Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

OJO-javno-obvinitelstvo

ОЈО отвори истражна постапка против пет лица за незаконски вработувањето на партиски кадри

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело.Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата. Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за првоосомниченото лице, додека за тројца од останатите осомничени ќе биде побарано определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Македонија | пред 6 години

img

На луѓето не можеш да им угодиш, за да живееш среќно не се ни труди

Еден татко имал две ќерки. Едната била омажена за градинар, а другата за циглар.Еден ден таткото отишол да ја посети жената на градинарот и ја запрашал како и оди во животот.Се е во ред – му одговорила таа. Имам само една единствена желба: Да заврне силен дожд, за да пркнат растенијата на мојот сопруг.Следниот ден таткото отишол да ја посети својата помала ќерка. Ја запрашал и нека како и оди во животот.Таа исто така била задоволна но имала само една, единствена желба: Да не врне дожд, за да се исушат циглите кои ги произведувал нејзиниот сопруг.Таткото не рекол ништо и само си помислил:Луѓето имаат различни потреби, многу е тешко на сите да им угодиш.Совет: За да живееш среќно, не труди се да им угодиш на другите, и онака на крај нема да бидат задоволни, ни пак ќе ти кажат благодарам. Гледај си за себе и не мешај се во туѓи работи.Извор: Курир.мк

Магазин | пред 6 години

janeva-ruskovska

Богојески за „Рекет“: Доколку Јанева сака да има кредибилитет, треба да побара од Русковска да биде првообвинета

Груевизмот е се уште жив како форма на дејствување и функционирање, не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку општо, не само што не е поразен, туку е доминантен на политичката сцена во Македонија. Ова го изјави Петар Богојевски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ во Централниот дневник на 1ТВ и како што додава, тоа јасно се гледа во пизмата и нервозните реакции на политичките партии.-Не постои реална политичка конфронтација меѓу Заев и Мицкоски, освен некои конфронтации на лична основа. За мене вистинска конфронтација меѓу власта и опозицијата е која нуди подобри решенија за проблемите во државата. Ако имаме корупциски проблем, треба да најдеме подобро решение за судскиот систем, односно за Обвинителството. Ако имаме проблем во економијата, треба да понудиме како опозиција подобро решение во таа област, вели Богојевски и додава дека конфронтацијата од типот слушнато-недочуено или лична дискредитација на политичките лидери е под нивото на една европска политичка сцена.Тој вели дека имаме проблем со киднапирана држава од страна на политичките партии, затоа што нема тие што да бараат да одлучуваат за судбината на Катица Јанева, за која треба всушност да решава истражен судија и обвинителката Вилма Русковска.-Решението за иднината на Јавното обвинителство, односно на обвинителскиот систем на Р. Македонија треба да произлезе од стручни и компетентни лица, нешто што треба да најде поддршка кај сите политички партии, без тие директно или индиректно да вршат притисок на тоа ново решение, односно како ќе биде структуриран обвинителскиот систем во земјава, изјави Богојевски.Според него, СЈО беше политичко решение, а Катица Јанева, која беше поддржана и од екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, не го изгубила кредибилитетот поради афера во јавноста, туку во моментот кога самата не повикала на истрага и нејзиното име да се стави прво на листата за тој случај.-Доколку сака Катица Јанева да има трунка кредибилитет за понатаму да ја извршува нејзината професија, треба сама да побара од Русковска да биде првообвинета во случајот „Рекет“. А ако, како обвинета, ја докаже својата невиност, има полн кредибилитет да продолжи понатаму, вели Богојевски.

Македонија | пред 6 години

grehrjtdzdk-196814

Ексдиректорот на Централен регистар кој беше приведен е осомничен дека незаконски вработувал партиски кадри

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело.Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата. Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за првоосомниченото лице, додека за тројца од останатите осомничени ќе биде побарано определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Македонија | пред 6 години

brazil-mask-1-960x639

ВИДЕО: Нарко дилерот кој преправен во својата ќерка се обиде да избега од затвор пронајден мртов

Затворските власти во Бразил го пронашле мртов во ќелијата осудениот нарко дилер Клаувинја да Силва, три дека откако пропадна неговиот обид за бегство. Управата на затворот верува дека Де Силва се обесил, наведува БиБиСи.Тој пред неколку дена се обиде да избега од затвор така што на лицето навлече силиконска маска, стави перика и наочари и верувајќи дека доволно се маскирал тргнал да излезе од затвор.Да Силва се обидел да излезе така што се приклучил на група посетители, но еден од полицајците бил сомничав и побарал од него да ги извади наочарите, а потоа и периката.

Свет | пред 6 години

zaev-1-1

Српски медиуми: Заев и Харадинај соработуваат и имаат црни фондови за плаќање политичари

Српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извор од Приштина, пишува дека македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај тесно соработуваат, договорајќи да ги контролираат работите во Македонија и Косово, но и за создавање црни фондови кои треба да служат за плаќање на политичарите.Притоа, како што пренесуваат и останатите српски медиуми во изминатиот период, состаноците не биле само меѓу Заев и Харадинај како премиери, туку и нивните со нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај, кои присуствувале на одредени состаноци, брифира дипломатскиот извор во Приштина.– Додека Харадинај беше премиер договорено е да се создадат црни фондови што ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, со цел да се ублажат сите можни начини на блокирањето на патот на Македонија во ЕУ и НАТО. Сето ова е значајно за Албанците, кои имаат дел од власта во Скопје – вели истиот извор.За таа цел, како што пишува српскиот весник, македонските власти добија на подарок два милиони евра, наменети за одделни грчки политичари, чија работа е да кажат преку ЕУ дека немаат ништо против влезот на Македонија во ЕУ.– Договорите направени од Харадинај и Заев не се поврзани само со бизнис, туку и со армиите во Македонија и Косово. Договорено е финансирање на старешините на Албанци од Македонија,кои исто така, одат на Косово и од друга страна, да ги едуцираат офицерите на косовската армија на скопската Воена академија. Дел од трансферот на пари оди преку одделни компании – тврди дипломатски извор за весникот.Извор: Курир

Македонија | пред 6 години

granata

Граната од Втора Светска војна пронајдена на локалитетот „Стоби“

На 06.08.2019 во 15,00 часот било пријавено дека во Градско на локалитетот „Стоби“ од страна на работници кои го чистеле патот била пронајдена граната од постар тип (Втора Светска војна). Известен бил пиротехничар од ДЗС за нејзино подигање.  

Македонија | пред 6 години

morina

Адвокатот на Морина: Тој ќе биде ослободен. Чекаме одговор од Кривичниот суд на нашето барање за ослободување

Поминаа скоро две недели од апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, во Македонија. Тој беше уапсен од македонските власти по налогот за апсење од ИНТЕРПОЛ издаден од српската држава, пишува lajmi.net.Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија, но тоа прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Македонија.Сепак, одбраната на Морина не верува дека поранешниот војник на УЧК ќе биде екстрадиран во Србија.Дури и неговиот адвокат, Насер Рауфи, за lajmi.net изјави дека одговорот од Кривичниот суд се чека во секој момент, бидејќи поминаа шест дена од неговото процесирање. Тој рече дека нема да има екстрадицијата на Морина во Србија.– Тој ќе биде ослободен. Чекаме одговор од Кривичниот суд на нашето барање за ослободување во секое време. Поминаа шест дена откако го доставив. Нема да има екстрадиција, рече Рауфи за lajmi.net. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Велосипедист со тешки повреди пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“

На 06.08.2019  во 21,30 часот било пријавено дека на локален пат Скопје - Водно Г.А.(39) од Скопје управувајќи велосипед „Крос“, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Охрид, повредено едно лице

На 06.08.2019 во 13:30 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „7 ми Ноември“ патничко моторно возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од З.З.(64) од Охрид удрило во А.У.(29) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У., кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид.  Увид  на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Колку казни паднаа за еден ден за прекршување на сообраќајни правила?

Во текот на изминатиот ден (06.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол,11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетно дете и маж каснати од кучиња скитници

На 06.08.2019 во 20,15 часот во Полициската станица Аеродром С.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на улицата “Февруарски поход“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака. На 06.08.2019 година во 10,00 часот во Полициската станица Гази Баба И.Н.(38) од Скопје, пријавил дека на улицата “Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

zelen-karton

Приведен турски државјанин поради фалсификуван зелен картон

На 06.08.2019 во 23,40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во РСМакедонија, од страна на полициски службеници бил задржан  турскиот државјанин Е.Б.(56), кој управувал товарно моторно возило “Рено“ и полуприколка со турски национални ознаки., поради постоење основи на сомнение дека зелената карта која ја поседувал била фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за  понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-1-219117

52 годишна Турчинка сакала да помине на аеродром со фалсификуван пасош

На 07.08.2018 во 03,20 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ на излез од РСМакедонија, од страна на полициски службеници приведена била Х.К.(52) од Турција, поради постоење на основи на сомнение дека приложила фалсификувана патна исправа. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ-Север за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

karpalak-zaginati15

Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители кај Карпалак

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечер почнуваат чествувањата по повод 18-годишнината од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година зaгинаа 10 прилепски резервисти на АРМ.Пред спомен-обележјето на 10-те зaгинaти бpaнители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ во 18:00 часот цвеќе ќе положат делегации кои ќе им оддадат почит на зaгинaтите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на зaгинaтите apмиски резервисти и бpaнители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на тpaгично зaгинaтите бpaнители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото.Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој тpaгичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на зaгинaтите на нивните вечни пoчивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за зaгинaтите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го зaгyбија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа apмиски резервисти од Прилеп и околината.

Македонија | пред 6 години

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците ги добиваат своите картички за мерката „зелена нафта“, 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Распределбата на персонализирани картички за набавка на 30 отсто нафта за земјоделска механизација се одвива постојано и непречено.Се реализира клучната мерка „зелена нафта“ со која 200 милиони денари ќе се вратат назад кај земјоделците.55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација.Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари, а ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ гориво за земјоделската механизација.Со персонализираната картичка и со расположливата сума им се намалуваат трошоците на земјоделците и повеќе пари остануваат за нив.Со намалување на трошоците на земјоделците, се мотивира и поконкурентно производство, а земјоделците имаат шанса да го зголемат своето производство.

Македонија | пред 6 години

image

ВИДЕО: Ракетите кои ги лансираше Северна Кореја се предупредување за Трамп, вели Ким Џонг-ун

Северна Кореја соопшти дека лидерот Ким Џонг-ун надгледувал демонстрација на новоразвиените балистички ракети од среден дострел, за кои изјавил дека ќе бидат „адекватно предупредување“ за Соединетите американски држави и за Јужна Кореја, по повод нивните заеднички воени вежби.Соопштението го објави Централната новинска агенција еден ден откако јужнокорејската војска соопшти дека нејзиниот северен сосед испукал две ракети коишто паднале во морето.Вчерашното гаѓање беше четвртата проба на оружјето во Северна Кореја за помалку од две недели.Експертите велат дека тестирањето би можело да се засили, освен ако не се направи чекор напред во нуклеарните преговори со САД.Севернокорејска новинска агенција објави дека две ракети биле испукани од аеродромот на западната страна и дека прелетале над Пјонгјанг, пред да ја погодат целта на источниот брег.

Свет | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Препораки за ултра топлото време: Не палете отпад, не фрлајте догорчиња од цигари, стаклени шишиња

Поради најавите за топлотен бран Дирекција за заштита и спасување ги информира граѓаните, дека под влијание на многутопла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.Како што соопштија од УХМР особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.„Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита испасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно, ДЗС апелира до Локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и:-да не се фрлаат цигари и догорчиња;-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;-да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;-да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар:-да не се пали отпад и друг горлив материјал;-да не се палат стрништа и меѓи-имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.

Македонија | пред 6 години

YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Причината за експлозијата во складиштето за оружје во Сибир можеби е човечкиот фактор, вели руското Министерство за одбрана

Најмалку едно лице погинало во експлозијата која се случи во руското складиште за оружје во Сибир, велат од Истражниот комитет на Русија.Според нивните информации, повредени се 8 лица. Пожарот избувна во магацин, а детонацијата траеше неколку часа. Според експертите, останува опасноста од експлозии на индивидуална муниција. Пожарот е веќе изгаснат.Претходно, беа евакуирани жителите на населбите лоцирани на радиус од 20 км од воената единица. Во тој дел од Сибир живеат околу 6 илјади луѓе.Причините за несреќата засега се непознати, а првичните информации на руското Министерство за одбрана велат дека можеби е човечкиот фактор. Материјалната штета може да се процени нахнадно.

Свет | пред 6 години

67621079_1489616824509586_2242881146591379456_n

(ФОТО) Стружани „се удавија“ во нечистотија, ѓубре на секој агол, смрдеа и трулеж

За жал, голготата на стружани се уште продолжува! Струга и понатаму е удавена во нечистотија, ѓубре на секој агол, смрдеа и трулеж.Ова ли е нашата поетска Струга, ова ли е синоним за неа? Градот е претворен во депонија, од секој струшки сокак се шири смрдеа од гнилеж и ѓубре во изобилство, а уште пострашно е тоа што, во текот на ноќните часови, истото, некои од граѓаните го палат, за да се ослободат од него. Така ли треба да изгледа еден туристички центар во екот на летната сезона? Тоа ли го заслужува овој наш, прекрасен град, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.Жална е денешната слика на Струга! Истата е навистина загрижувачка, состојбата со (не)хигиената е видно влошена и негативно се одразува врз здравјето на граѓаните.И покрај претходната наша реакција, а секако, по барање и жалби на граѓаните, за подобрување на хигиената во градот, за жал, состојбата стана уште полоша, па дури и алармантна.Иако ЈП ,,Комунално", управувано од господинот Иван Клечкароски, кадар на СДСМ, демантираше дека Струга не е претворена во депонија и хигиената е на завидно ниво, сепак, сликата на терен не го покажува тоа.За наша несреќа, вистинската слика за Струга ја прикажуваат следните фотографии кои што се фотографирани од нашите загрижени сограѓани.Почитуван градоначаналнику, Вие и Вашите коалициони партнери од СДСМ, вака ли се грижите за Вашиот и Наш роден град, Струга?Потрудете се малку повеќе, нели стружани го заслужуваат тоа, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Македонија | пред 6 години

Fire-triggers-explosions-at-military-arms-depot-in-Siberia-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Пожарот во Сибир предизвикa експлозии во руското складиште за оружје

Пожарникарите во Сибир ги гасат пожарите на вкупно 163.100 хектари, соопшти денеска службата за заштита н а шуми.Како што се наведува, пожарникарите се борат со 78 пожари кој зафатија 110.082 хектари во регионот Иркутс и 69 пожари на 46.976 хектари.„И покрај изјавите на руските власти, областа на пожари во Сибир не се намалува. Според сликите на сателитите, има повеќе од 4,3 милиони хектари изгорени – површина колку што е московскиот регион “, се вели во изјавата на организацијата, цитирана од Европската унија.Во неделата, руското Министерство за одбрана објави дека интервенцијата на нивните авиони и хеликоптери што довела до „гаснење на 753 илјади хектари пожари“.Неколку дена порано, претседателот Владимир Путин нареди армијата да се приклучи на пожарникарите.Организациите за животна средина, како што е Гринпис, ги прогласија пожарите за „еколошка катастрофа“.

Свет | пред 6 години

zaev-cipras-pres-860x680

Варвициотис за историјата и Договорот од Преспа, кој го следи спроведувањето?

Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, откри алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Параполитика“, jави дописничката на МИА од Атина.„Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада, го следи проведувањето на овој договор“, рече Варвициотис во интервјуто.Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција додаде дека Договорот од Преспа е договор кој „не одговори на стандардите, на националните стандарди“ на грчката страна и објасни дека тие како влада, сега се справуваат со последиците, односно управуваат со спроведувањето на договорот и со „прашањето поврзано со грчките производи што го носат називот Македонија“.

Македонија | пред 6 години

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Неколку скопски населби остануваат без струја

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Сопиште, Зелениково и Кисела Вода.Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од место викано Под Брег во с. Горно Соње (Општина Сопиште), од 8:30 до 16 часот корисниците од с. Орешани, викенд-населбата Јане Сандански, ЖТП Орешани и фирмата Млекара Маско (Општина Зелениково), од 9 до 12 часот корисниците од непарните броеви од ул. Јанко Мишиќ, дел од ул. Дреновска Клисура од бр. 2 до бр. 10 и ул. Иван Хаџиниколов од бр. 89 до бр. 97 во населбата Драчево (општина Кисела Вода) и од 9 до 15:30 часот корисниците од дел од булеварот Борис Трајковски кај фирмите „Бато и Дивајн“, „Магнус’ и останатите фирми во околината во општина Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

japonija-toplo-vreme

Жешкото време уби 60 луѓе за 9 дена во Јапонија

Jапонската влада во вторникот соопшти дека од почетокот на минатата недела, врелото време во земјата предизвика смрт на скоро 60 лица, а уште 18.000 се испратени во болница, соопштија светските новински агенции.Топлинскиот бран донесе температури над 38 Целзиусови степени и го направи летото во 2019 година невообичаено жешко.Статистиката објавена од властите во Токио во вторникот укажува на 57 загинати и повеќе од 18.000 хоспитализирани.Најмалку 730 лица примени во болница ќе треба  да имаат подолг третман.

Свет | пред 6 години

sv-ana

Денеска се празнува Успение на Св. Ана, мајката на Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.Денеска е Успение на Св. Ана.Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања