Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

nefi-tepacka

ВИДЕО: Снимка од инцидентот меѓу Илјази и Усеини

Дел од нападот на Илјаз Илјази од страна на советникот Нефи Усеини е снимен од балконот на станот каде што професорот престојува. Од видеоматеријалот се гледа како советникот Усеини тргнува кон професорот, а пред него се испречуваат неколку лица, кои го тргаат на страна. Кога Усеини стигнува до професорот, го фаќа за рака и го влече, пишува порталот „А1он“.Целиот текст прочитајте го тука.  

Македонија | пред 6 години

samani

Над 40 тина шамани ќе повикаат дожд да ги изгасне шумските пожари во Сибир

Обредите за повикување на дожд ќе бидат изведени на 4 август на островот Ољхон во Бајкалското езеро, соопшти претседателот на управата на меѓурегионалната организација на шаманите „Тенгери” Бајир Цирендоржиев, објави mk.rbth.com. Околу 40 шамани од Бурјатија, Забајкалот и Иркутската област ќе се соберат на 4 август на бајкалскиот остров Ољхон за да изведат обреди кои, според нив, ќе придонесат да падне дожд врз пожарите во сибирската тајга. Ова во средата, 31 јули, за агенцијата ТАСС го соопшти Бајрир Бајир Цирендоржиев, претседател на управата на меѓурегионалната организација на шамани „Тенгери“.Според податоците на руската државна агенција за заштита на шумите од воздух „Авиалесоохрана“, во средата наутро во Русија  се работеше на гаснење на 147 шумски пожари на вкупна површина од 100 илјади хектари. Притоа значителна површина на шума е зафатена од оган во оддалечените области каде пожарите не се гаснат. Повеќето пожари се забележани во Сибир: на територијата на  Иркутската област и Краснојарскиот крај.

Магазин | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ: Институциите веднаш да ги санкционираат сите што шират говор на омраза!

Во пресрет на Денот на Републиката, 2 Август, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, сексуална ориентација, и пособен акцент на политичка определба. Говорот на омразата и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но неретко е присутен и на интернет порталите.Повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот на новинарката на МТВ, Марија Котовска: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“. Но, не изостануваат ниту повиците за „куршум во чело на Заев за дупла илинденска прослава“. Исто така се повикува и на паралелна прослава, односно на Илинден да започне „непослушноста“ и „непокорот“ кон оваа, како што велат „предавничка северџанска власт“…ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство. Бараме од институциите да реагираат остро, решително и ефикасно, а на одговорност да ги земат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.ЦИВИЛ – Центар за слобода се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот. Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство и говор на омраза од одредени групи се последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот.Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на кршење на човековите права, корупција, говор на омраза и лажни вести на онлајн формуларите на веб страницата Граѓански објектив.ЦИВИЛ Тим за комуникации

Македонија | пред 6 години

bebe-vakcina

Досега вакцинирани 34.214 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина

Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.Од почетокот на епидемијата во декември 2018 до сега, дополнително се аплицирани 6.108 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се дадени на здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.Во изминатата недела, пријавени се вкупно 7 случаи, од кои 5 се класифицирани како мали сипаници. Од вкупниот број на пријавени случаи, 4 случаи се од Скопје и еден е од Куманово.Во државата остануваат уште 8.642 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје.Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите чувствителни категории.Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Милошоски: Рускоска за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а за Катица, Кики и Фрики како адвокат

Нема договор помеѓу власта и опозицијата за Законот јавното обвинителство. Според пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференцијата по средбата во Министерството за правда, не било констатирано дека е можно доближување на ставовите со оглед на тоа што „власта не е подготвена по никоја цена да се откаже од Вилма Рускоска, затоа што е подобна да им служи.-За жал, ова средба, за разлика од претходната не беше продуктивна. Власта не е подготвена во системското решение на Законот за јавното обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и доверба од јавноста дека вистински се бори против организиран криминал и висока корупција. Гледаме дека за се се спремни да разговараат, но не и за губење на политичката контрола на владата врз Обвинителството за органзииран криминал и висока корупција, рече Милошоски.Тој додаде дека последниот случај, „Рекет“, само покажува дека обвинителката Рускоска за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица или некои Кики и Фрики се однесува како нивни адвокат.

Слајдер | пред 6 години

01082019_PVRSM_PVRB_SvSpas-2

(ВИДЕО) Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов денеска положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас" во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата.На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, потоа замина на средба со претседателот на Македонија Стево Пендаровски од каде заедно со премиерот Заев ќе се упатат во Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Позитивно чувство

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор) Позитивниот пристап е исклучително битен за остварување на целите и за реализирање на потенцијалите. Без оглед што современиот начин на живеење е проткаен со многу борби, неизвесности, тешкотии и стресни ситуации, сепак позитивната мисла, волјата и оптимизмот се клучни за надминување на ограничувачките влијанија произлезени од надворешната средина.Законот на привлечност дејствува во секој миг.Тој работи според принципот: со каква енергија зрачиш, такви нешта привлекуваш. Нашите мисли ја одредуваат нашата фреквенција – таа ја прикажува емоционалната состојба во која се наоѓа нашата личност. Ако се чувствуваме лошо, тоа значи дека се наоѓаме на фреквенција на привлекување негативни нешта. Сето она што го мислиме и што ќе го почувствуваме е показател каква ќе биде нашата иднина. Според Марк Шимоф: “Ако сте загрижени или уплашени, тогаш во текот на целиот тој ден привлекувате уште поголема загриженост и страв”.Предност секогаш треба да им даваме на позитивните нешта.Она што е лошо да го оставиме зад себе и со оптимизам и верба да одиме напред во животот. Кога постојано се окупираме со негативните аспекти од минатото – за грешките кои сме ги направиле; за лицата и ситуациите за кои жалиме;за болките и страдањата со кои сме се соочиле, тогаш целосно сме под власт на законот на негативната енергија. Наместо страв, отпор и песимизам, многу подобро е да размислуваме за лицата и ситуациите кои придонеле прекрасно да се чувствуваме. Како ги доживуваме нештата, така и ќе се чувствуваме. Позитивен пристап е кога ударите на судбината не ги сфаќаме како пораз, туку како искуства од кои многу сме научиле, сме пораснале и сме допреле до духовната суштина на самите себе.Најголемите успеси секогаш се плод на упорност, решителност и напорна работа.Осознавањето на вистината и барањето на смислата произлегува од граничната ситуација на животот, кога си го поставуваме прашањето: Ќе ме биде или не?Наместо да размислуваме: не можам, нема да успеам; многу покорисно е да пристапиме со афирмација: ќе најдам решение, вредам, можам и ќе го остварамтоа што го сакам. Негативната перцепција и песимизмот никогаш нé донесуваат позитивни резултати. Ако велиме: не вреди да се обидувам бидејќи однапред знам дека нема да успеам, тогаш успехот и среќата ќе останат далечни. Наспроти тоа, треба да кажеме: ќе се обидам, ќе се борам и ќе успеам да најдам решение за проблемот што ме измачува.Проблемите се јавуваат кога луѓето недоволно инвестираат во својот личен развој и во градењето хармонични односи со другите. Кај многумина преовладуваат тесните интереси и моменталните себични потреби.Предавањето на копнежот може целосно да го зароби духот на човекот, соочувајќи го со мегаломанијата и со вечното чувство на недостиг. Излезот е да го негуваме и сакаме тоа што е добро во својот живот и да бидеме среќни со тоа што го имаме. Кога претеруваме со барањето сé да биде идеално, нужно доживуваме разочарувања и живееме под влијание на законот на отпорот и недостигот.Кога негативно ги перцепираме нештата, тогаш постојано се жалиме и бараме оправдувања за лошо да се чувствуваме. Некои лица не се задоволни од времето, па сметаат дека денот нема да биде убав, другипостојано се жалатна однесувањето на децата, третина партнерот, четврти на состојбите на работното место, на неправдите кои постојат на општествен план или на неискрените односи кои преовладуваат помеѓу луѓето, притоа барајќи ја во сите тие нешта причината за личното незадоволство и фрустрацијата. Со таков пристап што ни останува како избор? Да бидеме во меланхолија и депресија и да останеме со болките и страдањата? Напротив, излезот е да не се лепиме за надворешните аспекти на постоењето, туку да се отвориме за законот на афирмацијата и позитивната вибрација.Правилен избор е кога правиме сé што е во наша моќ да ја промениме состојбата во која се наоѓаме, и доколкуво тој момент не успееме во намерите, со храбриот пристап и иницијативноста покажуваме дека сеприближуваме до целта. Понекогаш може да имаме 9 неуспешни обиди, но со 10 обид нештата да ги придвижиме кон позитивниот правец и да го оствариме тоа што го сакаме. Ако од самиот почеток кажуваме “не можам, нема да успеам”, тогаш колку и да се трудиме, нема да се извлечеме од негативната ситуација.Понекогаш некои планови и активности треба да се одложат, но не смеат целосно да се пасивизираат. Мисловниот процес е ментален импулс, енергетски проток кон нештата што сакаме да ги постигнеме. Затоа, ако нештата не можеме да ги придвижиме со практично дело, можеме со збор и мисла. Ако не можеме да ги пренесеме со збор, секогаш ќе можеме со мисла. Промислувам со афирмација, дејствувам кон сé што ме прави среќен и води кон вистинскиот избор. За почеток, изборот треба биде насочен кон позитивната мисла, а потоа на ред ќе дојдеи позитивниот збор, за на крај да се оствари и постигне позитивното дело.Не може делото да биде позитивно, ако мислите и зборовите се негативни.Основана успехот е позитивно да мислиме, позитивно да се надеваме и позитивно да дејствуваме. Само со воспоставување на овие вредности,ќе можемеспокојно, опуштено и хармонично да живееме. Но, ако сме во постојана трка со времето, а кое е како стрела испуштена од лак, која никогаш не се враќа, тогаш ќе станеме нестрпливи, нервозни и несигурни. Кога опстојуваме со внатрешен немир и чувствуваме дека животните проблеми постојано нé притискаат, тогаш како ќе го постигнеме мирот и ќе го препознаеме тоа што го сакаме? Многу тешко ќе го препознаеме, и како што денес стана мошне актуелно – ќе влегуваме во површни љубовни врски, надевајќи се дека еден ден ќе се појави вистинската личност која целосно ќе внесе промена во нашиот живот. Кога не го добиваме тоа што го сакаме дополнително се разочаруваме и уште повеќе потпаѓаме под влијание на песимистичките мисли – дека постепено годините изминуваат, а ние ништо конкретно не сме направиле во животот.Дали со негативна перцепција, со песимизам и со чувство на недостиг можеме да го постигнеме мирот и да ја оствариме целта? Иако и најдалечниот пат почнува со првиот чекор, сепак неретко е многу побитно да застанеме, да се потсмириме и да се запрашаме самите себеси: која е смислата на мојот живот; каква перцепција негувам; кон што сум ориентиран и дали умеам афирмативно да дејствувам? Ако самите на себе не си помогнеме, како ќе можат другите духовно да нéподигнат и помогнат да се извлечеме од кризата. Која е таа личност што ќе успее да внесе позитивна промена во нашиот живот, ако ние самите нéпрестанеме негативно да гледаме кон сé што ни се случува во животот?Најдобри предуслови за живот да имаме, повторно ќе бидеме незадоволни, зашто сме се програмирале да бидеме фрустрирани и да ги забележуваме исклучиво неубавите нешта. Од друга страна, мора да ги преиспитаме и негативните ситуации, да ги утврдиме и елиминираме слабостите, и потоа целосно да уживаме во задоволствата на животот.Заклучокот е дека клучот на мирот и хармонијата се наоѓа во нашите раце, ние одлучуваме каде и како ќе го употребиме. Ако се определиме за законот на позитивната вибрација и афирмација, нештата ќе бидат добри и убави, но ако се одлучиме за законот на отпорот и негацијата,нештата ќе останат лоши и неубави. Од нас зависи по кој пат ќе тргнеме и кон какви вредности ќе се насочиме.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Важно известување од ЈСП за сите кои на утрешниот празник Илинден планираат да се возат со автобус

Поради државниот празник Илинден, автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред.Дежурни ќе бидат три билетарници:Транспортен центар од 7 до 19.30 часотЗелен пазар од 7 до 19.30 часотЃорче Петров од 7 до 13 часот.

Скопје | пред 6 години

Foto-1-1

Пендаровски се сретна со Борисов

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше констатирано дека Северна Македонија и Бугарија се посветени кон јакнење на добрососедските односи и унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Заедничкото претседавање со Берлинскиот процес, беше констатирано на средбата, претставува одлична можност за понатамошно зајакнување на добрососедските односи и посилна улога на двете држави во регионалните прашања.  Двајцата соговорници констатираа дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија внесе позитивна динамика во севкупните билатерални односи, а со неговото потпишување во 2017 година двете држави дадоа позитивен пример за надминување на останатите отворени прашања во регионот. Политичкиот дијалог се реализира на највисоко ниво, а постигнат е значителен напредок во соработката на двете држави во економијата, туризмот, транспортот и комуникацијата, животната средина, културата, образованието и одбраната, беше заклучено на средбата. Претседателот Пендаровски изрази уверување за натамошна добра работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како обврска произлезена од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Истовремено, претседателот Пендаровски повика на воздржаност од политичките водства на двете држави, со цел да им се овозможи на историчарите успешно да ги завршат обврските во рамки на комисијата. Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Република Бугарија за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија и во НАТО. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето дека Република Северна Македонија во октомври ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија. Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакна дека државата ќе продолжи со реализацијата на реформската агенда во пресрет на очекуваната одлука на Европскиот Совет за почеток на пристапните преговори.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Две сестри тинејџерки се удавија во хотелски базен на Родос

Две   сестри француски тинејџерки (16 и 19) се удавија во хотелски базен во областа Лалисос на Родос, соопштија властите и додадоа дека причините за несреќата засега се познати.Веста за несреќата била добиена вчера околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, додека другото било пронајдено на дното, а според пишувањата на локалните медиуми, едната настрадала обидувајќи се да ја спаси другата сестра.Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите кои би требало утре да дадат изјава.Девојките биле на Родос со уште една сестра.

Свет | пред 6 години

Naum-PRESS-0108

Стоилковски: Костадинов да одговори дали го злоупотребил своето влијание како пратеник,портпарол и помошник на Заев

Зоран Заев се спореди со Борис Џонсон и со Макрон, за цела година на наседнување на пранкерите: Сега Костадин Костадинов, неговиот ученик, се споредува со Чарлс Гарет, амбасадорот Гарет! Фатени до гуша во афери и криминални скандали, цела врхушка на СДСМ и на Владата фатени во рекетарски октопод сега се перат дека немале поим за што станува збор! Така е тоа кога ментор и лидер им е аболициран криминалец, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ .Костадин Костадинов е дел од таканаречената невладина во која активно членуваат половина влада и цело раководство на СДСМ. Откако се појави рекетот на виделина овој тенисерски тим заборави на изјавите давани претходно. Костадинов мора да даде прецизен одговор, дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев, но и поранешен градоначалник на Струмица, за остварување на корист на ова рекетарско здружение?Костадинов има изјавено:„Се чувствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган, „Секогаш први“ си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки. Покритието за таа моја надеж лежи во фактот што на функцијата в.д. градоначалник дојдов како наследник на долгогодишниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој на дело покажа дека е вистински урнек“.Урнек, аболициран криминалец!Па Костадинов понатаму вели: - „Првичната соработка со господинот Јовановски, веќе вроди со плод, па чинам дека сме на добар пат, да ги ставиме своите потписи на најавениот меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот сојуз и општина Струмица, на взаемно задоволство, а пред се на задоволство на оние на кои што ќе им бидат најпотребни плодовите од таа соработка“.Ова е многу повеќе од само почесен член и немање никаква врска со активностите на рекетарското злосторничко здружување. За каков вроден плод зборува Костадинов, колкава била неговата улога во изнудите, до каде е замешан помошникот на Зоран Заев?Костадинов кој беше вмешан во непотистичката мрежа, сега во аферата „Рекет“, вели стоел на располагање на институциите, ама институциите ќе оделе на одмор! Обвинителката Русковска, наместо брзо да го разреши октоподот, таа ќе оди на одмор, а случајот се забошотува.Причината е јасна, постои страв дека ако се прошири истрагата тогаш постои огромна веројатност да излезат на виделина сите конекции и поддршки кои што ги имал првообвинетиот Бојан Јовановски наречен Боки 13 со обвинители, но и политички функционери на СДСМ. Веќе постојат сериозни индиции дека токму невладината организација на Боки 13, Меѓународниот сојуз била параванот преку кој што се правеле уцени, изнудувања, рекет и сомнителни трансакции. Токму оваа организација вмрежува голем број партиски функционери на СДСМ како Костадин Костадинов, Фросина Ременски, Ѓорѓи Галетановски, поранешниот Генерален секретар на партијата СДСМ и други во низата наречеи Боки 13 и пријателите.Партиската декларацијата на која што се повикуваат е иста како на декларацијата од 1997 за борба против октоподот. Не СДСМ, Свети СДСМ да сте, ќе одговарате сите до еден, залудни ви се лажните партиски декларации. Одговорност мора да има и ќе има, кога ќе почне обновата на Македонија и вистинската бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ истакна истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ .

пред 6 години

Нема фотографија

Калеска-Ванчева: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски и работат по негови директиви

11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО. 11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи. ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси.Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес.  И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во  темни улички.Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот. Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување, истакна Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

пред 6 години

Nikolov-PRESS-0108

Николов: Дали е сеедно да се земе кредит за новиот клинички центар од комерцијални банки или од развојни банки?

Дали Зоран Заев се подготвува за најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија?Доколку нашите сомневања се потврдат ТАТ на Црвенковски, бонбона бизнисите на Шекеринска и актуелните рекетарски октоподи ќе бидат детска играчка за половина милијарда евра колку што планира Заев да ја задолжи Македонија пред комерцијалните банки, наводно за изградба на нов клинички центар, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Внимавајте, не пред Европската банка за обнова и развој, туку во комерцијална банка, по комерцијални услови, во банка која се интересира само за профит.Не сака Зоран Заев некоја институција како развојна банка на ЕУ да го контролира процесот, како се трошат парите од заемот. Тој сака да ги троши без контрола, колку и да е повисока каматата.Дозволете да прочитам дел од Изборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“ страна 137: „Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава“.Потоа истото е наведено и во „Планот 24 месеци – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ на страна 253. Значи новиот клинички да е готов за две години од доаѓањето на власта.Владата на СДСМ и Зоран Заев, сега најавуваат дека ќе не остават да се чекаме уште околу десет години за нов клинички центар, и тоа, дека сега се почнува да се преговара за кредит со комерцијални банки иако немаат проект. И секако за кредитот вчера јави министерот за здравство дека ќе преговара лично министерот за финансии односно Зоран Заев.На последната седница на Владата, јавноста само слушна дека „помина информацијата за финансирањето на изградба на новиот клинички центар“.       Новиот клинички предвидено е да чини половина милијарда евра, но, не се даде информација како е дојдено до таа сума, и колку пари вкупно ќе треба да се вратат на банките. Плус граѓаните ќе треба веројатно да чекаат до 2030 година.Министерот Филипче и премиерот Заев треба да дадат одговор на следните прашања:Прво, колку ќе се задолжува државата за новиот клинички центар, поточно под кои услови? Дали е сеедно да се земе кредит од комерцијална банка или од развојни банки? Бидејќи клиничкиот центар ќе се плаќа со пари на народот.Второ, додека не се изгради новиот клинички центар, односно следните 10 години дали граѓаните ќе се лекуваат во руинираните згради на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ или имаат некаков план и програм за реновирање?Трето, граѓаните на Драчево, Студеничани, Зелениково дали ќе треба да се лекуваат во Скопје или во Велес?Почитувани,Најголема небулоза и штета за здравството на оваа Влада беше одлуката да не се гради стариот клинички центар на локација, за каде веќе беше потпишан договор за финансирање од развојна Банката на Советот на Европа.За потсетување, според договорот клинички требаше да биде готов за сума од околу 120 милиони евра, а сега цената со еднострана одлука се покачува на 500 милиони евра иако нема никаков проект, нема план за нов клинички центар.Заев и Филипче, со оваа одлука покажуваат дека расипнички се однесуваат со парите на граѓаните и прават проект кој ќе биде „од готово вересија“.Го повикуваме докторот Венко Филипче да му се спротивстави на комерцијалистот Зоран Заев и да не дозволи изградба на субстандарден клинички центар, на кој секако нема да му биде поставен камен темелник до крајот на мандатот на оваа Влада, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

пред 6 години

Poster-gradezni-raboti-juli-2019

Интензивни градежни работи во текот на месец јули во Скопје

Во текот на изминатиот месец Град Скопје работеше на реконструкција на повеќе булевари и улици и тоа со рекордно кратки рокови.Целосно заврши реконструкцијата на булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со бул. 8.Септември до мостот Обединети нации, во должина од околу два километри, а заврши и фазната реконструкција на улицата Лазар Личеноски во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале.Во полн ек се градежните активности за реконструкција на улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол. Едниот правец на улицата е целосно асфалтирана, а се струга стариот и оштетен слој во  спротивниот правец. Во наредниов период екипите на терен ќе работат со засилено темпо со цел побрзо завршување на сите градежни работи на оваа сообраќајница. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во должина од околу 1.500 метри, каде што  се врши целосно стружење на горниот оштетен слој на коловозот до 20 сантиметри на површина од 21.240 квадратни метри и ќе се  нанесе нов асфалтен слој.Во завршна фаза е и реконструкцијата на коловозот на улицата Московска, на потег во должина од 690 метри, а истата ќе биде целосно готова во наредните денови.Во тек се и градежните работи на реконструкциите на булеварот Кочо Рацин и на улиците Февруарски Поход, Лазар Трповски и на  Индира Ганди.Покрај реконструкцијата на овие сообраќајници, во моментов се вршат и градежни активности за реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев.  

Скопје | пред 6 години

rusija

Во Русија нов закон, кој им дозволува на граѓаните со станбени кредити да паузираат за отплата

Во Русија стапи на сила „закон за хипотекарен одмор“, кој им дозволува на граѓаните со станбени кредити да паузираат за отплата доколку се соочат со проблеми поради кои неможат да ги плаќаат ратите.Законот дозволува пауза во отплатата на хипотекарниот заем, кој Русите веќе го нарекоа „хипотекарен одмор“ и кој може да трае до шест месеци.Паузата може да им се даде на должниците кои што се во тешка животна ситуација, како што се загубата на издржувателот, привремен или прв или втор степен на инвалидност и намалување на приходот на семејството за повеќе од 30 проценти.За да се добие „хипотекарен одмор“, месечната рата мора да биде поголема од половина од просечниот месечен приход на должникот.

Свет | пред 6 години

Zaev-Borisov-F

Борисов: Ќе видиме за Гоце Делчев, но јас нема да бидам предавник на Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје е домаќин на бугарскиот колега Бојко Борисов по повод две години од потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.„Не сакам ниту да помислам да се доведеме во состојба Бугарија да ги блокира евроинтеграциите на С. Македонија“, истакна  бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање – дали би можело да се случи, под некакви околности Бугарија да го блокира просперитетот на С. Македонија кон ЕУ.Борисов апелираше историчарите во комисиите да си ја вршат својата работа, а политичарите само да се поклонуваат пред спомениците на паднатите херои. Тој изрази надеж дека ќе се решат и недоразбирањата околу Гоце Делчев.– Ги охрабруваме двете комисии, решивме четири историски личности кои заеднички ги чествуваме. Верувам дека ќе се најде решение и за херојот Гоце Делчев, тој е личност и херој кој нѐ поврзува, истакна премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

mars-ilinden

МВР: Достоинствено да го прославиме Илинден

Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита празникот Илинден и ги повикуваме достоинствено да го прославиме овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја.Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина. 

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-01-08-19-11-51

Божиновски: Во општина Охрид се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат брутална партизација на администрацијата.Од една страна зборуваа за пренатрупана администрација и реформи, а од друга страна секојдневно во јавните претпријатија се отворат огласи, се прават нови систематизации, се преземаат вработени, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Георгиески да одговори дали процесот на вработувања се одвива според годишните програми и потреби на институциите?Дали за Георгиески важи флоскулата едно општество за сите ако институциите ги измениле своите акти за систематизација со единствена цел да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои им се однапред познати?За работните места се вработуваат лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници.Георгиески и СДСМ го чувствуваат незадоволството од граѓаните, па сакаат да ги задоволат незадоволните партиски послушници во последен момент пред новите избори.Не можете незадоволството кај граѓаните да го прикриете со земањето К-15. Покрај тоа Јавните претпријатија немаат донесено одлука на Совет за висина на бодот, а партиски подобните земаат повисока плата од останатите иако сите имаат ист степен на образование. Го повикуваме Управниот инспекторат да ги испита овие сознанија.Дали законот не важи само за партиските луѓе како Васко Паскали и Александар Кузески, па не се санкционира назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?ВМРО-ДПМНЕ бара да се испита целата работа од страна на Државната комисија за спречување на корупција.Вака не се оди напред и кон подобрување на администрацијата туку напротив поради неодговорноста на оваа локална власт назадуваме во спроведувањето на европските стандарди.Локалната власт на СДСМ е симбол на партизирани институции, непотизам и лажни вести, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

пред 6 години

straza-soobra-1

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Стража - сообраќајот во прекин

Два автомобили, „ауди А6“ и „фолксваген голф“, претпладнево се cyдриле во близина на превојот Стража, пренесува „Алсат – М“. Според информациите на телевизијата, повpeдени се неколку лица.Во моментот се очекува да започне полицискиот увид, по што ќе се знаат повеќе детали за нecpеќата.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Скопјани се истепаа во центарот на Охрид

На 01.08.2019 година околу 02 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(23) од Скопје и С.С.(23) од Виница од една и, Н.М.(20), Д.Т(18) и В.Л.(19), сите од Скопје, од друга страна. Д.Т. е задржан во Општата болница во Охрид а останатите учесници се приведени во полициска станица.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

maraton

40-ти Илинденски пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб "Охридски бранови 2008" Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, на 02.08.2019 год. (петок), на патеката Горица - Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи јубилејниот 40-ти по ред Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2019.Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 60 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 години и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 ч. од плажата на х. Парк.Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 ч.

Спорт | пред 6 години

122233-620x350

Малолетен скопјанец повреден со остар предмет на концерт во Охрид

На 31.07.2019 год. во 01,30 час. на СРЦ Б.Извори за време на одржување на концерт, забележано е повредено лице кое веднаш е префрлено во Општа болница Охрид.По преземени мерки констатирано е дека се работи за 17 годишно лице од Скопје со евидентирани повреди од остар предмет. Се пеземаат мерки за расветлување на настанот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје, еве каде и зошто?

Утре (02.08.) со почеток од 09,00 часот поради одбележувањето на „Илинден“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.Исто така утре (02.08.) во времето од 05,00 до 14,00 часот на улицата „Беласица“ и од 14,00 до 18,00 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 6 години

koloni-za-ohrid

(ВИДЕО) Колони возила накај Охрид, возачите нервозни - кај Колари се чека 45 минути

Продолжениот празничен викенд го наполна Охрид. Денеска колони возила се упатени накај Охрид од целата држава. Сепак најнервозен е патот Скопје – Охрид, за што веќе се поставуваат видеа по социјалните мрежи за метежот по коловозите. На видеото објавено на „Ѕидот на сообраќајниот срам“ пишува дека после Колари има застој во сообраќајот кој трае и до 45 минути .https://www.facebook.com/kubur.y/videos/10157417342649568/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.За претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на Претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања