Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Пожар во зграда во Белград, спасено едно постаро лице

Едно постаро лице било спасено денеска од пожар во стан во Белград, пренесуваат српските медиуми. Пожарот избил на деветти кат на зграда во близина на Спортскиот центар Олимп.На терен биле пет противпожарни екипи и 20 пожарникари, како и возило на Брза помош.  

Свет | пред 6 години

boki-13-reket

Камчев до Боки 13: „Не личи тебе во ќеса парите да ти ги давам“

Во домот на Камчев Кичеец и Боки 13 ги добиваат парите во чанта од „Луј Витон“ вредна околу 5 илјади евра. На снимката објавена во италијанскиот весник, во делот каде што не се слуша тон, Боки 13 му рекол на Камчев „Јас мислев во ќеса ќе ми ги дадеш“, а бизнисменот му враќа „Не личи Боки тебе во кеса да ти ги давам“, објави А1 ОН. Текстот во целост на:  А1 ОН

Македонија | пред 6 години

nikolovski

Николоски од Карпалак: „За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои“

Тука сме денес на 18 години од оваа голема трагедија која што се случи тука на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите, кон оние кои што ги положиле своите животи тука за да ја одбранат Република Македонија, да ја одбранат нејзината самостојност и територијална целовитост. Нив им должиме многу, практично им ја должиме оваа слобода која што ја имаме денес. И најмалку што можеме да направиме е да се поклонуваме и вечно да го имаме нивниот спомен.За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои. Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите оние кои што беа повредени и сите кои што учествуваа во тој воен конфликт.Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе. За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

veseli

Весели одби да биде премиер на Косово

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово.– Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори, нагласи Весели.Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.

Свет | пред 6 години

macki

(ВИДЕО) Мачки го почуствуваа земјотресот во Тајван кратко време пред да се случи

Камера за ноќно снимање регистрираше група мачки кои кратко време пред да се случи силниот земјотрес во Тајван се будат од сон и застануваат во исчекување.Инаку силниот потрес од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Тајван, соопшти Централното биро за временски услови, дополнувајќи дека засега едно лица загина, јави ДПА.Земјотресот се случил во 5:28 часот (21.28 часот во среда) на длабочина од 22,5 километри, соопшти Сеизмолошката служба на Тајпеј. Епицентарот на земјотресот бил на 36,5 километри источно од Јилан, во источниот дел на Тајван, а потресот се почувствувал на целиот остров, се наведува во соопштение на владата. Повеќе од 10,000 семејства во северниот и источниот дел на Тајван останаа без електрична енергија. Жителите на главниот град Тајпеј кажуваат дека биле разбудени од паѓање на предмети и мебел во нивните домови.

Свет | пред 6 години

5-3

Ванковска: „Снимка протече и од Заев кога го уценуваше Грујо и кога бараше поткуп, па после не се важеа“

Професорката Билјана Ванковска се огласи на Фејсбук откако италијански весник објави снимка од надзорни камери, на која се гледа како Кичеец и Боки 13 земаат рекет.-Ај малку смањите доживљај! Снимка протече и од Заев кога го уценуваше Грујо и кога бараше поткуп, па после не се важеа зошто процуриле - напиша Ванковска на Фејсбук.https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10219148727371988

Македонија | пред 6 години

baknez-peru

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Страстен бакнеж ги однесе во смрт

Пар од Перу настрадал при пад од мост од 15 метри, бидејќи намерно биле потпрени на оградата.Мајбет Еспиноза и Хектор Видал биле снимени како страсно се бакнуваат и прегрнуваат на ограда од мост.Во еден момент, девојката со нозе го фатила момчето околу половината и се навалила наназад, па така изгубиле рамнотежа и загинале.Мајбет загинала на лице место, додека Хектор со скршен череп бил пренесен во болница, каде набрзо починал. 

Свет | пред 6 години

marihuana

Велешанец под истрага за трговија со дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 38-годишен жител на Велес, на 6 август, неовластено заради продажба во својот автомобил превезувал 4.223,39 грама наркотична дрога марихуана и 1,98 грама амфетамин. Дрогата била откриена при сообраќајна контрола на неговото возило, во близина на една бензинска пумпа на патниот правец А3 Ресен-Битола.Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му изрече притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

truttr-228117

Го фатија жив: Смок долг два метра влегол во бањата на кривопаланчанец

Летото и летните горештини се период во кој граѓаните треба да бидат особено внимателни при изложување на сонце поради опасноста од топлотен бран, но не ретко, треба да се внимава и на се почестата појава на разни влекачи, пред се змии и домови, кои се населуваат и во урбаните средини. И не само во урбаните средини,туку и во домови на некои граѓани, за каква што случка ни раскажа Миодраг Миленковски од Крива Паланка.Неодамна во неговата бања во семејната куќа во населба Црвена нива, во атарот на село Кошари, влегол смок со должина од околу два метри, кој со помош на соседот успеале да го отстранат од домот.– Беше топло, нешто по пладне, околу 13 часот. Бев на работа, кога ми се јави сопругата, ужасната, исплашена и видно вознемирена, викајќи ме итно да дојдам дома. Побрзав и кога стасав ми покажа на бањата, отворајќи ми ја вратата. И јас се исплашив кога видов, смок, сиво- црн, со жолт труп, стои обвиткан околу водоводната цевка.  Не знаејќи што да правам, со еден стап се обидов да го избркам, но тој влезе под кадата. Го повикав соседот Доне Стојановски, бидејќи знам по кажувања од негова страна дека имал искуство со змии и влекачи. Дојде, па заедно ја отстранивме кадата, а смокот повторно се врати на цевката и се обвитка околу неа. Доне храбро, со заштитни ракавици умешно го фати жив смокот со рацете, за глава и опаш, за среќа без да има какви било несакани моменти, изјави Миленковски.

Македонија | пред 6 години

sv-petka

Денеска е Света Петка

Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано ѝ умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт.Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана, но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.“ Најпосле, некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во II век. Подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград.

Магазин | пред 6 години

boki-13-reket

Русковска не знае како снимките од домот на Камчев завршиле во инталијански весник

Основното јавно обвинителство не открива дали поседува снимки во врска со случајот „Рекет“, откако претходно во четвртокот италијанскиот весник La Verita во своето интернет издание објави видео од средба на осомничените во случајот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, со бизнисменот Јордан Орце Камчев.„Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, изјавија за МИА од Обвинителството.Во објавеното видео што било снимено во февруари годинава, како што наведува весникот, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната објавената снимка и дали ја имаат како доказен материјал.

Македонија | пред 6 години

svinja

Се бара начин да се забрани чување на свињи во Македонија

Да се најде законско решение за воведување забрана за чување свињи на одгледувалишта што немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.Ова, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, на вчерашниот состанок со директорот на Агенцијата Зоран Атанасов го побараа претставниците на Здружението на производители на свињи и свинско месо – „Гицко”.Со цел намалување на ризикот од појава на болеста африканска свинска чума која е веќе присутна во некои од соседните земји, тие на средбата побараа изнаоѓање модел со кој ќе им се овозможи да извршат организиран откуп на свињи кои се одгледуваат во селските домаќинства по пазарна цена, без оглед на категоријата и килажата на животните, за што изразија и подготвеност.Месото од откупените свињи, како што истакнаа на состанокот, ќе го понудат за преработка на домашната месна индустрија.– Согласно член 57 став 1 и  членот 110, став 1 точка 5 од Законот за ветеринарно здравство одгледувачите на свињи, кои не ги спровеле обврските од Годишната наредба за здравствена заштита на животните, односно не воспоставиле биосигурносни мерки на фармите,  ќе се соочат со предвидената санкциона мерка да не им биде исплатена отштета за убиените животни при спроведувањето на мерките за искоренување на болеста. Затоа и сегашната кампања на АХВ е насочена кон подигнување на биосигурносните мерки на одгледувалиштата, рече директорот Атанасов.Како што беше речено, согласно пописот на свињарските фарми што во март годинава го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава  се евидентирани 2.315 одгледувалишта на овој вид добиток со вкупно 125 илјади свињи. Најголемиот дел или 42 проценти од свињите се одгледуваат во вардарскиот, 21 процент во источниот регион од земјава, додека помал број на одгледувалишта и единки се евидентирани во другите региони. Околу 95 илјади гоеници се одгледуваат во 27 комерцијални фарми кои имаат над 500 свињи, а 2.315 фарми се со помал капацитет и во нив се одгледуваат под 100 грла свињи. Околу 12 илјади свињи се одгледуваат во 78 одгледувалишта.

Македонија | пред 6 години

karpalak3

Ристески за Карпалак: Сите овие измешани чувства уште повеќе го зголемуваат нашиот немир

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со крвавиот масакр на Карпалак пред точно 18 години.-Поминаа 18 години од крвавиот масакр на Карпалак. 18 години неизмерна болка и тага во нас преживеаните, директни учесници во овој крвав настан и непребол за загинатите. Многу сме потиштени како роднини, другари, пријатели на загинатите борци, а пред сè како Прилепчани и Македонци!И денес, по толку изминати години од овој настан, во нас длабоко останаа испреплетени чувства на: ТАГА И БОЛКА, за прерано изгубените млади човечки животи од кукавичката рака на сторителите; РАЗОЧАРАНОСТ, бидејќи сторителите останаа недопрени и никогаш не се најдоа пред лицето на правдата, а надлежните институции не се потрудија доволно да го направат тоа; ПРЕДАВСТВО од страна на одговорните лица, кои дозволија нашиот конвој да биде упатен необезбеден и неподготвен, директно во челустите на злосторниците; ЗБУНЕТОСТ, прашувајќи се дали ние бевме мета за отстрел во фингираната војна во 2001-та година?…ГОРДОСТ, затоа што несебично и храбро застанавме на браникот на нашата Македонија, за разлика од многу други кои свесно избегнуваа; ИЗИГРАНОСТ, бидејќи денес сме неми сведоци на распродажбата на националните интереси и сè што е стекнато со крв и пот…како и овој настан-КАРПАЛАК! Сите овие измешани чувства уште повеќе го зголемуваат нашиот немир… Ова е денот кој буди спомени, денот на кој им оддаваме почит на загинатите борци. Почивајте во мир херои наши! Соборци мои…во вечна борба за правда… Да ни е вечна Македонија, како што е вечна борбата за неа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zaev-i-micotakis3

Какви се односите меѓу Заев и Мицотакис: За историјата ќе одлучува нова комисија

Промената на власта во Грција ги запре преговорите во Комисијата за учебници. Иако од грчката страна стигнаа информации оти голем дел од отворените прашања биле решени во нивна полза, фактите на терен говорат дека во моментов има целосен застој во дијалогот, затоа што Македонија нема со кого да преговара. Според информациите од нашата страна, Грција го менува тимот и прашање е во која насока ќе се одвиваат разговорите по доаѓањето на власт на Киријакос Мицотакис и Неа демократија, чии ставови се потврди од оние на Алексис Ципрас и неговите сопартијци.Нашите извори од македонската Комисија за учебници велат дека треба да се биде исклучително тактичен и да не се наседнува на изјавите од Атина, со цел да не се отвори ново поле на конфликт слично како она со Бугарија за Гоце Делчев. Во тој контекст се прифаќа и реториката на Спиридон Сефета, претседател на актуелната грчка Комисија за учебници, кој се пофали со одличен епилог од сработеното со македонските претставници. Македонската страна, без да се донесе заклучок со грчките колеги, не сака да ги коментира моменталните позиции во разговорите, но напоменуваат оти се поразлични од тоа што го кажува Сефета.Повеќе прочитајте тука.

Свет | пред 6 години

BA6C7A41-7838-4799-8AD1-B31ACBF8BFF5_w1023_r1_s

Министерот за надворешни на Косово: Морина бргу ќе се врати дома, бидете трпеливи

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.– Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во Северна Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадикција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи, напиша Пацоли. 

Свет | пред 6 години

ivan-stoiljkovic-640x345

Партијата на Србите за Морина: Сведоци сме на спин со исценирано апсење

За актуелниот случај со потерницата по Томор Морина и одбивањето на Македонија да го испорача на Србија, пратеникот Иван Стоилковиќ пишува дека меѓународната заедница на Македонија ѝ доделила само една улога.Постот на Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија го пренесуваме во целост:„Сведоци сме на уште една спин измама со инсценирано апсење на злочинецот на ОВК Томор Морина која заврши со одлуката на Кривичниот суд дека не постојат услови да биде испорачан на Србија, на нејзино барање по потерница од Интерпол.Одговор на прашањето зошто е апсен кога однапред се знаеше дека ни под разно нема да биде испорачан, лежи во сознанието дека власта со неговото апсење отвори уште еден фиктивен проблем кој апсолутно ја дефокусира јавноста од многуте криминално коруптивни афери, со што власта добива уште малку време да се извлече од готово безизлезната состојба, бидејки истите веќе имаат и одредедни меѓународни импликации.Во актуелните политички и дипломатски притисоци врз Србија, на Македонија нема да ѝ биде дозволено да биде добар комшија со Србија и тоа само го потврдува фактот дека Македонија има само една функција, а таа е да води политика која секогаш ќе биде антипод на Србија, односно анти Србија, за сметка на Голема Албанија и на отворената бугаризација.Не прифаќам никакви бесмислени оправдувања од типот, па тие тоа го работат затоа што мораат за да ги задоволат Албанците. Тое е голема лага, и невистина. Тие тоа го прават затоа што се определиле за таква политика и точка. И заради таквото политичко определување лично имаат одредена политичка и материјална корист, секогаш на штета на Србија, но и на штета на сопствениот народ и државата.Не заборавајте, знаеме кој каде бил, на чија страна бил и зошто бил таму каде што бил“, пишува Стоилковиќ на својот фејсбук

Македонија | пред 6 години

devojka

Гостиварчанки уценувале девојка за пари со компромитирачки материјали

Вчера попладнето, лишени од слобода се Ш.О.(21) и Е.М.(18), двете од Гостивар, поради сомнение за уцена на 27-годишна девојка, на која и се заканувале дека ако не даде пари и мобилен телефон ќе објават нејзини компромитирачки материјали.По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Србија го бара Морина, судот не го дава, Османи го брани човекот на УЧК

Домашни и првични реакции во Србија предизвика одлуката на Крвичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје, кој вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Томор Морина за кое Република Србија побара екстрадиција од Македонија.Токму кон таа адреса се свртени и очекувањата на Белград.„Постапката за екстрадиција на Морина треба да се води во согласност со Договорот за екстрадиција меѓу Србија и Северна Македонија, потпишан на 29-ти ноември 2011 година. Ако се исполнети сите услови утврдени со тој Договор, Северна Македонија има обврска  на барање на Србија да го испорача лицето побарано заради кривично гонење“, изјави за „Политика“ професорот по Меѓународно право нa белградскиот Правен факултет, Александар В. Гајиќ. Тој потенцира дека конечната одлука не ја носи судот, туку министерот за правда, и доколку екстрадицијата е регулирана со меѓународен договор, Министерството за правда е должно да ги изврши договорените обврски.Уште пред одлуката на Кривичниот суд во Скопје, запрашан заради кои аргументи Морина не треба да биде екстрадиран, вицепремиерот Османи за Дојче веле кусо изјави: „Најдете еден случај, која било држава да екстрадирала косовски државјанин за обвиненија од војната во 1999 година!Одлуката на Судот во Скопје наиде на задоволство во Приштина, од каде претходно стигнуваа пораки дека евентуалната екстрадиција на Морина во Србија може да ги наруши односи меѓу Косово и Северна Македонија. Но, во домашната јавност немаше таков впечаток. Клучниот коментар беше: „Ако не се нарушијa oдносите кога Косово одби да ги екстрадира двајцата првообвинети во случајот ‘Монструм' за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, зошто да се нарушат сега?“

Македонија | пред 6 години

karpalak

Како се случи масакрот кај Карпалак?

Масакрот кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.Во Карпалак од самиот почеток на воената криза имаше полициски пункт, а без знаење на Министерството за одбрана истиот беше повлечен на два дена пред да се случи „Карпалак“. Повлекувањето на полицискиот пункт беше извршена со нечија наредба, причината за повлекување и кој го наредил од МВР не се познати.Неколку дена пред тоа, Љубе Бошкоски, вршејќи обиколка на Тетовскиот простор и Гостивар, при враќањето за Скопје, на самото место Карпалак, неговата придружба од оклопни транспортери отворија оган по ридовите од левата и од десната страна на местото Карпалак. Истата вечер медиумите објавија дека „Министерот за внатрешни работи е нападнат на просторот Карпалак“. Чуден факт е што кај месноста Карпалак не се забележани терористи, а просторот беше надвор од зоната која е опфатена со воени дејства. Исто така сообраќајот од Скопје за Тетово и обратно, како Тетово - Гостивар - Маврово се одвиваше без било каков инцидент. Тука беше ОБСЕ, НАТО кои исто така го набљудува целиот простор.

Македонија | пред 6 години

karpalak-zaginati15

18 години Карпалак, денес ќе се оддава почит на 10-те армиски резервисти

Денеска се одбележуваат 18 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители во месноста Карпалак.Одбележувањето почна вчера со оддавање почит на бранителите во прилепската касарна „Мирче Ацев“, а продоложи утрово со положување на цвеќе.Поради закажаните активности по тој повод, од 8.45 часот сообраќајот на регионалиот пат Тетово – Скопје е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат кај клучка Групчин, соопшти Автомотосојузот на Македонија.На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Возило излета на патот Куманово-Скопје

Вчера утрото во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Форд фиеста“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(25) од Куманово, излетало од коловозот.Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

motor

Судар меѓу автомобил и моторцикл во Скопје, сопатник со тешки повреди

Вчеравечер во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Народни херои“ и улицата “Вера Јоциќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(37) од с.Чифлик-скопско, и мотоцикл “Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(22) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Ѓ.М.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил моторциклистот и биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, еден од возачите со сериозни повреди

Вчеравечер било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, на место викано .„Бучила“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(31) од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Г., а со телесни повреди се здобил Д.Б. по што биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

policija

Казнети 22 возачи во Велес, Кавадарци и Неготино, дел возеле со неисправни автомобили

Од вчера утрината до 15.00 часот на подрачјето на СВР Велес направена е контрола на техничка исправност на возила, при што се констатирани 22 прекршоци, од кои во Велес девет, во Кавадарци девет и во Неготино 4 возила.Неисправните возила се отстранети од сообраќај, а против возачите се изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Полицијата сопрело возило за рутинска контрола, по што пронајдена била марихуана - совозачот е уапсен

Вчера по полноќ, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Доброште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Сузуки“ со тетовски регистарски таблици, што го управувал 43-годишниот Б.М. од тетовското село Нераште, а во кое како совозач се наоѓал 34-годишниот Р.М. од истото село. Кај  Р.М. е пронајдена марихуана и ризла, поради што лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања