Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

nlb

НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-маил пораки

НЛБ Банка АД Скопје известува дека во текот на денот се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил.Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk>, со предмет на порака: Интербанкарна трансферна исплата/TT-payment.Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk> со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.Со почит,НЛБ Банка АД Скопје

Македонија | пред 6 години

telo-zena-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Мртвата жена пронајдена во Скопје била фрлена меѓу мртви животни

Полицијата и обвинителството соопштија дека во близина на селото Горно Оризари (општина Шуто Оризари) е најдено мртво тело на жена во црна најлон кеса.Засега нема повеќе детали за истрагата. Идентитетот на жената се уште не е откриен.На местото на кое е најдено телото всушност има дива депонија. Екипата на Телма на лице место ја пречекаа остатоци од животни, глави од крави, коски од животни и остатоци и непријатна и одвратна смрдеа, објави Телма.Текстот во целост на: Телма.мк

Слајдер | пред 6 години

policija-bitola

(ХИТ ФОТО) Еве како се пополнуваат документи во битолската полициска станица

На социјалните мрежи се појави фотографија од полициската станица во Битола каде девојка се обидува да пополнува документи.  Полицијата наместо и понудат столче на девојката, тие ја гледаат додека таа ги пополнува документите.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Пронајдени и лишени од слобода осум лица за кои имало наредба за одлежување казна затвор

Денеска Криминалистичка полиција и ОСПО при МВР, во координација и соработка со НК за КР ПС-Прилеп, а по претходно изготвен план, спроведоа оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп.Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи. Oд слобода се лишени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп; Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп; А.А. (37) седуммесечна казна во КПУ Идризово; С.М. (37) едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна - КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.

Македонија | пред 6 години

semejstvo-1

(ФОТО) Српско семејство загина на автопат во Германија

Ангела М. (19), нејзиното момче и вујко загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во неделата на автопат во Германија, а лекарите се борат за животот на нејзиниот роден брат (14), додека повредениот татко на Ангела, Миле (46) е во стабилна состојба.Семејството кое доживеа страшна трагедија, живееше во Брза, село во близина на Лесковац. Ангела во јули по завршувањето на средно училиште во Белград, заминала во Германија каде што живееле нејзините родители, како и помладиот брат.Во Белград Ангела живеела кај бабата, а завршила мултимедијална насока во едно училиште. Ова лето заминала кај родителите и требало да ги среди документите како и тоа да најде работа.Како што пренесоа германските медуми, трагедијата се случила кога возачот на „форд“, во кој се наоѓале загинатите Срби, удрил во знак Стоп, а потоа се одбил и удрил во автомобил „голф“ и го отфрлил кон „пежо“. Зад воланот на фордот бил Миле, таткото на Ангела.

Свет | пред 6 години

poplavi-skopje

(ВИДЕО) Три години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица

Денеска навршуваат три години од страшното невреме кое го зафати Скопје. Во поплавите загинаа 22 лица. Трагедијата започна на 6 ти август 2016, во попладневните часови кога целиот скопски регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: Зборот важи, укинати се квотите за лекови во аптеките во туристички региони

Започнува реализација на уште едно клучно ветување, важно за граѓаните. Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, нашите туристички места, каде во периодот е зголемена фреквенцијата на луѓе. Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите што треба да се случи во следниот месец. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам за борба против злоупотреби,истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел граѓаните да имаат пристап до лековите преку целиот месец. Наскоро започнува и официјалната  административна процедура на вклучување на сите аптеки во мрежата на здравствени установи и нивно вмрежување. Со тоа се зголемува бројот на аптеки кои ќе нудат лекови на рецепт со што лековите ги правиме лесно достапни за граѓаните.Очекуваме дека во овој период мерката спроведена во неколку општини да даде реален резултат, да се олесни прстапот до лековите, да се лоцираат и отстранат евентуални недоследности и веќе од есенва, квотите во аптеките низ целата држава да бидат укинато. Како одговорна партија продолжуваме со спроведување на мерки и политики коишто го унапредуваат здравствениот систем и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита во интерес на граѓаните, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

telo

Во рок од 24 часа во Македонија пронајдени две безживотни тела

Вчера попладне во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило, а другото безживотно женско тело е пронајдено оставено во црна кеса во селото Горно Оризари.Два трупа пронајдени во рок од 24 часа ја вознемирија македонската јавност. Случајот кај Турија го потврди МВР во изјава што ја пренесоа повеќе македонски медиуми, информирајќи дека трупот е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.Во вториот случај, вработен во Комуналното претпријатие во Скопје, наишол на црна пластична кеса со безживотно тело, додека патувал кон селото Горно Оризари.Инаку за многу кратко време ова е втор случај на пронајдено мртво тело во струмичката акумулација.Кон крајот на јуни телото на струмичанецот Ристо Иљашев е пронајдено во метално буре исто така во водите на браната Турија.

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Шест стана изгореа поради вклучена греалка сред лето

Шест стана изгореле од пожарот што пред шест дена (на 30 јули) избувнал во колективната станбена зграда на улица „Ристо Чавдаров" во Гевгелија. Станарите од оваа зграда сѐ уште немаат струја и вода, а еден од нив вели дека токму екипа на ЕВН била виновна за избувнување на пожарот, објави мкд.мк.МВР по извршениот увид соопшти дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите. Вклучена греалка во јули на температури над 30 Целзиусови степени? Многу прашања отвори ова соопштение на МВР за причината на пожарот.Станарите од поткровјето на оваа зграда останаа без своите станови, а цела зграда веќе пет дена немаат ни вода ни струја.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

deca-posebni-potrebi

Град Скопје бара 16 нови асистенти за средношколците со посебни потреби

Град Скопје денеска објави Јавен повик за ангажирање 16 асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје.Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 5 до 16 август.Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност; лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; жени припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот  и родители на 3 и на повеќе деца.Заинтересираните невработени лица детални информации за Програмата ОКР можат да добијат во Град Скопје, Сектор за образование од 08:30 до 16:30 часот, секој ден кај лицето Султана Чулева на телефонскиот број 02 3297-323, Општински координатор на програмата „Општинско-корисна работа“. 

Скопје | пред 6 години

telo

Ужас во Скопје: Девојка спакувана во црна кеса и фрлена, телото го открил вработен во „Комуналец“

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје додека патувал кон селото Горно Оризари доцна синоќа наишол на црна пластична кеса со тело во истата, објави „Алсат“.Случајот веднаш бил пријавен во полиција, каде екипи од секторот за внатрешни работи ја подигнале торбата и ја предале на судска медицина, како што наредил обвинителот.По отворањето на пластичната ќеса, откриено е дека станува збор за безживотно тело на девојка, чиј идентитет и возраст сè уште не се утврдени.Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжи во наредните денови.

Скопје | пред 6 години

0CAZ2LFVA-1200x545_c

Хорор: Тинејџер бутнал дете од 10 кат, обвинет е за обид за убиство

Британската полиција го обвини седумнаесетгодишникот кој турна 6-годишно момче од 10 кат во лондонската галерија „Тејт модерн“, за обид за убиство.Тинејџерот е уапсен откако шестгодишното момче беше најдено на платформа на петтиот кат, откако било турнато и паѓало надолу. Момчето е во болница и е во стабилна состојба, но критично, јави Ројтерс.Полицијата во соопштението наведе дека 17-годипникот останал на платформата на 10 кат со останатите посетители откако детето паднало и ништо не укажува дека тие се познавале.

Свет | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Скопјани не можат да спијат од хормоналните возачи и нивната бучава

Иритирачките звуци на мотоциклите и автомобилите што со голема брзина се движат по скопските булевари се секојдневје за скопјани. Бучавата што ја прават возилата, особено од туража при трки по улиците, носат задоволство само за оние неколкумина што се дрзнале да се мерат кој е побрз или повешт возач на мотор или автомобил. За сите други – тие се проблем, пишува Независен.мк.– Живеам на седми кат во кулите спроти Олимписки базен. Бучавата од автомобили е константна. Не сопира ни во ноќните часови. На крстосницата кај Црвен крст постојано е метеж. Колоната возила стигнува и до мојата зграда, што е околу 200 метри. Покрај бучавата од возила има и нервозни возачи што свират. Како дома да ми се, се слуша. Особено гласно е во попладневните часови кога сите се враќаат од работа – вели Александар М. Додава дека ноќе неретко поминуваат мотори кои по булеварот возат со огромна брзина, а тоа прави неподнослива, вознемирувачка бучава.Прочитајте ја целата сторија тука.

Скопје | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Внимавајте што јадете на топлото време, избегнувајте ја оваа храна!

Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење.За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, се вели во препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство за консумирање безбедна храна и за заштита на животните во услови на високи температури.Во нив се додава да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како што е месото, млекото јајцата и друго, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се одбегнува купување  разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач.Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат.По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа. Ако се јаде во угостителските објекти, водете сметка тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи и слично.Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја! Порастот на температурите претставува стрес за секое животно кој може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, укажуваат од Агенцијата.Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се дејствува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури дополнително придонесува за влошување на состојбата.Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција.Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.Сопствениците на домашни миленици животните да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце, а треба да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.

Магазин | пред 6 години

krvodaritelska-akcija

Дарувајте крв во Делчево, почнува крводарителската акција

Крводарителска акција ќе се одржи на 8 август во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево.– Продолжуваме со нашите акции кои овој пат се совпаѓаат со одбележувањето на Св.Пантелејмон кој бил познат како народен лекар и со тоа на некој начин ја нарекуваме празнична крводарителска акција. Акцијата в четврток е осма по ред оваа година и очекуваме да има голем број дарители, вели претседателката на делчевскиот Црвен крст, Билјана Георгиевска.Посочи дека годишниот план за крводарување е реализиран околу 80 проценти.– За целосно остварување на тоа што го имаме планирано имаме уште неколку крводарителски акции до крајот на годината со крводарителите од Делчево и Македонска Каменица, што ќе биде доволен период да ја надминеме бројката од 700 крвни единици, која минатата година ја остваривме, додаде Георгиевска.

Македонија | пред 6 години

Google-Chrome

(ВИДЕО) Една година од отворањето на групниот дом Тимјаник: Локалното население ги прифаќаат децата

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објави видео по повод една година од отворањето на групниот дом во Тимјаник во кој се згрижија деца од Специјалниот завод во Демир Капија. Министерката со ова кратко видео сакаше да го покаже напредокот и прифаќањето на децата од локалното население, со оглед на протестите што претходеа минатата година. Тогаш жителите на Тимајник во страв и паника како ќе влијае присуството на децата со попреченост на нивните деца, со омраза и бурни реакции се обидоа да го спречат отворањето на домот.

Македонија | пред 6 години

hirosima

74 години од нуклеарниот напад на Хирошима кој одзеде 140.000 животи

Денеска навршуваат 74 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија атомска бомба на градот Хирошима и ја принудија Јапонија на капитулација, со што заврши Втората светска војна.Во бомбардирањето на 6 август, 1945 година во еден миг загинаа 140.000 луѓе, а тука не се вбројуваат жртвите кои настрадаа од радијацијата и кои подоцна подлегнале на повредите.Нападот со атомска бомба бил извршен по наредба на тогашниот претседател на САД Хари Труман. 

Свет | пред 6 години

Levica

Левица: Со новиот закон се зголемува работното време на наставниците а платите им стагнираат

Примањата на просветните работници во Македонија и по доаѓањето на НАТО-ориентираната влада сѐ уште се меѓу најниските во Европа, вклучувајќи ги и земјите од регионот. Дека политичките елити во Македонија системски работат за обезвреднување на трудот на просветните работници потврдува тоа што платите кои ги земаат работниците од овој сектор се помали за речиси 19% од платата на национално ниво.  Додека се зголемуваат привилегиите и примањата кои ги уживаат пратениците и министрите, работниците од образовниот сектор се заглавени во бирократски решенија на неспособните власти, неисплаќање на годишен регрес и недостоинствени плати, се вели во соопштението од Левица.Усвојувањето на новиот Закон за основно образование покажа дека и оваа владејачка гарнитура нема никаква волја за промени во образовниот сектор, со оглед на тоа што скандалозно се зголеми работното време на наставниците за 3,5 часови и беа воведени глоби поголеми и од примањата на работниците. Досегашната пракса покажува дека воведувањето на ваквите казни најмногу служи за дисциплинирање на поединците кои не се послушни на партиските елити, отколку за подобрување на квалитетот на образовниот сектор.Иако СДСМ во предизборната кампања најавуваа укинување на глобите и казните кои служат за заплашување, сведоци сме дека се иницираат дисциплински постапки против инспектори кои пријавуваат нерегуралности за актуелниот министер за образование Адеми. Министерот Адеми нема никаков легитимитет да ги преставува интересите на работниците од образовната дејност после откриениот скандал за незаконско стекнување со научни титули и кој сѐ уште нема поднесено оставка единствено поради корумпираното, недемократско и криминално работење на оваа Влада.Просветните работници како носители на образовната, политичката и културната еманципација со својата благородна дејност ја градат иднината на една држава, создавајќи генерации кои треба заеднички да придонесат за развивање на еднакво општество ослободено од неправдите и суровата експлоатација. Потребно е солидарно да се поддржат  просветните работници кои се охрабриле гласно да проговорат против слугувањата на синдикатите кон секоја влада, а воедно и нивно органзирање во независни синдикати кои нема да бидат уште еден инструмент во рацете на политичките елити,  се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Во Скопје за еден казнети се 44 возачи поради возење без возачка, под дејство на алхохол, без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 44 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

46895031_1548032531966784_416013328314269696_n

Кабел од бандера опожари куќа во скопско Визбегово

Вчера во СВР Скопје, К.В.(47) од с..Визбегово пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар. Опожарена била кровната конструкција и вториот спрат од куќата. Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен е увид.

Скопје | пред 6 години

aerodrom-1-219117

Турчин со лажна лична карта и патни исправи сакал да излезе од Македонија

Вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од Р.С. Македонија, приведен бил C.M.(44) од Турција, кој покажал австриска патна исправа. По извршениот разговор и увид во патната исправа полицискиот службеник се посомневал во исправноста на документот, односно био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани kосовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил.При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ за ГР-Север за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Кирацовски не можел да претпостави што прави Боки 13

Aктуелен е случајот „Рекет“. Како гледате на овој случај – тој разочара многу граѓани од аспект на нивната доверба во СЈО. Колку случајот Рекет фрли дамка врз законите за правна држава и владеење на правото кога постојат сомнежи дека корупцијата доаѓа од највисоки инстанци?Кирацовски: Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат. Но, овој случај, во мошне значаен период доаѓа како тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, со чие решавање или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Сметам дека истрагата ќе стави крај на шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат.Повеќе прочитајте на Фактор.мк 

Македонија | пред 6 години

boki-13

Пензионерката ќе пријави дека е ограбена за 720 илјади евра, откако институциите не ја побараа за истрагата „Рекет“

Планирам да пријавам дека сум ограбена, ова во краткиот телефонски разговор за Телма го рече скопската пензионерка Лилјана Тодоровска на чија сметка пристигнале 720 илјади евра од ГП Пелистер на Силјан Мицевски, а веднаш по вадењето на пари од банка, кесата со евра и е земена од претставници на Меѓународниот сојуз Скопје на Боки 13.Иако Тодоровска уште во четвртокот преку Телма објави дека парите и се земени и украдени освен неколку илјади евра за кредит на банката, до денеска ниту една надлежна институција не ја побарала за распит. Не ја контактирал ниту некој од меѓуанродниопт сојуз Скопје иако таа ги посочи дека и ги зеле парите веднаш по подигањето во банка.Поради тоа пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за центри за возрасни лица денеска ни изјави дека ќе пријави грабеж или во полиција или во обвинителството. Од обвинителството не ни одговорија директно дали парите и изјавата на Тодоровски ќе станат дел од истрагата за Рекетот.Повеќе на Телма.мк

Македонија | пред 6 години

janeva-pak

Јанева на Халкидики, а СЈО не знае

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева користи годишен одмор, потврдија од СЈО откако беше објавена вест дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти.Освен информацијата дека Јанева е на одмор, од СЈО не можат ниту да ги потврдат, ниту, пак, да ги коментираат фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Обвинителството не знае што има во телефонот на Боки 13, по повеќе од 15 дена не е извештачен

Се преземаат активности за вештачење и на мобилниот телефон на Бојан Јовановски – Боки 13, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пишува порталот „Плусинфо“.Телефонот, посочуваат оттаму, му е одземен уште на 15 јули, дента кога беше отворена истрагата за случајот „Рекет“ и тој заедно со Зоран Милески – Кичеец, беше приведен.Тогаш, обвинителката Вилма Русковска прати истражители и во домот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, да ѝ ги одземат мобилните телефони за да се провери вмешаноста на Јанева во овој скандал.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања