Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

rabota

Невработеноста во Македонија трипати повисока отколку во ЕУ

Невработеноста во земјава е три пати  повисока  од  европскиот просек.  Процентот на  невработени во Македонија е 17, 8 , а според последниот извештај на  Еуростат во земјите членки на Унијата просекот е 6,3 проценти.Според домашните експерти за да се достигнат европските бројки на земјава ќе и бидат потребни повеќе години, објави Сител.Нивото на инвестиции сеуште не е доволно, а на економскиот развој треба уште многу да се работи. Вработувањето  главно е во јавната администрација и мал дел во приватните  фирми. Текстот во целост на: sitel.com.mk  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Палмер: Поддржуваме целосна и транспарентна истрага за обвинувањата за СЈО

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Пламер, коментирајќи ја истрагата поврзана со СЈО, изјави дека САД поддржуваат целосна, детална и транспарентна истрага, објави Гласот на Америка.„Такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ако постојат докази, тогаш соодетно обвинение ќе биде можност за властите и Северна Македонија да покажат почитување на владеење на правото, кое преставува фундаментална основа што ќе и` помогне на Северна Македонија да го продолжи европскиот пат. Ние ги поодржуваме и охрабруваме институциите на Севрна Македонија да ја завршат оваа истрага“, изјавил Палмер во интервју за српската редакција на Гласот на Америка. 

Македонија | пред 6 години

amerika-rusija

САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Русија

Втори август е денот кога САД официјално се повлекуваат од Договорот за ограничување на нуклеарните ракети со среден дострел кој беше потпишан во 1987 година и на САД и Русија им наложуваше комплетно да го елиминираат својот арсенал на ракети со дострел од 500 до 5500 километри.Со договорот за прв пат двете суперсили прифатија да елиминираат цела категорија на нуклеарно оружје и да дозволуваат опширни инспекции на своите постројки за да обезбедат дека двете страни ги почитуваат одредбите од договорот.Руските власти соопштија дека овој договор е завршен,  обвинувајќи ги САД дека се одговорни за тоа, но предложија и понатаму да не се користат ракетите со забранетиот дострел.Раскинувањето на договорот значи дека САД и Русија ќе може легално да ги развиваат и разместуваат споменатите проектили, што особено ги обеспокојува западните европски земји американски сојузници.„Им предложивме на САД и на друиготе земји од НАТО да ја разгледаат можноста за прогласувње ист вид мораториум на распоредувањето на проектили со кус и среден дострел како и нашиот, како и оној кој го прогласи претседателот Владимир Путин“, рече заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кого го цитира агенцијата ТАСС.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Силен земјотрес на Суматра, издадено предупредување од цунами

Индонезиската Агенција за геофизика издаде предупредување за појава на цунами. Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на индонезискиот остров Суматра.Епицентарот на потресот бил на длабочина од 59 километри, а засега нема информации за повердени лица и за материјална штета.

Свет | пред 6 години

ivanov

Поранешниот претседател Иванов: Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува

Поранешниот претседател на Р Македонија, Ѓорге Иванов објави статус на социјлната мрежа Фејсбук преку кој на сите им го честита празникот.  Иванов напиша:Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.Честит Илинден.Вечна Македонијаhttps://www.facebook.com/exmacedonianpresident/photos/a.10156478377096158/10156620864886158/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

davkova

Давкова: Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме! Нивната жртва е аманет за сите нас

Професорката Горднаа Силјановска Давкова упати честитка по повод празникот Илинден на својот Фејсбук профил. „Не само да ги славиме тие што загинаа за Македонија! Да ја сочуваме! Нивната жртва е аманет за сите нас.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/photos/pcb.892331057791437/892330934458116/?type=3&theaterДавкова денеска за празникот беше во делегацијата со Христијан Мицкоски . Тие беа заедно со други партиски функционери во струшкото село Ташмаруништа, каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше свое обраќање. Делегации на опозцијата на денешното одбележување на празникот беа и во Крушево, Скопје, Пелинце.

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

На Кочан му се слошило во Идризово - примил инекција

Сеад Кочан преноќи во затворот Идризово. Од денеска започна да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци. Кочан доцна синоќа го однесоа во затвор полициските алфи по наредба на судот. Беше уапсен во приватна болница каде беше хоспитализиран. Утрото Кочан имал покачен крвен притисок. Бил прегледан во затворот. Добил инјекција. Од затворот Идризово посочија дека добил солидна соба. Сеад Кочан не го убеди судот дека неговото здравје е кревко и не дозволува да оди во затвор. Лекарските белешки на Кочан ги проверила и комисија од министерството за здравство.Министерство за здравство:„На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување“.Текстот во целост на:.alsat-m.tv

Македонија | пред 6 години

vlatko

Ѓорчев: Долги години доѓам на Пелинце, никогаш немало помалку луѓе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска по завршување на манифестацијата  во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце изјави дека долги години доаѓа во Пелинце, но дека никогаш толку малку народ.– Долги години доаѓам на Пелинце и никогаш немало помалку луѓе. На една страна беа претставниците на власта, а народот е на друга страна. Народот си е за Македонија, народот ја сака Македонија. Ќе помине и ова – рече Ѓорчев.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2748827901811320/?type=3

Македонија | пред 6 години

IMG_20190802_101038

Чествување на Илинден, пред спомен обележјата во Битола

Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден.Претставници од Советот на Општина Битола  положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, во име на градоначалничката Петровска и Општина Битола, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе.  Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.„Денес на Илинден, голем празник од двојно историско, општествено-политичко, но и исконско-верско значење за државата, во име на градоначалникот на Општина Битола г-ѓа Наташа Петровска, во име на Општна  и во мое име како советник во Советот на Општина Битола, Ви го честитам Илинден.  2 август бил и ќе биде темел и потврда за историскиот континуитет во борбата на македонскиот народ за своја држава и тоа секогаш, без исклучок, како држава на сите народи кои живеат овде, а денес силно промовирана како едно општество за сите. Денес го одбележуваме Илинденското востание од 1903 кога се прогласи Крушевската Република, го одбележуваме Првото заседание на АСНОМ 1944, кога се поставија темелите на државноста на републиката. На овој ден Битола и Битолчани се особено горди на одбележувањето на 77 годишнината од првата борбена акција на Битолско-Преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, во регионот на Смилево. Се ова е причина овогодинешното мото на манифестацијата на национално ниво да гласи „Сите сме деца на Илинден“. Поради големината на денот, Ви го честитам празникот со желба во ова време на ниска општествено-политичка култура да се присетиме на мислите за кои животот го посветиле Даме, Питу, Ченто...Нека ни е честит и вечен Илинден“, рече советничката Татјана Крнчева.Пред присутните се обрати и претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски, осврнувајќи се на историските аспекти на двата Илиндена.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Делегации на СДСМ оддадоа почит во чест на големиот државен празник 2 Август - Денот на Републиката

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци на неколку локации.Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Стефан Богоев член на ИО на СДСМ, Диме Велковски, член на ЦО на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никола Карев, споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, споменикот на Методија Андонов - Ченто и на споменикот на паднатите борци во НОБ на градските гробишта Бутел.Во Пелинце, делегација на СДСМ во состав Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ во Собранието, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ во Собранието и Бојан Стојковски од СДММ,  положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец претседавач на ЦО на СДСМ, Васко Ковачевски, ОО СДСМ Битола и Роберт Наумовски, член на ЦО, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

Македонија | пред 6 години

Foto-8

Пендаровски во Алејата на великаните, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со претставници на Сојузот на борците, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, денеска, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, се поклони и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски. Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, по повод 2-ри Август, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје. По повод 2-ри Август - Денот на Републиката, делегации од Кабинетот на Претседателот денеска учествуваат на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и во Смилево. 

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џафери од Пелинце: Полни 28 години самостојна драва, секоја година со нови предизвици, но заедно успеавме да ги надминеме и да ги оствариме нашите цели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се обрати пред Меморијалниот центар „АСНОМ“ – Пелинце по повод празникот Илинден.Тој истакна дека многу мајчини солзи се лееле во минатото за да се доживее сонот на 8 Септември 1991 година, кога Македонија стана независна држава.„Ако ги погледнеме, многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее. Тој сон се оствари на 8-Септември 1991 година. Полни 28 години самостојна драва, секоја година со нови предизвици, но сепак сите заедно успеавме да ги надминеме и да ги оствариме нашите цели. Процесот се уште не е заокружен, а исто се однесува и на интеграцијата во НАТО сојузот. Минатите две години се најжешките години во историјата во Македонија. Беше период на државнички одлуки кои го деблокираа патот кон интеграциите“, истакна Џафери од Пелинце.Тој, по повод 75 годишнината од првото засадание на АСНОМ и 116 годишнината од Илинденското востание, посочи дека двата Илиндена се столбови врз кои се темели создавањето и зацврстувњето на државата.

Македонија | пред 6 години

zaev-krusevo

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев

Централната прослава на големиот државен празник 2 Август Илинден – Денот на Републиката кој оваа година се одбележува под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ во Крушево започна со оддавање почит и положување на свежо цвеќе и венци на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република во Македониум.Претседателот на Владата ,Зоран Заев предводеше висока владина делегација во состав Заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министер за здравство, Венко Филипче, министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерка задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски којашто положи цвеќе и оддаде почит.Потоа, владината делегација предводена од премиерот Заев оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Слива, којшто се наоѓа во близина на Крушево и претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.На прославата во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, учествуваше владина делегација во состав од Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и Благе Петровиќ, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Илинденска честитка од Бачев: Мора да издржиме во битката за Македонија, не им било лесно и на Делчев, Груев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто...

Честитката на претседателот на Единствена Македонија по повод Илинден:-„Денес Македонија ја слави и чествува борбата за слобода и независност на македонскиот народ, го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија, кога со избувнувањето на Илинденското востание, ние Македонците докажавме дека сме слодољубив народ, жеден за правда, еднаковст и просперитет, и тоа се мотивите кои го предизвикаа и вториот Илинден 1944 година кога е создадена долгоочекуваната и со борба исткаена сопствена модерна македонска држава.Браќа Македонци и сестри Македонки, ако борбата на нашите предци беше создавањето на независна македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме пред налетот на пучистичката власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско.Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова не е битка за власт, поединци или лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија мора да победи.Впрочем, можел Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската република, можел Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, можел и Ченто да си седи мирен и да ги слуша наредбите од Белград, Делчев и Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка за одбрана на вековното име, идентитетот и историја и традицијата на македонскиот народ, Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ, никогаш нема да ја заборави жргвата на илинденците и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слободна и независна државност. Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во честитката од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод државниот празник 2 Август – Илинден. 

Македонија | пред 6 години

ilinden-1

Во Крушево yaпсени три лица

Во Крушево се yaпсени Драган Угриновски и уште две други лица, објавува активистот за човекови права Ицо Најдовски, пренесува порталот „Експрес“.Тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод. Најверојатно се cомничат за организирање пpoтести на Мечкин Камен.Според други активисти не им било кажано зашто се пpиведени.-Сега зборував со Драган Угриновски. Се наоѓа во полициска кола и фaшистите го носат во прилепската пoлиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод.Илинден 1936, Крушево!, пишува Најдовски.

Македонија | пред 6 години

mickoski-2-ri-3

Мицкоски од Ташмаруништа: Боки и Кичеец немаше да имаат никаква сила ако не беа Кики, Фрики и Зоки Поки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во најголем дел од неговото обраќање за Илинден од струшко Ташмаруништа, зборуваше за своите политички противници и за криминалот и правдата.Го спомена и случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои според Мицкоски, немало да станат моќни без поддршка од власта.„За криминалот да не збориме. Правдата е замолчена, а криминалниот октопод царува. Новинари се викаат на сослушување, а криминалците за кои тие пишуваат се уште се на државна плата, или на чело на скапите тендери платени со државни пари. И не е проблем ниту првото, ниту второ осомничениот во случајот Рекет. Сите знаат, сите знаат во оваа земја дека ниту прво ниту второ осомничениот немаше да има никаква сила доколку неговиот грб не беа функционерите од врхушката на СДСМ, фамозните Кики, Фрики, предводени од сценаристото Зоки Поки.Знам, добро знам дека имаше и луѓе кои поверуваа дека Заев и сега компромитираното СЈО ќе донесоа некаква правда, но драги браќа и сестри гледате дека ве разочараа. Сите нас не разочараа. Ова СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев за правење на неправда. Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелегенција туку служи и за потсмев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила. Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман, а Катица невина, туку затоа што Јанева премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, прогонуваа и како заштититуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи на власт.Но, сега за сето ова знае и опозицијата, а дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија. А, ако процени дека и Јанева станува штетна за премиерот бидете сигурни дека Рускоска обвинителството ќе стапи на сцена и некое утро ќе бидеме сведоци како се откажал и од Јанева, исто како што ќе се откаже и од сите други криминални ликови само да го заштити својот криминал и криминалот на своето семејство. И бидете сигури дека тоа лажно ќе сака да го прикаже како некаква борба за правда, во период кога знаат дека правдата со Заев не е можна. Заев не е во состојба да поставува услови, ниту повеќе да диктира темпо. Нему му преостанува да ги планира деновите по неговото политичко заминување. Да преиспита каде се огрешил пред законот, каков криминал сторил и колку долга ќе биде казната која ќе треба да ја отслужи за да може колку толку да им се извини на граѓаните“.

Слајдер | пред 6 години

31600671_363325997520536_892656583937359872_o

Честитка по повод празникот Илинден од претседателот на ГДУ, Петар Колев

Следниот месец Македонија ќе слави 28 години од својата независност, а нашата апатија е сè уште тука. Поделени на „наши“ и „ваши“, заборавивме акцентот да го ставиме на нешто поголемо и далеку поважно од тоа како „нашите“ да дојдат на власт.Илинден треба да нè потсети дека борбата е процес кој не запира во ниту еден момент. Не би сакал ова мое обраќање да изгледа помпезно, напротив, сакам да знаете дека никој не е поголем од крајната цел нашата земја да стане модерна држава во која владее правото, земја која има висок економски стандард и не е место од кое што бараш начин да се евакуираш.Денеска, 116 години после Илинден, некои мои колеги политичари, ќе ве замајуваат со патриотски приказни за фаланги, комити, партизани и сл. други пак ќе ви велат дека „само што не сме процветале“, ама вистината е сосема друга. Со секој нареден Илинден, во училиштата на нашата земја има се помалку деца. Во нашите болници има се помалку доктори. Во устите на нашите мајки и татковци има се помалку заби.Можам да редам уште, но каква е смислата. Бев дете на 5 години кога Македонија го прослави својот прв Илинден, како независна земја, од тогаш до сега вие сте тие кои најдобро знаете како се живее во Македонија и дали сакате вашите деца и внуци да живеат во таква Македонија.Затоа без многу протоколарности сакам да ви кажам: Ако можеа Илинденци да кренат рака против една цела империја, можеме и ние да се избориме за нашата Македонија, таква, каква што сакаме да ни биде. Треба само да поверуваме во таа борба вистински и да прекинеме да се делиме на „наши и ваши“, бидејќи додека се делиме најлесно ќе можат да нè манипулираат. Тоа е вистината.Секоја генерација има свој Илинден. Ние нашата генерација сме тие кои можеме да ја донесеме промената, без пушки и пиштоли, но со упорност и храброст. Јас верувам во вас драги мои пријатели, поверувајте и вие. Ако упееме да го промениме системот и да им оставиме една подобра земја на нашите деца, значи сме го достигнале нашиот идеал, нашиот вистински Илинден.Честит Илинден, слава на хероите, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

mickoski-2-ri

(ВИДЕО) Мицкоски на прославата во струшко Ташмаруништа

Денес Македонија ги празнува двата светли Илиндена- првиот кој беше крик на поробениот народ, и вториот таа 44-та кој беше продолжение на првиот и кој значеше крунисување на нашата борба за своја Македонска држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во село Ташмаруниште, Струга.-И секогаш кога ќе се спомене Илинден треба да се има во предвид дека Илинден не е почетокот, туку влегувањето во финишот на една вековна борба за слобода, каде многу генерации херои и хероини ги положија своите животи. Илинден не само Крушевското востание туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот, на секоја педа македонска почва. Илинден е и отпорот и пркоста на Тамшаруништа, жилавоста на битолските и охридските комити и војводи, отпорот на секој слободно мислечки Македонец против тогашната власт која притискала, прогонувала и заробувала, потенцираше Мицкоски и додаде:„А ВМРО, ВМРО е темелот на Илинден, составен дел од таа борба за слобода. И затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот. Тоа е неговиот сопатник и пријател низ времето. Вториот Илинден е само продолжение на тоа каде се стигнало со првиот. Партизаните кои го носат пламенот на слободољубието наследен од Илинденците конечно победуваат и ја плаќаат високата цена за денешната слобода. Во таа борба подеднакво се големи сите титани кои се нашите македонски апостоли на кои имаме и историско и културно право да се повикуваме“.-Денес тука доаѓам од мијачкото село Лазарополе. Место преполно со луѓе, врева, џагор. Преубаво место, со живописна природа, своја историја, верувања, обачаи и потенцијал за развој. Но ова за жал е мртво село. Луѓето таму велат дека е вака е само 3-4 дена во годината. Како на тацна можеме да сведочиме за иселувањето кое се случило во 70-сетите години од минатиот век но и последиците кое ги носи тоа. Вистинското прашање е колку многу места во Македонија ја доживуваат судбината на Лазарополе во овој момент. Одговорот е премногу. Селата се веќе стара приказна, денеска почнуваат градовите да ни се иселуваат и празнат. Жална е сликата низ Македонија, прошетајте во Берово, Делчево, дури и една Битола, Кичево, но и Тетово и Гостивар, тоа е примерот. Младите се иселуваат, и тоа трајно ја напуштаат нашата земја зошто животот е мачен, тежок и лош, но има и такви кои со подобри финансиски примања се одлучуваат на таков чекор затоа што повеќе не веруваат во системот на државата, затоа што системот е трул. Системот е трул, корумпиран и тој не постои за граѓаните. Постои за власта за оние малкумина на Зоран Заев и неколкумина негови обожаватели, истакна Мицксоки и додаде:„И кога ќе речат дека блескаме знаете дека тоа е така само на телевизијата и оној дел од медиумите кои под силна контрола ја одбегнуваат вистината. А која е вистината? Вистината е дека народот не живее подобро. И кога го слушам Зоран Заев како се фали со однапред напишаните податоци и весели математики и селективни споредби во кои што и тој самиот не верува се прашувам во кој свет живее овој човек? Сигурно огромно мнозинство граѓани и тој и малкумината обожаватели околу него дека не живееме во истиот свет. Земјоделците гладуваат и се мачат, сиромаштијата се зголемува. Докторите се незадоволни, студентите се бесни. Јас ја имам таа прилика како професор да работам со прекрасни млади луѓе, умни и стројни, луѓе кои си ја сакаат земјата, но барем полоцвина од нив по дипломирањето ја напуштаат трајно. И тоа боли, пече…“.-И немајќи што, немајќи како да го пополни периодот на владеење, бидејќи нема ден да нема нов скандал, нова афера, нова информација за некој сомнително и криминално распределен тендер, па му текнало да објави борба против лажните вести, па згора на се, се повикува да се посочат луѓето кои шират лажни вести бидејќи како што од владата ќе кажат тие биле непријатели на демократијата. Па еве јас ќе помогнам, познавам еден ширач на лажни вести, тој е главен извор на сите лаги, шпекулации, дезинформации, името на сите ни е познато, Зоран Заев и за жал се уште е премиер на Владата на Република Македонија. Владата која тој ја води и тој самиот е главниот извор на лажни вести. Истиот тој не убедуваше дека Македонија мината година доби датум за преговори со ЕУ, истиот тој не убедуваше и дека секоја година економијата ќе расте со 5 проценти, а  не можеме да постигнеме ниту пола од тој да дојдеме, истиот тој  ни велеше дека ФБ и Google ќе дошле да инвестираат, и голема автомобилска компанија која еве трета година гледаме, освен срам и понижување, пљачкање, криминал, ниту Фејсбук дојде, ниту Гугл, ниту таа голема компанија од автомобилската индустрија. Па ова нели е лажна вест, ова нели е напад врз демократијата. Ова нели е уште едно газење на достоинството на народот и честа на нашите луѓе, рече лидерот на опозицијата и додаде:„За криминалот да не збориме. Правдата е замолчена, а криминалниот октопод царува. Новинари се викаат на сослушување, а криминалците за кои тие пишуваат се уште се на државна плата, или на чело на скапите тендери платени со државни пари. И не е проблем ниту првото, ниту второ осомничениот во случајот Рекет. Сите знаат, сите знаат во оваа земја дека ниту прво ниту второ осомничениот немаше да има никаква сила доколку неговиот грб не беа функционерите од врхушката на СДСМ, фамозните Кики, Фрики, предводени од сценаристото Зоки Поки. Знам, добро знам дека имаше и луѓе кои поверуваа дека Заев и сега компромитираното СЈО ќе донесоа некаква правда, но драги браќа и сестри гледате дека ве разочараа. Сите нас не разочараа. Ова СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев за правење на  неправда. Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелегенција туку служи и за потсмев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила.  Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман, а Катица невина, туку затоа што Јанева премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, прогонуваа и како заштититуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи  на власт. Но, сега за сето ова знае и опозицијата, а дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија. А, ако процени дека и Јанева станува штетна за премиерот бидете сигурни дека Рускоска обвинителството ќе стапи на сцена и некое утро ќе бидеме сведоци како се откажал и од Јанева, исто како што ќе се откаже и од сите други криминални ликови само да го заштити својот криминал и криминалот на своето семејство. И бидете сигури дека тоа лажно ќе сака да го прикаже како некаква борба за правда, во период кога знаат дека правдата со Заев не е можна. Заев не е во состојба да поставува услови, ниту повеќе да диктира темпо. Нему му преостанува да ги планира деновите по неговото политичко заминување. Да преиспита каде се огрешил пред законот, каков криминал сторил и колку долга ќе биде казната која ќе треба да ја отслужи за да може колку толку да им се извини на граѓаните“.-Знам дека денес од Мечкин Камен Заев ќе говори за блескањето кое всушност е силно помрачување, ќе говори и за обединување или како што тој го вика помирување, и дека сме оделе напред и светот не препознавал, дека наводно сме создале пријатели, но тоа е така само во неговиот свет, во светот во кој ние секој ден живееме и опстојуваме тоа го нема, владее апатија, безизлезност и силно разочарување. А Европската Унија која е нашиот единствен пат со овие луѓе стана далеча цел. Лесно е да се откажеш и да го рушиш она што се градело со векови, тешкото е да го сочуваш. Македонија секогаш во историјата имала свои колективни неуспеси и катастрофи. Денес сето тоа е собрано и олицетворено во Зоран Заев. Оваа влада не треба да падне само поради сето ова што до сега го набројав. Туку Заев нека биде сигурен дека не ја забораваме и промената на името, која силно го боли секој Македонец овде и во светот, промената на идентитетот, поигрувањето со историјата, колективното реструктуирање на идентитетот во облик во кој што треба да прифатиме, е тоа кај мене и во огромно мнозинтво Македонци не проаѓа, вели Мицкоски и додава:„Гоце Делчев е нашата светост, и ќе преговараме се додека не докажеме која е вистинската вистина, дека Гоце е Македонецот кој се борел за независна, суверена и самостојна држава. А ние сме Македонци од Македонија, тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме. Ќе падне оваа влада и затоа што не забораваме на прогнот. И во овие мигови кога прославуваме ваков светол ден, не можам а да не ги споменам нашите браќа и сестри кои неправедно седат по затворите и се под политички прогон. Не можам да не го споменам  Димитар, Јане Ченто, Дејан, Горан Ангелов, Миле, Митко Чавков, Митко Пешов  и сите останати кои ја делат таа несреќа да ја носат на свои плеќи омрзата и лудилото на оваа власт. Колку сакаат власта да покаже дека е силна, знаат дека се слаби. Слабост е да се прогонуваат невини луѓе. Илинденците се бореа за Македонија. Мојата борба и нашата заедничка задача се вика едноставно Македонија“.Од Ташмаруниште Мицкоски порача дека е подготвен да се бори за ова во последен здив.-Мојата задача е да се избориме за правда и владеење на правото. Вистинска правда, а не онаа Заева неправда која ни ја продава за лажна правда. И тука немам намера да правам компромиси со било што. Без оглед дали се работи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или било кој друг политичар кој се огрешил, посрамотил и направил злодело пред сопствените граѓани и пред законите и Уставот на Република Македонија пред народот и законите. Мораме заеднички, а затоа молам за ваша помош, масовно да излеземе на следните предвремени парламентарни избори и да го поразиме Зоран Заев и врхушката на власт.  Мораме заедно да ја промениме свеста и сликата за политичарите, зошто ќе ја загубиме Македонија.  Да ја вратиме заедно верба во системот кој постои за да служи на граѓаните, а не граѓаните да му служат на системот. Мора да види овој народ дека политичарите не се заштитена каста, која е над државата, туку дека сите ние, сите ние  сме слуги на народот и нашата татковина. Мора да бидеме општество со еднакви можности за сите, со развиена економија и нови работни места. На безаконието да се одговори со закон, на анархијата со поредок, истакна тој.Мицкоски испрати порака да си ги вратиме младите кои си заминаа и да обезбедиме иднина на оние кои планираат да заминат.-За да сето ова биде возможно потребни се итни, брзи парламентарни избори, избори на кои народот ќе се избори за промени, за нов почеток кој ќе значи вистинска обнова на Македонија. Кој ќе значи ред и правда, просперитет и развој, подобра иднина. И денес кога Зоран Заев ќе држи говор од Мечкин Камен добро нека го погледне споменикот на востаникот со силно раширени раце, тој востаник е со високо подигната карпа над главата и  го претставува последниот херојски миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули кои се бореа за слободата која што ние денес ја живееме. Питу Гули велеше: „Ако нема слобода има смрт, затоа што без слобода има само смрт“.  Почвата која ја гази е натопена со херојска крв и жртва на сите оние кои гинеа за Македонија. Заев нека го посети и Македониумот, таму се моштите на претседателот на Крушевската Република Карев, војводата Никола Карев. Тој велеше „Ние револуционерите, под клетва дигнавме пушка и на нашето црвено од крв знаме запишавме СМРТ или СЛОБОДА.“  Неуспехот во водењето на Македонија подразбира неуспех и валкање на делото на овие великани како и непочитување кон многу други кои ги дадоа своите животи за Република Македонија. Тие беа и остануваат Македонци. А нивната жртва нема да биде залудна, ако нашите дела бидат вистински, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕМицкоски порача дека мораме да ја вратиме силата и честа на Македонија.-Затоа Илинден  е жив и денес, Илинден има кауза срочена во името Македонија. Доаѓаат промени, и нов почеток, започнува обнова на Македонија. Доаѓа време кога мора да се победи мракот и да изгрее сонцето, а сонцето секогаш е Македонија. Нека е вечен Илинден и нека е вечна Македонија. Да живее самостојна суверена, независна и просперитетна Република Македонија, заврши Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

kosta-vodici1

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 2 – ри август, денот на Републиката

– Чествувајќи го 2ри Август – Илинден, Денот на Републиката, денот кој не инспирира и обединува, ја продолжуваме традицијата на нашите славни генерации и се сеќаваме на големиот број револуционери, кои верни на својот идеал ја дадоа најголемата жртва поттикнати од  маките и страдањата на народот, но и стремежот за самостојна и слободна држава.Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.Идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, и тлеат во секој од нас. Се додека во себе го носиме жарот на илинденците ќе постои и стремежот за поубаво утре.Нека ни е честит и вековит празникот Илинден! – се вели во празничната честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

straza-soobra-1

МВР за сообраќајната несреќа кај Стража

На 01.08.2019 во 10,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(42) од Студеничани-скопско и патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(19) од с.Вранештица-кичевско. Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото “Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Куманово, повредени 4 лица

На 01.08.2019 во 15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата “11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(26) од Куманово, и патничко моторно возило “БМВ“ со српски национални ознаки, управувано од Ј.Ц.(46) од Р.Србија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “БМВ“, М.Ц. која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило, како и возачот А.Н. и еден сопатник од  возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Контрола на СВР Струга врз лица и возила – пронашле многу марихуана и таблети

На 01.08.2019 во времето од 20,00 до 05,30 часот во Струга на улицата „Партизанска“ при преземање на мерки и активности од полициски службеници од Полициската станица Струга, извршени биле прегледи врз лица и возила, при што кај М.С.(31) од Тетово при преглед на патничко моторно возило „Опел Мерива“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени таблети и марихуана, кај Е.А.(29) од Скопје била пронајдена марихуана, кај И.З.(38) од Струга, при преглед на патничко моторно возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки била пронајдена марихуана. Исто така,  кај А.Н.(32) од Битола, при извршен преглед била пронајдена марихуана, кај Д.Н (25) од Штип била пронајдена марихуана, кај И.Г.(30) од Скопје била пронајдена марихуана, кај Т.С.(32) од Битола биле пронајдени таблети. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Србин ја извршил кражбата во маркет во Охрид

На 01.08.2019 во 11,20 часот во СВР-Охрид од страна на полициски службеници бил лишен од слобода К.Б.(37) од Р.Србија поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело “разбојничка кражба“ на 28.07.2019 година во маркет на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај четири лица пронајден кокаин

На 01.08.2018 во 19,00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на наплатна станица од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар при извршен преглед кај лицата В.Р.(38) од с.Градец-гостиварско и Ѓ.Ф.(47) од Гостивар бил пронајден кокаин. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. На 01.08.2018 во 13,00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на наплатна станица од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар при извршен преглед кај лицата Б.В.(41) и Т.В.(37) двајцата од Скопје бил пронајден хероин. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Србин го променил VIN бројот на возилото со типска налепница

На 01.08.2019 година во 14,30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Р.Северна Македонија при контрола на лицето Н.С.(39) од Р.Србија, кој управувал патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со српски национални ознаки, било констатирано дека VIN бројот на возилото е менуван, а типската налепница била фалсификувана. Лицето и возилото  биле предадени на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања