Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mkd-335485

Ексградоначалникот на Кавадарци под истрага за монети, но вели дека е со чиста совест

Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов под истрага за поседување монети пронајдени на археолошки локалитети во земјава. Велешкото обвинителство во соработка со полицијата од Велес и Кавадарци утринава направиле претрес во домот на Панов и неговите родители под сомнение дека поседува над 1.000 монети со археолошка вредност.По направениот претрес, одземени се неколку колекции монети за дополнителни испитувања. За нивното потекло, кавадаречката полиција два часа го распрашувала Панов. По дадениот исказ, екс градоначалникот на Кавадарци заминал дома.Во разговор за ,,Фокус” тој ја демантира веста која што денес е актуелна за него, и вели дека моментално се наоѓа дома, со чиста совест.-Ниту сум уапсен, ниту сум имал некакви антиквитети. Денес полицијата дојде кај мене дома на претрес, ја одзедоа мојата колекција со монети која ја имам повеќе од 40 години. Станува збор за редовна процедура, монетите се на увид, а кога ќе се потврди она што го кажувам, дека не се работи за антика или за нешто противзаконски, ќе ми бидат вратени назад. Ова го зборувам со сигурност поради тоа што не ми е прв пат. Истиот случај го имав и пред неколку години. Бев пријавен, имав кривична пријава, лицето падна на суд. Монетите, односно оваа моја нова колекција ми беше вратена назад. Собирањето на монети е моја голема страст која што започна уште многу одамна. Татко ми беше шофер, ми носеше разни монети дома од секое патување, па така и јас станав колекционер. Сите приказни за моја поврзаност со Паско Кузман паѓаат во вода, јас човекот сум го видел само еднаш во животот – раскажува Панов.

Македонија | пред 6 години

nefi-ik-960x560-960x560

Се проверува чиј е имотот каде советникот Усеини гради бетонска база, неофицијално припаѓа на ИВЗ

Основното јавно обвинителство Охрид дало наредба полицијата да провери чиј е имотот каде советникот Нефи Усеини гради база за производство на бетон. Според последните информации, се проверувало и дали фирмата на Усеини, која ја гради базата, има договор за закуп со сопстветникот на имотот.Неофицијално, парцелата на патот Струга-Охрид е во сопственост на Исламската верска заедница, пишува „А1он“, а ја добила преку процес за денационализација пред пет години. Обвинителството го документира предметот преку кој треба да се утврди дали градбата е нелегална.

Македонија | пред 6 години

9D4AAD7D-75B4-47F2-B127-7F908995FD61

ФОТО: Тешка сообраќајка во Охрид вечерва, џип влета во двор

Тешка сообраќајка се случив вечерва во Охрид кај Железничка, во која учествуваа повеќе возила, меѓу кои два автомобили и еден камион.Возилата “мерцедес” и џип “антара” се судрија еден во друг. Дел од џипот излегал од патот и влегол во двор.Непознато е која е причината за несреќата, а увид прави полицијата. Засега нема информации и за повредени лица.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Јас сум виновен за бегството на Груевски, а Шеќеринска е невина за аферата “Рекет”

Жал ми е што не сме се разбрале со министерката Радмила Шеќеринска.И лут сум што таа ме амнестира од евентуалната вина за бегството на Никола Груевски, на тој начин што “позитивно” ме дискриминира, па вели дека обвинувањата на нејзина сметка се исто како кога таа на новинарите би им кажала: “Пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство?”Но, Шеќеринска евидентно не би го кажала тоа што го кажала, бидејќи, како што вели самата, “никој разумен тоа не би можел да го каже”. Оди разбери ја…, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.Некои портали и ботови на социјалните мрежи веднаш дешифрираа дека Шеќеринска мисли на мене и дека вака возвраќа на моите наводи дека ликови од опкружувањето на осомничениот Бојан Јовановски биле во пријателски релации со неа. Како јас со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски. А бидејќи јас не сум и никогаш не сум бил доволно “разумен” да се бранам на начин како што се брани Шеќеринска, веднаш ќе ги расчистам работите.Текстот во целот на:plusinfo.mk 

Коментари | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Полицијата и Обвинителството  влегле во фирмите на советникот Нефи Усеини каде се проверуваат сите аспекти на работењето на овие компании во минатите години.Ова доаѓа од како повеќе месеци советникот Нефи Усеини беше тема во медиумите и беше дел од истражувачки новинарски стории на реномирани истражувачки центри. 

Македонија | пред 6 години

grehrjtdzdk-196814

„Фала му на Бога што ме откривте, ме спасивте“ - вели жената со плата од „Централен регистар“

Жената којашто земала плата од Централен регистар, а работела во ВМРО-ДПМНЕ на инспекторите им се заблагодарила што го откриле целиот случај, кој заврши со кривична пријава и притвор за ексдиректорот Андреј Поповски. Извори од судот за „А1он“ велат дека на жената со иницијали (М.К.Д.) ѝ олеснило што можела да си ги каже маките на инспекторите. „Фала му на Бога што ме откривте, ме спасивте. Ова повеќе не се издржуваше“, беа зборовите на жената кога ѝ беше соопштено дека случајот е откриен. Таа се пожали дека во ВМРО-ДПМНЕ ја затрупувале со работа оти, иако молчеле, сите знаеле како и од каде земала плата, па ја сметале за вечен должник на партијата“, велат извори за „А1он“.Целиот текст на А1.ОН

пред 6 години

morina

Кривичниот суд одлучи - Не се исполнети условите за есктрадиција на Морина

Кривичниот суд соопшти дека не се исполнети условите за екстрадиција на притворениот Томор Морина. Решението ќе биде испратено до Врховниот суд за понатамошно одлучување.– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја  досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.– Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Аквариус ќе ја отстрани платформата, а јавноста чека да види кој ќе ги следи ?!

Платформата која навлегува во Охридско Езеро на кафетеријата „Аквариус“ ќе биде првата тераса која ќе биде урната и тоа од страна на самите сопственици на објектот. Ова беше денес најавено на прес конференцијата по повод 30 години творештво на Драган Спасески Охридски.Сега останува да видиме дали останатите кафетерии кои се нелегално влезени во водите на Охридско Езеро како и плажите кои се на узурпирано државно земјиште ќе го следат овој пример, како и советникот Нефи Усеини кој најави дека ако се уриваат останатите објекти, тој сам ќе си ја урне пицеријата дибоградба.Благодарност до Аквариус искажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Сакам да се заблагодарам на тераса „Аквариус“ за искажаната еколошка свест и општествена одговорност. На повикот за заштита на градот први испратија писмо до локалната самоуправа дека први ќе ја отстранат платфортмата од Охридското Езеро, а после ќе видиме како овој простор соодветно и плански ќе го уредуваме. Од тука упатувам апел до сите да почнеме да го креираме новиот Охрид со една позитивна намера, а не со репресивни мерки на што не сакаме да бидеме принудени. – изјави градоначалникот Георгиески.Според уметникот Драган Спасески Охридски „Аквариус“ станува центар на еколошката свест.„Аквариус“ ќе постане центар каде ќе започне ревитализирањето на Охрид, односно на негово реконструирање. Ова место ќе биде дел од еден нов почеток на Охрид, зелен Охрид, еколошки Охрид, град со едрилици и безмоторни возила, со плажи достапни за сите граѓани и посетители кои ќе можат да чекорат низ стариот дел на градот. – истакна уметникот  д-р Драган Спасески Охридски.

Македонија | пред 6 години

knigi-turcija

Во Турција запалени 300.000 книги поврзани со Фетулах Ѓулен

Турската влада нареди спалување на 300 илјади книги, за кои тврди дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник обвинет за државниот удар во 2016 година. Ова е дел од зголемениот притисок врз медиумите и издавачите во земјата, пренесува „Гардијан“.Книгите се повлечени од училиштата и библиотеките. Фотографии од горењето беа објавени на интернет-порталот „Кронос27“. Проблематични се и иницијалите на Ѓулен, кои се тргнати од задача во учебниците по математика, па дури и името на американската сојузна држава Пенсилванија во која тој престојува.Според ПЕН Интернешнал, 200 медиуми и издавачки организации беа затворени, 80 писатели беа подложени на прогон, а 5.822 академици беа отпуштени, по неуспешниот пуч.МинистеротЗија Селџук минатата недела изјавил дека вкупно биле уништени 301.878 книги во акцијата на власта против сè што е поврзано со проповедникот Фетула Ѓулен, кој е обвинет како организатор на неуспешниот воен удар во земјата пред три години. Ѓулен отфрла секаква поврзаност со настаните.Бројката на уништени книги првично беше објавена во весникот Хуриет, додека на новинскиот портал Кронос27 беа објавени и фотографии од палењето на книгите.„Владата драстично го зголеми влијанието врз медиумите и издаваштвото, а со тоа и ги замолкна критичните гласови. Ги повикуваме властите да дозволат отворање на независни издавачки куќи и итно да ги прекинат активностите против слободата на говорот“, додаваат од ПЕН.

Свет | пред 6 години

Grabez-pistol

Лице со закана ги одзело парите од дневниот промет

На 06.08.2018 година околу 14,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Московска“, во тобако едно лице со закана ги одзело парите од дневниот промет. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

missing

Скопјанка пријавила дека нејзината ќерка заминала од дома, се сомнева дека е во Охрид

На 06.08.2019 година во 13,30 часот во Полициската станица Кисела Вода Р.К.(47) од Скопје, пријавила дека од домот заминала нејзината ќерка А.Л.С.(22) и според пријавителката таа е во Охрид заедно со Д.Т. од нас.Илинден. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 6 години

izletal-od-pat

Тешка сообраќајна несреќа едно лице почина, неколку се повредени

На 07.08.2019 во 04,28 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–с.Крупиште  В.Ј.(18) од Кочани, управувајќи патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници едно лице на 17 годишна возраст и И.А.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Другите двајца сопатници Ф.Д.(18) и Д.Г.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип. Телото на починтиот е предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

kurumi

Кај 18 годишно момче пронајдени куршуми, рамка за пиштол и куршуми од гасен пиштол

На 06.08.2019 во  20:45 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол. А.Џ. и неговиот татко Е.Џ.(57) лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Осумнаесет повредени мигранти на границата меѓу БиХ и Хрватска

Осумнаесет луѓе кои најверојатно се мигранти се повредени во инцидент во близина на границата на БиХ со Хрватска, во близина на Велика Кладуша, јавија босански медиуми.Министерството за внатрешни работи потврди дека се случил инцидент синоќа, а повредените, придружувани од припадници на граничната полиција на БиХ, биле примени во Здравствениот дом Велика Кладуша.„Можам да потврдам дека инцидентот се случил, но не и деталите за тоа како се случило, со оглед дека колегите од граничната полиција на БиХ ги пронајдоа овие лица во близина на границата. Тие биле однесени во Здравствениот дом, каде што им беа санирани повредите“, истакнал портпаролот на МНП на Унско-санскиот кантон, Але Шиљдедиќ, за босанските медиуми. 

Свет | пред 6 години

taravari-1

Таравари: Правдата може да доцни, но не заборава

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на Фејсбук ја објави пресудата на Управниот суд со кое се поништува Решението со кое Министерството за образование и наука ги одзеде ингеренциите за именување и разрешување директори на основни и средни училишта на локалната власт во Гостивар.Покрај фотографијата, Таравари го повика министерот за образование Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.„Министерот за "ингеренции" и "докторорот за правни науки", според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар.Почитуван "доценте", врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!Правдата излезе на виделина!, напиша градоначалникот Таравари. https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10219726840742588

Македонија | пред 6 години

otkazani-letovi

(ВИДЕО) Десетици летови откажани во Британија поради пад на системот

Британската компанија British Airways откажа десетици летови од аеродромот во Лондон, откако системот за чекирање на билети го погоди проблем со компјутерите.  Компанијата соопшти дека системскиот проблем е предизвикан од одложување и откажување на летовите од аеродромите Heathrow, Gatwick и London City, објави AP.Откажани се 81 лет до и од Хитроу, а откажани се 10 летови на Гетвик и поместени се повеќе од 200. Од компанијата соопштија дека патниците можат повторно да го резервираат својот билет за друг ден.Британските медиуми објавија дека илјадници патници се заглавени на аеродромите, и се бесни поради откажаните или одложените летови. Во мај 2017 година, имаше сличен проблем кога компанијата исто така имаше проблем со компјутерите и тоа траеше три дена. 

Свет | пред 6 години

Naum-PRESS-0708-1

Стоилковски: Среде најголемиот скандал рекет од октоподот, од државната мафија се најавува наводен инвестициски бум и нови задолжувања

Ниту економски бум е можен, ниту некој ќе инвестира, ниту некој ќе даде пари на државната мафија во Македонија, освен можеби со високи комерцијални камати, се додека не се расчисти владино – обвинителскиот - невладин рекет, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е незапаметен срам со висока корупција во Македонија, ова е меѓународен блам што ќе се одрази на севкупната активност - економска, дипломатска, општествена.Замислете среде најголемиот скандал со уцени на бизнис секторот во владиното - обвинителското злосторничко здружување, на одмор се и Русковска и Катица Јанева! Оваа втората уште повеќе ужива во странство! И таа што треба да гони и таа што треба да е гонета за случајот да добие некаква насока. Па каква е оваа слика која што се остава пред домашната и пред меѓународната јавност, особено кога се бара брзо расчистување на овој најголем скандал од високата корупција?Оштетени граѓани јавно преку телевизии посочуваат за грабеж од невладината на Боки 13, невладина со пола министри и владини функционери внатре, најавуваат приватни тужби гледајќи дека ништо не се случува за расчистување на овој скандал. Очигледно тоа е маската на рекетот, а здружението на Боки 13, Кики, на Фрики, на Коки, Зоки - Поки уште јасно вели, никој од таму не бил повикан од истрагата! Уште поочигледно е што тоа не им пречи ниту на невладината ниту пак на членовите на тоа здружение, како што реков половина се владини функционери што уште повеќе го засилува сомнежот во јавноста за некаква игра и поврзаност.Главата на државната мафија, главата на октоподот, главата на рекетот се уште се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец, додека Русковска обвинителството можеби смислено ја забошотува истрагата и се остава простор за бришење на траги, докази и влијание врз сведоци. Тоа е недозволиво, тоа е соучество и тоа мора да биде санкционирано.Македонија мора да биде земја на правото и на правдата, Македонија мора да се оттргне од листата на држави каде што владее државна мафија и цвета криминалот и високата корупција. На Македонија и е потребна обнова и таа ќе се случи а бројчаникот навистина ќе почне да врти, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со средства обезбедени од Центарот за развој на Скопски плански регион - Се реконструира улицата „Рилски Конгрес“

Oд денеска, започнува реконструкцијата на коловозот на улицата „Рилски Конгрес“ во делот на Општина Центар. Реконструкцијата на улицата следи откако на истата е утврдено значително оштетување на завршниот асфалтен слој.„Рилски Конгрес во својата постојна состојба е со оштетен завршен слој од асфалт, а на одредени делови оштетувањето е толку големо што го оневозможува нормалното одвивање на сообраќајот и ја загрозува безбедноста на возачите и пешаците. Токму поради тоа, започнуваме со реконструкција на улицата која во основа подразбира замена на постоечкиот завршен асфалтен слој. Проектот за реконструкција го опфаќа потегот од крстосниците со улица „Ѓорѓи Скрижевски“ од една страна до крстосницата со улица “Црниче“ од друга страна, односно делот од улицата кој се наоѓа на територија на Општина Центар, а средствата за реконструкција на улицата се обезбедени преку Центарот за развој на Скопскиот плански регион. – изјави Градоначаникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Реконструкцијата на улицата е предвидена да заврши во рок од една недела,  по што оваа улица треба да го даде соодветното ниво за безбедно одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај.„Согласно Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година донесена од Владата на Република Северна Македонија доделени се средства за финансирање на Скопскиот плански регион во вкупен износ од 20.789,773 денари. Скопскиот плански регион во моментов работи на шест проекти меѓу кој е и проектот за реконструкција на улицата „Рилски Конгрес“  - Локалитет „Тасино Чешмиче“ во делот на Општина Центар, за кој се издвоени средства во износ од 4.679.302 денари. Согласно Договорот за јавна набавка со изведувачот,  предвидено е градежните активности да се завршат во најкус можен рок поради нивото на безбедност како за локалното население, така и за граѓаните кои во целост ја користат оваа улица“ - изјави Љупчо Кец Мицковски, Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион.Паралелно, Општина Центар работи и на други капитални инфраструктурни проекти кои се однесуваат на реконструкција и рехабилитација на десетина улици и тротоари на територијата на општината. Станува збор за улици во населбите Водно, Буњаковец, Дебар Маало, Маџир Маало и Капиштец кај кои, во зависност од потребите, се спроведува обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа, како и замена на постоечка асфалтна површина.

Скопје | пред 6 години

lisici

Приведен дилер

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ во координација и соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за внатрешни работи – Битола реализираше случај на откривање на недозволена трговија со марихуана. На, 06.08., по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило “Мазда“ со велешки регистерски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја. Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење. Покрај ова, вчера по издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, беше извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д., при што пронајдена и одземена е марихуана. Против Д.Д., кој е лишен од слобода од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.

Македонија | пред 6 години

gazi-baba

Пешевска: Во гази Баба, вработувањата на партиски кадри не престанува, а долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа

Општина Гази Баба под раководство на СДСМ и Борче Георгиевски продолжува да се партизира и приватизира.  Општина во која наместо живот има стагнација, нереализирани проекти, услови за живот кои се далеку од нормални за времето во кое живееме.    Граѓаните се разочарани и се чувствуваат измамени бидејќи ветувањата на СДСМ и Борче Георгиевски останаа само слово на  хартија.  Но затоа вработувањата на партиски кадри не престанува, а за сметка на тоа долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа.Со еден збор како што милува деспотот Заев да каже блескаме, ама блескаме во делот на непотизам. Последно од низата на партиски вработувања, унапредувања и именување на директори со класичен пример за непотизам е поставувањето на директор на основното училиште „Наум Наумовски Борче“.Имено, новата директорка на ОУ „Наум Наумовски Борче“ е сестра на директорот на средното училиште „Михајло Пупин“. Братот директор, сестрата директорка.  Тoa e принципот на функционирање на СДСМ, роднински и тесно партиски. Граѓаните нема да останат неми на овие случувања и ќе го казнат лицемерното однесување на СДСМ.  Затоа што граѓаните на Гази Баба заслужуваат многу повеќе, истакна Жаклина Пешевска, пратеник од пратеничката група предводена од  ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.                                     

Скопје | пред 6 години

trska-1-1

МВР апелира: Не ги палете отпадоците и не фрлајте неизгаснати цигари - доколку предизвикате пожар следат ригорозни казни

Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа апелираме до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор.Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни казни односно затворска казни од шест месеци до осум години.Министерството за внатрешни работи презема координирани превентивни и други мерки, во месните заедници, со граѓански советодавни групи, навреме да се пресретнат овие појави, а во соработка со другите надлежни институции засилени се и контролно-репресивните активности.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Белата чума“ коси во Македонија , младите масовно се иселуваат

Според најновите информации дневно од 300 до 500 македонски граѓани се распрашуваат за работа во Германија преку социјалните мрежи.Токму овој податок го откриваат иселениците кои долго време живеат и работат во Германија. Еден од иселениците вели – „Дневно на социјалните мрежи за работа во Германија прашуваат од 300 до 500 луѓе. Луѓето се интересираат да дојдат и да се интегрираат во Германија.“Агенциите кои посредуваат за добивање работа во странство укажуваат дека најголемиот број на кандидати кои сакаат да заминат од Македонија се на возраст меѓу 19 и 25 години. Станува збор за млади луѓе кои тука не успеале да го продолжат образованието, како и за оние кои се стекнале со високо образование, но не успеале да се вработат.Но податоците велат дека во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.Најголем дел од граѓаните според кажувањата на иселениците се интересираат за работа со македонски пасош.Текстот во целост на: курир.мк

Македонија | пред 6 години

tamara

Тамара конечно се огласи: Интересно е што некои луѓе не те познаваат, а си дозволуваат да те коментираат

По завршувањето на Евровизија, Тамара ја следеа низа скандали. За сите еден по еден следуваа низа коментари по социјалните мрежи преку кои се упатуваа навреди и критики кон неа.Токму ова беше причина Тамара  одреден период да се дистанцира од социјлните мрежи. За тоа каде и што прави во моментов говорат последните  „стори“ на својот профил на Инстаграм и Фејсбук преку кои покажа дека се наоѓа во Гевгелија, родното место на нејзиниот сопруг Александар.Токму од таму таа објави порака, која како да им ја упати на сите душегрижници, а во споделената мисла се вели:-Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе, пишува во објавата на Тамара.

Коментари | пред 6 години

DSC_86191

Наместо во Македонски одморалишта, општина Карпош однесе 103 ученици на одмор во Грција

Општина Карпош утринава испрати 103 ученици на одмор во Грција во кампот „Александра“, соопшти општината. Станува збор за осум првенци на генерација, 38 ученици во социјален ризик и 57 спортисти.Градоначалникот Стефан Богоев за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ја одбрал дестинацијата во консултации со децата, родителите, наставниците и секторот за јавни дејности на општината, а годишнашниот одмор ја чини општината 1,8 милиони денари, што не е повеќе од минатите години, кога за одмор на учениците во Охрид и Струга се издвојувале од 1,5 до 2,2 милиони денари.Текстот во целост на: sdk.mk

Скопје | пред 6 години

zivko-cingo

Познат добитникот на наградата Живко Чинго

Расказот  “Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои’’ е победник на годинашниот конкурс за најдобар расказ, што го распишува Општина Охрид во чест на Живко Чинго.Комисијата во состав:  Проф. д-р Кристина Николовска – претседател  и проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски- членови, едногласно одлучи наградата Живко Чинго за 2019 година  да му се додели на расказот:  “Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои’’, под шифра: “ЕДИНАЕСЕТ’’.На Конкурсот за најдобар расказ “Живко Чинго’’, во предвидениот рок пристигнаа 41 расказ што  ги задоволуваа конкурсните критериуми. Од нив комисијата избра 14 раскази, а во потесен  круг влегоа и расказите “Африка’’ и “1317’’.Проф. д-р Кристина Николовска – претседател и проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго ДимоскиНаградeната творба се издвојува од другите по својата инвентивност, по успешното и издржано водење на нарацијата со која ја поттикнува фантазијата на читателот, со откривањето нови теми со кои се актуализираат дилемите  на современиот начин на живеење.Наградата на авторот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација, “Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи во неговото родно село Велгошти. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања