Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

svinja

Низа превентивни мерки за болеста „свинска чума“ да не влезе во земјава

Министерството за земјоделство ги превзема сите мерки да спречи болеста „свинска чума“ да влезе во земјава. На граничните премини веќе е забрането да се внесуваат сувомесни производи што содржат свинско месо, бидејќи и тие можат да бидат потенцијален пренесувач на заразата.А како што најави министерот за земјоделство, ова министерство со првите луѓе на Агенцијата за храна и Јавното претпријатие за паркинзи веќе разговарало за нови превентивни мерки, поточно една од нив е да се контролира и отпадот од туристите низ паркинзите.„Разговаравме со АХВ и со ЈП за паркинзите, каде треба да се внимава, бидејќи сега на минување имаме туристи кои ќе застанат на паркинг, кои може да користат вакви намирници, и потоа ги оставаат во контењер, исто така се работи и на таа организација“, вели Трајан Димовски, министер за земјоделство.Отстрелот на дивите свињи кои се најчести преносители се дозволи два месеци порано, а во оние ловишта на кои им се одземени концесиите, ловните дозволи ќе ги издава ЈП Македонски шуми.Инаку болеста коси во соседна Бугарија. Поради тоа убиени се над 120.000 свињи. Штом болеста се појави се уништува цела фарма и потоа се прогласува карантин од 9 месеци, нема ни вакцина што би помогнала. Штетите тамошните медиуми ги процениле на 300 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

pasos

РТС: На Косово не може да се влезе со српски пасош

Дирекцијата на граничната служба на косовската полиција донела одлука за непризнавање на српските пасоши при влез на територијата на Косово, јави РТС повикувајќи се на извори во косовската полиција.Според одлука на граничната полиција, забраната за влез не се однесува на лица кои поседуваат лична карта и извод за деца со фотографија. Одлуката на граничната полиција е донесена без знаење на косовскиот минстер за внатрешни работи и без вообичаена процедура за известување на граѓаните.Според полицијата одлуката е во согласност со Бриселскиот договор од 2011 година кој не забранува користење пасош како документ за движење.

Свет | пред 6 години

67942264_2837998282896971_5045624946802294784_n

ФОТО: Полицајци врзнаа Американец со јаже и го шетаа низ градот

На социјалните мрежи објавени се фотографии од полицајци на коњи кои низ градот водат Афроамериканец врзан со јаже. Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстоун. Бидејќи немале патролно возило, полицајците врзале јаже за лисиците и го повеле со себе 43-годишниот маж.Тоа предизвика револт, особено кај Афроамериканците на социјалните мрежи, кои навеле дека таа сцена ги потсетила на периодот на ропството о 19 век.Шефот на локалната полиција се извинил и навел дека приведувањето претставувало „непотребно посрамотување“.„Верувам дека нашите полицајци лошо процениле во овој случај и дека можеле да почекаат друга единица со автомобили“ навел шефот на полицијата и додал дека полицајците немале лоша намера.Приведениот маж подоцна бил ослободен со кауција.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Температура до 38 степени, со умерен ветер

Времето денес ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 18, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9Во Скопје сончево и топло. Температурата 17/37 степени.Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Над 60% од граѓаните не веруваат во медиумите

Најновото истражување на Евробарометар за 2019 година, покажува дека недовербата во однос на ланската година се зголемила за 10 процентиДури 62 отсто од македонските граѓани немаат доверба во медиумите во земјава. Најновото истражување на Евробарометар за 2019 година, покажува дека недовербата во однос на ланската година се зголемила за 10 проценти.Од Синдикатот на новинари и медиумски работници рекоа дека со оглед на долгогодишното уривање на медиумскиот простор во Северна Македонија не изненадува податокот дека недовербата во медиумите расте.Повеќе прочитајте тука.

Македонија | пред 6 години

brenton-tarrant-new-zealand-mosque-shooting-video

Избришан форумот каде терористите од Тексас и Австралија најавија убиства

Масовниот убиец од Ел Пасо во Тексас своите убиства ги најави во манифест, кој го објави на екстремно десничарскиот форум на интернет „8чан“, само 45 минути пред да почне со крвавиот поход во кој уби 22 луѓе.Овој форум вчера повторно беше изгасен, по неговото исклучување во неделата вечерта.Пред да го објави својот расистички манифест, Патрик Крусиус од Тексас, истотo го стори и Австралиецот Брентот Тарант, пред да убие 50 муслимански верници во две џамии во Крајстчерч во Нов Зеланд. Тој на „8чан“ споделил и линк од преносот во живо кој беше емитуван на Фејсбук.Едниот во име на белата раса изврши убиства врз муслиманите, а другиот над ЛатиноАмериканците.

Свет | пред 6 години

pilot

Пилот и копилот уапсени поради сомневање дека летале пијани или дрогирани

Пилот на „Јунајтед ерлајнс“ се појави пред суд откако беше уапсен во Шкотска, поради преголемо количество на алкохол во крвта, а поради тоа бил одложен летот од Глазгов до Њујорк.Глендобн Гуливер (61) не се изјаснил за вината, а судот му одобрил кауција, пренесе АП.Гуливер и неговиот 45-годишен копилот биле уапсени во неделата под сомнение дека биле под влијание на алкохол или дрога, а летот од аеродромот во Глазгов за Њујорк бил одложен во Њу Џерси.Копилотот е пуштен без обвинение пред денешното сослушување.Границата за алкохол во крвта за пилотите е 9 микрограми алкохол на 100 милилитри воздух од белите дробови, што е за 22 микрограми помалку отколку за возачитево Шкотска.Пред две години, дваца пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ добија затворски казни поради зголемен процент на алкохол пред летот на аеродромот во Глазгов.

Свет | пред 6 години

o-JON-HUNTSMAN-REPUBLICAN-PRIMARY-facebook

Амбасадорот на САД во Русија поднесе оставка

Амбасадорот на САД во Русија, Џон Хантсман му ја предаде својата оставка на американскиот претседател Доналд Трамп.Тој планира да ја напушти својата функција на 3 октомври, за да има доволно време да се именува и потврди неговиот наследник, напишал Хантсман.Педесет и девет годишниот Хантсман е американски амбасадор во Русија од 3 октомври 2017 година. Тој претходно бил амбасадор во Кина и Сингапур, а исто така работел и како заменик трговски претставник и гувернер на државата Јута.

Свет | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски за „Рекет“: Каде се парите?

Новинарот Геровски, кој прв ја отвори аферата за „Рекет“, за Канал5 вели дека недостасува клучниот одговор – каде се парите.Героски порачува органите на прогонот да не спијат и да ги проверат сите шпекулации за можна вмешаност на институциите во рекетот.“Ова што го видовме, овие договори, сепак укажуваат на сериозни сомневања за криминални дејствија. Мислам дека Финансиската полиција заедно со УЈП многу брзо ќе си го сменат мислењето“, вели Геровски за Канал 5 ТВ.Дали и во која насока ќе има проширување на истрагата за случајот „Рекет“ се очекува да биде појасно по враќањето од годишен одмор на обвинителката Русковска, во втората половина на август.

Коментари | пред 6 години

lekovi-apteki

Ќе можат ли лековите на рецепти наместо болниот, да ги зема друго лице?

Од денес стапи на сила мерката на Владата за укинување на квотите на лековите во туристичките места во земјата. Од 1 септември се очекува мерката да стапи на сила во цела територија на Северна Македонија. Лековите кои се во позитивната листа ќе бидат пристапни цело време за пациентите и трошоците ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување.Доколку болниот не е во можност сам да оди во аптека, терапијата во негово име може да земе и друг кој исто така ќе мора да покаже документ за идентификација. Соопштението на Фондот е еден ден по изјавата на министерот Филипче дека дека пациентот на кој му е пропишан лекот, лично ќе оди во аптека да го подигне што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.-Ќе има пратење на лекот, лично доаѓа во аптека оној на кој лекот е пропишан а работиме и на решение за оние кои неможат да дојдат во аптека, изјави ФилипчеФилипче,пак, денеска со дообјаснување - објави стаутс на фб  дека начинот на издавање на лекови останува ист како и досега.- Со укинувањето на квотите во аптеките го надминуваме проблемот со недостаток на лекови. Отсега, лековите ги правиме подостапни за пациентите и изнаоѓаме контролни механизми за да нема злоупотреби.Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства, пишува Филипче на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Меѓународниот сојуз на Боки 13 вели дека парите на бизнисмените се користени за организацијата, а ќути за средствата земени од бабата

Невладината меѓународен сојуз, на Бојан Јовановски вели дека работи законски. Ниту еден член на невладината организација меѓународен сојуз или лице поврзано со оваа невладина, не е повикано од органите на прогонот, поради наводно незаконито работење.Ова, во соопштение до јавноста, го пишува попретседателката на невладината, Јасна Ерцеговиќ, откако претседателот на сојузот, Бојан Јовановски е во притвор, како прво-осомничен за случајот Рекет.Во соопштението пишува дека парите земени од бизнисмените се искористени исклучиво за целите на организацијата а парите што беа префрлени на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, веќе биле предмет на истрага на финансиската полиција и како што пишува ерцеговиќ, било утврдено дека трансакцијата е законска, и истрагата е сопрена.Ерцеговиќ, во соопштението не одговара на обвинувањата на Тодоровска дека била ограбена, затоа што сите пари и биле земени, веднаш штом биле подигнати од банката.

Македонија | пред 6 години

Arafat-Muaremi

Приведен е ексдиректорот на Централен регистар, Финансиската полиција не ја кажува причината

Поранешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски е приведен, а уште четири лица кои биле на раководни функции во времето на Поповски се под истрага на управата за финансиска полиција.Од Финансовата полиција нема информации каков финансиски криминал направил Поповски. Всушност, нема никаква информација оттаму, приведувањето неофицијално беше потврдено од МВР, чија полиција само асистирала.

Македонија | пред 6 години

filipce-cair

Филипче не е загрижен за отказот на Чадиковски и неговиот тим: Лечењето продолжува во приватната болница

Третманот на децата продолжува во клиниката на Жан Митрев, вели за ТВ 24 министерот за здравство Венко Филипче и покрај отказот на детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски од болницата „Жан Митрев“ и најавата дека од утре следуваат откази и на останатите десетина луѓе од тимот на Чадиковски.Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, бил разочаран поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Пукна“ јавното-приватно здравство: Чадиковски 10 членови на тимот заминуваат од клиниката Жан Митрев

По пет месеци, детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев. Освен Чадиковски, откази најавуваат и десетина други членови на тимот кои преминаа од државната во приватната болница, како дел од јавно-приватно партнерство.Неофицијално, причината е тоа што не биле исполнети ветените услови, но и различните мислења во однос на функционирањето на Чадиковски и Митрев.

Македонија | пред 6 години

matka1111

Градоначалникот на Сарај ќе ја тужи Антикорупциска побара кривична одговорнсот за него

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за Канал 5 изјави дека Антикорупциска вршела политичка хајка врз него.Од Антикорупциска утврдија дека Беџети воопшто не решавал по барањата за легализација на дивите платформи на Матка и дека законот не дозволува да се градат такви објекти.Беџети рече дека ќе ја бара правдата на суд бидејќи не чувствува вина за спорните платформи.Градоначалникот вели дека неговиот случај е со цел да се дефокусира јавноста од другите случувањаИзвор: Канал 5.

Скопје | пред 6 години

krsto-mukovski

Крсто Мукоски до Катица Јанева: Госпоѓо на што личи ова, вие не живеете во реален свет

Додека се се погласни гласините дека 8-те пратеници ќе го поддржат новиот закон за ЈО со кој ќе треба да се основа новото СЈО, на социјалните мрежи се споделува видео од говор на пратеникот Крсто Муковски од 2016 година, кога тој беше дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна беше исфрлен од партијата.Муковски во 2016 година велеше дека нема да ја поддржи работата на СЈО, а со тоа, се поставува прашањето, дали сега ќе гласа за формирање на новото обвинителство кое ќе треба да го замени СЈО.„Се обидов да го кажам тоа што од душа го мислев. Госпоѓо Катица Јанева никој од ова Собрание нема намера да ве навреди. Сите ние чувствуваме обврска да на вас ви поставиме прашања кои го мачат народот. Госпоѓо, вие сте создадени од овие 115 пратеници, а ние сме создадени од македонските граѓани, без разлика сме од ВМРО или СДСМ. Со вашиот досегашен однос кон јавноста, со вашите извештаи, госпоѓо на што личи ова, 16 страни имате, ги броев, 6 страни имате кажувате како сте имале потешкотии да се преместите од една улица на друга улица. Па госпоѓо не се условите царски за да дадете квалитетен извештај.Застанете работете според правото и правдата. Не оправдавте никакво очекување. Ниту со стручност, ниту со домаќинско работење. Крсто Мукоски нема да даде никаква поддршка ниту за вас, ниту за СЈО, јасно и гласно кажувам, рече Мукоски во своето обраќање до Катица Јанева во 2016 во Собранието на државата.Во продолжение видеото од обраќањето на Мукоски:

Македонија | пред 6 години

morison

Почина нобеловката Тони Морисон

Американската писателка Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература, почина на 88-годишна возраст. Семејството на Морисон потврди дека писателката починала по кратка болест.Морисон е прва Афроамериканка која добила Нобелова награда.Шведската академија ја награди во 1993 година за „употреба на јазикот и визионерска сила“.За романот „Сакани“, во кој мајката мора да направи трагичен избор дали да го убие бебето за да го спаси девојчето од ропство, таа доби Пулицерова награда во 1988 година.

Магазин | пред 6 години

avion-na-pink

(ВИДЕО) Се запали приватниот авион на Пинк во Данска!

Приватниот авион на ѕвездата Алесија Бет Мур, позната како Пинк, се сруши при слетување на данскиот аеродром Аархус.Во авионот биле четворица американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин и пилоти од Германија, Австрија и германска стјуардеса. Пинк не била во авионот.“Цесната 560 ХЛ“ летала од Норвешка, а пожарот избил неколку минути при слетувањето. Со невројатно среќа и способноста на пилотот, никој од 10-те патници не е потешко повреден.Како што пишува Метро, Пинк сепак ќе го оддржи концертот кој е заакажен за утре.  

Магазин | пред 6 години

vozi-i-pusi

Големи казни во Грција ако возите и пушите

Возачите на такси, автобус или некое друго превозно средство во Грција, а кои пушат додека се на работа, ќе бидат казнети со 1500 евра и одземање на дозволата на месец дена.Во исто време, ако во возилото има дете под 12 години, казната ќе се зголеми до 3.000 евра.Со парична казна од 1.500 евра и одземање возачка дозвола ќе бидат казнети и возачите на приватни автомобили кои пушат додека возат свои деца под 12 години.На возачите, наводно, ќе им биде наплатена иста казна ако во нивниот автомобил има пушач. 

Свет | пред 6 години

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле?

Зоран Заев и СДСМ наместо да обезбедат откуп и подобри откупни цени на земјоделските производи, со новиот Закон за земјоделско земјиште им даваат можност на нивните партиски шефови да градат кафани, ресторани и спортски терени дури и на земјоделско земјиште од прва категорија. Ова значи дека среде кочанско, струмичко или пелагониско поле наместо садење подобри култури и подобрување на условите за одгледување на земјоделски култури ќе никнуваат кафани и ресторани. Ова не е во полза на земјоделците, ова е во полза на партиските моќници на СДСМ, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Дури и министерот Димковски на денешната прес конференција не веруваше во лагите кои ги читаше и не успеа да го покрие криминалот кој што ќе се случува во иднина со земјоделското земјиште во Република Македонија.Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле? Кој треба да се офајди и за кого правите дупки во Законот за земјоделско земјиште?Со новиот Закон за земјоделско земјиште и измените во делот на градење, не се помага на земјоделците, чии реални потреби се изградба на земјоделски објекти, помошни објекти за вршење на земјоделска дејност како силоси и складишта и други објекти, туку се отвора можност за изградба на угостителски објекти и објекти за спортско рекреативни активности на земјоделско земјиште.Почитувани,Според сите нормативи, но и се поголемата потреба од земјоделско земјиште и производство на храна за одржување на земјоделското земјиште врвен приоритет во светот е истото. Истото треба да се користи за производство на храна, а не за подигање на кафеани, ресторани, хотели, спортски терени и други објекти од неземјоделска дејност.Почитувани,СДСМ две ипол години со прст не мрдна  да го подобри откупот и да влијае на зголемување на откупните цени на земјоделските производи во Република Македонија. Сега СДСМ откако сите земјоделци ги исекоа своите стебла јаболка, сливи и други земјоделски култури се расфрлаат со чист популизам преку новиот Закон земјоделско земјиште, без кои не нудат конкретни решенија.Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи,  две ипол години земјоделците плачат од безидејноста на СДСМ и кадрите на СДСМ.Нема подобри услови за земјоделците, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

DSC05447

Повеќе средства од министертсвото за локална самоуправа за Пелагонискиот регион

На 15-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, покрај редовните точки на дневен ред, се потпиша Договорот помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа во Пелагонискиот плански регион.„Она што е специфично и што би сакала да го нагласам е тоа што имаме повеќекратно зголемување на сума на поддршка од страна на централната власт кон единиците на локалната самоуправа. Она што во 2017 година било сума од 3,5 милиони евра, оваа година е 7 милиони евра, што покажува дека навистина оваа власт, оваа влада е спремна финансиски да им дава поддршка на општините во функција на нивниот развој. Дискутиравме и за статусот на проектите кои што ги имаме во 2019 година, меѓутоа и перспективно како може да гледаме за подобрување на активностите кои што ги имаме во единиците на локалната самоуправа и министерството, за да во следниот период практично имаме уште поголема успешност во аплицирање на проекти и реализација на истите“ рече претседателката на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и градоначалник на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.На седницата се разговараше и за активностите на Министерството за локална самоуправа, за финансиската поддршка кое е дадена од нивна страна за искористувањето на ИПА фондовите за прекугранична соработка.„Оваа година министерството одвои 48 милиони денари за реализирање на 15 проекти од Пелагонискиот плански регион. Денес ги потпишавме договорите за соработка и дел се средстсва како поддршка од министерството за оперативните трошоци, а дел ја финансираме нивната работа за изработка на проекти кои ќе ги алицираат следната година за финансиска поддршка од државата. И самите општини се обврзани да го финансираат Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а денес градоначалниците ги потпишуваат договорите за финансирање. Јас како министер кој што доаѓа од Битола и со градоначалничката и со другите градоначалници ќе лобираме за повеќе средства во регионот, особено за некој дополнителен проект во Битола“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче изрази задоволство од поддршката која ја добива Центарот од страна на градначалничката Петровска и министерот Милевски.„Се трудиме да добиеме повеќе проекти за овој регион, да го подобриме животот на сите граѓани на овој регион, а тоа е напредок. Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој изминативе две години ги зголеми средствата за 20-30%, а имаме најава дека ваквата тенденција ќе продолжи и во наредните години. Во тек се 8 проекти кои што моментално ги работиме на терен преку Бирото, а три проекти се од меѓуграничната соработка со Грција. Имаме проекти и преку Министерството за земјоделие, како и соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој“, посочи Видимче.Во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион учествуваат градоначалниците на 9-те општини од регионот, односно Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.  

Македонија | пред 6 години

stanovi

ЕВН за пожарот во кој изгореа шест стана во Гевгелија

Пожарот во станбената зграда во Гевгелија, во кој вчера целосно изгореа шест стана од поткровјето на последниот шести кат, според извршениот увид од страна на Дирекцијата за спасување и заштита, го предизвикала вклучена греалка во еден од становите. Станот е во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а подстанарот го напуштил откако му била исклучена струјата од ЕВН, велат соседите од оштетената зграда. По оваа информација се огласија од ЕВН:„Повторното приклучување на корисниците на мрежата на Електродистрибуција е секојдневна активност на екипите од секој Кориснички енерго центар на компанијата. Почитувајќи ги законските одредби и интерните процедури, вработените на Електродистрибуција секој ден вршат по стотици повторни приклучоци на ниво на целата држава. Во конкретниот случај, корисникот кој е исклучен, по наплата на долгот за потрошена електрична енергија и износот за повторен приклучок, е приклучен во мрежата.Екипите на Електродистрибуција се обврзани со рок да постапат согласно налогот за повторен приклучок, кој се издава непосредно по плаќањето - барањето за повторен приклучок од страна на исклучениот корисник.Во моментот на приклучување на корисникот, на мерното место не беше констатиран никаков дефект. Вработените кои излегуваат на терен не се во можност да знаат како корисниците ја користат електричната енергија во нивните домови, правилното и разумно користење на електричните апарати во домаќинствата е одговорност на самите корисници“, се вели во соопштението од ЕВН.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Со закана одзело пари од вработена во фирма во Скопје

На 05.08.2019 година околу 12,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во фирма, едно лице со закана одзело пари од вработената . Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

stop-policija

СВР Тетово затекна низа неправилности по градските сообраќајници

Во текот на јули  годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 1896 сообраќајни прекршоци.Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 109 возила и 259 возачи.Седумдесет и едно исклучено возило имало истечена регистрација, кај 37 била утврдена техничка неисправност и кај едно  претовар. Најмногу од исклучените возачи,пак, ( 129 ) управувале без возачка дозвола, 54 управувале под дејство на алкохол, 70 возачи-почетници не се придржувале на законски предвидените ограничувања, а шест управувале со важечка забрана. Во овој период ( јули годинава ), на поширокото гостиварско подрачје откриени и законски санкционирани се 1071 сообраќајни прекршоци. Во јули од сообраќај биле исклучени 107 возила и 127 возачи.Од исклучените возила, 62 имале истечена регистрација, 39 техничка неисправност, шест претовар.108 од исклучените возачи управувале беа положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, петмина управувале под дејство на алкохол,7 возачи-почетници и 7 мотоциклисти не користеле заштитна кацига.

Македонија | пред 6 години

lisici

Во угостиелски објект пронајдени две лица и предадени на отсекот за прекуграничен криминал

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер ( 5 август ) од 23 до 23 часот и 40 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на 42-годишниот тетовец А.Б. При контролата биле приведени Е.Б.(25) од Република Албанија и М.П.(32) од Република Србија. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања