Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

marihuana2

Кај 21 годишен тетовец пронајдена марихуана, дробилка и зипер кесички

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 01.08.2019 во 6,30 часот извршиле претрес во домот на 21-годишниот тетовец О.Е, на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдена е марихуана, дробилка и зипер кесички. О.Е. е лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

bankog

Бангкок домаќин на најголемиот безбедносен самит а се случија две експлозии

Во експлозии на најмалку две бомби во Бангкок, каде се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Југоисточна Азија, повредени се две жени, соопштија локалните власти.На состаноците во главниот град на Тајланд присуствуваат и државниот секретар на САД, како и министрите за надворешни работи на Русија и наКина.Полицијата уапси две лица осомничени за експлозиите.Една експлозија одекна во предградие недалеку од владини згради, додека други беа во центарот.Премиерот Прајут Чан-оча нареди спроведување итна истрага. 

Свет | пред 6 години

martin

Млад Македонец загина во Малта

Мартин Калинчев (28) кој како и многу млади луѓе од Македонија бил на привремена работа во Малта , загинал утрово од струен удар. Несреќата се случил додека работел качен во дигалка и случајно се допрел до електрични кабли.Веднаш бил префрлен во болница , каде констатирале смрт со бројни повреди. Трагедијата ја потресе македонската заедница на Малта , кои на социјалните мрежи ја објавуваат тажната вест.

Македонија | пред 6 години

tela-zagreb

Во Загреб убиени шест членови на семејство, убиецот се самоубил

Синоќа во Загреб се случи шесткратно убиство. Сите шест тела се најдени во една куќа после пријава на соседите кои слушнале пукотници. Неколку часа подоцна, полицијата го пронашла убиецот, кој според првичните информации извршил самоубиство.Убиени се неговата поранешна сопруга, едно десетгодишно дете, двајца мажи и две жени. Масакрот го преживеа само седуммесечното бебе, кое било во своето креветче во една од собите и е неповредено.На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепските медиуми.Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство, пришто меѓу загинатите се поранешната сопруга на убиецот и нејзиниот нов партнер.(Фото: Јутарњи вијести)

Свет | пред 6 години

sv-ilija

Денеска е Св. пророк Илија-Илинден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места.Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размилсува.Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.” И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не бијат громови по полето, луѓето и стоката и сл.Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на Свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Во пролет и во лето кога има грмежи свети Илија се шета по небото со златна кола и ја бара ламјата за да ја убие. Таа оди да ги пасе житата, а тој штом ќе ја забележи, фрла по неа со огнени стрели. Е. Спространов забележал дека Св. Илија е празник на кожуварите.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Илинден е симбол на непокорот и борбата за слободна и независна Татковина, Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод големиот државен празник 2 Август - Илинден, Ден на Републиката упатува искрени честитки до сите граѓани.Илинден е симбол на непокорот и борбата за слободна и независна Татковина, Република Македонија. Аманетот од Илинденците и Асномците, а наша цел е да ги чуваме и негуваме придобивките од двата Илиндена, двата столба - Крушево 1903 и АСНОМ 1944.Не смееме да ја заборавиме храброста и решителноста на нашите предци. Големиот ден - Илинден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата за зачувување на Татковината и нејзиниот напредок.Нека е честит и вековит Илинден!Нека е вечен Охрид и нека е вечна Република Македонија!

Македонија | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски денеска ќе присуствува на прославата во струшкото село Ташмаруништа

Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ќе биде присутна во струшкото село  Ташмаруништа каде   претставници на  на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе.Делегации од партијата ќе присуствуваат и на Мечкин камен во Крушево ,во меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце, а ќе положат цвеќе и  пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев, потоа пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто, плоштад „Македонија“ и пред Алејата на славните во  Бутел. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-gostivar

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар - повредени повеќе лица

Утрово на автопатот Тетово – Гостивар ококу 07:20 мин се случила тешка сообраќајка откако три возила се судриле непосредно кај наплатната рампа пред Гостивар. Сообраќајот на автопатот Тетово - Гостивар се пренасочува по регионалнот пат од петла Боговиње кон петла Пирок, соопшти АМСМ.Во несреќата има и неколкумина повpeдени.Фото – Охрид Прес

Македонија | пред 6 години

ilinden

Македонија прославува 116 години од Илинденското востание и 75 години од АСНОМ

Македонија денеска го празнува Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндена – 116 години од почетокот на Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. 

Македонија | пред 6 години

44540147_2275457076009152_2851954453156724736_o

Николовски: Честит Илинден, заедно да продолжиме по патот на заедништвото

Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност.Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот.Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани.  Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ.Нека е честит и вековит 2 Август, денот на републиката, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Македонија | пред 6 години

pestani

Платиле 50. 000 ден за ручек во Пештани! еве што објавија збунетите гости

На социјалните мрежи објавена сметки од  Охрид, и лошо искуство на гостите. Група од 7 лица биле на ручек во еден ресторан кој се наоѓа во Пештани, сите останале шокирани кога ја добиле сметката што требало да ја платат за ручекот. Кога го викнале менаџерот, вработените во ресторанот им викнале обезбедување.„Според наше мислење цената беше висока, и ние бевме измамени. Но по три часа расправање, моравме да платиме“ пишуваат револтираните гости.„Бевме група од девет лица и имавме многу необично искуство во овој ресторан. Кога седнавме, тие самите ни кажаа дека имаат свежа пастрмка од езерото, па така седуммина од нас порачаа малку риба и салата и зеленчук за да ги споделат. За пиење нарачавме пиво и црвено вино.Уште на почетокот тие ни носеа многу повеќе отколку што нарачавме, и исто така не ни кажаа колку риба ќе ни донесат. Кога дојде сметката видовме дека ни го дале најскапото вино (едно шише 1500 денари), а имаше работи на сметката што не ги нарачавме, а и не ги добивме.Но она што стана проблематично е што тие не послужија со 12.5 килограми риба за седум лица, без воопшто да не прашат колку сакаме. На крајот ни испорачаа сметка од преку 50.000 денари“ пишува туристот.Според фотографијата од сметката што корисникот ја има објавено на социјалните мрежи, можеме да видиме дека туристите само за пастрмка, за 12.4 килограми платиле 27.290 денари, додека за црвено вино 6000 денари, а за бел сос 1250 денари.Во меѓувреме се објави коментар и од ресторанот, сопственост на бизнисмен од Скопје, кој покрај во Охрид има објекти и ширум земјава.

Магазин | пред 6 години

izjava-zaev.Still170

Сообраќајка кај Горенци предизвика застој на патот Охрид - Кичево

Сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на селото Горенци , а во која автомобил се судрил во комбе , кое потоа удрило во друг автомобил, предизвика долга колона возила се формирана во двата правци на патот Охрид - Кичево.Возилата во групи се пропуштаат наизменично во двата правци додека полицски екипи вршат увид на местото на несреќата.Нема инфо дали во комбето имало патници и дали има повредени во сообраќајката. 

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски предупредува: Соработниците на Боки 13 можаат да избегаат ако истрагата за “Рекет” не биде забрзана

Нова објава на новинарот Бранко Героски на социјалната мрежа Фејсбук. Еве што напиша:ИСТРАГАТА ЗА "РЕКЕТ" ДА ПОБРЗА И ДА ВНИМАВА! ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА БОКИ 13 ВО ПЕРЕЊЕТО ПАРИ МОЖАТ ДА КИДНАТ. ВО ВТОРНИК ЌЕ ОБЕЛОДЕНАМ КОИ СЕ ТИЕ И КАКВА Е НИВНАТА ВРСКА СО ЛИЦЕ ОД САМИОТ ВРВ НА СДСМ. АПОЛОГЕТИ, БЕЗ ПАНИКА - НЕ Е ЗАЕВ!Пензионерката Лилјана Тодоровска за Телма го даде клучниот исказ за тоа како се испрани парите од градежните фирми "Пелистер" и од "Дрим билдинг".Но, Лилјана Тодоровска не е перачот, туку луѓето кои биле со неа и кои веднаш и ги зеле парите. Очекувам Тодоровска итно да ги соопшти нивните имиња, за да ја намали или дури и да ја оттргне вината од себе.Според моите сознанија, Фросина Ременски исто така ги знае овие лица и ја знае шемата. Бидејќи таа најави дека ќе соработува со истрагата, очекувам отворено да ги каже овие работи.Кој мисли да избега од фактите, гадно се зезнал!Ќе почекам до понеделник, а потоа во вторник ќе ги соопштам клучните луѓе од Меѓународен сојуз кои учествувале во операцијата на перење пари. Се надевам дека истрагата ги следи и дека нема да им дозволи да избегаат од земјата, бидејќи, како што слушам, лицето кое е најважен соработник на Боки 13 веќе чистела документи од неговата канцеларија.И нешто друго ќе објавам во вторник, ако истрагата и натаму продолжи да тапка в место - можеби само со псевдоними и референци, но лесни за препознавање, ќе ја кажам врската на клучните перачи на Боки 13 со лице од самиот врв на СДСМ.За апологетите да не паничат, еве ќе ги смирам малку - не е Заев!Се надевам и очекувам истрагата да биде побрза од мене.До читање во вторник!ПС. Ако се наложи итна потреба, ќе пишувам и поскоро. Ова одложување не е никаков маркетиншки трик, туку моја искрена желба истрагата да се истакне, а и во СДСМ да почнат со внатрешна лустрација во врска со овој случај.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2313079632147052

Коментари | пред 6 години

tito-petkovski

Петковски: Неприфатливо е Борисов да уценува со Гоце Делчев

Поранешниот претседател на Собранието и екслидер на НСДП, која е коалициски партнер во власта, Тито Петковски, е изненаден од настапот на бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција во владата со Зоран Заев, објави plusinfo.mk.– Ако се знае дека меѓународните договори и одлуки треба да се почитуваат, тогаш тука е и Договорот околу испорачување на моштите на Гоце Делчев. Особено ме изненади изјавата дека ако го прифати фактот за Делчев, ќе биде прогласен за предавник на бугарската историја. Како што е познато Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, кога дојдоа на власт ги прогласија за предавници тие што ја донесоа одлуката за испорачување на моштите. Дали според ова што го кажа денеска Борисов, значи дека и неговата одлуката што ја донесе тој и потпиша Договор за добрососедство може да биде основ некои следни влади да го прогласат него за предавник? Тоа е уште една потврда зошто договорите мора да се почитуваат – дециден е Петковски. Текстот во целост на: plusinfo.mk  

пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Телма ја најде бабичката на чија сметка легнале преку 700 илјади евра, таа вели веднаш ми ги зедоа парите

Новинари на Телевизија Телма, ја лоцираа зградата каде живее Лилјана Тодоровска, на чија сметка легнале преку седумстотини илјади евра, како донација од Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, за проекти на Меѓународниот сојуз.Живее на мансарда во центарот на Скопје, но ниту вчера ниту денеска ја немаше дома. Соседите се чудеа дека нивната комшика Лиле е бабата со идеја вредна 720 илјади евра затоа што на некои со години им должела по ситни 100 или 500-тини денари.Но на договорот меѓу Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер, потписот на комшиката Лиле стои на 4-то место, како претставник на невладината, со улога автор и координатор на проект. На договорт се потпишани Боки 13, Агапи Дика, Јованка Кухар и пензионерката Тодоровска. Тие во име на меѓународниот сојуз склучуваат договор со ГП Пелистер во чие име потпишува сопственикот Силјан Мицевски. Договорот е потпишан на 13-ти декември 2017, објави Телевизија Телма.Лилјана Тодоровска вознемирена од пишувањата во медиумите за Телма вели дека парите и се земени уште во банка од меѓународниот сојуз на Боки 13 кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор.Текстот во целост на: Телма.мк

Македонија | пред 6 години

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Хорор на Шар Планина: Мечка ги отвора гробовите и ги јаде останките од покојните

Вистински хорор на локалните гробишта на селото Шипковица, на падините на Шар Планина. Жителите изминативе денови  пронашле отворени гробови и човечки коски расфрлани низ гробиштата. Очевидец, тврди дека штетата ја предизвикува мечка, којашто ги крева надгробните плочи и ги јаде остатоците од покојниците.Од СВР Тетово велат дека Случајот е потврден и документиран, но бидејќи Министерството за земјоделство е одговорно за овие работи, во понеделник се очекува одговор и потоа ќе бидат преземени неопходни мерки“.Инаку жителите на Шипковица велат дека ова не е првпат мечките да се симнат во селото, предизвикувајќи разни штети. 

Македонија | пред 6 години

policija-krazba

Од магицин за градежни материјали украле сеф со пари и документи и автомобил

На 30/31.07.2019 година во времето од 23,00 до 07,30 часот во Скопје на улицата „Радован Ковачевиќ“ во магацин за градежни материјали сопственост на Б.Р.(48) од с.Стајковци, скопско, непознат сторител  одзеле еден метален сеф со пари и документи од фирмата и товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки. Од страна на полициски службеници било пронајдено возилото и се превземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски: Немам ништо против, ОЈО да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Боки 13

Пратеничката Фросина Ременски се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. Таа се обрати кон опозицијата и напиша: Да не ги оставам во грижи оние од ВМРО-ДПМНЕ кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве, пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на „патриотизам“ за празникот 2 Август - Илинден ...Добро сум, ич да не се секирате !Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина.Политичката култура и етиката не ми дозволува да делам лични квалификации, лекции за добро однесување и одговорност за дифамацијата, хибридната етика и субверзивната пропаганда. Тие лекции ќе добијат друга форма, пак со име и презиме.До следниот прес, нека го истражат и моето почесно членство во Независниот синдикат на полицијата..., и таму зборувам и имам слики.За многу години 2 Август - Илинден на сите граѓани на мојата земја која конечно, оваа 2019 година, и покрај сите квазипатриотски и стикер - азилантски „филозофии“ ќе го оствари вековит сон да биде во заедница со прогресивниот, демократски свет 🇲🇰https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2520204728010766

Коментари | пред 6 години

napadnata

Охриѓанец нападнал вработена во маркет - негова поранешна девојка

СВР Охрид поднесе кривична пријава за 29 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.07.2019 година, во 11,30 часот, во Охрид на улицата ,,Питу Гули’’, во продавница дошол пријавениот и физички ја нападнал вработената, негова поранешна девојка, а потоа искршил дел од ентериерот во продавницата.

Македонија | пред 6 години

detska-pornografija-1

Кумановец преку ФБ споделувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетно лице

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “производство и дистрибуција на детска порнографија”. Во текот на јули 2019 година, пријавениот преку “Mесинџер”, со четири лица споделил фотографии со компромитирачка содржина од малолетно лице.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Краделе букови дрва од планината Плачковица

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Б.(20) и Ф.Ј.(23), двајцата од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „кражба“. Имено во времето од 15.00 часот на 22.07.2019 година до 08.00 часот на 23.07.2019 година, пријавените со возила, во неколку наврати отишле на месноста викана „Јорданина Чешма„ на планината Плачковица и одзеле букови дрва во сопственост на ЈП „Национални шуми“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Осум годишно девојче се удавило во базен од семејната куќа

На 31.07.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ било донесено починато осумгодишно девојче од с.Бардовци, скопско. Девојчето околу 21,15 часот се удавило во базен од семејната куќа. Од итна медицинска помош била извршена  реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде од страна на лекар констатирана била смрт.По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица кај кои е пронајден кокаин се лишени од слобода

На 31.07.2019 околу 23:45 часот во гостиварското село Дебреше лишени од слобода се Ѓ.Ј.(37) и Н.Б.(26) од Гостивар. При  преглед кај нив, пронајден е кокаин и тие се задржани во Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Дојдовме еден ден порано да положиме цвеќе, овој Илинден е премногу важен да дадеме легитимитет на марионети

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој ја предводеше партиската делегација која положи цвеќе на Мечкин Камен, рече:-„Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија им го честитам најголемиот празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денес дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија.Ние сме денеска тука во исто време кога на едно друго место, во Дојран, Зоран Заев и Бојко Борисов треба да подигнат и да се поклонат пред споменик на бугарски полковник кој е претставник на политиката на поделба, бришење и распарчување на Македонија.Ние денеска дојдовме тука еден ден порано да положиме цвеќе оти овој Илинден е премногу важен, за да на истиот да дадеме легитимитет за функционери кои се купени и контролирани од странски центар и функционери кои не се избрани од македонскиот народ.Исто така, Илинден е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело, ние никогаш нема да ја заборавиме жртвата на храбрите илинденци. Ние ветуваме дека Македонија ќе ја вратиме на изворните илинденски принципи.Браќа Македонци и сестри Македонки, сите кои сметате дека оваа порака е соодветна, ве повикувам да се воздржите од давање на легитимитет на прослави организирани од марионетската влада на СДСМ и ДУИНека е честит и вековит Илинден. Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во изјавата од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на Мечкин Камен по повод празникот Илинден, истакна Јанко Бачев.

пред 6 години

deskoska

Дескоска: Нема напредок, опозицијата бара строга централизација на обвинителскиот систем

„ВМРО ДПМНЕ бара целосно демонтирање на СЈО и на Обвинителството за борба  организиран криминал, затоа што не се согласува сите обвинители и вработени во СЈО да преминат во Обвинителството за борба организиран криминал, ниту ова Обвинителство да продолжи со истрагите од прислушуваните разговори“ рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата со преставници на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за јавно обвинителство.Доколку се прифатат барањата на опозицијата, многу истраги и предмети на СЈО ќе застара, додава таа.Следната средба најверојатно ќе биде по 15 август. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања