Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bektesi

Бектеши: Раскинување на концесиите за каменоломите во Лабуништа во најкраток рок

Еден концесионер сам се откажал, а на останатите во најкраток рок ќе им бидат одземени концесиите за ископ на минерални суровини од подножјето на планината Јабланица во близина на струшкото село Лабуништа, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.При денешната средба со жителите на селото и претставници на еколошкото здружение „Натура Лаб“, тој истакна дека ништо не е поважно од здравјето на луѓето.– Не е во ред во населено место од 10.000 жители да има шест концесии. Тоа првично не е со начелата за животната средина, но истовремено и за подобрување на животот на сите граѓани. Не може да се подобри животот на граѓаните ако ние ги уринираме сите богатства што се на оваа локација. Истовремено да ги уништиме патиштата, да направиме прашина и слично. Се отвораат работни места, некој може и да изгуби работно место, но компромис со здравјето на граѓаните нема, рече Бектеши пред лабуништани.Министерството за економија и Владата како надлежна за издавање концесии, подвлече тој, може и да ги одземе концесиите.– Еден од концесионерите сам се откажа. Концесијата која беше над селото и најголем проблем од утре ќе ја повлече цела механизација од местото. За другите концесии колку што бев запознаен две се речиси внатре во селото, даден им е рок и во најкраток можен рок нема да проработат. Ние мора да ги запазиме правните процедури. Владата која ги дава, може и да ги одземе концесиите, нагласи Бектеши.Концесиите, додаде, се издадени од 2016 година наназад и оти побарал ревизија на сите документи и начинот како се дадени.Министерот за економија даде поддршка за месното население за иницијативите и одлучноста за надминување на овој за нив горлив проблем, порачувајќи им да бидат секогаш сплотени за доброото на семејствата и за добро на село Лабуншта.Револтот со ископите лабуништани најпрво го искажаа преку мирен протест и едночасовна блокада на регионалниот пат Струга – Дебар, а потоа поставија и шатори со 24-часовни дежурства во блзина на каменоломите и не дозволуваа пристап на механизацијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пет лица загинаа во пожар во автобус во Турција

Пет лица, меѓу кои и едно дета починаа, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, изјави гувернерот на провинцијата Баликешир.Според неговите зборови, причината за пожарот сè уште не е утврдена.Според Танјуг, автобусот се движел од северозападната провинција Чанакале кога избувнал пожар во внатрешноста, на автопатот во Баликешир до Анкара.

Свет | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Поради снимање филм, ќе бидат затворени неколку улици во Скопје

МВР информира дека во времето од 5 до 14 часот на улицата Беласица и од 14 до 18 часот на улицата Самоилова (вијадуктот кај стоковната куќа „Мост“) во Скопје, во организација на Друштвото за филмска продукција „Фокус покус филмс“ од Скопје, ќе се снима филм поради што одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и тој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 6 години

droga-prodazba

28-годишник продавал дрога во Куманово, полицијата го фатила на лице место

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Д. (28) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.Според документираните сознанија од истрагата пријавениот во средината на мај месец годинава откако претходно набавил, му продал наркотична дрога марихуана на лицето Д.Д. (38) од Куманово. По ова, купувачот на дрогата заедно со лицето С.Б. (43) од Велес со возило “Фиат-пунто“ со велешки регистарски таблички го напуштиле Куманово, меѓутоа за кратко време кај наплатна рампа Сопот, од правец на Скопје кон Велес од страна на полициски службеници патничкото возило било сопрено.При извршен преглед на возилото, на задното седиште била пронајдена марихуаната. Во врска со ова СВР Велес, веќе претходно, односно на 15.05. годинава поднесе кривична пријава против овие две лица до ОЈО Велес под сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 од КЗ на РСМ.Врз основа на издадена судска Наредба од Судија на претходна постапка при Основен Суд Куманово извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Д.Д. (28) при што му е одземен мобилен телефон со СИМ картичка. Од страна на судија на претходна постапка нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 

Македонија | пред 6 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Жена излетала од патот во Скопје, сопатничката со тешки повреди пренесена на клиника

На 02.08.2019 година во 02,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Миладиновци-н.Илинден В.М.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес „Ц 200“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контролаи излетала од коловозот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

lagadin-novo

Маж загина на плажата Лагадин во Охрид

Триесет и петгодишен маж загина при скок во Охридско Езеро на плажата Лагадин.Според информациите на полицијата, вчера во 20 часот било пријавено дека во Охрид на плажата Лагадин, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.Од здобиените повреди, при  транспорт во болница, повредениот починал. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: Да скандираш 'северна' да Мечкин Камен, те прави малоумна стока

По вчерашното чествување на празникот Илинден, актерот Сашо Тасевски е лут на оние кои скандирале „северна“ и за него, тие луѓе се  малоумна стока.„Да скандираш: Северна, Северна! На Мечкин Камен! На ден Илинден! Кога се во силен јуриш бугарските врховисти против се што е македонско! Тоа не те прави обична стока. Туку малоумна. Браво“, пишува Тасевски на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

zagreb-ubistvo-policija

ВИДЕО: Љубомора е мотивот за шесткратното убиство во Загреб

Ова е куќата во Загреб во која синоќа е извршено шесткратното убиство. 36 годишниот убиец  Игор Наѓ од Вуковар во дворот прво ја ликвидирал својата бивша вереница Маја, а веднаш потоа нејзината мајка и сестра. Внатре во домот продолжил со масакрот. Со пиштол ги усмртил таткото  и десетгодишниот син на својата партнерка, како и и уште едно машко лице. Убиецот имал милост само за своето дете, 4 месечното бебе кое го имал од врската со Маја.  По неколку часови бегство, тој самиот си го одзел животот, во куќа 15 километри далеку од местото на злочинот.Комшиите на убиеното смејство се изненадени од целиот случај, велат дека никогаш немало пријави за семејно насилство.Сепак хрватските медими откриваат дека убиецот Игор Наг секогаш бил на работ на законот. Како избеглица од Вуковар, без родители, тој и брат му одвај составувале крај со крај. За да преживее станал таксист, а идната вереница ја запознал пред две години. Неговиот Фејсбук е преполн со фотографии од среќните денови со Маја и нејзинот син од претходната врска Паоло, момчето кое синока го убил. Полицијата се уште го испитува мотивот, но се шпекулира дека се работи за љубомора. Во неговото досие има само една пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Свет | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Ако патувате за Грција, ќе заглавите на граница

За влез во Грција, на граничниот премин Евзони, и утрово се чекаше и по два часа, што значи дека „шпицот“ не помина вчера. Колоните возила се речиси споени со македонската граница, а формалностите за влез во соседната земја се одвиваат бавно.Од АМСМ, пак, известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути.

Македонија | пред 6 години

selfi-610x361

Заев од денеска ќе биде на одмор во Охрид

Премиерот, Зоран Заев, од денеска, според најавите од Влада заминува на одмор. Прво ќе летува во Охрид, а потоа заминува во Грција. Христијан Мицкоски по вчерашниот ден когагопрослави  Илинден исто така заминува  на одмор. Тој ќебиде една недела во Хрватска.Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска веќе е на годишен одмор од 25 јули до 5 август во Скандинавија. Во овој период одмори најавија и вицепремиерите Кочо Анѓушев, односно Бујар Османи во Грција и Албанија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Желби за помирување и почит - што порачаа политичарите за Илинден?

Со поклон и цвеќе државата денеска им оддаде почит на двата Илиндена и илинденците. Споменикот на АСНОМ, на паднатите борци од НОБ, на Методија Андонов Ченто, Никола Карев, но и и вечните почивалишта на претседателите КироГлигоров, Борис Трајковски и генерал Михајло Апостолски беа местата каде државниот и политички врв, борците од НОБ се сетија на нивното наследство. Во тоа не ги спречи ниту силното августовски сонце од кое, оние кои ја прежиевеале Втората светска војна, се криеја со бели листови хартија.Затскриен во малку сенка која ја имаше на платото во Вила Водно претседателот на држават Стево Пендаровски кој го предводеше одбележувањето на 2 Август во Скопје кажа дека зборовите кои најдобро ја објаснуваат целта на оние кои ги дале животите за она што го имаме денес се оние испишани на епитафот во Алеата на великаните. „Умреа на нозе за да не клечат живи, а живи се, бидејќи мртов е зборот робје“.„Во време кога сме преокупирани со дневно-политички прашања, ова се освестувачки зборови што сведочат за димензиите на огромната жртва која ја овозможи денешната независност и слобода“, рече Пендаровски.Пендаровски се обрати со сценографија на која беа истакнати оригиналните знамиња на сите македонски ударни бригади од НОБ, додека до нив стоеше почесната гарда во комитската униформа.Пендаровски порача дека сите мора да се согласат со неспорната историска вистина дека во основите на нашата држава е антифашизмот и тоа ниту еден историски ревизионизам не смее да го доведе во прашање.Тој упати и порака за предизвикот со кој денес се соочува македонското општество – граѓанско помирување преку вистинска правда со владеење на правото, со што не смее да се прави компромис.„Сето ова да го правиме свесни за една работа. А тоа е дека еден ден и ние ќе се соочиме со наредната генерација. Ако се помириме и заеднички вложиме во нашата европска иднина, тогаш ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци и да кажеме – ние го продолживме делото на нашите предци и го изодевме нашиот дел од патот. Сега е редот на вас“, рече Пендаровски.Чествувањето на АСНОМ се одржа и во Пелинце, во близина на манастирот Прохор Пчински каде во 1944 се одржа  заседание на АСНОМ кога се ставени темелите на македонската држава. Церемонијата на Пелинце ја предводеше претседателот на Собранието, Талaт Џафери кој дел од обраќањето посвети и на евро-атланстките процеси на земјава.

Македонија | пред 6 години

20190803091411

Милошоски до Богоев: Ти си пример на добро момче во лошо друштво

Антонио Милошоски на Фејсбук објави заедничка фотографија од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и Боки 13. Како дел од фотографијата е и меморандумот за соработа помеѓу општинатаКарпош и Меѓународен сојуз Скопје.„Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво! Поздрав, Антонио“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.

Коментари | пред 6 години

5-2

Над 8 илјади луѓе вечерва отидоа во Грција

На граничниот премин Богородица на овој празничен ден, како што и се очекуваше – зголемен број на патници и возила кои заминуваат во некои од излетничките места во соседна Грција за да го минат продолжениот викенд.Уште од раните утрински часови на преминот се забележува зголемена фрекфенција. Олколу 10.00 часот границите повторно се споија, а тоа се случува често овој летен период.На преминот Богородица се работи со целиот расположлив капацитет, а според информациите од командирот на граничната полиција Милена Аврамова доколку се случи да се создаде поголема редица таа се решава со помош на новиот систем за регистрирање на патници и возила што значи задржувањето на границата е само заради извршување на редовните царински и патни процедури.Чекањето на Евзони беа подолги, односно се чекаше од еден до два часа. 12 Редици се формираа на граничниот премин од грчка страна, но и покрај тоа протокот одеше забавено. Нервоза и нетрпение кај патниците создаваше и огромната жештина што нѐ дочека овој ден, а на овој дел од државата достигнува и до 40 степени целзиусови.Од синоќа па до 10.00 часот на преминот Богородица за излез од Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1200 македонски државјани и 5529 странски државјани.

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

Облачно време, не очекува денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. УВ зрачењето ќе биде 8.Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.

Македонија | пред 6 години

mickoski-izjava

Осудените за 27 април кои се во затворите се под политички прогон, вели Мицковски

Правдата е замолчена а криминалниот октопод царува .Ова специјално јавно обвинителство веќе не е алтака за носење на правда туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење неправди неможе да се очекува правда од нешто штo не само ја навредува нашата интелегенција туку служи и за постмев изјави денеска во струшкото село Ташмаруништа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме .Гоце Делчев е македонска светост за која ќе се бориме секогаш а ние сме македонци од Македонија порача Мицкоски.Во својот говор Мицкоски ги спомена и Јане Ченто и сите други притворени за 27 април кои како што рече неправедно седат во затворите и се под политички прогон.Тој во говорот повика и на подршка за победа на следните предвремени избори за да не му се даде шанса на Заев да продолжи со уништувањето на Макеодонија.Мицкоски претходно во Ташмаруништа каде се одржа 70-та Културна манифестација, положи свежо цвеќе на спомен обележјето на двата Илиндена, а притоа ја посети и црквата Св. Архангел Михаил.

Македонија | пред 6 години

37896428-7AB8-43B2-86A6-6350809530FF

Факиќ за Илинден: Се перат мозоци на празников, а состојбата во држава е очајна

Состојбата во државата е очајна, оценува Сабина Факиќ на својот Фејсбук профил.-Кое перење мозоци на празников, а состојбата во државата очајна. Селективната правда пуштена на најјако, криминалците уживаат во украденото богатство, а оние што треба да овозможат владеење на право уште и трговија терале, напиша таа.

Коментари | пред 6 години

0C639F6A-AAF0-4F4A-8162-082DE874B9FA

ФОТО: Директорот на БЈБ за Илинден со кубанки во Охрид, обезбедувањето расчистуваше за да помине

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски познат по тоа што на 27 април пукаше во плафонот на Собранието, илинденската вечер ја помина на кубанска забава. Со него беа повеќе пријатели.Откако седна на претходно резервираната маса, тој цела вечер остана настрана. Но, додека да седне на масата, обезбедувањето се погрижи да ги тргне настрана присутните, кои уживаа во одличната забава.Тасевски и порано е виден на кубанските журки во Охрид.

Македонија | пред 6 години

A2E03BF2-EBE1-4DD7-BC67-D9EE1F2D3463

(ФОТО) По Илинден, депонија: Македонското знаме заврши во ѓубре

Попладнево заврши манифестацијата и обраќањата на државните функционери на Мечкин Камен во Крушево, но сликата која луѓето ја оставија за себе е крајно недолична.Еден куп ќеси, остатоци храна, пластични шишиња се најдоа на зелената површина на Мечкин Камен, оставајќи дамка на денешната прослава.Ваквата ситуација наиде на лавина негативни коментари на смета на посетителите, а ЈП Комуна – Крушево, заедно со градоначалникот Томе Христоски доцна попладнево го исчистија сето ѓубре оставено на тревата.

Македонија | пред 6 години

E222A679-1FFC-4D34-84FE-4B1DD82EF3E1

ФОТО: Мицковски на концерт во Охрид

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствува на концертот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски- Лозано во Охрид.Во негово друштво е портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.Стадионот “Билјанини извори” во Охрид е целосно исполнет на концертот на најголемата музичка ѕвезда во Македонија. Најавените концерти деновиве го преполнија Охрид. Шпицот на сезоната, празнично носи многу забава и многу гости.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002.00_45_40_20.Still005

ВИДЕО: Сообраќајот во Охрид целосно блокиран - возилата заглавени, возачите нервозни

Напливот на посетители кои продолжениот викенд го искористуваат да го посетат главниот туристички центар во државава, Охрид, го блокираше градот. Низ центарските улици тешко се поминува, а дополнителен проблем е и паркинг просторот, кој го нема во доволен број.Туристите и охриѓани се заглавија и на излезот од Охрид, но и за враќање во градот. Сообраќајот доживеа колапс, посебно, од плажата Славија до влезот во градот. Возачите се нервозни и свират, поради гужвите.Дополнително, сообраќајот беше закочен и поради сообраќајката која се случи во близина на хотел Силекс. Поради истата, 30 минути патот беше блокиран.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

ФОТО: Сообраќајка во близина на хотел Силекс во Охрид

Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај хотелот Силекс во Охрид меѓу две патнички возила.Според МВР, во несреќата нема повредени лица, а причинета е мала материјална штета.Едното од возилата беше подигнато со пајак-возило и тргнато од патот.Инаку, во текот на денот повеќепати сообраќајот од центарот на Охрид до плажите во месноста св. Стефан беше блокиран. Поради напливот на туристи, тешко се минува и низ улиците во центарот на градот.

Македонија | пред 6 години

grabez_zz_na_bulevaar

Разбојници нападнле 22-годишно момче во Скопје, му земале се што имал со себе

Вчера во СВР Скопје, П.Т.(22) од Скопје пријавил дека во с.Јурумлери извршено му било разбојништво од две лица, кои физички го нападнале и му одзеле пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

planeta

(ВИДЕО) НАСА тврди дека открила „Супер Земја“

НАСА штотуку откри потенцијална „супер-Земја" надвор од нашиот сончев систем, која е удобно сместена во населивата зона на својата ѕвезда, што значи дека може да биде зрела за човечка колонизација.НАСА ја именувала „ГЈ 357д“, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја“ под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.„Семтаме дека ова е прва блиска„ Супер Земја “ на која луѓето би можеле да живеат“, рече д-р Лиза Калтенгер, која го водеше ова истражување. „Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата.„GJ 357 d е во надворешниот раб на подвижната зона на својата sвезда, каде што добива иста количина на топлина од својата sвезда како што добива Марс од Сонцето“, рече астрономот Косаковски.

Магазин | пред 6 години

droga-kokain

(ВИДЕО) Во Германија царината заплени 4,5 тони кокаин

Германските царински власти објавија денеска дека заплениле 4,5 тони кокаин во контејнер од Уругвај, со проценета улична вредност од речиси една милијарда евра. Ова е најголема заплена на дрога во историјата на Германија. Цариниците пред два дена разгледале сомнителен контејнер , што стигнал опд гавниот град на Уругвај, Монтевидео со крајна цел , белгиското пристаниште Антверпен.Во документите пишувало дека е натоварен со соја , но наместо тоа , цариниците нашле 220 црни спортски торби со 4 200 пакети кокаин.Дрогата била уништена во Хамбург според сите правила и безбедносни стандарди.

Свет | пред 6 години

mraz

Се стопил над 50 отсто од мразот на Гренланд

Топлотниот бран што пред една недела ги урна рекордите во повеќе европски земји предизвика нагло топење на милениумскиот мраз на северниот остров Гренланд.Со топењето на мразот на Гренланд , се забрзува уште повеќе и топењето на арктичката ледена капа, што може да има страшни последици за живиот свет на Земјата, вклучително и за луѓето.Топењето се должи на доаѓањето на топол воздух од Северна Африка и Шпанија што ги „стопи“ европските градови минатата недела, поставувајќи национални рекорди во Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Британија.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања