна оставка на владата и организирање на предвремени парламентарни избори, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.                                            

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-0808-2

Арсовски: Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Република Македонија

Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Република Македонија и граѓаните кои живеат во неа во вредност од половина милијарда евра. 500 милиони евра е сума која што ќе биде опљачкана од граѓаните и од државата од страна на Зоран Заев и Венко Филипче кои се Влада во заминување и им се гледа крајот многу брзо.Целиот тендер и грабеж кој се подготвува за клиничкиот центар во Скопје е класично лудило. Лудилото кое ги има обземено Зоран Заев и Венко Филипче отиде толку далеку и ако на сите ни беше чудно како е можно да местат тендер од 35 милиони евра за реагенси, сега подготвуваат сомнителен тендер да ограбат половина милијарда евра од државата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За почеток, да разјасниме дека кредитот од Развојната банка на Советот на Европа за клиничкиот центар беше 90 милиони евра и беше со каматна стапка од само 0.6%. Е сега, Зоран Заев и Венко Филипче го поништија истиот тендер, и со изменетиот Закон за јавни набавки распишаа нов во вредност од 500 милиони евра или 6 пати поголем од претходниот и тоа со комерцијални банки, конзорциум од три комерцијални банки каде што каматата нема теоретски шанси да биде под 2.5%, а голема е веројатноста според експертите да достигне и над 3%.Имено, во Буџетот за 2019 година Зоран Заев и Венко Филипче не предвиделе пари за изградба на нов Клинички Центар во Скопје, зборам пари односно сума, целосната сума која што треба да чини за клиничкиот центар. За изградба на клиничките центри во Скопје и Штип во Буџетот за оваа година се предвидени само 9.5 милиони евра.Почитувани,9.5 милиони евра предвидени пари за оваа година за двата клинички центри, а распишуваат тендер за изградба на Клинички Центар во Скопје во висина од 500 милиони евра. Само 56 милиони евра ќе чини штипскиот клинички центар. Гледајќи го Буџетот и во наредните 3 години до 2021 според финансиската конструкција на министерство за финансии за изградба на двата клинички центри во Скопје и Штип се предвидени само 21 милион евра. Додека пак само за клинички центар Скопје распишуваат тендер од 500 милиони евра.Оттука гледaме дека се работи за класичен грабеж и за тендер во кој министерот за здравство крие информации од јавноста. Внимавајте излегува вчера на прес конференција и се однесува како да е паднат од друга планета каде што не знае до кога ќе се исплаќа кредитот и која ќе биде каматната стапка.Апелирам, апелираме уште еднаш, сите што ќе бидат инволвирани во оваа најкриминална постапка тендерска до сега, ќе одговараат кривично според Кривичен Законик на Република Македонија за злоупотреба на службена дејност и за сума од половина милијарда евра, истите тие ќе лежат во затвор доколку одат по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче. Договорите со странските банки ќе бидат раскинати заради висока корупција.Ги повикувам сите вработени во министерството за финансии, вработените во Секторот за јавен долг, вклучително и вработените во министерството за здравство, да не потпишуваат ништо во врска со ова задолжување, затоа што целиот тендер, целата тендерска постапка бурно ќе ја следиме до самиот крај. Доколку некој нешто потпише од овој криминален тендер, нека има на ум можеби не во моментов додека е Заев на власт, но многу брзо кога ќе падне Зоран Заев од власт ќе одговара и казната ќе го стигне. Ќе одговара кривично.Ве повикувам сите до еден да не потпаѓате под влијанието на криминалното дуо Заев - Филипче. Да требаше нешто да биде потпишано, тоа ќе го потпишеше Тевдовски и немаше да биде променет од функцијата министер.Воедно, антикорупциската повторно истакна дека не може премиер да биде и министер за финансии заради конфликт на интереси. Затоа, апелираме дека ниту заменичката Ширете Елези, не смее да потпишува толкаво задолжување, ниту пак никој од Владата има таква надлежност.Во наредниот период на политичко ниво ќе ги информираме сите релеватни организации и држави, како и сите меѓународните финансиски институции со однапред подготвена елаборација дека постојат и дека сме убедени дека постојат сериозни индиции за корупција и нанесување намерна штета на државата од 500 милиони евра.Сите инволвирани многу брзо ќе одговараат доколку направат кобна грешка да потпишат ваков скандалозен тендер кој најавува најголем грабеж во историјата на Република Македонија. Затоа памет во глава, и строго според Уставот и законите потпишување на секакви тендерски постапки, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее

Почитувани граѓани,  нема правда, нема мир!Од ова начело СДСМ никогаш нема да отстапи.  Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија.  Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ. Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.  Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси.Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија.  Јавноста има право да ја знае вистината. Се што се случува вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио.  Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија.  Убедени сме дека на крајот вистината ќе излезе на виделина. Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата. Напротив, уверени сме дека овие подземни обиди само ќе ја забрзаат истрагата и ќе ја интевизираат, и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот Рекет. Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ,  многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?Кога се случиле ваквите разговори?Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?Дали и што примил на рака?Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина.Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот со сигурност ќе стигне од друго место, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

lari

Кој е Лари Гаисер, авторот кој ги објави аудио и видео материјалите за „Рекет“

Кој е авторот кој ги објави аудио и видео материјалите на кои се гледа и слуша како Боки 13 заедно со Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев, споменувајќи ја приотоа и Специјалната обвиниелка Катица Јанева. Ларис Гаисер се огласи и на социјалната мрежа фејсбук при тоа наведувајќи дека ова е само првиот дел од материјалите, а како што пишува допрва ќе се објавуваат нови шокантни вести на страниците на италијанскиот весник Ла верита.„Македонија има голем проблем на патот кон ЕУ, тоа е самата ЕУ! Могерини, Јункер и соработниците се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување на сѐ што е во спротивност на владеењето на правото, за коешто толку гласно претендира Брисел. Во следните неколку денови, ќе објавиме шокантни документи коишто, искрено се надевам, ќе ѐ помогнат на Македонија да го пронајде патот кон функционалната демократија!“,напиша Гасиер во дел од својата објава на ФБ.Но, кој е Ларис Гаисер?Во неговата кратката биографија објавена на сајтот „Ла Верита“, стои дека е член на Италијанскиот тим за безбедност, терористички прашања и управување со итни случаи на Католичкиот Универзитет во Милано. Тој предава меѓународни односи на Универзитетот во Џорџија (САД) и геополитика, геоекономија и надворешни работи на Академијата за дипломати во Виена. Исто така е владин и деловен консултант.На неговиот фејсбук профил стои дека е од Птуј, Словенија, и дека е професор на Факултетот за државни и европски студии во Словенија.Гајсер е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски.Статиите на Гаисер се објавуваат во весникот „Ла Верита“ , весник кој важи за близок до есктремнодесничарската партија „Лига“ , која ја предводи актуелниот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Салвини, пак, е познат дека има блиски врски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, како и рускиот претседател, Владимир Путин.

Македонија | пред 6 години

pesni

Антологијата на песни „Дојди во Охрид“ промовирана на меѓународниот семир за македонски јазик

Вчеравечер во рамки на програмата на 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржува во Охрид, беше организирана промоција на првата антологија на песни за Охрид „Дојди во Охрид“.Во рамки на промоцијата, во името на општината се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.–  Охрид е град на древните цивилизации, духовната традиција и извор на словенската писменост, кој надополнет со прекрасната природа и убавините на Охридското Езеро, претставува најиделаното место за одржување на ваков вид на настани.  Особено не радува фактот што оваа година во рамки на Програмата на семинарот е превидена промоцијата на првата антологија на песни за Охрид „Дојди во Охрид“ која беше издадена со поддршка на нашата општина.Во рамки на ова издание, нејзините автори Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски имаат направено прекрасен поетски мозаик, посветен на градот на писменоста, на езерото, на поднебјето и на охриѓани.Во антологијата се поместени песни од 90 поети од кои 30-тина се познати поетски имиња од странство. Се надевам дека преку стиховите од оваа антологија уште поблиску ќе го запознаете Охрид и ќе ги почувствувате сите негови убавини, истакна Николески.На промоцијата се обрати академик Ала Шешкен, а промотор на антологијата беше проф. д-р Димитрија Ристовски.Антологијата на песни „Дојди во Охрид“ беше за прв пат промовирана во рамки на минатогодишната програма за одбележување на Патронот на Охрид, Свети Климент Охридски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Зошто Заев се плаши да ги испита Карпалак, Вејце, Љуботенски пат, во кои извршители се неговите колеги од ДУИ

Зоран Заев врши масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваат инволвираните Албанци во овие случаи.Единствена Македонија по повод 18 години од крвавиот масакр кај Карпалак го повикува Зоран Заев да ги испита случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Единствена Македонија е свесна за стравот кај Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители, земајќи предвид дека убијците на бранителите седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ.За Единствена Македонија нема дилема. Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја од страна на колегите на Заев од ДУИ, мора да се расчистат.Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни докуметни во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА, а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

YouTube-Google-Chrome-1

Медиумите водат паралелна истрага на „Рекет“

Од СЈО не коментираат за новата снимка за случајот „Рекет“ во која се споменува и името на Катица Јанева. Од ОЈО не прецизираат дали им е позната снимката. Јанева досега не е повикана на распит. Правни експерти коментираат дека Обвинителство досега требаше да ја прошири истрагата.Додека предметот „Рекет” е во фаза на истрага во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, во странски медиуми излегуваат видео и аудио снимки на кои се гледаат двајцата осомничени кои се во притвор Бојан Јовановски и Зоран Милески и сведокот Орце Камчев, Објави слободнаевропа.мк.На видео снимката на која има и аудио дел, а која е објавена во десничарско конзервативниот италијански весник „Ла Верита”, се гледаат Јовановски и Милески како излегуваат со торба од куќа од која ги испраќа Камчев. Претходно, на снимката се гледа како илјадници евра се ставени во торбата со која излегуваат осомничените, а до неа се бројат евра и се подготвуваат рачно испишани спецификации за изброените банктноти.Од Специјалното јавно обвинителство, чиј формален шеф во оставка се уште е Јанева, денеска немаат коментар за спомнувањето на името на нивниот надреден. Од таму се повикуваат на нејзината претходна изјава во која рече дека се оградува од случајот Рекет.СЈО случајот „Империја“ го отвори лани во ноември. Во него се осомничени 13 лица меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијалков за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Прогласен мораториум во Охрид, Георгиевски е задоволен

На денешната, триесетта седница на Советот на општина Охрид, беа усвоени предлог одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови и  постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти и предлог одлуката за  усвојување на Извештајот и Акцискиот план за постапување по Заклучоците од 146-та седница на Владата на Република Северна Македонија.Во изјава за медиумите градоначалникот, Константин Георгиески истакна дека е задоволен од што се покажа единство околу теми кои се клучни за Охрид.-Најпрво сакам да изразам благодарност до членовите на Советот на Општина Охрид кои ги поддржаа двете предлог одлуки во согласност со дадените задолженија на Владата на Република Северна Македонија, врз основа на препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Особено ме радува фактот што како охриѓани покажавме заедништво и единство за теми кои се од клучен интерес за нашиот Охрид.По завршувањето на 43-та сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, што се одржуваше во Баку, Азербејџан, јас како градоначалник заедно со надлежните служби во општината, сме максимално посветени и секојдневно работиме на исполнување на дадените владини задолженија, со цел Охридскиот регион да не биде впишан во Листата на загрозено светско наследство.Во зададениот рок изготвивме Акциски план во кој се опфатени сите чекори, сите постапки и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период и се однесуваат на исполнување на препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а се во надлежност, односно за нивно исполнување е надлежна Општина Охрид.  Со усвојувањето на Предлог-одлуката за времен прекин на донесувањето и спроведувањето на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, денес започнуваме со реализација на активностите од Акцискиот план. Тоа значи дека од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко плански документации и архитектонско – урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на издавање одобрение за градење, одобрение за надградба и одобрение за доградба, после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација.  Оваа Одлука не се однесува на барања за: извод од план, решение за измени во тек на градба, промена на инвеститор, реконструкција, адаптација и пренамена, решенија за градби за кои не се издава одобрение за градење и отпочнатите постапки за издавање на одобренија за изградба, надградба и доградба. Исто така оваа одлука не се однесува на барања за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти.Сакам да нагласам дека нашата политичка волја и подготвеноста да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО е значаен исчекор во однос на сите предходни власти. Како што имам изјавено и претходно, остануваме отворени за соработка со сите политички и општествени чинители во градот и во државата. Во целокупниот процес очекуваме поддршка од граѓаните и интерес за соработка од страна на експертската јавност, граѓанскиот сектор и од вас медиумите. Убеден сум дека низ заеднички заложби ќе постигнеме значаен напредок во исполнување на сите препораки и дека Охрид ќе продолжи да биде Град на УНЕСКО со кој сите ќе се гордееме, рече градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova-960x479

Лиле Стефанова за снимката: Згрозена сум од снимката, ќе кажам се што знам

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.„Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ - изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.Повеќе прочитајте тука.

Македонија | пред 6 години

pavle-bogoevski

Богоевски за Русковска: Колку подолго е на одмор, толку повеќе време за уништување докази

Експратеникот Павле Богоевски по објавување на снимката каде се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец си заминуваат со торба пари од домот на Орце Камчев, вели дека е убаво потсетување дека одморот на обвинителите е избрзан.„Ова е многу убаво потсетување од странците дека одморот на обвинителите и истражителите е избрзан. И оваа фаза од постапката е врзана со рокови. Колку повеќе одмор = толку помалку време за работа, помалку резултати, послаб предмет. Толку повеќе време за форматирање телефони и уништување на докази во другите предмети за кои има индиции во јавноста. Во спротивно, ризикуваме и други клучни фигури во истрагата да си го продолжат одморот (боледувањето) на неопределено“, пишува експратеникот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Обвинителка од СЈО: Да бев на електрична столица немаше да верувам дека Јанева зема пари

„Згрозена сум. На електрична столица да ме ставаа немаше да верувам во вакво нешто дека Катица Јанева може да зима пари“, вели за Пресинг Тв обвинителка од тимот на СЈО, која инсистираше на анонимност.Обвинителката го видела неколку пати денеска објавеното видео за тоа како Бојан Јовановски и Зоран Милески ги земаат парите од Орце Камчев, кој беше обвинет во предметот „Империја“.Долго време соработувавме, но морам да признаам дека барем пред мене никогаш не манифестирала никакви знаци за евентуална ваква постапка, нагласува таа.Повеќе прочитајте тука. 

Македонија | пред 6 години

SJO

СЈО за снимката: Таа нема врска со предлогот за притвор на Камчев

Во врска со снимката поврзана со случајот „Рекет“ која што ја пренесоа повеќе медиуми, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопшти дека со неа „недвосмислено се потврдува дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одлуките на судовите“.Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страната на СЈО, на 6 февруари 2019 година ова Јавно обвинителство до Апелационен суд Скопје поднесе предлози за продолжување на мерката куќен притвор за трите осомничени лица. Постапувајќи по тие предлози Апелациониот суд Скопје на 7 февруари 2019 година донесе решенија за продолжување на мерката куќен притвор во времетрање од 30 дена.Потоа, како што се посочува, против решенијата на Апелациониот суд Скопје трите осомничени лица упатиле жалби до Врховниот суд.– По повод изјавените жалби, ова Јавно обвинителство на 21 февруари 2019 година до Врховниот суд достави предлози, жалбите да се одбијат како неосновани и да се потврдат решенијата на Апелациониот суд за продолжување на мерката куќен притвор. Врховниот суд, и покрај ваквите предлози на ова Јавно Обвинителство, на 4 март 2019 година донесе решенија со кои се уважени жалбите на трите лица, решенијата на Апелациониот суд Скопје се преиначени и е укината мерката куќен притвор, се посочува во соопштението од СЈО.Од таму потенцираат дека „наспроти сите мислења дадени од страна на ова Јавно обвинителство да не се укинат мерките притвор за овие лица, Врховниот суд одлучи спротивно на тие мислења“.– Се надеваме дека ова појаснување ќе ги запре сите шпекулации за поврзаноста на ова Јавно обвинителство со случајот „Рекет“, се вели во соопштението од СЈО.

Македонија | пред 6 години

lari

Авторот што го објави видеото за Боки 13: „Во следните неколку денови ќе објавиме шокантни документи“

Ларис Гаисер, е автор на веста во чии рамки беа објавени видео и аудио снимка на кои се гледа и се слуша како Боки 13 заедно со Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев.„Со текот на годините, Европската унија поддржи промена на власта со цел Заев да дојде на власт и да се редуцираат Македонците и да се лимитра суверенитетот на Македонија, а потоа со изговор на владеењето на правото одреден е Специјален јавен обвинител (Катица Јанева) со една задача – да се елиминираат политичките противници на сегашната влада дури и со спроведување на систем на изнудување под директна контрола на политичкиот систем. Во следните неколку денови ќе објавиме шокантни документи за кои искрено се надевам ќе и помогнат на Македонија да го најде својот пат кон демократијата“, напиша Гаисел на фејсбук.https://www.facebook.com/quotidianolaverita/videos/1600883606714689/UzpfSTcyNjIyNzQ0MjoxMDE1NjExNjM5NjI2NzQ0Mw/

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Јоци: „Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте“

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци преку социјалната мрежа фејсбук даде свој коментар по објавената снимка на која се гледа како Боки 13 ги зема парите од бизнисменот Орце Камчев. Јоци на ФБ напиша:Е, не, ќе ја чекаат Вилма да се врати од одмор. И Зоки да се одлучи што ќе прави со сињора Катица. Муабетот каде на Камчев му кажуваат дека ќе биде ослободен сигурно од Врховен, пошто сињора Катица нема да употреби вонредни правни лекови, е после првата минута. Што и навистина се случи во наведениот период. Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте. Корупција, рекет, Врховен, обвинители, политичари, цел систем е девастиран. Па, дајте не ја правете јавноста глупава дека Боки е ,,капо ди тути капи" кој ослободувал луѓе преку Врховен. Тука е вмешана цела армија од судии, политичари, обвинители, Боки бил само извршител. Носач на куферчиња. Досега требаше сите инволвирани во оваа мафијашка ствар да ги пикнете во затвор и да се исчистите. Вие два месеци ги спасувате.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања