Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

FullSizeRender-05-08-19-12-30

Божиновски: Градоначалникот Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри.СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа едно Општество за сите, ама само на зборови затоа што тоа спроведено на дело значи само за лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за кокуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Во МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ се вработуваат општи работници кои ескпресно стануваат раководители.Важи ли законот за директорот Владимир Алексијоски?Дали Георгиески е свесен што му се случува во јавните претпријатија или пак свесно молчи за сите незаконски вработувања како и назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?За ваквите незаконски работи ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава до Управниот инспекторат, како и пријава за злоупотреба на службената должност и овластување на директорот Алексијоски.Со Локалната власт на СДСМ и Георгиески владее хаос, а тоа е резултат на неработењето и незнаењето, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за кокуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

пред 6 години

london-dete

(ВИДЕО) Дете фрлено од десеткатница во Лондон

Еден тинејџер е уапсен под сомнение дека денес се обидел да убие шестгодишно дете, кое наводно го турнал од платформата на 10. кат на уметничката галерија „Тејт модерн“ во Лондон, соопшти полицијата.Додека паѓало детето удрило во петтиот кат кадешто се струполило на една платформа. Итно е пренесено в болница, но неговата состојба сѐ уште е критична, пренесува Би-Би-Си.

Свет | пред 6 години

brza-pomos

4 годишно дете прегазено со трактор

На 04.08.2019 година околу 15,30 часот било пријавено дека во с.Двориште- беровско, пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало и било прегазено со десното тркало. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување на лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Малолетник удрен со автомобил, со тешки повреди пренесен во болница

На 04.08.2019 во 11,30 часот било пријавено дека во с.Калник–тетовско, патничко моторно возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А.(20) од с.Калник, удрило во малолетник од с.Боговиње-тетовско, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

Македонија | пред 6 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Низа прекршувања на сообраќајните правила, СВР Скопје санкционира

Во текот на изминатите денови (01,02,03 и 04.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 187 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 76 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 45 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.  Исто така, исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 19 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, 21 возач на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 28 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 77 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

Moskovska-asfaltiranje-5

Привршува реконструкцијата на улица Московска

Проектот за целосна реконструкција на улица Московска влегува во завршна фаза.Со овој проект се врши реконструкција на улица Московска на потег од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Васил Чакаларов, во вкупна должина од 690 метри.Со овој проект ќе се извади стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт на површина од околу 9.000  квадратни метри.Најголемиот дел од градежните работи на улицата се завршени и останува уште да се изведе поврзувањето со булеварот  Партизански одреди, кое треба да заврши деновиве, како и да се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 8,2 милиони денари со пресметан ДДВ.  

Скопје | пред 6 години

opsto-korisna-rabota

Општина Аеродром ангажира 13 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за ангажирање 13 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и четврорица помагатели на стари лица.Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ можат да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје во периодот од 5 до 16 август.Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 6 до 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок врз основа на невработеност; лица што биле корисници на програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица што имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; лица со попреченост; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на три и повеќе деца; родители на деца на улица.Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје кај лицето Шериф Сума, Центар за социјална работа Скопје кај лицето Бисерка Цикарска.

Скопје | пред 6 години

stevo-770x437

Претседателот Пендаровски го потпиша законот за ратификација на договорот за заеднички контроли на преминот Табановце – Прешево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија ) – Прешево (Република Србија). Со договорот, потпишан меѓу владите на Северна Македонија и Србија на 12 јули 2019 година во Белград, се предвидува воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница. Според претседателот Пендаровски постигнатиот договор треба да претставува поттик во насока на овозможување на заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави.

Македонија | пред 6 години

C399EA2F-83C6-40A5-879D-39D690C4C400

Плинска боца е причината за пожарот во зградата „папагал“ во Скопје

Плинска боца е причината за пожарот   што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје потврдија од МВР. Пожарот е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Лазарополе доби патронажна медицинска служба

Од први август почна со работа патронажната медицинска служба во с.Лазарополе, која секој четврток, до крајот на летната сезона ќе ротира во овој регион.Лекар и медицинска сестра од Здравствениот дом во Ростуше, еднаш неделно во периодот од 09:00 до 13:30 часот, на жителите ќе им ја пружаат потребната здравствена заштита и нега, во една од просториите на зградата од месната заедница (старата општина), која специјално е наменета за овој мобилен сервис.Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.Се покажа како ефикасна патронажната служба во Кочани, Ресен и Галичник, каде стручен тим оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за здравјето на жителите. На овој начин, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, најблиску до домот на живеење.

Македонија | пред 6 години

krazba-velosiped

(ВИДЕО) Кражба на велосипед во Охрид

До редакцијата на Скопје1 пристигна видео на кое се гледа како крадци на вешт начин отуѓуваат велосипед од пред зграда во Охрид. Видеото е од надзорни камери на стан. На видеото се гледа како два мешки лица, вешто уходани во „бизнисот“ откако го лоцирале велосипедот за кратко време го земаат и бегаат.Инаку во Охрид во текот на летниот период е зголемен бројот на кражби, на што од СВР често предупредуваат граѓаните да внимаваат повеќе на своите лични предмети, посебно на плажите. Кражбата на велосипедот е пријавена во СВР Охрид.Погледнете го видеото...

Македонија | пред 6 години

policiska-kola

(ФОТО) Македонски полицајци повредени, од патот ги исфрлил возач со БМВ

Во сообраќајна незгода во скопско Радишани денеска се повредени двајца полицајци, објави Алсат.Сообраќаклата се случила претпладнево кога БМВ удрило во полициското возило „Шкода Јети“ одзади, при што двајцата полицајци кои биле во автомобилот се здобиле со повреди.Повреден е и возачот на БМВ, а возилото е со големи оштетувања.Фото: Алсат 

Македонија | пред 6 години

itolcanec-3

(ФОТО) Битолчанец облечен како Македонската фаланга вееше знаме и купи крофни на грчка плажа

Битолчанецот Горан во облека како маkедонската фаланга со антички шлeм на глава и мaч во рака го вееше знамето од Кутлеш на грчките плажи. Тој се прошета по плажите, а објави и тоа како купува тазе крофни на самата плажа со облека како антички маkедонец  Погледнете ги фотографиите од видео записот на Горан кој што стана популарен не само во Битола туку и пошироко.

Македонија | пред 6 години

Levica

Левица: Загадувањето на воздухот не е приоритет и на оваа власт

Два месеци пред почетокот на грејната сезона, а од владиниот План за чист воздух не е реализирано речиси ништо. Иако планот е прогласен за стратешки приоритет, здравјето на граѓаните по сѐ се чини и не толку приоритетно за власта. Од Владата порачуваат дека во овој момент – девет месеци по објавувањето на планот – се врши контрола на избраните објекти за кои допрва ќе се организира набавка на опрема за енергетска ефикасност, подигнување на зелени урбани површини и секоја друга од ветените, но неисполнети мерки, се вели во соопштението од Левица.Во Македонија секоја година 3000 луѓе го губат животот поради загадениот воздух – убиени за личните и бизнис интереси на великопоседниците во власта и профитерите кои се блиски до нив.Додека СДСМ предизборно ветуваа кратење на аерозагадувањето во Скопје за 50% и другите градови од 30% до 50% до 2020, до сега нема ниту сериозни акции на оваа тема, а уште помалку резултати. Напротив, тоа што го видовме за време на овој мандат, од еколошка гледна точка е блатантна експлоатација на секој природен ресурс на Македонија, уништување на секоја зелена површина со дивоградба, губење на УНЕСКО статусот на Охридското езеро, депонии кои постојано горат, реа и црни чадови низ општините.Како и претходната гарнитура, така и оваа владина фела се докажува незаинтересирана за решавање на овој клучен проблем; таа останува фокусирана на интересите и профитот на капиталот, за кој плаќа обичниот граѓанин со неговите здравје и живот. Како што гледаме, дури и она малку и недоволно кое е ветено, нема волја да се исполни кога наместо тоа може да се исполни џебот на приватниот капитал, се вели во соопштението од Левица.

пред 6 години

decinja-2

(ФОТО) Тага до небо: Ова се браќата кои со својот татко и баба загинаа во сообраќајната несреќа

Светот на Драгутин Пешиќ се сруши во еден момент. Во сообраќајната несреќа кај клучката за Пожаревац, на автопатот Ниш-Белград загинаа неговиот син Александар Пешиќ (42), сопругата Станица (75) и осумгодишните близнаци Вук и Наум. Тие пред два дена со својот „цитроен“ тргнале на одмор, кога на нив налетал автомобил „фолксваген шаран“, зад чиј волан бил финскиот државјанин Адем Смаил (49), наводно Албанец од Косово.Она што ја прави оваа трагедија уште поголема е тоа што несреќата првично ја преживеало едно од момчињата, но за жал починало во болница.Нивните родители грчевито се бореле повеќегодини за да ги добијат, а  сега се случи оваа трагедија.Ужаснат од овој немил настан и погоден е дедото Милутин кој останал без сопругата, синот и двајцата внуци.Новинарите на српски „Курир“ го посетиле домот на Драгутин во Крагуевац, каде едвај стоел на нозе.Ги испратив на пат. Колку беа весели, децата скокаа, се радуваа…Каква е оваа трагедија, што е ова? Сè e завршено. Што ќе правам, како?, вели дедото.Веста за сообраќајката ја видел на телевизија.Видов црвен автомобил, исечен на парчиња. Ми се виде познат. Викнав полиција, ми кажаа дека тројцата загинале на лице место, а едното дете е префрлено во Белград, раскажал Драган.

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Грижата за граѓаните продолжува, започнува реализација на мерката „зелена нафта“, сметките за парно поевтинуваат, парите се враќаат кај граѓните    

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ во измнатиот период спроведоа низа мерки што се во интерес на граѓаните. Над 3.100 вработени во градинките и над 1.700 вработени во системот за социјална заштита добиваат значително повисоки плати од над 3.000, односно од над 4.100 денари. Започна реализацијата на мерката зелена нафта со која 200 милиони денари ќе се вратат кај 55.000 земјоделци кои ќе набавуваат поевтина нафта за механизација за 30 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.Собранието го усвои Законот за земјодеско земјиште со кое се обезбедува фер, транспарентна и правилна распределба на државното земјоделско земјиште. Со намалувањето на Данокот на додадена вредност за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се намалуваат сметките за парно греење за околу 200 денари месечно. Дополнително, Град Скопје ја доби на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното  претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи, со што се создаваат услови за дополнително намалување на сметките за парно.Обезбедени се 500 милиони евра за изградба на новиот Клинички центар во Скопје, а деновиве беше отворен новиот Ургентен центар во Куманово кој ќе пружа здравствени услуги за над 200.000 граѓани од Куманово и кумановскиот регион. Преку Програмата за рурален развој, доделени се 11 решенија за реализација на капитални инвестиции во општините Битола, Могила и Новаци во висина од над 100 милиони денари.Започнат е процес за укинување на квотите за лекови, со што лековите на рецепт би биле достапни во текот на целиот месец. Обезбедени се средства од 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала, симбол на културниот живот во Скопје и симбол на светската солидарност.Ова се само дел од мерките реализирани во изминатиот период преку кои се унапредува квалитето на живот на сите граѓани. СДСМ останува посветена на реализација на мерки од програмата што обезедуваат економски раст и развој, помали трошоци и повеќе пари кај секој граѓанин, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Денес нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ќе ги  соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за  71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.Цената на дизелот остана непроменета, односно 61,50 ден.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Македонската економија со Заев на чело на министерството за финансии ќе го допре дното

Македонската економија е пред колапс. Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од аболицираниот Зоран Заев. Штетните политики на криминалната банда на власт негативно се одразуваат на животот на нашите граѓани за кои СДСМ донесе само беда и сиромаштија.Катастрофалнa e бројка од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, граѓани кои денот го поминуваат со еден оброк, додека криминалците од власта ги бројот милионите на своите сметки , а се заработени на грбот на граѓанинот преку криминални тендери и грантови. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на аболицираниот Заев не работи ништо. За исто време власта ги задолжува граѓаните за милионски суми, пари кои завршуваат во џебовите на партиските и државните функционери од СДСМ преку криминални зделки.Да се даде државната каса на човек кој е два пати амнестиран за економски криминал е вистинска лудост. Македонската економија со Зоран Заев на чело на министерството за финансии ќе го допре дното. Со ова криминалната банда на власт го достигнува врвот на своите анти-економски политики.Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот. Младите заслужуваат држава во која нема да планираат како да си заминат, туку ќе ја планираат својата иднина. Ова не може да се случи со Зоран Заев како премиер и министер за финансии. На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е успешна и економски силна Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 6 години

paridenari1

Во ветувања најдобри, на дело најслаби - Македонија со најниска просечна плата во регионот

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра.Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.Владата на СДСМ се стреми во нејзиниот мандат да достигне до зголемување на просечната плата од 500 евра, што засега делува недостижно.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

katica-sutka

(ФОТО) Катица Јанева на ѕидовите од притворското одделение во Шутка

Цртеж од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на ѕид од една ќелија во затворот во Шуто Оризари.  Јанева се наоѓа меѓу повеќе дами во бикини, меѓу кои и Рита Ора. Телевизија Телма, која сними репортажа за условите во затворот, налета и на овој цртеж.„Во ќелиите можевме да го видиме уметничкиот талент на притворениците но во една ја начекавме и специјалната обвинителка Катица Јанева. Нацртана на ѕид меѓу повеќе дами во бикини, а авторскиот мотив зошто баш Јанева ни остана непознат. Во притвор има само неколкумина кои се дел од истрагите на Јанева, но има и многу други притвореници кои живеат во лоши услови, со децении не е реновирано, па ќелиите изгледаат како одаи за мачење. Темни и страшни, понижувачки“, пишува телевизијата.Инаку во во притворот во Шутка во моментов има неколкумина кои се осомничени во истраги на СЈО.

Македонија | пред 6 години

36E52107-196A-4D02-997E-B637C50182EF

(ВИДЕО) Стефановски со маестрален концерт во Охрид: Да го заштитиме непроценливото богатство - градот и езерото!

Легендарен и маестрален концерт одржа единствениот Влатко Стефановски кој беше од програмата на “Охридско лето”. Публиката беше воодушевена, а атмосферата уникатна.https://www.facebook.com/475111432996792/posts/651296838711583?sfns=moВлатко Стефановски пред крајот на концертот изрази поддршка за зачувување на непроценливото богатство на Охрид, порачувајќи дека се приклучува кон останатите кои се борат за зачувување на УНЕСКО статусот.

Македонија | пред 6 години

4AE2636B-D597-49F5-B8BB-7E14CD886353

ФОТО: Силјановска и Пендаровски на концерт кај Стефановски - ненаметливи и неприметливи

Претседателот Стево Пендаровски и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова беа присутни на концертот на Влатко Стефановски кој се одржа на Античкиот театар во Охрид.Пендаровски во публиката седеше со неговата сопруга и синот, додека пак, Силјановска со пријателка и уште едно мало девојче.Двајцата излегоа од Антички театар скоро неприметливо и ненаметливо по завршувањето на концертот.Претседателот пак, не се “истурка” низ посетителите со помош на обезбедувањето за побрзо да помине, како што тоа порано беше пракса, ниту пак, држеше дистанца, туку се движеше заедно со останатите. 

Македонија | пред 6 години

vesna-petrusevska

Весна Петрушевска го исплука Боки 13: Да ви се намочам на сите!

Актерката Весна Петрушевска на социјалните мрежи го искоментира случајот “Рекет” во кој осомничен е Боки 13, за кого Обвинителството вели дека земал рекет. Неофицијално Боки рекетот го земал преку Меѓународен сојуз, здружение од хуманитарен карактер.“Знаете што најмногу ме загрижува, ме поразува како човек во целата оваа сага “Рекет”...да смислиш како да украдеш пари со тоа што ќе формираш факинг меѓународен сојуз( не е за голема буква се извинувам) ќе изигруваш голем хуманитарец, ќе навредиш достоинство на сите стари и изнемоштени лица , во тоа ќе ти прават друштво полусветови кои мислат дека го фатиле горнион за мадиња со својата неукост и неписменост и сето тоа ќе го напрчат со ликови од нашата влада кои земаат пари од даноци кои ние редовно ги плаќаме.Во животот имам толку направено за оваа држава и сеуште правам, помагам, творам, борец сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат.Да украдеш пари за ѓомити старски домови па тој некој и да им даде ... па крв поплукав за независни проекти, еве ќе снимаме детски серии , тинејџерски се потепавме од спонзори барање ( многу тешко дечки , ама многу) имам актерска школа каде децата ги учам на вистински вредности....за на крајот од денот да ви залепат шамари полусветови!!!Не дај боже дете да ви се разболи во овој систем, не само што ќе бидете гневни , несреќни, обесправени ... ќе се соочите дека иако сте тука секој ден за државата ...таа не е тука за вас ...Да ви се намочам на сите од прв до последен...и на претходни и на сегашни , за идни немам ни идеја кој би можел да биде јунакот сериозно...ама многу сум лута ...ооо и да играм во театар и ќе играм само тоа не може да ми земете!!! Сега читам дека ќе ги укинете оние национални пензии.Па укинете ги ... моите другари актери кои се на таа листа ќе преживеат и без нив.Сите имате кратко паметење.Јас имав 25 години јубилеј мислите дека некој од Владава се сети телеграма да прати? Мене МНТ ми е домот 26 години.Така ги забораваме и нашите доајени.Така сите ќе не заборават...јас барем инвестирам во деца кои ќе имаат сон пред себе и ќе го сонуваат .Баш е тешко дечки !Ама навистина тешко”, пишува Петрушевска.

Коментари | пред 6 години

C399EA2F-83C6-40A5-879D-39D690C4C400

ВИДЕО: Гори стан во “папагал” зградата во Скопје

Пожар во зграда во центарот на Скопје. Како што објавува Република гори зградата позната како “папагал”. Скопската противпожарна бригада се обидува да го изгасне пожарот.https://www.facebook.com/682289255223581/posts/2222799231172568?sfns=mo 

Македонија | пред 6 години

Parkinzi-Poc-30

Од 9 август Скопје го добива најскапиот паркинг!

Советот на општина Центар донесе одлука според која паркирањето кај Дом на Градежници за еден час ќе чини 250 денари.Ова го соопштија од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“- Скопје од каде информираа за промените и начинот на организирање и наплата на споменатото паркиралиште, со цел да се реши проблемот со паркирањето на ова паркиралиште и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.Иналу, овие промени доаѓаат по барање на жителите на Градски Ѕид кои со петиција навеле предлог итни мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат.Покрај цената прифатени мерки се и редуцирање на бројот на часови на гостинската карта (м-карта) на 2 часа, по 17:00 часот неограничено, воведување на систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички, а ќе се ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им се овозможи бесплатен пристап од 05:00 до 07:00 часот, во спротивно ќе ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час.Одлуката за усвојување на Петицијата за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Дом на градежници“, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на општина Центар. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања