Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

borisov_zaev

Борисов се извини: „Извинете што реков северномакедонци“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се извини пред македонската јавност за неодамнешното користење на зборот „северномакедонци“ и рече дека го кажал несакајќи.„Извинете што реков северномакедонци, тоа беше моја грешка. Граѓаните на република Северна Македонија, простете, но не сакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некого да убијам“, изјави Борисов.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркирано возило

На 01.08.2019 година околу 02,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица .„Митрополит Теодосиј Гологанов“ Ф.К. (23) од Скопје управувајќи патничко моторно возило марка „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во паркирано патничко моторно возило марка „Шкода Фабија“. Ф.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники ,, Мјака Тереза’’. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со глисер повредил пливач на машка плажа

На 31.07.2019 година околу 18,00 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга. Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Скопје ги казнува несовесните возачи – како помина изминатото деноноќие?

Во текот на изминатиот ден (31.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 31 возачи од кои: пет возачи затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 25 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, 10 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.Во текот на изминатиот ден издадени се 78 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

tabanovce

Кај албански државјанин недостасувале две страници од пасошот

На  31.07.2019 во 23,30 часот на граничниот премин Табановце на излез во  Република Северна Македонија со автобус со охридски регистарски ознаки кај лицето А.К. (41) од Р.Албанија со албанска патна исправа, при контролата е констатирано дека недостасуваат две страници од патната исправа. Истиот е приведен и во 01,40 часот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

blace

На Косовски автомобили ВИН бројот отстапува од оригиналот, возачите приведени

На  31.07.2019 во 12.00 часот на граничниот премин Долно Блаце на влез во Република Северна Македонија при контрола на патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од  Е.Ќ.(26) од Косово, било забележано дека ВИН бројот отстапува од оригиналот.   Е.Ќ. е приведен и заедно со возилото во 14,15 часот е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. На  31.07.2019 во 13.00 часот на граничниот премин Долно Блаце на влез во  Република Северна Македонија, при контрола на патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (31) од Косово, било забележано дека ВИН бројот отстапува од оригиналот. Н.Х. е приведен под сомнение дека  извршил фалсификување на ВИН бројот и заедно со возилото во 14,15 часот е предаден на полициски службеници од од СВР Скопје за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

kompjuter

Кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на социјалната мрежа Фејсбук со која повикува на насилство односно сторено кривично дело по член 144 ст.4 Загрозување на сигурност и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од КЗ на РСМ. В.Ч. на 31.07.2019 беше повикан во ПС Чаир и од него е одземен мобилен телефон. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 6 години

opstina-struga

Драма пред Општина Струга: Вработените не можат да влезат во зградата, непознат маж им се заканува со физички напад

Вработените во Општина Струга од утрово не можат да влезат во влезат во нивните канцеларии, бидејќи непознато лице стои пред зградата и не им дозволува, дознава „Скопје1.мк“. Според нашите информации, лицето е од Велешта, а на вработените им се заканува со физички напад.Драмата пред општината трае од утринава, а полицијата е известена пред малку, велат очевидци за „Скопје1.мк“.Пред извесен период, закани во полицијата пријави и струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко.Официјални детали се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 6 години

borisov

(ЖИВО) Борисов пристигна во Владата

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кој престојува во посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство, претпладнево беше пречекан од премиерот Зоран Заев пред Владата со највисоки државни и воени почести.Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/716464772109106/?notif_id=1564643775424128&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

policija-2

Извршен увид на местото на сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес-Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени.Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија.Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење.Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот.По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крв и урина кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата.

Македонија | пред 6 години

Foto-4

Претседателот Пендаровски во пресрет на 2 Август го посети Јордан Цеков – Дане, учесник во НОБ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во пресрет на 2 Август – Денот на Републиката, го посети Јордан Цеков – Дане, учесник во НОБ и командант на 3-та Македонска ударна бригада. На средбата, Цеков изрази задоволство за можноста да се сретне и да поразговара со претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека му претставува особена чест да го прими Претседателот во неговиот дом. Јордан Цеков потсети на сите премрежја и предизвици со коишто се соочувал народот во минатото, за голем дел од активностите кои тој лично ги предводел, во рамки на антифашистичката борба, притоа потенцирајќи дека со вистинските сојузници секогаш сме ја избирале вистинската страна. На 2 август 1944 година Цеков бил командант на третиот баталјон на Третата Македонска ударна бригада што бил задолжен за непосредно обезбедување на Првото заседание на АСНОМ. Во тој контекст, осврнувајќи се на претстојниот празник Илинден, 98 годишниот Цеков упати порака до сите граѓани, особено помладите генерации, дека ни е неопходно обединување и заедништво. Цеков бил учесник во НОБ од 1941 година, командувал со  Третата македонска ударна бригада, а подоцна, во повоениот период бил и пратеник во Собранието на Народна Република Македонија. Автор е на 18 книги коишто сведочат за настаните од минатото и досега има објавено 122 статии во весници и списанија. Низ годините со свои научни трудови бил активен учесник на голем број научни собири поврзани со Народно-ослободителната и антифашистичка војна низ целата држава. Носител е на голем број воени одликувања.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Со закана пиштоли од казино во Скопје украле пари и вредни предмети

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице заради сторено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 20.07.2019 година, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на ул. „12 Македонска бригада“ и со употреба на опасно орудие – пиштоли се заканиле на двајца вработени и одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, тие одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Скопје | пред 6 години

zaev-nafta

СДСМ: Поделени првите картички за „зелена“ нафта, 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците

Започна реализацијата на проектот „зелена нафта“, клучнa мерка, со која 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците.55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација.Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација.Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, при што минималниот износ износ кој ќе биде одобрен за мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари.Проектот „зелена“ нафта е одговор на децениските барања на земјоделците за реформи вo земјоделството кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше.Целта на мерката е да се намалат трошоците на земјоделците, а воедно да се мотивира поконкурентно производство, а земјоделците да го окрупнат своето производство.Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите да ги враќа парите назад кај граѓаните и да обезбедува услови за развој на земјоделството како клучна стопанска гранка, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

zaev-borisov-2

Борисов и Заев ќе отријат промовираат нов споменик

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов денеска ќе престојува во Македонија. Тој за време на посетата претпладнево ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски.Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов по нивната средба на која ќе се одбележи двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји ќе учествуваат на церемонијата на положување цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Точно пред една година, Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го  потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој од страна на премиерите беше оценет како историски момент.Во Дојран пак, тие ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев кој е спорен лик за македонската историја бидејќи како бугарски полковник за време на Балканските војни се борел за окупација и распарчување на Македонија. Тоа било период кога илјадници Македонци биле насилно мобилизирани во бугарските, грчките и српските војски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

18 повредени е билансот од сударот меѓу автобус и комби кај Велес, четири патници во тешка состојба

Дваесет и деветгодишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген“ од Скопје загинал на местото на сообраќајната несреќа синоќа кога директно се удрил со патничкиот автобус со кратовски регистратски таблички.   Возачот на автобусот, 37-годишниот М.К. од Куманово, добил тешки телесни повреди. На 18 патници им била укажана лекарска помош во велешката болница, а четворица, покрај тешко повредениот возач, се задржани во болницата. Несреќата се случи околу 19.50 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село. Тешко повредениот  возач бил приклештен во автобусот од каде што бил извлечен со помош на  екипа пожарникари и по укажаната прва медицинска помош бил пренесен во велешката Општа болница, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес  кои  ги ваделе повредените патници во автобусот. Загинатиот од уништеното товарно комби, кое целосно било сплескано од ударот, пожарникарите го ваделе час и половина, по што телото било предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител кој вршеше увид со полицијата. Ортопедот  д-р Љупчо Леов од Хирушкото одделение во велешката болница доцна синоќа информираше за медиумите дека на тешко повредениот возач на автобусот му е направена компјутерска   томографија и   се очекуваат резултатите од снимките.– Останатите 18 повредени од автобусот се здобиле со полесни телесни повреди – исченици и рани  по лицето и телото  и веднаш беа  медицински третирани  и  зашиени, а некои имаа   и полесни нагмечувања по телото и екстремитетите. Тие  по укажаната лекарска помош беа испратени на домашно лекување, а само четворица од нив ги задржавме во болницата на посматрање, појасни др Леов.

Актуелно | пред 6 години

sin-bil-laden

Убиен синот на Осама бин Ладен, неговата смрт се криела долго

Синот на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен и негов наследник во терористичката организација, Хамза бин Ладен е мртов, покажуваат разузнавачки информации на САД, пишува британскиот весник „Индепендент“.Во извештајот не се прецизира дека изворите изнеле поединости за местото и датумот за неговата смрт, ниту дали САД учествувале во тоа.Официјални претставници на американската администрација се уште ја немаат потврдено оваа информација, ниту е познато дали службите на САД имаат нешто со неговата смрт.Хамза бин Ладен беше сметан за најобожуваниот сим, па и наследник на Осама бин Ладен, основачот на џихадистичката организација која ги изведе нападите од 11-ти септември 2001 година врз САД.Вашингтон во февруари годинава понудија награда од милион долари за секоја информација која би довела до негово апсење. Нему во март му беше одземено саудиското државјанство.

Свет | пред 6 години

ograda

Крадци на ограда и животни ја загрозуваат безбедноста на автопатот Гостивар – Тетово

Возењето по автопатската делница Гостивар – Тетово може да се претвори во вистински кошмар. При брзини што често надминуваат 100 километри на час, на коловозот се појавуваат животни и сериозно ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Шок од „средбите“ со бездомни кучиња, диви, домашни животни, па дури и коњи, годишно доживуваат над стотина возачи. Најчесто во ваквите сообраќајни несреќи има само материјална штета, но имало и случаи на загинати, овјави МИА.Годишно над сто сообраќајни несреќи предизвикани од животниПојавата на животни по коловозот на автопатот Мајка Тереза (Гостивар – Тетово – Скопје) најчесто се објаснува со недостиг на заштитна ограда на одредени места и типот на автопатот. Тој е од отворен тип и има повеќе влезови и клучки што обезбедуваат пристап до повеќе населби што се лево и десно од оваа сообраќајница.Животните ги пронаоѓаат овие места и неконтролирано се движат по коловозот.Возачите се соочуваат со дополнителни непријатности особено во ноќните часови, кога видливоста е помала, а можноста да се избегнат исто така многу отежната.Според евиденцијата на полицијата, на годишно ниво се регистраат над сто сообраќајни несреќи во кои директни причинители се токму животни.Гостиварската секција лани заменила и поставила 1 740 метри, а годинава за првите пет месеци 640 метри. Тетовската секција Тетово на потегот од Жеровјане до скопско Глумово годинава заменила и поставила 2 500 метри.Кражбата на металната заштитна ограда е кривично делоПоследиците што може да ги предизвика крадењето на металната заштитна ограда воопшто не се наивна работа, предупредуваат патарите. Пред некоја година беше објавен податок дека по должината на речиси 60-километарскиот автопат беа украдени над четири километри заштитна жичена ограда.Иако најголем број минатогодишни и годинашни несреќи предизвикани од кучиња скитници што неконтролирано се движеле по коловозот поминале без посериозно повредени возачи или сопатници, сепак е причинета материјална штета на возилата. Тоа на сопствениците на автомобилите им создава дополнителни маки, за да ја наплатат штетата од осигурителните компании. Зоран Г. Маџоски  МИА 

Македонија | пред 6 години

katica

Отишла Ката у мобилара и им рекла - ,,имам нешо у ,,клаудов" на мобилов, може ли да ми го тргнете?, реакција на Јоци

Откако беше објавено дека Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Канал 5 вели дека во телефонот на Катица Јанева нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud.На ова со своја реакција излезе новинарката и политиколог Јорданка Ивановска-Јоци.“Вака било. Отишла Ката у мобилара. Им рекла - ,,имам нешо у ,,клаудов" на мобилов, може ли да ми го тргнете. Многу ми е облачно. Нешо сонценце стајте ми, да ме огрее, срценце, емотиконче смајли, кај ринг тонот обавезно од ,,Кум" песнана за будење..онаа ја знаете, коа Ал Пачино се жени за поштена, па му ја убиваат одма..шо се пее по свадби у Џевџели, уствари не..ја слушав на кабелска".Овие - ,,а ова муабетиве од вибер, ватс ап за кешов поголем од зградана на Трамп, шо да му праиме, плеј листава од Драгана Миркович, снимкиве од гастро на желудец со октопод унутра ?".Ката: ,”Бриши се`, остај го октоподот, Вилма не јаде октоподи, нема да сконта’”, пишува Јоци.

Коментари | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Боки 13 без пари земал земјиште на крајбрежјето од Охридско Езеро?

Новинарот Бранко Геровски во најновата колумна открива дека Боки 13 требал да обезбеди државно земјиште од Општина Охрид преку меморандум за соработка, кое требало да биде лоциран на охридското крајбрежје за да земе пари од фирмата ГП „Пелистер“.„Предмет на договорот е „платформата“ Европски комплекс за возрасни лица и мобилен сервис на територија на Општина Охрид и Европски центар за стари лица и мобилен сервис на територија на Општина Битола. Како автор на проектот се јавува извесна госпоѓа Лилјана Тодоровска од Скопје, која сите договорни права наводно му ги пренела на Меѓународниот сојуз (така се вели во преддоговорот, но нема доказ за тоа).Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка се обврзал на ГП „Пелистер“ да му обезбеди државно градежно земјиште на територијата на општина Охрид, лоцирано на охридско крајбрежје, врз база на „наменски меморандум за соработка со општина Охрид“. Не знам дали постои таков меморандум, но истрагата треба да се распраша. Парцелата требало да биде со површина од 25.000 до 35.000 квадрати. Не ми е познато дали е обезбедена таа парцела и како завршила зделката што се однесува до Охрид. Но, најинтерсниот дел од договорот се однесува на Битола“, пишува Геровски во најновата колумна.Целата прочитајте ја тука.

Македонија | пред 6 години

mars-ilinden

Демир Хисар негира дека побарале химната да се интонира во поинаква верзија

Општина Демир Хисар и организацискиот одбор на официјалната прослава на Илинден во с.Смилево најостро ја демантираат дезинформацијата дека од било кого било барано химната на Република Северна Македонија да ја изведува во каква било поинаква верзија, од онаа која е пропишана во Законот.“Химната ќе се изведува во својата официјална и целосна верзија. Ги покануваме граѓаните да дојдат и заеднички да покажеме дека сме посилни од сите оние кои со вакви злонамерни дезинформации ја нарушуваат нашата традиција и нашиот светол заеднички празник Илинден, стои во соопштението од општина Демир Хисар”, стои во писменото соопштение.Инаку попладнево беше објавено на социјалните мрежи дека од извесен Марко било побарано да ја интонира химната без да ги споменува Даме згруев, Гоце Делчев,  Питу Гули и Сандански.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_1-2

ВИДЕО: Сведоштво на професорот кој бил натепан од Усеини

Див приклучок на водоводната мрежа причина за нападот врз професорот Иљаз Иљази. „Ме удри, ме влечеше по земја па ми се закани дека ќе ме убие.“ - раскажува пред камерата на тв 24  професорот Илјаз Илјази кој тврди дека вчера пред неговата зграда во охридската населба Даљан бил брутално нападнат од советникот Нефи Усеини оти претходно и до мајсторите и општинските јавни претпријатија се побунил дека има проблем со водснабдувањето во неговата зграда.Погледнете го неговото сведошство:

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детали: Десет лица повредени, патниците патувале за Бугарија - загина возачот на комбето

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.Полицијата врши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила околу 20.20 часот кај село Мамутчево кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип. Информации засега нема ни од дежурните лекари во Општата болница Велес.

Македонија | пред 6 години

sugareski

Сугаревски соработувал со невладината на Боки 13 кој е осомничен за рекет

Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега осомничен во аферата „Рекет“, на 25 декември 2017 година потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески.Во Меморандумот пишува дека двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на заштита на цивилно општество и социјално загрозени граѓани“. Поседуваме фотографија од овој документ.Целата сторија на Скопје1.мк

Македонија | пред 6 години

Screenshot_1-3

Каков разговор е снимен меѓу Камчев, Боки 13 и Јанева на „спикер“? - светските медиуми за СЈО

Афера за корупција во која е вклучена специјалната обвинителка Катица Јанева ја тресе довербата во политиката и државата.Тоа беше симбол на надеж, на иднина, на правда. Катица Јанева, шеф на специјалното обвинителство, создадено во 2015 година за чистење на стариот корумпиран систем во северна Македонија веќе неколку денови е најголемото разочарување на малата на југоисточна Европа. Таа е осомничена дека интервенирала за многу пари во еден случај. Сега е во фаза на оставка.Во центарот на скандалот се наоѓаат аудио снимките од разговорот помеѓу Камчев и Јанева, кој самиот Камчев ги снимил. Обвинителот го потврди постоењето на снимките. Сепак, Јанева во моментов не се смета за осомничена. За неа само се вели дека го примила Бојан Јовановски двапати во својата канцеларија во Специјалното јавно обвинителство.Скандалот доаѓа во деликатно време. Бидејќи специјалниот обвинител може да ја извршува својата работа понатаму само ако со нов закон стане дел од постоечкиот правосуден систем за што е потребно  двотретинско мнозинство во парламентот. Сè уште е нејасно дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го одобри тој нов закон, тие сега сакаат да влијаат на распределбата на обвинителите како услов на согласноста, пишува порталот судство.мк

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1-3

Јанева во СЈО, Боки 13 во затвор, Вилма на плажа: Истрагата за рекетот ќе почека

Откако шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска потврди дека по вештачењето на вториот телефон на Катица Јанева нема најдени податоци, односно дека телефонот е форматиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека намерно не се поведува постапка против Јанева и дека постои тенденција случајот да се сведе само на двајцата притворени Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец. Оттаму прашуваат, што уште треба да се случи за „Рускоска обвинителството“ да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес, а ја посочуваат и невладината Меѓународен сојуз за вмешаност во скандалот.Меѓу другото се посочува дека токму оваа невладина организација Меѓународен сојуз е вмешана во рекетарскиот скандал, преку кој со наводен проект за градење старечки домови се вршел рекет. За средбата на премиерот Заев со Боки 13 тој вели дека разговарал токму за оваа тема.Во оваа организација како почесен член е Фросина Ременски, но таа не сакаше да ги коментира написите. Член бил и таткото на градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, кој пак беше повикан на распит во обвинителството, како и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.Во врска со невладината Меѓународен сојуз и Боки 13 се поврзува и поранешниот градоначалник на Битола Силјан Мицевски преку чија фирма треба да се гради старечки дом во Битола, но за тоа не е добиена локација од општината. Инаку, случајот Рекет ќе мирува еден месец, бидејќи обвинителите во август ќе бидат на одмор.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања