Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведен велешанец – во непосредна близина неговото возило пронајдени 24 мигранти

На 03.08.2019 година во 20,00 часот на  автопатот помеѓу двата тунели во правец од Гевгелија кон Демир Капија, од страна на полициски службеници било запрено товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(37) од Велес. Од страна на полициски службеници возачот бил приведен. Во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 лица илегални мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Жена со тешки повреди пренесена во болница- ја удрил автомобил на паркинг

На 03.08.2019 во 12.45 часот било пријавено дека во Куманово на паркинг простор на булеварот “Октомвриска револуција“ патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(51) од с. Лојане о.Липково удрило во пешак Р.М.(75) од Куманово. Р.М: се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

48275649_195279844748324_1062521178989527040_o

Велешанец со автомобил излетал од патот – две лица повредени

На 03.08.2019 во 05,20 часот било пријавено дека во Велес на улицата “Кумановска“ А.Н.(46) од Велес управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатничката Ј.Т.(20) од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

Soobrakajci-policija

Тешка сообраќајна несреќа – почина едно лице

На 03.08.2019 во 12,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(60) од Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(46) од Битола. Во незгодата на местото на настанот починал З.С.Со тешки телесни повреди се здобил сопатник-малолетник од возилото “Опел астра’, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во комбе пронајдени 21 лице-мигранти сите од Бангладеш

На 03.08.2019 во 18,40 часот од страна на полициски службеници кон  патен премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот кај мостот, било забележано комбе „Ивеко“ со струмички регистарски ознаки управувано од И.Н.(35) од Гевгелија. При преглед на возилото биле пронајдени 21 лице-мигранти сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со лицата-мигранти се донесени во СВР-Куманово за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На ГП Богородица, покажал фалсификувана швајцарска лична карта

На 03.08.2019 во 19,40 часот на Граничниот премин Богородица за излез од РСМакедонија, било лишено од слобода лицето Б.С. кој на увид дал фалсификувана швајцарска лична карта. Со потврда за привремено одземени предмети, швајцарската лична карта му била одземена, а лицето било предадено во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

gorgiev

(ВИДЕО) Ѓорѓиев за 24.mk: За идентитетот на Гоце Делчев, нема преговарање

Не прифаќаме вонредна работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септмври, за телевизија 24изјави универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев.-Вчерашниот повик јавен јас го доживеав како повик на двобој, да избереме место и време и да се соочиме, што мислам дека станува контрапродуктивно. Од друга страна остава впечаток дека ние се наоѓаме во некоја перманентна битка која треба што побрзо да се заврши и некој да ја добие таа битка, а не дека станува збор за академски процес во кој треба да се дискутира и на некои работи да им се остави простор и време да зреат, па да се донесе некое решение. Нема апсолутно можност да се организира таква средба, бидејќи сме во екот на одмори. Доколку инсистираме на идентитетот по секоја цена, дали бил тоа или она, тогаш мислам дека нема да се најде решение за заедничко чествување - кажа Ѓоргиев.Бугарската страна на комисијата која ја предводи професорот Ангел Димитеров, вчера побара вонреден состанок до крајот на август.

Македонија | пред 6 години

pukanje

(ВИДЕО) Ново пукање во САД: Убиени девет луѓе, 16 ранети

Десет лица, меѓу кои и осомничениот напаѓач, се убидени во пукање во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо, а притоа ранети се уште шеснаесет лица, соопшти во неделата локалната полиција.На друштвените мрежи се појавила снимка на која наводно е прикажан моментот кога напаѓачот од Дејтон почнал да пука пред преполн бар.Видеото е снимено од автомобил кој бил паркиран во близина на местото каде било пукањето.https://twitter.com/UrgentAlertNews/status/1157906752068870145?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1157906752068870145&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvideo-prva-snimka-od-strashniot-masakr-vo-dejton-se-slushnale-rafali-pa-lugjeto-pochnale-da-begaat

Свет | пред 6 години

cevli

Стотици чевли пред романското МВР поради исчезнатите деца

Граѓаните на Букурешт oставија околу 200 чевли, играчки и свеќи пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Романија со цел да го свртат вниманието на исчезнатите деца.Организатор Националната либерална партија (ПНЛ) наведе дека со протестот сакале да укажат на трагедијата во Каракалу, каде беше убиена 15-годишна девојка која претходно беше киднапирана.– Голем број млади луѓе заминуваат од Романија, тие или се киднапирани или измамени и ги носат во други држави каде ги искористуваат или злоупотребуваат. Тоа е голем проблем за Романија што не може да ги заштити своите граѓани. За личната безбедност на секој граѓанин не може да се преговара, истакна Данијел Чиунгу.

Свет | пред 6 години

ljupbanista

Кој треба да го исчисти ѓубрето кое се остава по плажите?

Чист Охрид реагира преку својот фејсбук профил за чистотата во Љубаништа. Тие напишаа:„Љубаништа сите контењери се преполни, може да замислите како мириса на топлово.Бевме Љубаништа и го собравме цело ѓубре, и наше, за жал и од гостите кои биле пред нас, но морам да кажам дека секој напор на индивидуите е залуден ако институциите не си ја вршат работата“, велат од Чист Охрид.https://www.facebook.com/ChistOhrid/photos/a.665613346913601/1544721299002797/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Што рекол Палмер на македонски - Палмер: „Обвинувањата за Јанева бараат сериозен одговор“

Арсим Зеколи на Твитер:  Што рекол Палмер на македонски: Палмер: Обвинувaaњата за Јанева бараат ceриозен одговор. Што рекол Палмер на англиски: US: Resolved Ехtortion Case Key to N. Macedonian EU Accession Talks (Решението на случајот Peкет е клучно за почетокот на преговори на Македонија со ЕУ).https://twitter.com/ArsZek/status/1157678214917033984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1157678214917033984&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2F%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2580-%25d0%25b7%25d0%25b0-pe%25d0%25ba%25d0%25b5%25d1%2582-%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2588%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25bb%25d1%2583%25d1%2587%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25be%25d1%2582-pe%2F   

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведени петмина полициски службеници од ГП Богородица, осомничени за земање мито

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител. 

Македонија | пред 6 години

573521A3-D3EF-4BF8-A048-DE8BF03F706F

ВИДЕО: Најмалку 15 лица загинаа во терористичкиот напад

Најмалку 15-мина загинаа во пукотниците во трговски центар во Ел Пасо, на границата на Тексас со Мексико, а 21-годишен маж е уапсен во врска со нападот. Полицијата вели дека уапсениот е Патрик Крусиус, од околината на Далас.https://twitter.com/felizkrennews/status/1157714024462716930?s=21Од болницата велат дека 23 луѓе се повредени и се задржани на лекување. Ова не е конечната бројка на загинати, оти истрагата е во тек и уште се пребројуваат жртвите.Повеќето од жртвите се застрелани во „Волмарт“ до трговскиот центар, во кој во тоа време имало околу 3.000 луѓе на шопинг пред почетокот на школската година и околу 100 вработени.https://twitter.com/newsalertuk_/status/1157718314304581632?s=21Ел Пасо, град со околу 680.000 жители, е во Западен Тексас и на другата страна од границата со градот Хуарез, Мексико.Нападот во Ел Пасо се случи една недела откако 19-годишник пукаше на фестивал за храна во Калифорнија, при што загинаа тројца, а 13-мина беа повредени.

Свет | пред 6 години

eurokompozit

СДСМ: Се решава долгогодишниот проблем со „Еурокомпозит“

Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава напластените проблеми кои претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години ги игнорираше.Се решава долгогодишниот проблем со фабриката „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп, се вели во соопштението од СДСМ..Владата го усвои и го достави до Собранието, Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп.Со ова се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на претпријатието кое е во државна сопственостВо пракса, тоа значи дека ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените. Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.Продолжуваме да спроведуваме мерки пто се во интерес на граѓаните, кои ги решаваат долгогодишните проблеми и кои обезбедуваат економски раст и развој, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

klaudio-bravo

Човек со големо срце - Голманот на Сити им купил куќи на четири семејства по пожарите во Чиле

Голманот на англиски Манчестер сити, Чилеанецот Клаудио Браво покажа дека е голем човек и дека има огромно срце, па на четири семејства кои останале без кров над главата во огнената стихија во неговата татковина пред две години им купил нови куќи, објави sport1.mk.За време на пожарите во Чиле, кои во првата половина од 2017 година ја опустошија половина земја, а однесоа 11 животи, беше уништено преку милион хектари шума, пеплосани беа 1.000 домови од вкупно трите илјади пожари што избувнаа.И се почнало од едно дете по име Камило, кој побарал помош од Браво, а голманот веднаш помогнал. Цели две години се држело во тајност, но сега медиумите откриле чија била помошта за четирите семејства.Текстот во целост на: sport1.mk  

Спорт | пред 6 години

vreme

Времето денеска - Сончево и ветровито со температура до 34 степени

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Инаку, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. УВ 8.Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната температура до 33 степени.

Македонија | пред 6 години

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Ганка и Кедев се искачија на швајцарскиот врв Монк

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова и реномираниот кардиолог Сашко Кедец го искачија швајцарскиот врв Монк (4.107мнм). Цветанова на Инстаграм објави заедниќа фотографија со Кедев од врвот Монк.Ова не е прв ваков подвиг на Кедев и Цветанова, имајќи предвид дека до сега заедно качиле многу планински врвови.Ganka Cvetanova@gankacvMönch 4107m 2406:35 PM - Aug 3, 2019Twitter Ads info and privacy

Магазин | пред 6 години

katica-na-plaza-2

ФОТО: Катица Јанева на плажа во Грција

Специјалната обвинителка Катица Јанева е фотографирана во костум за капење на плажа во Грција. Фотографијта до нашата редакција ја испрати читател. Засега не е познато кога е направена фотографијата, како и кој ја фотографирал.

Македонија | пред 6 години

Summerland-1

(ВИДЕО) Граѓаните против Шилегов: Да не се менуваат имињата на улиците или да се вратат старите

Иницијативата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, граѓаните да испраќаат свои предлоози за нови имиња на улиците и плоштадите секој на различен начи ја толкува. Дел од граѓаните сметаат дека честите менувања на улиците и булеварите ги збунува луѓето, некои мислат дека на градот му недостасуваат имиња кои се одлика на новото време, додека има и такви размислувања, кој во оваа идеја гледаат чиста политика, која има за цел да ги избрише историските имиња.Од градот Скопје велат постапката на менување на имињата нема рок на траење и дека истовремено станува збор за комплексна тематика во која се инволиврани поголем број на комисии и институции, а дека граѓаните веќе ги испраќаат нивните идеи за промена на имињата.„Граѓаните покажаа голем интерс за оваа мерка, а до нас во моментов се пристигнати предлози. Самите предлози ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советото на град Скопје која има задача да ја состави листата на имиња согласно одредбите на овој Закон“Како што информнираат од кабинетот на градоначалникот, граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци бидејќи личните документи нема да бидат заменети веднаш туку по истекот на нивниот рок на важење.Извор: 24.мк

Скопје | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Гори асфалтот во Скопје: Додека дел се ладат во Грција, останатите се печат низ улиците

Зголемен е бројот на повици во итната медицинска помош, од каде велат дека мора да се применуваат нивните совети. Граѓаните со хронични здравствени проблеми најмногу имаат потешкотии од високите температири, а не се поштедени и останатите.Високите температури и празничниот викенд ги испразнија скопските улици. Најголемиот дел од граѓаните за празничниот викенд заминаа да се освежат на плажите во соседна Грција, а голем дел се разладуваат и во домашните летни туристички дестинации. Оние кои останаа во метрополата мака мачат со толото време.За разлика од градскиот парк кој е празен и фонтаната Лотусов Цвет која изгледа тажно без капка вода, фонтаните на плоштад Македонија се едни од најомилените места за забава и освежување на скопјани и туристите во градот.

Скопје | пред 6 години

zaev-micko

Опозицијата и власта се борат за Илинден со низа обвинувања

Власта ја киднапираше прославата на Илинден во Крушево, обвини опозициската ВМРО ДПМНЕ. Лаги во неуспешен обид да се оцрни големиот празник, возврати СДСМ.Опозициската партија изнесе забелешки за организираниот превоз на посетителите, за односот кон партиската делегација, па и за говорите на Мечкин Камен и во претседателската палата.Од Владата препорачуваат препрочитување на говорот на премиерот. Препораката е упатена до ВМРО ДПМНЕ, бидејќи, велат, тие можеби не се навикнати на таков помирувачки говор. „Сите сме деца на Илинден“, беше слоганот на вчерашната прослава.Според протоколот, во третиот и во четвртиот ред биле сместени сите политички партии, вклучувајќи ги и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, се вели во соопштението од Владата.Но, делегацијата на опозициската партија покажала непочитување на традициите и ги напуштила своите места за да одржи прес конференција токму за време на изведбата на „Тешкото“.Ова е одговорот на обвинувањата на потпретседателот Александар Николовски  дека делегацијата била оневозможена да положи цвеќе на гробот на Карев и да ја следи прославата од првите редови.„Вчерашното одбележување е пример за државничко чествување, кога сите граѓани треба да се сплотат околу вредностите на Илинден“, искоментира СДСМ.-Илинден постои за да обединува, а не за да дели, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ дури и на најголемиот државен празник. Граѓаните ги слават клучните историски моменти од минатото и гледаат во иднината, само ВМРО ДПМНЕ е се уште заглавено во темните улици и поделбите.Дали имало скандирања „северна“ или други провокации, веројатно ќе се расчистува на суд. Советникот во Владата Марјан Забрчанец, вели дека Инфомакс слободно може да го тужи и дека на тој начин барем ќе дознаеме кој е сопственик а кој уредник на овој портал.Порталот му даде рок од 48 часа да се извини бидејќи објавените снимки на социјалните мрежи ги наречекол монтирани лажни вести.

Македонија | пред 6 години

osmani

Османи и Нухиу немаат право да го посетат Морина во притвор, одлучи судот

Кривичниот суд ги одби барањата на вицепремиерот, Бујар Османи, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да го посетат поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој се наоѓа во екстрадициски притвор. Според дописот до кој дојде ТВ21, барањето се одбива бидејќи функционерите немаа право да посетуваат притворени лица.„Во врска со вашето барање од 30.07.2019 година без број, да биде издадена согласност лицето Томор Морина, кое се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, денес да биде посетено од страна на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Бујар Османи и Заменик Министер за внатрешни работи Агим Нухиу, ве известуваме дека согласно одредбите од чл. 178 од Законот за кривична постапка, лица кои вршат функција Заменик Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Заменик Министер за внатрешни работи, не се лица кои може да посетат притвореник“, се вели во известувањето од Судот испратено до Владата.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_4

ВИДЕО: Автомобил влета во толпа луѓе на гробишта

Двајца мажи беа повредени откако автомобил влета во толпа луѓе на гробиштата во Белфаст, главниот град на Северна Ирска.Портпаролот на полицијата изјави дека човекот, кој управувал со автомобилот и е познат во полицијата.Засега не е познат мотивот на возачот.

Свет | пред 6 години

Screenshot_3

ВИДЕО: „Ти си проблем“ од Нокаут доби нова преработка

Bендот High Voltage како дел од акустичниот проект J&J Acoustic, направи преработка на популарната „Ти си проблем“ од Нокаут и „Stairway To Heaven“ од Лед Цепелин.Двете композиции кои се ултра популарни, звучат софистицирано со преработката од бендот.

Магазин | пред 6 години

Rescue-operations-Iloilo-Guimaras-2

(Видео) Се превртеа траекти, настрадаа најмалку 11 лица

Најмалку единаесет лица настрадаа, а 31 се спасени кога денеска се превртеa три траекти како последица на лошото време помеѓу филипинската провинција Гуимарос и Илоило, соопшти филипинската крајбрежна стража.Метеоролозите од претходно предупредиле на силни поројни дождови и грмежи поради невреме, кое го зафатило источниот дел од земјата.https://www.facebook.com/ANCalerts/videos/674160523053091/

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања