Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Ќе биде ли тепачка кој прв да земе субвенции за нов автомобил?

Доколку власта навистина ја реализира, најавената мерка за субвенции за замена на старо со ново или користено возило со еколошки стандарди, односно со Еуро 5 и Еуро 6 нормативите, е добра, сметаат во плацевите за половни автомобили. Очекуваат дека ќе се зголеми продажбата на овие возила.„Нашето гледање е дека мерката што би ја спровеле е одлична, за да се намали емисијата на издувни гасови, доколку се реализира. На пазарот има користени возила со Еуро 5 и Еуро 6 нормативите. Очекуваме дека луѓето можат да се насочат кон купување на тие возила и мерката да биде успешна“, вели Александар Димовски, вработено во Еумобиле, салон за продажба, откуп и посредување за користени возила.Во законот, се предвидува годинава да се одвојат 170.000.000 денари или околу 2,7 милиони евра за субвенции, што е доволно за околу 900 возила со оглед на тоа што министерот за економија Крешник Бектеши најави дека субвенциите нема да надминуваат 3.000 евра.Во законот пишува дека со програмите за субвенционирање предвидено е од буџетот да се одвојат 245.000.000 денари или околу 3,9 милиони евра во 2020 година и 320.000.000 денари или околу 5,2 милиони евра во 2021 година.Со законските новини, граѓаните што ќе купат ново или половно еколошко возило, а старото ќе го исклучат, ќе добијат субвенции од 20 до 30 отсто од вредноста, најмногу до три илјади евра, но тоа не смее да е поскапо од 10 до 12 илјади евра. Министерот Бектеши, вели дека оваа мерка, која најверојатно ќе стартува од следната година, заедно со онаа со која граѓаните кои наместо бензин ќе користат плин, годишно би ги чинела буџетот над 2,4 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

OJO-javno-obvinitelstvo

Новото СЈО се уште неизвесно, ќе пропадне ли се во вода?

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавно обвинителство, но и покрај тоа двете страни се отимисти дека компромис сепак е можен доколку спротивната страна го прифати туѓиот предлог.И покрај тоа што работните групи на власта и опозицијата до 15 август паузираат со преговорите за законот за Јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев вчера ја повика опозицијата да ги поддржи реформите и го охрабри Јавното обвинителство да продолжи во борбата со криминалот и корупцијата, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата за случајот „Рекет“.Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, обвини дека на работните средби за законот за обвинителство се забележува чувство на одмазда и атак кон неговата партија.Премиерот Заев побара од  сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои, како што рече,  се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран.-Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите, вели премиерот.Лидерот на опозицијата Мицкоски за иднината на СЈО останува со став, дека предлогот на власта е обид за пресметка со политичките неистомисленици, но е оптимист дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат прифатени.

Слајдер | пред 6 години

mkd-429191

Кој ја штити Катица Јанева, но и која е врската на Шеќеринска и Ременски со Боки 13?

Новинарот Бранко Геровски во најновата колумна објавена на порталот „Плусинфо“ отвора нови прашања и дилеми, меѓу кои и „Кој ја штити Катица Јанева“„До овој момент, од сознанијата што го има јавноста за текот на истрагата (кои не мора да се целосни, бидејќи истрагата не мора за сѐ да ги известува граѓаните), се истражува главно случајот на „трговија со влијание“ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев, доказите и околностите во врска со тој настан, за кој одамна јавно предупредив дека е многу цврсто и уверливо документиран. Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во „трговијата со влијание“, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор“, пишува Геровски.Ременски и Шеќеринска во фабулатаДоаѓаме до најчувствителниот дел од приказната, до прашањето каква врска имаат овие лица со Зоран Заев, со Радмила Шеќеринска и со Фросина Ременски? И каде се тука поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски и сегашниот портпарол Костадин Костадинов, кој е и дел од Меѓународен сојуз? Каде се тука министерот Горан Сугаревски и неколку градоначалници, сите заедно потписници на меморандуми за соработка со невладината на „кралот“, меморандуми со кои тој ги убедувал жртвите (ако воопшто станува збор за жртви), дека може да им обезбеди сѐ што им ветил, бидејќи ете соработувал со власта, на чело со премиерот Заев.Што се однесува до потписниците на меморандумите, да претпоставиме дека поголемиот дел од нив не знаеле за вистинските намери на осомничениот Јовановски, а како доказ за тоа би можело да се прифати ноторниот факт дека тие не отишле чекор понатаму од потпишувањето на меморандумите. Но, сега, кога знаат сѐ, тие на јавноста ѝ должат не оправдувањa, туку извинување поради својата лекомисленост и поради спремноста да остварат соработка со еден таков опскурен лик, за чиј бекграунд можеле и морале да бидат подобро информирани. Истото се однесува и на Кирацовски, кој најверојатно бил само лице за контакт меѓу Јовановски и клучните луѓе во Битола, верувајќи дека помага некаков корисен проект. За Костадинов, пак, мислам дека дури ни тоа не може да се каже, оти момчето ми личи на обичен манекен во ова друштво.Е сега, Фросина Ременски сепак е нешто сосема друго. Таа и формално е член на раководството на Меѓународен сојуз. За неа велат дека заедно со Мандиќ, била „идеолог“ на програмата на невладината на Боки 13-ка, но и на програмата за пензионерски туризам. Не знам дали е тоа точно, но на настаните на Меѓународен сојуз таа е во преден план, а се истакнува и на некои неформални журки на друштвото.Почитајте ја целата сторија на Плусинфо.мк   

Коментари | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Бараме итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите

Најнеспособната и најкорумпирана Влада предводена од аболицираниот Зоран Заев може само да соборува рекорди во однос на скандали во единица време. Криминалната власт никако не може да биде носител на реформи, особено не во правосудството. Македонија тоне на листите на корупција, а заради криминалците кои рекетираат и местат тендери, гледаме дека името веќе не е единствената пречка за добивање на датум за преговори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правдата и правдината, а тоа значи дека секогаш ќе стои на различна страна со СДСМ. Аболицираниот претседател на СДСМ и актуелен претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, зборува за режим и заробена држава во време кога тој самиот е на власт. Без срам излегува пред граѓаните и ги убедува дека во време кога тој владее, рекетирањата се случуваат поради опозицијата. Тотален апсурд и манипулација од политичка партија која е на власт без победа на избори.  Неселективна правда во време додека владее Зоран Заев и СДСМ, нема да има се додека СЈО се распаѓа поради корумпираност, поради тоа што сопственици на медиуми со обвинителите рекетираат и собираат пари од граѓаните и се додека наместо да се расчистуваат судските случаи се брои време за да ја подзаборави народот штетата. Нивната долго најавувана правда веќе три години се претвора во спротивност. Сведоци сме на нарачани судски пресуди, процеси и рекети.Бараме итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите и помагачите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени во тој случај.ВМРО-ДПМНЕ се залага за независно обвинителство кое ќе работи согласно законот и ќе го гони криминалот, без досегашните привилегии кои ги дозволува СДСМ. Независното обвинителство мора да се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.На СДСМ не му одговараат заложбите на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што судството во нивните раце е одличен механизам за контрола и политички прогон, како што многупати досега се покажа и докажа. Зоран Заев сака да ја опструира правдата на долг рок, да ја заштити мафијата и криминалот и да си обезбеди неказнивост преку креирање на неуставни и нефункционални решенија. Тој ја штити и Катица Јанева поради информациите кои таа ги поседува против него, но мила му е и државничката функција од која може да врши безмилосна кражба на Република Македонија.Овој народ не заборава кој го крадел, а не заборава ни кој градел. Слушаат празни флоскули од партијата на власт, а нема државна или јавна институција во Македонија која работи и напредува во корист на граѓаните. Здравството е пред колапс, економијата е во минус, граѓаните се иселуваат од државата, а во Судот го управува Заев. Тоа не се заборава, ниту простува. Што побргу Заев замине од владата, толку побргу ќе почне да се работи на обнова на Македонија и надоместување на украденото и загубеното време, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Следува период со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 36 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 34 степени.Според најавата на метеоролозите под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата која ќе се искачи до 41 степен. 

Македонија | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Болните ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства

Министерот за здравство Венко Филипче најави и дека со укинување на квотите, рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецепт за неподвижни лица.  Овој новитет денеска беше најавен од министерот Филипче.На прашањето зошто се јавувал недостигот кога лекови на рецепт препишуваат само матичните лекари во градот во кој пациентот живее, Филипче појасни дека туристите рецептите од матичен ги носеле во туристичките центри и таму ги подигале.Наесен се планира укинување на квотите и во другите градови.

Македонија | пред 6 години

jovan

Математичкиот гeниj од Србија Јован Стевиќ, го расплака регионов кога изјави: „Учам за да заборавам на гладот“

Јован Стевиќ (19) од Чачак, цела Србија го знае како математички гeниj, кој живее со самохpaната, бoлнa мајка Снежана Мијаиловиќ. Сепак, ова момче памети повеќе лoши отколку добри моменти во својот живот.Србија се paплака по неговата приказна која ја раскажа во емисијата „Животот е приказна“, а народот го воодушеви кога напамет пред камерите вадеше корени од шестоцифрени броеви без хартија и без дигитрон.Ова момче има коефициент на интелегенција помеѓу 140 и 150, повеќе од 30 дипломи од училишните натпревари, одличен просек во училиште, но за жaл, ништо од ова не му пoмoгнало на младиот гениjaлец да живее подобро, пренесува „Еспресо.рс“.Јован ова лето, додека не му почнат студиите во Белград, продава коцки на улиците на Чачак, за да може да се прехpaни себеси и мајка му, но и да собере џепарлак. Исто така, нeмa пapи да плaќa кирија, па ги мoлeл извршителите дoлгoт за кирија и останатите комуналии да му го подeлaт на неколку рати. Јован се бopи да нe биде иcфpлен на улица заедно со бoлнaта мајка која е без работа.Тој раскажува дека во период кога нeмaл што да јаде, го терал својот мoзoк да размислува за други нешта за да ја заборави храната. И покрај сѐ, тој не ја симнува насмевката од лицето и се труди што повеќе да размислува за убавите работи. Фото: Телеграф.рс, РТС

Свет | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Заев направи едно општество во кое законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Зоран Заев веќе не крие дека концептот за едно општество го замислува така што законите ќе важат само за Македонците, а не и за Албанците.Припадниците на албанското малцинство веќе толку се осилија што повеќе не фермаат устав и закони. Најново гледаме дека градоначалник на ДУИ дозволува дивоградби и се мајтапи дека снемало хартија за да постапи по дивоградбите на платформата на Матка а претходно имаме голем број такви случаи, како на пример, локален шериф на ДУИ гради бесправно во Охрид, локален шериф на ДУИ во Чаир тепа полицајка и се мајтапи дека ја тепал пајакот, цело Арачиново не плаќа данок на имот и комунални сметки, првиот човек на ИВЗ не го есапи обвинителството и не се јавува на распит иако има досега десетина покани... а на сето ова од институциите во државата, целосен молк, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Од друга страна, Македонците се секојдненво изложени на политичко-полициски прогон со разноразни кривични пријави за говор на омраза, уставобранителите се фрлени во занданите на Шутка за измислени дела за тероризам.Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија во новата легална власт на Единствена Макеоднија кој доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците ги третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите, е вели во соопштението од Единствена Македонија.

пред 6 години

maxresdefault

Јанушев: Реформи во правосудството со аболициран криминалец нити имало, нити ќе има

Не постои поголем апсурд од тоа човекот кој го спасија од одговорност за криминалот во „Глобал“ тежок 7 милиони евра да повикува на правда еднаква за сите.Не постои поголем апсурд за реформи да говори аболицираниот Заев кој бараше едно евро за Вице. Неговите судии не успеаја да го видат криминалот кој го виде целата јавност, а сега треба да веруваме дека тие треба да делат неселективна правда и да се однесуваат професионално, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Рускоска обвинителството и Кацарска судството  се се, само независни не. Виновник за тоа е директно Заев – човекот кој го компримитираше правосудството, кое за возврат го амнестираше за сите криминали.ВМРО-ДПМНЕ е за независно обвинителство кое ќе работи согласно закон и ќе го гони криминалот, без разлика на партиската, етничката или било која друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ е за обвинителство кое ќе се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.За разлика од нас, СДСМ е за обвинителство кое ќе биде маша во нивните раце за политички прогон. СДСМ и Заев наместо да бидат конструктивни во изминатиов период ги опструираат преговорите.Инатењето на Заев околу предлог решенијата за Јавното обвинителство има три цели.Прво, да ја опструира правдата на долг рок, штитејќи ја мафијата и криминалот, при што за себе и соработниците ќе си обезбеди неказнивост. Ова го планира преку креирањето на неуставни и нефункционални решенија.Понатаму, да си ја згрижи Катица Јанева и нејзините соработници и покрај сомнежите за тежок криминал, злоупотреби и целосно нарушен кредибилитет. Ова само заради информациите кои Катица Јанева ги поседува против него, а кои може да го одведат зад решетки.Исто така, за да продолжи врши дополнителни притисоци врз опозицијата на долг рок, како би добил во време за да ја продолжи безмилосната кражба на Република Македонија.Бараме итно проширување  на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени.Сведоци сме на најголемиот рекет систем во независна Македонија. Секој ден се јавуваат жртвите на рекетарите на власта, систем кој опстојува две години и во кој се рекетирани милионски суми не може да постои и функционира без за  него да знае врхушката на власта.Експертите од правната фела се децидни, да беше некој друг на местото на  Јанева, до сега ќе беше во притвор. Да  стануваше збор за правна држава, уште првиот ден ќе имаше оставки на министрите за правда и за внатрешни работи, а во најкраток рок ќе следуваше оставка и на владата и ќе беа распишани предвремени парламентарни избори.Заев нема кредибилитет да зборува за правда. Заев  е коренот на неправдата. Потребни се итни реформи, а тоа со Зоран Заев не е можно. Затоа потребни се  итни предвремени парламентарни избори и обвинителство кое ќе биде  вистински независно, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

boki-13

Канал 5: Фирмата „Дрим Билдинг“ со тужба за Меѓународниот сојуз на Боки 13

Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба ќе си ги бара парите назад од Меѓународниот сојуз на Боки 13, објави Канал 5 ТВ.Сопственикот на фирмата Ардиан Амзоски за Канал 5 вели дека и покрај тоа што очекувале дека преку проектот за старечки домови ќе помогнат во решавање на важни социјални прашања, се изненадил од тоа како завршила целата приказна. Договор со Меѓународниот сојуз склучиле пред една година на чија што потпретседателка Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и исплатиле 233 илјади евра, но откако и по рокот од 6 месеци не им биле вратени парите се одлучиле за тужба.Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

vozac-1

(ФОТО) Овој возач на ЈСП Скопје е херој на денот

Во последниве неколку месеци се навикнавме да служаме негативни работи поврзани со возачите или контролорите на ЈСП, имаше од се по нешто, недолични коментари, непотребно исфрлање на бес врз патниците па дури и употреба на физичка сила, објави булевар.мк.Но, фотографиите обајевени денеска ќе го сменат мислењето кај многумина за возачите. Имено овој човек со големо срце го паркираше автобусот и излезе да помогне лицето со инвалидска количка да може да влезе во автобусот. Браво! Извор: bulevar.mk

Магазин | пред 6 години

AZ4I5520

(ВИДЕО) Попоска Карче: Го сликам тоа што го чувствувам и навистина уживам во тоа

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“ синоќа  беше отворена изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од д-р Наташа Попоска Карче.Промотори на ликовната поставка беа познатиот охридски уметник д-р Драган Спасески Охридски и д-р Иван Заров, историчар на уметност.Како што истакна Спасески Охридски, Наташа Попоска Карче, она што длабоко го чувствува во себе, нејзиниот однос кон надворешниот свет,  го искажува не само преку сопствената работа како стоматолог, туку и преку сопствената креација.-Јас како промотор на оваа изложба сум со големо очекување дека во иднина уште повеќе ќе го надмине стилот, вештината на изразувањето од таа „ла бравура дел тако“.  Суштината на оваа изложба претставува вадење од најдлабоките  душевни слоеви на мисли и емоции и преку тоа мајсторство на допир го изразува она што е најсуптилно во неа-нејзините личниставови за животот, за уметноста, за духовното, истакна д-р Драган Спасески Охридски.Според  д-р Заров, многу е тешко да се прави опис на хабитусот на некој пријател којшто, како што рече, по вокација е стоматолог.-Јас сум професионален историчар на уметност и за мене понекогаш е хендикеп, историчар на уметност да зборува за свој пријател. Меѓутоа, Наташа има несомнено еден деликатен , сензуален однос кон формата и бојата.Таа прво ја доживува уметноста,  а подоцна ја создава. Целиот нејзин буен внатрешен живот го одразува нејзиниот сензибилитет преку форма. Можеби неслучајно е избран  овој наслов, „Бранови и мисли“, зашто  бранот е синоним на мислата, а чувството е боја, рече Заров.Д-р Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.-Среќна сум што ве има во толкав број на отворањето на мојата самостојна изложба. Се чувствувам прекрасно и возвишено оваавечер. Некои од вас ме познаваат, некои  можеби не, и сите се прашувате како сум почнала да сликам. Можеби некој добар демон живее и дејствува преку мене, не знам, но сликам затоа што сакам. Го сликам тоа што го чувствувам, и навистина уживам во тоа. Мојата порака вечерва ќе ви ја преточам во бранови и мисли зашто мислата е бран. Ако успеам по неколку дена  некој да се сети на моите дела или на некој мал детаљ, и ако упее во него да разбуди чувство и да нурне длабоко во себе и да ги открие убавите нешта што сите ние ги имаме во нас, тогаш сме ја постигнале целта, им се обрати д-р Попоска Карче на посетителите на изложбата.Позади Наташа Попоска Карче стојат самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус во 2016 година, а во јули 2017 година, со свои дела учествува на традиционалната манифестација „На зајдисонце“ што се одржува во Трпејца .

Магазин | пред 6 години

rusinka

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Русинка со автомобил удри во количка со бебе и татко на пешачки премин во Будва

Руска државјанка со својот автомобил, на пешачки премин во Будва прегази едногодишно бебе. На сигурносните камери се гледа како човек, туркајќи количка со бебе, преминувал улица на пешачки премин недалеку од кружниот тек, кога го удрил автомобил зад чиј волан била руска државјанка.Русинката со автомобилот ја прегазила количката и преминала преку нозете на шокираниот татко и дури тогаш го запрела возилото.Полицијата во Будва поднела кривична пријава против Русинката, а бебето се здобило со телесни повреди. За среќа тоа не е тешко повредено и е пуштено на домашно лекување.https://www.facebook.com/primorske/videos/2334728190081363/ 

Свет | пред 6 години

krazba-market

Со закана одзел пари од касата од колонијална продавница

На 04.08.2019 во 14,40 часот во СВР Скопје, Е.Р (27) од Скопје, пријавила дека во с.Визбегово во колонијална продавница едно лице  со закана одзел пари од касата. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобил пронајден кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава, против Ѓ.М.(31) од село Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.01.2019 година во Гостивар, на место викано „Здуњска раскрсница“,  од полициски службеници запрено било патничко моторно возило управувано од пријавениот, а по извршениот преглед пронајден и одземен е кокаин.

Македонија | пред 6 години

kursum-645x360

Скопјанка во двор пронашла залутано зрно од оружје

На 04.08.2019 во 12,30 часот во СВР Скопје А.К.(39) од Скопје, пријавила дека во дворот пронашла едно залутано зрно од оружје. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pozar-kola

Се запали автомобил во возење

На 04.08.2019 во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, било пријавено дека на делницата Миравци-Смоквица, имало опожарено патничко моторно возило. Имено, додека И.Д. (39) од Р.Србија, управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје - Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен. Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија. Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Разбојништво на наплатна рампа – со закана од оружје одзеле дневен промет

На 05.08.2019 во 04,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на наплатната рампа „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

verizen-sudar-1

Верижен судар магистрален пат А-4 Радовиш-Штип – едно лице со тешки телесни повреди

На 04.08.2019 година во 18:50 часот на магистрален пат А-4 Радовиш-Штип се случила сообракајна незгода во која учествувале четири патнички моторни возила, кои се движеле во ист правец и тоа: возило „Фиат Добло“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Г.В (47) од Струмица, возило „БМВ-Х5“ со италијански регистерски ознаки, управувано од П.Ш (59) од Италија, возило „Шкода фелиција“ со струмички регистерски ознаки, управувано од В.М (60) од село Василево и возило  „Голф“ со струмички регистерски ознаки, управувано од М.И (25) од Струмица.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Р (51), која била сопатник во возилото „Голф“, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Тетово спроведе конрола за непрописно претекнување

На 04.08.2019 од 15 до 22 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување. При контролата, откриен е 21 прекршок ( ТЕ-11 и ГВ-10 ).Во вчерашната акциска контрола биле констатирани и 10 други видови прекршоци кои, исто така, соодветно законски се санкционирани.

Македонија | пред 6 години

policiska-kola

МВР за сообраќајката во која се повредени двајца полицајци

На 05.08.2019 околи 5 часот на обиколница во близина на клучка Радишани З.П. (30) од с. Одри,Тетово управувајќи возило „БМВ“ удрил во возило „Шкода јети“ и двајца полициски службеници. Полициските службеници се здобиле со повреди и се пренесени во комплекс клиники Мајка Тереза, а возачот на БМВ во ГОБ Св. Наум Охридски. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

Скопје | пред 6 години

pozar

Пожар зафатил гаража и магацин

На 04.08.2019 година околу 13,30 часот во СВР Битола била приведена Л.Т.К.(58) од Битола поради тоа што запалила сува трева и гранки, а огнот се проширил и зафатил гаража и магацин сопственост на Ј.С. и Т.С од с.Крклино. Пожарот бил изгаснат од протипожарната единица од Битола. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Засилена акциска контрола на возачи во Штип

СВР Штип на 04.08.2019 година во периодот од 15.00 - 20.00 часот спроведе засилена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. 16 возачи извршиле непрописно престигнување од кои четири на подрачјето на ПС Кочани, три на ПС Пробиштип, пет на ПС Виница и четири на ПС Делчево. Санкционирани се и 29 останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Тепачка на ГП Табановце –приведени Србин и двајца државјани на Турција

На 04.08.2019 во 08,00 часот од полициски службеници на Граничниот премин Табановце, на влез во Република Северна Македонија, приведени биле Н.Ж (39), државјанин на Р.Србија и С.Е.(42) и С.Х.(40), двајцата државјани на Р.Турција поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, на која и претходела расправија околу случена сообраќајна незгода претходно. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

HOTSPOT-3-900x450

Две нови локации со бесплатен интернет во Охрид

Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштад „Св. Климент Охридски“, на плоштад „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“. На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.Од Секторот за Туризам и Локален Економски Развој изразуваат голема благодарност до Н.У. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и МПЦ- Охридска архиепископија, за соработката околу поставувањето на интернет опремата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања