Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

edrilica

ВИДЕО: Едрилица изгоре во Дубровник

Попладнево дошло до пожар на едрилица во близина на марината во Комолац, кај Дубровник, јавува „Дубровачки дневник“.Според првичните информации, пожарникарите веднаш испратиле противпожарен брод со двајца членови на екипажот.На помош пристигнале и четворица пожарникари со две возила.Луѓето на бродот биле евакуирани, а пожарот бил изгаснат.

Свет | пред 6 години

DSC_2895

Богоев: Не сум му дал парцела на Боки 13

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави „Телма“.-Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во Општината – вели Богоев за „Телма“.

Македонија | пред 6 години

ulica

Како да возите на +40 степени?

И најискусните возачи мораат посебно да се подготват кога тргнуваат на летен одмор и возат на температури над 35 степени. Жешкото време налага пред да тргнете на патување треба да ја проверите техничката исправност на возилото, особено уредот за управување, сопирачките, пневматичите, системите за ладење.Избегнувајте да тргнувате веднаш по завршување на работно време, бидејќи организмот е уморен.Додека патувате треба задолжително да направите и паузи. Пијте доволно течност и безакохолни освежителни пијалоци и не претерувајте со кафето. Јадете полесна храна, за да не бидете поспани, како и да избегнете стомачни проблеми.Облечете удобна гардероба, која нема да ве тера на прекумерно потење. Немојте да возите во папучи или апостолки, секако не боси.Извор:Република.мк

Магазин | пред 6 години

boki-13

Бизнисмени си ги бараат парите од Боки 13 со камата

Бизнисмени од Дрим Билдинг бараат од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, првообвинетиот во случајот „Рекет“, да им ги врати „со камата“ 233.000 евра што му ги довериле за изградба на старечки дом кој им ја ветил во 2017 пред да се отвори телевизијата 1ТВ, пишува Фактор.мкОд Дрим Билдинг бараат исплата на отштета од над 300.000 евра, но засега не се знае каде отишле овие пари, односно дали Боки 13 ги искористил за да ја отвори својата телевизија чиј неформален сопственик е.Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, во телефонски разговор со Телма вели дека во локалната самоуправа нема никаков случај за градење на старечки дом, односно како што вели тој - нити иницијатива за промена на детален план, нити парцела за градба.Останува и отворено прашањето дали потпретседателката на Меѓународниот Сојуз на Боки 13 и негова бизнис партнерка во 1ТВ, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е главниот лик преку кој одел трансферот на парите за старечки домови кои никогаш не биле изградени.Сомнежите во јавност се отворија откако прво пензионерката Лилјана Тодоровска, за Телма сведочеше дека, „девојка од Меѓуанроднито сојуз“ во торба и ги зела 730.000 евра, уплатени од фирмата Пелистер, веднаш откако ги подигнала од банка , а потоа беше објавен и документ кој потврдува дека фирмата Дрим Билдинг лично на сметката на Мандиќ уплатила 233.000 евра, кои птооа си ги барале назад со камата поради неисполнети обврски од договорот..Извор: Фактор.мк

Македонија | пред 6 години

Hanioti-park

Србин си го застрелал синот во Ханиоти

39-годишен маж од Србија е приведен од страна на грчката полиција, откако попладнево пукал во својот 21-годишен син кој бил на одмор со својата мајка. Родителите на ранетото момче биле разведени, а на пукањето најпрво претходела расправија.„Грцијаинфо“ пренесува дека пукањето се случило во петокот во Ханиоти, кога Србинот се сретнал со неговата поранешна партнерка и нивниот заеднички син.Откако кратко се расправале, Србинот со оружје го удрил својот 21-годишен син во главата, а потоа го застрелал и го ранил во десниот дел на бутот. Поради повредите момчето е  пренесено во болницата во Полигирос.Осомничениот бил уапсен утринава, а кај него била пронајдена мала количина кокаин.

Свет | пред 6 години

vozdusna-puska

Прекршувал закон, па пред полициски службеници вперил пушка едно лице

На 02.08.2019 во 08.00 часот од страна на  Н.С. (43) од село Синѓелиќ, скопско, било пријавено дека во селото на ул “Алија Авдовиќ“ Џ.А. (55) вршел градежни работи спротивно на законот со работни машини багер.  Полициски службеници постапиле по пријавата, а додека траел службениот разговор, пријавителот Н.С. се качил на вториот кат од куќа и вперил пушка  кон Џ.А., но не испукал туку се дал во бегство. Извршен е преглед на теренот и пронајдена е пушката и се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во тапетарски дуќан настанал пожар и зафатил и две возила

На 03.08.2019 година во 10,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско Косовска бригада“ во тапетарски дуќан сопственост на А.Д.(51) настанал пожар, кој зафатил и две возила кои биле паркирани пред дуќанот. Повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши.

Македонија | пред 6 години

pozar

Пожар зафатил двe куќи во Штип

На 02.08.2019 околу 16,20 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Борис Данев“ настанал пожар во куќата на Г.Ч. (40), при што била зафатена кровната конструкција и предниот фасаден дел од куќата, а потоа била зафатена и кровната конструкција на соседната куќа сопственост на Т.С.(44). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Пукал на свадба повредил две жени

На 03.08.2019 околу 01,30 часот од страна на полициски службеници на ПС Гостивар приведен е Б.Х. (53) затоа што половина час по полноќ, на свадбена свеченост организирана во дворот на неговата куќа во гостиварското село Чајле, пукал со пиштол и им нанел повреди на Х.И.(44) и М.М.(35) од Чајле. Двете жени се пренесени во гостиварската општа болница за укажување на лекарска помош, Извршен е увид под раководство на јавен обвинител. Б.Х. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со давење ја убила нејзината мајка

На 03.08.2019  во 08,10 часот во Полициската станица Карпош А.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул. “Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И.(74). Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и во домот било затекнато починатото лице, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица. 

Македонија | пред 6 години

prevrten

Беровчанец со автомобил изгубил контрола и се превртел

На 02.08.2019 во 19,00 часот било пријавено дека В.М.(35) од Берово управувајќи патничко моторно возило „Нисан Патрол“ со беровски регистарски ознаки по земјен пат што води од место викано „Туртела“ кон место викано „Лаките“ атар на Берово, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата возачот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај четири лица пронајдена марихуана – сите лишени од слобода

На 02.08.2019 во 22,00 часот часот кај  наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар  лишени се од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32) сите од Скопје поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронадена марихуана.

Македонија | пред 6 години

lisici

Две лица од Скопје лишени од слобода – кај нив пронајдени марихуана и кокаин

На 02.08.2019  во 20,15 часот кај  наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле К.Н.(27) и Б.Д.(23) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени марихуана и кокаин. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

kristalina

Бугарката Кристалина Георгиева – кандидат на ЕУ за директор на ММФ

Повеќето влади на земјите членки на ЕУ ја поддржаа Бугарката Кристалина Георгиева како своја кандидатка за претседател на Меѓународниот монетарен фонд.Во вториот круг, по повеќе од 12 часа разговори и поделба меѓу владите на Унијата, Георгиева доби 56% од гласовите, што претставува 57% од населението.Номинациите за шеф на Меѓународниот монетарен фонд, чие седиште е во Вашингтон, може да бидат поднесени до 6 септември, а Извршниот одбор на 24-члениот ММФ, кој ја донесува конечната одлука, рече дека се надева дека ќе го затвори изборот до 4 октомври.Изборот на Георгиева за шеф на ММФ е речиси сигурен, бидејќи оваа функција традиционално и припаѓаше на Европа. 

Свет | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Заев ја срами Македонија, подига споменик на бугарски полковник, а го сруши споменикот на Ќосето

Зоран Заев одбра на големиот слободарски празник Илинден да ја срами Македонија со подигнувањето и поклонувањето во Дојран пред споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој бил претставник на политиката за делење и распарчување на Македонија.Од друга страна, на Зоран Заев без око да му трепне го урна споменикот на Андон Јанев Ќосето кој се борел за слободна и независна Македонија.Зоран Заев отвора ново поглавје. Ќе ја брише македонската историја со подигнување антимакедонски споменици на странски војсководци, а ке ги отстранува спомениците на македонските херои кои животот го положија за слободна и независна Македонија.Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ и никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските херои, ќе го одржува жив споменот на храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија. Сите споменици на антимакедонска основа, од страна на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, ќе бидат отстранети, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

пред 6 години

gradiste-2

(ФОТО) Поскапе паркингот во Градиште, од денеска 150 денари

Од денеска оние кои ќе уживаат Градиште, ќе платат поскап паркинг. Гостите видно изненадени дека до вчера плаќале по 100 денари,  денеска за истиот паркинг треба да платат 150 денари. Наплаќаат паркинг , а гостите ги оставаат сами да се снаоѓаат и да си најдат место, затоа што нема слободни паркинг места.Но, проблем е што нема место на ниту една од плажите на Градиште. Токму поради тоа туристите обидувајќи се да најдат место влегуваат и излегуваат. 

Македонија | пред 6 години

plaza-222

(ФОТО) За влез на плажа 100 денари – немаат концесии, но наплаќаат влез?

На некои охридски плажи за Илинден и продолжениот викенд кога има најголем број посетитлеи се наплаќа влез. Плажите на кои до пред три дена, сите влегуваа слободно, го искористија напливот на туристи за профит плус.Кога туристите прашуваат дали има слободни лежалки, тие велат не знаеме плати и провери!Туристите и постојаните посетители се револтирани поради овој однос. Велат се злоупотрбува напливот на гости.Само за потсетување. Концесионерите на плажи никако не смејат да наплаќаат влез на плажа. Но, очигледно ова правило во ова време не важи затоа што угостителските објекти изградени на плажите на Охридско–струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори. Нема кој да ги контролира некогашните закупци, а тие пак тријат раце и измислуваат начини да соберат што повеќе пари.Инаку плажите во Охрид беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60 % од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок.Но, веќе одамна ни ова правило не се почитува. Лежалку не само што има поставени на целата површина, туку се толку блиску една до друга што буквално некој ти дише во врат.Министерот Сугарески неофамна кажа дека проблемите со плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не можат да се решат без државна интервенција, бидејќи надлежните општински служби не реагираат содветно.Новиот закон за градежно земјиште кој предвидува одземање на ингеренциите за плажите од општините во собраниска процедура треба да влезе овој месец.

Македонија | пред 6 години

guzva-1

(ФОТО) Охрид блокиран: Повеќе од еден час се патува од центарот до Градиште

Сообраќајот во Охрид и натаму е блокиран. Туристите кои со автомобилите се упатија кон плажите Градиште, Оревче, Љубаништа, св. Наум, на неколку места стојат во место, поради блокираниот сообраќај. Наголема гужба има после Пештани кон Градиште. Сообраќајот го отежнуваат и паркираните возила по улиците.Ова е втор ден како сообраќајот во Охрид доживува колапс, а возачите се нервозни поради долгото патување до плажите.

Македонија | пред 6 години

pajak-so-znak

(ФОТО) Пајак-возило дополнително го блокира сообраќајот во Охрид

Пајак возилото со кое располага Охрид, наместо да растргнува возила, го блокира сообраќајот. Колона од возила чекаа позади него, додека тој паркиран стоеше на едната лента. За да поминат, автомобилите влегуваа во спротивната лента.Возачите и натаму се нервозни поради големата гужва во Охрид.Од Охрид до Пештани се патува од 40 минути до еден час. 

Македонија | пред 6 години

B01C9CD9-A44F-4FAA-8B4A-317978E60F63

ФОТО: Автомобил излета од патот во близина на Косел

Автомобил со странски регистарски таблици заврши во ендек, на патот Ресен-Охрид во близина на Косел. Возилото излетало од патот.Засега нема информации дали има повредени лица, а на местото увид вршат полициски екипи.Сообраќајот се одвива отежнато.

Македонија | пред 6 години

nevreme

ВИДЕО: Страшно невреме во Сплит, 130 бродови заглавени, откорнати дрвја, објекти без покрив

Невреме со силен ветер и дожд синоќа ги погоди сплитското подрачје и Далмација. Од силината на ветерот неколку дрвја биле откорнати, а од големите бранови предизвикани во Јадранското Море, неколку пловила се насукале, изјавиле за агенцијата „Хина“ од поморскиот метеоролошки центар во Сплит.Националниот центар за спасување на море примил околу 130 пријави за заглавени бродови, а дојавите во најголем број биле од лица кои се наоѓале на тие пловни објекти или од очевидци, но нема информации за повредени или жртви.Во Сплит и Солин ветрот корнел дрвја кои паѓале на патиштата или врз автомобили при што била предизвикана штета. Некои објекти останале без покрив, а најмногу повици до Центарот за спасување доаѓале од Сплит, Солин, Каштел.„Имаме многу повици, само во областа на Сплит имаме дојави за пет хаварии и можеби 20 на целиот Јадрански брег. Но, не можам да ви дадам повеќе информации сега затоа што сме преплавени со повици“, изјавиле од Центарот.

Македонија | пред 6 години

873x400

Милијардерот Бил Гејтс на одмор во Црна Гора

Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, помина дел од летниот годишен одмор во Тиват. Гејтс, со сопругата Мелинда, и нивните три деца, пристигнале во Црна Гора со нивната јахта „Лејди Ес“ на 28 јули, а ја напуштиле земјата во четвртокот.Тие престојувале во хотелот „Риџент“ во ексклузивниот наутичко-туристички центар Порто Монтрнегро, потврдиле за „Вијести“ неколку гости.Според весникот „Побједа“, Бил Гејтс, во средата посетил неколку привлечни локалитети на северот на земјата. Со оглед на тоа што Бил и семејството биле опкружени со многу телохранители било невозможно да се пристапи до нив или да се фотографираат.Како што рекле некои од гостите во хотелот, Гејтс и неговото семејство се многу едноставни и спонтани луѓе. Основачот на „Мајкрософт“, наводно, бил особено импресиониран од атрактивноста и убавината на заливот на Бока Которска. Тој бил и на рафтинг на Тара.Гејтс, според „Форбс“, има богатство вредно 100 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек на планетата, по основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој „тежи“ 153 милијарди долари.

Магазин | пред 6 години

zabrcanec

„Инфомакс“ ќе го тужи Забрчанец и ќе бара 3 милиони денари отштета

Порталот Инфомакс каде беше објавено видеото од Мечкин Камен, каде наводно група граѓани скандирале „Северна, Северна“ најавува тужба против советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој тврди дека веста за скандирањето е срамна монтажа.Порталот бара извинување од Забрчанец, во спротивно ќе покрене тужба и ќе бара отштета во износ од 3 милиони денари. Тужбата ќе биде покрената и против советникот за медиуми во Владата, Петрит Сарачини.Забрчанец претходно за видеото рече дека е срамна монтажа која ја шират дезинформаторите и во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен.„Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото“, напиша Забрчанец.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_1

ВИДЕО: Евакуирано село откако воз излета од шини, поради хемикалии и пожар

Поради излетување од шини на воз на Канадската пацифичка железница во провинцијата Алберта евакуирано е село со околу 300 жители и затворен е дел од автопатот Транс-Канада.Евакуацијата е наредена поради опасност од истекување на хемикалии и пожар.Полицијата соопшти дека во некои од 15 вагони кои излетале од шини можеби има запаливи материјали.Владата на Алберта издаде предупредување за областа во радиус од 6,5 километри околу селото Ирвин, што се наоѓа на околу 380 километри од главниот град на провинцијата, Едмонтон.

Свет | пред 6 години

20190703093800

Фирмите земаа 14,5 милијарди денари поврат на ДДВ

Над 14,5 милиони денари од почетокот на годината заклучно со јули државата врати кај фирмите врз основа на поврат на ДДВ.Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година.– Во текот на овој период до фирмите имаме повратено над 14,5 милијарди денари, што во споредба со претходната година е 1,8 милијарда денари повеќе или 30 милиони евра имаме повеќе вратено кај бизнис-секторот во однос на претходната година, рече Елези.Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот.Лани се вратени 12,5 милијарди денари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања